build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Енергетика
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Хидроелектрани

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <12345 28>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #41 Posted: 02-Jul-2008 at 10:45
Двојно зголемен капацитетот на ХЕЦ Пена
 
Најстарата хидроцентрала во Македонија Пена, по завршената ревитализација од страна на чешката компанија „Хидропол“, работи со зголемена моќност. Наместо досегашните 2,5 мегавати, сега ХЕЦ Пена работи со капацитет од 4,1 мегават што е скоро двојно повеќе од претходно.
Освен зголемувањето на моќноста, преку процесот на ревитализација зголемен е и прагот на ефикасноста на оваа хидроцентрала за 90%, со што се овозможува и целосно искористување на водата. ЕВН Македонија соопшти дека хидроцентралата е и комплетно автоматизирана и може да се управува од далечина.
ХЕЦ Пена e изградена во 1926 година. Поврзана е со електроенергетскиот систем на 35 киловати дистрибутивно напонско ниво. Таа беше ревитализирана од страна на чешката компанија „Хидропол“ според РОТ договорот.
Претседателот на Управниот одбор на ЕВН Македонија Георг Валднер, на Хидропол му додели сертификат за успешно завршување на ревитализацијата и модернизацијата на ХЕЦ Пена.
Според Валднер, ревитализацијата на ХЕЦ Пена има големо значење за стабилноста на електроенергетскиот систем во тетовскиот регион. Со неа, вели тој, се продолжува животниот век на најстарата хидроцентрала во Македонија и таа и во иднина ќе ги задоволува потребите на граѓаните.
ХЕЦ Пена е една од седумте мали хидроцентрали што се дадени под концесија на чешката компанија Хидропол, која има обврска да ги ревитализира и да менаџира со нив до 2013 година кога треба да и ги предаде на ЕВН Македонија. Неодамна заврши и ревитализацијата на ХЕЦ Калиманци. По завршувањето на овој зафат, ХЕЦ Калиманци стана првата автоматизирана хидро централа во ЕВН Македонија.


http://www.total.com.mk/ShowNewsAdv.aspx?ItemID=11325&mid=303&tabId=1&tabindex=2
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #42 Posted: 04-Aug-2008 at 11:39
http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=F1D064D2D8F4DD41AD1847043900E3B3

„Чебрен“ и „Галиште“ надеж и перспектива на Мариово

Земјиштето крај акумулациите што ќе се создадат достигнува цена и до 20 евра

Виктор Цветаноски

ВИТОЛИШТЕ – БЕШИШТЕ - Сите надежи на жителите од Мариово се свртени кон изградбата на „Чебрен“ и „Галиште“ и тие очекуваат хидроцентралите колку-толку да го вратат животот во нивните села кои веќе се изумрени или се' уште живуркаат со малку душа. „Со нивната изградба, ако ништо друго, дневно во некои од селава ќе поминуваат луѓе, ќе купат нешто од селските продавници, од сточарите сирење, јагне или теле, а од пчеларите мед. Што е уште поважно, ќе имаме многу вода која ќе го освежи нашиот сушен крај и ќе ја смени климата. Сигурно ќе имаме шанса да ловиме во езерата. А Црна е богата со риби“, вели Стојко Пашовски, кој никогаш не си заминал од родното Витолиште.

Мариовци се сигурни дека најголемата македонска инвестиција од најмалку милијарда евра ќе биде вложена во нивното Мариово, до сега заборавено од Господ и од луѓето. Поснаодливите, тие кои знаат дека изградбата на акумулациите носи благодат, веќе се подготвуваат. Луѓе однадвор кои се добро информирани до каде ќе стасаат водите на езерата веќе почнале да купуваат земја во нивна близина за изградба на викендички.

Селаните од Бешиште тврдат дека земјата крај акумулациите што ќе се создадат допрва веќе достигнала цена од десет до дваесет евра за квадрат, во зависност на кое место се наоѓа. Еден прилепчанец се сетил прв и купил големи површини по багателна цена и сигурно ќе препродава плацови за викенд-куќички и ќе заработи многу пари, зашто од речиси цела Македонија имало луѓе кои се интересирале да имаат свое катче во Мариово.

Акумулацијата за хидроцентралата „Чебрен“ ќе покрие дел од синорот на Бешиште, Зовиќ, Чаниште, Рапеш и Маково. Под вода ќе се најде и манастирот во кој засега никој не живее и до кој не може да се стаса со возило. Велат некогаш бил многу богат манастир, имал плодни ниви крај Црна и четири воденици.

Браната ќе биде висока 187 метри, а бешиштани очекуваат со започнувањето на изградбата на „Чебрен“, многу да добие нивното село, зашто сметаат дека кај нив ќе бидат базите и за изградба на браната ќе се користат материјали од нивниот синор. А таму каде што ќе работат луѓе, ќе има и живот. Мерењата до каде ќе стаса акумулацијата се вршеле пред шест години. Тогаш се предвидувало со патишта да се поврзат сите села, а главниот пат да поминува преку Бешиште. Сметаат дека новите инвеститори немаат причина многу да ги менуваат основните проекти.



Витолиште, центарот на прилепскиот дел на Мариово, се наоѓа меѓу двете акумулации, но за него од поголема полза ќе биде поблиската – „Галиште“, која ќе ги поплави викендичките во близина на мостот на Црна над кој водата ќе се искачи повеќе од 10 метри височина. Се планирало да се изгради викенд-населба со 29 куќички, но по добрите вести се' се одложува за подоцна.

Во Мариово, кое сите овие години умира полека, секој ден се згаснува по некое огниште. Стојан Ристески, кој три дена е матичар во Витолиште, а два во Дуње, тоа го поткрепува со конкретни бројки. Вели дека од поодамна не запишал во книгите новородени деца. За време на дваесетината години, колку што работи како матичар во Мариово, имал запишано само две деца. „Порано имаше по некое венчавање, ама сега дали има едно или две годишно. Умирањата се најчести“, вели тој.

