build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања > Урбанистички целини
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Мал Ринг

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 2829303132 52>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
UrbanFreak View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Oct-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1732
  Quote UrbanFreak Quote  Post ReplyReply #581 Posted: 16-Dec-2011 at 16:12

Јас сум за иницијативата. Дефинитивно треба да настапиме како заинтересирани граѓани и членови на Билд, максимално аполитички, и со конкретниве предлози и скици. Не би било лошо и од некои од ахитектите на форумов да чуеме мислење или пак да дојде во недела.

אל תסתכל בקנקן, אלא במה שבתוכו
Back to Top
alexgizh View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 07-Jan-2009
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1967
  Quote alexgizh Quote  Post ReplyReply #582 Posted: 16-Dec-2011 at 16:48
Се гледаме пред Ченто во Недела во 18.
The only thing necessary for the triumph of evil is for good men to do nothing.
Back to Top
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4689
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #583 Posted: 16-Dec-2011 at 20:15
Originally posted by StreetStruck


Апсолутно се согласувам, не да се иде со 20 души туку туку 3-4 луѓе кои ќе знаат да објаснат, да кажат што имаат, без навреди, без инаети,без партиски муабети, со строго изграден став, за да звучи се тоа сериозно и издржано. Затоа треба малце посериозно и порешително да се пристапи. Предлозиве се добра основа според мене.

Точно така. Најдобро е како што вели СтритСтрак. Неколку луѓе, не голем број. Но да се оди во име на форумот и членовите.

И сакам уште нешто да додадам. Никој од страна да не биде вмешан, или да не му се дозволи да се вмеша и приклучи. Секој би можел да ја подржува идејата, односно да му се допаѓа. Но да не смее да биде вклучен во официјалниот став, пристапот, настапот и настанот.

Односно, единствено и исклучиво членови на форумот да бидат во организација на иницијативата и нејзиното спроведување. И јас сум целосно против некој од надвор да биде вмешан.

А кога ќе треба да се претстави пред властите и евентуално пошироко. Тоа да го направат мал едноцифрен број на луѓе, но со подршка и од другите членови кои се вклучени во целата активност.



Edited by FoSsiL - 16-Dec-2011 at 20:16
Back to Top
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4689
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #584 Posted: 16-Dec-2011 at 20:20
Originally posted by alexgizh

Се гледаме пред Ченто во Недела во 18.

Доаѓам.

Туку, да ги разработиме убаво идеите и скиците. Да изготвиме соодветен и конкретен материјал, надополнет со опис. 

Мислам на тоа, скиците да ги прецртате/прецртаме на убаво, чисто и јасно, и да додаме опис на предолог. А да изготвиме и текст, опис, обраќање и за општиот став, воведот, и слично.

Но ова можеме да го разговараме и на средба. Но нека биде споменато и напоменато

Back to Top
fichot View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-Feb-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2423
  Quote fichot Quote  Post ReplyReply #585 Posted: 16-Dec-2011 at 23:35
Идејава за лепенка на Сити Галери е

Доброволно се пријавувам за „крстоносци“ ако одите со овој предлог.
Back to Top
OKA View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-Dec-2009
Location: Yenni Maalе
Online Status: Offline
Posts: 332
  Quote OKA Quote  Post ReplyReply #586 Posted: 17-Dec-2011 at 01:17
Се извинувам, не Ве разбирам баш најдобро. Каде се спремате да одите!? Да доставите предлози на јавна анкета за Мал ринг!?
Врзи два поста без СК2014 и освој трет гратис!!!
Back to Top
mladen_s View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 04-May-2010
Location: Macedonia
Online Status: Offline
Posts: 407
  Quote mladen_s Quote  Post ReplyReply #587 Posted: 17-Dec-2011 at 11:38
Едно прашање, што веројатно ќе го одговори некој откако ќе се состанете во недела: дали само ќе барате да се задржи погледот кон споменикот или ќе предлагате ваше решение за објектот? (наизглед исто, меѓутоа може да има различен ефект врз суетата на политичарите)

И една забелешка на планот за локацијата: скалите што ги забележа lsl се целосно во површината на плоштадот, ограничена со регулациона линија. И покрај тоа што таквата линија од многу причини и не е многу логична и не мислам дека треба да се појавува, сепак во случајов дава некаково ограничување за околните градежни површини. Е сега, како тргнале да поништуваат, веројатно и тоа не им е проблем.. Веројатно веќе имаат решение за објектот, само тајниот архитект не можел да го венесе во дадената површина, па му требал уште простор, па ајде скали на плоштад. И ме интересира како ќе издадат градежна дозвола за скалите, ако не се дел од градежната површина? Како дел од партерното уредување на плоштадот? Во секој случај, бидејќи јас не сум во можност, доколку некој се согласува со оваа моја забелешка и би сакал да ја достави на јавна анкета, слободно нека го направи тоа и/или нека ме контактира

