build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања > Урбанистички целини
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Мал Ринг

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 3839404142 55>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
lupo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Nov-2009
Online Status: Offline
Posts: 434
  Quote lupo Quote  Post ReplyReply #781 Posted: 04-Feb-2012 at 18:46
mene nesto ne mi e jasno, na planov e nartana i podzemnata soobrakjajnica ( koja ke pominuva pod plostadot ) neli taa bse zameneta so onaa podzemna sto ke bese pod samiot kej?
...kaj si kapelo pak ke si kape...
Back to Top
Baze View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Jan-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 409
  Quote Baze Quote  Post ReplyReply #782 Posted: 04-Feb-2012 at 22:31
Мора да биде нацртана затоа што таа сеуште фигурира во Гуп. Штом ќе биде избришана од таму тогаш ќе ја нема ни во дуп-от.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12129
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #783 Posted: 05-Feb-2012 at 04:34
Еве ги сите верзии на ДУП Мал Ринг кои сум успеал да ги приберам на компјутер. Kолекцијава не е комплетна, фали по некој од кога планот почна да се менува почесто отколку чорапи, но тоа е тоа...
Верувам оваа архива може да биде корисна во повеќе погледи, па си велам да ја споделам (ако некој располага со некоја од верзиите која фали, или со поквалитетна презентација на некоја од оние со слаба резолуција, нека ја дополни колекцијава):

(некои се JPG а некои PDF)


1997 год


2008 год Декември

2009 год Август

2009 год Ноември

2010 год Јуни

2010 год Декември

2011 год Март

2011 год Декември

2012 год Јануари




Edited by Cloverstack - 05-Feb-2012 at 04:40
Back to Top
tomi_z View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 24-Oct-2010
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 196
  Quote tomi_z Quote  Post ReplyReply #784 Posted: 05-Feb-2012 at 15:11
Originally posted by Petar

Tomi.. ne mi e jasno sto e zalno za kejot?... neznam kolku si vozrasen, ama kejot so godini bese zapusten i prepusten na prirodata i na vandalizmot.

Петар ќе бидам безобразен и ќе кажам дека зборуваш глупости или не си поминал на кејот во последниве 10-15 години. Кејот беше најдопадлив дел од градот и пред да го реновира Пенов со донацијата на Трифун Костовски. Со задоволство сите Скопјани шетаа по кејот, седнуваа на пивце во локалите. До пред 3 години бев активен во студентската организација БЕСТ и најмалку 1200 странски студенти дојода во Скопје на семинари и курсеви во текот на 6 години. На сите нив кејот им беше омилен дел од Скопје, заедно со Водно и Матка.
Во лето беше преубаво да се седне и да се здивне таму преку ден, навечер беше најживо место во центарот на градот.

Намерно или не, кејот е уништен веќе 4 години (откако го заградија за да се гради старо-новата Народна банка) и не сум седнал таму точно толку време.

А ова што се направи со подземната сервисна улица, која инвеститорот требаше да ја гради, но му ја простија во последен момент и му дозволија да го загради кејот - тоа е КРИМИНАЛ и се надевам еден ден некој ќе одговара за тоа.

Originally posted by Petar

Edinstveno sto se nadevam deka nema da se izglasa, toes nekoj da se prijavi na konkrus e za splavovite i za panoramskoto trkalo.. Tie dva proekta se teska utka, iako i plazava ne e nesto posebno...
Се согласувам целосно за сплавовите, панорамата и плажите. Тешка утка.
Можеби затоа и свесно се уништува кејот?? За да одиме на пицо на сплав или на плажа...
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12129
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #785 Posted: 08-Feb-2012 at 16:06
Originally posted by OCB

Дали оваа грешка е во новиот ДУП или вака било запишано и во претходниот? Доколку вака стоело и во претходниот, логиката со местоположбата на спомениците можеби е поврзана со градбите кои се позади нив, од другата страна на Вардар. Гемиџиите како еден од симболите на борбата за независност бил замислен да биде паралелно со Музејот на македонската борба, додека правникот Јустинијан паралелно со Уставниот суд. Оттука произлегува прашањето дали грешката е во ДУП-от или во неточното поставување на спомениците.

