build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Енергетика
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Хидроелектрани

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 1819202122 24>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4279
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #381 Posted: 12-Jun-2012 at 00:15

Па ти го пиша датумот... ама дали ќе биде тој...

И како иде со полнењето, колку време ќе му треба... 

иначе конечно сфатив што сакаше да кажеш... се работи на делот после браната.. а не во делот на акумулацијата... така?

И дали има некои фотографии од бранава од блиску... би дошле супер за да се добие подобра претстава за истата...



Edited by FoSsiL - 12-Jun-2012 at 00:15
Македонија - Земја на чудата!
Back to Top
BME View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 24-May-2012
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote BME Quote  Post ReplyReply #382 Posted: 12-Jun-2012 at 00:19
Aha.OK togas. Da se raboti za delot posle branata. Rokot seuste vazi ama dali ke bide eden golem znak ?(prasalnik) Posto gradeznicite se borat so eden od najteskite tereni voopsto za gradenje vo RM na BALKAN a mozda i posiroko. A patot do tamu e Ubi boze ne se znae koga karpa ke tisleta pred nad ili posle tebe. Ako ne naletas na nekoj odron us pat. Toa dopolnitelno gi oteznuva rabotite.
Back to Top
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4279
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #383 Posted: 12-Jun-2012 at 00:40

И пак не ми одговори  

Колку (ќе) трае полнењето на акумулацијата/езерото?

Македонија - Земја на чудата!
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11514
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #384 Posted: 12-Jun-2012 at 01:02
Originally posted by kultuzin

Ако може координати од браната Свети Петка

41°55'27.81"N  21°15'49.68"E


Originally posted by kultuzin

и колку е далеко од браната Матка.

Околу 4-5 километри


Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 5334
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #385 Posted: 12-Jun-2012 at 01:07
од искуство неколку месеци,зависи во кој период
Back to Top
BME View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 24-May-2012
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote BME Quote  Post ReplyReply #386 Posted: 22-Jun-2012 at 10:26
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11514
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #387 Posted: 03-Jul-2012 at 02:13




Applause



-----------------------------------------------------------------

Датум: 28.06.2012, 16:29

МИНИ-ХИДРОЦЕНТРАЛИ ВО KРИВА ПАЛАНKА

Од водоводот ќе потече и струја

Водоводниот систем во Kрива Паланка ќе се користи и за производство на електрична енергија од што општината во иднина ќе добива дополнителни приходи за локалниот економски развој. Тие ќе бидат обезбедени преку изградба на 5 мини-хидроцентрали на цевководите на Kрива и Станечка Река, а проектот ќе се реализира со јавно-приватно партнерство.

- Постапката ја почнавме уште пред две години, кога изготвивме и идеен проект и требаше да го реализираме како општина. Но, поради финансиските ограничувања, не можевме да ги обезбедиме потребните кредитни средства поради што пристапивме кон јавно-приватно партнерство. Веќе е изготвена физибилити-студија и тендерската постапка е завршена. Од подигнатите 7 понуди, доставена е само една и тоа од конзорциумот составен од „Мак инвент“, „Фин инжинеринг“ и „Феро инвест“. Овој конзорциум веќе има изградено две мини-хидроцентрали на Kркљанска и Kрива Река - објаснува градоначалникот Арсенчо Алексовски.

Вредноста на инвестицијата изнесува околу 2,5 милиона евра, а планирано е изградбата да трае 12 месеци. Според договорот, приватниот партнер на општината ќе ~ дотира 17 отсто од вкупниот годишен приход од продажбата на произведената електрична енергија.

- Според пресметките, ќе добиваме околу 50.000-60.000 евра годишно без да вложиме ниту денар сопствени средства. Од една страна, на овој начин општината прави бизнис и обезбедува дополнителни приходи, кои ќе ги намениме за изградба на инфраструктурата - патишта, водоводи и слично. Од друга страна, пак, се воведува и поголема грижа за системот, што е одговорност на инвеститорот, кој ќе се грижи и за евентуалните дефекти - вели Алексовски.

Тој нагласува, дека водата приоритетно ќе се користи за водоснабдувањето, додека производството на електрична енергија ќе зависи од расположливите капацитети на водниот потенцијал.

Приватниот партнер ќе стопанисува со хидроцентралите 30 години, по што тие ќе ~ бидат преотстапени на Општината.

Со јавно-приватно партнерство, веќе се гради нов административно-деловен објект, а со овој модел Kрива Паланка планира и реализација на проектите за гасификација на градот и за енергетска ефикасност, за кои веќе се отпочнати потребните активности.

