build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

City Center - Прилеп

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <12345>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
ovaj_stariov View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-May-2008
Location: Prilep
Online Status: Offline
Posts: 1300
  Quote ovaj_stariov Quote  Post ReplyReply #41 Posted: 01-Jun-2012 at 18:37


build.mk, гради форумска историја
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11824
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #42 Posted: 02-Jun-2012 at 12:46
Се работи ли всушност на објектов, има ли работници на градилиштето? Гледам поставена оплата, што ваљда е некаква индикација дека се работи, но од друга страна објектов напредува бавно, а сликите од градилиште изгледаат многу пусто.
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3622
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #43 Posted: 14-Jul-2012 at 10:34
Современа градба во духот на чаршијата

sovremena-gradba-vo-carsija-mala.jpgСеријата разговори со наградените на БИМАС 2012, во овој број ја заокружуваме преку интервјуто со Мартин Пановски, архитект во "СТУДИО 2000", чие идејно решение (во соработка со Душица Диновска) за City Center во Прилеп ја доби наградата за проект од областа на архитектурата. Станува збор за првонаградено конкурсно решение, чија изведба е започната во мај 2011 година од страна на "Дравас инженеринг".

 

Објектот зазема централна позиција во градското ткиво на Прилеп, и со својата појава има за цел да воспостави нови социо-културни референци во градот. sovremena-gradba-vo-carsija-1.jpg

Конципирањето на трговски центри со хибридна содржина како стратегија за урбанизирање на градското ткиво форсирано галопира последниве години кај нас. Дали според вас, овие мегаструктури имаат тенденција да го заменат непосредното активно восприемање на градот, акумулирајќи повеќе програми во единствена затворена композиција?

 

Не би рекол дека трговските центри имаат хибридна содржина. Трговските центри имаат една единствена есенцијална содржина (трговија) без која објектот не може да функционира. Сите останати содржини се придружни. Единствената функција им е да ја подобрат основната содржина. И самото современо обликување на трговските центри со комплетно затворање во еден вид чаура е во функција на есенцијалната содржина. Влегувате во простор кој не е определен ни со место ни со време. Останатите програми се таму за да дадат привидна димензија на социјализација. Концептот на тотално затворен трговски центар е развиен за приградските населби и во добар случај претставува место, репер на социјлни случувања во предградието. За жал, кај нас тоа се случува во центрите на градовите, каде сè уште е свежо сеќавањето, а некаде и функционира концептот на чаршија. Со сместување на хангари за продажба на места со богат социјален и културен контекст се врши девијација на урбаното ткиво. Се вметнува дупка во урбаното ткиво.

 

Дали за вас беше предизвик со една ваква мегаструктура да придонесете кон социолошко актуализирање и оплеменување на градското живеење во Прилеп?  Да. Ова беше предизвик во смисла како да се задржи контекстот на чаршија, а да се задоволи аксиомата за максимално искористување на дозволените локациски параметри. На секој град му е потребен прогрес, инаку градот се претвора во гето. Центрите на градовите низ Македонија сè повеќе наликуваат на еден вертикален "слам" каде дефинираното урбано ткиво во минатиот век само се надградува и доградува без водење сметка за целокупната силуета и инфраструктура на градот. Тоа покажува дека градот сака да се развива но не знае како. Се развива утилитарно дел по дел врз постоечка градска структура. Тоа е случај и со Прилеп, каде ја насетувате претходната матрица, но гледате дека стихијно е променета и не е ставена во јасни рамки. На тој начин, сè добива хаос. Мислам дека ваквите зафати можат да претставуваат иницијална каписла за размислување, што понатаму со развојот на градот.

 

На кој начин успеавте да остварите симбиоза помеѓу идејата и барањата, и во една просторна целосност да ги подредите вашиот обликуван концепт и обемната програмска нужност?

