build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Културни
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Македонска Филхармонија

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 89101112 38>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #181 Posted: 29-Sep-2010 at 09:48

Филхармонијата се гради без застој

Нема застој во изградбата на Филхармонијата и се се одвива според планираната динамика. Министерството за култура ги демантира последните информации што деновиве се појавија во јавност, а според кои веќе една недела работниците се во штрајк поради неисплатени плати за јули и за август.
Од таму велат дека навремено и коректно го исполнуваат нивниот дел од договорот со австриската градежна компанија „Алпине“, која доби на меѓународниот конкурс за изведувач

на Филхармонијата.
- Според Законот за јавна набавка, секоја фирма има право да склучи договор со подизведувач, како во случајот на „Алпине“ и скопската градежна фирма „Градба промет - Алки“. Каков договор склучиле тие, воопшто не е наша работа. Ние не доцниме со исплатата на изведувачот - велат од Министерството за култура.
Филхармонијата на терен ја гради скопската компанија „Градба промет - Алки“ и нејзините работници деновиве обвинија дека неколку месеци не добиваат плата, но од таму ги демантираат тврдењата на работниците. Директорката на Македонската филхармонија не е упатена во најновите случувања со градбата на објектот и вели дека како корисници на зградата се вклучени во процесот на планирањето на потребите и промените во проектите, но во поглед на финансиите, немаат никаква значајна улога.
- Искрено се надевам дека доколку постои проблем, ќе се надмине и дека изградбата ќе се одвива во најдобар ред, а ние музичарите од Македонска филхармонија со нетрпение ја очекуваме концертната сала која ни е толку многу неопходна - вели Маја Чаначевиќ, директорка на Македонска филхармонија. Филхармонијата како дел од проектот „Скопје 2014“ почна да се гради во април минатата година, а до крајот на оваа треба да се заврши. Објектот ќе располага со една голема концертна сала со 1.200 седишта и една мала со 300 седишта. На акустиката работи германскиот акустичар Јорг Куме.

http://www.spic.com.mk/kat/skopje/filharmonijata-se-gradi-bez-zastoj.html
Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: 🇲🇰🇨🇭
Online Status: Online
Posts: 3873
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #182 Posted: 11-Oct-2010 at 16:49
Back to Top
mitatos View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1739
  Quote mitatos Quote  Post ReplyReply #183 Posted: 06-Nov-2010 at 17:37

Eastward view by Laurence's travels, on Flickr

еве гледано од кале од фликр.
"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #184 Posted: 06-Nov-2010 at 20:56
Митат сега го отворив албумот, мислам дека си сакал да постираш друга слика, или? Овдека филхармонијата е повеќе во кадар.

Овие многу напред отишле со изградбата. Два спрата цели има. само не ми е јасно како ова се гради како обична зграда со спратови. Очекував некоја специфична конструкција, барем со спратовите нагоре.




Edited by lslcrew - 06-Nov-2010 at 20:59
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9096
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #185 Posted: 06-Nov-2010 at 21:00
Веројатно јадрото на објектот се гради класично, а школката ќе се оформи со друг тип на конструкција.
Back to Top
mitatos View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1739
  Quote mitatos Quote  Post ReplyReply #186 Posted: 06-Nov-2010 at 21:03
Јас мислев и двете да ги пуштам али едната сум ја промашил, навистина тука иде бавно,објектот на финанскиска полиција ке ја помине оваа градба, јас како што можам да ги анализирам работите овие градби што повеке се од културен карактер малку се влечкаат како што е филхармонија, стар театар, музејот, идр, а повеќе се форсира на уставен суд, финансиска полиција, министерство за надворешни работи итн.
"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)
Back to Top
theMac3donian View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 30-Mar-2010
Online Status: Offline
Posts: 306
  Quote theMac3donian Quote  Post ReplyReply #187 Posted: 07-Nov-2010 at 06:30
Па до некаде и држи вода што тие „административните“ објекти се градат побргу.
Ако градењето зависи од привремена диверзија на сретства од еден проект во друг (на пример има сретства да се градат максимум 3 градби од СК2014 во еден момент), тогаш завршувањето на административните градби има приоритет од едноставна причина што за работење на институциите што треба да бидат сместени во овие објекти, секој ден плаќаат кирија на друго место. Со ова нели се трошат непотребни пари од буџетот. (така барем кажаа при презентација на СК2014, дека ќе се избегнат кирии што денес се плаќаат за работење на одредени државни институции).
Барем по оваа логика, забрзаното градење на административните објекти е оправдана.
(НУ)МНМБЗДИСМНВИМНЖНКР
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #188 Posted: 27-Nov-2010 at 03:34
Сликите се превземени од официјалниот профил на Македонската Филхармонија на facebook. http://www.facebook.com/album.php?aid=100677&id=37839343010#!/MakedonskaFilharmonija?v=wall