Edited by mladen_s - 17-Dec-2011 at 11:39
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #588 Posted: 17-Dec-2011 at 12:04
со оглед на тоа што владата гради по планот што го зацртала,најдобар џокер за да се убедат градските власти да го променат планот е да се потенцира фактот дека со изградбата на зградата на плоштад ќе се наруши видикот на споменикот низ капијата,па цел проект губи на смисла.треба да се удри на сиетата,тука е шансата,а и треба да се рачуна на фактот дека со промената НЕКОЈ губи деловен простор на плоштад,а тој НЕКОЈ ако е моќен,едина шанса е да се убеди некој уште помоќен(и посуетен) дека се губи шмекот на Ск2014.од мене ако треба и ќе ви пратам полномоштво написмено
Back to Top
alexgizh View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 07-Jan-2009
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1967
  Quote alexgizh Quote  Post ReplyReply #589 Posted: 17-Dec-2011 at 19:28
Originally posted by OKA

Се извинувам, не Ве разбирам баш најдобро. Каде се спремате да одите!? Да доставите предлози на јавна анкета за Мал ринг!?


Токму така. Би сакал да ни се придружиш?
The only thing necessary for the triumph of evil is for good men to do nothing.
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #590 Posted: 17-Dec-2011 at 20:16

Црквата пред АРМ на поголема површина

Верскиот објект што требаше да се гради на плоштадот „Македонија“ е поместен во зеленилото кај Домот на АРМ, каде што ќе добие поголема површина за изградба

На негово место на плоштадот ќе се изгради објект висок 29 метри, кој најверојатно ќе биде во барок-стил и во кој ќе се смести државна институција. Ова се најновите измени во деталниот урбанистички план за малиот ринг што вчера официјално ги соопшти општината Центар.

Оттаму велат дека поместувањето на црквата кај АРМ е поради тоа што тие сметаат дека објектот подобро ќе се вклопи во тој амбиент и затоа што таму имало поголема површина за градба отколку на плоштадот „Македонија“.

- Освен поместувањето на маркичката за црквата и новиот објект на плоштадот, некои поголеми измени нема. Промената на содржините во деталниот урбанистички план беше за тој да се усогласи со новите правилници за просторно и урбанистичко планирање - вели Јовица Ацковски, портпарол на општината Центар.

Даница Павловска, претседателка на управниот одбор на Асоцијацијата на архитекти на Македонија, вели дека, како и за претходните планови за мал ринг, асоцијацијата ни сега не била консултирана за ниту една содржина од планот.
- Ние што се сметаме компетентни за да разговараме на оваа тема, планот ќе го видиме дури кога ќе биде јавната презентација. Засега само слушаме шпекулации, зашто никој ниту нé прашал за мислење, ниту пак нé консултирал за нешто. Сметам дека за вакви големи работи, како што е урбанистичкиот план за централното градско подрачје, мора да се организира дебата на повисоко ниво. Ние како архитекти имаме многу што да кажеме и да помогнеме - објасни Павловска.

На местото каде што сега е планирана црквата „Свети Константин и Елена“ порано имаше маркичка за зграда од седум ката, која се прецртуваше дури и кога планот се менуваше, иако јавноста реагираше дека оваа мала зелена површина не треба да се наруши.

Од Македонската православна црква-Охридска архиепископија не се бунат за промената на локацијата за изградба на црквата.

- Битно е да се изгради црква, а локацијата во православието не е спорна. Решението за преместување на спорната локација изминатите месеци му се навестуваше на архиепископот г.г. Стефан, кој ја раководи скопската епархија. Правно ќе се направи измена на сопственоста на земјиштето - кратко објаснуваат црковни великодостојници.

http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=121611192397&id=14&prilog=0&setIzdanie=22458
Back to Top
OKA View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-Dec-2009
Location: Yenni Maalе
Online Status: Offline
Posts: 332
  Quote OKA Quote  Post ReplyReply #591 Posted: 18-Dec-2011 at 00:19
Originally posted by alexgizh

