build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Енергетика
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Хидроелектрани

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 23456 28>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
La Linea View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
  Quote La Linea Quote  Post ReplyReply #61 Posted: 20-Dec-2008 at 01:48
Originally posted by lslcrew

Многу јака работа се ова реверзибилните централи, само што захтеваат соодветен терен а башка и никој не гарантира дека односот на дневна/ноќна струја ќе остане ист па ќе биде исплатливо во иднина. Што е работата уствари. Се сопира централата и со увозно ефтина (ноќна) струја, навечер, долното езеро се препумпува у горното (нормално, не цело ) и преку ден кога е скапа увозната струја ние си правиме домашна. Всушност системот на две зера служи како батерија за ефтина струја.


Wow! Сум го пропуштил ова лсл... Дали во МК постои вакво нешто? И дали е скап зафат да се направи една нереверзибилна централа во реверзибилна?
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #62 Posted: 20-Dec-2008 at 04:14
Па ако има две последователни акумулации треба да се домонтира само препумпниот дел. Ако не е проектирано да биде реверзибилно, е изводливо но ќе има поголеми загуби у потенцијал што е последица на долги реверзибилни канали каде што треба поголема можност. Препумпните се обично едно после друго езеро така да висинската разлика не биде преголема. Но се зависи од увозната ефтина струја и дали минималниот праг на ефтина струја ќе "држи вода" во буквална смисла. Па и да не држи вода тогаш ќе си се користат двете ХЕ одделно независни и пак ќе си ја даваат струјата што можат да ја произведат.
Back to Top
UrbanFreak View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Oct-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1732
  Quote UrbanFreak Quote  Post ReplyReply #63 Posted: 21-Dec-2008 at 01:50
ЛСЛ па има кај нас такви акумулации Матка 1, 2 и Козјак, Шпиље и Глобочица. Според ова што го кажуваш можеби Матка 1,2 и Козјак се најсоодветни, 3 се, втората (средната) се гради.
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #64 Posted: 21-Dec-2008 at 02:01
Сега немаме, ама може да се изведе. Матка 1 и два колку што знам с блиску па така да ваљда може. Не сум стручњак точно да ви кажам. Доколку е посериозна најавава сигурно ќе има некакво подетално обајснување низ медиумиве.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #65 Posted: 21-Dec-2008 at 02:25
Искоментирав поназад за реверзибилниве, таква е планирана да биде Чебрен.

Исто така мавровскиот систем е планирано да се заокружи со некоја брана и акумулација Луково Поле, ама бидејќи во англиските верзии тоа го имам среќавано како "Lukovo Pole Storage", мислев можеби и таму е планирана адаптација за реверзибилно работење... Сепак не успеав да најдам потврда за ова.

Еве нешто повеќе за реверзибилните хидроелектрани:
http://en.wikipedia.org/wiki/Pumped_storage_hydroelectricity



А еве и еден интересен податок за планираната акумулација Луково Поле:

http://www.reka.org.mk/tekst.asp?lang=mac&tekst=21
Наскоро треба да започнат и работите на изградбата на браната и на хидроелектричната централа Бошков мост, а во иднина Реканците се надеваат и на изградбата на акумулацијата Луково поле (која би била лоцирана високо во планините, меѓу Маврово и Жировница). Со овие акумулации и со реката Радика овој регион ќе стане еден од најголемите резервоари на чиста и на квалитетна вода во Европа, што е одлична перспектива за убав живот.



Edited by Cloverstack - 21-Dec-2008 at 02:25
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #66 Posted: 19-Jan-2009 at 22:27
Министерот Бесими во Приштина разговара за можностите за унапредување на соработката во економијата и енергетиката

Приштина, 19 јануари (МИА) -

....

Македонија и Косово, во делот на енергетиката имаат взаемен интерес за реализација на проектот „Луково поле“ вреден 30 милиони евра. Како што јави известувачот на МИА од Приштина, станува збор за изградба на нова акумулација која ќе се наоѓа на македонска и на косовска територија. Со изградба на една мала хидроцентрала и постоечките Вруток, Равен и Врбен ќе се добие дополнително производство на електрична енергија од 164 гигават часови. За реализација на проектот постои техничка документација. 

Покрај проектот „Луково поле“, министерот за економија Бесими по средба со косовската министерка за енергетика Широка - Пула рече дека ќе се работи на надградба на постоечкиот 110-киловолтен долновод меѓу двете земји. Целта е, вели тој, да се создаде безбеден енергетски систем.  

