build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Енергетика
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Хидроелектрани

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  123 26>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12011
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Хидроелектрани
    Posted: 16-Dec-2007 at 04:28
Во моментов има голема активност кај хидроелектраните, па добро ќе ни дојде една нишка и за ова. Во кратки црти еве што се случува во моментов:

- Изградба на ХЕ Св. Петка
- Тендери за концесионери на мали хидроелектрани
- За Чебрен, Галиште и Бошков Мост колку што знам наскоро следуваат тендери

Ако нешто пропуштам, ве молам дополнете ме Smile

Исто така темава може да се користи и за постоечките хидроелектрани или други идни проекти.


Edited by Cloverstack - 16-Dec-2007 at 05:15
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12011
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 16-Dec-2007 at 05:01

Да почнеме со ХЕ Света Петка (Матка 2), која е моментално во изградба


Еве некои основни податоци кои ги издвоив од сајтот на ЕЛЕМ. Ако некој сака подетално, нека кликне тука Big%20smile http://www.elem.com.mk/index.php?id=62#krktr

ХЕ Св. Петка (претходно Матка 2) е алката која недостасува за оптимално искористување на хидропотенцијалот на реката Треска. ХЕ Св. Петка е лоцирана меѓу новата ХЕ Козјак (во изградба, околу 16 километри возводно од Св. Петка) и постојната ХЕ Матка, лоцирана низводно.

Објектот ХЕ Св. Петка во рамките на повеќенаменскиот ХС Скопско Поле-подсистем Козјак-Матка има основна намена да го искористи расположивиот хидроенергетски потенцијал на истечните води од ХЕ Козјак и локалните води од сливот на река Треска на потегот од профилот ХЕ Козјак до профилот ХЕ Св. Петка.


Брана

Браната ќе биде двојна лачна брана, со висина од 69 m, со должина на круната од 118 m, ниво на круна на 364 мнв, и со вкупен волумен на браната 27.325 m 3 .

Акумулација

Акумулацијата ќе покрие површина од 0,54 (km) 2 на минимално работно ниво од 355 мнв и максимална површина од 0,62 (km) 2 , на максимално ниво од 357,3 мнв. Вкупниот волумен е 9,1 x 10 6 m 3 , со активен волумен од 1,1 x 10 6 m 3 . Должината на акумулацијата е 11 km долж реката Треска.

Капацитет на турбината

Инсталираниот капацитет на централата е 36,4 MW. Две Франсис турбини, секоја со 18,2 MW се инсталирани во ХЕ. Проектираниот протек низ турбините е 2 x 50 m 3 /s.

Трошоци

Вкупните трошоци за ХЕ Св. Петка се проценети на 44.630.000 евра, и се составени од следниве елементи:

  • Претходни : 1.738.000 евра ;
  • Подготвителни работи: 5.961.000 евра ;
  • Главни градежни работи: 23.800.000 евра ;
  • Оскултација на брана : 250.000 евра ;
  • Експропријација, итн: 500.000 евра ;
  • Електромашинска опрема: 12.381.000 евра .

Годишно производство ~ 66 GWh

Реализацијата на проектот е предвидена да биде во период од 4 години.



Еве и фотки:

1


2


3


4


5


6


7


8


9


10


11


12


13


14



Edited by Cloverstack - 08-Jul-2010 at 12:19
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12011
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 11-Jan-2008 at 19:18
Cheers

http://telma.com.mk/sodr.php?id=10740&idTip=1

НА ТЕНДЕРОТ ЗА МАЛИ ХИДРОЦЕНТРАЛИ 12 КОМПАНИИ

Седум македонски и пет странски компании доставиле понуди на тендерот за изградба на 28 мали хидроцентрали во Македонија.

На тендерот биле доставени вкупно 58 понуди, кои денеска беа отворени во Скопје.

Интерес за изградба на мали хидроцентрали покажале странските компании „Energie Zotter Bau“, од Австрија, италијанската„CO-VER“, „Purferco participation holding“ од Швајцарија, словенечката „Потеза“ и германската „РСС“.

Од македонските компании понуди на тендерот доставиле „Елтек“, „Фидко“ конзорциумот „Ингмарк“, „Флексповер“, конзорциумот „Енигма 3Д“, „Елма“, „Енергетика инженеринг“, „Еурека пласт“, „МЗТ пумпи“, „Омега“ и „ТГС Технички гасови“.

Меѓународниот тендер беше распишан во септември за давање на концесија за вода за производство на електрична енергија од 28 мали хидроцентрали со единечна инсталирана моќност до пет Мегаватите, на сливовите на реките Вардар, Струмица и Црн Дрим.

