build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Градска инфраструктура
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Булевар Митрополит Теодосиј Гологанов
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Булевар Митрополит Теодосиј Гологанов

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  123 22>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Булевар Митрополит Теодосиј Гологанов
    Posted: 13-May-2011 at 14:39
ПОЧНА ПРОШИРУВАЊЕТО НА УЛИЦАТА МИТРОПОЛИТ ТЕОДОСИЈ ГОЛОГАНОВ

Градот Скопје денеска /13.05.2011 година/ ја почна реализацијата на првата фаза од капиталниот проект за проширување и реконструкција на улицата Митрополит Теодосиј Гологанов. Проширувањето на оваа сообраќајница ќе се реализира на потегот од улицата Франклин Рузвелт до улицата Костурски херои (еден крак) и кон улицата Мито Хаџивасилев Јасмин до свртувањето в десно кон улицата Народен фронт (втор крак). Стартот на градежните работи на оваа улица го означија градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски и премиерот на Република Македонија, Никола Груевски.

- Денеска почнуваме уште еден во низата капитални проекти кои што ќе имаат огромно позитивно влијание врз идниот развој на Скопје и ќе ги подобрат условите за живот на неговите жители – проектот за проширување и реконструкција на улицата Митрополит Теодосиј Гологанов. Градежните работи на оваа улица ги почнуваме во пресрет на летото кога очекуваме нивото на сообраќај во градот значително да се намали, а со тоа и да се создадат добри услови за работа. Улицата Митрополит Теодосиј Гологанов наскоро ќе прерасне во модерна сообраќајница. Таа ќе се проширува од десната страна во насока од општината Карпош кон општината Центар во вкупна должина од 1.600 метри. Сообраќајницата ќе добие 4 сообраќајни ленти (по две во секоја насока) со вкупна широчина од 13 метри и тротоари од двете страни со широчина од по 3,5 метри. Од десната страна на булеварот ќе биде поставено ново улично осветлување. Се предвидува и посебен џеб за возилата од јавниот превоз, како и пешачки и велосипедски патеки на тротоарите. Атмосферските води од новопроширената улица ќе се слеваат во постоечката атмосферска канализација која што е во функција. Во текот на градежнитеработи за проширување на улицата Митрополит Теодосиј Гологанов ќе се изврши усогласување на подземните инсталации – рече градоначалникот Трајановски.

Тој додаде дека при проширувањето, улицата 9.Мај ќе биде отворена како еднонасочна, при што овој дел ќе биде семафоризиран. Еднонасочен сообраќај ќе се воведе и на улицата Костурски херои. Исто така, семафоризација ќе биде направена во делот на свртувањето од улицата Мито Хаџивасилев Јасмин кон улицата Народен фронт, при што и оваа уличка ќе добие четири ленти.

- Она што ќе биде белег на овој проект, а воедно и заштитен знак на оваа модерна сообраќајница, е турбо кружниот тек што ќе се формира во делот меѓу улиците Митрополит Теодосиј Гологанов, Костурски херои и Мито Хаџивасилев Јасмин (кај Католичката црква). Овој кружен тек ќе претставува прв објект од ваков тип во Скопје. Приливот на возила кон кружната крстосница ќе го контролираат двете нови семафоризирани крстосници, на улицата 9.Мај и на свртувањето кон улицата Народен фронт. Реализацијата на проектот во голема мера ќе придонесе за решавање на сообраќајните проблеми во централното градско подрачје, ќе се зголеми проточноста на возила и ќе се намали времето на патување, што ќе придонесе за заштита на животната средина. Треба да се нагласи дека формирањето на кружниот сообраќаен тек директно ќе влијае врз зголемувањето на безбедноста во сообраќајот во овој дел од градот – потенцира Трајановски.

Претседателот на Владата на Република Македонија, Никола Груевски, истакна дека ваква градежна експанзија Скопје не памети од по земјотресот во 1963 година, во последните 40 години.

- Ја поздравувам најголемата реконструкција на улици што во градот се случува во последниве две години - улицата Илинденска прерасна во булевар, булеварот Србија е проширен, се реконструираше улицата Мито Хаџивасилев Јасмин, се обновуваат булеварите Крсте Мисирков, Кузман Јосифовски Питу и Васил Аџиларски...Градот се гради и добива нов лик – рече премиерот Груевски.

