build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Енергетика
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Хидроелектрани

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 25262728>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 2016
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #521 Posted: 23-Jul-2020 at 16:45
Доста е веќе со овој фанатички пристап дека секоја интервенција во природата мора да се спречува радикално. Па неможе да се откажеме од хидроцентрали како едно од решенијата за енергија кое е сосема еколошко без штетни емисии,само за да можело некоја да се мие нозе у река и да гледал како пливале риби околу. Има многу други места погоре/подоле по реката за рекреација. Мислам дека се претерува малку.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19539
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #522 Posted: 25-Aug-2020 at 14:34
Граѓаните и екологистите предупредуваат: Малите хидроцентрали ѝ се закануваат и на Маркова река

Да престане уништувањето на водените ресурси заради изградба на мали хидроцентрали, апелираат од невладината орханизација „Еко свест“. Тие реагираат на последниот случај на, како што велат, уништувањето на горниот тек на Маркова река, заради изградба на мала хидроелектрана, за што деновиве на социјалните медиуми реагираа и многу жители на Скопје. Екологистите се децидни дека Владата мора да ги запре сите градежни активности на издадените концесии и да направи нови проценки за нивниот потенцијал.

„Еко-свест најстрого ги осудува последните случувања со катастрофалното уништување на реките во државава за изградба на мали хидроелектрани. Во услови кога последиците од климатските промени зачестуваат и се зголемуваат во интензитет, ние како земја во развој која нема финансиски средства да се справи со овие последици едноставно не можеме да си дозволиме да останеме без водените ресурси од кои зависиме за вода за пиење, вода за земјоделието и вода за одржување на скапоцени екосистеми“, вели Ана Чоловиќ- Лешоска од Еко-свест.

На Маркова река постојат три концесии за мали хидроелектрани, кои беа доделени во 2015 година со вкупна инсталирана моќност од 1.752 киловат-часови. Во моментов е започната само една, во горниот тек на Маркова река, за која деновиве жителите на околните населени места реагираа до невладините организации. Велат дека заради градежните работи, коритото е целосно нарушено, а се плашат дека со продолжување на активностите на терен ќе биде полошо.

„Градежните работи се одвиваат секој ден, околината на реката е целосно изменета, стариот селски пат за да ја издржи механизацијата е проширен, а за таа намена ископан е половина рид, од каде што се вадени камења и друг материјал. Околку градилиштето е уништена целата природа, некогаш, жителите и луѓето кои доаѓаа во викенд населбите, можеа да прошетаат до реката, сега сè е затрупано. Тешката механизација поминува точно покрај манастирот, се надевам дека со вибрациите нема да направат оштетувања“, вели Андреј Аврамов, кој живее во Маркова Сушица.

Изградбата на овие проекти во недопрени и природни предели, со повеќе од познатата лоша градежна пракса, сметаат екологистите, ја уништуваат геоморфологијата на реките, биодиверзитетот, природните вредности и екосистемските услуги кои овие предели ги овозможуваат за луѓето како чист воздух или чиста вода за пиење. Во нeдостиг од инспекциска контрола и надзор, овие зафати стануваат чести мини еколошки катастрофи низ земјата.

„Сметаме дека во вакви услови очигледно е дека изградба на мали хидроелектрани е неразумно и неоправдано бидејќи во блиска иднина ние ќе се соочиме со хидроелектрани на суви речни корита. Владата мора да ја стави заштитата на водените ресурси и здравјето на граѓаните како висок приоритет во мерките за прилагодување на климатските промени и да ги запре сите градежни активности на издадените концесии за мали хидроелектрани во земјава кои би требало да се повлечат и да се направат нови проценки за нивниот потенцијал за електрична енергија согласно најновите податоци и најновите климатски услови“, посочуваат од „Еко свест“.

Според проценките за климатски екстреми во нашата земја направени за потребите на третиот извештај за климатски промени кој треба да го поднесеме до Рамковната конвенција за климатски промени, во периодот помеѓу 2016 и 2035 година, температурите во земјава ќе растат за еден Целзиусов степен годишно, а летните денови ќе се зголемуваат за 20 до 30 дена. Климата ќе биде потопла и посува со зголемен ризик од продолжени сушни периоди.

