build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања > Урбанистички целини
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Мал Ринг

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 910111213 55>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9102
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #201 Posted: 09-Jan-2009 at 14:00
Originally posted by kire85


Znaci spored planov, bi ja spoile stokovna kukja most so onoj nadvoznik nad bulevarot so koj se odi za nakaj kale....wow pa toa bi bilo dosta golem zafat!


Па спрема сликата да... Баш масивен зафат

@mitatos да објектот би бил 9катница пред Комерцијална банка обележано со 10 погоре на сликата на alexgizh


Edited by pbanks - 09-Jan-2009 at 14:01
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7519
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #202 Posted: 09-Jan-2009 at 14:02
зарем не беше тоа уставниот суд? објектот кај комерцијална?
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9102
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #203 Posted: 09-Jan-2009 at 14:05
Originally posted by zabegan

зарем не беше тоа уставниот суд? објектот кај комерцијална?


Уставен суд, Археолошки музеј и Архив на Македонија.....  3 in 1
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12292
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #204 Posted: 10-Jan-2009 at 00:22

Костовски стравува дека црквата ќе биде дивоградба

Градоначалникот апелира Уставниот суд конечно да пресече за ДУП „Мал ринг“

Градоначалникот Трифун Костовски има сознанија дека по 15 јануари на плоштадот „Македонија“ ќе почнат да се градат црквата и фонтаната -споменик на Александар Македонски, кои ќе претставуваат дивоградби доколку во меѓувреме Уставниот суд не се произнесе околу законитоста на измените на ДУП „Мал ринг“. Тогаш, смета Костовски, имајќи предвид дека Градот е концесионер на плоштадот, ќе се создадат дополнителни комплицирани ситуации.

„Никој нема право да гради на плоштадот доколку ДУП не е законски, ниту Општина Центар, ниту пак Владата. Барам Антикорупциската комисија и Уставниот суд конечно да се изјаснат во врска со мојата иницијатива, којашто е поднесена уште на 25 јули“, апелираше вчера Костовски, без да прецизира дали и што ќе преземе Градот доколку навистина се остварат неговите сознанија за започнување на градежните работи на плоштадот. Градоначалникот дополни дека одлуката на Уставниот суд за него ќе биде пресудна, што значи ќе ја спроведе и ако не се совпадне со неговиот став. За Костовски, планот кој, покрај изградба на црква и педесетина споменици, предвидува и нова зграда за Уставниот суд, е спорен бидејќи се косел со одредбите од Законот за Град Скопје и Законот за просторно планирање. Од Уставниот суд, пак, завчера информираа дека не можат да предвидат кога ќе биде одлучено дали ДУП е донесен во законските рамки, бидејќи допрва ќе следува седница на која ќе се разгледува последниот акт кој судот го доби за комплетирање на документацијата. Имено, по барање на Уставниот суд, својот став за ДУП завчера го даде Советот на Град Скопје, чие мнозинство одлучи дека планот е донесен почитувајќи ги сите законски одредби. (Дс.Т.)



http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=EDE5146A887EA548BE58D231862C0BE3
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #205 Posted: 13-Jan-2009 at 15:17

Костовски: Нема референдум за малиот ринг

emilija-jovanovska.jpg Емилија Јовановска Коментари (2)   
13.01.2009 14:14
Трифун Костовски

 

Градоначалникот на Скопје Трифун Костовски се откажа од распишување на референдум на кој граѓаните треба да го кажат своето мислење за изградбата на црквата на плоштадот Македонија.

Постапката била сложена, чинела многу пари, а Костовски не бил сигурен дека ќе го добие очекуваниот одговор од скопјани. Според него целиот случај со изградбата на црквата е исполитизиран.

„Повеќе се чувствува фактот дека во ставот на граѓаните не се тие, туку се повеќе партиски ставови“, вели градоначалникот на Скопје Трифун Костовски.

Ќе чека Уставниот Суд да го даде своето мислење во врска со Деталниот урбанистички план за Малиот Ринг. Ако уставните судии се изјаснат дека овој предмет е уставен, ќе го почитувал нивното мислење, иако е против изградбата на објектите на плоштадот.

