build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања > Урбанистички целини
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Мал Ринг

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <12345 52>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11974
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #41 Posted: 10-Feb-2008 at 20:49
Еве една концизна но сеопфатна компилација на моменталните и најавените градежни случувања во малиот ринг. Квантитетот е голем но квалитетот претежно е многу лош. Исто така и динамиката е доста бавна (освен неколку лоши работи кои се туркаат експресно)

На оформување на малиот ринг чекавме премногу долго, па се надевав дека тоа барем ќе придонесе да добиеме во калитет. За жал се случува сосема спротивното. Како што забележа Ванковска, пополека добиваме една турбо-фолк творба... Оној криминал и невкус што започна на периферијата на малиот ринг, сега со уште поголема жестина се сели кон центарот, то ест околу двата плоштади.

Оргиналниот план на тимот предводен од Мирослав Грчев имаше доста слабости, но со ревизиите не ги отстрануваат слабостите, туку само вметнуваат некои нелогични, буквално идиотски решенија. Постоечкиот хаос и невкус (кој во најголем дел не произлегуваше од самиот план, туку повеќе од корупција, неспособност и несовесност), со најновите катастрофални урбанистички решенија (од кои на нормален човек му се гади) се претвора во урбанистички и архитектонски ужас. Ама тоа е друга тема и ќе ја обработам во друга прилика.

Еве што моментално се случува во малиот ринг:
(За жал не е графички опфатен целиот мал ринг - недостасуваат некои најавени проекти како собранието, споменик на карев, југобанка и третиот дел од улица Македонија. Но и за нив на крајот имам дадено текстуален осврт.)





1. Градска Куќа   http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=91

Во суштина се работи за обнова на стариот офицерски дом, плус една стаклена купола (во последно време ништо не смее без купола нели) и со ентериер од сосема друг современ проект од истиот конкурс. Како тоа ќе се вклопи само господ знае. Замислено е во бјектот да се сместат просториите на институцијата градоначалник, да се префрли матичната служба за венчање и дополнително да се користи како репрезентативен објект за разни приеми, изложби и сл. Покрај сите замерки што ги имам, сепак генерално гледам благо позитивно на проектот.
Конкурсот (очигледно нејасно дефиниран ако се суди според пристигнатите трудови) се одвиваше во почетокот на 2007 и победи Коста Мангаровски (со реплика на стариот објект и со официјално лошо решена внатрешност)
Изградбата треба да почне годинава (2008), а рокот за завршување е 2010.
Инвеститор е Министерство за Култура


2. Деловен објект   http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=173

Ова се обидуваат да го протнат како „реконструкција“ на некогашната Народна Банка (според медиумите има и одлука на советот на општина центар од 2006 со која изгледот треба да биде идентичен), но јасно е дека новиов објект ќе нема скоро никакви допирни точки со стариот. Нормално, бидејќи зад ова стои Камчев, нема никакви проблеми да се игнорираат прописите. Тоа е само какпак на целата афера со купувањето на парцелата што беше класичен пример на криминал и корупција. Ако гледавте „Код“ на А1, ќе видевте прилично комично оправдание на „наивниот“ Агрон Буџаку, како дошло до таква багателна продажба во четири очи (25 евра по квадрат за една од најатрактивните локации во градов)
Изградбата треба да почне во март или април, а рокот е година и пол.
Инвеститори се фирмите Дивелоп и Латис, а зад целата работа извесно е дека стои Орце Камчев.


3. Катна гаража   (истиот линк како за бр.2)

Катнава гаража ќе јагради истиот инвеститор што го гради претходниот деловен објект. Таа е вметната со новите измени на ДУП-от и ќе биде висока 12м. Бидејќи по малку ќе се гледа и од плоштадот и од кејот, загрижен сум каква ќе биде нејзината надворешност.
Ќе се гради паралелно со деловниот објект бр.2
Инвеститори се исто така фирмите Дивелоп и Латис


4. Подземна улица   (истиот линк како за бр2)

Ова е во функција на претходните два објекта. Според ДУП-от улицата треба да се продолжи и до подземните гаражи под плоштадот, но претпоставувам дека инвеститорот е обврзан да ја изгради само до сопствената катна гаража. Улицата ќе биде широка 7м, а ќе биде на длабочина од 4,5м.
И улицава ќе се гради паралелно со претходните два објекта.
Инвеститорот тврди дека според нивните груби проценки цената ќе биде 2-3 милиони евра.
Инвеститори се повторно фирмите Дивелоп и Латис


5. Фонтана и коњаничка скулптура на Александар Велики   http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=85

Ова се турка крајно нетранспарентно дури и за наши услови. Да не навлегувам во политичката нерационалност на ваков потег во овој момент, само сакам да забележам дека претходно планираната голема фонтана со сонце и етно елементи е многу поприкладна во кругот. Ако веќе толку сакаат да градат споменик на Александар, најдобро место е триаголникот пред Лумикс кој е како создаден за споменик, а дефинитивно не за црква.
Проектот за споменикот формално самостојно го води општина центар, што е неприфатливо, а очигледно и нелегално.


6. Коњанички скулптури на Гоце Делчев и Даме Груев   http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=156

Со сите недостатоци, оваа идја е веројатно најмалку штетна од сите други глупости што власта моментално насилно ги турка во малиот ринг. Немам информација до каде се работите...
Истата неприфатлива ситуација како и за претходниот случај - работите формално самостојно ги тера општина центар. Конкурсот е веќе распишан (на почетокот на годинава) и ќе трае до 31 март.


7. Реновирање на поранешната стоковната куќа Типо   http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=187

Од надвор реновирањето го оценувам како просечно (веројатно не можеше повеќе затоа што ете дури и таа зграда била заштитен споменик на културата). Од внатре останува да видиме, ама замислата да се расцепка на бројни класични дуќани воопшто не ми се допаѓа. Повеќето од нас се сложивме дека оној празен ѕид спрема плоштад плаче за LCD екран. Исто така останува прашањето што со просториите на „Маврово“ над стоковната... Да се надеваме дека и тие ќе се реновираат барем од надвор.
Реновирањето почна лани, на големо ги проби роковите, ама изгледа конечно привршува.
Инвестицијата изнесува 2 милиони евра.
Инвеститор е „Градиска“ или „Градишка“ (новинарите немаат консензус околу ова комплицирано прашање)


8. Лумикс   http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=188

Мислам дека на сите ви е горе-доле позната приказната. Лично јас сум подржувач на проектов и сметам дека многуте негативни реакции беа предизвикани од малограѓанска свест и поради непринципиелната хајка што се поведе да се оцрни проектот.
Прво беше почнато со градба во 2003, па беше стопирана... Се продолжи во 2004. По редовно пробивање на неброени рокови, Лумикс се уште не е готов. Како што тврдат моментално работат на завршни „ситници“.
Фирмата инвеститор (ако може да им се верува на новинариве) има егзотично име... „Лумикс, Драгиша и други“.
Главен изведувач е Маврово


9. Партерно уредување (околу Лумикс и на потегот до плоштадот Пела)

И ова требаше да биде одамна завршено. Во моментов се препукуваат Лумикс и општина центар околу тоа кој ја кочел работата.
Барем за делот околу Лумикс инвеститор ќе биде неговиот сопственик, а за делот накај Пела не сум сосема сигурен дали е одговорност на општината или повторно на Лумикс.


10. Пешачка улица 27 Март

Општина центар најавува претворање на улицава во пешачка зона и уредување со урбана опрема уште од 2006. Пред некое време повторно слушнав најава... На времето во игра беше донација од УНДП и од норвешката и шведската амбасада. Во склад со транспарентноста на општина центар, немам поим што се случува околу овој проект моментално. Се ближат локални избори, па можеби Аларова ќе се посвети повеќе на работата, а помалку на криминалите, па конечно ќе се реализира овој проект.


11. Деловен објект   http://www.skyscrapercity.com/showpost.php?p=8939246&postcount=35

Објектов требаше да биде седиште на Македонска Банка, но после сите дешавки околу банката, сега е во сопственост на фирми на Трифун (информацијава е од член на форумов, Ганчо).
Долго време седи така недоградена и прашање е кога ќе се рестартираат градежните работи. Добар аргумент за некаква регулатива за рокови во изградба


12. Хотел

Ова беше најавено лани, но не располагам со датуми и рокови. Изгледа се работи за средно голем хотел.
Инвестицијата е најавена да биде 5 милиони евра.
Инвеститор е „Македонија Турист“.


13. Деловен Објект

Добро познатата „Тифани“, заплеткана во криминалните игри на Љупчо Палевски „Палчо“... Ова е и голем грев на Грчев, на кого паѓа најголем дел од вината зошто мораше да се изместува подземниот коридор под плоштадот (што очигледно ќе значи полошо а поскапо решение). Но и покрај тоа Палчо имаше дополнителни отстапувања во градбата, па пред една година имаше рушење на делови. До каде е работава моментално не знам. Дополнително е заплеткана и со новата афера за купување на простории од страна на УЈП. Зградата според мене е грда и особено неприкладна на таква локација, ама подобро веќе еднаш нека се догради отколку да стои така.
Инвеститор е УПА Ентерпрајз на Љупчо Палевски.


14. Станбено - деловен објект   http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=140

Ова е зградата која ја ословуваме како „Палата Чиктушеви“, по некогашниот објект на таа локација. По мое мислење ојектот на рендерите изгледа солидно. Вистина, не е ништо спектакуларно, но со оглед на тоа какви карикатури има и се готват во мал ринг, мислам дека во споредба можеме да бидеме презадоволни.
Изградбата почна во втората половина на 2006
Инвеститор е „Град - СК“
Главен изведувач е Бетон Штип


15. Хотел + деловен објект + катна гаража   http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=288

На местото на старата печатница Гоце Делчев (која долго време е ругло и опасност), треба да се изградат хотел, административно-деловен објект и катна гаража (сите). Ако може да му се верува на бараба и лопов од калибарот на Зоран Азманов (газдата), тогаш тука ќе никне Шератон под франчиза. Овие шпекулации уште повеќе се засилија откако тој ги продаде своите акции во Бетон за околу 5 милиони евра (кои патем ги купи багателно во времето на Љубчо). Ама типот се жали дека за локацијата го саботирала стечајна судијка и веќе се заканува со тужби за обештетување од државата. Барем формално спорот е хипотекарен.
Азманов тврди дека бил спремен веднаш да почне со градба.
Исто така наводно веќе имал „подготвено“ 12 милиони евра за проектите.
Инвеститор би била неговата Настел Инжинеринг


16. Деловен простор

Овде веќе подоло нешто се доградува, преградува и крпи... Којзнае како дошле до дозволи за такви интервенции и импровизации.


17. Спомен дом на Мајка Тереза   http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=143

Ова што го готват (на нивниот вообичаен насилнички начин) е едно невидено ругло што е спорно и контроверзно од многу аспекти. Исто така е практично нелегално избрано на оспорен и очигледно наместен конкурс.
Првиот конкурс беше објавен во почетокот на 2007, а повторениот повикан конкурс кон средината на годината. „Убавата“ вест дека победил Вангел Божиновски со неговата бљувотина ја дочекавме во август.
Неофицијално се силеа дека камен темелник ќе удреле уште кон крајот на 2007, ама сега официјално најавуваат дека тоа ќе се случело во март-април годинава.
Инвеститор е министерството за култура.

Да не должам сега многу, опсежен осврт за ова ќе најдете на линкот погоре. Најважно е дека мора жестоко да се бориме и по секоја цена да ја спречиме изградбата на овој проект во сегашната форма. Речиси општиот консензус против објектов дава надеж и треба да се искористи и анимира!


18. Соравија Центар   http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=7

Центарот ќе содржи деловен простор, трговски центар и подземна гаража. Оваа зграда имаше комплицирана и „несреќна“ историја, па долго седеше недовршена. Со купувањето од страна на австриска Соравија сето ова се смени. Мене единствено ми пречи премалата висина на зградата која е нескладна со формата и големата основа.
Работите почнаа во април и тогаш најавија дека ќе финишираат на почетокот на годинава.
Инвестицијата во реновирање и доизградба изнесува 20 милиони евра (ја купија за 10,3)
Инвеститор е „Soravia Group“
Главен изведувач е „Strabag“


19. Надградба на ГТЦ   http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=128

Ова официјално беше објавено во ноември 2007. Станува збор за уште еден кат кој (според некои извори) би придодал 14000 метри квадратни корисен простор. За таа цел веќе го променија и ДУП-от. Немам ништо против ако се изведе добро, но досегашното искуство ме плаши... Којзнае што ќе измислат (ако веќе немаат измислено). Треба да се земат во предвид и оние пет грди згради таму, ако некој води сметка...
Беше оптимистички најавено дека изградбата ќе финиширала до крајот на 2008.
Инвеститор би била државата (?!?) или би влегла во соинвеститорство со приватен субјект.


20. Мост на Цвеќето   (нешто повеќе за мостов можете да прочитате во оваа нишка)

Се работи за пешачки мост кој ќе го поврзе ГТЦ со платото пред МНТ. Мостов мислам дека ќе има добра функција (пред се да ја анимира левата страна), само ни останува да се надеваме дека убаво ќе изгледа. Инаку во медиумите по обичај беа изнесени нејасни и контрадикторни податоци, па немам сигурно инфо околу деталите или некакви конкретни дати и рокови.
Како инвеститори исто се наведуваат повеќе субјекти. Од тоа дека Општина Центар веќе издвоила средства (каде 25 милиони денари, каде 450000 илјади евра), до тоа дека Комерцијална Банка ќе ја покриела целата финансиска конструкција, па се спомнаа и информации дека ќе се барале пари од претпристапните фондови на ЕУ... Но комент...


21. Реконструкција на Камени Мост   http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=68&PN=1

Децениската реконструкција веројатно трае подолго од самата изградба на мостот. До сега се потрошени околу 3,5 милиони евра. Неодамнешната донација од Истанбул (за која имам сретнато 4 различни цифри во опсег од 1,1 до 1,5 милиони евра) влева надеж дека реконструкцијата конечно ќе финишира. Синоќа поминав таму и гледам почнале да работат на обнова на стражарската кула.
Рокови веројатно веќе никој не се осмелува да спомне.


22. Музеј „Македонска Борба“   http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=139

Музејскиов комплекс треба да содржи Музеј на ВМРО и Музеј на жртвите на комунизмот . Да не навлегувам во политичките аспекти на проектов, само ќе се задржам на естетските. За жал имаме рендери од други проекти на конкурсот, ама победничкиот како да е некаква воена тајна. Тоа е доста индикативно само по себе. Се прашувам каков кичерај имаат замислено повторно... Слушам и за некаков голем златен лав на фасадата, што наговестува отприлика во кој стил е сето тоа. А локацијата е од огромна важност!
Конкурсот беше во првата половина на 2007. Барем формално автор на победничкото идејното решение е некојси Зоран Јордановски.
Немам наидено податоци кога треба да почнат со градба и до кога е рокот.
Инвеститор е министерството за култура.


23. Национален Театар   http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=116

Обнова на стариот театар (со малку изменет изглед и особено внатрешност, малку изместена локација и обратно орјентиран). Ќе има голема сала со 756 и мала сала со 236 седишта. Автор на проектот е „генијалниот“ Јован Стефановски - Жан. Градежните работи стартуваа на самиот почеток на 2007, но брзо запреа поради фијаското со големината на маркицата, за што требаше речиси цела година да се разреши. Така да проектов веќе на големо доцни... Работите продолжија во декември 2007. Рокот е крај на 2009.
Инвестицијата (само за градежните работи) ќе изнесува 6 милиони евра. За специјална театарска опрема ќе требаат дополнителни средства.
Инвеститор е министерството за култура.
Главен изведувач е Бетон Штип.


24. Меморијален центар на Холокаустот   http://www.skyscrapercity.com/showpost.php?p=6278798&postcount=10

Ќе содржи музеј и арт центар.
Почна да се гради во 2005, а рокот е 11 март 2008 (што е нереално со оглед на ситуацијата на терен)
За цената сум наишол на најшаренолики информации во огромен спектар, но најверодостојни ми изгледаа информациите дека проценката на времето се движела помеѓу 5-7 милиони евра. Средствата се обезбедени преку фонд од денационализација на имототе на македонските Евреи, кои биле скоро комплетно збришани од страна на нацистите.
Главен изведувач е Бетон Штип.


25. Македонска Филхармонија   http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=130

Една од ретките навистина светли точки во последно време. Да се надеваме дека реализацијата на проектов нема да заглави или да се одолговлечи. Треба да има голема концертна сала со 1100 седишта и мала алтернативна сала со 300 седишта.
Конкурсот беше во средината на 2007 и победи решението на Виктор Михајлов. Изградбата е најавено да почне во април годинава, а треба да заврши во 2009.


26. Плажа на Вардар   http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=153

Ова упорно го најавува нашиот мрднат градоначалник Трифун. Според неговиот план ова треба да се реализира на потегот од Камени Мост до МКЦ. За секој нормален човек ова е тотално несоодветна локација. Дополнително, Скопје има многу подобри алтернативи (што беше опсежно дискутирано на форумов). Песочна плажа и спортски терени едноставно се најголемата глупост што може да се направи до камени мост, пред операта и балетот, идната филхармонија, возобновената црква, карши ГТЦ и со поглед од плоштадите. Чист идиотизам! За жал деновиве, по којзнае кој пат идејава повторно се актуелизира (ова беше спомнато на урбаните вести на МТМ во петокот). Се ближат избори, па се плашам дека овој пат може посериозно да се зафатат со реализација. Претпоставувам ни самиот Трифун веќе нема илузии дека има шанси да биде реизбран, но можеби сака малце да си го „испере“ образот пред крај... А ваков евтин проект кој наидува на добар прием кај градските сељаци е идеален за таква намена.



Продолжение во наредниот пост


Edited by Cloverstack - 12-Aug-2008 at 15:58
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11974
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #42 Posted: 10-Feb-2008 at 20:52


Форумов ми го скрати постот, ама за среќа имав направено copy, па еве го продолжетокот


Проекти во Мал Ринг кои не се опфатени на мапата се:

-  Надградба на Собранието   http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=78
Основниот проблем е просторен, но се добива впечаток дека целта на овој проект е да може да се насадат задолжителните куполи. Ќе беше добро да беа малце потранспарентни па да можевме да видиме во кој правец се движат, сепак се работи за Собрание... Ако се суди според игрите околу комисијата за надградба, работата не е на арно (таму се неизбежните Вангел Божиновски, Јован Стефановски-Жан и Паско Кузман кој како директор на управата за заштита на културното наследство, сам се предложил за член).

-  Коњаничка скулптура на Никола Карев   http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=156
Локацијата е пред собрание. Според мене тоа е идеална локација за идеалната личност. Но не можеа а некако да не ја заебат работа, па решија и него да го качат на коњ. Па побогу, човекот бил претседател на првата република на Балканот... Нели повеќе би прилегало да се долови во државничко и интелектуално светло?
Проектот за спомеников (како и за претходните наведени споменици) формално самостојно го води општина центар, што е неприфатливо, а очигледно и нелегално. Конкурсот е веќе распишан (на почетокот на годинава) и ќе трае до 31 март.

- Уредување на третиот дел на Улица Македонија   http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=160
Овој дел во догледна иднина ќе остане отворен за сообраќај, па овде се уредуваа само тротоарите. Синоќа кога поминав ми изгледаше дека завршиле, ама тој знакот за изведување на работите уште стоеше, па не знам сега...

- Карабината на бивша Југобанка   http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=290
Таканаречената „зграда убиец“, која недоградена стои веќе речиси две децении е уште подобар пример од зградата на „Македонска Банка“ дека со регулатива треба да се ограничи времето на изградба. Да биде уште потрагично, зградата сега е во сопственост на владата. Зградава има долга, тажна и заплеткана историја. Во 2001 беа планирани од буџетот 12 милиони тогашни германски марки, но поради конфликтот тоа пропадна. На почетокот на минатата година владата повторно најави дека ќе ја доградува зградава, но се уште нема ништо поконкретно. Не ми е јасно што се влечкаат толку многу. Ако не можат да ја доградат нека ја продадат. Наместо капитал, зградава моментално е опасност и „товар“.



Се надевам дека последниве два поста ќе ви бидат корисни и ќе бидат извор за брз пристап до основни податоци и преглед на состојбата. Планирам од време на време да „апдејтувам“ и репостирам.

Ако некој има нешто да додаде или поправи нека каже Smile
Особено се добредојдени податоци за дати, рокови, буџети, инвеститори, проектанти и изведувачи.



Edited by Cloverstack - 07-Jul-2008 at 02:11
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11974
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #43 Posted: 10-Feb-2008 at 20:58
И само уште на кратко да се осврнам на последните промени и на најавените нови промени во ДУП-от, која од која полоша...

Ohno

Со неодамнешните измени меѓудругото добивме:
1. Зголемување на дозволената висина на повеќе згради до 29м со што се прави висинска турли-тава околу плоштадот. Мотивите се профитерски за сопствениците кои се блиски до власта.
2. Потенцијално проблемабатизирање на подземните сообраќајни коридори.
3. Нова збутана минијатурна маркичка пред МТ.

Како ова да не им беше доволно, веќе се најавуваат нови експресни промени, нови бисери:
4. Маркица за фамозната црква
5. Потенцијално уште една спорна маркица за уште поспорен проект

И којзнае уште какви бистри идеи имаат...

Bash


Нормално повторно се поставува прашањето зошто ни се воопшто урбанистички планови кога се менуваат секојдневно и тоа по желбите на популистички политичарчиња и транзициски „бизнисмени“... Порано барем мораа да ги кршат, сега си ги прилагодуваат по свој ќејф, како ќе им прдне!
Back to Top
mitatos View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1739
  Quote mitatos Quote  Post ReplyReply #44 Posted: 10-Feb-2008 at 21:24
Cloverstack ubav post , mislev deka ja zaboravi crkvata ama gledam i nejze si ja ubutal u postov ,stvarno se pravi nesto sve okolu plostadot , toa e golem kriminal




Edited by mitatos - 10-Feb-2008 at 21:25
"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11974
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #45 Posted: 10-Feb-2008 at 21:34


Црквата ја немам вклучено во мапата затоа што немаме нешто конкретно околу нејзе туку само приказни. Дополнително, ја нема ни во ДУП-от, ниту има било каква објавена замислена јасно отцртана локација за нејзе...

Јас се надевам дека ќе никогаш ќе нема потреба да ја вцртувам! Попрво би идел да ја рушам владата него да ја вцртувам таа будалаштина...


Edited by Cloverstack - 10-Feb-2008 at 21:35
Back to Top
La Linea View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
  Quote La Linea Quote  Post ReplyReply #46 Posted: 10-Feb-2008 at 22:04
Браво Cloverstack за сеопфатниот пост. Thumbs%20Up Ми се допаѓаат коментарите што си ги оставил како и основните информации за проектите, мислам дека сите до еден го делиме исто мислење за нивниот карактер.
    Можеш да спомнеш, доколку фијаското продолжи, за барањето за реконструкција на Бурмали џамијата во делот за Офицерскиот дом.
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8930
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #47 Posted: 14-Feb-2008 at 15:06
Кловер конечно го прочитав постот, неможе човек а да не те пофали Applause

Стварно не ми текнува некоја дополнителна информација или детал. Мислам дека сите битни информации со кои располагаме си ги опфатил.

Но скроз ме фати затечен за 16ка. Веве Група прави реконструкција на некој објект? Тоа е објектот со пролаз веднаш до Turist Best Western? Или?

Прв пат слушам за ова. Има некои интервенции од надвор или?
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11974
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #48 Posted: 14-Feb-2008 at 15:17


Одамна нешто доградуваат и крпат, одма до пролазот. Не можам вака да ти објаснам, ќе мораш сам да видиш. Ама мислам дека веќе се при крај.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11974
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #49 Posted: 20-Feb-2008 at 15:58
Зарем мислат дека некој ќе поверува на бедното оправдание што го нудат за повторно менување на мал ринг?!?

Nuts

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=FF3E22D89F10DD4793ECAED5E8AE7FB3

Во Центар ќе се коригираат три ДУП-а поради застареност!

Корекциите ќе ги финансира Владата по барање на Општината


Иако е изменет пред само четири месеци, ДУП на „Мал ринг“ ќе претрпи повторни измени и дополнувања

Деспина Трајковска

Усогласување на детаљните урбанистички планови со градската урбанистичка рамка е главната причина поради која ДУП за „Мал ринг“, за „Голем ринг“ и за „Буњаковец 1“ се дел од Програмата за приоритетна изработка на урбанистички планови во државава, што е утврдено со владина одлука донесена од пред две недели. Надлежните од Општина Центар ги отфрлаат наводите дека прекројувањето ќе се врши заради некаков интерес на централната власт. Всушност, општинарите објаснуваат дека измената на плановите е предвидена по нивно барање, кое дополнително се состои и од молба за помош од државата за финансирање на ДУП.

„Согласно со можноста државата да финансира измени или изработка на урбанистички планови, ние поднесовме барање и тоа беше прифатено. Главната причина за корекциите се застареноста на плановите, што резултира со нивно несовпаѓање со Генералниот урбанистички план на Скопје. Генерално, корекциите се потребни за да се изврши усогласување на сообраќајните решенија“, вели Соња Шумкова, раководител на Одделението за урбанизам во Општина Центар.

Таа посочува дека плановите биле постари од пет години, додека ГУП е со понов датум, што доведува до нивна неусогласеност. Инаку, општинарите не можат да посочат колкава е сумата што ќе треба да ја издвои државата за финансирање на трите урбанистички плана. Единствено велат дека цената за изработка, односно измена на еден ДУП, зависи од опфатот на планот, при што сумата за изработка на еден хектар чини 50.000 денари.

Од Општина Центар ниту отфрлаат ниту потврдуваат дека причина за измена на ДУП за „Мал ринг“ е владината одлука за изградба на црква на плоштадот, бидејќи постојната урбанистичка рамка не предвидува црковен објект на просторот помеѓу „Дал Мет Фу“ и Стоковната куќа. Образложението дека овој план е застарен и негово менување е неопходно, не е издржано, со оглед на тоа дека тој беше коригиран пред четири месеци и притоа беше усогласен со ГУП.

Советот на Центар во одбрана на Здравев за „Мал ринг“

Советот на Општина Центар речиси едногласно заклучи дека не биле направени пропусти при носењето на измените на Детаљниот урбанистички план „Мал Ринг“, ниту пак, дека претседателот Владимир Здравев, гласајќи за планот, со кој неговото семејство индиректно ќе се стекне со финансиска корист, предизвикал судир на интереси. Разгледувајќи ја информацијата од Државната комисија за спречување на корупцијата, со која од Советот беше побарано изјаснување во врска со случајот, советниците со 17 гласа „за“ и три против не го прифатија барањето за повторно разгледување и преиспитување на наведениот ДУП. Советот смета дека планот е донесен во согласност со законот. „Поради тоа не се прифаќа ниту барањето за изрекување опомена на Здравев за негово учество на седницата на која планот беше усвоен“, стои во заклучокот. Советниците напомнаа дека Здравев и да се изземел од гласањето, ДУП ќе бил усвоен, зашто бил донесен со мнозинство гласови.

„Зошто антикорупционерите ни доставуваат ваква информација и бараат ние да дадеме наше мислење. Таа треба да го повика прозваното лице што направило евентуален престап и доколку смета дека има основа, да преземе соодветни мерки против него“, рече советникот Раде Лазаревски од СДСМ. Истиот став го имаше и неговата колешка Нада Зрмановска, која посочи дека се' е во рацете на антикорупционерите. Прозваниот Владимир Здравев, на кого, како што рече, не му е јасно зошто од Антикорупциска комисија не го повикале на разговор, туку целата постапка ја водат со преписки меѓу институциите и медиумите, посочи оти се' уште смета дека со чинот на неговото гласање не го прекршил законот, ниту пак дека неговиот глас бил пресуден ДУП да биде изгласан. (Дс.Т.)


Edited by Cloverstack - 20-Feb-2008 at 15:59
Back to Top
skywings View Drop Down
Newbie
Newbie
Avatar

Joined: 01-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote skywings Quote  Post ReplyReply #50 Posted: 08-Mar-2008 at 10:58

Аларова донела предлог за измена на ДУП-от за Мал ринг што беше донесен пред само пола година!!!!   З'ш ли го прави тоа???!!!!!!Bash    па мора да му го исполни сонот на Грујо за црква на плоштад... значи ништо не може да ги спречи, тврди главиWallbash



Edited by Cloverstack - 08-Mar-2008 at 13:15
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11974
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #51 Posted: 08-Mar-2008 at 13:20
Далеку од тоа дека ништо не може да ги спречи. Ќе треба да им се пружи отпор!

Инаку мора прво да видиме за какви измени се работи. Малку ме буни она дека презентацијата ќе се одржела на 06.03.2008, а решениево го објавуваат на 07.03.2008. „Презентацијата“ сме ја пропуштиле, но бидејќи анкетата трае 10 дена, ваљда дуп-от со новите измени е изложен на истото место... Ќе треба да се отиде до адресата што ја спомнуваат.


Edited by Cloverstack - 08-Mar-2008 at 13:21
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #52 Posted: 08-Mar-2008 at 14:15
А 100-катници?!
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11974
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #53 Posted: 08-Mar-2008 at 15:37
Ако мислиш на тие на паркингот карши Холидеј Ин, тоа не е во малиот ринг.
Back to Top
skywings View Drop Down
Newbie
Newbie
Avatar

Joined: 01-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote skywings Quote  Post ReplyReply #54 Posted: 08-Mar-2008 at 15:42
100 катниците не влегуваат во Малиот ринг, тие се опфатени со дуп-от за Ново маало што беше донесен во декември лани. Слушнав декатој дуп не поминал во Градот, кој треба да даде одобрение. Арно ама законот дозволува Градот да стави вето само еднаш, ако советниците на Центар пак го изгласаат истиот дуп, тој стапува на сила и е валиден.
Back to Top
La Linea View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
  Quote La Linea Quote  Post ReplyReply #55 Posted: 08-Mar-2008 at 15:43
Ниту се 100-катници, туку 100 ката е бројот на катови дозволено да се градат на таа маркичка. Мислам дека беа планирани 3 Х 50 катници.
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11974
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #56 Posted: 08-Mar-2008 at 15:47
„Планирани“ е многу непрецизен термин... Јас многу би сакал да се реализираат, но сега за сега изгледа дека се „планирани“ само во главите на некои дебелоглавци.
Back to Top
mitatos View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1739
  Quote mitatos Quote  Post ReplyReply #57 Posted: 08-Mar-2008 at 18:02
MRTV e najgolemata zgrada vo makedonija zasega, a ima samo 20 sprata( ako ne se lazam) , a od niv  samo nekolku se polni , skoro 50 % e prazno, pa sega vie razmislete sto bi bilo ako bi imalo 50 ili 100 sprata zgradi , i koj ke gi polni ?



Edited by mitatos - 08-Mar-2008 at 18:02
"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)
Back to Top
La Linea View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
  Quote La Linea Quote  Post ReplyReply #58 Posted: 08-Mar-2008 at 18:08
Originally posted by mitatos

MRTV e najgolemata zgrada vo makedonija zasega, a ima samo 20 sprata( ako ne se lazam) , a od niv  samo nekolku se polni , skoro 50 % e prazno, pa sega vie razmislete sto bi bilo ako bi imalo 50 ili 100 sprata zgradi , i koj ke gi polni ?



Мислам дека добар дел од МТВ е пополнет, не знам од каде сега ова...
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
Back to Top
vardar View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Mar-2008
Online Status: Offline
Posts: 1106
  Quote vardar Quote  Post ReplyReply #59 Posted: 08-Mar-2008 at 22:27
Originally posted by mitatos

MRTV e najgolemata zgrada vo makedonija zasega, a ima samo 20 sprata( ako ne se lazam) , a od niv  samo nekolku se polni , skoro 50 % e prazno, pa sega vie razmislete sto bi bilo ako bi imalo 50 ili 100 sprata zgradi , i koj ke gi polni ?

 
И ја слично имам слушнато, не дека 50% е празна но има цели спратови празни, па во мртв има околу 1200-1500 вработени, а толкава зграда. А со 50 катници или 100 катници да не се занесуваме, едноставно нема побарувачка за такво нешто во моментов. Колку што знам ни софија ни белград не се затрчаа по облакодери (има и таму планови но ништо не се гради) а не па ние 3х100, и тоа без (убавицата на Кире што ќе се гради со донации во аеродром  Nuts
Back to Top
gotsomekicks View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Macedonia
Online Status: Offline
Posts: 305
  Quote gotsomekicks Quote  Post ReplyReply #60 Posted: 09-Mar-2008 at 00:25
Originally posted by La Linea

Originally posted by mitatos

MRTV e najgolemata zgrada vo makedonija zasega, a ima samo 20 sprata( ako ne se lazam) , a od niv  samo nekolku se polni , skoro 50 % e prazno, pa sega vie razmislete sto bi bilo ako bi imalo 50 ili 100 sprata zgradi , i koj ke gi polni ?



Мислам дека добар дел од МТВ е пополнет, не знам од каде сега ова...


Скоро имав прилика да „шетам„ низ МТВ бидејќи одделот на МВР за пасоши е таму. Прво нешто што приметив беше колку е празна зградата. Незнам за тоа дека цели спратови се празни, али дефинитивно имаше многу малку луѓе. На еден спрат викавме за да најдеме човек да ни каже каде се просториите на МВР. Ohno
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <12345 52>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.266 seconds.

Copyright ©2007 - 2018  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.