На проширување и реконструкција на улицата Митрополит Теодосиј Гологанов ќе работат екипите на градежната фирма „Бауер БГ“, а градежните работи треба да завршат за пет месеци. За целосна реконструкција на улицата Митрополит Теодосиј Гологанов Градот Скопје ќе потроши околу 72 милиона денари. Втората фаза од овој капитален проект продолжува со подготовка на техничка документација за проширување на улицата Митрополит Теодосиј Гологанов од вкрстувањето со улицата Франклин Рузвелт до улицата Московска, со иста ширина.


http://www.skopje.gov.mk/ShowAnnouncements.aspx?ItemID=4216&mid=482&tabId=1&tabindex=0
Back to Top
Supervisor View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Jan-2008
Location: skopje
Online Status: Offline
Posts: 1220
  Quote Supervisor Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 13-May-2011 at 15:04
Одлично се надевам квалитетно ќе се изработи само мислам дека можат и побрзо да работат па и пред 5 месеци да завршат реално 3-4 би биле ОК со оглед на тоа дека се работи за сообраќајница која има клучна врска со централно подрачје од страна на Карпош.
NewYork-London-Paris-Moscow-Tokyo-Skopje
Back to Top
ebivetre View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Feb-2010
Online Status: Offline
Posts: 183
  Quote ebivetre Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 13-May-2011 at 15:13
Шуќур!

Малку ме секира само да не ја направат еднонасочна таа уличката (эаборавив како се викаше) што иде од Универэална кон кружниот. Така ми личи од скицата...
Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: 🇲🇰🇨🇭
Online Status: Online
Posts: 4033
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 13-May-2011 at 15:25
ПОЧНА ПРОШИРУВАЊЕТО НА УЛИЦАТА МИТРОПОЛИТ ТЕОДОСИЈ ГОЛОГАНОВ

Градот Скопје денеска /13.05.2011 година/ ја почна реализацијата на првата фаза од капиталниот проект за проширување и реконструкција на улицата Митрополит Теодосиј Гологанов. Проширувањето на оваа сообраќајница ќе се реализира на потегот од улицата Франклин Рузвелт до улицата Костурски херои (еден крак) и кон улицата Мито Хаџивасилев Јасмин до свртувањето в десно кон улицата Народен фронт (втор крак). Стартот на градежните работи на оваа улица го означија градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски и премиерот на Република Македонија, Никола Груевски.

- Денеска почнуваме уште еден во низата капитални проекти кои што ќе имаат огромно позитивно влијание врз идниот развој на Скопје и ќе ги подобрат условите за живот на неговите жители – проектот за проширување и реконструкција на улицата Митрополит Теодосиј Гологанов. Градежните работи на оваа улица ги почнуваме во пресрет на летото кога очекуваме нивото на сообраќај во градот значително да се намали, а со тоа и да се создадат добри услови за работа. Улицата Митрополит Теодосиј Гологанов наскоро ќе прерасне во модерна сообраќајница. Таа ќе се проширува од десната страна во насока од општината Карпош кон општината Центар во вкупна должина од 1.600 метри. Сообраќајницата ќе добие 4 сообраќајни ленти (по две во секоја насока) со вкупна широчина од 13 метри и тротоари од двете страни со широчина од по 3,5 метри. Од десната страна на булеварот ќе биде поставено ново улично осветлување. Се предвидува и посебен џеб за возилата од јавниот превоз, како и пешачки и велосипедски патеки на тротоарите. Атмосферските води од новопроширената улица ќе се слеваат во постоечката атмосферска канализација која што е во функција. Во текот на градежните работи за проширување на улицата Митрополит Теодосиј Гологанов ќе се изврши усогласување на подземните инсталации – рече градоначалникот Трајановски.

Тој додаде дека при проширувањето, улицата 9.Мај ќе биде отворена како еднонасочна, при што овој дел ќе биде семафоризиран. Еднонасочен сообраќај ќе се воведе и на улицата Костурски херои. Исто така, семафоризација ќе биде направена во делот на свртувањето од улицата Мито Хаџивасилев Јасмин кон улицата Народен фронт, при што и оваа уличка ќе добие четири ленти.

- Она што ќе биде белег на овој проект, а воедно и заштитен знак на оваа модерна сообраќајница, е турбо кружниот тек што ќе се формира во делот меѓу улиците Митрополит Теодосиј Гологанов, Костурски херои и Мито Хаџивасилев Јасмин (кај Католичката црква). Овој кружен тек ќе претставува прв објект од ваков тип во Скопје. Приливот на возила кон кружната крстосница ќе го контролираат двете нови семафоризирани крстосници, на улицата 9.Мај и на свртувањето кон улицата Народен фронт. Реализацијата на проектот во голема мера ќе придонесе за решавање на сообраќајните проблеми во централното градско подрачје, ќе се зголеми проточноста на возила и ќе се намали времето на патување, што ќе придонесе за заштита на животната средина. Треба да се нагласи дека формирањето на кружниот сообраќаен тек директно ќе влијае врз зголемувањето на безбедноста во сообраќајот во овој дел од градот – потенцира Трајановски.

