build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Паркинзи и гаражи
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Катна гаража Тодор Александров (кај Беко)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 789
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
СК View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 02-Feb-2014
Location: СКопје
Online Status: Offline
Posts: 106
  Quote СК Quote  Post ReplyReply #161 Posted: 20-Dec-2015 at 00:36
очигледно нит пазариш секојдневно, нит живееш у центар чим ме прашуеш ова.... башка неам намера да ви се фаќам на глупиот муабет стопути преџвакан.....
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7023
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #162 Posted: 20-Dec-2015 at 04:44
Originally posted by СК

очигледно нит пазариш секојдневно, нит живееш у центар чим ме прашуеш ова.... башка неам намера да ви се фаќам на глупиот муабет стопути преџвакан.....
има милијарда места каде што можеш да отвориш маркет... катна гаража не служи за тоа
плус, нели на истава улица има Тинекс, само 100 метра подоле?

Edited by zabegan - 20-Dec-2015 at 04:47
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
fichot View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-Feb-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2370
  Quote fichot Quote  Post ReplyReply #163 Posted: 20-Dec-2015 at 10:33
И подоле и погоре има. А има и други маркети. Немам против, нека се отворат 100, јас си имам еден кај мене.
Само ми е тро сомнително.
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1172
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #164 Posted: 20-Dec-2015 at 18:20
1
20151214_130105 by Ani.build, on Flickr

2
20151214_130228 by Ani.build, on Flickr
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
fichot View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-Feb-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2370
  Quote fichot Quote  Post ReplyReply #165 Posted: 21-Dec-2015 at 23:31
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11025
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #166 Posted: 22-Dec-2015 at 10:34
Иронично, нема што.
За сè има вторпат
Back to Top
alexsend View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2011
Location: Скопје, Центар
Online Status: Offline
Posts: 1444
  Quote alexsend Quote  Post ReplyReply #167 Posted: 24-Dec-2015 at 11:47
Конечно ја посетив и оваа катна гаража, најголемата во Скопје. Иако го промашив влезот мислејќи дека може да се влезе и после објектот излезе дека таму влез нема - се влегува само од страната на ТЦЦ Плаза. Но бев решен да влезам па направив дополнителен круг и влегов. Барем сега знаеме дека паркингот работи.
Накратко, искуството ми е трауматично. Зошто? Пробајте да се паркирате со возило поголемо од 207 или Clio на некој од катовите па ќе разберете за што зборувам.
-Влезни рампи поставени под агол од 90 степени, крајно непристапни.
-Внатре клаустрофобично.
-Рампите за качување по катови знаевме дека се кружни но се пренапорни и претесни. Потребни се 3 круга за да стигнете до ниво 1. Јас се паркирав на ниво 3 и ми се заврте во глава од кружни движења.
-Излагате од возило и не ви е јасно каде да се движите. По една врата на секој ќош од објектот налик врата за влез во трансформатор. Едната заклучена
-Лифтот е добар, само малку крцка како за нов.
-На враќање 5 минути се мислев каде да ја наплатам картата. Повторно знаци никаде не видов. Па на крај со лифт отидов на ниво -1 за да платам па назад со лифт на ниво 3 по автомобилот.
-А спуштањето по кружната рампа надоле е приказна сама за себе. Мора да пробате!!!

*За некој кој вози малку поголемо возило и е нешто полош од просечен возач не би му препорачал да се паркира тука.
Катната гаража кај Бисер и онаа на Сити Мол според мене се убедливо најдобри, најпрегледни и наједноставни за користење.
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.
Back to Top
fichot View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-Feb-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2370
  Quote fichot Quote  Post ReplyReply #168 Posted: 24-Dec-2015 at 22:45
Да не налета на паркингот за точаци случајно, и ако да, пиши како изгледа.

Edited by fichot - 24-Dec-2015 at 22:45
Back to Top
alexsend View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2011
Location: Скопје, Центар
Online Status: Offline
Posts: 1444
  Quote alexsend Quote  Post ReplyReply #169 Posted: 25-Dec-2015 at 09:19
Не успеав да го видам. Голем објект е, мора да постават некакви знаци, насоки на движење...
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.
Back to Top
fichot View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-Feb-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2370
  Quote fichot Quote  Post ReplyReply #170 Posted: 21-Jan-2017 at 00:59
Ако случајно ви затреба, да знаете што ве чека во оваа гаража.