01.


02.


03.


04.


Следниве слики се од 1-во Јуни.

05.


06.


07.


08.


09.


10.


Следниве слики се од 6-ти септември.

11.


12.


13.


14.


15.


16.


17.


18.


19.


20.


21.


22.


23.


24.


25.


26.

Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #189 Posted: 14-Dec-2010 at 12:21
На министерството не му се брза
     
Иако во почетокот од изградбата беа најавени амбициозни рокови за завршување, а карабината требаше да биде готова во првата година (до март годинава), од ресорното министерство велат дека не им се брза - еднаш се гради концертна сала и таа треба да биде со сите нишани


     
Новата концертна сала сé уште во прва фаза
Настапот на Лондонскиот филхармониски оркестар и Симон Трпчески во несоодветниот акустичен простор на „Метрополис арена“ на Скопскиот саем уште повеќе ја истакна насушната потреба на главниот град за пристојна концертна сцена. Таква конечно почна да се гради - по повеќе од шест децении свој дом треба да добие Македонската филхармонија, која со години работи како потстанар во Домот на АРМ.

Толку посакуваната концертна сала не само за музичарите на Македонската филхармонија туку и за целокупната македонска јавност и за Скопје, единствената метропола без соодветна сцена за класика, се гради етапно во повеќе фази. Но сé уште е во првата фаза!

- Изградбата се одвива етапно, зашто се работи за комплексна архитектонска структура. Ништо не смее да и се остави на случајноста за објектот да функционира беспрекорно - вели архитектот Виктор Михајлов, автор на идејното решение, за кое освои четврто место за најдобра градба во Европа, на конкурс во Германија.
Акустиката, најважниот сегмент од изградбата на вакви објекти, пак, ќе ја работи познатиот германски акустичар Јорг Кумел.

Во моментов се завршува изградбата на затворената карабина. Година и пол по почнувањето на изградбата работите се одвиваат според предвидената динамика, велат од Министерството за култура. Иако во почетокот од изградбата беа најавени амбициозни рокови за завршување, а карабината требаше да биде готова во првата година, од ресорното министерство велат дека не им се брза - еднаш се гради концертна сала и таа треба да биде со сите нишани.

- Не сакаме да шпекулираме со рокови кога треба да биде готова, зашто се работи за сложена градба, примарен ни е квалитетот, а не брзината - вели Анита Јовановска, портпаролка во Министерството за култура.
И од Македонската филхармонија, која шест и пол децении „привремено“ е сместена во Домот на АРМ, велат дека очекуваат новата концертна сала да функционира беспрекорно и да има совршена акустика.
- При изработката на проектот бев вклучена во тимот. Се консултираа со мене за повеќе аспекти од изградбата на објектот, а најмногу за акустиката. Проектот има одлично идејно визуелно решение, но нам поважни ни се неговата функционалност и намена, а пред сé акустиката. Филхармоничарите доволно се измачија свирејќи во неакустичната сала на Домот на АРМ, па затоа очекуваме новата концертна сала да има совршена акустика - вели Маја Чаначевиќ, директорка на Филхармонијата.

Сега, кога конечно почна да се гради концертна сала, сите очекуваат проектот да се изведе професионално и со сите нишани.

