build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Останати теми > Виртуелна Македонија > Ваши концепти
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Kонцепт за Нова Чаршија

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  12>
Author
Message Reverse Sort Order
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
lupo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Nov-2009
Online Status: Offline
Posts: 434
  Quote lupo Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Kонцепт за Нова Чаршија
    Posted: 26-May-2011 at 23:38
Originally posted by alexgizh

Фала на сите за коментарите Се надевам и на понекои критики, свесен сум дека ова е далеку од идеално

Инаку очекувајте дополнителна разработка на концептов, и проширување, во најмала рака со околината на Султан Муратовата Џамија и Саат Кулата.

А за понатаму, Скопје има и тоа МНОГУ материјал за конципирање. Тука се Маџир Маало, Крњево, скоро цел Чаир, Гази Баба, Лисиче...
 
Ако можеш, и таа страна направи ја со комерцијални и деловни повисоки објекти. За да се добие како една целина - Трговски булевар. Инаку, што е до Битпазар, ми се допаѓа просторот наменет за пазарот - затворн карактер. Но можеш на него да додадеш кули од видот на Г - малл.
 
Во однос на други локации, имам една навистина интересна локазија која од дамна ја меркам а тоа е улицата кај Јајапаша. Потегот од Америчка амбасада па се до долната раскрсница. Толки фрекфентна улица, а толку малку средена. Би можела да се испроектира по една пешачка патека од двете страни со дрва, клупи, и други зеленила, канделабри... сепак тоа е панорама на паркот и стадионот


Edited by lupo - 26-May-2011 at 23:50
...kaj si kapelo pak ke si kape...
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12451
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 26-May-2011 at 22:47
Алекс, секоја чест за овој вториов посеопфатен концепт. Пушти уште неколку скриншотови, ништо не те кошта

Имам дилема за она што го кажа крале, дека веројатно не би било добро да има еден таков масивен и висок објект на самиот дофат на чаршијата (како плејсхолдерот)

А улицата еве како изгледа според ГУП. Кај битпазар понира и се двои. Едниот крак поминува под булевар Крсте Петков Мисирков, а другиот го премостува северен булевар.



Back to Top
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4699
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 26-May-2011 at 21:09
Еј... не ми го чепкај Маџир Маало..Big%20smileBig%20smile Се шегувам...

Ама добро би дошла соработка... Smile И да го кажам подобро... Анализа и споредба на двата концепта...
Македонија - Земја на чудата!
Back to Top
alexgizh View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 07-Jan-2009
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1974
  Quote alexgizh Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 26-May-2011 at 20:51
Фала на сите за коментарите Се надевам и на понекои критики, свесен сум дека ова е далеку од идеално

Инаку очекувајте дополнителна разработка на концептов, и проширување, во најмала рака со околината на Султан Муратовата Џамија и Саат Кулата.

А за понатаму, Скопје има и тоа МНОГУ материјал за конципирање. Тука се Маџир Маало, Крњево, скоро цел Чаир, Гази Баба, Лисиче...
The only thing necessary for the triumph of evil is for good men to do nothing.
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5315
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 26-May-2011 at 20:03
Да, бидејќи сум повеќе запознат со менаџмент, маркетинг, и генерално економија, отколку урбанизам. Ти што искоментира поточно?
Back to Top
FT View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 22-Jun-2010
Location: Kocani
Online Status: Offline
Posts: 446
  Quote FT Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 26-May-2011 at 19:40
И повторно никаков интерес.Погледнете што направил човекот, а вие дискутирате за тоа каков мермер имало на летниковецот.
Back to Top
FT View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 22-Jun-2010
Location: Kocani
Online Status: Offline
Posts: 446
  Quote FT Quote  Post ReplyReply #7 Posted: 26-May-2011 at 16:50
Не го ни прочитав постот, ама уште сега ќе ти кажам браво за трудот.Јас кога би имал нерви за вакво нешто би бил најсреќен.
Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: 🇲🇰🇨🇭
Online Status: Offline
Posts: 3972
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #8 Posted: 26-May-2011 at 16:49
Wow super kade bese do sega? Big%20smile
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5315
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #9 Posted: 26-May-2011 at 16:41