.....

http://www.mia.com.mk/
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #67 Posted: 22-Jan-2009 at 11:26

Битолски „Водовод“ ќе гради хидроцентрала

БИТОЛА - ЈП „Водовод“ од Битола годинава ќе започне со изградба на хидроцентрала. Таа ќе биде лоцирана во населбата Довлеџик на главниот цевковод. Нејзиниот капацитет ќе биде 370 киловат-часа електрична енергија. Според договорот, струјата што ќе ја произведува битолската мини- хидроцентрала ќе ја откупува ЕВН. Откупната цена на оваа струја поради еколошкиот начин на производство или т.н. зелена струја ќе биде повисока за разлика од онаа што ја произведува РЕК „Битола“. Инвестицијата е тешка 400 илјади евра, а средства се обезбедени од касата на претпријатието. „Договорите со фирмата-изведувач се потпишани, а парите обезбедени, по што се очекува кон крајот на годината хидроцентралата да ги произведе и првите киловат-часови електрична енергија“, вели првиот човек на ова јавно претпријатие, Зоран Илиоски.

Битолски „Водовод“ годинава ќе имплементира и компјутерски мониторинг-систем во градската водоводна мрежа со намера да ги следи загубите на вода. Годишно ова претпријатие има од 50 до 60 проценти загуба на чиста вода за пиење .

„Со вградување на овој СКАДА-систем во градската водоводна мрежа ќе ги согледаме проблемите и, пред се', ќе откриеме каде ни се загубите на вода. Тоа ќе ни овозможи да интервенираме во таа мрежа и да ја подобриме. Загубата на вода е со висок процент, а под загуба подразбираме разлика помеѓу водата што ја произведуваме и ја пуштаме во градот и водата што ја фактурираме“, објаснува Илиоски.

Ова јавно претпријатие веќе аплицирало за добивање кредит од

КАЕФ банка за обезбедување дигитални водомери. Тоа ќе подразбира побрза и поефикасна евиденција на потрошената вода.

http://utrinski.com.mk/?ItemID=7D4DE85DEEF7D847A67A83C12E6EDDEF
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #68 Posted: 22-Jan-2009 at 19:29

Македонија и Косово заеднички ќе ја градат „Луково Поле“

Акумулацијата ќе ги полни со дополнителни 65 милиони кубни метри вода ХЕЦ „Вруток“, „Равен“ и „Врбен“

Маја Томиќ

Македонија и соседно Косово најавуваат интензивна соработка во областа на енергетиката. Проектот - акумулација „Луково Поле“ е еден од заедничките за кои постои посебен интерес од двете страни, а за што беше разговарано во понеделникот, на последната средба на министерот за економија, Фатмир Бесими, на Косово. Предвидувањата се акумулацијата да се изгради во северозападниот дел на Македонија, на границата со Албанија и со Косово, односно на Шарпланинскиот и на Корабскиот масив, при што половина од акумулацијата ќе се наоѓа на косовска територија. Нејзината изградба ќе се финансира со средства од двете држави, а се планира да се бараат средства и од меѓународни финансиски институции. Вредноста на инвестиција изнесува 31,6 милиони евра, а рокот на изградба е предвиден да трае четири години. Во првата фаза од проектот треба да се гради доводот „Корабски води“, со што инвестицијата ќе достигне близу 40 милиони евра. Овој довод ќе биде со должина од 20 километри и тој ќе ги зафаќа водите од потоците и ќе ги носи до акумулацијата „Луково Поле“.

Основна цел на „Луково Поле“ е да се зафатат поголеми количества вода од двата планински масива и тие потоа да се префрлат во мавровскиот систем, преку постојните хидроцентрали „Вруток “, „Равен “ и „Врбен “. Нивото на Мавровското Езеро би се зголемило за 10 метри, а со дополнителните 65 милиони кубни метри вода, овие хидроцентрали ќе бидат константно обезбедени со вода преку цела година.

Најзначајната придобивка за нашата земја од овој проект ќе бидат дополнителните 114 милиони киловат-часа струја. Доколку се реализира планот за изградба и на четврта централа на мавровскиот систем - „Црн Камен“ на Радика, новите количества на струја за земјава би изнесувале околу 141 милиони киловат-часа. Изградбата на „Црн Камен“ е планирана како втора фаза од проектот.