„Со законот за Град Скопје и за локалната самоуправа се дефинирани односите меѓу општините и градот. Дека тоа се чита на различен начин говори и фактот дека Аларова веќе заговара изградба на фонтана во самото речно корито со што се узурпира правото на Градот Скопје тој да стопанисува со самата река во оној дел што минува низ Скопје и со целото речно корито, со самите улици, мостови, булевари“, вели градоначалникот на Скопје Трифун Костовски.

http://a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=102957
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12292
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #206 Posted: 13-Jan-2009 at 17:04
Повеќе се чувствува фактот дека во ставот на граѓаните не се тие, туку се повеќе партиски ставови


На Трифке му прејде во навика и ритам после секои 3-4 глупости што ќе ги одвали да каже нешто на место.
Неговата изјава и покрај недостатокот на елоквентнција задира во еден многу важен проблем, а тоа е дека кај нас партиските бои им се најбитни на мнозинството граѓани и дека по таа линија се спремни да ја завземат апсолутно погрешната страна за било какво прашање или проблем. Значи во отсуство на желба (можеби и елементарно отсуство на капацитет) за размислување и расудување по некое прашање, голем број граѓани автоматски завземаат став во зависност од тоа дали го љубат Грујо или Бранко или Али...

Но сепак со сите средства треба да продолжи борбата против ова унаказување на Мал Ринг и покрај неизвесниот исход на евентуалниот референдум.
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7519
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #207 Posted: 13-Jan-2009 at 19:21
македонскиот живот не е интересен без партиски препуцавања LOL
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12292
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #208 Posted: 23-Jan-2009 at 07:03
Ова ни промакало прошлата недела. Се работи за уште една од новите спорни маркици (7.10) вцртани во планот кој е пред уставен суд. Маркицата се наоѓа карши Холидеј Ин (преку Вардар). Произлезена е од „поделбата“ на претходната маркица за хотел, а проблемот е што ја имаат проширено до самата ивица на кејот, што е во спротивност со ГУП-от.

НОВА ЗГРАДА ЗА МНР
Дипломатите први соседи на Балетот

Владата ќе гради нова зграда на Министерството за надворешни работи. Новиот објект на МНР ќе биде лоциран на просторот пред Македонската опера и балет, каде што е познатиот пазар за откуп на стари книги. Од МНР потврдуваат дека се заинтересирани Министерството да добие нови простории најмногу поради малиот капацитет на постојниот објект. Според нив, тоа особено доаѓа до израз при посети на странски делегации и претставници на дипломатскиот кор. Сегашната зграда на улицата Даме Груев, МНР ја дели со Заводот за статистика и во неа се сместени околу двесте вработени. Оваа година многу министерства и владини служби ќе добијат нови простории во зградата на поранешна „Нова Македонија“, која и беше доделена на Владата. Изградба на државна институција околу кејот е предвидено и со деталниот урбанистички план „Мал Ринг“ на општина Центар. Во него стои дека објектот ќе има седум ката и поткровје и висина од 29 метри. Во непосредна близина на новиот објект на МНР ќе биде и зградата на Уставниот суд. Васе Доневски, директор на Службата за општи и заеднички работи, вели дека токму по барање на Владата распишале конкурс за избор на идејно решение за објектот. - Новата зграда на Министерството за надворешни работи ќе биде во непосредна близина на кејот. Владата ни наложи да го избереме идејното решение по пат на конкурс и се надевам дека ќе пристигнат оригинални решенија - вели Доневски. Се очекува новиот објект на македонската дипломатија да биде завршен најдоцна за две години.

И.Ч.



http://vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=2&tabid=1&EditionID=1597&ArticleID=105524
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12292
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #209 Posted: 24-Jan-2009 at 01:45

Големо градилиште на левиот брег на Вардар

До новите објекти ќе водат подземни сообраќајници и пешачки мост преку Вардар

Деспина Трајковска

Левиот брег на Вардар, на потегот од Камени мост до мостот кај „Холидеј ин“ годинава ќе се претвори во големо градилиште наменето за објекти од државен карактер. Во една деветкатница пред Комерцијална банка ќе се сместат Уставниот суд, Археолошкиот музеј и Државниот архив, а во друга, на просторот на кој е пазарот за стари книги ќе се пресели Министерството за надворешни работи. Зад оваа зграда има маркичка за хотел и катна гаража. Помеѓу објектот на МНТ и музичкото училиште е предвиден објект за Филхармонијата.