Објектот е поставен на местото на стариот пазар, непосредно до Чаршијата и новиот пазар. Во Прилеп, за среќа, зборот чаршија сè уште определува точно одреден простор во градот дефиниран со сите свои типични социјални и културни односи. Тоа беше појдовна точка при распределување на програмата. Карактерот на просторот да остане во духот на местото (стариот пазар) со иситната структура ставена во единствена рамка. Објектот нема еден единствен влез како што нема ни чаршијата. Слободно се движите низ него. Може да се каже дека пробавме да направиме полуотворен трговски центар, кој ги пропушта постоечките градски пешачки патеки и создава нови. Вториот дел од концептот е качување на автомобилите на најгорните нивоа. Со тоа приземјето е ослободено само за пешачко движење.

 

sovremena-gradba-vo-carsija-2.jpg

 

Композицијата за конкурсното решение на City Center ја чинат два сегменти, кои со својата заемна припадност формираат моќна структура без рабови како логичен одговор на зададената локација. Врз кои принципи се темели генезата на оваа бинарна структура и како таа кореспондира со организацијата на внатрешноста, намената и просторните потреби?

 

Логиката на следење и максимално искористување на локацијата е неспорна. Но заоблените бели површини и структурата без рабови, сепак, не е наметната само од зададената локација. Првата моја мемориска слика за Прилеп се бело варосаните дрвја кои ве пречекуваат на влезот во градот, формирајќи бела лента која ве прати низ улицата и заоблените бели површини од симболот на Прилеп, "Могилата на непоразените" од Богдан Богдановиќ. Во однос на структурата, испробавме повеќе модели на можна програмска поделба на објектот. Како по вертикала така и по хоризонтала. Како најсоодветно се наметна решението за сместување на гаражата на најгорното ниво. На тотално неправилна локација каква што имавме, решивме да употребиме кружна континуирана рампа за пристап до гаражата. На тој начин, останатиот простор е оставен отворен и флексибилен за во иднина да може да прими нова програма. Местоположбата и обликувањето на рампата е логичен. Се искачувате во полутранспарентен "видиковец" во центарот на Прилеп. Самото искачување ќе е посебно доживување. Логично е и обликувањето да биде посебно. Кружно искачување е еден од најмоќните елементи во архитектурата, и за да остане моќен останатото треба да е меко и ненаметливо.

 

sovremena-gradba-vo-carsija-3.jpg

 

Жири комисијата во своето образложение при доделувањето на наградата за проект од областа на архитектурата за City Center – Прилеп, како особен квалитет го истакна обликувањето на фасадната обвивка, чија материјализација отскокнува од вообичаената матрица за обликување на објекти од овој тип и се карактеризира со доминантно застаклена површина. Дали станува збор за чисто естетска вредност или пак оваа обликувана постапка во себе носи утилитарна референца? 

Не. Не станува збор за формално обликување. Доколку би го затвориле, сме осудиле објект во центарот на Прилеп доживотно да мора да ја има истата програма. Тоа во најдобар случај би било неетички. Со отворањето на фасадната обвивка, флексибилната внатрешност и со надворешните скали кои водат директно до катот, објектот во иднина може да прими разни програми во зависност од потребите и развојот на градот. Во моментов оваа програма ќе функционира. Но во никој случај не треба да кажеме дека е конечна и единствена. Архитектите не можат да ги предвидат економските, социјалните, политичките и технолошките промени кои силно влијаат на градската програмска структура, туку треба да бидат спремни на брзи приспособувања кон идните новонастанати услови.

 

sovremena-gradba-vo-carsija-4.jpg

 

Со години наназад колективот "СТУДИО 2000" е директно и индиректно поврзан со БИМАС, какви импресии понесовте од овогодишната програмска и организациона зрелост на оваа единствена архитектонска смотра кај нас? 