А така не била во минатото. Од книгите што ги разгледувал видел дека од 1925 до 1975 година само во прилепскиот дел на Мариово имало запишано 17.000 новороденчиња. Од седумдесеттите години досега, тој број не е поголем од неколку стотини. „Сега во 14 села на прилепско Мариово живеат меѓу 400 и 450 жители. Во три од нив нема ниту еден човек, пред згаснување се уште две-три села, во кои има по неколку души, во две села живеат по десетина луѓе, но и на нив им се гледа крајот“, констатира Ристоски.

Во селската продавница во Витолиште разговараат Стојко Крајоски, Стојан и Стојко Пашовски. Велат, половина Мариовци се викаат Стојан или Стојко и се' додека има Стојковци и Стојановци, Мариово ќе постои. Центарот на поранешната Витолишка општина сега има стотина жители, главно старци. Тие се жалат дека многу поубаво им било кога била општината, зашто често им помагала во решавањето на проблемите на селото. „Без неа немаме ништо. Еве сега имаме дефекти на водоводот, а пари немаме да го поправиме. Ако беше општината, таа ќе ни го решеше проблемот. Вака при водовод, останавме без вода“, велат тие.

Во Витолишта луѓето живеат, главно, од сточарство, а за земјоделство нема услови, бидејќи немаат вода за наводнување. „Дури немаме вода ни за стоката. Имаме една чешма во близина на селото и таму ја тераме да се напојува. Да ни направеа неколку мали езерца, проблемот ќе беше решен. Јас чувам стотина крави од стара сорта буша. Исто по толку имаат уште четворица говедари. Ама месото тешко го продаваме. Увезуваат од странство, а нашето останува. Ни велат потемнувале, а тие што купуваат знаат дека е многу поквалитетно од увозното. Своевремено, во бивша Југославија, ни го земаше ’Подравка‘ од Копривница и со него ја правеше запршката за гулашот, бидејќи беше подобро од сите други меса“, вели Стојко Пашовски.

Добитокот и шесте помали фирми за мермер кои вработуваат по петнаесетина работници се сето стопанство на мариовскиот крај. Се отвораат перспективи и за развој на селскиот туризам. Во Витолиште за малку пари се купуваат стари куќи. Прилепчанка која живеела во Скопје веќе купила 5-6 куќи и била подготвена да плати за секој стар објект што сакале да го продадат. Зошто ќе ги користи, за препродавање или за селски туризам, во Витолишта никој засега не знае да каже.

Back to Top
vardar View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Mar-2008
Online Status: Offline
Posts: 1106
  Quote vardar Quote  Post ReplyReply #43 Posted: 03-Sep-2008 at 11:39
Cheers
 
 

ВЛАДАТА ДЕНОВИВЕ ЌЕ ОДЛУЧИ КОЈ ЌЕ ГИ ГРАДИ ХЕЦ ЧЕБРЕН И ГАЛИШТЕ


РВЕ и Вербунт го трчаат последниот круг!


Владините министри ќе треба да решат кому ќе му дозволат да ја реализира најголемата инвестиција во енергетскиот сектор, за што ќе се вложат околу 700 милиони евра


Владата деновиве треба да одлучи кој ќе биде најповолниот понудувач на тендерот за изградба на големите хидроцентрали Чебрен и Галиште, проект вреден околу 700 милиони евра. Од Министерството за економија велат дека Комисијата, која интензивно работела на еволуација на понудите на германската РВЕ и австриската компанија Вербунт ја подготвила потребната документација, според која, владините министри ќе треба да одлучат кому ќе му дозволат да ја реализира најголемата инвестиција во енергетскиот сектор во земјава.

Новиот министер за економија Фатмир Бесими, кога седна во министерската фотелја најави дека енергетскиот сектор ќе има приоритет во неговиот мандат, особено изградбата на Чебрен и Галиште, ХЕЦ Бошков мост и малите хидроцентрали.

Тендерот за избор на инвеститор кој треба да ги гради хидроцентралите Чебрен и Галиште требаше да финишира летово, но се одложи поради предвремените парламентарни избори.
Централите, кои треба да никнат на Црна Река, според тендерските правила, треба да почнат да се градат следната година во пролет и проектот да заврши за седум години.

Годишното производство на електрична енергија од двете централи се проценува на околу 1.100 гигават-часа.
Според тендерските услови новиот инвеститор ќе добие и 50 години концесија над ХЕЦ Тиквеш. За оваа бенефиција веќе имаше реакции од енергетските експерти, оти според нив, предолг е периодот за кој хидроцентралата Тиквеш се издава под концесијата. ХЕЦ Тиквеш годишно произведува околу 200 гигават-часови електрична енергија, но и го одржува во стабилност електро-енергетскиот систем на земјава.
Во меѓувреме сите надежи на жителите од Мариово се свртени кон изградбата на Чебрен и Галиште. Мештаните очекуваат хидроцентралите да го вратат животот во нивните села, кои ,пак, речиси се изумрени. Со нивната изградба, не само што се очекува да заживее крајот, туку според експертите водата од акумулациите треба да го освежи сушниот крај, и да ја смени климата.

По завршувањето на тендерот за Чебрен и Галиште од министерството за економија потврдуваат дека треба да се заокружи и постапката за изградба на ХЕЦ Бошков мост, како и на малите хидроцентрали.

Валентина МАРЈАНОВИЌ

 
 
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #44 Posted: 06-Sep-2008 at 13:28
Козјак.....


Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #45 Posted: 15-Sep-2008 at 01:00

ХЕЦ „Чебрен“ и „Галиште“ уште чекаат амин од Владата

И на последната владина седница не падна одлуката која понуда е поповолна, на РВЕ или на „Вербунт“

Маја Томиќ

Владата постојано изјавува дека инвестициите во енергетиката и развојот на тој сектор за неа е меѓу врвните приоритети, но конкретната реализација на проектите, сепак, тешко тргнува од место. И многу оптимистички најавуваниот проект за изградба на хидроцентралите „Чебрен“ и „Галиште“ , веројатно ќе почека уште некое време. Иако требаше да биде завршен изборот на подобрата финансиска понуда меѓу германската „Вербунт“ и РВЕ, уште пред да се одржат годинашниве парламентарни избори, одлука се' уште нема и од новиот владин состав. Од Министерството за економија велат дека иако Владата на својата последна седница требаше да расправа за тој проект, точката била одложена за наредната министерска средба.

Според извори на „Утрински“, тендерот не се заокружи пред изборите, затоа што немаше кој да го потпише договорот со инвеститорот. Претходната министерка за економија Вера Рафајловска не сакаше да стави параф на договорот, а таа уште во јануари годинава поднесе неотповиклива оставка, која Владата не и' ја усвои се' до изборите во јуни. По нив, пак, го назначи старо-новиот министер за економија Фатмир Бесими. Наши извори велат дека сега не би требало да има проблем околу потпишувањето на документите за ХЕЦ „Чебрен“ и „Галиште“ и, најверојатно, скоро тоа и ќе се случи.

Енергетските експерти уште пред повеќе месеци реагираа дека државата повеќе ќе изгуби отколку што ќе добие со изградбата на двете хидроцентрали, бидејќи во пакет со нив Владата реши на новиот инвеститор да му ја даде и ХЕЦ „Тиквеш“.

Според професорот Атанаско Туневски, голема грешка беше на Владата што донесе таква одлука. ХЕЦ „Тиквеш“ е проценета на околу 200 милиони евра. Ако се има предвид дека нејзиното просечно годишно производство вреди 20 милиони евра и тоа се помножи со 50, бројот на годините на концесија, ќе се добијат милијарда евра, што значи дека оваа ХЕЦ вреди повеќе од најавената инвестицијата за ХЕЦ „Чебрен“ и „Галиште“ , која се проценува на 700 милиони, коментира Туневски.

Владата ја најави инвестицијата во двете хидроцентрали како досега најголема во енергетскиот сектор. Од Министерството за економија велат дека сега интензивно се работи на евалуација на финансиските понуди на германската РВЕ и на австриската компанија „Вербунт“ и дека Владата наскоро треба да одлучи на кој ќе му дозволи да ја реализира инвестицијата. Според изјавата на министерот Бесими во интервјуто за „Дневник“ , најверојатно, до крајот на годината ќе се реализираат проектите за овие две хидроцентрали. За почетокот на следната година, пак, е планирана реализација на ХЕЦ „Бошков мост“, за што се зборува веќе две години. Треба да се заокружи и проектот за малите хидроцентрали, како и за Вардарска Долина, со приближно 12 хидроцентрали.

Централите „Чебрен“ и „Галиште“ би требало да никнат на Црна Река и, според тендерските правила, треба да почнат да се градат следната пролет. Градбата треба да заврши за седум години. Годишното производство на струја се проценува на околу 1.100 гигават-часа. Инвеститор ќе добие концесија за управување со хидроцентралите од 50 години.


http://utrinski.com.mk/?ItemID=E5AF238A788FDE42BABEED34909A7048
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #46 Posted: 06-Oct-2008 at 11:35
ВЛАДАТА НЕОДЛУЧНА
Заглави тендерот за "Чебрен" и "Галиште"

Изборот на инвеститор за хидроцентралите на Црна Река, "Чебрен" и "Галиште" пак заглави, иако според официјални владини извори нема никакви пречки или причини за застој на тендерот на кој понуди дадоа германската компанија РЊЕ и австриската "Вербунд". Владиниот портпарол Шефик Дураки вели дека следната недела се очекува Владата да донесе одлука за тендерот.
"Министерството за економија ги достави сите потребни документи до Владата и неделава информацијата треба да помине на комисијата за економија, по што следната недела треба да се разгледа и на владина седница", изјави Дураки.
Од Министерството за економија велат дека внимавале инвеститорите да добијат еднаков третман во тендерската постапка.
Неофицијални извори тврдат дека постапката се развлекува поради одредени отстапки од условите во тендерот, што ги понудиле инвеститорите. Наводно, РЊЕ побарал да му се надоместува намалениот доток на вода во акумулациите на хидроцентралите, но не со исплата на кеш, туку со продолжување на концесијата.
Владата досега не информираше детали за евентуалните отстапки понудени од инвеститорите.
Германската РЊЕ на тендерот понуди во јавното партнерство ЕЛЕМ да учествува со 47 отсто и бараат концесија од 39 години, а австриската "Вербунд" нуди на ЕЛЕМ 33 отсто учество и 50 години концесија. Инвеститорот под концесија ќе ја добие и ХЕЦ "Тиквеш", на што се спротивставија експерти бидејќи со тоа државата повеќе ќе изгуби, отколку што ќе добие. (Т. Ј.)

http://www.vest.com.mk/default.asp?id=157885&idg=8&idb=2491&rubrika=Makedonija

А зашто се дава под концесија Тиквеш. Што е наведено како образложение од страна на владата?!

Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #47 Posted: 28-Nov-2008 at 22:36

Неизвесна изградбата на ХЕЦ Чебрен и Галиште

петок, 28 ноември 2008, 19:10

Неизвесна изградбата на хидроцентралите Чебрен и Галиште. И по речиси една година одлагања Владата сеуште не го избра инвеститорот.