Малите хидроцентрали ќе се градат по моделот проектирање, изградба, оперирање и трансфер на струја.

Ова е втор тендер за изградба на мали хидроцентрали во Македонија. На првиот беа понудени 60 локации.

Малите хидроелектрични централи ќе се даваат под концесија во траење од 20 години.



Edited by Cloverstack - 11-Jan-2008 at 19:19
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9008
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 11-Jan-2008 at 21:15


се е ова супер но кога почнува изградбата? Што е со оние локации што се понудија и поделија претходно ништо немаме чуено на таа тема Dunno
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12011
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 12-Jan-2008 at 01:10


Па ваљда иде по некоја процедура, ваљда има рокови... Ваљда...

 Dunno
Back to Top
La Linea View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
  Quote La Linea Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 12-Jan-2008 at 11:35
Се надевам дека се ќе испадне во ред со овие хидроцентрали, дека се дефинитвно паметна инвестиција, бидејќи државата би заштедила милиони евра од увоз на струја, а се еден од најеколошките извори на енергија.
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12011
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #7 Posted: 01-Feb-2008 at 14:47
http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=E1489EF5DD040248B5E058D615F675B5

Формирана фирма за изградба на 15 хидроцентрали

„Гранит" и „Топлификација" учествуваат во формирањето на ново друштво од заеднички интерес и партнерство "Мали хидроелектрани" ДОО Скопје, МХЕ, во кое, ќе инвестираат по 20 отсто како основачки влог во друштвото. Инаку, "Гранит" и "Топлификација", по договор за конзорциум со "Турбоинститут" од Словенија и "Фероинвест" од Велес, учествуваа на тендерот за изградба на мали хидроцентрали и други придружни објекти. На тендерот конзорциумот доби концесија за изградба на 15 мали хидроцентрали.

Функцијата на МХЕ ќе биде склучување договор за изградба на хидроцентралите и концесија за употреба на вода. Изградбата на 15-те централи на вода, според тендерската документација, потребно е да се изврши најдоцна за три години, а користењето на концесијата е за 20 години.

Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12011
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #8 Posted: 27-Feb-2008 at 00:33
http://netpress.com.mk/vest.asp?id=24430&kategorija=2

Најуспешни понудувачи за изградба на 28 мали хидроелектрични централи

Досега седум, од 12-те пријавени компании на јавниот оглас се избрани за понудени 24 локации за изградба на мали хидроелектрични централи на сливовите на реките Вардар, Црни Дрим и Струмица. Владиниот портпалот Ивица Боцевки денеска информираше дека и понатаму тече постапката, која  вклучува и евентуали жалбени процеси.

Од пријавените компании, австриската “ЕнергиеЦотерБау“ е избрана како најуспешен понудувач за изградба на хидроцентрали на водотеците Речанска, Дупица, Бањанска Река, Побишка, Отљанска, Спанечка Река, Мала Река, големача, Боишка Река, Обедничка Река, Ораовица, Крива Река, Јутачка и повторно Крива Река.

“Ко-вер Енергија“ од Италија е избрана за две хидроцентрали на Пена, една на Брза Вода и Бистрица.

Швајцарсаката компанија “Дуферко Партиципатионс Холдинг“ има најдобра понуда за две хидроцентрали на Брза Вода, а за по една хидроцентрала на Маркова Река германската “ПЦЦ“ и домашната компанија МЗТ Пимпи АД. “Потеза Скупина ДД“ од Словенија е избрана за Пена.

Македонскиот конзорциум Хидроинвест има најдобра понуда за текот на Бањанска Река.

Владиниот портпарол рече дека струјата произведена во овие хидроцентрали ќе се користи согласно Законот за енергетика, не прецизирајќи при тоа дали тоа ќе биде согласно измените на овој закон.

Боцевки одговори потврдно на новинарското прашање - дали Македонија има доволно вода да ја дава под концесија.

Во септември, минатата година беше објавен Меѓународен оглас за прибирање на понудите за концесија, за 28 мали хидроцентрали. Основни критериуми за тендерот беа вкупната инсталирана моќност до пет мегавати, како и додатокот на еднократниот придонес.

Ова е втор тендер за давање концесии за изградба на хидроцентарали. Во првиот пакет беа понудени вкупно 60 локации.