Според архивата која ја приложив погоре, спомениците на Гемиџиите и на Јустинијан за прв пат се прецизно наведени (со име) во верзијата од ноември 2009 година. Во секоја наредна верзија тоа е препишувано, дури и откако состојбата на терен стана обратна. Така да може да зборуваме за грешка и во двата случаи, а во најмала мерка е уште едно сведоштво за површноста и ад-хок пристапот кон ДУП Мал Ринг и целиот проект Ск2014.





------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------



Може ли еден ДУП да трпи измени на сред процедура за усвојување? Може ли на јавноста да и биде презентирано различно решение од она што на крај било предмет на усвојување? Изгледа дека и тоа може...

Последната верзија (сега веќе изгласана) на ДУП Мал Ринг, согласно законот, беше ставена на увид на јавноста во декември 2011 година. Не знам каков лист закачиле во просториите на урбаната заедница каде што беше изложен ДУП-от (би било убаво доколку некој има фотки), меѓутоа на сајтот на Општина Центар тогаш осамна оваа верзија:

ДУП Мал Ринг - Декември 2011

... И на самиот документ јасно стои дата декември 2011. Спорниот новозацртан објект на плоштадот (пред Лумикс) во оваа верзија фигурира со максимална висина од 29 метри. Ова за среќа може да се утврди иако верзијата нема табела со параметри за парцелите и маркичките (!?), а PDF-ката се состои од повеќе слоеви кои не може да се контролираат од страна на обичните граѓани кои го симнале документот од општинскиот сајт, па кога сите слоеви ќе се вчитаат, максимално дозволената висина која е зацртана кај овој објект е покриена и не може да се прочита. Но како што кажав, за среќа максималната висина сепак може да се воочи. Имено во оние секунда-две пред да се вчитаат сите слоеви, јасно се гледа H=29. Еве скриншот:











Тогаш како може во истиот циклус да биде изгласан ДУП во кој максималната висина на овој објект изнесува 40 метри?!? Документот од декември 2010 исчезна од општинскито сајт, а еве ја подолу магично трансформираната верзија на ДУП-от која беше усвоена и која е сега поставена на сајтот на Општина Центар. Дозволената висина на самата маркичка повторно не се гледа бидејќи е покриена, но може да се види во табелата (парцела број 1.5.1), како и на самата маркичка да се прочита дека се работи за објект П+10+Пк. На документот фигурира дата јануари 2012:

Патем, не знам што значи, но овој и претходниот (суштински различен) документ се заведени со ист „технички број“ (94/2011).

ДУП Мал Ринг - Јануари 2011     хммммм...











Edited by Cloverstack - 08-Feb-2012 at 16:41
Back to Top
OCB View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2011
Location: 54
Online Status: Offline
Posts: 921
  Quote OCB Quote  Post ReplyReply #786 Posted: 08-Feb-2012 at 17:01
Одлична опсервација Clover. Навистина ми е жал што немам време и ресурси ова да го проверам од формално-правен аспект. Уште повеќе ми е жал што невладини организации кои се формирани со таква цел, не ја следат ситуацијата на терен. За опозицијата и да не зборуваме, ним им се поважни дневно-политчки теми кои на крајот не доведуваат до институционална постапка и се сведуваат на шпекулации. Доколку твојата опсервација базирана на дигиталните документи се потврди како точна и за оригиналните, најновиот ДУП-от со сигурност би бил поништен од страна на Уставниот суд.