Пристапот до сите објекти е проектиран со подземни сообраќајници кои ќе бидат во комуникација со постојниот подземен паркинг на МНТ. Паркирањето кое ќе треба да ги задоволи капацитетите на новите објекти е решено со нови подземни паркинзи, а пешачката комуникација ќе биде овозможена со пешачки мост преку Вардар, меѓу Камениот мост и мостот кај „Холидеј ин“.

Пред речиси една година беше избрано идејно решение според кое ќе се гради објектот за Филхармонијата, неодамна се распиша конкурсот за избор на решение за зградата на МНР. Зградата за Уставниот суд, Археолошкиот музеј и Државниот архив ќе биде монументална како Британскиот музеј во Лондон, со покрив во форма на тап триаголник што ќе го држат десетина високи столбови. Од платото на објектот со пешачки мост ќе биде овозможена директна врска со другиот брег на Вардар. Според Општина Центар, за пешачкиот мост веќе постои идејно решение и наскоро ќе се распише тендер за проектант на главниот проект.

Од владината Служба за општи и заеднички работи потврдија дека пред нецел месец бил распишан конкурсот за идејно решение за објектот на МНР. Директорот Васил Доневски информираше дека конкурсот, кој не е од меѓународен карактер, бил распишан по налог на Владата, а крајниот епилог ќе биде познат за околу два месеца. Тогаш ќе се знае колку ката ќе има зградата, каков ќе биде нејзиниот надворешен изглед и колку пари ќе треба да издвои државата за градежните работи.

„Сега не можеме да правиме калкулации за ништо, оти пресудни ќе бидат доставените решенија. Иако планот дозволува објектот да има максимална висина од 29 ката, не значи дека и идејните решенија ќе предвидуваат седум ката и потпокрив“, вели Доневски, според кого новиот објект ќе го реши долгогодишниот просторен проблем на МНР. Објектот треба да биде готов за две години.

Дотогаш најверојатно ќе биде изградена и директната пешачка врска преку Вардар до новите објекти. Од Општина Центар велат дека во првата половина од годинава ќе почне изградбата на пешачкиот мост кој, според идејното решение, ќе биде во форма на око во средишниот дел, а површината по која ќе се минува ќе биде од стакло што ќе овозможи да се гледа реката.

Во меѓувреме се чека Уставниот суд да се изјасни по иницијативата на градоначалникот Костовски за законитоста на ДУП. Правниците појаснуваат дека планот е важечки додека тече постапката, а конкурсите за објектите се законски. „Во случај судот да одлучи дека планот е донесен со пропусти, тогаш важноста на конкурсите ќе биде дискутабилна”, дополнуваат експертите.

Речиси половина година откако Трифун Костовски ја поведе иницијативата за испитување на законитоста на „Мал ринг“, Уставниот суд никако да „пресече“. Југослав Миленковиќ, портпарол на судот, вчера истакна дека е неблагодарно да се прогнозира кога може да се очекува конечниот став на уставните судии. „Предметот е во процедура. Досега имаше рочиште на кое беше одлучено Советот на Скопје да даде свое видување за планот. Ние ја добивме повратната информација и предметот повторно е на разгледување“, дополни Миленковиќ.

Покрај за градските власти, планот е спорен и за дел од експертската јавност. Архитектот Мирослав Грчев смета дека сега „Мал ринг“ ќе го „задуши“ просторот кој во основа треба да биде наменет за општа употреба. Тој се повикува на урбанистичката струка и современата градителска историја во која, како што вели, не е познат случај еден град да ги користи за градење единствените слободни простори како што се кејот и плоштадот.

„Кај нас работите се одвиваат обратно. Цивилизацијата во својот подем ги создава јавните површини, не ги уништува. Овде, предвидените објекти се протегаат буквално по должината на кејот и на плоштадот ‘Карпошово востание‘, површина која очигледно никој не ја смета за плоштад. Ова за мене е варварски однос кон еден град, освојувачки чекори со кои дефинитивно не се почитуваат ниту градот, ниту граѓаните, ниту културата, ниту наследството“, реагира Грчев.