Back to Top
ProMKD View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 25-Feb-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 244
  Quote ProMKD Quote  Post ReplyReply #9 Posted: 27-Feb-2008 at 01:51
Изгледа матка-2 (света петка) добро напредува. Летоска бев во посета на козјак и таму има ПРЕУБАВ поглед од патот кон планината. Еве ви слики од мобилен




Back to Top
La Linea View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
  Quote La Linea Quote  Post ReplyReply #10 Posted: 27-Feb-2008 at 19:36
Супер е погледот навистина Yes
BTW Добар мотор
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
Back to Top
ProMKD View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 25-Feb-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 244
  Quote ProMKD Quote  Post ReplyReply #11 Posted: 28-Feb-2008 at 01:34
Originally posted by La Linea

Супер е погледот навистина Yes
BTW Добар мотор

Фала Yes А патот (како што се гледа на долниот дел на првата слика) има многу кривини и е милина за мотор, само што асфалтот тука не е баш нај-нај, али се издржува.

За кој планира да оти таму:
Внимание, откако ќе се симнеш од новиот пат од кај драчево што оди нагоре, на стариот пат секаде пишува "Забранет Пристап Без Дозвола" и "Заврането Сликање", да си знаете Thumbs%20Up
Back to Top
La Linea View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
  Quote La Linea Quote  Post ReplyReply #12 Posted: 07-Mar-2008 at 14:57

Cheers
“RWE Power“ ќе учествува на тендерот за изградба на Чебрен и Галиште

Германската менаџмент холдинг компанија “RWE Power“ се подготвува да даде понуда за меѓународниот тендер за изградба на хидро централите Чебрен и Галиште, кој претставуваат значајна инвестиција од преку 500 милиони евра и градежен проект кој ќе трае во следните 6 години. Оваа инвестиција се очекува да осигура долгорочен економски развој на регионот и да отвори голем број на нови работни места.

Компанијата “RWE Power“ членка на “RWE“ Групацијата e глобален водач со изградба и менаџирање на електричните централи. “RWE“ e најголем произведувач на електрична енергија во  Германија и светски најголем производител на енергија од лигнит.

Истовремено, победникот на тендерот за изградба на хидро централите Чебрен и Галиште ќе добие и концесија врз хидроцентралата Тиквеш со 184 GW годишно производство на струја.

Примарно “RWE Power“ работи во Германија, Англија и Централна Источна Европа, а за мината фискална 2007-ма година генерираше 42,5 милијарди евра надворешен приход. Главни точки на успехот на “RWE Power“, која моментално има капацитет од 2.800 MW во хидроенергија, отсекогаш биле поврзувањето со локалните партнери со силата на групацијата. Обновливите извори на енергија се користат од “RWE Power“ веќе преку 100 години. “RWE Power“ ја експлоатира хидроенергијата веќе од 1906 година. Еколошката поддршка во градењето е правило кое го подразбира “RWE“ - осигурува влијанието врз флората и фауната да биде колку што е можно помало.

“RWE Power“ учествуваше и на тендерот за продажба на Електростопанство на Македонија, што ја потврдува заинтереситаноста за вложување во нашата земја.

Се очекува инвестициите во Чебрен и Галиште значајно да го промовираат регионот и да го решат проблемот со наводнувањето и снабдувањето со енергија за многу години. 

Net press




Edited by La Linea - 07-Mar-2008 at 14:57
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
Back to Top
vardar View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Mar-2008
Online Status: Offline
Posts: 1106
  Quote vardar Quote  Post ReplyReply #13 Posted: 09-Mar-2008 at 01:31
Previous
 
Ова е за поздравување, реномирана фирма која не си игра. Само да не заврши како тец неготино Ohno и таму имаше реномирана фирма а заврши....
Дали се работи за BOT систем или целосно се продава?


Edited by vardar - 09-Mar-2008 at 01:38
Back to Top
vardar View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Mar-2008
Online Status: Offline
Posts: 1106
  Quote vardar Quote  Post ReplyReply #14 Posted: 20-Mar-2008 at 02:05