Жаклина Цветковска

http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?ItemID=C6EB4B0B06D4DC488F58FD5CD1D26FDE




Back to Top
BME View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 24-May-2012
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote BME Quote  Post ReplyReply #388 Posted: 05-Jul-2012 at 08:59
Pocituvani forumasi, so golemo zadovolstvo mozam da kazam deka HEC Sv.Petka veke e zavrsena vo gradezniot del kako sto moze da se vidi i od prethodno postiranata slika i se ispocituva rokot 25 Juni.Pritoa da kazam deka polnenjeto na branata e zapocnato i trae veke 2(dve) nedeli no so postojano ispustanje na vodata zaradi procedurata na polnenje i stabiliziranje na samata brana kako i na tloto pod i do nea. Procedurata za polneje e predvideno da trae 6(set) meseci, za koe vreme ke se zavrsat site ostanati sitni raboti koi se za zavrsuvanje vo samata elektrana. Neznam do kade e procedurata za izvedba na dalekuvodot koj treba da ja povrze elektranata so elektroprenosniot sistem na Makedonija. Pozdrav i neka ni e cestit uste eden odlicen i ogromen izvor na ekoloski cista energija.Biserot na Treska HIDROELEKTRANATA SV.PETKA
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8486
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #389 Posted: 05-Jul-2012 at 10:12


Applause

Доколку си во можност, вишок слики никогаш не се на одмет тука, макар и биле „дупликати“. Би било интересно да се видат некои слики од текот на полнењето на браната
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 2348
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #390 Posted: 09-Jul-2012 at 17:12

Гранит повторно влегува во игра во изградбата на мали хидроелектрани низ Македонија?


Известуваме дека ГД Гранит АД во содружништво со Фероинвест ДОО - Велес, основаа  Друштво со ограничена одговорност  МХЕ Јабланица ДОО  Скопје.

Основната главнина изнесува 10.000 ЕУР во денарска противредност, а учеството за секој содружник е по 50%.

 

 

 

 

 

09.07.2012 год                                                                                                                           ГД Гранит АД


Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 5334
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #391 Posted: 16-Jul-2012 at 21:20
денес разговарав со човек што работи во ХЕ Козјак,и ми рече дека ХЕ Света Петка треба да се пушти во работа до крајот на месецот,нормално ако МЕПСО го заврши далноводот.тука имало некои проблеми(на вести рекоа дека на едно место се појавило висинска разлика од 200 метри,што искрено нас на факултет не учеа дека неможе да се премости),а на моја констатација дека треба време да се наполни езерото,ми рече дека за 72 сати константна работа на ХЕ Козјак,која тогаш испушта 100 м3 во секунда,езерото ќе се наполни(доста е помало од Козјак.

претпоставувам дека можеби за Илинден ќе ја пуштат во работа
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11514
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #392 Posted: 17-Jul-2012 at 01:16
На администрацијата и требаат девет месеци за да одлучи за судбината на „Чебрен“ и „Галиште“

Наместо да се заокружи тендерската постапка и да започнат градежните активности на терен, Министерството за економија денеска информираше дека рокот за евалуација на понудите на компаниите што доставија документација на тендерот за изградба на хидроелектраните „Чебрен“ и „Галиште“ ќе се продолжи за дополнителни 60 дена. Потегот за одолговлекување на финалната одлука на Комисијата при Министерството за економија го донела владата, а во објаснувањето од надлежното министерство се нагласува дека треба „да се усогласат и прецизираат битни елементи за проектот Чебрен и Галиште“. Ваквото нејасно образложение не ја открива причината за рекордното продолжување на рокот за донесување на одлуката од цели 9 месеци.

„Доколку инвеститорот во дополнителниот рок не се изјасни или се изјасни негативно, Министерството за економија и Владата нема да се откажат од проектот. Во евентуално таков расплет, сите опции остануваат отворени, вклучувајќи ја и опцијата државата, односно Владата, самостојно да го реализира проектот“, се наведува во соопштението на Министерството за економија. Комисијата требаше до крајот на минатата година да подготви извештај во однос на доставените понуди од кинескиот конзорциум CWE (China Water Electric) и грчката PPC (Public Power Corporation S.A.), а потоа владата да донесе одлука во однос на овој проект. Кинезите понудија 40,5% од акциите на идните хидроелектрани „Чебрен“ и „Галиште“, додека грците се согласни 28% од сопственоста на овие енергетски објекти да ја препишат на Електрани на Македонија (ЕЛЕМ). Уделот што и се нуди на државната компанија е клучен критериум за избор на најповолен понудувач.



#
Објавено на 16.07.2012 во категорија Вести.

Тагови: China Water Electric, Public Power Corporation S.A., ЕЛЕМ, Енергетика, Инфраструктура, Обновлива енергија, Тендери и лицитации, ХЕ Галиште, ХЕ Чебрен, Хидроелектрани

http://www.build.mk/?p=16861
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3574
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #393 Posted: 29-Jul-2012 at 16:21

ХЕЦ „Света Петка“ од август ќе се полни со вода

ХЕЦ „Света Петка“ ќе почне да се полни со вода на 1 август. Хидроцентралата
биде со капацитет да снабдува околу 40.000 домаќинства во земјава.
Премиерот Никола Груевски истакна дека дека се работи за добар капацитет, на што се работи веќе повеќе години. Напомена дека ХЕЦ „Света Петка“ е дел ветувања во програмата на ВМРО-ДПМНЕ.
Ходроцентралата веќе има добиено дозвола за пробна работа. Кога ќе заврши полнењето со вода, почнува со производство на електрична енергија.
Со изградбата на оваа хидроцентрала ќе се искористи енергетскиот потенцијал на реката Треска, на која што се изградени ХЕЦ „Козјак„ со инсталирана моќност од 80 MW и ХЕЦ „Матка„ со инсталирана моќност од 9,6 MW.