По претпоставка дека фактите кои ги изнесе се точни, се отвара едно важно прашање. Дали откако општинските власти ги добиле забелешките дискутирани и испратени од страна на членови на форумов, ја сфатиле грешката па пристапиле кон ад-хок компромисно решение - од една страна да се намали површината на која ќе се гради објектот (со што ќе се зачува визурата од портата кон споменикот и ќе се спаси пешачкиот коридор), а од друга страна, преку зголемување на висината на објектот да не се изгуби однапред замислената квадратура. Дали можеби убеденоста на еден советник од владеачката партија за време на расправата за ДУП-от дека дека визурата и коридорот ќе бидат зачувани не се темели токму на ова компромисно решение?
Back to Top
xnx View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 05-Apr-2009
Online Status: Offline
Posts: 1913
  Quote xnx Quote  Post ReplyReply #787 Posted: 08-Feb-2012 at 17:09
Originally posted by OCB

По претпоставка дека фактите кои ги изнесе се точни, се отвара едно важно прашање. Дали откако општинските власти ги добиле забелешките дискутирани и испратени од страна на членови на форумов, ја сфатиле грешката па пристапиле кон ад-хок компромисно решение - од една страна да се намали површината на која ќе се гради објектот (со што ќе се зачува визурата од портата кон споменикот и ќе се спаси пешачкиот коридор), а од друга страна, преку зголемување на висината на објектот да не се изгуби однапред замислената квадратура. Дали можеби убеденоста на еден советник од владеачката партија за време на расправата за ДУП-от дека дека визурата и коридорот ќе бидат зачувани не се темели токму на ова компромисно решение?


i jas pomisliv na toa, megutoa zosto ne ja stesnile markicata togas. inaku, ako e tesna kako sto bese predlozeno na forumov, voopsto ne mi smeta ako e 40 metri visoka, bas interesno ke dojde. a ako ostane vakva markicata togas aj sto ke ja ugusi portata tuku i ke deluva glomazno vo sporedba so sve drugo...

od druga strana se otvara uste edno prasanje: za kakvi profesionalci se raboti, ako do sega ne uspeale da povrzaat 2 so 2 i cekale na forum da doznaat deka ke ja pokrijat portata? kako e mozno? isto kako da stavis markica za zgrada nasred ulica makedonija i od internet da doznaes deka ustvari go kries muzejot na skopje?

ne mozam nikako da razberam... verojatno se ist kalibar na "profesionalci" kako i tie koi na obesena konstrukcija koja ja drzi celata zgrada okolu betonsko centralno jadro izglasaa resenie koe dodava stolbovi od site strani.... (se misli na vladata)

ili se stvarno retardirani ili gi sobrale cistackite vo ziri da glasaat... ne znam sto drugo da zaklucam...


Edited by xnx - 08-Feb-2012 at 17:19
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12129
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #788 Posted: 08-Feb-2012 at 17:44
Originally posted by xnx

Originally posted by OCB

По претпоставка дека фактите кои ги изнесе се точни, се отвара едно важно прашање. Дали откако општинските власти ги добиле забелешките дискутирани и испратени од страна на членови на форумов, ја сфатиле грешката па пристапиле кон ад-хок компромисно решение - од една страна да се намали површината на која ќе се гради објектот (со што ќе се зачува визурата од портата кон споменикот и ќе се спаси пешачкиот коридор), а од друга страна, преку зголемување на висината на објектот да не се изгуби однапред замислената квадратура. Дали можеби убеденоста на еден советник од владеачката партија за време на расправата за ДУП-от дека дека визурата и коридорот ќе бидат зачувани не се темели токму на ова компромисно решение?


i jas pomisliv na toa, megutoa zosto ne ja stesnile markicata togas.
Затоа што тоа ќе беше апла приметливо да го протнат на сред процедура, а за ова ваљда мислеле дека ќе пројде под радар.



Originally posted by xnx

inaku, ako e tesna kako sto bese predlozeno na forumov, voopsto ne mi smeta ako e 40 metri visoka, bas interesno ke dojde. a ako ostane vakva markicata togas aj sto ke ja ugusi portata tuku i ke deluva glomazno vo sporedba so sve drugo...
Се согласувам дека ако се работи за решение слично на предлогот на damjan4o или предлогот на alexgizh:

http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=132&PID=119868#119868

...тогаш поголема дозволена висина може да биде дури и пожелна (на дел од објектот)


Сепак како што кажав во една претходна дискусија, во случајов со ваков ДУП се провлекува уште една опасна аномалија. Градежните линии, пешачките коридори, инфраструктурата и слично, во никој случај не смеат да се остават да бидат регулирани од страна на инвеститорите и проктантите. Тие прашања не се оставаат на случајност, туку се регулираат строго со урбанистичките планови и точка. Ако идејата за зачувување на визурите и коридорот им е прифатлива на надлежните, нека ја преточат во урбанистичкиот план, наместо да остане простор за континуирана несигурност и нови матни игри.