Планот „Мал ринг“ е најкоригираниот план. Лани се менуваше во два наврата. Првите измени беа за да се вцрта маркичка за црквата на плоштад „Македонија“, кога беа внесени и две нови маркички на левиот брег на Вардар, пред Комерцијална банка и пред МНТ. Вторта измена беше пред крајот на годината, а постапката за усвојување на тие корекции се' уште не е стасана на дневен ред на Советот на Центар. Од ИНПУМА, која го изработи планот, потенцираа дека последните измени суштински не влијаат на урбанистичкиот лик, оти немало нови маркички, ниту имало промени во сообраќајниците. Се доцртале неколку споменици, а е направена и можност за доградба на Домот на АРМ и за ТЦ „Плаза“. За едно ниво, пак, се зголемени проектираните подземни паркинзи под паркот „Жена борец“ до Собранието и покрај „Палома бјанка“.



http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=6B83DBF60C1099448A30A71B21E69F98
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #210 Posted: 24-Jan-2009 at 02:41
Вероватно не се мисли на 29 ката него метри!
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5069
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #211 Posted: 24-Jan-2009 at 13:19
А сега испадна архивот, судот и музејот во иста зграда да бидат? Лудница се!
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7519
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #212 Posted: 24-Jan-2009 at 13:30
Originally posted by гитардемон

А сега испадна архивот, судот и музејот во иста зграда да бидат? Лудница се!
и сето тоа набутано на едно мало просторче
Back to Top
La Linea View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
  Quote La Linea Quote  Post ReplyReply #213 Posted: 11-Feb-2009 at 14:01
Originally posted by anDarko

е до кога со вакви дебилни резонирања и уште таквите да бидат кочница за развојот на градот - ќе им се нарушел мирот, дрн дрн...ако сакаат мир нека живеат во Карпош, Аеродром!

до кога ќе се дозволува на некакви локални тајфи кои по низа на околности живеат во најстрогиот центар на градот да го попречуваат развојот и средувањето на центалното подрачје!?

поради вакви како овие на времето пропадна комплетната изградба на Палата Македонија (тогаш се побунија исто комшиите со изговор дека тоа наказата од паркче помеѓу Дом на Арм и Улица Македонија бил неопходен за децата да им играат фудбал (во најстрог центар!!) и ете до ден денес остана тоа ругло од грмушки таму, а шансата Улица Македонија да се комплетира со цел венец на згради, со што ќе се добиеше вистинска градска линија пропадна за навек...




аnDarko ова го немам чуено порано. Ако сакаш да ми кажеш повеќе околу планираната Палата Македонија, па ако не те мрзи и нацртај нешто на paint.
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
Back to Top
anDarko View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 12-Oct-2008
Online Status: Offline
Posts: 204
  Quote anDarko Quote  Post ReplyReply #214 Posted: 11-Feb-2009 at 14:10
ух...па на почетокот на 1990те Палата Македонија беше проектирана да биде објект во два дела - едниот (кој се изгради) кој е поставен на аголот од Ул. Македонија и Ул. Луј Пастер (ова ли е правото име) додека вториот (доста поголем) беше планиран да почне од другата страна на Луј Пастер, парарелно со Ул. Македонија се до почетокот на скверот пред главниот влез на Дом на Арм. Значи овој објект ќе беше парарелно со Хотел Турист (Бест Вестерн).

Се сеќавам дека по сите медиуми во тоа време се објавија рендерите за целиот комплекс, но за жал ги немам, а ги нема тие броеви во онлајн архива. Фасадата на тој дел на Палата Македонија се разбира беше идентична со онаа на сега веќе изградениот дел на аголот.

Објектот не се изгради поради тоа што и тогаш, како и сега, се собраа станарите на околните собјекти со истите поплаки - како тоа ќе се им се нарушел мирот, дека ќе се уништела единствената зелена површина во тој дел на градот итн итн...и тогаш, како и сега - убеден сум дека тие луѓе не беа само спонтано собрани, туку беа подбуцнати од одредени политички интереси и суети на некои архитекти и урбанисти кои не биле вклучени во изработката на конкретните проекти...