 

"Студио 2000" е колектив составен од архитекти кои долго време работат како тим. Сметаме дека дружењето, размената на искуства, знаења и пред сè заедничко дејствување во едно еснафско здружение е круцијално за напредокот на архитектурата во Македонија и позицијата на архитектите во општеството. Поради ова тимот на "Студио 2000" е активно вклучен во најголемото и најстаро еснафско здружение, Асоцијацијата на архитекти на Македонија. БИМАС во организација на ААМ е најзначајната манифестација од областа на архитектурата во Македонија. На БИМАС покажуваме што сме направиле, се оценуваме сами себе како струка и на тој начин напредуваме како индивидуи и како еснаф. Самото учеството на БИМАС покажува дали некој навистина си ја сака професијата или не. Дали живеете со архитектурата или само случајно тоа ви е работа. Слободно можам да кажам дека комплетниот тим на "Студио 2000" живее со архитектурата. Годинава со релативно скромен буџет мислам дека БИМАС го одржува трендот на раст и развој, како со настани така и со изложени трудови.

http://www.porta3.com.mk/index.php?option=com_content&task=view&id=3348&Itemid=73

Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3807
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #44 Posted: 14-Jul-2012 at 11:03
Ми се допаѓа како е решен паркингот, кој е сместен на последните два спрата. Со тоа се овозможува подобра искористеност на просторот на долните спратови.
Back to Top
xnx View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 05-Apr-2009
Online Status: Offline
Posts: 1840
  Quote xnx Quote  Post ReplyReply #45 Posted: 16-Jul-2012 at 11:32
malce e nezgodno kazuvanjeto po rampata niz 4 sprata dodeka na stignes do parkingot. nemas ni kade da zastanes, tuku vrtis 10 kruga ko budala i stigas gore(ako stignes) zashemeten ako imas poslaba kola i te ostavi na pola rampa si go nae**l
Back to Top
ovaj_stariov View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-May-2008
Location: Prilep
Online Status: Offline
Posts: 1300
  Quote ovaj_stariov Quote  Post ReplyReply #46 Posted: 07-Oct-2012 at 23:51
build.mk, гради форумска историја
Back to Top
N23 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2011
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2159
  Quote N23 Quote  Post ReplyReply #47 Posted: 08-Oct-2012 at 13:44
Се работи активно на објкетов и дали има најави кои би биле идните закупци?
23ka.wordpress.com
Back to Top
ovaj_stariov View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-May-2008
Location: Prilep
Online Status: Offline
Posts: 1300
  Quote ovaj_stariov Quote  Post ReplyReply #48 Posted: 08-Oct-2012 at 13:53
Кога и да поминам има по некој работник,но имам чувство дека не им се брза многу.
За закупци досега немам сретнато никаков податок,но самиот факт што дуќаните се нудат исклучиво за продажба не очекувам некој познато име да дојде,колку што сум запознат познатите брендови одат на изнајмување,нека ме поправи некој ако грешам.
build.mk, гради форумска историја
Back to Top
ovaj_stariov View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-May-2008
Location: Prilep
Online Status: Offline
Posts: 1300
  Quote ovaj_stariov Quote  Post ReplyReply #49 Posted: 27-Feb-2013 at 13:38
Од последната слика поминале некои 4-5 месеци,нема којзнае колкав напредок но самото тоа што зимава не ја прекинаа работата целосно ми дава надеж дека оваа година ќе се заврши проектот.
Во моментов ја тураат претпоследната плоча коа заедно со последната се наменети само за пракирање па би требало побрзо да ги завршат.

build.mk, гради форумска историја
Back to Top
ovaj_stariov View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-May-2008
Location: Prilep
Online Status: Offline
Posts: 1300
  Quote ovaj_stariov Quote  Post ReplyReply #50 Posted: 10-Apr-2013 at 17:11
Сликите намерно не ги ставив веќе ги имаме.Но има неколку нови изнформации.

Инаку последниве денови кога поминувам покрај објектов ми остави впечаток дека нема внатрешни скали помеѓу приземјето и првиот спрат, има само надворешни што те носат директно на спратот.