- Па еднаш се гради концертна сала. Затоа мора да се внимава на нејзината изведба, да биде прецизна и на високо ниво. На музичарите најважна им е акустиката, зашто сала со добра звучност и дава поинаква визура на симфониската интерпретација - вели Чаначевиќ.

Во новата концертна сала, која ќе се гради на просторот меѓу Факултетот за музичка уметност и Македонската опера и балет, ќе има две концертни сали, простории за вежбање, гардероби, ресторан, продавница за музичка литература и музика. Големата концертна сала ќе има капацитет од 1.000 до 1.200 седишта, а малата наменета за камерна музика ќе има 300 седишта. Ова е максимумот, иако салите имаат флексибилен капацитет.

- Проектот е одличен, локацијата е совршена. Очекуваме со реализацијата на овој објект да бидат задоволени сите неопходни услови за работа на Македонската филхармонија. Музичарите ќе имаат простор за вежбање и за проби, две сали, едната поголема, другата помала, повеќенаменска за камерни концерти, трибини и за конференции, продавница во која ќе има музичка литература и цедиња од продукцијата на нашата куќа. Музичарите ќе добијат и соодветни пултови и мобилни столчиња. Се надевам дека просторот ќе стане вистински културен центар, храм на музиката во кој ќе слушаме врвни светски музички имиња од светот на класиката - вели Чаначевиќ.

http://www.novamakedonija.mk/NewsDetal.asp?vest=1213102014193&id=16&prilog=0&setIzdanie=22157
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #190 Posted: 17-Dec-2010 at 00:08

Филхармонијата во чест на Шопен

Биста со ликот на Шопен, полската амбасада и подари на Македонската филхармонија. До изградбата на новата концертна сала, каде што ќе биде поставена, бистата на полскиот композитор ќе биде сместена во Домот на АРМ.

......

Биста со ликот на Шопен, полската амбасада и подари на Македонската филхармонија. До изградбата на новата концертна сала, каде што ќе биде поставена, бистата на полскиот композитор ќе биде сместена во Домот на АРМ.

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=12161075358&id=16&setIzdanie=22159
Back to Top
damjan4o View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-Sep-2010
Location: skopje
Online Status: Offline
Posts: 358
  Quote damjan4o Quote  Post ReplyReply #191 Posted: 17-Dec-2010 at 15:56

Ма каков Шопен! Во чест на Симон Трпчески треба да е!

Back to Top
alexgizh View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 07-Jan-2009
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1968
  Quote alexgizh Quote  Post ReplyReply #192 Posted: 17-Dec-2010 at 15:58
Новинарски претеризам. Вистината е дека биста на Шопен ќе стои некаде во лобито на Филхармонијата, не дека целата зграда/институција ќе се вика така.

Нешто како што во Театар Карпош има бисти од актери и автори на дела.
The only thing necessary for the triumph of evil is for good men to do nothing.
Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3514
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #193 Posted: 18-Dec-2010 at 11:32
а ЗОШТО шопен а не биста на Кирил Македонски!?! http://mk.wikipedia.org/wiki/Кирил_Македонски  
Back to Top
Dave Gahan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Oct-2008
Location: 42°0′N,21°26′E
Online Status: Offline
Posts: 986
  Quote Dave Gahan Quote  Post ReplyReply #194 Posted: 18-Dec-2010 at 12:06
Се зборува за ДОНАЦИЈА ОД ПОЛСКА АМБАСАДА и треба фала да им кажеме.

На Симон Трпчески треба да му се направи кога ќе треба, сигурно не додека е жив, а сега треба да се цени...

Кирил Македонски ДА, ама не да ни донираат Пољаците, туку ние...

