Хидроелектрани |
Post Reply | Page <1 45678 28> |
Author | |
Џоле
Moderator Group Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15045 |
Quote Reply #101 Posted: 11-May-2013 at 12:29 |
Ќе се обновуваат шест хидроцентрали
Во ХЕЦ „Вруток“ на гостиварската подружница на ХЕЦ „Маврово“ на АД „Електрани на Македонија“, повеќе домашни и странски изведувачи работат на реализација на проектот ревитализација и модернизација на втората фаза во шест хидроелектрани: „Вруток“, „Равен“, „Врбен“, „Шпилје“, „Глобочица“ и „Тиквеш“. Прв пат во 56-годишната експлоатација на опремата во ХЕЦ „Вруток“, како што информираше Дејан Бошкоски, генерален директор на АД ЕЛЕМ, се врши замена на четирите генератори, чиј век на употреба е при крај, со нови далеку посовремени генератори. Напоредно се врши и замена на блок и на регулациони трансформатор , како и на блок-трансформатори во ХЕЦ „Равен“. Потоа, ќе биде реконструирана хидромеханичката опрема, ќе се изврши надградба на браната „Леуново“ на Мавровско Езеро и ќе биде извршена ревитализација на доводот на системот „Шарски води“ и на „Толјанскиот тунел“. Во ХЕЦ „Шпилје“ ќе се ревитализира инјекциската завеса, а нова опрема за мониторинг ќе биде поставена на браните „Маврово“, „Глобочица“, „Шпилје“ и „Тиквеш“. Со реализацијата на овој зафат, како што информираше Димитар Тануров, директор за производство во ЕЛЕМ, вкупната моќност ќе се зголеми за 18,31 мегавати, а производството ќе се зголеми за околу 50 гигават-часа. Во ХЕЦ „Вруток“ ќе се зголеми и енергетскиот производствен капацитет на 184 мегаволт ампери. Со реконструкцијата на доводот „Шарски води“ ќе се елиминираат загубите на вода и на потенцијалните критични места на лизгање на земјата. Со овој зафат се обезбедува сигурност на каналот за наредните 50 години експлоатација. Придобивката од надградбата на браната „Леуново“ во висина од 2,5 метри е да се зголеми нивото на акумулацијата , што ќе овозможи производството на струја на ХЕЦ „Вруток“ и на ХЕЦ „Равен“ да се зголеми за 50 ггвч. За реализација на проектот ревитализација и модернизација на шест хидроелектрани, втора фаза, кој треба да заврши в година, ќе бидат потрошени 38,3 милиони евра, од кои 27,1 милион евра се кредитни средства, а 11,2 милиони евра се сопствени средства на ЕЛЕМ. http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=D1FAB3D75BEEDA44859A8C53B2E3FD30 |
|
За сè има вторпат
|
|
Goran
Senior Member Joined: 09-Jul-2009 Online Status: Offline Posts: 195 |
Quote Reply #102 Posted: 22-Apr-2013 at 06:41 |
Објавено 20 април 2013, 15:06, во Македонија
Македонија има воден потенцијал за уште 15 големи браниДејан АзескиСпоред академикот и експерт за енергетика, Глигор Каневче, во Македонија има простор да се изградат барем уште 15 големи брани и плус многу мали.
Академикот и експерт за енергетика, Глигор Каневче, вели дека иако во Македонија во моментов е двојно зголемено производството на хидроцентралите поради брзото топење на снегот, не треба да му се радуваме на овој факт, бидејќи е краткорочен. Тој предлага што побрза изградба на предвидените хидроенергетски капацитети за да може да се искористат максималните бенефити од овој воден потенцијал.
Околу препораките на Каневче одговор побаравме и од државната компанија за производство на струја, ЕЛЕМ, од каде што најавија дека се одвиваат завршните подготовки за почеток со градба на две хидроцентрали Бошков Мост и Луково Поле кај Дебар.