Инаку, идејата за реализација на „Луково Поле“ не е нова, за неа уште во 80-тите години од минатиот век била изготвена хидролошка студија, а потоа и техничка документација, што значи дека ги има сите технички предуслови за да се започне побрзо со нејзината изградба. Дотолку повеќе што ќе се користат постојните капацитети од мавровскиот систем, што тоа ја прави инвестицијата посигурна, а го скусува и рокот на изградба.

Македонските хидроцентрали учествуваат со 15 отсто во вкупното производство на струја, не затоа што нема доволно вода, туку поради недостиг од капацитети, односно нови инвестиции. Затоа, експертите постојано нагласуваат дека, во услови кога потребите за увозна струја растат, неопходно е поголемо искористување на домашниот воден потенцијал, со што ќе се редуцира увозот на скапа електрична енергија.



http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=08AB6CF9E4FA12488FFA696D7B0BBB44
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #69 Posted: 06-Feb-2009 at 13:10
ОТКАКО ВЛАДАТА ГО ПОНИШТИ ТЕНДЕРОТ
И Германците се разочараа во Македонија
Искуствата на германските компании кои веќе се активни во Македонија и на оние кои размислуваат за евентуални инвестиции се од многу поголема важност од какви било рекламни кампањи, велат во германската амбас

Германците се многу разочарани од начинот на кој македонската Влада ја водеше постапката за избор на најдобар понудувач на тендерот за изградба на хидроцентралите "Чебрен" и "Галиште", дознаваме од дипломатски извори. Еден од учесниците на тендерот е германскиот гигант "РВЕ". Разочарувањето е затоа што Владата чекаше шест месеци за да го поништи на крај тендерот, и со тоа испрати лош сигнал кон сите други евентуални инвеститори од Германија. "Со поништувањето на тендерот и со недоволната транспарентност на водење на постапката, Владата во една секунда го изгуби сето тоа што сакаше да го постигне со сите досегашни таканаречени роуд шоуа и рекламната кампања 'Инвестирајте во Македонија'", коментираат познавачите што ја следеа тендерската процедура.
На ланскиот тендер шест компании добија покана да учествуваат, но откако ги видоа тендерските услови, само две - германската "РВЕ" и австрискиот "Вербунд" доставија понуди. Рангирањето на понудите се развлече прво поради парламентарните избори лани во јуни, а потоа се чекаше составувањето на новата Влада, која дури кон крајот на ноември се изјасни дека го поништува тендерот зашто не можеле да ги евалуираат двете понуди.
Министерот за економија Фатмир Бесими тогаш изјави:
"Во двете понуди е констатирано дека има отстапувања од тендерските критериуми во однос на рокот на концесија и во однос на утврдувањето на учеството на ЕЛЕМ во овој проект. Овие отстапувања оневозможија да се направи евалуација и споредување на понудите за да се најде најсоодветниот и најдобар понудувач. Затоа Владата одлучи да го повтори тендерот".
До средината на март завршува рокот за покажување интерес за учество на повторниот тендер за "Чебрен" и "Галиште", кој Министерството за економија го распиша во текот на декември 2008 година. Досега нема никаков интерес за повторената постапка од германскиот "РВЕ", додека австриски"Вербунд" учествува на тендерот за "Бошков мост".
Германската амбасада во Скопје вчера потврди дека со внимание ги следи сите економски случувања во земјава и особено економските врски на германските компании со Македонија, вклучително и тендерот на кој учествуваше "РВЕ".
"За да се ангажираат германските инвеститори економски во Македонија, важно е економските рамковни услови да се уредни и исправни. На ова поле констатираме одреден напредок, и германското стопанство секако има интерес за Македонија. Доказ за тоа е учеството на реномирани германски компании на разни тендери во минатата година. Особено големите проекти како тендерот за хидроцентралите 'Чебрен' и 'Галиште' можат да бидат сигнал во кој правец ќе се одвива соработката. Во таа смисла, таа тендерска постапка се следеше со мошне големо внимание и одлуката за поништување на тендерот кон крајот на ноември минатата година, секако, беше регистрирана кај нас. Генерално, може да кажеме дека реалните и вистински искуства на германските компании кои веќе се активни во земјава, односно кои размислуваат за евентуални инвестиции, се од многу поголема важност од какви било рекламни кампањи", изјавија вчера од германската амбасада.
Лошото искуство на германските компании со Македонија влече корен уште од 1997 година, кога автомобилскиот гигант "Ауди" дојде со готов проект за изградба на своја фабрика во Македонија, но Владата на тогашниот премиер Бранко Црвенковски го одби.
Во Владата се свесни дека поништувањето и на овој тендер многу лошо ќе биде примено од инвеститорите и од земјите кои, традиционално, и се наклонети на Македонија, велат владини извори.
Меѓународните компании кои во Министерството за економија се интересираат за новиот тендер, сакаат да знаат дали ќе има промени на карактеристиките на браните, за кои сите учесници на стариот тендер се изјаснија дека биле со претерана висина и дека го прават проектот нерентабилен.
Од Министерството за економија се уште нема одлука дека проектот за "Чебрен" и "Галиште" ќе претрпи измени, но објаснуваат дека постои страв оти, поради глобалната финансиска криза, нема да има понудувачи на повторениот тендер. За да се привлечат инвеститори, Министерството кон средината на месецов ќе организира промоција на проектот пред потенцијалните учесници на тендерот. Целта е да се слушнат предлозите и барањата на инвеститорите и да се утврди какви промени на услови и карактеристики на браните бараат компаниите. Владата потоа дополнително ќе одлучувала дали ќе прифати некои барања.
Домашната експертска јавност предупредува дека ова може да е последна шанса да се коригира тендерот зашто, во спротивно, ова ќе биде седми пропаднат енергетски тендер поради лоши услови.
Германската компанија "РВЕ" и австриската "Вербунд", по поништувањето на тендерот се изјаснија дека ќе бараат од Владата да им објасни зошто е поништен, па потоа, откако ќе ги разгледаат тендерските услови, ќе одлучат дали да се појават на повторниот тендер.