ај подоцна ќе ја обележам локацијата за која беше планирана поголемата ламела на Палата Македонија, али мислам дека е многу јасно на кој дел од Ул. Македонија се однесува.


Edited by anDarko - 11-Feb-2009 at 14:12
Back to Top
anDarko View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 12-Oct-2008
Online Status: Offline
Posts: 204
  Quote anDarko Quote  Post ReplyReply #215 Posted: 11-Feb-2009 at 22:48
ла линеа - колку за јасна претстава - вториот дел на Палата Македонија требаше да почнува од местото на црвената трафика на оваа по-стара фотка од Ул. Македонија па уз самата линија на Ул Македонија да заврши пред плочникот/скверот кој води кон главниот влез на Дом на АРМ...


Back to Top
La Linea View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
  Quote La Linea Quote  Post ReplyReply #216 Posted: 11-Feb-2009 at 23:16
Фала за објаснувањето anDarko Thumbs%20Up
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: 🇲🇰🇨🇭
Online Status: Offline
Posts: 3917
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #217 Posted: 16-Feb-2009 at 12:23
Плоштадот уште долги години ќе биде градилиште
Автор:  Радмила Заревска
Скопје
Речиси една деценија има некое градилиште на плоштадот „Македонија“. Постојано се градат нови објекти или се реновираат постојните, а според плановите и проектите што стојат, оваа состојба ќе потрае и во наредната деценија. Скопјани уште долги години ќе чекаат целосно да се оформи градскиот плоштад, за да можат да уживаат во него без да им се ограничува движењето и без да ја вдишуваат правта од градежните работи.

Епската градежна сезона ја отвори „Лумикс“, а потоа се реновираше и самиот плоштад и се обновуваше стоковната куќа „Типо“, односно „Сити галери“. Почна изградбата на старата Народна банка, која ќе биде деловен објект на фирмата „Дивелоп“. Во секој момент може да се постават темелите на најавуваната црква меѓу стоковната куќа и ресторанот „Дал мет фу“, а кога ќе се решат имотноправните проблеми ќе се гради и градската куќа како реплика на поранешниот Офицерски дом, на неговото старо место. До плоштадот има и маркичка за хотел од познат светски бренд, а по два конкурса се избрани и две различни решенија за фонтана во средишниот круг, па само прашање на време е и кога ќе почне нејзината изградба.

„ЛУМИКС“

Плацот пред Градскиот трговски центар и зградата на ЕВН државата и ги доделила на фирмата „Лумикс“ уште пред десетина години. Тогаш инвеститорот ја урна познатата „коцка“, каде што порано се собираа младите во Скопје и почна да ги ископува темелите. Градежните работи набргу прекинаа поради тврдењата дека не биле запазени законските процедури за доделувањето на земјиштето. Тогашниот градоначалник Ристо Пенов се понуди на инвеститорот да му најде друга локација поради многубројните реакции на граѓаните дека градбата ќе го наруши изгледот на плоштадот. Сепак, во 2004 година градителите снемаа трпение и продолжија да работат. Работите се одвиваа бавно поради сложената конструкција на објектот. Во меѓувреме се преговарало и со општината Центар како да се уреди просторот околу зградата, за тој да може да се вклопи во плоштадот.

Проектот за овој трговско-деловен објект го изработиле архитектите Минас Бакалчев и Митко Хаџи Пуља, кои подготвиле и план за партерно уредување на околината со гранитни плочки во различни форми и бои. Трговскиот центар се состои од два ката под земја, два над земја и потпокрив, а се простира на површина од околу 500 квадратни метри. На секое ниво има по четири локали, а галеријата во потпокривот е една целина. Објектот нема сопствен паркинг, бидејќи се наоѓа во пешачка зона и посетителите ќе треба да ги остават своите возила на околните паркиралишта. Неговата изградба заврши во септември минатата година.

ОБНОВА НА ПЛОШТАДОТ

Реконструкцијата на плоштадот почна кон крајот на 2003 година по иницијатива на поранешниот градоначалник Ристо Пенов, а траеше нецела година, до јули 2004 година. Според проектот, биле поплочени 14.897 квадратни метри, од кои основата на плоштадот е со сив камен, а шарите со коцки од темносива и црна боја. Главниот проект за изгледот на плоштадот бил изработен врз основа на идејните решенија на трите првонаградени проекти, а под раководство на главниот градски архитект Зоран Тониќ.

