build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Енергетика
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Хидроелектрани

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 1011121314 28>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #221 Posted: 11-Apr-2011 at 01:04
WOW!

Applause

Па ајде види што можеш да направиш и за Света Петка и за Луково поле.

ПДФ-ки со податоци имаш на сајтот на ЕЛЕМ
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #222 Posted: 12-Apr-2011 at 13:22
ЕЛЕМ потпиша договор за заем со Светска банка за проектот “Луково Поле“

Електрани на Македонија склучи договор за заем со Светска Банка во износ од 2,24 милиони евра за реализација на активности пред почетокот на изградбата на акумулацијата “Луково Поле“. 

Финансиите потребни за подготвителните работи поврзани со проектот се проценети на 3.4 милиони евра,  со  што остатокот од  околу 1.16 милиони евра ќе го обезбеди АД ЕЛЕМ од сопствени средства. 

По завршувањето на подготвителната фаза, кон средината на наредната година е предвидено да почнат главните градежни работи и изградбата, која се очекува да заврши до крајот на 2016 година. 

Вкупната инвестиција за изградбата на “Луково Поле“ е проценета на  62 милиони евра, од кои 52 милиони евра ќе се обезбедат  преку кредит од Светска банка, додека  10 милиони евра АД ЕЛЕМ  ке ги обезбеди од сопствени средства. 

Со “Луково Поле“ ќе се обезбеди стабилен домашен капацитет со прифатлива цена на електрична енергија, која нема да биде зависна од цената на електричната енергија на берза. Значајни придобивки од Проектот ќе бидат обезбедувањето на дополнително годишно производство на електрична енергија од 159 GWh, зголемување на инсталираниот хидрокапацитет на АД ЕЛЕМ, регулација и управување со водите, потенцијал за развој на туризмот, како  и за остварување на стратешките определби за намалување на емисиите на јаглерод диоксид  и исполнување на обврската на Република Македонија за производство на електрична енергија од обновливи извори. Системот ќе биде надоградба на постојниот  систем Мавровски хидроелектрани.   
http://www.netpress.com.mk/vest.asp?id=85126&kategorija=2
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #223 Posted: 15-Apr-2011 at 02:08
Еве ја веста изворно од ЕЛЕМ, со некои дополнителни детали

АД ЕЛЕМ почна со подготвителни активности за реализација на проектот „Луково Поле“

АД „Електрани на Македонија“ склучи Договор за заем со Светска Банка во износ од 2,24 милиони евра што како средства ќе бидат наменети за реализација на активности пред почетокот на изградбата на акумулацијата „Луково Поле“. Финансиите потребни за подготвителните работи поврзани со проектот се проценети на 3.4 милиони евра, со што остатокот од околу 1.16 милиони евра ќе го обезбеди АД ЕЛЕМ од сопствени средства.

Во согласност со динамиката за реализација на проектот, во рок од една година ќе се изготви Студија за животна средина според највисоки меѓународни стандарди, ќе бидат спроведени дополнителни геолошки истражувања на теренот, ќе се ангажираат инженеринг консултанти кои треба да ги ажурираат проектите и да ја подготоват тендерската документација, а ќе се формира и панел од експерти за сигурност на брани и панел од експерти за животна средина и социјални ефекти.

АД ЕЛЕМ и Светска Банка посебно внимание ќе посветат на изработката на студијата за животна средина и планот за управување со животната средина со оглед на тоа што акумулацијата ќе се гради на локација во еколошки чувствително подрачје. По завршувањето на подготвителната фаза, кон средината на наредната година е предвидено да почнат главните градежни работи и изградбата, која се очекува да заврши до крајот на 2016 година.

Со „Луково Поле“ ќе се обезбеди стабилен домашен капацитет со прифатлива цена на електрична енергија, која нема да биде зависна од цената на електричната енергија на берза. Значајни придобивки од Проектот ќе бидат обезбедувањето на дополнително годишно производство на електрична енергија од 159 GWh, зголемување на инсталираниот хидрокапацитет на АД ЕЛЕМ, регулација и управување со водите, потенцијал за развој на туризмот, како и за остварување на стратешките определби за намалување на емисиите на јаглерод диоксид и исполнување на обврската на Република Македонија за производство на електрична енергија од обновливи извори. Системот ќе биде надоградба на постојниот систем Мавровски хидроелектрани.

Вкупната инвестиција за изградбата на „Луково Поле“ е проценета на 62 милиони евра, од кои 52 милиони евра ќе се обезбедат преку кредит од Светска банка, додека 10 милиони евра АД ЕЛЕМ ке ги обезбеди од сопствени средства.
http://elem.com.mk/mk/Vesti.asp?newsID=104
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #224 Posted: 15-Apr-2011 at 10:23
ЕБОР одобри заем од 6 милиони евра на “Хидро Дооел“ за изградба на мали хидроцентрали

Европската банка за обнова и развој одобри заем од шест милиони евра на ПЦЦ Хидро Дооел за изградба на четири мали хидроцентрали.

Хидроцентралите ќе бидат распространети на различни реки во земјата, а ќе имаат вкупен капацитет од 4, 1 мегавати.

“ЕБОР со задоволство го поддржува со долгорочно финансирање, вториот проект за обновлива енергија од приватниот сектор. Оваа инвестиција претставува потврда на континуираната поддршка на Банката за македонската програма за концесии на мали хидроцентрали, укажува на деловната оддржливост на малите проекти за обновлива енергија, со кои се придонесува за решавање на астечките потреби за енергија во Македонија“, вели Елена Урумовска, претставник на ЕБОР за Македонија.

Ова е втора инвестиција на Банката во приватниот сектор на генерирање на енергија во Македонија и се финансира преку директна кредитна линија за инвестиции во одржливи извори за енергија на Западен Балкан.

http://www.netpress.com.mk/vest.asp?id=85270&kategorija=2
Back to Top
UrbanFreak View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Oct-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1732
  Quote UrbanFreak Quote  Post ReplyReply #225 Posted: 15-Apr-2011 at 10:42

Еве и еден податок кој не сум го знаел.

EVN Македонија АД – Мали хидроелектрични централи

EVN Македонија АД поседува 11 мали хидроцентрали со вкупна моќност од 45 MW и 218 GWh производство во 2010.

МХЕЦ
Моќност MW
Год. на изградба
Калиманци
13.8
1970
Матка
9.6
1938
Пена
3.5
1926
Сапунчица
2.7
1952
Песочан
3.6
1951
Зрновци
1.3
1950
Дошница
4.9
1953
Богомила
0.9
1957/1995
Шапка Каскада
5.2
1993
Белица
0.25
1989
Модрич
0.24
1988
 
  Мапа  
   
   
   

 

 
Важно да се напомене дека овие ГВч произведени во 2010, не се влезени во произведените количини од страна на ЕЛЕМ. Незнам до каде се другите мали хидро централи во Македонија, и колку е предвиденото годишно производство од нив.
אל תסתכל בקנקן, אלא במה שבתוכו
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #226 Posted: 28-Apr-2011 at 12:02
Чинговски: ХЕЦ „Св. Петка“ ќе биде пуштена до крајот на годинава

Скопје, 28 април 2011 (МИА) - Директорот на АД Електрани на Македонија Влатко Чинговски очекува до крајот на годинава да биде пуштена во употреба хидроцентралата „Св. Петка“ на чија изградба интензивно се работи во три смени со по 200 работници.

Хидроцентралата, чија изградба ќе чини околу 70 милиони евра, ќе биде со инсталирана моќност од 36,4 мегавати и годишно производство од 66 гигават часови електрична енергија.

- Најтешкиот дел од изведбата на браната е веќе зад нас и очекуваме браната да биде готова во предвидениот рок до крајот на годинава и да биде ставена во функција. Се надеваме дека наскоро ќе отпочнеме со изградбата и на хидроцентралите Бошков Мост и Луково Поле како приоритетни проекти за ЕЛЕМ, изјави Чинговски при посетата на ХЕ „Св. Петка“.

Активностите за изградбата на хидроцентралата „Св. Петка“, нагласи, се одвиваат во напредна фаза и можам да кажам дека најкритичните делови при изградбата на овој објект се веќе готови.

- Моментално се работи на бетонирање на влезните доводни органи во машинската зграда, а паралелено се бетонира и машинската зграда. На тој начин ќе се создаде простор да почнеме со монтажа со генераторите, рече Чинговски, нагласувајќи дека 90 отсто од опремата е веќе пристигната и оти се завршени 70 отсто од градежбните работи.  

Браната ќе биде лачна, со двојна закривеност и израбтена без арматура со посебен бетон кој не стватра пукнатини и е отпорен на мрзнење. Нејзината висина ќе изнесува 69 метри со должина на круната од 118 метри, а нивото на круната ќе биде на 364 метри надморска визина. Ќе биде направена од бетонски болокови од кои подложните ќе бидат со ширина од 10 метри, а завршните ќе бидат широки два метра. Во неа ќе бидат вградени 29.000 метри кубни бетон.

ХЕ „Св. Петка“ (Матка 2) е алката која недостасува за оптимално искористување на хидропотенцијалот на реката Треска за производство на електрична енергија. Лоцирана меѓу ХЕ „Козјак“ (околу 16 километри возводно од Св. Петка) и постојната ХЕ „Матка“, лоцирана низводно. Со корисниот простор на акумулацијата долга 11 километри, ХЕ„ Св. Петка“ заедно со расположивиот корисен акумулационен простор од постојната акумулација Матка, треба да овозможи постојано пререгулирање на дневните истечни води од ХЕ „Козјак“, во согласност со потребите на останатите водокорисници низводно од ХЕ Матка (водоснабдувањето, наводнувањето, биолошкиот минимум и други потреби).

Со паралелна работа на ХЕ „Козјак“ и ХЕ „Св. Петка“, ќе се добие дополнителна расположива моќност од 116,4 мегавати во електроенергетскиот систем на Република Македонија.

Главен изведувач на хидроцентралата „Св. Петка“ е словенечки Рико, а проектатн Енергопроект од Белград. Подизведувач на браната е Гранит, а на машинската зграда Бетон.

Предевидено е во хидроцентралата да бидат вградени турбини на Литострој од Љубљана, генератори на австриски Ватек, опрема за управување Сименс, заштита АББ и трансформатори Енгра Љубљана.вј/са/11:58

http://www.mia.com.mk/default.aspx?vId=83288329&lId=1&pmId=504
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #227 Posted: 17-May-2011 at 17:29
ЕБОР одобри заем од 3 милиони евра на македонската “Хидро енерџи груп“
ЕБОР одобри заем од три милиони евра на македонската “Хидро енерџи груп“ од Скопје, локална компанија за обновлива енергија, за финансирање на изградбата на три мали хидроцентрали.

“Ни претставува задоволство да ја продолжиме поддршката на приватниот сектор за инвестиции во проекти за обновлива енергија со нашиот трет долгорочен заем во овој сектор,“ рече Елена Урумовска, Претставник на ЕБОР за Македонија.

Лоцирани во западниот дел од земјата на две реки, хидроцентралите ќе имаат вкупен капацитет од 3.73 мегавати и во просек ќе произведуваат околу 10гигават часови  електрична енергија на годишно ниво.

Производствените капацитети на ХЕГ ќе бидат вклучени во македонската дистрибутивна мрежа, а компанијата ќе има договори за приоритетен откуп со МЕПСО како и посебна тарифна шема наменета за проекти за обновлива енергија

 “Оваа  инвестиција ја потврдува посветеноста на Банката кон програмата за концесија на мали хидроцентрали, ја потврдува комерцијалната одржливост на малите проекти за обновлива енергија и придонесува за решавање на се поголемата побарувачка на електрична енергија во Македонија”, истакна Урумовска.

Ова е трет заем на ЕБОР доделен на приватниот сектор во Македонија за инвестиции во енергетски капацитети обезбеден преку Директната кредитна линија за инвестиции во одржливи извори на енергија во Западен Балкан. Финансирањето на ЕБОР е поддржано со Директен договор потпишан со Министерот за економија.

Заемот на ЕБОР е дополнет со средства од техничка помош обезбедени од Фондот за Западен Балкан, Специјалниот фонд на акционери на ЕБОР и Норвешката влада. http://www.netpress.com.mk/vest.asp?id=86535&kategorija=1
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #228 Posted: 21-May-2011 at 09:56
Електрична енергија бесплатно elektricna_energija_besplatno_thumb.jpgМалите хидроцентрали доаѓаат на голема врата во Македонија. Проектот за изградба на мали ХЕЦ (хидроелектрични централи), поддржан од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), се состои од околу 400 мали хидроцентрали, распоредени во сите делови на територијата на Македонија.

Македонија е земја која располага со огромен потенцијал на обновливи енергии. Вода, сонце, ветер... бесплатно. Време е за фини нешта, време е за искористување на обновливите извори на енергија.

Во овој текст ќе се задржиме на состојбата со малите хидроцентрали во Македонија. Мораме да признаеме дека за разлика од некои проекти кои се поврзани со другите извори на обновлива енергија, на овој план навистина почна да се работи во Македонија - не само на хартија туку и на дело. Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) се согласи да одобри пари за почнување на проектот за изградба на мали хидроцентрали во Македонија. Министерот за економија на Македонија и претставници на ЕБОР веќе имаат потпишано договор, со кој ќе се одобри кредитот за обезбедување на константно ефективно изведување на проектите за изградба на мали хидроцентрали во државава. Проектот за изградба на мали ХЕЦ (хидроелектрични централи) се состои од околу 400 мали хидроцентрали, распоредени во сите делови на територијата на Македонија. Колку за споредба, во првите 15 членки на ЕУ има околу 15.000 мали хидроцентрали. Во новопримените членки има уште околу 3.500 мали ХЕЦ. Во Италија има околу 2.500, во Франција 2.000, а во Норвешка над 1.000 мали ХЕЦ. Сосема е јасно дека иднината на човештвото лежи во обновливите извори на енергија.

Малите хидроцентрали претставуваат објекти кои служат за произведување на чиста „еколошка“ електрична енергија, без загрозување на животната средина и нејзините станари. Некои од условите, потребни за реализација на еден ваков проект (мали ХЕЦ), се доволен константен тек на реката од која се зафаќа водата и што е можно пострмен пад на водата. Малите хидроцентрали се предвидени за брзотечни водни текови со што поголема висинска разлика. Количината на произведена енергија е во правопропорционална зависност од количината на вода, односно протокот на вода во дадениот водотек.

elektricna_energija_besplatno_1.jpg 

ГРАДЕЊЕ

Малите хидроцентрали кои ќе се градат на територијата на Македонија ќе имаат поединечен капацитет од околу 1000 kW, (поточно кажано, капацитет од 0,6 MW до 1,5 MW) или пресметано како годишно производство на електрична енергија во износ од 4.500 MWh. Инаку, од произведени 1000 kWh електрична енергија дневно можеме да снабдиме со струја околу 40 просечни македонски семејства. За потсетување, 1000 kWh = 1 MWh. Понатамошната математика ја оставаме на вас, читателите. Во поглед на намалувањето на испуштените количини на стакленички гасови (посебно CO2), доколку направиме груба пресметка, со секоја изградена мала хидроцентрала на територијата на нашата држава ние на годишно ниво ќе го редуцираме количеството на CO2 за околу 4000 тони! На ова треба да го додадеме и редуцирањето на другите стакленички гасови како азотните (NOx) и сулфурните (SO2) оксиди, гасови кои исто како и CO2 предизвикуваат шетни последици по здравјето на целокупната флора и фауна. Постоечките мали хидроелектрани на територијата на Македонија веќе имаат значаен удел во производството на електрична енергија во државата. Во 2009 година од овие капацитети се добиени 168 GWh, а минатата година 249 GWh електрична енергија. Доколку сè оди како што треба, нашата држава во наредните години ќе произведува задоволувачка количина електрична енергија од обновливи извори на енергија. Искористувањето на водните текови е можеби едниствениот обновлив извор на енергија кој влегува на голема врата во Македонија, во поглед на искористување на алтернативните извори на енергија. Македонија е земја која сè повеќе треба да се стреми кон обновливите енергии, и тоа поради три факти. elektricna_energija_besplatno_2.jpg

Првиот, заштита на животната средина, нешто кон кое треба да се стремиме, нешто кое се постигнува со користење на обновливи извори на енергија. Вториот, гледано од економски аспект, со се поголемото искористување на слободно кажано „бесплатни“ извори на енергија, се намалува количеството на увезена електрична енергија, односно се заштедуваат пари кои ќе можат да се алоцираат во промовирање на други обновливи извори на енергија или промовирање на други позитивни еколошки практики. На овој начин, а тоа е третиот факт, се стремиме кон принципите на концептот наречен одржлив развој. Нашата држава изобилува со природни богатства и обновливи извори на енергија. Зошто истите да не ги искористиме? Од природата за човекот, од човекот за природата. Симбиоза.

  elektricna_energija_besplatno_3.jpg

Никола Нешкоски, дипл.инж. за жив.средина (НВО ,,Еко - Логик“)


http://www.porta3.com.mk/index.php?option=com_content&task=view&id=3016&Itemid=75
Back to Top
mirakuliks View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 06-Feb-2010
Location: New York
Online Status: Offline
Posts: 831
  Quote mirakuliks Quote  Post ReplyReply #229 Posted: 21-May-2011 at 21:33
А има ли некој моментално информација колку од тие теоретски 400 мали хидроцентрали се изградени и во погон, колку се градат во менетов и уште колку нес е започнати
Back to Top
UrbanFreak View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Oct-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1732
  Quote UrbanFreak Quote  Post ReplyReply #230 Posted: 30-May-2011 at 13:54

„Клисури“ ќе течат во Македонија

 

Македонската амбасада во Пекинг има директни контакти со претседателот на конзорцумот „Клисури“, од каде што испраќаат гаранции дека доколку го добијат тендерот, инвестицијата ќе биде изведена бргу и ефикасно и ќе биде последен продукт на современата техника и технологија

 

 

 

Кинезите стрелаат кон „Чебрен“ и „Галиште“

По „Вардарска долина“, Кинезите ги насочуваат своите интереси кон хидроцентралите „Чебрен“ и „Галиште“, чија изградба се планира на Црна Река. Тим од дваесетина економисти и инженери од кинескиот конзорциум „Клисури“ деновиве во Македонија го испитува теренот за инвестицијата која, по онаа што се планира во „Вардарска долина“, ќе биде меѓу најголемите во државава. „Клисура“ и официјално е една од десетте квалификувани компании што учествуваат на тендерот за изградба на овие централи. Овие податоци ги потврдуваат и од македонската амбасада во Кина, од каде што се координираат сите активности, и од Министерството за економија, каде што се водат тендерските постапки.

- Кинезите се сериозно заинтересирани да го земат овој проект во нивни раце. За таа цел, неколку огромни инвестициски компании формираа конзорциум наречен „Клисури“ и составија екипа од врвни експерти. Некои од нив сега се во Македонија и работат на добивање на тендерот за хидроцентралите на Црна Река - информира соговорник што ги координира работите помеѓу кинескиот конзорциум и нашето Министерство за економија, а преку македонската амбасада во Пекинг.

Од амбасадата потврдуваат дека релациите на оваа тема се вжештуваат и дека речиси и нема двоумење од кинеска страна за тоа дали да го градат проектот или не. Се очекуваат само резултатите од тендерската постапка.

- На тендерот се пријавени кинески компании што стопанисуваат со „Трите убавици“ на реката Јангце. Тоа јасно зборува за капацитетот и сериозноста на конзорциумот, кој претендира да ги гради „Чебрен“ и „Галиште“. Амбасадата има директни контакти со претседателот на конзорцумот „Клисури“, од каде што добиваме постојани гаранции дека доколку го добијат тендерот инвестицијата, ќе биде изведена брзо и ефикасно и ќе биде последен продукт на современата техника и технологија - велат од македонската амбасада во Пекинг.

Оттаму потврдуваат дека Кинезите се подготвени уште сега да влезат во претпристапни преговори за проектот, но сепак ќе ги чекаат официјалните резултати од тендерот.

Од првично пријавените 16 компании, претквалификациите ги поминаа само десет, меѓу кои се и кинеските инвеститори, информираат од нашето Министерство за економија. Сите до 29 јули треба да ги достават понудите за изградба и Македонија да го добие најголемиот енергетски проект досега. Целиот проект се очекува да чини од 600 до 700 милиони евра. Ќе се реализира во партнерство со државната компанија ЕЛЕМ. Некои од експертите велат дека нивната изградба се наведува и како предуслов за евентуална изградба на нуклеарка, која би користела вода за ладење на реакторите токму од овие акумулации.

Квалификувани компании и конзорциуми

- „АС електрик“, Велика Британија
- „Едисон“, Италија
- „Енергопро“, Чешка
- ЕВН АГ, Австрија
- ППЦ, Грција
- „Шрабак“, Австрија
- ЦВЕ-ЦТГ-ПЦ (Клисури), Кина
- „Ланко“, Индија - „Комито“, Кореја - КХМП, Кореја
- „Косек“, Кореја - „Дајлинг индустријал“, Кореја
- „Пор“, Австрија - „Ланц Серкјум“, Исланд

 

 

 

http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=53011847382&id=10&setIzdanie=22292
אל תסתכל בקנקן, אלא במה שבתוכו
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #231 Posted: 30-May-2011 at 14:51
На тендерот се пријавени кинески компании што стопанисуваат со „Трите убавици“ на реката Јангце.

Three Gorges = Три убавици ?!?  LOL

Се надевам дека остатокот од текстот е сепак посериозен и дека навистина постои вистински интерес, бидејќи помпа имало и досега, ама без резултат.
Back to Top
mirakuliks View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 06-Feb-2010
Location: New York
Online Status: Offline
Posts: 831
  Quote mirakuliks Quote  Post ReplyReply #232 Posted: 30-May-2011 at 18:26
Види реалнона кинезите ова им еправ погодок ако го спроведат и менаџираат. Имено чебрен и галиште ако се изградат како по првичниот план со отвараат можност за нуклеарка да ни градат во однина. А од друга страна пак преку вардарска долина полека си обезбедуваат воден пат до централна европа. А не верувам дека србите би имале нешто против кинезите да го изградат делот кај нив од оваа водна врска. Освен тоа И со двата проекта имаат профит од искористување на хидропотенцијалот.
А да не го спомнам политчкиот ефект што со овие проекти де факто кина почнува со големи инвестиции на европско тло, нешто што до сега вогалвно идеше само во обратен правец.

Edited by mirakuliks - 30-May-2011 at 18:27
Back to Top
UrbanFreak View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Oct-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1732
  Quote UrbanFreak Quote  Post ReplyReply #233 Posted: 30-May-2011 at 21:13
Јас сепак поучен од досегашните вакви бомбастични најави 1 недела пред избори, ќе почекам 1-2 месеца па ќе коментирам доколку навистина се придвижи нешто дотогаш.
אל תסתכל בקנקן, אלא במה שבתוכו
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #234 Posted: 02-Jun-2011 at 00:51

Вкупно 23 компании заинтересирани за изградба на мали хидроелектрани


Вкупно 23 компании доставиле понуди на петтиот јавен повик за доделување концесија за вода за производство на електрична енергија.

Министерството за економија каде денеска се одржа јавно отворање на понудите информира дека од вкупно понудените 44 локации, интерес има за 28.

Покрај домашни компании, на тендерот аплицирале и PCC SE од Германија, С.М. М Fratelli, SOL, SPA, Condote SPA од Италија, B.V. Construction од Швајцарија и Енергоремонт АД од Бугарија. Поголем дел од фирмите доставиле понуди за повеќе локации, а најголем интерес има за локациите на реките Јабланица, Крива Река и Кажани. 

По денешното јавно отворање ќе следува евалуација на понудувачите и избор за најповолен понудувач за секоја од локациите за кој е доставена понуда.

Јавниот повик беше објавен во „Службен весник на РМ“, од 23 февруари 2011 година.


http://sitel.com.mk/dnevnik/biznis/vkupno-23-kompanii-zainteresirani-za-izgradba-na-mali-hidroelektrani

Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #235 Posted: 02-Jun-2011 at 17:57

КОМПАНИИТЕ СЕ ЗАПОЗНАВАА СО „ЧЕБРЕН“ И „ГАЛИШТЕ“

slika

Претставници на десетте компании кои се квалификуваа во втората фаза на тендерот за изградба на хидроцентралите Чебрен и Галиште во посета на земјава за да се запознаат со техничките детаљи на проектот. Ова е делот од постапката по кој ќе одлучат дали ќе достават конкретни понуди за реализација на проектот чија вредност се проценува помеѓу 600 и 700 милиони евра. Првите впечатоци на странските компании се позитивни и навестуваат дека се сериозно заинтересирани за изградба на двете електрани на Црна Река.

- Ние сме многу сериозни понудувачи на овој тендер. Тука сме да ги разгледаме сите проблеми кои би можеле да се појават во врска со проектот, вели Ана Сиганука Милери од „ППЦ“, Грција.

- Гледаме дека многу пречки од претходните тендери се надминати. Секако има работи за кои треба да се дискутира и се надевам дека Владата ќе биде отворена за соработка. Енерго про е навистина заинтересирана да учествува на овој тендер и да ги изгради Чебрен и Галиште, рече Бојан Каршаков од „Енерго Про“, Чешка.

 

Една од заинтересираните компании е и сопственикот на Дистрибуција, ЕВН Австрија. За нас Чебрен и Галиште е многу важен проект за иднината на Македонија, велат од компанијата.

- Внимателно ги проверуваме сите можности. Бордот на ЕВН АГ ќе одлучи кои ќе бидат следните чекори. Затоа не е можно да ви кажам денеска дали ЕВН ќе достави понуда или не, но можам да ви потврдам дека сме заинтересирани и многу внимателно ги разгледуваме сите опции, истакна Гинтер Офнер, претставник на „ЕВН АГ“.

 

Од Владата се оптимисти дека по неколку пропадната тендери конечно ќе најдат инвеститор за најголемиот енергетски проект во земјава во последните дваесет години. Токму денешниот состанок е со цел да се разгледаат сугестиите на заинтересираните компании, вели вицепремиерот Владимир Пешевски.

- Има елементи во документацијата кои не може да се подобрат, бидејќи тие биле предмет на јавниот повик, но има и елементи во самите договори кај кои може да има подобрување. Тоа е нормално во една ваква постапка, изјави Пешевски.

 

Компаниите имаат рок до 29 јули да ги достават своите понуди, а избраниот концесионер во соработка со ЕЛЕМ во наредните седум години ќе треба да ги изгради двете хидроцентрали со вкупна моќност од околу 520 мегавати. http://telma.com.mk/index.php?task=content&cat=1&rub=8&item=8510

Back to Top
MileX View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 13-Oct-2010
Location: Strumica
Online Status: Offline
Posts: 18
  Quote MileX Quote  Post ReplyReply #236 Posted: 02-Jun-2011 at 21:33
Lukovo pole
[url=http://www.userbars.be][img]http://img689.imageshack.us/img689/
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #237 Posted: 02-Jun-2011 at 21:54
Applause


Само може ли и поодзумирана верзија 
Back to Top
MileX View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 13-Oct-2010
Location: Strumica
Online Status: Offline
Posts: 18
  Quote MileX Quote  Post ReplyReply #238 Posted: 03-Jun-2011 at 18:44
Bujrum  
[url=http://www.userbars.be][img]http://img689.imageshack.us/img689/
Back to Top
Goran View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 09-Jul-2009
Online Status: Offline
Posts: 195
  Quote Goran Quote  Post ReplyReply #239 Posted: 08-Jun-2011 at 16:58

Македонија на седум локации има можност за изградба на пумпно-реверзибилни електрани, покажува студијата што денеска беше презентирана во рамките на саемот за енергетика „Пауер Џен“ во Милано, Италија.

Студијата првично изработена во 1989 година од страна на ЕМО Охрид е преработена од стручниот тим на ЕЛЕМ, а минатата година е направен и подробен проект за пумпно-реверзибилната хидроелектрана Ташмаруниште во близина на Струга.

Како што информира стручниот соработник на ЕЛЕМ Илија Андонов Ченто, при изработката на студијата се барало барем една од акумулациите да е веќе изградена.

- Предвидено е изградба на пумпно-реверзибилни електрани на Мавровското и Глобочичкото езеро. Специфично е што Мавровското езеро може да биде и како горен, но и како долен базен, изјави Андонов Ченто.

Тој прецизира дека Мавровското езеро може да се користи како долен базен ако се изгради акумулацијата Бистра во местото Тонивода, а електраната да биде лоцирана во селото Маврово, а како горем базен, доколку се изгради акумулацијата Куново во месноста  Лакавица кај селото Сретково каде ќе биде и електраната Ѓоновица.

- Изградбата на акумулацијата Куново ќе овозможи хидроцентралите Равен и Вруток да работат како електрани и во летниот период, а не како досега да работат постојано летно време за да се овозможи наводнување на Полог. На Глобочичкото езеро треба да се гради електраната Ташмаруниште  со горем базен во месноста Церов дол, а Глобочица да биде долен базен, истакна Андонов Ченто.

Другите пумпно-реверзибилни електрани се предвидени на акумулациите што допрва ќе се градат на Црна Река за хидроцентралите Чебрен и Галиште, како и за Вардарска долина со изградбата на електраната Градец, како и на реката Радика кај селото Јанче каде ќе се наоѓа долниот базен, а горниот ќе биде над Галични.

- Имаше и некои размислувања да се прави ваква електрана на Охридското и Преспанското Езеро, каде Преспанското ќе биде горен базен, а Охридското долен, но за тоа треба да се направат подетани истражувања од еколошки аспект како ќе влијае враќањето на водата од Охридското во Преспанското Езеро, истакна Андонов Ченто.

Пумпно-реверзибилните електрани се користат за балансирање на енергијата. Во времето кога има најголем конзум на електрична енергија ја произведуваат, а во вечерните часови кога има вишок на произведена струја од термопостојките ја трошат за препумпување на водата од долната во горната акумулација.

Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #240 Posted: 14-Jun-2011 at 17:43

Ќе се пролонгира рокот за Чебрен и Галиште?!

вторник, 14 јуни 2011, 15:58

Тендерот за Чебрен и Галишта најверојато ќе се пролонгира, дознава Алфа. Компаниите бараат дополнително време за да донесат конечна одлука дали ќе инвестираат во изградба на хидроцентралите на Црна река.

Според информации на Алфа, неколку од 10-те заинтересирани инвеститори кои влегоа во втората фаза инсистирале да се одложи рокот за доставување на понуди за триесетина дена, односно до крајот на Август или почетокот на Септември. Официјалното објаснување им било дека станувало збор за обемен проект и им бил потребен дополнителен период за да ја анализираат состојбата на терен и да обезбедат извори за финансирање.

Ова е шести обид да најде странски инвеститор за Чебрен и Галиште, но прв што стигна до втората фаза. Меѓу десетте компании кои останаа заинтересирани се ЕВН од Австрија, Енергопро од Чешла, Едисон од Италија, кинеската корпорација CWE, како и конзорциуми од Британија, Кореја и Исланд.

За конечно да започне да се реализира историскиот проект Владата во овој тендер ги раздели Чебрен и Галиште. Доколку инвеститорот процени дека инвестиција во Галиште е економски неисплатлива, ќе му биде дозволено да ја гради само Чебрен и да управува со веќе постоечката хидроцернтрала Тиквеш.

http://daily.mk/cluster3/89f0918cbc02d93e7ffd678e87c52b8c/778163
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 1011121314 28>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.256 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.