http://www.vest.com.mk/default.asp?id=163167&idg=9&idb=2592&rubrika=Makedonija
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #70 Posted: 24-Feb-2009 at 12:37
Голем интерес за „Чебрен“ и „Галиште“



Автор:  Александар С.Димковски
Економија
Близу 20 компании од сферата на енергетиката се јавија вчера во Министерството за економија да ги искажат своите забелешки за тендерската документација за хидроцентралите „Чебрен“ и „Галиште“. Ваквиот интерес е изненадувачки со оглед на тоа што за проектот „Бошков мост“, минатата недела немаше ниту еден заинтересиран понудувач.

Сепак и покрај навидум огромниот интерес, само четири компании се вистински инвеститори, истите оние кои се јавија и на претходниот тендер, а кој владата го поништи кон крајот на минатата година. Тоа се „Вербунд“ од Австрија и „РВЕ“ од Германија, „Енел“ од Италија и „Старткрафт“ од Норвешка. Другите учесници главно беа или трговски фирми, кои се занимаваат со трговија на електрична енергија, или консултанти, кои сакаа да ги слушнат условите за тендерот.

Забелешките на првопласираните од минатиот тендер „РВЕ“ и „Вербунд“ се однесуваа на условите за концесија, учеството на државата, типот на браната, флексибилност, квалитетот на договорот и слично.

- Во прашање се бизнис-интереси и колку побрзо надлежните го сфатат тоа, толку процедурата ќе биде побрза и поефикасна. Во услови на глобална финансиска криза капиталот е многу попретпазлив - ни изјавија тие.

Претставниците на ЕЛЕМ, како партнер во проектот нагласија дека селекцијата на кандидатите ќе се изврши врз основа на два критериуми и тоа процентот на учество на ЕЛЕМ во проектот и времетраењето на концесијата.

Министерот за економија Фатмир Бесими нагласи дека целта на средбата е да се направи добар проект.

- Мора да најдеме заеднички допирни точки, што е ваш, а што наш интерес истакна Бесими.

Стартот на комерцијалната употреба на хидроцентралите се планира за 2017 година. Проектот е замислен како микс од јавно и приватно инвестирање при што големите ризици се преземени од страна на ЕЛЕМ, со експропријација на земјиштето, изградба на инфраструктура и далеководи за поврзување со мрежата и слично.
На вчерашната дискусија беше покренато и прашањето за меѓународното искуство на понудувачите и дали доколку немаат меѓународно искуство ќе бидат дисквалификувани.