Реновирањето почна со поставување нова атмосферска канализација и инсталирање на кабелските приклучоци, потоа беше отстранета коцката, па следуваше тампонирање и асфалтирање на подлогата и на крајот се поплочи целиот простор. На плоштадот „Македонија“ се поставија 36 канделабри, а за целото уредување на центарот се потрошија 200 милиони денари.

„ТИПО“ - „СИТИ ГАЛЕРИ“

Стоковната куќа до 1993 година го носеше името „На-ма“, кога беше купена од фирмата „Типо“ и преименувана. Иако станува збор за еден од најатрактивните простори во градот, таа никогаш не се разработи доволно, а штрајковите на вработените поради плати беа чести. Откако неколку години стоеше затворена и запуштена, во 2005 година беше продадена на „Ти-ем холдинг“, кои ја претворија во луксузен моден центар. Реновирањето на објектот траеше една година, односно од март минатата до март оваа година. За тоа време просторот беше ограден, пешачката површина скратена и постојано влегуваа и излегуваа возила со градежни материјали од објектот. „Сити галери“ зафаќа површина од шест илјади квадратни метри и во неа има 35 дуќани.

НАРОДНА БАНКА -„ДИВЕЛОП“

Минатата есен направи и најновото градилиште на плоштадот. Фирмата „Дивелоп“ почна да ја обновува старата Народна банка, која ќе биде деловен објект висок 29 метри. Бидејќи зградата е до самиот брег на Вардар и до неа нема улица, дел од пешачката зона на кејот се затвори за да влегуваат градежните машини, а пешаците поминуваат над градилиштето преку монтажен мост.

За пристап до објектот треба да се направи подземна улица, која инвеститорот најавува дека ќе ја гради во 2010 година, кога ќе се заврши карабината на зградата. Според најавите, градежните работи би требало да траат околу две години.

Овој плац од 1.100 квадратни метри е познат по неговата скандалозна продажба во 2004 година, кога се тврдеше дека го купил бизнисменот Орце Камчев од тогашниот министер за транспорт и врски Агрон Буџаку за само 25 евра од квадрат.

ЦРКВА

Како гром од ведро небо во почетокот од минатата година одекна идејата на Владата и на премиерот Никола Груевски да се изгради црква на плоштадот, на просторот меѓу „Сити галери“ и „Дал мет фу“. Имаше остри реакции дека просторот е претесен и планот е спротивен на урбанистичките норми, но владините функционери се правдаа дека цркви имало на плоштадите во цела Европа и дека до 1964 година постоел православен храм во близина на тоа место, поточно каде што сега се наоѓа трговскиот центар.

Министерството за култура во март лани распиша конкурс за идејно решение и го избра тоа на архитектите Искра Атанасова и Владо Лековски. Се очекува изградбата да почне за околу два месеца. Храмот треба да биде висок 29 метри, а камбанаријата до 50 метри.
Општината Центар со забрзана постапка го измени деталниот урбанистички план за Малиот ринг за да вметне маркичка за црквата. За планот се води спор пред Уставниот суд, по претставката на градоначалникот Трифун Костовски.

ОФИЦЕРСКИ ДОМ - ГРАДСКА КУЌА

Новиот Офицерски дом, кој ќе биде реплика на стариот, треба да се обнови на западната страна од плоштадот, веднаш до Камени мост, односно на местото каде што се наоѓала оваа маркантна градба пред да биде разурната во катастрофалниот земјотрес од 1963 година.

Проектот за обновата го води Министерството за култура, а со него треба да се направи зграда во која ќе се смести канцеларијата на скопскиот градоначалник и на дел од неговата администрација, а ќе има и сала за свечености и матична сала за венчавање. Се спроведе меѓународен конкурс на кој немаше победник, туку два труда беа второнаградени, тој на професорот Коста Мангаровски и на бирото „Мултиплан архитекти“ од Љубљана. Потоа државата реши да го гради објектот според проектот на Мангаровски, кој е целосна реплика на старата градба.