Супер разработено, само да најдам време да го сфатам во целост. Во меѓувреме, view->hide axes кај скиците во SketchUp, за да не се гледаат сини, зелени и црвени линии.
Back to Top
krale View Drop Down
Senior Member
Senior Member

БАНИРАН

Joined: 28-Dec-2009
Online Status: Offline
Posts: 1487
  Quote krale Quote  Post ReplyReply #10 Posted: 26-May-2011 at 16:31


Одлична идеја! Сега уште црно злато да најдеме... не се шалам!
Back to Top
alexgizh View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 07-Jan-2009
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1974
  Quote alexgizh Quote  Post ReplyReply #11 Posted: 26-May-2011 at 15:27
Еве го проширениот концепт. Најпрвин, легенда:

Мустафа Пашина Џамија и Саат Кула
Султан Муратова Џамија
Театар на Народностите
Музеј на Македонија
Куршумли Ан


Во основа сите градби освен горенаведениве и самата стара чаршија (претставена со голем блок) се предвидени за рушење. На нивно место предлагам нови градби во далеку поурбан распоред. Самата архитектура е предмет на дополнителна анализа. Дали би било стара македонска, класична европска или отоманска, или можеби некој микс, не сум навлегол до толку.

Планот


1. Битпазар

На местото на сегашниот Бит Пазар предлагам еден модерен, нов, затворен Бит Пазар на повеќе нивоа, со сопствен подземен паркинг.





2. Во средината на целиот блок предлагам еден кружен плоштад. Директно на плоштадот би излегувал Театарот на Народностите, а во непосредна близина се и Куршумли Ан, како и Музејот на Македонија. Секако, теренот не е баш рамен како на скицава, особено делот накај Музејот на Македонија.



Фонтаната во средината е центрирана според 2 линии:

Едната линија почнува од една од новите улици, гледа кон фонтаната, но најважно од се е што горе на ридот би имало спектакуларна глетка кон мојата омилена скопска џамија, Мустафа Пашината:



Втората линија почнува од друга од новите улици, повторно гледа кон фонтаната, и уште еден бесценет поглед кон Султан Муратовата Џамија и Саат Кулата.



3. Почнувајќи од плоштадот, се до Султан Муратовата Џамија и Саат Кулата, предлагам пешачка патека која веднаш после плоштадот се искачува на надземен пешачки премин (нов, не овој сегашниот, иако близу до таа локација), преминувајќи го Булеварот Крсте Петков Мисирков, води директно кон ридот.

На следната слика ќе го видите горе долу новиот пешачки мост и предложеното сообраќајно решение за приклучокот на маалскиве улички кон Булеварот Крсте Петков Мисирков.




Edited by alexgizh - 26-May-2011 at 15:31
The only thing necessary for the triumph of evil is for good men to do nothing.
Back to Top
krale View Drop Down
Senior Member
Senior Member

БАНИРАН

Joined: 28-Dec-2009
Online Status: Offline
Posts: 1487
  Quote krale Quote  Post ReplyReply #12 Posted: 26-May-2011 at 10:24
Originally posted by alexgizh

Па, како и да е, реално гледано, од таа уличка зијан неможе да има.

Иначе, го проширив концептот на скоро целиот блок, до Северен Булевар и
до Кале. Колку рушење планирам, ми се плаче дека никогаш нема да може да
се направи...  Ќе пуштам слики малце покасно.

Како тргнав, ќе направам концепти за сите делови од СК кои ми пречат. И
најверојатно ќе ги именувам под заедничко име Скопје 2100, а тешко дека и
до тогаш ќе може да се направи се' ова Wallbash




Си гледал некогаш фотографии од Дубаи од пред 50 години?

Само да најдеме нафта и се ова ќе биде реалност.
Back to Top
alexgizh View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 07-Jan-2009
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1974
  Quote alexgizh Quote  Post ReplyReply #13 Posted: 26-May-2011 at 09:15
Па, како и да е, реално гледано, од таа уличка зијан неможе да има.

Иначе, го проширив концептот на скоро целиот блок, до Северен Булевар и до Кале. Колку рушење планирам, ми се плаче дека никогаш нема да може да се направи...  Ќе пуштам слики малце покасно.