- ЕЛЕМ како компанија нема толкаво искуство на пазарот на електрична енергија и ни треба силен партнер кој има искуство за тоа - изјави Јасна Иванова Давидовиќ, директор за развој и инвестиции на ЕЛЕМ.

Според Влатко Черепналковски, ако не се направат измени во флексибилноста на одредени барања интересот на инвеститорите може пак да спласне.

- Ако власта не се откаже од намерата за високи брани, пак ќе нема интерес - ни изјави Черепналковски.


Конструктивната висина на браната за „Чебрен“ е проектирана на 192,50 метри, што значително влијае на трошоците. Сите забелешки на потенцијалните инвеститори ќе бидат разгледани од страна на Владата, која ќе одлучи дали ќе ги прифати или не. Постапката треба да заврши до крајот на идниот месец.

http://www.novamakedonija.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabID=2&fCat=1&EditionID=325&top=1&ArticleID=18809
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #71 Posted: 25-Feb-2009 at 14:10
Концесијата за „Чебрен“ е штетна за Македонија

Во полемиките околу тендерската процедура за хидроцентралите „Чебрен“ и „Галиште“ се вклучи и „Транспарентност-нулта корупција“. Од оваа организацијата вчера уште еднаш потсетија на заклучоците на експертската јавност за економската неисплатливост и оправданост на целиот проект. Дискутантите од јавната дебата одржана минатата година се согласиле дека тендерот е донесен нетранспарентно и без консултација со стручната и научната јавност, а избраната варијанта во тендерот нема техничко и економско оправдување. Како што ни изјави Слаѓана Тасева, условите на тендерот и денес не се промените и останале исти.

http://www.novamakedonija.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=4&tabid=2&fCat=1&top=1&EditionID=326&ArticleID=18911
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #72 Posted: 09-Mar-2009 at 17:41
Повторно се одолжува рокот за „Чебрен“ и за „Галиште“
Владата повторно го одолжува рокот за доставување понуди на тендерот за изградба на хидроцентралите „Чебрен“ и „Галиште“. На веб-сајтот на Министерството за економија се известуваат заинтересираните понудувачи дека рокот за доставување понуди, наместо до 19 март, се продолжува до 15 април 2009 година. Во Министерството вчера немаше образложение кои се причините за новото одолжување на тендерската постапка.

Новиот меѓународен јавен повик за пријавување интерес за учество во доделување концесија за вода за производство на струја од двете хидроцентрали преку јавноприватно партнерство беше објавен на 19 декември 2008. На крајот на февруари годинава Министерството за економија ги повика заинтересираните компании да достават забелешки за тендерската документација. Тогаш во Министерството присуствуваа претставници на близу 20 компании од сферата на енергетиката. Во изминативе две години, поради пропусти во тендерската постапка, имаше два неуспешни тендера за реализација на овие енергетски капацитети. Проектот предвидува изградба на 2 големи хидроелектрични централи ХЕЦ „Чебрен“ и ХЕЦ „Галиште“ по текот на Црна Река, со вкупна инсталирана моќност од околу 526,5 односно 540,5 мегавати.

http://www.novamakedonija.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=2&tabid=2&fCat=1&top=1&EditionID=336&ArticleID=19786
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #73 Posted: 11-Mar-2009 at 22:31
кономија
По 30 години повторно се актуелизира акумулацијата Луково поле

Проектот Луково Поле повторно се враќа на владината инвестициска листа. Идејата за изградба на акумулација кај Мавровските хидроцентрали на границата меѓу земјава и Косово стара 30 години повторно се актуализира.

Министерот Бесими во чиј фокус се косовскиот и албанскиот пазар, се обидува заедно со косовските власти да го реализира овој проект. За да стане објективна реалност на него веќе работи експертски тим. Прогнозите се дека оваа инвестиција чини околу 40 милиони евра. 4 години се потребни за изградба. Акумулацијата треба да го зајакне капацитетот на трите хидроцентрали Вруток, Врбен и Равен.

Нема прецизен рок за реализација на проектот. Се чека да се подготви меморандум за соработка во областа на енергетиката меѓу Скопје и Приштина.

„Меѓу двете држави ќе има и две експертски групи кои што ќе соработуваат во насока на изготвување на студија на изводливост, финансиска студија , со цел што поскорешна реализација, изјави Јустина Широка Пула, министер за енергетика на Косово..