Градежните работи требаше да почнат уште пред година и пол, но се одложија поради една спорна парцела за која се водела постапка за денационализација. Комисија во Министерството за финансии го решава овој спор, а се најавува дека кога ќе заврши спорот веднаш ќе почнат градежните работи.

ФОНТАНА И ХОТЕЛ

Конкурс за фонтана на плоштадот првпат беше спроведен во почетокот од 2005 година од Ристо Пенов. Се избра решението на Димитар Кондовски и на Петар Хаџи Бошков. Според тој проект, фонтаната треба да биде круг од бронза широк 27 метри и полн со вода. На него треба да има 12 мозаични елементи и 12 сонца, а во средината обелиск висок девет и широк два метра.

Сепак набргу потоа се одржаа локалните избори, а само што стапи на функцијата Трифун Костовски најави дека нема намера да троши пари за нејзината изградба, затоа што треба да се решат поважни проблеми во градот. Но потоа и општината Центар распиша конкурс за фонтана со споменик на Александар Македонски. Според неофицијални информации, проектот е веќе готов и се очекува да почне изградбата. Споменикот треба да биде повисок од Ристиќевата палата, а фонтаната да биде музичка.

Хотел од познат светски бренд треба да се направи на западната страна, веднаш до Офицерскиот дом, односно во зеленилото меѓу плоштадот и зградата на телекомот. Засега нема никакви најави за оваа градба, па најверојатно по неколку години таа ќе треба да ја заврши градежната сезона на плоштадот.





Да се гради, ама законски

Архитектите и градежните инженери сметаат дека сè што е предвидено на плоштадот ќе се изгради, но дека треба да се почитуваат роковите за градба. Тие велат дека пропишаните закони треба да се почитуваат, а не само да останат запишани на хартија, како и да се направи усогласување на сите планирани објекти на плоштадот „Македонија“.

Според градежниот инженер Горан Марковски, кога се продава атрактивна локација во градот, како што е случајот со објектите на плоштадот „Македонија“, треба да се предвиди рокот за изградба и да се утврди сообраќајното решение.

- Не смее да се повтори скандалот со деловниот објект на местото на поранешната Народна банка. Кога се купува земјиште на плоштад треба веднаш да се осмисли сообраќајното решение. Ако инвеститорот е решен да гради во централното подрачје, треба да е свесен дека тоа ќе го чини многу повеќе отколку ако гради во периферијата на градот. На граѓаните им е битно да го користат тој простор, па ако треба градежните материјали да се носат и со хеликоптер - додаде Марковски.

Ванѓел Божиновски смета дека за да се добие убав плоштад треба да се синхронизира изградбата на објектите, со што би се добил еден заеднички простор, кој ќе биде средиште на случувањата.
    
 
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12292
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #218 Posted: 22-Feb-2009 at 05:05
http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=13&PID=31782#31782

Прекрасна вест Cheers

А јас се надевам дека како тргнало  и оние пет невидени грдосии - кулите во ГТЦ ќе дочекаат коренита реконструкција!


Edited by Cloverstack - 22-Feb-2009 at 19:23
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #219 Posted: 22-Feb-2009 at 05:18
Иднината на тие 5 кули ја гледам само како деловни објекти. Во нив заедно собира уште две соравии. А некогаш во далечна иднина очекуам тоа да се случи и со мал ринг, нормално колку што е можно и колку што е потребно. Е сега тешко дека толку лесно некој би се откажал од стан во центар за било која сума, ама мислам дека со доза на дестимулативни мерки за живеење, со високи колективни давачки, со задолжителни реновирања на неколку години за згради од мал ринг, со неколку вакви мерки може да се истера еден ваков зафат и да се интегрираат кулите како дел од гтц, односно да се експропреираат доколку е можно и да се интегрираат кон ГТЦ и да биде после тоа ГДТЦ.

Edited by lslcrew - 22-Feb-2009 at 05:21
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12292
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #220 Posted: 22-Feb-2009 at 05:23
Иднината на тие 5 кули ја гледам само како деловни објекти.
Мислам дека во пракса најголем дел од нив и во моментов е претворен во деловен простор.
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 910111213 55>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.250 seconds.

Copyright ©2007 - 2021  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.