Originally posted by xnx

od druga strana se otvara uste edno prasanje: za kakvi profesionalci se raboti, ako do sega ne uspeale da povrzaat 2 so 2 i cekale na forum da doznaat deka ke ja pokrijat portata? kako e mozno? isto kako da stavis markica za zgrada nasred ulica makedonija i od internet da doznaes deka ustvari go kries muzejot na skopje?

ne mozam nikako da razberam... verojatno se ist kalibar na "profesionalci" kako i tie koi na obesena konstrukcija koja ja drzi celata zgrada okolu betonsko centralno jadro izglasaa resenie koe dodava stolbovi od site strani.... (se misli na vladata)
Па во некоја од претходните верзии на ДУП-ов токму имаа ставено маркички и на улица Македонија, за „портали“, да не речам триумфални капии (бидејќи и триумфалната капија кај чичко Стоилко прво беше опишана како „портал“). Ми се чини на улица Македонија беа две маркички , евентуално три.

Инаку околу прашањето за какви „професионалци“ се работи, тоа е одамна јасно:







Edited by Cloverstack - 08-Feb-2012 at 20:30
Back to Top
mladen_s View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 04-May-2010
Location: Macedonia
Online Status: Offline
Posts: 407
  Quote mladen_s Quote  Post ReplyReply #789 Posted: 08-Feb-2012 at 18:04
Добрa забелешка. Но ова се случувало и порано заради други побуди, извежбани се, па сигурно се заменети сите примероци од планот - така што ништо не може да се докаже, освен ако некој не покрене истрага и почне да сослушува службеници. А нема..
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12129
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #790 Posted: 08-Feb-2012 at 18:05
Мислам дека кога ќе созреат услови, на потписниците на овие ДУП-ови дефинитивно треба да им бидат одземени лиценците, без разлика што ова што го прават не е нивна идеја туку играат како што некој им свири. Едноставно ги погазија сите можни професионални и етички норми, а за тоа сигурно дебело профитираат! Ме интересира дали Асоцијацијата на архитекти има било какви механизми да ги казни ваквите колеги? Ако има, а не ги користи, дефинитивно колективно сносат дел од одговорноста за случувањава.

Edited by Cloverstack - 08-Feb-2012 at 18:06
Back to Top
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4699
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #791 Posted: 08-Feb-2012 at 18:12
А скалите?
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12129
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #792 Posted: 08-Feb-2012 at 18:22
Погледни ја верзијата од декември (интегралната), скалите ги имаше и тогаш (нагласив дека скриншотот што го постирав е направен во текот на вчитувањето на слоевите на PDF-ката, односно не се вчитани сите слоеви, за да може да се види висината која во спротивно е покриена). Ама за легалноста или барем за легитимноста на скалите има други прашања, од урбанистички аспект.

Edited by Cloverstack - 08-Feb-2012 at 18:33
Back to Top
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4699
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #793 Posted: 08-Feb-2012 at 18:30
 Аха. Ок. Моја грешка.  

Edited by FoSsiL - 08-Feb-2012 at 18:30
Back to Top
OCB View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2011
Location: 54
Online Status: Offline
Posts: 921
  Quote OCB Quote  Post ReplyReply #794 Posted: 08-Feb-2012 at 19:50
Originally posted by Cloverstack


Мислам дека кога ќе созреат услови, на потписниците на овие ДУП-ови дефинитивно треба да им бидат одземени лиценците, без разлика што ова што го прават не е нивна идеја туку играат како што некој им свири. Едноставно ги погазија сите можни професионални и етички норми, а за тоа сигурно дебело профитираат! Ме интересира дали Асоцијацијата на архитекти има било какви механизми да ги казни ваквите колеги? Ако има, не ги користи, дефинитивно колективно сносат дел од одговорноста за случувањава.