Акумулацијата Луково Поле е дел од владиниот пакет од 8 милијарди евра за инфраструктурни проекти. Половина од нив во следните 7 години ќе се вложуваат во нови капацитети или ќе се ревитализираат постојните во енергетскиот сектор.


(09.03.2009)


http://www.kanal5.com.mk/ShowNews.aspx?ItemID=47817&mid=1500&tabId=1&tabindex=0
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #74 Posted: 17-Mar-2009 at 01:08

Владата очекува 62 милиона евра инвестиции во мали хидроцентрали

Договорите за концесии за 65 централи ќе се потпишуваат по изборите

Министерството за економија најави инвестиции од вкупно 62 милиона евра од проектот за мали хидроцентрали. Како што беше истакнато на вчерашниот прес во Министерството, предвидено е да се изградат околу 400 мали хидроцентрали со одделна моќност до 5 мегавати, односно нивната вкупна моќност ќе биде 250 мегавати.

Според министерот за економија, Фатмир Бесими, очекуваното годишно производство на електрична енергија од овие централи се очекува да изнесува околу 1.200 гигават-часа, додека вкупната инвестиција се проценува на околу 300 милиони евра. Бесими потсети дека во периодот 2006-2008 година беа објавени три меѓународни огласи за давање концесија за вода за производство на струја од мали хидроцентрали.

Притоа, на првиот оглас биле доделени 41 локација, со вкупна инсталирана моќност од 43,7 мегавати, при што вкупната произведена струја треба да изнесува околу 189 ггвч. годишно. Инвестиционата вредност се очекува да биде околу 45 милиони евра.

На вториот оглас биле доделени 24 локации со вкупна инсталирана моќност од 15,4 мегавати, а вкупната струја треба да изнесува 65 ггвч. годишно. Инвестиционата вредност ќе биде 17 милиони евра. Тоа би значело дека по успешното завршување на првите две фази од проектот, вкупните инвестиции би изнесувале 62 милиона евра.

Договорите за концесија за вода за првиот и за вториот оглас се подготвени за потпишување, но ќе бидат парафирани по официјалното завршување на изборите, за што компаниите се веќе известени, информира Бесими.

Третиот оглас, пак, беше објавен на 16 декември 2008 година, а траеше до 16 јануари годинава. Тој е за 20 локации со вкупен капацитет од 13,4 мегавати, со очекувано годишно производство од 54 ггвч. Проценетата инвестиција е околу 15 милиони евра. Тендерската документација досега ја подигнале 30 домашни и странски компании, а рокот за доставување понуди е 16 април 2009 година.

Во Министерството за економија во тек се подготовките за објавување четврти јавен оглас за околу 20-30 мали централи на сливот на реките Вардар, Брегалница, Струмица и Црн Дрим. Огласот ќе биде објавен по завршувањето на изборниот процес.

http://utrinski.com.mk/?ItemID=E0C00EDD96ABD64CBB248C82F19CF2D5
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #75 Posted: 30-Mar-2009 at 17:55
Кризата може да ја одложи изградбата на малите хидроцентрали
Економија
Постои можност поради економската криза да се одложи изградбата на малите хидроцентрали од кои, како што најавија во Министерството за економија, се очекуваат инвестиции од над 60 милиони евра. Енергетиката и покрај кризата останува еден од најпримамливите сектори за инвестирање, меѓутоа дел компании што добија концесии за вода за производство на струја ќе ги одложат инвестициските планови за наесен. Други, пак, велат дека реализацијата на овие проекти ќе зависи од поддршката на банкарскиот сектор, како и од содржината на концесиските договори, кои би требало да се потпишат по изборите.

Љубен Митрески, претседател на управниот одбор на „МЗТ Пумпи“, македонска компанија што на вториот оглас доби концесија за користење вода на една локација, вели дека ќе ги одложат плановите за изградба на хидроелектрична централа поради актуелната економска состојба.

- Позната ви е состојбата со банкарскиот сектор и општата економска состојба. Сега се концентрираме да ја задржиме стабилноста на нашата компанија. Поради тоа ќе ја одложиме реализацијата на оваа инвестиција за период од шест до седум месеци - вели Митрески.