Претседателот на Владата на Република Македонија, Никола Груевски, истакна дека ваква градежна експанзија Скопје не памети од по земјотресот во 1963 година, во последните 40 години.

- Ја поздравувам најголемата реконструкција на улици што во градот се случува во последниве две години - улицата Илинденска прерасна во булевар, булеварот Србија е проширен, се реконструираше улицата Мито Хаџивасилев Јасмин, се обновуваат булеварите Крсте Мисирков, Кузман Јосифовски Питу и Васил Аџиларски...Градот се гради и добива нов лик – рече премиерот Груевски.

На проширување и реконструкција на улицата Митрополит Теодосиј Гологанов ќе работат екипите на градежната фирма „Бауер БГ“, а градежните работи треба да завршат за пет месеци. За целосна реконструкција на улицата Митрополит Теодосиј Гологанов Градот Скопје ќе потроши околу 72 милиона денари. Втората фаза од овој капитален проект продолжува со подготовка на техничка документација за проширување на улицата Митрополит Теодосиј Гологанов од вкрстувањето со улицата Франклин Рузвелт до улицата Московска, со иста ширина.

http://www.skopje.gov.mk/ShowAnnouncements.aspx?ItemID=4216&mid=482&tabId=&tabindex=0
Back to Top
krale View Drop Down
Senior Member
Senior Member

БАНИРАН

Joined: 28-Dec-2009
Online Status: Offline
Posts: 1487
  Quote krale Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 13-May-2011 at 16:03
Вртењето полукружно во ДЕСНО, одејќи од Рамстор пред кружниот тек, е потенцијална црна точка, бидејќи се спојува во една лента со излезот од кружниот тек.

Лентата во десно откај Рамстор не оди на кружен, туку врти пред кружниот, а потоа се спојува.


Исто така, од кружниот тек до Климент Охридски ќе си останат по се изгледа 3 ленти. Барем според скицава.

Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 13-May-2011 at 16:11
Ај нацртај каде зашто вака ич не си ми јасен. Ако добро те сватив тоа што мислиш баш не е црна точка, јасно е кој има предност. Особено што ваквиот кружен ток треба да е 12% поефикасен од обичен. Решениево не дека е којзнае какво сјајно, ама среднорочно ќе служи за гужавата тука. Јужен булевар не е, ама за некоја далеку помала сума од јужен булевар може ќе се покаже како некој компромис на можности и потреби, нормално не загрозувајќи го евентуално во иднина градење јужен булевар. Кружниот ток некаде го имаме постирано во копски сообраќај поназад. Колку што го разбрав Коце едена од улогите на семафорите околни ќе биде и да го регулираат приливот во кружниот ток.
Back to Top
krale View Drop Down
Senior Member
Senior Member

БАНИРАН

Joined: 28-Dec-2009
Online Status: Offline
Posts: 1487
  Quote krale Quote  Post ReplyReply #7 Posted: 13-May-2011 at 16:15
Немам ниеден графички програм на компјутеров.

Мислам на кривината која ти доаѓа во десно, кога одиш од Рамстор (Нова Македонија и Макпетрол ти се од десна страна) и вртиш десно полукружно накај Домот Кузман. Тука доаѓаш во „судар“ со излезот од кружниот тек кој оди накај Домот Кузман.


И дали пред кружниот ќе има семафори?