AAM е обично граѓанско здружение. Најмногу што би можеле да направат е да исклучат одреден член од своите редови. Најголемиот дел од архитектите во Македонија воопшто и не се членови на асоцијацијата.

Комората на овластени архитекти и овластени инженери го води Именикот на оние архитекти и инжинери кои имаат лиценца за работа. Оваа Комора има право да санкционира па дури и да одзима лиценци за работа (до најмногу 5 години). Одземањето на лиценца е можно за сторена тешка повреда на должноста и угледот. Доколку архитектите/инжинерите кои се потпишани на ДУП-от, а тој е донесен незаконски истите се квалификуваат за дисциплинска мерка - одземање на лиценца за изработка на проектна документација, ревизија на проекти, надзор на изградба и изработка на акти на урбанистичко планирање. Дали архитектите/инќинерите постапувале незаконски, најпрвин треба да се докаже пред кривичен суд.
Back to Top
makonix View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 08-Feb-2010
Online Status: Offline
Posts: 520
  Quote makonix Quote  Post ReplyReply #795 Posted: 04-Apr-2012 at 01:16
ОВТОРНО ИЗМЕНИ НА ПЛАНОТ ЗА СТРОГИОТ ЦЕНТАР
Уште една зграда за чиновници

До новата зграда на Министерството за надворешни работи, на кејот на Вардар, нема да се гради хотел туку уште една зграда за државна администрација, предвидено е со најновите измени во планот „Мал ринг“. Висината на новиот објект е 29 метри, односно приземје, седум ката и поткровје, додека површината за градба изнесува 2.032 квадратни метра.

- Претходната намена на оваа парцела беше комерцијална, но на барање на Општина Центар сега се пренаменува во државна администрација- истакна на јавната презентација, Силвана Вановски од планерската куќа „Ин-пума“.

Појасни дека во рамките на надворешното партерно уредување е предвиден обелиск. Сообраќајниот пристап останува ист-сите објекти во околината ќе имаат пристап од подземниот паркинг на Македонската опера и балет (МОБ).

Во рок од два месеца ова е втора измена на планот за централното подрачје „Мал ринг“. Во изминативе четири години овој план е единствениот што претпри можеби 10 измени и за кој јавноста постојано негативно реагира. Неодамнешните дополнувања на планот се однесуваа на изградба на десеткатница до „Лумикс“ на плоштадот Македонија, со намена за јавни функции, а исто така и надземна улица на Kејот 13 Ноември, со која се одзема дел од шеталиштето. Пред два месеца беше избришана и маркичката за предвидената црква на плоштадот, по што верскиот објект беше преместен во тревникот пред Домот на АРМ на улицата Македонија. Притоа и панорамското тркало доби нова локација, на еден од мостовите на Вардар, што ќе се гради меѓу Музејот на револуционерната борба и зградата на новиот театар. Новиот урбанистички лик што овој план го предвиде за зградите во централното подрачје е висина поголема за еден кат, како и нови фасади со куполи.



http://dnevnik.com.mk/?ItemID=38DEB130C8E79441BE1AF76BA932B21A
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7368
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #796 Posted: 04-Apr-2012 at 01:34
од каде намераваат „проектантиве“ да се влегува на платото на МОБ, покрај другото, онаму каде што се влезовите на МОБ и Филхармонијата? или ќе ми дадат неверојатно објаснение дека влез во модерен културен објект е средновековно сокаче?
како и обично најбитниот проблем за кој најмногу бил некој загрижен, бил да има купола на објектот (сеуште не го сфатив тој безвезен фетиш за куполи)
не знам дали треба да се почнат да се редат еден куп ствари за кој не би трошел енергија, најпрво затоа што наместо да се шокираме од секој нов објект, ние почнавме да ги очекуваме за жал, и поради фактот дека цела оваа катастрофа наречена Мал ринг припаѓа во рацете на малоумници кои никој веќе не се обидува да ги сопре...
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4699
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #797 Posted: 04-Apr-2012 at 01:47

А јас се прашувам... 