Јандре Здравевски, директор во „Металец“, вели дека компанијата нема да се откаже од проектите за изградба на две хидроцентрали.
- Нашата компанија прва доби концесија. Чекаме веќе извесен период да ни ја достават потребната документација. Се работи за проекти што ќе се финансираат со подигање кредити. Кај банките постои интерес за кредитирање кога станува збор за инвестиции во енергетскиот сектор. Доколку сè оди како што треба, ние сме подготвени да почнеме со реализација на овие проекти - вели Здра­вевски.

Димитар Хаџимишев, директор на „Топлификација“, компанија што во конзорциум со „Гранит“, „Фероинвест“ и „Турбоинститут“ доби концесии за 14 локации, вели дека треба да се види какви ќе бидат договорите за концесија што ќе ги понуди Министерството за економија.

- Треба да видиме какви ќе бидат условите во договорите за концесија односно дали Министерството за економија ги прифатило нашите предлози. Дури потоа ќе може да коментираме за инвестициските планови. Секако дека тие ќе зависат и од опкружувањето односно од банкарскиот сектор, бидејќи во вакви проекти никој не вложува сопствени средства туку пари од кредити - вели Хаџимишев.

Во Министерството за економија информираа дека во периодот 2006-2008 година биле објавени три меѓународни огласи за давање концесија за вода за производство на електрична енергија од мали хидроелектрични централи. На првиот оглас беа доделени вкупно 41 локација, а на вториот оглас беа доделени вкупно 24 локации. Останува нејасно зошто и две години откако бил објавен првиот оглас договорите за концесија со најдобрите понудувачи ќе се потпишуваат дури сега, по изборниот процес. Од Министерството за економија соопштија дека во тек е постапката по третиот оглас за доделување концесии, објавен во декември 2008 година, и најавија дека се подготвува и четврти јавен оглас за давање концесија за вода за производство на електрична енергија од околу 20-30 мали хидроелектрични централи на сливот на реката Вардар, Брегалница, Струмица и Црн Дрим.

http://www.novamakedonija.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=1&tabid=2&fCat=1&top=1&EditionID=354&ArticleID=21427
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #76 Posted: 05-Apr-2009 at 23:38

Нови мали акумулации на Треска

Планирана е изградбата на две нови акумулации по долината на реката Треска и тоа „Брод-1“ во непосредна близина на Македонски Брод и на „Лавчани“ на нејзиниот извориштен дел. Станува збор за големи инвестициски зафати, поради што за изградба на овие акумулации на кои се планирани хидроцентрали се бараат странски инвеститори.

На притоките на Треска може да се изградат уште десетина мини-електрани со малку пари и да бидат ставени во функција. Ваков капацитет повеќе од дваесет години успешно работи на Беличка Река во општината Другово. На Беличка Река и на помалата Јудовска, според истражувањата, може да се инсталираат уште три мини-централи, од кои едната е поврзана со изградба на акумулација што ќе се употребува за наводнување на десетина хектари ораници.

За идните инвеститори интересни се и двете планирани централи на Ехлоечка Река, притока на Треска, во нејзиниот извориштен дел, бидејќи станува збор за респектабилен хидропотенцијал. На оваа река пред триесетина години електрична енергија произведуваа турбините на една од првите мали централи изградени на почетокот на 50-тите години од минатиот век. Интересно е тоа што за овие капацитети се заинтересирани и домашни фирми што својата иднина ја гледаат во обновливите извори на енергија.

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=3B7CEE8922C06D46A57C2A019A0B8BDD
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #77 Posted: 15-Apr-2009 at 14:48
Новата хидро електрична централа Матка со капацитет од 9,6 мегавати

ЕВН денеска свечено ја пушти во употреба новата хидро електрична централа Матка. Новата ХЕЦ Матка е изградена веднаш до старата хидроцентрала и ќе работи со двојно зголемена моќност, наместо досегашните 4,2 мегавати, ќе работи со капацитет од 9,6 мегавати.

Освен зголемувањето на моќноста, зголемен е и прагот на ефикасноста на оваа хидроцентрала за 90 отсто, со проток од 42м3/с, со што се овозможува и целосно искористување на водата. Хидроцентралата исто така е комплетно автоматизирана, со далечинско надгледување и управување.

“Со реконструкцијата на хидроцентралата, ЕВН ги зголеми домашните производствени капацитети од обновливи извори на енергија“, изјави претседателот на управниот одбор на компанијата Георг Валднер.