Повеќе за водниот потенцијал на Македонија и неговата искористеност читајте во текстот "До кога вишокот вода наместо во турбините ќе ни завршува во подрумите и фармите" во магазинот за бизнис и политика КАПИТАЛ од 19http://kapital.mk/MK/makedonija/94738/makedonija_ima_voden_potencijal_za_ushte_15_golemi_brani.aspx |
|
pbanks
Admin Group Joined: 01-Sep-2007 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 9141 |
Quote Reply #103 Posted: 21-Apr-2013 at 23:34 |
|
|
Тркало
Senior Member Joined: 31-Dec-2010 Location: Охрид Online Status: Offline Posts: 1179 |
Quote Reply #104 Posted: 21-Apr-2013 at 22:45 |
Документарец за изградбата на ХЕЦ Тиквеш
Edited by Тркало - 21-Apr-2013 at 22:45 |
|
gjoko
Senior Member Joined: 18-Jun-2011 Location: kicevo Online Status: Offline Posts: 6554 |
Quote Reply #105 Posted: 18-Apr-2013 at 16:09 |
Во саботата Матка исто така прелеваше преку преливната брана,а тоа значи фрлање на пари низ река
|
|
zdravozivo
Senior Member Joined: 04-May-2012 Location: Kavadarci Online Status: Offline Posts: 211 |
Quote Reply #106 Posted: 18-Apr-2013 at 15:04 |
Состојбата на Тиквешкотро езеро се стабилизира.Три дена нема прелив, езерото секој час се намалува по еден сантиметар Вештачката акумулација ,,Тиквешко езеро,, се стабилизира и нема опасност од излевања на водата или пак правење на штети по течението на Црна Река.Ова е најновиот рапорт кој денеска го добивме од Водостопанство,,Тиквеш,,. Техничкиот дирекор Илија Темелковски, потврди дека веке три дена нема никаков прелив преку испустната шахта на езерото, што значи намален е вкупниот доток на вода која се влева во езерото.Истовремено не е запрена работата на турбините кои произведуваат електрична енергија.Засега сите четири работат нормално, а до кога тоа , ке се знае по одлуката на менаџерскиот тим на ХЕ ,,Тиквеш,, односно ЕЛЕМ, кој врши проценка за хидролошката состојба, потребите од енергија ,односно начинот на искористувањето на водниот потенцијал на езерото со состојбите на ниво на ЕЛЕМ.Во екот на најголемиот прелив од ЕЛЕМ имавме информација дека за само 3 месеци остварено е над 60 насто од предвиденото годишно производство на електрична енергија.Тоа индиректно значи дека планот годинава ХЕ „Тиквеш,, ке го надмине. Од Водостопанство ,,Тиквеш,, уште информираат дека моментно нивото на езерото е на 80 сантиметри под максималната кота за прелив и секој час нивото на езерото се намалува за еден сантиметар.Со ова јасно се дава на знаење дека состојбатата по еднонеделната ескалација се нормализира, а истовремено се намалува и количината на водата во речното корито низводно од езерото.Во моментов во коритото течат 120 метри кубни вода што е нормална количина на воден потенцијал, способен да биде прифатен и да не се причинуваат штети. А кога сме кај неприликите, да кажеме дека водата веке е повлечена од дел од земјоделските имоти покрај Црна Река, и нема додатна грижа за поплавување. Растури оваа година ХЕ Тиквеш од правење струја, да им ја дадеа на кинезите уште на почетокот за Чебрен и Галиште ќе се утепаа од продавање Edited by zdravozivo - 18-Apr-2013 at 15:09 |
|
ovaj_stariov
Senior Member Joined: 02-May-2008 Location: Prilep Online Status: Offline Posts: 1315 |
Quote Reply #107 Posted: 15-Apr-2013 at 13:37 |
http://novamakedonija.com.mk/DetalNewsInstant.asp?vestInstant=16926 |
|
build.mk, гради форумска историја
|
|
pbanks
Admin Group Joined: 01-Sep-2007 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 9141 |
Quote Reply #108 Posted: 05-Mar-2013 at 10:52 |
Пред некој ден налетав на ТВ на некој негов офф роад за коридор 8. Ако го најде некој нека постира... |
|
zdravozivo
Senior Member Joined: 04-May-2012 Location: Kavadarci Online Status: Offline Posts: 211 |
Quote Reply #109 Posted: 05-Mar-2013 at 02:47 |
axel
Senior Member Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
Quote Reply #110 Posted: 01-Mar-2013 at 13:14 |