Од каде толку администрација, за толку многу административни згради... Еве и нека е така... пак не е нормално... наместо да намалуваме администрација, ние создаваме можности и услови за нејзино зголемување... Не ја бива вака...

Back to Top
G.I. Joe View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 05-Aug-2009
Online Status: Offline
Posts: 410
  Quote G.I. Joe Quote  Post ReplyReply #798 Posted: 04-Apr-2012 at 01:48
toj del trebase da bidi kulturno katce otvoreno kon rekata , a ne naredija zidovi pred nea ni za pominvanje ni za nisto nema mesto ... totalno nikakva integracija so okolina i neprirodno smestuvanje ... tie objekti sami po sebe se kicoj oti se edno dimenzionalni , toa so gledas toa e , mozat da bidat bilo kade klaeni pak nikakvi ke bidat ..neka gi naredeaa podaleku od centar so mu menvase ama neeee, morase ovde ko za inaet ..

Edited by Cloverstack - 04-Apr-2012 at 20:48
Back to Top
OCB View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2011
Location: 54
Online Status: Offline
Posts: 921
  Quote OCB Quote  Post ReplyReply #799 Posted: 04-Apr-2012 at 12:31
ПОВТОРНО ИЗМЕНИ НА ПЛАНОТ ЗА СТРОГИОТ ЦЕНТАР

Уште една зграда за чиновници



До новата зграда на Министерството за надворешни работи, на кејот на Вардар, нема да се гради хотел туку уште една зграда за државна администрација, предвидено е со најновите измени во планот „Мал ринг“. Висината на новиот објект е 29 метри, односно приземје, седум ката и поткровје, додека површината за градба изнесува 2.032 квадратни метра.

- Претходната намена на оваа парцела беше комерцијална, но на барање на Општина Центар сега се пренаменува во државна администрација- истакна на јавната презентација, Силвана Вановски од планерската куќа „Ин-пума“.

Појасни дека во рамките на надворешното партерно уредување е предвиден обелиск. Сообраќајниот пристап останува ист-сите објекти во околината ќе имаат пристап од подземниот паркинг на Македонската опера и балет (МОБ).

Во рок од два месеца ова е втора измена на планот за централното подрачје „Мал ринг“. Во изминативе четири години овој план е единствениот што претпри можеби 10 измени и за кој јавноста постојано негативно реагира. Неодамнешните дополнувања на планот се однесуваа на изградба на десеткатница до „Лумикс“ на плоштадот Македонија, со намена за јавни функции, а исто така и надземна улица на Kејот 13 Ноември, со која се одзема дел од шеталиштето. Пред два месеца беше избришана и маркичката за предвидената црква на плоштадот, по што верскиот објект беше преместен во тревникот пред Домот на АРМ на улицата Македонија. Притоа и панорамското тркало доби нова локација, на еден од мостовите на Вардар, што ќе се гради меѓу Музејот на револуционерната борба и зградата на новиот театар. Новиот урбанистички лик што овој план го предвиде за зградите во централното подрачје е висина поголема за еден кат, како и нови фасади со куполи.

Анела Петрова

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=38DEB130C8E79441BE1AF76BA932B21A



ДУП за Централно подрачје на Град Скопје – Мал Ринг Г.П. 7.2.1
Back to Top
Macedonicus View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar
Google Maps: Regional Expert

Joined: 29-May-2011
Location: Czech Republic
Online Status: Offline
Posts: 365
  Quote Macedonicus Quote  Post ReplyReply #800 Posted: 04-Apr-2012 at 13:44
планот за малиот ринг од 1997 сега ми изгледа одлично (пред СК 14 мислев дека е пренатрупано а сега посакувам тој да се спроведе)
ಠ_ಠ
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 3839404142 55>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.703 seconds.

Copyright ©2007 - 2020  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.