Edited by krale - 13-May-2011 at 16:17
Back to Top
StreetStruck View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-Nov-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 415
  Quote StreetStruck Quote  Post ReplyReply #8 Posted: 13-May-2011 at 16:38
Ајде аирлија работа..... Али Бауер БГHugToilet ТОП!
"Поробените треба да тежнеат кон слободата, а слободните кон совршенство"- Јане Сандански
Back to Top
G.I. Joe View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 05-Aug-2009
Online Status: Offline
Posts: 410
  Quote G.I. Joe Quote  Post ReplyReply #9 Posted: 13-May-2011 at 16:49
 gologanov na smetka na juzen ..zalosno ..
Back to Top
Supervisor View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Jan-2008
Location: skopje
Online Status: Offline
Posts: 1220
  Quote Supervisor Quote  Post ReplyReply #10 Posted: 13-May-2011 at 16:50
А дали се размилсува за Јужен и за трасата и за кружниот тек колку простор одзема? Немаме никакви информации свака част Коце само ленти сече и со два збора се започнуваат проективе.
NewYork-London-Paris-Moscow-Tokyo-Skopje
Back to Top
G.I. Joe View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 05-Aug-2009
Online Status: Offline
Posts: 410
  Quote G.I. Joe Quote  Post ReplyReply #11 Posted: 13-May-2011 at 16:50
lugje bez vizija
Back to Top
<Fresno> View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Jun-2010
Online Status: Offline
Posts: 969
  Quote <Fresno> Quote  Post ReplyReply #12 Posted: 13-May-2011 at 18:37
Не е никаква пречка проектов за Јужен булевар, освен во делот кај кружниот тек, што може да се реши со дополнително понирање на трасата. Барем така изгледа на скицата. А ова со Бауер БГ стварно ме интересира како ќе се развива. Ако не извршат санација на улициве што досега ги реконструираа и ако тековниве проекти ги направат неквалитетно, ептен очигледна ќе стане работава.
Back to Top
alexsend View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2011
Location: Скопје, Центар
Online Status: Offline
Posts: 2053
  Quote alexsend Quote  Post ReplyReply #13 Posted: 13-May-2011 at 19:09
И покрај сите утки повторно се форсира Бауер...ова ми личи на нешто...
На крај краева само да е квалитетно
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #14 Posted: 13-May-2011 at 23:42
Како крале таков судир, најнормално правило тие што доаѓаат од кружниот тек имаат предност, што има тукаспорно, па на обични раскрници кога вртиш лево доагаѓ ли во судир со тие што си возат по булеварот. Токму тоа не е никаква спорна точка. Коце објасни, значи на истава страна по втор пат иде информацијата, семафорите предходно ќе учествуваат во регулирање на протокот да нема премногу заситеност која е контрапродуктивна во опслужувањето на кружен ток. Јужниот ни со ваков кружен ток не е загрозен, ѕирнете ги плановите, а со јужен станува веќе излишен. Така да да не се повторуваме за познати информации што се тука.
Back to Top
krale View Drop Down
Senior Member
Senior Member

БАНИРАН

Joined: 28-Dec-2009
Online Status: Offline
Posts: 1487
  Quote krale Quote  Post ReplyReply #15 Posted: 13-May-2011 at 23:55
Originally posted by lslcrew

Како крале таков судир, најнормално правило тие што доаѓаат од кружниот тек имаат предност, што има тукаспорно, па на обични раскрници кога вртиш лево доагаѓ ли во судир со тие што си возат по булеварот. Токму тоа не е никаква спорна точка.


Не е баш како што викаш. И едните и другите се исклучуваат (едните од кружен ток, накај Домот Кузман, а другите од правецот откај Н. Македонија, вртат исто десно кон Домот Кузман).

Таму се можни (без знаци) повеќе ситуации - правило на предимство од десна страна (во кој случај тие од Н. Македонија имаат предност), или правило на улица со предност (во кој случај тие од кружниот имаат предност).

Ќе мора да се стави знак СТОП на вртењето десно од Н. Македонија накај Кузман, инаку ќе има проблем.
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #16 Posted: 14-May-2011 at 00:23
Браво крале, тебе ти текна сега кај да се стави знак стоп. Да звучам навредливо нејќам, ама правиш проблем кај што го нема. ЈАсни се доволно правилата кој има предност. Тие што излегуваат од кружниот тек имаат предност. Дури и да не беше кружен тек пак тие ќе си имаа предност. Овие што вртат десно се сосема споредна уличка земи го, која се приклучува на булеварот и остава предност на тие што проаѓаат. Дај малку, нема ваљда сега да спамираме за вакви глупости.
Back to Top
krale View Drop Down
Senior Member
Senior Member

БАНИРАН

Joined: 28-Dec-2009
Online Status: Offline
Posts: 1487
  Quote krale Quote  Post ReplyReply #17 Posted: 14-May-2011 at 00:29
ЛСЛ, ОК, само глеј да не стават знак, па ќе гледаме сеир.
Back to Top
OCB View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2011
Location: 54
Online Status: Offline
Posts: 921
  Quote OCB Quote  Post ReplyReply #18 Posted: 14-May-2011 at 03:03
Презентација на турбо кружен тек:

http://www.youtube.com/watch?v=iMYib3IR43I
Back to Top
Denko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 14-Aug-2010
Online Status: Offline
Posts: 2192
  Quote Denko Quote  Post ReplyReply #19 Posted: 14-May-2011 at 10:15
Originally posted by krale

ЛСЛ, ОК, само глеј да не стават знак, па ќе гледаме сеир.
I dvajcata ste vo pravo... Tie sto doagaat od kaj "Nova Makedonija" i vrtat desno na ulicata kon "Kuzman" mora da gi propustat vozilata koi se isklucuvaat od kruzniot tek. Znak mora da ima!
Back to Top
phenomenon View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Oct-2010
Location: Kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 2475
  Quote phenomenon Quote  Post ReplyReply #20 Posted: 14-May-2011 at 10:37
   Немаше ли да биде подобро решение ваков кружен тек:
 

Roundabout%20-%20Option%201 
開始されていないだけの戦いが失われ、
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  123 22>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.234 seconds.

Copyright ©2007 - 2022  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.