build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Градска инфраструктура
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Булевар Митрополит Теодосиј Гологанов
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Булевар Митрополит Теодосиј Гологанов

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 202122
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 15912
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #421 Posted: 22-Sep-2022 at 16:40
ГРАД СКОПЈЕ ВО НАРЕДНИТЕ 5 МЕСЕЦИ ЌЕ ЈА РЕКОНСТРУИРА УЛИЦАТА ТЕОДОСИЈ ГОЛОГАНОВ КАЈ КЛУБ НА ПРАТЕНИЦИ

Град Скопје денеска почна со градежни работи за реконструкција на улицата Теодосиј Гологанов кај Клуб на пратеници. Градежните работи според најавите на градоначалничката Данела Арсовска ќе траат 5 месеци, а ќе се работи на потегот од кружниот тек кај Католичка црква до крстосницата со булеварот Климент Охридски.

„Реконструкцијата опфаќа градежни работи на коловозот од 5.350 метри квадратни, велосипедска патека и тротоари од 4.500 метри квадратни, нови рабници, нова фекална канализација Ф600, изведба на нова водоводна мрежа и, ново улично осветлување со лед светилки. Реконструкцијата чини 43 милиони денари, а градежните работи ги изведува фирмата Бауер“, кажа Арсовска.

На прашањето зошто досега не се почна со реконструкцијата на улицата со оглед дека целата постапка беше завршена уште лани во септември кога минатото раководство на Градот го потпиша договорот за овој проект со фирмата „Бауер“, Арсовска кажа дека ги чекале одобренијата за воведување на посебен режим на сообраќај од Министерството за внатрешни работи.

Додека траат градежните работи на оваа фреквентна сообраќајница ќе биде воведен посебен режим на движење, а автобуските линии 5 и 4А нема да минуваат на овој потег.

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/grad-skopje-vo-narednite-5-mesetsi-ke-ja-rekonstruira-ulitsata-teodosij-gologanov-kaj-klub-na-pratenitsi/
Carpe diem
Back to Top
The Wild Boy View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Jan-2020
Online Status: Offline
Posts: 421
  Quote The Wild Boy Quote  Post ReplyReply #422 Posted: 24-Sep-2022 at 00:57
До толку чаре да немаат за уште една лента?
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 14312
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #423 Posted: 24-Sep-2022 at 11:08


Нема место, ќе треба да се крати од тротоарите кои и без тоа се тесни и окупирани со возила, дрвја, автобуски постојки и сл.
За сè има вторпат
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 202122

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.142 seconds.

Copyright ©2007 - 2022  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.