„Оваа летна сезона сведочиме и на драстично повлекување на Преспанското езеро, како и пресушување на многу од реките во земјата, а земјоделците се соочени со потешкотии поради периоди на продолжена суша во услови на зреење на плодовите кога водата е најпотребна за да се добие производ со добар пласман. Последниот извештај на Обединетите нации за влијанието на климатските промени врз водените ресурси од март 2020 година укажува на проблем со сè позачестени и продолжени сушни периоди кои веќе предизвикуваат сериозен недостиг на вода во многу делови од светот. Според овој извештај дури 2,2 милијарди луѓе во светот денес немаат пристап до вода за пиење, а се очекува овој број забрзано да расте до 2050 година. ООН предупредува и дека продолжените сушни периоди ќе предизвикаат зголемување на болести, недостиг на храна и раселување на населението. Токму затоа се препорачува државите да ги приоретизираат водените ресурси во планирањето на сите политики“, предупредуваат екологистите.

https://meta.mk/gragjanite-i-ekologistite-predupreduvaat-malite-hidroczentrali-ѝ-se-zakanuvaat-i-na-markova-reka/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19539
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #523 Posted: 29-Aug-2020 at 10:04
Хидроцентралите мали, проблемите големи

Граѓански организации за заштита на животната средина алармираат за можно уништување на горниот тек на Маркова Река од изградба на мала хидроелектрана. Тие бараат државта да ги заштити водените ресурси на Македонија. Во новата владина програма се најавува забрана на нови мали хидроелектрани, но само во заштитените подрачја на земјата.

Маркова Река е уште една од десетиците реки во Македонија на која е започната изградба на мала хидроелектрана, за што жители на главниот град Скопје и граѓански организации за заштита на животната средина велат дека е уште еден случај на „катастрофалното уништување на реките во државата.“

„Изградбата на овие проекти во недопрени и природни предели ја уништуваат геоморфологијата на рекитите, биодиверзитетот, природните вредности и екосистемските услуги кои овие предели ги овозможуваат за луѓето, како чист воздух и чиста вода за пиење. Во недостиг на инспекциска контрола и надзор, овие зафати стануваат чисти мини еколошки катастрофи низ земјата“, реагираат од Центарот за истражување и информирање за животната средина „Еко-свест.“

Маркова Река е долга 30 километри. Таа е десна притока на реката Вардар и тече јужно од главниот град Скопје. Изградбата на мали хидроелектрани на реката, ќе бидат уште неколку од околу 80 во целата земја кои веќе се пуштени во употреба.

Во документ на Регулаторната комисија за енергетика објавен во јуни оваа година, се забележува дека три мали хидроелектрани на Маркова Река се стекнале со привремен статус на повластен производител на електрична енергија уште во 2016 година. Како производител на електрична енергија на Маркова Река е наведена фирмата ИНДИГО ХИДРО МАКЕДОНИЈА ДОО Скопје.

Забрана во заштитените подрачја?

За реакциите на „Еко-свест“ и на граѓаните, РСЕ побара став од Владата и одговор дали ги зема предвид влијанијата врз реките и врз природата од изградбата на малите хидроелектрани, но до објавувањето на текстот не добивме повратен одговор.

Во предлог програмата на новата Влада до 2024 година, која деновиве беше доставена во Собранието, во делот на Заштита на животната средина и зелен развој е наведено дека ќе биде воведена забрана за изградба на нови мали хидроелектрани во заштитените подрачја во земјата.

До ова доаѓа откако во изминатите неколку години изградба на вакви проекти беше дозволено во националните паркови Маврово и Пелистер.

Исто така во новата предлог-програма на Владата во делот за енергетика се вели дека Владата има „амбициозен план“ до 2024 година над 50 проценти од вкупната инсталирана електрична моќност во државата да биде од обновливи извори на енергија.

Електричната енергија добиена од вода преку малите и микро хидроелектрични централи, според законската регулатива, се третира како обновлив извор на енергија, заедно со фотонапонските централи, ветeрните паркови и термоелектричните централи на биогас и биомаса.