Стартува изградбата на пет мини хидроцентрали во КаварадциВо Кавадарци денеска почнаа работите за изградба на пет мини централи и реконструкцијата на дел од водоводниот систем “Бошава”. Кавадаречкиот градоначалник Александар Панов им ја врачи градежната дозвола на локалното претпријатие Водостопанство “Тиквеш“ и Турбоинститит од Словенија како партнер на водостопанското претпријатие. - Со реализацијата на овој проект ќе ги добиеме потребните количини вода низ овој цевковод, стабилна вода во каналот и технолошка вода за кавадарчани. Имајќи го во предвид и другиот проект, кој веќе се реализира за зголемени количини на вода за пиење, јасно е дека Кавадарци добива и вода за пиење и вода за наводнување со технолошка вода за градот, како и производство на електрична енергија, рече Панов. Директорот на „Тиквеш“ се заблагодари на локалната самоуправа што навреме ги обезбедила потребните документи за старт на работите. Владимир Керцан од Турбоинститут Словенија рече дека е горд што е дел од прокетот кој ќе донесе не само струја, туку и доволно вода. - Денеска почнува реконструкцијата на каналот и би сакале работата да ја завршиме до крајот на годината, рече Керцан. Мини-централите ќе произведуваат 37 гигават часови електрична енергија http://ekonomski.mk/?p=28009 |
|
gjoko
Senior Member Joined: 18-Jun-2011 Location: kicevo Online Status: Offline Posts: 6554 |
Quote Reply #111 Posted: 23-Feb-2013 at 23:14 |
иако нема овде хидроелектрана,вредно е да се спомене оваа ситуација.инале од ова село е Б.Ц.(и јас имам фамилија таму )
Канал 5 телевизија преку кајрон информира дека пукнала браната на Слатинското езеро, а населението се евакуира. Телевизијата засега не излезе со подетални информации, најавуваќи повеќе детали во вечерните вести. Надлежните институции веднаш биле известени и излегле на терен да ја проценат опасноста. Според проценките на ЦУК, за сега не постои посериозна опасност за излевање на водата од акумулацијата. Од СВР Охрид засега не ги потврдуваат информациите дека се врши евакуација на локалното население од блиското село Слатино поради опасност од поплавување. Доколку браната целосно попушти најголема опасност му се заканува на селото Слатино и околината. http://denesen.mk/web/2013/02/23/pukna-branta-vo-slatino-opasnost-od-polavi/ |
|
axel
Senior Member Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
Quote Reply #112 Posted: 05-Feb-2013 at 13:36 |
Германската „PCC DEG Renewables“ гради 5 мали хидроцентрали во МакедонијаГерманската компанија „PCC DEG Renewables“, која од македонските власти доби лиценца за изградба на пет мали хидроцентрали во земјава, првата од нив, Градечка, планира да ја стави во погон во третиот квартал од годинава, изјави извршниот директор на компанијата, Дирк Гурцених, во интервју за „Сеењуз“. Вкупниот капацитет на петте мали хидроцентрали е околу 6 мегавати. Градечка е лоцирана на истоимената река 90 километри источно од Скопје, а нејзината изградба за почна кон средината на 2012 година. Други две хидроцентрали, Патишка и Галичник, компанијата ги започна со изградба во декември 2012, при што првата треба да биде пуштена во работа на почетокот на 2014, а другата на крајот од годинава. Овој месец „PCC DEG Renewables“ започна со изградба и на малата хидроцентрала Брајчино, а Гурцених во интервјуто вели и дека почетни преговори се вршат и со потенцијални финансиери за уште една хидроцентрала – на Крива Река. Концесијата за овој проект со македонските власти е потпишана во септември лани. - Добивме позитивни сигнали дека оваа хидроцентрала евентуално би можеле да ја финансираме со средства од Европската банка за обнова и развој – вели Гурцених во интервјуто. PCC DEG Renewables во моментов инвестира во електрани на ветар и хидроцентрали во БиХ, Македонија и Бугарија. Компанијата е основана од германската енергетска компанија PCC SE и германската развојна и инвестициска компанија DEG која е во сопственост на развојната банкарска групација КфВ (KfW). http://www.plusinfo.mk/vest/79137/Germanskata-PCC-DEG-Renewables-gradi-5-mali-hidrocentrali-vo-Makedonija?utm_source=daily.mk |
|
gjoko
Senior Member Joined: 18-Jun-2011 Location: kicevo Online Status: Offline Posts: 6554 |
Quote Reply #113 Posted: 31-Jan-2013 at 00:51 |
за жал сателитот подранил еден месец за да видевме како се протега новото езеро Св.Петка
|
|
gjoko
Senior Member Joined: 18-Jun-2011 Location: kicevo Online Status: Offline Posts: 6554 |
Quote Reply #114 Posted: 24-Jan-2013 at 22:39 |
Незнам кога се десила промената,ама е вметната трета електрана во каскадата Чебрен-Галиште и се вика Орлов камен.Мислам дека порано не се споменуваше оваа ХЕ.