Ако можам да забележам на скиците(може да сум грешка) како да има надворешни влезови за секој дуќан на приземјето што според мене е голема грешка и ќе ги фрли во сенка дуќаните што се на спратовите

ФОТО: Прилеп ќе добие модерен трговски центар


Во центарот на Прилеп се гради трговски центар, кој ќе претставува објект од затворен тип со комплетно решена вентилација, климатизација и греење.


Парцелата е со големина од 1.617 метри квадратни, а предвидена е и изградба на гаража во која ќе се паркираат околу 150 возила. Сити центарот ќе има најразлични содржини - дуќани, канцеларии, кафетерии и продавници за брендирана стока.



- Со проектот се добиваат нови естетски вредности во центарот на градот, бидејќи ќе биде граден со современа и елитна архитектура. Воедно ќе се добијат нови 250 вработувања - велат од општината.

Овој трговско-деловен објект заедно со веќе постоечките содржини во градот, ќе го внеси Прилеп на картата на најпосетуваните градови во Македонија.

http://kurir.mk/republika/opstini/111566-FOTO-Prilep-ke-dobie-moderen-trgovski-centar
build.mk, гради форумска историја
Back to Top
kiriOK View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-Apr-2012
Online Status: Offline
Posts: 298
  Quote kiriOK Quote  Post ReplyReply #51 Posted: 10-Apr-2013 at 17:42
Трговски центарBig%20smile
Back to Top
ovaj_stariov View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-May-2008
Location: Prilep
Online Status: Offline
Posts: 1300
  Quote ovaj_stariov Quote  Post ReplyReply #52 Posted: 10-Apr-2013 at 18:52
Тука има и видео

За три месеци ќе профункционира новиот Сити центар во Прилеп

На првиот работен ден од новиот мандате, градоначалникот на Прилеп, Марјан Ристески, го најави продолжувањето на градежните активности на новиот современ Сити Центар, чија вредност се проценува на околу 7 милиони евра, и кој ќе обезбеди минимум 250 нови работни места.       Сити центарот се простира на поврќина од 15 илјади метри квадратни, од кои, 10 илјади метри квадратни отпаѓаат на деловен простор. Градоначалникот Ристески очекува дека овој трговски центар покрај покрај што значително ќе ја зголеми трговската понуда на Прилеп, истовремено претставува и современо архитектонско решение, едно од најубавите во државава.

Инвеститорот на проектот, “Дравос- Инженеринг”, смета дека за период од три години, општина Прилеп од работата на Сити Центарот ќе инкасира повеќе од 60 милиони денари.

Прилепскиот Сити Центар се очекува да биде пуштен во употреба во јули годинава, непосредно пред годинашниот “Пивофест”. Фирмата- инвеститор за ова здание минатата година на Биеналето ја доби престижната награда за најдобро архитектонско решение.

http://www.sitel.com.mk/za-tri-meseci-kje-profunkcionira-noviot-siti-centar-vo-prilep-0
build.mk, гради форумска историја
Back to Top
daci92 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 10-Dec-2012
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1765
  Quote daci92 Quote  Post ReplyReply #53 Posted: 10-Apr-2013 at 19:31
Среда, 10 Април 2013 17:04

Во центарот на Прилеп се гради трговски центар, кој ќе претставува објект од затворен тип со комплетно решена вентилација, климатизација и греење.

city-centar-500

Парцелата е со големина од 1.617 метри квадратни, а предвидена е и изградба на гаража во која ќе се паркираат околу 150 возила. Сити центарот ќе има најразлични содржини - дуќани, канцеларии, кафетерии и продавници за брендирана стока.

pp1

- Со проектот се добиваат нови естетски вредности во центарот на градот, бидејќи ќе биде граден со современа и елитна архитектура. Воедно ќе се добијат нови 250 вработувања - велат од општината.