Овие проекти за обновливи извори на енергија се финансираат преку сметките за струја во форма на повластени тарифи, според Законот за енергетика, односно шест проценти од парите кои ги плаќаат граѓаните се наменети за субвенционирање на обновливи извори на енергија. РСЕ во јануари оваа година објави истражување чии податоци покажуваат дека сопствениците на малите хидроелектрани остваруваат милионски профити на сметка на граѓаните.

Малите хидроцентрали во новата владина агенда до 2024 година се спомнуваат само еднаш, односно дека ќе бидат забранети во заштитените подрачја, а се наведува дека ќе се произведува чиста електрична енергија во земјата со новите фотоволтаични централи, каде се образложува дека со тоа ќе бидат намалени емисиите на јаглерод диоксид, но и дека ќе бидат изградени ветерни централи и оти ќе биде зголемена квотата за градба на нови биогасни електрани.

Од „Еко-свест“ сметаат дека изградбата на малите хидроелектрани е „неразумна и неоправдана“, бидејќи, како што посочуваат, земјата во блиска иднина ќе се соочи со хидроелектрани на суви речни корита.

„Владата мора да ги стави заштитата на водените ресурси и здравјето на граѓаните како висок приоритет во мерките за прилагодување на климатските промени и да ги запре сите градежни активности на издадените концесии за мали хидроелектрани во земјава кои би требало да се повлечат и да се направат нови проценки за нивниот потенцијал за електрична енергија согласно најновите податоци и најновите климатски услови“, велат од „Еко-свест.“

Додека граѓанските организации за заштита на животнтата средина се противат на овие проекти, дел експерти за енергетика, пак, сметаат дека доколку изостане производството на струја од малите хидроелектрани, таа количина на енергија ќе треба да биде увезена, бидејќи земјата увезува околу 30 проценти од потребите за електрична енергија.

Исто така во новата предлог-програма на Владата во делот за енергетика се вели дека Владата има „амбициозен план“ до 2024 година над 50 проценти од вкупната инсталирана електрична моќност во државата да биде од обновливи извори на енергија.

Електричната енергија добиена од вода преку малите и микро хидроелектрични централи, според законската регулатива, се третира како обновлив извор на енергија, заедно со фотонапонските централи, ветeрните паркови и термоелектричните централи на биогас и биомаса.

Овие проекти за обновливи извори на енергија се финансираат преку сметките за струја во форма на повластени тарифи, според Законот за енергетика, односно шест проценти од парите кои ги плаќаат граѓаните се наменети за субвенционирање на обновливи извори на енергија. РСЕ во јануари оваа година објави истражување чии податоци покажуваат дека сопствениците на малите хидроелектрани остваруваат милионски профити на сметка на граѓаните.

Малите хидроцентрали во новата владина агенда до 2024 година се спомнуваат само еднаш, односно дека ќе бидат забранети во заштитените подрачја, а се наведува дека ќе се произведува чиста електрична енергија во земјата со новите фотоволтаични централи, каде се образложува дека со тоа ќе бидат намалени емисиите на јаглерод диоксид, но и дека ќе бидат изградени ветерни централи и оти ќе биде зголемена квотата за градба на нови биогасни електрани.

Од „Еко-свест“ сметаат дека изградбата на малите хидроелектрани е „неразумна и неоправдана“, бидејќи, како што посочуваат, земјата во блиска иднина ќе се соочи со хидроелектрани на суви речни корита.

„Владата мора да ги стави заштитата на водените ресурси и здравјето на граѓаните како висок приоритет во мерките за прилагодување на климатските промени и да ги запре сите градежни активности на издадените концесии за мали хидроелектрани во земјава кои би требало да се повлечат и да се направат нови проценки за нивниот потенцијал за електрична енергија согласно најновите податоци и најновите климатски услови“, велат од „Еко-свест.“

Додека граѓанските организации за заштита на животнтата средина се противат на овие проекти, дел експерти за енергетика, пак, сметаат дека доколку изостане производството на струја од малите хидроелектрани, таа количина на енергија ќе треба да биде увезена, бидејќи земјата увезува околу 30 проценти од потребите за електрична енергија.

Мала хидроелектрана „Теарце97„ во НП Маврово.



Изградба на мала хидроелектрана на Крапска река на Јакупица која е Емералд подрачје



https://www.slobodnaevropa.mk/a/30805723.html?fbclid=IwAR2XO3xZph9veIOpS12MAv6az1p5Ixd5Qx6OsF-VYqF2xoLa3pW1pe6Hu_0
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19539
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #524 Posted: 04-Oct-2020 at 14:19
Екологистите против изградбата на хидроцентрала на Мала река



https://telma.com.mk/2020/10/03/екологистите-против-изградбата-на-хи/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19539
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #525 Posted: 19-Dec-2020 at 18:39
Ајирлија 13-тта „мајка“ за изградба на ХЕЦ Чебрен!

Денеска до 16 часот истекува рокот за поднесување на понуди од страна на компании за изградба на хидроелектраната Чебрен. Информациите се дека заклучно вчерашниот ден 67 правни лица подигнале тендерска документација, односно пројавиле интерес за овој проект. Надлежните засега не откриваат дали и колку фирми досега евентуално поднеле понуди. По истекот на рокот за подигнување на документацијата, мешовита комисија од повеќе институции ќе ги разгледа понудите. Досега за изградба на оваа хидроелектрана на Црна Река во јужниот дел од земјава, пропаднаа 12 тендерски постапки.

https://alsat.mk/mk/ajirlija-13-tta-majka-za-izgradba-na-hets-chebren/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19539
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #526 Posted: 23-Dec-2020 at 13:47
10 енергетски и градежни компании се понудиле да ја градат на хидроелктраната Чебрен

Десет големи светски компании од областа на енергетиката и градежништвото поднесоа понуди во фазата за претквалификација за проектот Чебрен, односно за концесија за користење на вода за производство на електрична енергија од хидроцентрали на Црна Река, информира Владата.

Комисијата формирана од Владата во наредниот период ќе изврши евалуација на пристигнатите апликации. Квалификуваните понудувачи ќе бидат поканети во втората фаза, во која ќе можат да достават комплетни понуди за проектот и за нивно учество во Јавно-приватно партнерство со АД Електрани на Северна Македонија за изградба на овој капитален енергетски објект.

Како што е соопштено за изградба на хидроелектраната Чебрен се заинтересирале компаниите:

1. CONSORTIUM ЕNКА – COLIN – ТУРЦИЈА

2. CONSORTIUM PPC – ARCHIRODON -ГРЦИЈА

3. EDF – ФРАНЦИЈА

4. CONSORTIUM COBRA – COBRA HIDRAULIKA – ШПАНИЈА

5. CONSORTIUM EVN – VERBUND – АВСТРИЈА

6. WEBUILD SPA ITALIA (SALINI) – ИТАЛИЈА

7. GEZHOUBA GROUP CHINA – КИНА

8. POWER CONSTRUCTION CORPORATION OF CHINA – КИНА

9. CONZORTIUM OZALTIN – YAPI MERKEZI – ТУРЦИЈА

10. CONSORCIUM EIFFAGE-WATERLU-ANDRITZ-NORCONSULT – ФРАНЦИЈА, АВСТРИЈА

ХЕ Чебрен се планира да се оствари по принципот на јавно-приватно партнерство (ЈПП ), во кое ЕСМ ќе биде јавниот партнер во име на државата во овој голем проект чија инвестициска вредност ќе изнесува минимум 500 – 600 милиони евра.

Хидроелектраната ќе има инсталирана моќност од 333-458 MW, за годишно производство од 1000-1200 GWh електрична енергија (ЕСМ сега вкупно годишно произведува околу 4000 GWh) и со годишна заштеда од 913 000 тони на CО2.

https://plusinfo.mk/10-energetski-i-gradezhni-kompanii-se-ponudile-da-a-gradat-na-hidroelktranata-chebren

Edited by stef4o - 23-Dec-2020 at 13:47
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 15016
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #527 Posted: 10-Jan-2021 at 13:56
Кнежево

За сè има вторпат
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19539
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #528 Posted: 27-Jan-2021 at 18:33
Протест против изградбата на мала хидроцентрала во Пробиштипско



Со блокада на локалниот пат што води кон локацијата каде започнаа подготвителните работи за изградба на мала хидроцентрала, попладнето протестираа жителите на пробиштипските села Турско Рударе и Шталковица.

Жителите се во страв дека ќе останат без вода за пиење, која сега ја добиваат од водоводот што сами го изградиле. Проблем е и ерозијата на земјиштето што може да се јави, поаѓајќи од фактот дека станува збор за и онака ерозивен крај.

„Водоводот е на потег од 6 километри од селото Турско Рударе до селото Шталковица. Нивниот проект се поклопува на еден километар со нашиот водовод“, вели Ненад Лазаров.

Други жители реагираат дека зафаќањето на речните води ќе ги остави без вода за наводнување на имотите.

Оваа мала хидроцентрала, чиј инвеститор е скопската компанија „ДИС енерџи“ е лоцирана во Осоговието, кое на крајот од минатата година беше прогласено за заштитено подрачје. Од компанијата смируваат дека по изградбата на капацитетот ќе ги почитуваат правилата за биолошки минимум во реката.

„Колку е еколошкиот минимум толку ќе биде пуштено. Ќе бидат почитувани сите закони и протоколи во текот на изградбата. Месното население не треба да има проблеми и да се плаши“, изјави Влатко Тоневски.

Оваа компанија е инвеститор на уште една мала хидроцентрала, во Кочанско кај браната Гратче, за што граѓаните го искажаа своето противење. Меѓутоа, како и во кочанскиот случај, и во овој општините реагираат дека се ставени пред свршен чин. Општината во 2017 година дала негативно мислење, но активностите продолжиле. Градоначалникот на Пробиштип, Драган Анастасов вели дека немаат што да направат.

„Не смееме да ја доведеме општината да се соочиме со тужба и финансиски импликации. Не сакаме да дојдеме во ваква ситуација во која ќе треба и да одвоиме средства преку суд и да дозволиме изградба на хидроцентралата. Во една незавидна ситуација се става општината“, изјави градоначалникот Анастасов.

Граѓаните изјавуваат дека денешниот протест нема да биде нивната последна реакција, особено што за изградбата на малата хидроцентрала во нивниот регион разбрале откако почнал да се подготвува теренот.

https://meta.mk/protest-protiv-izgradbata-na-mala-hidroczentrala-vo-probishtipsko/
Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 2016
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #529 Posted: 13-Mar-2021 at 22:03
ДЕВЕТ ОД ПРИЈАВЕНИТЕ 10 КОНЗОРЦИУМИ СЕ КВАЛИФИКУВАА ЗА ВТОРАТА ФАЗА ЗА ХЕЦ ЧЕБРЕН

Владата вчера на 53. седница ја разгледа и усвои Информацијата за доделување концесија за користење вода за производство на електрична енергија од хидроелектрични централи на Црна Река (ХЕЦ Чебрен) заедно со Извештајот за спроведена евалуација на пристигнатите пријави за учество во Фаза 1 – претквалификација.

Според евалуацијата на валидните пријави, од пријавените десет кандидати, Комисијата за евалуација изготви листа на компании кои ги исполнуваат условите од претквалификацијата и тоа се: Конзорциум ЕNКА – COLIN – Турција; Конзорциум PPC – ARCHIRODON – Грција; EDF – Франција; Конзорциум COBRA – COBRA HIDRAULIKA – Шпанија; Конзорциум EVN AG – VERBUND – Австрија; WEBUILD SPA ITALIA (SALINI) – Италија; GEZHOUBA GROUP – Кина; POWER CONSTRUCTION CORPORATION OF CHINA – Кина; и Конзорциум OZALTIN – YAPI MERKEZI – Турција.

Врз основа на оваа евалуација, Владата ја задолжи Комисијата за спроведување постапка за доделување концесија за користење вода за производство на електрична енергија од хидроелектрични централи на Црна Река во рок од седум дена да ги информира сите девет конзорциуми што ја поминаа оваа фаза на претквалификација дека е им одобрено да ја продолжат постапката во втората фаза.

https://makpress.mk/Home/PostDetails?PostId=401629
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 15016
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #530 Posted: 10-Apr-2021 at 17:20
Денес шетав малку по текот на Маркова Река кај Марков манастир и се изненадив кога затекнав мала хидроцентрала изградена малку погоре. Штета, имаше убава природа по текот на реката (иако и многу ѓубре од излетниците), сега се прегради некој природен пристап до горните делови на реката каде што имаше и мали базенчиња од природни карпи.





За сè има вторпат
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19539
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #531 Posted: 27-Jul-2021 at 14:15
Дали по 3 децении државата конечно ќе најде партнер за изградба на ХЕЦ Чебрен?



До крајот на годинава ќе се знае кој ќе му биде партнер на ЕСМ во изградбата на хидроцентралата Чебрен на Црна Река. Во игра се девет компании кои треба да се борат во вториот круг. Станува збор за фирми од Кина, Грција, Турција, Германија, Австрија, Италија.

- Кон средината на септември ќе се објави тендерот на кој 9 те компании кои ја поминаа првата фаза, односно кои технички се квалификуваа за првиот тендер, сега ќе дадат комплетни понуди. Изборот која од нив ќе биде партнер на ЕСМ во јавното приватно партнерство ќе се знае во декември до кога треба да поминат сите рокови за поднесување на понуди, жалби и аукции, се вели во дописот од ЕСМ.

Проценките се дека проектот ќе чини близу 600 милиони евра. Хидроцентралата ќе биде со моќност од 330 мегавати со годишно производство до 1.000 гигавати електрична енергија. Хидроцентралата треба многу да придонесе за енергетскиот сектор во земјава.

Инаку станува збор за децениски проект кој датира уште од 70 тите години. Претходно во пакет се нудеа и Чебрен и Галиште заедно. Но тендерите завршуваа без успех. Како причина за тоа беше наведено дека станува збор за гломазен и голем проект, а толку вода за негова реализација нема, па така се одлучи да се гради само Чебрен.

https://sitel.com.mk/dali-po-3-decenii-drzhavata-konechno-kje-najde-partner-za-izgradba-na-hec-chebren
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19539
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #532 Posted: 05-Sep-2021 at 16:46
ХЕЦ Бошков Мост и Луково Поле стануваат историја?



Не се планираат големи хидро-централи кои се наоѓаат во заштитени подрачја како што се Бошков Мост и Луково Поле, тврдат од Министерството за економија за Алсат. Оттаму велат дека водните капацитети треба да се користат за изградба на мали хидроцентрали, ако има економски и технички оправдани причини.

Фото-напонските и ветерните електроцентрали ќе бидат најбрзорастечки технологии за производство на електрична енергија во сите сценарија…. изградбата на нови мали хидроелектроцентрали треба внимателно да се процени во однос на влијанијата врз животната средина, наспроти придобивките од произведената електрична енергија“, велат од Министерство за економија.

Уделот на струјата произведена од чисти извори на енергија како ветерот, водата и сонцето, во вкупната потрошувачка на енергија кај нас до 2040 година се планира да се искачи дури до 45%. Дотогаш ќе протече многу вода низ турбините, а со тоа сопствениците на електрани, пред сè на мали проточни капацитети, ќе инкасираат висок профит. Уште повеќе ако се знае дека нивната струја државата ја купува по повисоки цени. Некои невладини организации бараат наместо високи тарифи, државата да дава премии за поддршка на производството на чиста струја.

Иако прашавме во Владата дали ќе ја променат актуелната уредба, конкретен одговор се чини не добивме.

„Мерките за поддршка на производството на електрична енергија од обновливи извори на енергија имаат за цел да обезбедат… постигнување на националните задолжителни цели за учество на обновливите извори на енергија во вкупната потрошувачка на енергија и задоволување на условите за заштита на животната средина и ублажување на климатските промени“, изјавуваат од Влада.

Од проектите за изградба на големи хидроцентрали во моментов активен е планот за Чебрен на Црна Река. Инаку, најмногу струја Македонија произведува од термоцентралите, односно од РЕК Битола со горење на јаглен, кој не е еколошко гориво.

https://alsat.mk/mk/hets-boshkov-most-i-lukovo-pole-stanuvaat-istorija/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19539
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #533 Posted: 17-Nov-2021 at 17:56
Експлозија во ХЕЦ Вруток, најголемата хидроцентрала не е во функција

Попладнево се случи експлозија во ХЕЦ Вруток, дознава МКД.мк. Најголемата хидроцентрала во мометов не е во функција.

https://www.mkd.mk/makedonija/razno/eksplozija-vo-hec-vrutok-najgolemata-hidrocentrala-ne-e-vo-funkcija

ЕВН: Осигурувач е причината за експлозијата во ХЕЦ Вруток

Избивање на осигурувач е причината за експлозијата во ХЕЦ Вруток. Од ЕСМ за МКД.мк ја потврдуваат информацијата и официјално велат дека има прекин во мрежата. Ова не е прв пат да има ваков дефект и вакви слични дефекти, според ЕСМ се случувале и порано.

„Има прекин во мрежата. Се работи за избивање на осигурувач. Екипи се на терен и работат на отстранување на дефектот. ХЕЦ Вруток наскоро ќе биде во мрежа. Вакви дефекти се случувале и порано", ни изјавија од ЕСМ.

https://www.mkd.mk/makedonija/razno/evn-potvrdi-osiguruvach-e-prichinata-za-eksplozijata-vo-hec-vrutok-se-raboti-na
Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 2016
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #534 Posted: 22-Apr-2022 at 18:26
Пред недела дена имало извидувања на локацијата кај што треба да се гради Чебрен. Мислам дека овој проект, (заедно со потенцијалниот Галиште), треба да бидат одвоени во посебна тема тука на форумов.

Со цената на струјата, ова станува исполатливо се повеќе од ден на ден, компании заинтересирани има, во септември ќе се знае кој ќе го добие тендерот.




Компаниите заинтересирани за изградба на Чебрен ја посетија локацијата на Црна Река, конечни понуди наскоро
15.04.2022 10:51
136 Читање помалку од 1м

Заинтересираните понудувачи за изградба на хидроелектраната Чебрен ја посетија локацијата на Црна Река во Мариово каде, според проектот, треба да се гради електраната. Посетата беше организирана од страна на меѓуресорската владина Комисија за спроведување на постапката и од АД ЕСМ.


Компаниите заинтересирани за изградба на Чебрен ја посетија локацијата на Црна Река, конечни понуди наскоро
15.04.2022 10:51
136 Читање помалку од 1м

Заинтересираните понудувачи за изградба на хидроелектраната Чебрен ја посетија локацијата на Црна Река во Мариово каде, според проектот, треба да се гради електраната. Посетата беше организирана од страна на меѓуресорската владина Комисија за спроведување на постапката и од АД ЕСМ.

https://libertas.mk/kompaniite-zainteresirani-za-izgradba-na-chebren-a-poseti-a-lokaci-ata-na-crna-reka-konechni-ponudi-naskoro/
Back to Top
ehrlich View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2012
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 1365
  Quote ehrlich Quote  Post ReplyReply #535 Posted: 23-Apr-2022 at 18:04
Над 15 тендери имаше за ова. Патем тендеров беше објавен пред две години и уште немаат избрано, мислиш се бира компанија за изведба на вселенски брод.
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 15016
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #536 Posted: 27-May-2022 at 11:56
За сè има вторпат
Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 2016
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #537 Posted: 27-May-2022 at 14:45
Кажа ли нешто за тендерот за Чебрен? Или мукла по тоа прашање? Пак ли уште еден по ред тендер ќе пропадне?
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2692
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #538 Posted: 11-Jul-2022 at 21:44
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19539
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #539 Posted: 06-Nov-2022 at 15:53
По 13 неуспешни тендери, до крајот на годинава ќе се знае дали ќе има договор за изградба на „Чебрен“

До крајот на годинава треба да се знае дали најновата понуда за изградба на хидроцентралата „Чебрен“ на Црна река, ќе заврши со договор. Досега 13-те распишани тендери беа неуспешни, за идејата стара повеќе од 30 години, што би требало да и донесе сигурност на државава во снадбувањето со електрична енергија.

Мендерес Кучи од Стопанската комора на северозападна Македонија вели дека кога се работи за значајни инвестиции треба да тргне политиката настрана.

За да се привлечат сериозни инвеститори мора институциите да бидат поефикасни во спроведувањето на процедурите.

„Имаме ресурси, но немаме ресурсот политичари ни фали, немаме здрави политичари коишто здраво знаат да размислуваат надвор од она што значи дневна политика. Токму тоа денеска ни се случува, токму тоа ни се случува и со пропаднатите разни тендери, веројатно има причина зошто не се прифатени, односно не се и реализирани, затоа што кај нас процедурите се малку подолги. Сум имал и јас случај да привлекувам инвеститор којшто е озбилен, но озбилните бегаат од нас, остануваат само тие што се спремни за договарања преговарања и одолговлечување на инвестициите, како што и ни се случува до денеска“, истакнува Кучи.

Кучи вели дека сериозните инвеститори ги оттргнува тоа што во земјава нема ефикасност во правниот систем и нема стабилност на владите.

„Доколку тој ги исполнува сите услови, има право на брзина да се жали некаде и набрзина да му се реши проблемот. Тоа кај нас непостои и нема да постои и во блиска иднина. Значи владеењето на правото е број еден. Број два е стабилноста на владите кај нас, односно немањето стратегија според која ќе се движат и нивните програми коишто се економски не се одржливи, односно се краткотрајни. Во долг рок тие пропаѓаат“, вели Кучи.

Инвестицијата во Чебрен би значело зголемување на домашното производство на електрична енергија, особено значајно во услови на енергетска криза.

https://telma.com.mk/2022/11/06/po-13-neuspeshni-tenderi-do-krajot-na-godinava-kje-se-znae-dali-kje-ima-dogovor-za-izgradba-na-chebren/
Carpe diem
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 15016
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #540 Posted: 15-Sep-2023 at 12:17
Конзорциумот ППЦ-Архиродон ја доби изградбата и работата на големиот хидроелектричен проект „Чебрен“

Македонската влада одлучи во корист на конзорциумот ППЦ-Aрхиродон да ја додели изградбата и експлоатацијата на големиот хидроелектричен проект „Чебрен“, вреден една милијарда. Евра, објави грчки Катимерини.

Проектот ќе има инсталирана моќност од 333-458 MВ, за годишно производство од 1000-1200 ГВч електрична енергија и се планира да се реализира врз основа на јавно-приватно партнерство, каде што Државната електроенергетска корпорација на Македонија (ЕСМ) ) ќе биде јавен партнер во проектот и ќе има удел од 33 отсто.

Како што се наведува во соопштението на Владата на Македонија, конзорциумот ППЦ-Архиродон мора во рок од три месеци да склучи договор со ЕСМ и по завршувањето на студијата и обезбедувањето на потребните дозволи, изградбата на проектот, кој е се очекува да трае седум години, треба да започне. Конзорциумот ППЦ-Архиродон беше единствениот што достави комплетна понуда за големиот хидроелектричен проект „Чебрен“, на последниот тендер што го објави Македонија. Тендерот се однесуваше на концесија за експлоатација на вода за производство на електрична енергија од хидроцентрали на реката Црна Река (Црна Река) во југозападниот дел на Северна Македонија. Од 2006 година, од страна на Државата Северна Македонија се одржани 13 аукции за изградба и експлоатација на големиот хидроелектричен проект „Чебрен“, кои сите се покажаа неплодни од различни причини.


https://www.slobodenpecat.mk/konzorciumot-ppc-arhirodon-ja-dobi-izgradbata-i-rabotata-na-golemiot-hidroelektrichen-proekt-chebren/
За сè има вторпат
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 25262728>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.172 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.