Новата Хидроцентрала е ревитализирана од страна на чешката компанија Хидропол. Реконструкцијата е дел од инвестиционата програма на ЕВН. Во последните три години компанијата инвестираше во подобрување на дистрибутивната мрежа, инфраструктурни услуги и централи за производство на електрична енергија. До крајот на 2009 година сите 11 мали хидроцентрали ќе бидат ревитализирани.

http://www.netpress.com.mk/vest.asp?id=54132&kategorija=2


МИА фото.....








Back to Top
La Linea View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
  Quote La Linea Quote  Post ReplyReply #78 Posted: 15-Apr-2009 at 23:33

Три понуди за „Чебрен“ и „Галиште“

До предвидениот рок, односно до вчера, интерес за учество во постапка за претквалификација на меѓународниот јавен повик за пријавување на интерес за учество во доделување концесија за вода за производство на електрична енергија од хидроелектричните централи „Чебрен“ и „Галиште“ на Црна Река искажале три реномирани европски компании. Станува збор за „ЕНЕЛ СпА“ од Италија, „РВЕ енд ХСЕ“ од Германија и Словенија и „Вербунд“ од Австрија.

Комисијата за тендерските активности за мали и за големи хидроелектрични централи ќе изврши евалуација на доставените пријави и ќе изготви листа на компании што ги исполниле условите согласно со јавниот повик.


http://www.utrinski.com.mk/default.asp?ItemID=6691DE69B81B0E4B9B92377A4F2651DA

Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #79 Posted: 16-Apr-2009 at 00:52
Интересен развој на настаните. После фијаското со претходниот тендер, ова сепак влева надеж дека работава можеби ќе добие хепиенд. Доколку тоа се случи, доцнењево сепак нема да биде некаква преголема трагедија.


Edited by Cloverstack - 16-Apr-2009 at 00:52
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #80 Posted: 18-Apr-2009 at 03:54

Мавровско Езеро дневно расте по половина метар

Езерото се полни од растопениот снег од Бистра, Кораб и Шара

Киро Кипроски



ГОСТИВАР - Нивото на Мавровско Езеро за 24 часа се зголемува од 30 до 50 сантиметри. Тоа е резултат на повисоките дневни температури кои придонесоа за интензивно топење на снегот од планините Бистра, Кораб и Шар Планина.

Во првата декадата на овој месец, дотокот на вода во езерото се движи меѓу 30 и 40 кубни метри во секунда, што во споредба со последните денови на март е зголемување за осум пати. Во почетокот на месецов котата на Мавровско Езеро изнесуваше 1.217,77 метри, во споредба со истиот период на мината година е повисока за 7,34 метри.

Во хидроелектричните централи „Вруток“ и „Равен“ што го сочинуваат системот на мавровските хидроелектрични централи, почнаа редовните годишни ремонтно-ревизиони активности на електричните и машинските постројки. Овој зафат треба да финализира за четириесетина дена.

Вработените од електромашинскиот оддел на гостиварската експозитура на ХЕЦ „Маврово“ дотраените делови на машините ги заменуваат со нови. Се ремонтираат два агрегата во ХЕЦ „Вруток“ и еден агрегат во ХЕ „Равен“, а потоа ќе се продолжи со третиот и четвртиот агрегат во ХЕЦ „Вруток“ и на вториот и третиот агрегат во ХЕЦ „Равен“. И за време на ремонтот ќе се произведува струја, но во погон ќе биде половичниот капацитет.

За првпат во ХЕЦ „Вруток“, од ставањето во погон на постројките, пред 52 години, се врши замена на вентилите на цевководот што се наоѓаат на најниското ниво.

Зоран Јосифовски, директор на гостиварската подружница на ХЕЦ „Маврово“ која работи во составот на АД „ЕЛЕМ“, годинава ја оценува хидролошки поволна. Со топењето на снегот, се очекува да се акумулира вода за производство на над 300.000.000 квч електрична енергија.

Вработените во ХЕЦ „Маврово“ максимално се ангажирани во чистењето и одржувањето на доводните органи, со цел секоја капка вода од топењето на снегот да стане дел од Мавровско Езеро.

Исто така, и нивото на реката Радика е зголемено. Но, нема услови водата да се излее од коритото. Зголемениот доток овозможува да се зголеми нивото на Дебарско Езеро.

http://utrinski.com.mk/?ItemID=E28FA24619BC5048B4364E6E8958D584
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 23456 28>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.223 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.