...и зошто не може да биде во некоја друга форма на уметност да се оддава почит, некаков портрет, мозаик, голем мурал, нешто друго, аман од ова скулптуриве...
MAKE CAPITALISM HISTORY
Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3514
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #195 Posted: 18-Dec-2010 at 12:34
Давид со ова скулптуриве се согласувамм да претераа, но ја би им ја препорачал цела комбинација што ја наведе ти, една опција за фоаје, друга за партер, трета за бифе итн. битно не смее да прифатиме никаква донација од пољаците, а таа да има централно место во филхармонијата! да може да го стават шопен пример во музичко училиште или измеѓу филхармонија и музичко, ама тоа нит има логика ниту пак нам некако ќе ни го исчисти образот што овиее се истрчале шопен да ни го накачат, како беше она на подарен коњ не му се глеит в заби...  а шопен да го сместатт кај што се шитка шопска нема да биде лошо .                 
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #196 Posted: 18-Dec-2010 at 13:50
A Зашто одма не вака, така. И кај пишува воопшто дека има простор за само еден споменик и дека тоа ќ биде Шопен и дека веќе нема да се стави ни една скулптура. Па тоа фоаје зашто е, сигурно ќе има многу повеќе спомнеици од повеќе домашни и странски композитори, пијанисти, музичари и што и да е.
Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3514
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #197 Posted: 19-Dec-2010 at 08:05

но се знае лсл што може и смее да добие централно место а што споредно! Благодарност за донацијата но шопен комотно нека го стават пред полска амбасада и така ваквиот пристап не ни е непознат... како и да е се освен Кирил Македонски во фоајето како централно обележје ќе биде невидена лакрдија! инаку симче и сите останати новопечени инструменталисти но пред се македонски композитори можат да добијат скромен музеј при филхармонијата каде може и интерактивно да се проследат нивните дела или изведби, пример мини кино сала или глуви соби со екрани (каде би можеле да се сместат повеќе луѓе) т.е. каде би можел секој посетител по избор да преслуша или проследи видео или музички материјал...

шопен абе нека му ја постават бистата во некоја градина или паркче, а зошто не и кај тасино чешмиче со оглед дека во близина минува улица со негово име!

Back to Top
Denko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 14-Aug-2010
Online Status: Offline
Posts: 1749
  Quote Denko Quote  Post ReplyReply #198 Posted: 19-Dec-2010 at 15:56
Makedonskata Filharmonija ne e muzej na kompozitori. Kiril Makedonski e znacaen vo poleto na makedonskata opera i zatoa negova bista ocekuvam vo foajeto na Makedonska Opera. Sto se odnesuva do bosti vo Makedonskata Filharmonija postoi samo edno pravilno resenie. Kako osnovaci i prvi dirigenti na orkestarot treba da se postavat bisti samo na Todor Skalovski i Trajko Prokopiev. Tocka!
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #199 Posted: 19-Dec-2010 at 16:05
Па зашто не и композитори. ете го Глигор Смокварски и слично. Има што да се постави, само што ние сега навлеговме во лицитација кој е со позначајна кој е со понезјачајна улога во македонската музичка историја а се работи за една обична донација на споменик од полска. Патем споменик што ќе се постави во фоајето за кое сеуште не знаеме што содржини ќе има.
Back to Top
Denko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 14-Aug-2010
Online Status: Offline
Posts: 1749
  Quote Denko Quote  Post ReplyReply #200 Posted: 19-Dec-2010 at 16:28
Originally posted by lslcrew

Па зашто не и композитори. ете го Глигор Смокварски и слично. Има што да се постави, само што ние сега навлеговме во лицитација кој е со позначајна кој е со понезјачајна улога во македонската музичка историја а се работи за една обична донација на споменик од полска. Патем споменик што ќе се постави во фоајето за кое сеуште не знаеме што содржини ќе има.
Zatoa sto Makedonskata Filharmonija NE E MUZEJ. Se praktikuva da se postavat bisti SAMO na najzasluznite lisnosti povrzani, vo slucajov, so institucijata "Makedonska Filharmonija". Se drugo e glupost. Ako se stavi bista na Chopin, togas treba i na Beethoven, Mozart... a zosto ne npr. i na Shostakovic i da ne gi nabrojuvam drugite znacajni kompozitori. Ako na toa gi dodademe i makedonskite kompozitori, togas vo foajeto ke nema mesto da se razmineme...
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 89101112 38>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.203 seconds.

Copyright ©2007 - 2020  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.