Како тргнав, ќе направам концепти за сите делови од СК кои ми пречат. И најверојатно ќе ги именувам под заедничко име Скопје 2100, а тешко дека и до тогаш ќе може да се направи се' ова Wallbash
The only thing necessary for the triumph of evil is for good men to do nothing.
Back to Top
gorco View Drop Down
Senior Member
Senior Member

Google Maps: Regional Expert

Joined: 22-Oct-2009
Online Status: Offline
Posts: 642
  Quote gorco Quote  Post ReplyReply #14 Posted: 26-May-2011 at 08:42
Originally posted by krale

Originally posted by gorco

ГИЖ браво, пред се за уличката од паркингот кон Битпазар, големо растертување ќе биде, а за идеиве .


Уличката нема да биде растеретување ако се изградат огромниве објекти. Ќе биде само услужна за нив. Но е добро решение.


Што значи дека ќе биде растеретување за оние кои сакаат да одат во објектите, место да вртат до Јаја Паша и после да се враќаат назад кон центар, од чија страна се влезовите (ем тесни, ем блокирани) - ќе влезат директно.
Back to Top
krale View Drop Down
Senior Member
Senior Member

БАНИРАН

Joined: 28-Dec-2009
Online Status: Offline
Posts: 1487
  Quote krale Quote  Post ReplyReply #15 Posted: 25-May-2011 at 14:10
Originally posted by gorco

ГИЖ браво, пред се за уличката од паркингот кон Битпазар, големо растертување ќе биде, а за идеиве .


Уличката нема да биде растеретување ако се изградат огромниве објекти. Ќе биде само услужна за нив. Но е добро решение.
Back to Top
gorco View Drop Down
Senior Member
Senior Member

Google Maps: Regional Expert

Joined: 22-Oct-2009
Online Status: Offline
Posts: 642
  Quote gorco Quote  Post ReplyReply #16 Posted: 25-May-2011 at 13:54
ГИЖ браво, пред се за уличката од паркингот кон Битпазар, големо растертување ќе биде, а за идеиве .
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7675
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #17 Posted: 24-May-2011 at 22:57
според мене исто така не би требало да има објекти таму, Мавровка, иако одличен објект, воопшто не му е местото таму, истото важи и за хотел Арка и купот нелогични комиблокови на тој простор, а битпазар го прави градов да личи на блиски исток...
според мене, пристапот до старата чаршија треба да биде чист, со платоа кои можеби подоцна ќе прераснат во плоштади, со разни содржини. меѓу кои и нашите омилени - споменици Big%20smile Истите простори можат да бидат збогатени со мали зелени површини или пак паркови
бидејќи реално не може да се рушат многу објекти таму, мислам дека просторот треба да се ослободи барем од неколку станбени згради и просторот да се отвори, а доколку не постоеја сите тие објекти кои постојат денес, би имало простор за уште по некое хотелче кое може да има било каков стил...

ама реално гледано, рушење не е во предвид, па треба барем да се уредат просторите кои ги имаме во моментов и да се направат што е можно поатрактивни

Back to Top
alexgizh View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 07-Jan-2009
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1974
  Quote alexgizh Quote  Post ReplyReply #18 Posted: 24-May-2011 at 12:20
Па тоа е поентата, да се заменат тие непланските куќарки што се набутани, а не се ни малку дел од заштитената зона на Старата Чаршија.

За понирање под земја, зошто да не, ако се земе предвид некој евентуален плоштад таму.
The only thing necessary for the triumph of evil is for good men to do nothing.
Back to Top
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4699
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #19 Posted: 24-May-2011 at 09:51
Алекс, а можно е на пример уличката да понира под земја, да се користи и за подземниот паркинг... И имам едно прашање... Дали ќе биде потрбно рушење на некои објекти, зашто вака колку што можам да видам, уличката поминува врз неколку куќи

Што мислиш, би се интегрирал концептов добро со Старата Чаршија, јас мислам да, сепак би требало да има некој лесен преод, да не биде целосен контраст... а тоа мислам дека би се постигнало со квалитетна урбана опрема и зеленило...
Македонија - Земја на чудата!
Back to Top
alexgizh View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 07-Jan-2009
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1974
  Quote alexgizh Quote  Post ReplyReply #20 Posted: 24-May-2011 at 00:18
Ќе го дополнам деновиве
The only thing necessary for the triumph of evil is for good men to do nothing.
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  12>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.250 seconds.

Copyright ©2007 - 2021  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.