Германски РВЕ сака да инвестира 500 милиони евра

Германската групација РВЕ „Пауер“ планира да инвестира над 500 милиони евра во наредните седум години ако ја добие изградбата на хидроцентралите „Чебрен“ и „Галиште“ во Мариово. Заменик-претседателот на РВЕ, Петер Систенич, оваа инвестиција вчера им ја презентира на градоначалниците на Прилеп и на Кавадарци, Марјан Ристески и Панчо Минов. Тој најави и формирање заедничка компанија со ЕСМ-ЕВН за управување со хидроцентралата „Тиквеш“. Двете хидроцентрали ќе имаат капацитет од 630 мегавати, од кои поголем дел ќе се користи за потребите на Македонија. Готова е физибилити-студијата. Ако го добиеме тендерот, изградбата на „Чебрен“ ќе почне во 2009 година, а една година подоцна и на „Галиште“. Стратегијата е да ги зголемиме обновливите извори на енергија - рече тој. Според градоначалникот Минов, Кавадарци ќе има голема придобивка од изградбата на хидроцентралите. Тој очекува сите градежни фирми од Тиквешко да бидат ангажирани на новиот објект. Прилепскиот градоначалник Ристески смета дека изградбата на „Чебрен“ и на „Галиште“ ќе ги реши проблемите и со водоснабдување, наводнување и производство на здрава храна и ќе го заживее Мариово. Систенич најголема конкуренција гледа во австриски „Вербунд“, норвешки „Стадкрафт“ и во италијанскиот ЕНЕЛ, кои ги поминаа квалификациите за учество на тендерот. Во Европа, 75 проценти од хидропотенцијалот е искористен, но не и на Балканот, каде што има можност за изградба на хидроелектрани. Би биле среќни да победиме на тендерот и да зборуваме со градоначалниците за други проекти што се значајни за двете општини и за Македонија - изјави Систенич. РВЕ е една од трите најголеми енергетски компании во Европа и со електрична енергија снабдува 20 милиони корисници, а со гас 10 милиони.

 
Back to Top
blejdsk View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 05-Feb-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 319
  Quote blejdsk Quote  Post ReplyReply #15 Posted: 20-Mar-2008 at 02:39
odlicno!!!
Back to Top
ProMKD View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 25-Feb-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 244
  Quote ProMKD Quote  Post ReplyReply #16 Posted: 20-Mar-2008 at 03:53
Ова е огромна инвестиција и веќе повеќе години се најавува. Штета е што природата многу ќе изгуби со овие хидроелектрани - многу земја ќе остане под вода (историски локалитети - башка мислам патеката по која оделе римјаните и цар самуил, итн), ама во денешно време кога немаме доволно електрична енергија па немаме ни многу друг избор како на еколошки начин да се снабдуваме
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12011
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #17 Posted: 26-Apr-2008 at 10:59
http://dnevnik.com.mk/?ItemID=9817CEB307A15A4FB626B08B8780F1AD


КРИСТИЈАН КЕРН,  „ФЕРБУНД“

Ќе ја донесеме најголемата инвестиција во земјава

 

Изградбата на хидроцентралите „Чебрен“ и „Галиште“ за нас не е еден од многуте проекти, туку клучен проект за целиот регион, вели Керн

Австриската компанија „Фербунд“ конкурира на распишаниот оглас за изградба на хидроцентралите „Чебрен“ и „Галиште“ во Македонија. Кристијан Керн, член на Управниот одбор на „Фербунд“, вели дека со овој проект ќе се оствари најголемата инвестиција во земјава досега. Компанијата предвиде во наредните години да инвестира 6,7 милијарди евра до 2015 година во земјата и во странство, од кои дел се планирани и за Македонија. Австријците очекуваат добри шанси за добивање на проектот бидејќи се водечки производител на струја во нивната земја и водечка компанија за хидроенергија во континентална Европа.   Хидроенергетскиот проект „Чебрен“ и „Галиште“ за нас не е еден од многуте, туку во оваа задача влегуваме со полн ангажман. Сакаме Македонија да ни биде појдовна точка за нашата експанзија во Југоисточна Европа, да развиеме успешно партнерство со „Електрани на Македонија“ и со тоа значително да придонесеме за снабдување со струја на регионот.

* Имате сериозна конкуренција во трката за двете хидроцентрали. Кои се предностите што ги нудите?

- Врз основа на нашето искуство, јас сум оптимист, бидејќи можеме да понудиме најдобар економски и технолошки пакет. За Македонија е поволно ако оваа инвестиција ја изведува финансиски силна, но не премоќна компанија. Таква е „Фербунд“. Нашето партнерско однесување го докажавме со учество во проекти во Франција, Италија и во Турција. Секаде имаме локални партнери. Покрај чисто економскиот аспект, Македонија со „Фербунд“ како партнер ќе се помести во центарот на Европа.

* Кои ќе бидат економските придобивки за Македонија?

- Инвестицијата ќе има многу позитивни ефекти за македонското стопанство. Оваа инвестиција ќе биде најголемото странско вложување во историјата на Македонија. Оттука произлегува огромниот ефект врз пазарот на трудот бидејќи ќе се создадат стотици квалификувани работни места. Индиректниот ефект од нашиот ангажман е многу поголем. Интензивно ќе соработуваме со локални компании, така што и кај нив ќе има нови вработувања. Земјата, регионот и луѓето сигурно ќе профитираат. Ние сме експерти за хидроенергија и ќе обезбедиме снабдување на врвно технолошко и еколошко ниво. Што се однесува до стручноста за конкретниот проект, ќе потсетам дека веќе 20 години се занимаваме со развој на хидроенергијата на реката Црна. Со нас се најдобрите компании за изградба на вакви објекти.