Овој трговско-деловен објект заедно со веќе постоечките содржини во градот, ќе го внеси Прилеп на картата на најпосетуваните градови во Македонија.

pp2

pp3

pp4

http://kurir.mk/republika/opstini/111566-FOTO-Prilep-ke-dobie-moderen-trgovski-centar

Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7023
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #54 Posted: 10-Apr-2013 at 20:27
Previous
леле трговскиов се гради веќе две години, а они сега го најавуваат LOL
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
mr bombastic View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 10-Jun-2011
Online Status: Offline
Posts: 358
  Quote mr bombastic Quote  Post ReplyReply #55 Posted: 11-Apr-2013 at 02:03
Богами цела вечност се гради, не ми се верува дека до јули ќе биде готов Roll%20eyes
Back to Top
anti-modernista1 View Drop Down
Newbie
Newbie


Joined: 01-Dec-2011
Online Status: Offline
Posts: 29
  Quote anti-modernista1 Quote  Post ReplyReply #56 Posted: 27-Nov-2013 at 15:29
dali nekoj ima informacija ili sliki sto se sluci so ovoj objekt?

Edited by anti-modernista1 - 27-Nov-2013 at 15:29
Back to Top
N23 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2011
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2159
  Quote N23 Quote  Post ReplyReply #57 Posted: 28-Nov-2013 at 18:49
Originally posted by ovaj_stariov

Тука има и видео

За три месеци ќе профункционира новиот Сити центар во Прилеп

На првиот работен ден од новиот мандате, градоначалникот на Прилеп, Марјан Ристески, го најави продолжувањето на градежните активности на новиот современ Сити Центар, чија вредност се проценува на околу 7 милиони евра, и кој ќе обезбеди минимум 250 нови работни места.       Сити центарот се простира на поврќина од 15 илјади метри квадратни, од кои, 10 илјади метри квадратни отпаѓаат на деловен простор. Градоначалникот Ристески очекува дека овој трговски центар покрај покрај што значително ќе ја зголеми трговската понуда на Прилеп, истовремено претставува и современо архитектонско решение, едно од најубавите во државава.

Инвеститорот на проектот, “Дравос- Инженеринг”, смета дека за период од три години, општина Прилеп од работата на Сити Центарот ќе инкасира повеќе од 60 милиони денари.

Прилепскиот Сити Центар се очекува да биде пуштен во употреба во јули годинава, непосредно пред годинашниот “Пивофест”. Фирмата- инвеститор за ова здание минатата година на Биеналето ја доби престижната награда за најдобро архитектонско решение.

http://www.sitel.com.mk/za-tri-meseci-kje-profunkcionira-noviot-siti-centar-vo-prilep-0

Класичен спин од Сител и другарчињата. Три години е пореален термин Suicide
23ka.wordpress.com
Back to Top
ovaj_stariov View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-May-2008
Location: Prilep
Online Status: Offline
Posts: 1300
  Quote ovaj_stariov Quote  Post ReplyReply #58 Posted: 28-Nov-2013 at 21:16
Почнаа со фасадирањето, но како што гледам не им се брза. Јас прогнозирам дека до средината на идната година ќе биде во завршна фаза.
Ќе направам неколку слики деновиве.
build.mk, гради форумска историја
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6555
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #59 Posted: 28-Nov-2013 at 22:54
можеби се на наекои напитоци,па ќе стигнат на време

Back to Top
ovaj_stariov View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-May-2008
Location: Prilep
Online Status: Offline
Posts: 1300
  Quote ovaj_stariov Quote  Post ReplyReply #60 Posted: 08-Dec-2013 at 18:11
Неколку слики од напредокот кој како што кажав доста споро оди, ова е направено за околу два-три месеци



Започнале и со стаклениот дел


На скоро целиот објект се поставени држачите за фасадата
build.mk, гради форумска историја
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <12345>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.063 seconds.

Copyright ©2007 - 2017  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.