Back to Top
Obedineta Makedonija View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 23-Aug-2011
Location: Macedonia
Online Status: Offline
Posts: 1340
  Quote Obedineta Makedonija Quote  Post ReplyReply #171 Posted: 21-Jan-2017 at 02:08
Originally posted by fichot

Ако случајно ви затреба, да знаете што ве чека во оваа гаража.


Ja би ги задолжил чуварите во оваа гаража со пиштоли!
Создаваме за да имаме, а и тоа што го имаме треба да го чуваме такво какво што е !!!!
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7023
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #172 Posted: 21-Jan-2017 at 10:58
лавабото нема чешма?
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Online
Posts: 3807
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #173 Posted: 21-Jan-2017 at 18:00
Тоа што ние имаме нагони на уништување и дивјачко однесување е веќе многу пати утврдено и докажано. Но исто така добро е да се каже нешто за квалитетот на елементите кои се вградуваат во вакви јавни објекти. Недозволиво е во тоалети кои се користат од 100 тици луѓе дневно да се вградуваат елементи како за по дома и тоа од оние најевтините. Се знае што е јавно ВеЦе и за тоа си има специјално произведени елементи кои се робусни и предвидени за да бидат користени во јавни услови.
Back to Top
Dexter26 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 1919
  Quote Dexter26 Quote  Post ReplyReply #174 Posted: 10-Feb-2017 at 17:55
Од поодамна треба да се тргне кранот од насловот на темава и истата да се штиклира како завршена градба.
 
Откако паркирав во два наврати во оваа гаража вчера и денес, морам да потенцирам дека сензорите за паркирање се неисправни.
 
На влезната табла со електронски дисплеи на кои во живо се ажурираат податоците за слободни паркинг места на катовите, податоците не се точни бидејќи очигледно сензорите не се исправни.
 
На многу места - не кај сите, но сепак кај повеќето места - каде што веќе се паркирани возила, сензорите сеуште светат зелено и тие паркинг места сеуште се водат како слободни, а во реалност се зафатени. Овој проблем го има на секој кат во гаражата, а изненадувачки, на влезот на секој кат има електронски дисплеј на кој точно пишува колку слободни паркинг места има, што е доста чудно - како тоа електронскиот дисплеј на самиот кат дава точна информација, а таблата со електронски диплеи на влезот од гаражата дава неточни информации ?
 
Понатаму, местоположбата на рампата за влегување во гаражата е тотално промашена, треба да се заврти возилото надесно за 90 степени веднаш на самиот крај на влезната удолница и добри се шансите за удирање во рампата или во возило кое излегува доколку брзината на возилото не е соодветно приспособена. Се разбира, ова зависи исклучиво од самиот возач, кој мора да кочи на удолница за да ја приспособи брзината на возилото, но самото вртење надесно за 90 степени веднаш после удолницата бара речиси нагло кочење за да се застане пред рампата.
 
За тоалетите не можам да коментирам бидејќи не ги посетив бидејќи немав потреба од нив, фала му на Бога, но за лифтот можам да кажам дека е напикан во мал ходник кон кој води врата која повеќе делува како врата за излез во случај на пожар или земјотрес отколку врата која води кон ходникот во кој е лифтот.
 
Исто така, треба да се постават странични сферни огледала на некои места, како што се големите столбови, бидејќи денес за влакно избегнав судар со друго возило кое доаѓаше од страна, а шансите да се видевме беа минимални поради големите столбови.
 
Се на се`, оваа катна гаража однадвор изгледа модерно, но одвнатре бара многу промени и поправки, почнувајќи од неисправните сензори за паркирање, поставување на повеќе знаци за местоположбата на лифтот, поставување на странични сферни огледала кај големите столбови и дефинитивно влезната рампа мора да се премести директно пред самиот влез после удолницата - како што е во подземната гаража под трговски центар Мавровка, а не 90 степени надесно веднаш после самата удолница како што е сега.


Edited by Dexter26 - 10-Feb-2017 at 17:58
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Online
Posts: 3807
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #175 Posted: 10-Feb-2017 at 19:30
Dexter26 многу коректно и издржано напишано. Вака треба да изгледа секоја коструктивна и квалитетна критика.
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11025
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #176 Posted: 10-Feb-2017 at 21:44
Една слика што вреди илјада зборови - возила паркирани на тротоар пред катна гаража. Има ли поголем оксиморон од ова?

За сè има вторпат
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 789

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.078 seconds.

Copyright ©2007 - 2017  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.