И додека кандинатите Австриски Вербунд и Германкси RWE чекаат одговор, се погласни се прогнозите дека е можно поништување на тендерот. Во Владата не откриваат –зошто доцни изборот на најповолен понудувач и дали е можно поништување на изборот.

Според инфорациите на Алфа ТВ, Владата се соочила со проблеми за промена на тендерските условите што ги побарале потенцијалните инвеститори на хидроцентралите. Стравувајќи дека водниот потенцијал на Црна Река е помал од прикажаниот од страна на Владата, инвеститорите барале финаниски гаранации дека ќе им ги надомести загубените количини произведена струја со пари од буџетот или со продолжување на концесијата за користење на хидроцентралите.

Изградбата на Чебрен и Галиште се промовираше како најголема инвестиција во енергетскиот сектор вредна околу 700 милиони евра. Се предвидуваше овие хидроцентрали годишно да производуваат околу 1100 гигават-часа струја.

Идејата за изградба на Чебрен и Галиште е стара 45 години. По маратонски студии за економска оправданост, кон крајот на деведесетите пропадна првиот обид за тендер. Можното пропаѓање и на вториот обид сега ги пролонгра инвестициите во енергетскиот сектор најавени за излез од катастрофалната енергетска состојба на земјата. 

http://vesti.alfatv.com.mk/default.aspx?mId=37&eventId=2662


Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #48 Posted: 01-Dec-2008 at 22:33
Поништен тендерот за Чебрен и Галиште

Поништен е тендерот за изградба на хидроцентралите Чебрен и Галиште, дознава Алфа Телевизија. Оваа одлука Владата ја донела уште на седницата одржана минатиот понеделник но, и по една недела министрите молчат. Никој не кажува -Зошто е донесена одлуката за стопирање на постапката за избор на иден инвеститор помеѓу Австриски Вербунд и Германскиот RWE.

Како можен мотив за поништување на тендерот, според информациите што ги објави Алфа ТВ минатата недела, е проблемот со кој се соочила Владата за промена на условите што ги побарале потенцијалните инвеститори на хидроцентралите.
Стравувајќи дека водниот потенцијал на Црна Река е помал од прикажаниот од страна на Владата, инвеститорите барале финаниски гаранации дека ќе им ги надомести загубените количини произведена струја со пари од буџетот или со продолжување на концесијата за користење на хидроцентралите.
Со одлуката за поништување на тендерот за изградба на хидроцентралите Чебрен и Галиште, Владата и по три години не успева да обезбеди инвеститор кои би го реализирал најголемиот енергетски проект во Македонија.

За енергетските експерти поништувањето на тендерот е уште еден лош сигнал за и онака катастрофалната енергетска состојба на земјава.

Изградбата на Чебрен и Галиште се промовираше како најголема инвестиција во енергетскиот сектор вредна околу 700 милиони евра. Се предвидуваше овие хидроцентрали годишно да производуваат околу 1100 гигават-часа струја.
Идејата за изградба на Чебрен и Галиште е стара 45 години. По маратонски студии за економска оправданост, кон крајот на деведесетите пропадна првиот обид за барање инвеститор. Пропаѓањето и на овој тендер кој беше пред финиш, ќе значи дополнителни десетици илјади евра за објава на нов, дополнителни 6 месеци за тендерска постапка и 8 години изградба.

http://vesti.alfatv.com.mk/default.aspx?mId=37&egId=2&eventId=2757


Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #49 Posted: 01-Dec-2008 at 22:37
Пропаѓањето и на овој тендер кој беше пред финиш, ќе значи дополнителни десетици илјади евра за објава на нов, дополнителни 6 месеци за тендерска постапка и 8 години изградба.


Не е проблем, имаме време во изобилство Roll%20eyes

Навистина поразителна вест  Ohno
Back to Top
Б.Ѓ.Т View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 15-Nov-2008
Location: skopje
Online Status: Offline
Posts: 311
  Quote Б.Ѓ.Т Quote  Post ReplyReply #50 Posted: 03-Dec-2008 at 18:05

Пропадна тендерот за Чебрен

Коментари (0)   
03.12.2008 17:18
Изградбата на две хидроцентрали на Црна Река доведена во прашање

 

Најголемата инвестиција во енергетскиот сектор е на пат да пропадне. Станува збор за изградбата на две хидроцентрали на Црна Река проект за кој беа заинтересирани две големи европски компании.

Владата го поништи тендерот за изградба на Чебрен и галиште поради пропусти во тендерската процедура. Со вакво објаснување е доведена во прашање инвестиција од околу 700 милиони евра.

За учество во проектот се пријавија германски „РВЕ“ и австриски „Вербунд“. Понудите беа отворени уште во април кога работите застанаа.

Деновиве Владата ги известила понудувачите дека тендерот ќе биде повторен. Странските инвеститори, според нивните овдешни претставници, биле затечени од ваквиот потег, особено што станува збор за значајна инвестиција во енергетскиот сектор во услови на глобална криза кога инвеститорите се повеќе се воздржуваат од вложувања.

Според информациите на А1, станува збор за стари податоци за хидропотенцијалот во тиквешието кои по грешка им биле презентирани на странците.

Официјалното објаснување со извинување до потенцијалните инвеститори го соопшти министерот за економија Фатмир Бесими.


http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=101076


Edited by Б.Ѓ.Т - 04-Dec-2008 at 16:33

Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #51 Posted: 04-Dec-2008 at 01:21
Идната недела нов тендер за Чебрен и Галиште


Владата го поништи тендерот за изградба на големите хидроцентрали Чебрен и Галиште, бидејќи утврдила дека понудите на германската РВЕ и австриската компанија Вербунт отстапувале од тендерските критериуми, што се однесуваат за рокот на концесијата и процентуалното учеството на ЕЛЕМ во јавно приватно партнерство со инвеститорот. Министерот за економија, Фатмир Бесими најави дека идната недела ќе биде објавен нов, втор меѓународен тендер за изградба на Чебрен и Галиште.

Според Бесими, најдобриот понудувач не можел да биде избран бидејќи инвеститорите побарале продолжување на рокот на концесија. Тие условиле да им се обезбеди одредена количина на вода, а барале и гаранции од аспект на хидролошките ризици.
- Ние не можевме да отстапиме бидејќи тоа е надвор од правилата на тендерот - рече Бесими.
Проектот за иградба на Чебрен и Галиште е вреден околу 700 милиони евра, а двете централи треба да произведуваат 1.100 гигават-часа струја годишно.

Министерот за идната недела најави објавување на трет тендер за изградба на уште 20 мали хидроцентрали вредни 15 милиони евра. Тие ќе бидат со инсталирана снага од 13,4 мегавати и производство на електрична енергија од 54 гигават-часа.

Бесими потврди дека Владата го заврши првиот и вториот пакет за изградба на мали хидроцентрали, а за 20 дена се очекува да се потпишат договорите со избраните компании. Во првиот пакет се избрани осум компании за 42 локации, дека за вториот пакет од 24 локации, избрани се седум компании. Оваа инвестицијата е вредна 62 милиони евра.

http://vecer.com.mk/?ItemID=48B681F39861474E82874A7B10AA295C


Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #52 Posted: 04-Dec-2008 at 01:24
Незнам каде води ова бескрајно повторување на тендерите но колку што знам прво се пуштаар пеобни балони во вид на огласи за конечна да се усогласат критериумите на тендерите. Сепак ова е еден пофер начин, зашто сепак со корегирани критериуми може би повеќе заинтересирани ќе се јават.
Back to Top
Б.Ѓ.Т View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 15-Nov-2008
Location: skopje
Online Status: Offline
Posts: 311
  Quote Б.Ѓ.Т Quote  Post ReplyReply #53 Posted: 04-Dec-2008 at 15:43
Неочекувано поништен тендерот за „Чебрен“

Владата не дава прецизни објаснувања зошто се решила на таков чекор за проектот вреден 500 милиони евра

Маја Томиќ

Најголемата инвестиција на Владата во енергетскиот сектор, како што самата ја квалификуваше, ќе тргне од почеток. Идната недела ќе се распише нов тендер за изградба на хидроцентралите „Чебрен“ и „Галиште“ на Црна Река. Наместо претходниот конечно да заврши со избор на најповолната од двете понуди, германската РВЕ и австриската „Вербунт“, работите се враќаат назад.

Веста за одлуката ја соопшти вчера министерот за економија, Фатмир Бесими, иако само на дел од медиумите, чии телефони наводно му биле познати на Министерството. Според Бесими, како што е познато, на тендерот биле доставени две понуди, на РВЕ и на „Вербунт“, но Владата констатирала дека има отстапувања од тендерските критериуми, а тие биле во врска со рокот на концесија и со утврдувањето на учеството на ЕЛЕМ во овој проект.

„Овие отстапувања оневозможија да се направи евалуација и споредување на понудите, за да се најде најсоодветниот и најдобриот понудувач. Затоа Владата одлучи да го повтори тендерот“, изјави Бесими и додаде дека компаниите се веќе информирани за таа одлука. Следниот тендер ќе бил многу попрецизен, се обврза Бесими, а концептот ќе остане ист.

Во услови на се' поголем недостиг од струја и растечка зависност на земјата од увоз на електрична енергија, како и континуиран раст на цената на струјата во регионот, Владата наместо да ги забрза тендерите за нови енергетски објекти, таа ги стопира, реагираат експерти. Иако самата Влада постојано потенцира дека енергетиката е еден од нејзините приоритети за развој на економијата.

Кога Бесими летоска ја презеде по втор пат функцијата министер за економија, за медиумите изјави: „Реално, има услови за реализација на зацртаните енергетски проекти. Веднаш треба да се оди на инвестирање во производствените капацитети во хидро и во термоцентралите, како што се ’Чебрен‘ и ’Галиште‘“.

Владата поништи тендер за кој досега не кажа ниту збор дека имало какви било проблеми со барања за отстапки во тендерот. Во октомври од владиниот кабинет изјавија дека изборот на инвеститор за „Чебрен“ и за „Галиште“ не е заглавен, како што се мисли во јавноста, нема никакви пречки за негово реализирање и многу скоро Владата ќе донела конечна одлука. Слични беа констатациите од Владата и во почетокот на септември годинава, кога имаше изјави од типот: „деновиве ќе се одлучува за најдобрата понуда меѓу РЕВ и ’Вербунт‘, на чија евалуација интензивно работи комисија од Министерството за економија и само се чека владините министри да дадат зелено светло“.

Според неофицијални извори, тендерот е поништен затоа што компаниите сакале Владата да направи некои отстапки од веќе дадените услови во тендерот. Наводно, РВЕ побарала и да му се надоместуваат загубите кои ќе настанат поради намалените дотеци на вода во акумулациите, но не со исплата на пари, туку со продолжување на рокот на концесијата, што за Владата било неприфатливо. Исто така, РВЕ сакала да го намали и процентот на учество на државата во целиот проект. Таа имаше понудено во јавното партнерство, државата преку ЕЛЕМ да учествува со 47 проценти, а концесијата да изнесува 39 години. Австриската „Вербунд“, пак, понудила учество на ЕЛЕМ од 33 отсто и 50-годишна концесија. Според тендерот, заедно со ХЕЦ „Чебрен“ и ХЕЦ „Галиште“, инвеститорот под концесија ја добиваше и ХЕЦ „Тиквеш“, на што реагираа домашните експерти, бидејќи со тоа државата губи значаен капацитет, наместо да биде во ќар.

Сега поништениот тендер за хидроцентралите првично требаше да заврши на крајот на 2007 , но работите се пролонгираа и Владата годинава пред избори требаше да ја избере подобрата понуда меѓу РВЕ и „Вербунт“. Вредноста на проектот се проценуваше на 500 милиони евра и тој се ценеше за досега најголем во енергетиката. Централите требаше да почнат да се градат следнава пролет и да завршат по седум години. Моќноста на „Чебрен“ се очекуваше да биде 330 мегавати, а на „Галиште“ 193 мгв. Годишното производство на струја требаше да изнесува 1.100 гигават-часа, колку што е моментално вкупната струја од хидроцентралите во земјава.

Германската РВЕ уште во април годинава се прогласи за фаворит. Тогаш претставници на компанијата, заедно со претставници на Владата и на локалната власт, во Прилеп и во Кавадарци го промовираа проектот и идеите за инвестирање, потенцирајќи дека се подготвени да вложат над 500 милиони евра, што беше сигнал дека Владата веројатно веќе се определила за изборот на РВЕ.

И додека Владата прави фати - пушти со значајни тендери и од разни причини ги одолжува инвестициите, во соседството проектите во енергетиката се одвиваат со несмалено темпо. Агенциите објавија дека Италија ќе инвестира 2,5 милијарди евра во развојот на енергетиката во Албанија, за што премиерите на двете земји, Силвио Берлускони и Сали Бериша, потпишаа неколку билатерални спогодби во Тирана. И соседна Бугарија интензивно работи на изградбата на нуклеарката „Белене“. Сопственик на 49 од капиталот е германската РВЕ, која ќе инвестира во централата четири милијарди евра. Таа ќе произведува 14.000 ггвч. струја годишно.

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=DC9B33E6BEFC0A478A4FDC792FD58793


Edited by Б.Ѓ.Т - 04-Dec-2008 at 16:32
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #54 Posted: 06-Dec-2008 at 01:41

Зголемено нивото на Мавровско Езеро

ГОСТИВАР - Интензивните врнежи на дожд кои последниве денови ги зафатија Мавровскиот, Горнореканскиот регион и системот „Шарски води“ го зголемија нивото на Мавровско Езеро за триесетина сантиметри. Мавровско Езеро достигна 1.212,73 м и во него се наоѓа резерва на вода за производство на околу 60 милиони квч. електрична енергија. Во овој период се акумулираа над 550.000 кубни метри вода, што е два отсто од просечниот годишен доток во езерото. Според Зоран Јосифовски, директор на гостиварската експозитура на ХЕЦ „Маврово“ на АД ЕЛЕМ, Мавровскиот хидроенергетски систем ќе ја акумулира секоја капка вода.

http://utrinski.com.mk/?ItemID=9F67A642715A1D4EB69141DC08C00F0E

Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #55 Posted: 12-Dec-2008 at 01:56
„Чебрен“ ќе ја исуши Пелагонија

Браната висока 192 метра ќе ја повлече целата вода од Црна Река, чиј воден капацитет е многу помал од предвидениот во конкурсот, предупредуваат експертите


ХЕЦ „Козјак“ е единствен поголем енергетски капацитет изграден последниве две децении

Во поништениот конкурс за изградба на хидроцентралите „Чебрен“ и „Галиште“, водниот капацитет на Црна Река беше предимензиониран поради што ќе им плаќавме големи отштети на инвеститорите, тврдат експертите. Според Јордан Ставров, експерт за управување со води, податоците за протокот на Црна Река се од стари мерења, кои не се валидни.

- Во Битолско-пелагонискиот регион, според истражувањето на словенечкиот универзитетот во Нова Горица направено пред две години, во периодот од 2020 - 2050 година врнежите ќе се намалат за 35 отсто, а потребите за вода ќе се зголемат за 50 отсто. Тоа значи дека полнењето на акумулацијата „Чебрен“ и денес и во иднина е под голем знак прашалник - предупредува Ставров.

Во конкурсот се предвидува целата вода од реката да се користи за производство на струја, со што не би останало ништо за наводнување, што води кон економско замирање на Пелагонискиот регион.Иако се работи за стар проект, од 1984 година, конечната одлука за изградба на т.н. висок Чебрен е донесена по физибилити-студијата за инвестициски можности во енергетскиот сектор „Оптимизација на системот Црна Река за производство на електрична енергија“, изработена од грчкиот конзорциум „Ексергија“ во 2003 година и финансирана од програмата ФАРЕ. „Ексергија“ подоцна, во 2006 година, ја изработи и документацијата за конкурсот.

Проектот за ХЕЦ „Чебрен“, објавен на веб-страницата на „Електрани на Македонија“ (ЕЛЕМ), предвидува изградба на брана висока 192,5 метри со капацитет на акумулација на волумен од 915 милиони кубни метри. Според податоците што се однесуваат за периодот 1946 - 2005 година, вкупниот годишен доток на вода во Црна Река изнесува 803 милиони кубни метри, а просечниот годишен доток изнесува околу 26 кубни метри во секунда.

- Со толку висока брана од 192 метра, во случај да нема доволно вода како што е планирано со конкурсот, Грција може да не' обвини дека намерно им ја блокираме водата. Тоа им го овозможуваат критериумите од Хелсиншката конвенција за заштита, управување и употреба на меѓународни водотеци - вели Ставров.Тој смета дека студијата на грчката компанија не ги почитува критериумите за управување со водите, а тоа значи дека целата количина на вода да се користи исклучиво за енергетски цели.Тврдењата на Ставров дека капацитетот на водотекот на Црна Река е намален ги потврдува и Златко Черепналковски, експерт по енергетика од консултантската фирма „Мајнел капитал адвајзер“ од Австрија.

- Проектот не е неповолен, туку проблемот е во тоа што треба да се изградат брани со оптимални димензии диктирани од водниот капацитет на реката. Нереално е од една страна да се дава огромни субвенции за земјоделството токму во овој регион, а, од друга, да се црпи целиот капацитет на реката за енергетски цели - вели Черепналковски.Според него, високите брани се неисплатливи бидејќи е потребна поголема инвестиција и токму поради тоа, заинтересираните инвеститори имале забелешки и барања при понудите за изградба.

Министерот за економија Фатмир Бесими неодамна објави дека е поништен конкурсот за изградба на „Чебрен“ и „Галиште“, а како причина го посочи барањата за промена на критериумите во тендерот на потенцијалните инвеститори, австриски „Вербунд“ и германски РВЕ. Отстапувањата биле во однос на рокот на концесија и во однос на утврдувањето на учеството на државната компанија ЕЛЕМ во овој проект. Двете компании се сомневале дека водниот потенцијал на Црна Река е помал од тој што го прикажа Владата, па барале финансиски гаранции дека ќе им ги надомести загубените количини произведена струја со пари од буџетот или со продолжување на концесијата за користење на хидроцентралите. На поништениот тендер РВЕ бараше ХЕЦ „Тиквеш“ да го добие под концесија за 39 години, а „Вербунд“ бара концесија од 50 години.

Јордан Ставров, на неколку состаноци, за неповолностите на тендерот ги предупредил поранешната министерка за економија Вера Рафајловска, вицепремиерот Зоран Ставрески и директорот на ЕЛЕМ Влатко Чинговски. Но, според Ставров, иако го сослушале неговото излагање, на кое тој прикажал пишани документи и факти, условите во конкурсот не се променети.Ниту министерот за економија Фатмир Бесими, кој треба да го објави новиот конкурс во идната недела, ниту вицепремиерот Ставрески вчера не беа достапни за коментар за ова прашање.

ИНФО-Стари мерења

Податоците за протокот на Црна Река се од стари мерења, кои не се валидни, укажуваат експертите.Во конкурсот се предвидува целата вода од реката да се користи за производство на струја. Со тоа не би останала вода за наводнување, што води кон економско замирање на Пелагонискиот регион.

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=7673308399679E47BA01B587B13556B5


Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #56 Posted: 12-Dec-2008 at 03:28


Ваљда од критериумите во новиот тендер повеќе ќе ни се разјаснат работите. Во секој случај огромна штета што работите се одолговлекоа. Ако работите навистина стојат како што е опишано во текстот тоа не смеело да промакне ни првиот пат.
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #57 Posted: 15-Dec-2008 at 14:12
Нова Македонија понекогаш знае да не изненади со по некоја ваква опсежна анализа.....

Дали реките ни течат бадијала?



Автор:  Александар С. Димковски
Економија
Република Македонија има огромен потенцијал за искористување на хидроенергијата, која во моментот учествува со околу 20 отсто од вкупната енергија што ја произведуваме. Со максимална искористеност на сите расположиви водни капацитети и изградба на предвидените 400 мали хидроцентрали, овој процент може значително да се зголеми. Со тоа и зависноста од увоз на електрична енергија ќе се намали за најмалку 10-15 отсто, сметаат експертите. Водата е еден од најисплатливите извори на енергија и претставува најзначаен обновлив енергетски извор во Македонија. Но, за нејзина поголема искористеност потребни се интервенции во Законот за енергетика, истиот да се усогласи со останатите закони за води, што ќе овозможи изградба на микро и пико централи. Експертите препорачуваат да се направи и ревидиран катастар на целокупниот воден енергетски потенцијал на државата.

Хидропроизводството претставува 15 отсто од вкупното производство на електрична енергија. Нашите хидроелектрични централи работат на принципот на конверзија на механичка во електрична енергија, при што основен двигател се протечните води во земјата.

Вкупниот волумен на акумулациите е 891 милион кубни метри вода со вкупно годишно производство од 100 GWh. Вкупната инсталираност на хидрокапацитетите изнесува 504 MW, односно 39 отсто од вкупните капацитетите - велат во АД ЕЛЕМ.

Скап увоз

Сепак во моментов, со постојната изграденост на хидроенергетските извори, од технички искористивиот потенцијал се користи само 26,6 отсто.

Користењето на водата како ресурс е поврзано со изградба на значајни градежни објекти, пред се брани и акумулации, долги доводни тунели или цевоводи, кои објектите ги прават доста скапи.
Наспроти големата цена на изградбата, годишната експлоатација на објектите и производството на електрична енергија од хидроелектричните централи е релативно ниско. Сепак, освен водата, Македонија и нема друг избор. Количествата на јаглен ќе се потрошат за 10-15 години. Нафта и природен гас немаме. Нуклеарка исто така. Останува единствено водата, ветерот и сонцето како алтернативни извори на енергија, смета научната јавност.

- Проблемот кај нас е големата разлика во потрошувачката на електрична енергија дење и ноќе. Централите треба да работат на константно скапа струја. Ако увезуваат дење е многу поскапо, отколку ако увезуваат ноќе. Во земјите од Европската Унија се помали разликите за цената на струјата дење и ноќе, отколку кај нас - ни изјави академикот Глигор Каневче, раководител на тимот за изработка на националната енергетска стратегија. Според него, изградбата на хидроцентралите Чебрен и Галиште ќе придонесе за зголемување на производството на енергија. Истото се однесува и на проектот Вардарска долина, иако тука единствено централата кај Велес е поголема, а сите други се мали.

- Предноста на реверзибилните хидроцентрали е што ќе работат ноќе со пумпање на водата од долното на горното езеро. Истата вода ќе се врти напред -назад. Иако нема да произведува многу енергија, предноста на овие централи е што ќе троши евтина, а ќе произведува кога е скапа енергијата - вели Каневче.

И покрај природните ресурси во однос на водниот потенцијал, Македонија не може да се споредува со некои земји од регионот како Србија и Црна Гора, каде имаат многу реки и клисури.
Македонија нема реки од типот на Дунав или Сава, кои во текот на целата година имаат висок водостој и непречено може да се произведуваат струја, велат од МАНУ.

Кај нас искористеноста на капацитети многу зависи од хидроусловите и дождовите. Кога има суша и акумулациите се празни, а хидроцентралите произведуваат струја само кога има доволни вода.

Внимателно со концесиите

Анализите покажуваат дека дури и без влијание на климатските промени сливот на поголемите реки во Македонија се соочува со недостиг од вода. Недостигот од вода за временскиот период до 2020 година се предвидува за водните сливови на реките Брегалница, Струмица, Црна...

Хидроцентралите најчесто се вклучуваат во системот кога е најпотребно за да се испеглаат пиковите, односно дневниот дијаграм во потрошувачката на електрична енергија.

Со тоа се постигнува поголема флексибилност и расположивост на електроенергетскиот систем, како и соодветен процент на производство од обновливи извори на енергија.

Друга предност на хидроцентралите е што за многу кратко време може да се стават во функција. Од позиција на мирување до постигнување на максимална моќност, не се потреби повеќе од 5-6 минути, велат од ЕЛЕМ.

Експертите предупредуваат дека при издавањето на концесии за користење на водениот потенцијал многу е важно тие да се дисперзираат на целата територија на државата. Така ќе се овозможи нејзин рамномерен развој.

- Водениот потенцијал не се наоѓа само во големите градови. Напротив тој е во руралните средини и затоа треба да се направи ревидиран катастар на целокупните воден- енергетски потенцијал - нагласуваат тие.

Владата во наредните неколку години планира изградба на околу 400 мали хидроцентрали на територијата на целата држава.




И граѓаните може да градат хидроцентрали

Во услови на глобална енергетска криза малите таканаречени пико централи може да му помогнат на стопанството, на малите и средни бизниси. Предноста на овие централи е што имаат минимални градежни работи и доколку нема административни бариери, ваквите проекти може да се реализираат за 3 до 6 месеци. Во Ирска има специфичен закон што подразбира автоматско добивање право на користење на водата. Доколку имаш земјиште и реката тече низ твојата земја, тогаш по автоматизам таа ти припаѓа и тебе.

Во Македонија во близина на Пехчево на река Брегалница, постои пико хидроцентрала, која произведува електрична енергија за потребите на тамошниот рибник и ресторан.

Експертите сметаат дека треба со подзаконски акт да се интервенира во рамките на постојниот Закон за концесии.

- Кај нас не може ништо да искористите што нема јавна намена. Не може да се искористи ниту еден литар вода без јавен тендер. За да заживеат ваквите проекти потребно е да се предвиди водостопанска дозвола, која би се издавала на одреден период - велат упатените во оваа проблематика.




Постојни хидроцентрали

- Мавровски систем (ги собира водите до Кораб, Бистра и Шар планина). Во системот спаѓаат централите Врбен, Вруток и Равен.
- ХЕ Тиквеш, на Црна Река, близу Кавадарци
- ХЕ Шпилје, на Црн Дрим, близу Дебар
- ХЕ Козјак, на Треска, близу Скопје
- ХЕ Глобочица, на Црн Дрим, близу Струга


Се планираат

- ХЕ Бошков мост, на мала Река, близу Дебар
- ХЕ Чебрен, на Црна Река, близу с. Манастир
- ХЕ Галиште, на Црна Река, акумулација Тиквеш
- ХЕ Велес, на Вардар, Башино село, Велес
- ХЕ Градец, на Вардар, 30 километри од македонско грчка граница
- ХЕ Вардарска долина, 10 хидроцентрали по долината на Вардар

http://www.novamakedonija.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=2&fCat=1&top=1&EditionID=264&ArticleID=13635
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #58 Posted: 15-Dec-2008 at 14:23
Многу јака работа се ова реверзибилните централи, само што захтеваат соодветен терен а башка и никој не гарантира дека односот на дневна/ноќна струја ќе остане ист па ќе биде исплатливо во иднина. Што е работата уствари. Се сопира централата и со увозно ефтина (ноќна) струја, навечер, долното езеро се препумпува у горното (нормално, не цело ) и преку ден кога е скапа увозната струја ние си правиме домашна. Всушност системот на две зера служи како батерија за ефтина струја.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #59 Posted: 15-Dec-2008 at 16:52
Да, ретко се среќаваат вакви солидни и информативни текстови, без глупости и дезинформации по нашиве весници.

Инаку за реверзибилните, од тоа што читав од ЕЛЕМ таква треба да биде Чебрен, а ако не грешам се планира и вештачка акумулација Луково Поле мислам за некоја од централите во мавровскиот систем да се адаптира за такво функционирање.
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #60 Posted: 19-Dec-2008 at 23:07
Втор тендер за Чебрен и Галиште


Министерството за економија, вчера, го објави вториот меѓународен тендер за изградба на големите хидроцентрали Чебрен и Галиште. Владата пред десетина дена го поништи јавниот оглас за изградба на овие хидроцентрали на Црна Река, бидејќи утврди дека понудите на германската РВЕ и австриската компанија Вербунт отстапувале од тендерските критериуми што се однесуваат на рокот на концепцијата и процентуалното учеството на ЕЛЕМ во јавно приватно партнерство со инвеститорот. Министерот за економија, Фатмир Бесими тогаш појасни дека во новиот тендер нема да се менуваат условите за конкурирање на заинтересираните инвеститори. Според тендерските правила, тие ќе можат да ги достават своите понуди на адресата на Министерството до 19 март, идната година. Проектот е вреден околу 700 милиони евра.



http://www.vecer.com.mk/?ItemID=6B9EE15CF055E842873BF760C89B942E
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <12345 28>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.172 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.