извадив и кординати споредувајќи ги кадрите од видеото и google earth -Чебрен: 41° 8'54.45"С 21°43'17.93"И -Орлов камен: 41°12'50.39"С 21°44'33.75"И -Галиште: 41°16'47.24"С 21°51'16.50"И едит:било само акумулација Edited by gjoko - 24-Jan-2013 at 22:58 |
|
gjoko
Senior Member Joined: 18-Jun-2011 Location: kicevo Online Status: Offline Posts: 6554 |
Quote Reply #115 Posted: 08-Jan-2013 at 19:15 |
за три години ХЕЦ Тиквеш произвел ел.енергија слично колку РЕК Осломеј за една година.
Аејде веќе еднаш некој нека загризи за овој проект |
|
BOJAN
Senior Member Joined: 09-Sep-2008 Location: SKOPJE Online Status: Offline Posts: 3438 |
Quote Reply #116 Posted: 08-Jan-2013 at 18:30 |
Струјата од ХЕ „Тиквеш“ ќе финансира до 30 отсто од трошокот за градба на ХЕ „Чебрен“Актуелниот тендер за „Чебрен и Галиште“ предвидува инвеститорот да ја продава струјата што ќе ја произведува „Тиквеш“ по склучувањето на договорот за градба на хидро-мегапроектот. ХЕ„ Тиквеш“ е мамка за инвеститорите што конкурираат на новиот тендер за изградба на хидроцентралите „Чебрен“ и „Галишта“. Тиквешката хидроцентрала годишно просечно произведува струја за која на отворен пазар може да наплати повеќе од 10 милиони евра годишно, покажува анализата на МКД.МК. Оваа хидроцентрала во последниве три години произвела повеќе од 570.000 мегаватчасови електрична енергија. Доколку оваа енеергија ЕЛЕМ, сопственикот на Х.Е. „Тиквеш“, ја продавал на берза би добил повеќе од 45 милиони евра за три години. Новиот тендер за градба на мегапроектот „Чебрен и Галиште“ предвидува оваа хидроцентрала да биде предадена на користење на инвеститорот три месеци откако ќе биде склучен договорот со Владата и ЕЛЕМ. Тендерот предвидува хидроцентралата „Чебрен“ да биде изградена и да произведува струја за седум години. Целиот проект „Чебрен-Галиште“ е проценет на околу половина милијарда евра. Со тоа инвеститорот ќе добие право електричната енергија што ќе ја произведува Х.Е. „Тиквеш“ да ја продава по пазарни цени на некоја од берзите за електрична енергија во регионов или на македонска берза за струја ако дотогаш се формира пазар за електрична енергија во Република Македонија. Досега струјата од Х.Е. „Тиквеш“, ЕЛЕМ беше должен да ја продава по регулирана цена што ја утврдува Регулаторната комисија за енергетика. Таа цена е фиксна годишна цена и е речиси двојно пониска од цената што на пазар може да ја постигне тиквешката хидроцентрала. Предноста на хидроцентралата е тоа што струјата може да ја испорача во моментот кога се бара и заради тоа нејзиниот закуп вреди секогаш дополнително повеќе од закуп на пример на термоцентрала која произведува енергија од тврдо гориво или од мазут. Како произведувал Х.Е. „Тиквеш“ последниве три години Официјалните статистички податоци покажуваат дека Х.Е. „Тиквеш“ во 2010, 2011 и 2012 година произвел 578.700 мегават-часови електрична енергија. Најмногу произвел во 2010 година кога заради исклучително добрата хидрологија тој капацитет дал на мрежа 327.000 мегават-часови електрична енергија. Во 2011 година хидроцентралата произвела 146.200 мегават-часови електрична енергија што претставува значаен пад во споредба со претходната година. Лани хидроцентралата имала најлоша година во изминативе три години. Произвела одвај 105.500 мегават-часови електрична енергија заради сушната година, односно лошата хидрологија. Значи оваа хидроелектрична централа лани и преклани произвела по 10 отсто од целото производство на хидроенергија во земјава, а во 2010 година произвела дури 14 отсто од целата произведена струја од вода во капацитетите на државниот производител ЕЛЕМ. Во пазарни услови Х.