* Македонија има неискористен енергетски потенцијал, а во исто време се соочува со енергетска криза. Дали тука го гледате вашиот интерес за вложување во земјава?

- Македонија е иновативна и земја во подем, со надарени и високо мотивирани луѓе. Македонија и Австрија се слични кога станува збор за користењето на хидроенергијата. Во Австрија две третини од потребната струја се произведува од хидроенергија, а речиси половина од тоа доаѓа од „Фербунд“. Дури 85 отсто од струјата на „Фербунд“ се произведува во 107 хидроцентрали. Тоа значи дека не може да се надмине нашиот „кноњ-хоњ“ во оваа област. Од март 2006 година, на пример, работиме на најголемото градилиште на електрани во Европа, „Лимберг 2“. Со инвестиција од 365 милиони евра првобитната моќ на групата електрани „Капрун“ е зголемена на 833 мегавати, што повеќе од двојно. Акумулацијата „Лимберг 2“ се гради целосно под земја и ќе значи нов правец во изградбата на електрани. Инаку во почетокот на австриското економско чудо кон крајот на минатиот век исто така стоеше изградбата на две легендарни и големи електрани „Капрун“ и „Ибс-Персенбојг“.

* Цената на струјата во земјава се одржува на ниско ниво за да се зачува социјалниот мир иако на меѓународниот пазар расте. Каква ценовна политика во вакви услови ќе може да градите вие ако ја добиете изградбата на двете хидроцентрали?

- Изградбата на централите мора да се заврши во рок од осум години по склучување на договорот. Во меѓувреме пазарот на енергија во Македонија ќе се развива. Ние веруваме дека Македонија во наредната декада енормно ќе се развие на економски план. Со тоа прашањето нема да биде повеќе актуелно. Во секој случај во услови на слободен пазар, Фербунд се вбројува во најфер понудувачите, што можеме да го докажеме во Австрија, каде што „Фербунд“ нуди најповолните цени за домаќинствата.

* За кои други проекти во Македонија сте заинтересирани?

- Нашите сондажи и активности ги насочуваме кон проектите за производство на струја. Покрај актуелниот проект, конкретно учествуваме на распишаниот повик за хидроцентралата „Бошков мост“ и врз основа на атрактивноста на нашата понуда сме во потесниот круг. Ние се интересираме и за сегашните и за идните проекти во Македонија.

* Австриската компанија ЕВН е сопственик на дистрибутивната мрежа во Македонија. Дали ова има врска со ангажманот на „Фербунд“?

- ЕВН и „Фербунд“ се две целосно независни компании. На австрискиот пазар сме конкуренти. Тоа што австриските компании се особено заинтересирани за Македонија не е за чудење бидејќи даночниот амбиент е атрактивен и вашата земја нуди добри услови.

Оперативен резултат од 916 милиони евра

„Фербунд“ котира на австриската берза, а 51 отсто од капиталот на компанијата се сопственост на Република Австрија. Со околу 2.500 вработени остварува годишен промет од три милијарди евра и оперативен резултат (ЕБИТ) од 916 милиони евра. Вредноста на компанијата изнесува околу 15,4 милијарди евра. „Фербунд“ има партнери во над 20 земји и подружници во 13 земји.

Спасијка Јованова

Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9008
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #18 Posted: 26-Apr-2008 at 17:17
Срамота е еден релевантен медиум како Дневник да дозволи наднаслов во кој пишува Фербунд. Ohno Можеби е навидум ситна работа ама ако неможат да го погодат името на потенцијалниот инвеститор што да мислиме за веродостојноста на другите информации.

Кога сме кај Вербунд, сега бев на нивниот сајт и имаат многу финтаџиска позадина Thumbs%20Up

http://www.verbund.at/cps/rde/xchg/internet/hs.xsl/index.htm
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12011
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #19 Posted: 26-Apr-2008 at 18:04
Не знам германски, ама да не се чита така тоа... Ми текна на von=фон Dunno
Back to Top
La Linea View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
  Quote La Linea Quote  Post ReplyReply #20 Posted: 26-Apr-2008 at 18:07
Pbanks добро е напишано - се чита Фербунд ( V = фау)
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  123 26>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.188 seconds.

Copyright ©2007 - 2019  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.