http://www.plusinfo.mk/vest/51339/HEC-Sveta-Petka-od-avgust-kje-se-polni-so-voda-

Back to Top
stobi View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 07-Jun-2011
Location: ljubljana
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote stobi Quote  Post ReplyReply #394 Posted: 01-Aug-2012 at 17:01

Пуштање во функција на ХЕЦ „Света Петка“

среда, 01 август 2012, 08:53

АД „Електрани на Македонија“ денеска ќе ја пушти во употреба новата хидроелектрана „Св. Петка“, лоцирана меѓу ХЕЦ Козјак и ХЕЦ Матка, со што оптимално се искористува хидропотенцијалот на реката Треска.

Хидроелектраната, чија изградба чини околу 70 милиони евра, ќе биде со инсталирана моќност од 36,4 мегавати и годишно производство од 66 гигават часови електрична енергија.

Браната на новата хидроелектрана е лачна, со двојна закривеност и изработена без арматура со посебен бетон кој не создава пукнатини и е отпорен на мрзнење. Нејзината висина изнесува 69 метри со должина на круната од 118 метри, а нивото на круната е на 364 метри надморска височина. Направена е од бетонски блокови од кои подложните се со ширина од 10 метри, а завршните се широки два метра. Во неа се вградени 29.000 метри кубни бетон.

Со корисниот простор на акумулацијата долга 11 километри, ХЕЦ„ Св. Петка“ заедно со расположливиот корисен акумулациски простор од постојната акумулација Матка, треба да овозможи постојано пререгулирање на дневните истечни води од ХЕЦ „Козјак“, во согласност со потребите на останатите водокорисници низводно од ХЕЦ Матка (водоснабдувањето, наводнувањето, биолошкиот минимум и други потреби).

Како енергетски објект ХЕЦ „Св. Петка“ ќе работи како проточна хидроелектрана со истечните води на ХЕЦ „Козјак“ во тек на денот, пререгулирани и максимално усогласени според барањата на останатите водокорисници низводно од ХЕЦ „Матка“. Со паралелна работа на ХЕЦ „Козјак“ и ХЕЦ „Св. Петка“, ќе се добие дополнителна расположива моќност од 116,4 мегавати во електроенергетскиот систем на Република Македонија.

Главен изведувач на хидроелектраната „Св. Петка“ беше словенечки Рико, проектант Енергопроект од Белград, подизведувач на браната Гранит, а на машинската зграда Бетон.

Во хидроелелтраната се вградени турбини на Литострој од Љубљана, генератори на австриски Ватек, опрема за управување Сименс, заштита АББ и трансформатори Енгра Љубљана.
Makedonija
Back to Top
stobi View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 07-Jun-2011
Location: ljubljana
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote stobi Quote  Post ReplyReply #395 Posted: 01-Aug-2012 at 17:03
vesta e od alfa tv i imaat staveno slika od build.mk
Makedonija
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 5334
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #396 Posted: 01-Aug-2012 at 18:38
еве ќе ставам само слики од МКД.МК,пошто тексот е секаде скоро ист








Back to Top
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4279
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #397 Posted: 01-Aug-2012 at 19:50
Добро што е со сликиве... од различен период се или?
Македонија - Земја на чудата!
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 5334
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #398 Posted: 01-Aug-2012 at 19:58
можно е да се полнело и во текот на денот,па затоа се различни висинските коти.како што ми објаснуваше еден другар вработен во Козјак,требало само 72 часа да работи Козјак,па езерото Св.петка да се наполни целосно,со оглед на знатно помалата количина на вода што ја собира езерото.

и мене не ми веруваше во ова објаснување,но по сликиве можеби има нешто.

ако се знае капацитетот на езерото Св.петка во милиони м3,и ако се знае максималниот проток на вода на Козјак,лесно се пресметува за колку сати треба да се наполни ова езеро.едноставно вкупниот капацитет се дели со протокот,и се добива времето.но мене не ми се познати овие параметри,па затоа не би кажал ништо сигурно
Back to Top
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4279
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #399 Posted: 01-Aug-2012 at 20:20

Волумен на Св. Петка ---> 9 100 000 метри кубни

Проток на Козјак... 100 метри кубни во секунда...

9 100 000 / 100 = 91 000 секунди

91 000 секунди / 60 секунди =  1516,6 минути 

1516,6 минути / 60 минути = 25,27 часа.... односно... 25 часа, 16 минути, 12 секунди 

Bow 

Ама само ако бројките се точни... и ако одат со максимално и константно испуштање...


Македонија - Земја на чудата!
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 5334
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #400 Posted: 01-Aug-2012 at 21:38
брат ми редовно оди на риболов на Козјак,и овие недели кажува дека езерото немало повеќе капацитет за собирање на вода,вероватно ја чувале повеќе водата за да има да се наполни Св.Петка кога `ќе им се даде сигнал` за тоа
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 1819202122 24>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.141 seconds.

Copyright ©2007 - 2014  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.