Е. „Тиквеш“ би бил исклучително посакуван бизнис проект. Со неговиот инсталиран капацитет од 96 мегавати „Тиквеш“ има речиси 20 отсто од целиот инсталиран капацитет за производство на струја од водни ресурси во земјава. Цената на хидроенергијата на берза, заради нејзината достапност, секогаш е повисока од цената на базната, односно на енергијата што се произведува од термоцентралите. Заради тоа „Тиквеш“ годишно од продажба на пазар би можел остварува приход од барем 10 милиони евра и тоа во хидролошки лоша година. Додека во исклучително добра година како што била 2010 година неговиот приход од продажба на струја би надминувал 25 милиони евра според цените на балансната, односно на „пиковата“ енергија. Izvor: MKD, http://www.mkd.mk/88752/ekonomija/strujata-od-he-tikves-ke-finansira-do-30-otsto-od-trosokot-za-gradba-na-he-cebren/ |
|
gjoko
Senior Member Joined: 18-Jun-2011 Location: kicevo Online Status: Offline Posts: 6554 |
Quote Reply #117 Posted: 03-Jan-2013 at 16:18 |
Балкан Енерџи Груп ќе учествува на тендерот за Чебрен и Галиште
Четврток, 03 Јануари 2013 15:29 Балкан Енерџи Груп подигна тендерска документација за учество на јавниот повик за изградба на хидроцентралите Чебрен и Галиште на Црна Река. - Имаме намера да инвестираме во мега-проектот Чебрен – Галиште, за што подигнавме тендерска документација, како и во други проекти за производство на електрична и топлинска енергија во Скопје, пред се заради зголемување на квалитетот на услугата кон граѓаните, преку подобрување на енергетската ефикасност на енергетскиот систем и неговите перформанси. Со реализација на овие активности, во голема мера ќе придонесеме за енергетската независност и стабилност на Република Македонија, велат од компанијата. Балкан Енерџи Груп е македонска компанија со странски капитал основана од Кардикор Инвестмент ЛТД и Битар Холдинг ЛТД, која инвестира во производствени енергетски капацитети и дејности. Балкан Енерџи Груп учествуваше на јавниот повик на Регулаторна комисија за енергетика за добивање лиценци за производство, дистрибуција и снабдување со топлина, при што ги исполни сите барања и од 1 јануари годинава ја презеде обврската за производство, диструбуција и снабдување со толинска енергија на градот Скопје. http://kurir.mk/makedonija/ekonomija/98049-Balkan-Enerdzi-Grup-ke-ucestvuva-na-tenderot-za-Cebren-i-Galiste |
|
Cloverstack
Admin Group Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
Quote Reply #118 Posted: 20-Dec-2012 at 15:19 |
|
|
axel
Senior Member Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
Quote Reply #119 Posted: 18-Dec-2012 at 13:06 |
Само за три дена Македонија потроши повеќе од годишното производство на ХЕЦ Света Петка?!18/12/2012 // Пред 26 минути // ЕКОНОМИЈА // Коментирај Само за последните три дена во Македонија се потрошени речиси 90 гигават/часови струја, покажуваат дневните извештаи за потрошувачката на електрична енергија од МЕПСО. Високата потрошувачка на струја главно се должи на ниските температури и на фактот што голем дел од граѓаните наместо со парно се грејат на струја. Податоците покажуваат дека најмногу струја се потрошени во неделата, дури 31 гигават/час, во саботата 30 гигават/часови струја, а вчера 28 гигават/часови струја. За овие три дена термоцентралите произведоа вкупно 41 гигават/часови струја, додека државните и малите хидроцентрали во системот дадоа вкупно 11 гигават часови струја, покажуваат податоциоте од дежавниот електропреносен систем оператот МЕПСО. Потрошените речиси 90 гигават часови струја само во последните три дена се повеќе од годишното производство на електрична енергија што треба да го дава хидроцентралата Света Петка од 66 гигават/часови струја. http://faktor.mk/archives/16265 |
|
FoSsiL
Senior Member Joined: 01-Mar-2009 Location: Аеродром Online Status: Offline Posts: 4699 |
Quote Reply #120 Posted: 14-Dec-2012 at 01:00 |
Св. Петка...
|
|
Македонија - Земја на чудата!
|
|
Post Reply | Page <1 45678 28> |
Forum Jump | Forum Permissions You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |