build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Енергетика
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Хидроелектрани

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 1617181920 28>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
FCB View Drop Down
Newbie
Newbie
Avatar

Joined: 26-Jul-2011
Location: USA
Online Status: Offline
Posts: 29
  Quote FCB Quote  Post ReplyReply #341 Posted: 25-Feb-2012 at 02:36
Ne ocekuvav da e pomegu Matka i Kozjak. Jas ja barav nakaj Makedonski Brod.
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #342 Posted: 25-Feb-2012 at 03:15
да Кловер,на гугл на тоа место се гледа и преливната шахта,иако е сенка се гледа кружниот дел на отворот од шахтата
Back to Top
FCB View Drop Down
Newbie
Newbie
Avatar

Joined: 26-Jul-2011
Location: USA
Online Status: Offline
Posts: 29
  Quote FCB Quote  Post ReplyReply #343 Posted: 25-Feb-2012 at 05:50

Ima opcija da otvoris poodamnesni snimki i se gleda na taa sto e od 6/16/2008 sahtata e izgradena. A na slednata sto e od 6/29/2009 se gleda mnogu poubavo, deka e celosno osvetlena.
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #344 Posted: 19-Mar-2012 at 13:36

Денес во Министерството за економија се потпишаа 21 договор за концесија, со 10 компании за производство на електрична енергија од мали хидроелектрични централи.

Untitled-1-50000

Централите ќе бидат изградени на 21 локација на повеќе реки во Македонија, меѓу кои се Бистрица, Крива Река, Беловишта, Јабланица и други.

Министерот за економија Ваљон Сарачини истакна дека овие централи ќе бидат со вкупен капацитет од 23 мегавати и ќе призведуваат енергија  во висина од 77 гигават часови.

Инвестицијата е околу 40 милиони евра, а дополнително ќе се отворат и нови работни места при нивната изградба, истакна Сарачини.

-Од 2007 до 2011 година се потпишани 37 вакви договори за изградаба на мали хидроцентрали, а вкупно со денешните бројот не 58, со вкупна инвестиција од околу 100 милиони евра, нагласи Сарачини.

Инвеститорите имаат рок од 3 години да ги изградат малите хидроелектрани, а министерот Сарачини посочи дека се размислува и за пронаоѓање на други обновливи извори на енергија.

Сопственик на компанијата „Феро инвест“ Кочо Анѓушев, истакна дека денешниот договор се однесува за деветтата хидроцентрала која што ќе ја градат, а од нив веќе 5 се приклучени на енергетскиот систем.

-Овие мали хидроцентрални можат да заменат една голема како „Шпиле“ на пример и истите се од исклучително значење. Хидроцентралите ќе заменат 10 отсто од увозот на електрична енергија, истакна Анѓушев, сопственикот на фирмата „Феро инвест“.

Анѓушев истакна дека од 8-мата до 11-тата година се очекува повраток на инвестицијата, а по 20 години хидроцентралите ќе бидат предадени на државата.

Дел од фирмите кои што ќе ги градат малите хидроцентрали се од Македонија, а дел се странски инвеститори.

http://kurir.mk/makedonija/ekonomija/64764-Ke-se-gradat-21-mali-hidrocentrali


Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #345 Posted: 19-Mar-2012 at 15:15

АД ЕЛЕМ потпиша Договори за ревитализација на хидроелектраните „Вруток“ и „Равен“

  • Е-пошта
  • Печати
  • PDF

Revitalizcija_na_Vrutok_i_RavenАД ЕЛЕМ во рамките на проектот „Ревитализација на шест хидроелектрани-втора фаза“, потпиша договори за ревитализација и модернизација на мавровските електрани Вруток и Равен, со две компании со меѓународно реноме, избрани на транспарентен меѓународен тендер. Австриската компанија АНДРИЦ Хидро ќе работи на замена и зголемување на моќноста на четирите генератори во ХЕ Вруток, потоа  на замена на високонапонските кабли, како и на замена на системите за подмачкување во ХЕ Равен. Словенечка ЕТРА Колектор, пак,  ќе изврши замена на шест енергетски трансформатори во ХЕ Вруток и замена на три енергетски трансформатори во ХЕ Равен.

 

Меѓу продобивките од овие зафати кои значително ќе ги подобрат производствените перформанси на хидроелектраните се зголемување на достапниот енергетски производствен капацитет на ХЕ Вруток од 168 МVA на 184 МVA(мегаволт ампери), можноста за дополнително производството на еколошки прифатлива електрична енергија до 50 GWh годишно, потоа подобрување на ефикасноста и намалување на загубите кои се претвораат во поголем потенцијал за производство на електрична енергија, како и заштеди во трошоците за одржување. 

 

На потпишувањето на договорите, генералниот директор на АД ЕЛЕМ д-р Влатко Чингоски, истакна дека со реализацијата на двата договора, ќе се добие комплетно модернизирана хидроелектрана, со четири нови блок-трансформатори и четири нови генератори. Проектот со чија реализација се продолжува животниот век на хидроелектраната „Вруток“се очекува да заврши во мај 2014 година.

Генералниот директор на словенечката фирма „ЕТРА Колектор“, г. Петар Новак, изјави: „Ни претставува чест што ќе имаме прилика да соработуваме со компанија како АД ЕЛЕМ. Сигурни сме дека работите ќе бидат завршени со предвидената динамика и дека оваа македонска компанија ќе биде уште една добра референца во нашето портфолио“.

И г.Евалд Хесе, директор на АНДРИЦ Хидро за Југоисточна Европа, се заблагодари на менаџерскиот тим на АД ЕЛЕМ и ХЕ „Вруток“ за соработката и потенцираше дека нивната компанија ќе ја оправда довербата за овој важен договор, и дека проектот ќе се реализира според предвидениот план.

 

Направени се детални и веродостојни пресметки на потенцијалот за дополнителна енергија достапна преку подобрување на ефикасноста и намалување на загубите во генераторите и трансформаторите  за 7 GWh/годишно, притоа избегнувајќи ги емиисите од 6.000 тони на јаглерод диоксид годишно. Според потпишаните договори и утврдената динамика на ревитализација, првиот, нов блок генератор-трансформатор во ХЕ Вруток ќе биде пуштен во погон во јуни догодина, а последниот, четврти блок генератор-трансформатор, ќе биде пуштен во погон во маj 2014 година, кога и официјално ќе финишира  овој проект.

Оваа нова инвестиција на АД ЕЛЕМ претставува продолжување на традицијата и заложбите на компанијата за заштита на животната средина и намалување на емисиите на стакленички гасови, увозната зависност на Македонија од електрична енергија, како и потребата за обезбедување на поголема сигурност во снабдувањето со енергија. Вредноста на договорот за генераторите изнесува 18.68 милиони евра,  а за трансформаторите 2.77 милиони евра. Финансирањето на овие активности е преку заем од KfW банка за кој е веќе потпишан Договор во Министерството за финансии кон крајот на 2010 година. 

Vrutok_i_Raven_2АД „Електрани на Македонија“ пред повеќе од една година најави реализација на значаен енергетски проект за ревитализација на шест хидроелектрани-втора фаза. Станува збор зa зафат со кој, освен хидроелектраните Вруток и Равен ќе бидат третирани  хидрокапацитетите уште и Врбен, Шпилје, Глобочица и Тиквеш. Активностите кои треба да се реализираат во рамките на овој проект, пред се, опфаќаат ревитализација и модернизација на електричната и хидромеханичка опрема, градежни работи, како и имплементацијата на модерен систем за оскултација, односно набљудување на браните кај  хидроелектраните. Овие активности се продолжување и дополнување на првата фаза на ревитализацијата на истите хидроелектрани која успешно беше реализирана во периодот од 1998 до 2005 година.

Од вкупните предвидени инвестиции во износ од 31.8 милиони евра  за ревитализација на шесте хидроелектрани, најголемиот дел доаѓа од кредитот од Германската KfW банка во висина од 27.1 милиони евра, додека преостанатите 4.7 милиони евра се обезбедени од сопствени средства на АД ЕЛЕМ.  

АД ЕЛЕМ и во иднина ќе продолжи да инвестира во обновливи извори на енергија“.

http://www.elem.com.mk/index.php?option=com_content&view=article&id=247%3A2012-03-19-08-57-50&catid=1%3Alatest-news&Itemid=125&lang=mk
Back to Top
OCB View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2011
Location: 54
Online Status: Offline
Posts: 921
  Quote OCB Quote  Post ReplyReply #346 Posted: 14-Apr-2012 at 11:49
Кинезите не попуштаат, пак пропаѓа тендерот за „Чебрен“ и „Галиште“?

Кинеската компанија ЦВЕ, кандидат за изградба на хидроелектричните централи „Чебрен“ и „Галиште“ одбила да се откаже од дополнителните услови за концесијата за изградба на хидро проектот вреден околу 600 милиони евра, дознава МКД.МК од извори во Министерството за економија.



Сега откако ЦВЕ одби да попушти, Владата треба да избере помеѓу двете опции кои и стојат на располагање. Прво, да ја додели концесијата за изградба и експлоатација на хидрокомплексот „Чебрен“ и „Галиште“ на грчкото државно електро стопанство „ППС“, второрангирана понуда, или да го поништи и овој тендер за избор на изведувач и концесионер на македонскиот хидро мега проект.

Според упатените, поизгледно е дека Владата ќе одлучи да го поништи тендерот заради тоа што на последната седница на која ги разгледувале понудите, пред да се бара од ЦВЕ дополнителна информација, понудата на второрангираната ППС била оценета како незадоволителна и несоодветна.

Според истите извори многу е веројатно да не се распише нов тендер туку Владата, како единствен акционер на „ЕЛЕМ“, да му наложи на менаџментот и да го овласти да почне преговори за задолжување со странски кредитори за изградба на хидроцентралите „Чебрен“ и „Галиште“.

Ова сценарио е многу изгледно заради тоа што ЕЛЕМ е бонитетен и може да преземе кредитно задолжување спрема меѓународните институционални или приватни кредитори. Особено сега откако независна странска проценителна компанија направи проценка на вредноста на имотот и на бизнисот на најголемата македонска државна компанија, која воедно е и најголемата македонска компанија.

За потсетување, Комисијата за евалуација на понудите во тендерот за изградба на хидроцентралите Чебрен и за Галиште дополнително побара од кинеската компанија ЦВЕ да се изјасни дали се откажува од дополнителните услови што ги бараше за изградба на двете хидроцентрали. Членовите на комисијата одлучиле и дополнително побарале од ЦВЕ во рок од 30 дена да се изјасни дали останува на првичната понуда доставена во тендерската постапка, при што треба да се откаже од дополнителните барања: да ја добие на управување хидроцентралата Тиквеш порано од предвидениот рок во тендерот, да не плати ДДВ на опремата и некои други поволности.

Според тоа, доколку Кинезите во предвидениот рок не се откажат од дополнителните услови, веројатно е дека комисијата ќе ја отфрли нивната понуда како неприфатлива. На последниот тендер за изградба на двете хидроцентрали Чебрен и Галишта свои понуди доставија кинеската компанија ЦВЕ и грчкото државно електростопанство ППЦ. Одлучувачки критериум на тендерот беше големината на учеството што градителот на електричните централи ќе ѝ го даде на државата, односно на националниот производител на електрична енергија ЕЛЕМ. Во рангирањето на понудите ЦВЕ понуди да отстапи над 40 отсто од капиталот во новите хидроцентрали на ЕЛЕМ, а грчки ПЦЦ достави понуда во која сопственоста не ЕЛЕМ во новиот проект би изнесувала 28 отсто.

http://www.mkd.mk/25624/makedonija/cebren-galiste-koncesija-elem/
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #347 Posted: 14-Apr-2012 at 16:09
секаде во светот и секоја компанија па вероватно и кинезиве кога сакаат да инвестираат во некој поголем проект земаат кредит од банка.зошто тоа да не го направи и ЕЛЕМ.од сдтранците ние би имале корист само од градежните фирми што ќе ги ангажираат како подизведувачи и едвај 10-15 вработени по електрана.другото е све исто како да се купува струја од странство.

во 1995 година бев на стручна екскурзија во вруток и се изненадив дека вкупно вработени во електраната биле 4(четири) по смена
Back to Top
Danielbtmk View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Jan-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 693
  Quote Danielbtmk Quote  Post ReplyReply #348 Posted: 03-May-2012 at 15:08

Малата хидроелектрана Брбушница е прво изградената мала хидроцентрала во Република Македонија по пат на концесија. Договорот за консеција за изградба на оваа мала хидроцентрала со концесионерот Мали хидроелектрани ДОО Скопје е потпишан на 27 ноември 2009 година и согласно обврските од договорот рокот за изградба беше три години.

brbusnica

- Брбушница е изградена порано од предвидениот рок што е добар пример за останатите концесионери, но и за идните компании кои се заинтересирани за изградба на мали хидроцентрали во Македонија, истакна Ваљон Сарачини министер за економија на денешното  пуштање во употреба на оваа мала хидроелектрична централа во општина Виница.

Исталинираниот капацитет на хидроцентралата  е 554 киловат. Очекуваното годишно производство е 2.564 мегават часови. Останатите четири мали хидроцентрали се Кркљанска  и Крива Река 2 во општина Крива Паланка, Кранска Река во општина Ресен и Слатино на концесионерот Фероинвест од Велес. Петте мали хидроцентрали кои почнаа со работа имаат инсталиран капацитет од 2,5 мегавати и очекувано годишно производство од 11 илјади мегават часови.

Останатите три мали хидроелектрани Каменичка Река, Брајчинска Река и Селечка Река од овој концесионер се стекнаа со привремен статус на овластен производител и се очекува до крајот на годината и овие мали хидроцентрали да бидат изградени.

Според министерот Сарачини во досегашниот период потпишани се вкупно 68 договори за концесија за вода за производство на електрична енергија од мали хидроелектрични централи. Вкупниот инсталиран капацитет ќе изнесува 58 мегавати додека очекуваното годишно производство изнесува 228 гигават часови. Проценетата инвестиција е околу 120 милиони евра.

Доколку се изградат сите 400 хидроцентрали согласно студијата на можни мини и мали хидроцентрали во Македонија инсталираниот капацитет ќе се зголеми за 250 мегавати додека годишното производство на електрична енергија за 1.200 гигават часови.

Back to Top
elnino View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Mar-2010
Location: kavadarci
Online Status: Offline
Posts: 129
  Quote elnino Quote  Post ReplyReply #349 Posted: 06-May-2012 at 20:20
несакав да отварам тема за ова....оти немам доволно инфо и немам искуство на вашиот форум ама еве 

во глобала веста е дека ке се градат 5 мали хидроелектрани на постоечкиот канал за вода од река Бошавица.....


http://ktv41.com.mk/index.php?option=com_content&view=article&id=1101%3Akj-s-gr-d-t-5-mini-c-ntr-li-kj-s-r-sh-v-i-v-d-sn-bduv-nj-t&catid=27%3A%D1%82%D0%B8%D0%BA%D0%B2%D0%B5%D1%88%D0%B8%D1%98%D0%B0&Itemid=268


Ќе се градат 5 мини централи, а ќе се решава и водоснабдувањето


(ВИДЕО) Долгите најави дека активно се работи на решавање на проблемот со водоснабдувањето во општина Кавадарци синоќа и се официјализираа. Имено на свеченост во хотел Фени Кавадарци беше потпишан договор за јавно приватно партнерство за реализација на проект кој опфаќа дополнителни количини на вода за пиење, изградба на 5 мини централи и вода за наводнување.

Сите овие три активности ќе се реализираат на хидро системот “Бошава“. Договорот го потпишаа Водостопанство Тиквеш , и конзорциумот “Турбо институт“ Словенија и КА хидро. На свеченоста покрај градоначалниците на Кавадарци и Росоман присуствуваше и амбасадорот на Словенија, Алан Брајан Бергант и претставници на Нова Љубљанска банка.

Градоначалникот на Кавадарци,Александар Панов не го криеше задоволството од тоа што по долга и макотрпна работа се дојде до финишот за потпишување на овој договор. Рече дека Кавадарци е на прагот на остварување на уште еден капитален проект. Кавадарци со овој проект никогаш нема да има проблем со вода за пиење. Тоа е најголемиот бенефит за кавадарчани од овој проект“ нагласи Панов.

Директорот на Водостопанство “Тиквеш“, Љубе Димов рече дека на јавниот повик кој го распиша Водостопанство се јавиле две фирми и е избрана најдобрата понуда. Димов ги најави карактеристиките на проектот ,тежок 13,5 милиони евра.

Првиот човек на “Турбо институт“ Словенија, Владимир Керцан кажа дека имаат одлично искуство во нивната работа со Македонија, бидејќи овде се присутни веќе 40 години. Керцан го претстави Трубо институтот и рече дека тоа е еден од двата независни института во светот, опремен со современа лабораторија за испитување на турбини. Имаат изградено повеќе од 400 мали хидроцентрали. “Турбо институт“ ги изгради и мини централите на Лукар во 2002 година. Керцан е оптимист дека за пократко време од планираното ќе се реализира овој проект.

“Некогаш оваа вода слободно си течеше. Сега повторно ќе ја вратиме во систем и ќе се користи за пиење, наводнување но и за производство на електрична енергија“ рече хидро инжењерот  Тодор Лалков еден од иницијаторите за реализација на овој проект. Тој е оптимист дека проектот ќе се реализира без било какви проблеми.

Подршка на синоќа потпишаниот договор даде и амбасадорот на Словенија во Република Македонија Алан Брајан Бергант.

Ангел Данов


.






Edited by Cloverstack - 07-May-2012 at 11:57
Back to Top
build.mk View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 13-May-2010
Online Status: Offline
Posts: 216
  Quote build.mk Quote  Post ReplyReply #350 Posted: 19-May-2012 at 22:47
Еколозите победија, изградбата на ХЕ „Бошков мост“ ќе се пролонгира барем до есен

Европската банка за обнова и развој (ЕБРД) го слушна гласот на македонските еколози. Проектот за изградба на хидроелектраната „Бошков мост“ во Националниот парк „Маврово“ ќе биде предмет на нова постапка за детална анализа во однос на тоа кои еколошки процедури банката ги прекршила во процесот на одлучување за проектот, по прифаќањето на поднесената жалба до ЕБРД од страна на македонското еколошко здружение „Еко – свест“.  Евалуацијата на дејствувањето на банката ќе трае најдоцна до оваа есен, до кога ќе бидат предложени мерки и решенија за отстранување на негативните ефекти на идната хидроелектрана врз животната средина. Ваквиот потег би требало да го одложи почетокот на градежните активности за изградба на овој енергетски објект, за кој Електрани на Македонија (ЕЛЕМ) веќе објави покана за претквалификација на компаниите заинтересирани да учествуваат на тендерот.

 

*Проект „Бошков мост“, ќе ја задоволиме ли енергетската „глад“ или пак ќе ја зачуваме животната средина?

 

 

Постапката за анализа на процедурите ќе ги опфати темите: дали Банката правилно ги оценила ризиците по живиот свет, особено по балканскиот рис, кој се смета за критично загрозен од страна на Меѓународната организација за заштита на природата; анализа дали Банката ги проценила кумулативните ефекти врз климата и животната средина на сите хидро – проекти планирани во националниот парк; дали Банката добро ги анализирала сите можни алтернативи на проектот пред да одлучи дека тој е најдобрата опција и дали областа на планираниот проект треба да се смета за „критична“ по опстанокот за популацијата на Балканскиот рис.

 

Покрај македонските еколози, за проектот вреден 107 милиони евра со своја реакција излегоа неколку европски еколошки организации. „Euronatur“ во своето соопштение од пред неколку месеци напомена дека планираната хидроелектрана ќе влијае врз опстанокот на балканскиот рис и низа други загрозени растенија и животни и истовремено потенцираше дека ќе побара од ЕБРД да го повлече ветениот заем за Македонија. Енергетскиот проект „Бошков мост“ предвидува изградба на хидроелектрана со инсталирана моќност од 68,2 MW која ќе произведува 117, 54 GWh електрична енергија на годишно ниво, што е за речиси 30% помалку од ХЕ „Козјак“ како последен изграден објект од ваков вид во земјава.



#
Објавено на 19.05.2012 во категорија Вести.

Тагови: Екологија, ЕЛЕМ, Енергетика, Инфраструктура, Кредити, ХЕ Бошков мост, Хидроелектрани

http://www.build.mk/?p=15273
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #351 Posted: 19-May-2012 at 23:56
кај сме сиромашки уште се секираме за споредни работи.нека ми извини рисот,ама нас ни треба струја по можност домашна не увозна
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3438
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #352 Posted: 20-May-2012 at 00:19
Мислам дека оваа хидроелектрана ќе направи поголема штета за нашето вистинско богатство отколку што ќе ни донесе енергија, да не зборуваме за тоа што ја градиме со заем. Парите ќе ги вратиме, ама загрозените животински видови ќе ни отидат јабана засекогаш. На долга стаза оваа хидроелектрана нема да ни донесе никаква енергетска корист, а ќе направи штета.
Back to Top
mirakuliks View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 06-Feb-2010
Location: New York
Online Status: Offline
Posts: 831
  Quote mirakuliks Quote  Post ReplyReply #353 Posted: 20-May-2012 at 10:02
Originally posted by BOJAN

Мислам дека оваа хидроелектрана ќе направи поголема штета за нашето вистинско богатство отколку што ќе ни донесе енергија, да не зборуваме за тоа што ја градиме со заем. Парите ќе ги вратиме, ама загрозените животински видови ќе ни отидат јабана засекогаш. На долга стаза оваа хидроелектрана нема да ни донесе никаква енергетска корист, а ќе направи штета.


Бојан со оглед дека во денешно време луѓето живеат од пари (норнмално индиректно) а парите многу зависат од економијата на државата очигледно е дека на народот помило ќе му биде да си замине еден вид (кој е на врвот ланецот на исхрана) отколку истиот тој народ и неговите деца да умираат од болести само зошто немаат пари за лекови. Со други зборови општествено гледано со оглед на тоа во кој општествена ера живееме (капитализам) и моменталната економска ситуација во државата во корист на мнозинското население е да се изгради хидроелектрана повеќе отколку да се зачува тој вид на животно во тој дел од територијата.
Не ме разбирај погрешно немам намера да завземам одредена страна туку само се обидувам концизно и јасно да ги изложам деталите на фактичката ситуација.
Back to Top
mladen_s View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 04-May-2010
Location: Macedonia
Online Status: Offline
Posts: 407
  Quote mladen_s Quote  Post ReplyReply #354 Posted: 20-May-2012 at 13:18


Тоа што го зборуваш за „мнозинското“ население и следењето на неговите моментални потреби и не се покажало секогаш како најдобра одлука. Да не зборуваме за тоа дека сиромаштијата што ја опишуваш се решава и на други начини, а директното влијание на капиталните инвестиции е спорно (бидејќи профитот завршува на други места). Крајно, и грижата за околината е должност на државата и истата не може „привремено“ да се исклучи. Ако постојано зборуваме за зачувување на вредности и нивна промоција, тогаш и ова е дел од нив. Јас лично имам став против постојаното следење на „народната волја“, особено гледајќи колку истата е подложна на влијанија и посакува „инстант решенија“, а да не зборуваме за лесното прибегнување на политичарите кон колективна одговорност и гледањето на работите на 4-годишен рок..

Ако зборуваме чисто за рисот, не би ги потценил штетите што настануваат кога ќе се отстрани еден дел од ланецот на исхрана. Но, во случајов свој дел од вината си носи и ЕБРД која покажува дека важат различни критериуми за различни земји. Имено, вакви проекти секогаш содржат и анализи за еколошките последици, а многу често и различни решенија (мостови за миграција на животни и сл.) кои потоа стануваат атракција сами по себе. Сепак, јас не разбирам баш најдобро на кој начин акумулацијата го загрозува рисот, можеби некој би можел да објасни подобро?

Edited by mladen_s - 20-May-2012 at 13:19
Back to Top
OCB View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2011
Location: 54
Online Status: Offline
Posts: 921
  Quote OCB Quote  Post ReplyReply #355 Posted: 20-May-2012 at 14:11
Originally posted by mladen_s

јас не разбирам баш најдобро на кој начин акумулацијата го загрозува рисот, можеби некој би можел да објасни подобро?

http://bankwatch.org/sites/default/files/letterEBRD-BoskovMost-28Oct2011_0.pdf

Ова е писмото испратено од страна на македонските екологисти до ЕБРД. Прочитај ги вториот и третиот пасос од втората страница и погледни ги двата анекса на писмото.
Back to Top
mladen_s View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 04-May-2010
Location: Macedonia
Online Status: Offline
Posts: 407
  Quote mladen_s Quote  Post ReplyReply #356 Posted: 22-May-2012 at 17:33


Благодарам OCB. Разгледував, сепак се потребни доста познавања за да може да се даде аргументиран став. Имам впечаток дека акумулацијата не би го уништила хабитатот на рисот, но текот на самата изградба би предизвикал големи вознемирувања. Исто така, нема смисла газењето врз сопствените институции, во смисла на тоа што може да се почека, па и забрза донесувањето на планот за НП Маврово. Останува и фактот дека еколошките здруженија на овој начин се обидуваат да добијат средства за својата работа, но тоа е пракса во сите земји. Доколку навистина понудат стратегија за зачувување на рисот, ЕБРД би требала да ги поддржи. Што се однесува до Република Македонија, нејзината обврска кон овој вид е многу јасна:



Edited by mladen_s - 22-May-2012 at 17:35
Back to Top
OCB View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2011
Location: 54
Online Status: Offline
Posts: 921
  Quote OCB Quote  Post ReplyReply #357 Posted: 22-May-2012 at 19:13


Originally posted by OCB

10 ноември 2011

Го прочитав резимето и разгледав Акциониот план за животна средина на проектот изработен од „Геинг Скопје“. Писмото кое невладините го испратиле до ЕБОР ги содржи забелешките за планот. По прегледување на овие документи и анализа на важечкото македонско законодавство во оваа сфера, се доаѓа до заклучок дека реакцијата е издржана и потребни се поопсежни анализи за влијанието на ХЕ „Бошков мост“ врз животната средина. По таквата анализа еден од можните заклучоци може да биде дека хидроелектраната воопшто и не смее да се гради.

Огромното значење на Балканскиот рис го направи национален симбол на Македонија, негова гравура секојдневно се наоѓа во нашите паричници, а оние кои праќаат писма го виделе и на поштенска маркица. Овој вид на рис е загрозен и строго заштитен див вид и како таков има статус на природно наследство кое сите ние имаме морална и законска обврска да го штитиме.
Back to Top
mladen_s View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 04-May-2010
Location: Macedonia
Online Status: Offline
Posts: 407
  Quote mladen_s Quote  Post ReplyReply #358 Posted: 22-May-2012 at 19:33
доцнам значи со заклучокот

Edited by mladen_s - 22-May-2012 at 19:34
Back to Top
BME View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 24-May-2012
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote BME Quote  Post ReplyReply #359 Posted: 24-May-2012 at 12:19
Да се надоврзам на овие слики.
Истите се поприлично стари, ХЕЦ Св.Петка е готова(браната е завршена и хидромашинската хала е завршена) се работи на регулација на коритото на реката Треска.
Инсталирани се двете френсис турбини, инсталирани се и двата генератори за производство на струја, се работи на трансформаторската станица и на далноводот за поврзување на ХЕЦ-от со електродистрибутивната мрежа.
Остануваат уште ситните работи да се завршат (кои одземаат време) и секако усисниот канал од езерската страна на браната.
Како и да е за кратко време ќе имаме уште еден репрезентативен енергетски објект во нашава мала татковина.

Edited by BME - 24-May-2012 at 12:33
Back to Top
build.mk View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 13-May-2010
Online Status: Offline
Posts: 216
  Quote build.mk Quote  Post ReplyReply #360 Posted: 31-May-2012 at 22:58
Судбината на Чебрен и Галиште ќе се знае до 15 јули, пет мали хидроелектрани ќе бидат завршени до крајот на годинава

Министерот за економија Ваљон Сарачини во денешната изјава за медиумите напомена дека најдоцна до 15 јули ќе се знае дали и кој ќе ги гради хидроелектраните Чебрен и Галиште. Иако помина огромен временски период за преговарање и одлуката требаше да се донесе уште кон крајот на минатата година, допрва треба да се прецизираат и усогласат важни детали што се однесуваат на самиот проект, а кинескиот конзорциум China Water Electric (CWE) планира да ја заокружи финансиската конструкција за двата енергетски објекта во претстојниот период. „Кинеската Влада веќе одобри фонд од 10 милијарди долари за инвестиции на кинески компании во Југоисточна Европа. Една од компаниите која аплицираше за Чебрен и Галиште – CWE очекува дека може да добие дел од тие средства, па и ние очекуваме брз одговор од нивна страна“, изјави министерот Сарачини. Во согласност со доставените понуди на тендерот, кинеската компанија на државната Електрани на Македонија (ЕЛЕМ) и нуди 40,5% од акциите, додека грчката Public Power Corporation (PPC) е подготвена да отстапи удел од 28% од акциите на идните хидроелектрани.

Покрај осврнувањето за овие два енергетски објекта, министерот Сарачини денеска се обрати и на Форумот за развој на малите хидроелектрани во земјава. Тој напомена дека досега се потпишани 68 договори за концесии за вода за производство на електрична енергија од мали хидроелектрани со планирана инсталирана моќност од 58 мегавати. Моментално се изградени пет, а до крајот на годинава ќе бидат готови уште пет енергетски објекти од овој вид. „Сите други се во напредна фаза на изведба и се очекува до крајот на наредната година да бидат завршени бидејќи е услов три години по потпишувањето на договорот да бидат готови“, нагласи министерот за економија Ваљон Сарачини.

Првиот човек на министерството за економија и министерот за животна средина и просторно планирање Абдилаќим Адеми се задржаа на најчестите проблеми со кои се соочуваат приватните инвеститори при изградбата на мали хидроелектрани. Компаниите најмногу се жалат на добивањето согласности од надлежните институции, но и на рокот за концесионирање што започнува веднаш по потпишувањето на договорот а нивната изградба почнува дури по две или три години. „Концесионерите бараат периодот за концесионирање да почне да им се пресметува барем од денот на добивањето на дозвола за градба. Имаат и други забелешки кои ќе се обидеме во следниот тендер да ги елиминираме“, истакна во својот говор министерот Адеми.



#
Објавено на 31.05.2012 во категорија Вести.

Тагови: China Water Electric, Public Power Corporation S.A., ЕЛЕМ, Енергетика, Инфраструктура, Мали хидроелектрани, Обновлива енергија, Тендери и лицитации, ХЕ Галиште, ХЕ Чебрен, Хидроелектрани

http://www.build.mk/?p=15565
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 1617181920 28>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.172 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.