Originally posted by OKA

Се извинувам, не Ве разбирам баш најдобро. Каде се спремате да одите!? Да доставите предлози на јавна анкета за Мал ринг!?
Токму така. Би сакал да ни се придружиш?
ОК, треба да се отиде до Урбаната заедница Мирче Ацев, да се подигнат формулари за достава на сугестии, забелешки и предлози за Нацрт ДУП-от. Во принцип, тоа може да го направи и еден член на Билд. Нема потреба "чопоративно" да се настапува, оти, таму, на лице место, обично ставаат некој "неук" административец, колку да го сервисира процесот на Јавната анкета (во смисол да дели ливчиња, по нашки). Самиот проектант и надлежните урбанисти се појавуваат шат-пат и тешко дека може да се очекува дека би се укажала прилика за некаква конструктивна дебата со нив.
Ако има интенција да се постигне некаква поширока јавна промоција на Билд идеиве за спас на "погледот кон Аце", па и некои други ситуации, тогаш најдобро е неколку члена на Билд да дадат изјава пред електронските медиуми, пред просториите на УЗ Мирче Ацев, непосредно по доставувањето на анкетните листови. Во тоа кратко интервју или изјава за јавност, претставниците на Билд треба прецизно и концизно да ги промовираат "спорните" ситуации во ДУП Мал Ринг и соодветните решенија што ги нуди "Билд заедницата". Подоцна, пакетот решенија треба да се евалуираат и пошироко презентираат во подолг временски период, со зголемен опфат на медиумскиот простор. Целта е да се задржи вниманието на јавноста во целото времетраење на процесот на усогласување на ДУП/от. И секако, крајно, да се изврши голем притисок врз министерот за сообраќај, бидејќи, искуствено, неговото "дискреционо" право е пресудно за конечниот изглед на Мал Ринг.
Со оглед на тоа дека Јавната анкета трае до 28.12.о.г., според мене, поволен термин за предавање на Анкетниот лист и ефикасно медиумско покривање би бил понеделник, 26.12.2011. По тој датум, настаните се покриени од празничните активности и аудиториумот тешко перцепира и вари сериозни општествени теми. Исто така, периодот од 19.12. до 26.12. е сосема доволен за студиозно обмислување на анкетната материја со која би настапила Билд заедницата.
Инаку, да! Шансите да се промени она што моќните лоби групи го намислиле, се многу мали. Но, може да се направи многу во поглед на намалувањето на нивниот комодитет. Секоја ваква акција го храни Google со нивните имиња, намери, со информации за нивните бизнис придобивки од несовесното поигрување со функционалната архитектура на Скопје. А, еден ден, "келнерот ќе ја донесе сметката"...


Edited by OKA - 18-Dec-2011 at 09:52
Врзи два поста без СК2014 и освој трет гратис!!!
Back to Top
alexgizh View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 07-Jan-2009
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1967
  Quote alexgizh Quote  Post ReplyReply #592 Posted: 18-Dec-2011 at 01:37
Originally posted by OKA

Originally posted by alexgizh

Originally posted by OKA

Се извинувам, не Ве разбирам баш најдобро. Каде се спремате да одите!? Да доставите предлози на јавна анкета за Мал ринг!?
Токму така. Би сакал да ни се придружиш?
ОК, треба да се отиде до Урбаната заедница Мирче Ацев, да се подигнат формулари за достава на сугестии, забелешки и предлози за Нацрт ДУП-от. Во принцип, тоа може да го направи и еден член на Билд. Нема потреба "чопоративно" да се настапува, оти, таму, на лице место, обично ставаат некој "неук" административец, колку да го сервисира процесот на Јавната анкета (во смисол да дели ливчиња, по нашки). Самиот проектант и надлежните урбанисти се појавуваат шат-пат и тешко дека може да се очекува дека би се укажала прилика за некаква конструктивна дебата со нив.
Ако има интенција да се постигне некаква поширока јавна промоција на Билд идеиве за спас на "погледот кон Аце", па и некои други ситуации, тогаш најдобро е неколку члена на Билд да дадат изјава пред електорнските медиуми, пред просториите на УЗ Мирче Ацев, непосредно по доставувањето на анкетните листови. Во тоа кратко интервју или изјава за јавност, претставниците на Билд треба прецизно и концизно да ги промовираат "спорните" ситуации во ДУП Мал Ринг и соодветните решенија што ги нуди "Билд заедницата". Подоцна, пакетот решенија треба да се евалуираат и пошироко презентираат во подолг временски период, со зголемен опфат на медиумскиот простор. Целта е да се задржи вниманието на јавноста во целото времетраење на процесот на усогласување на ДУП/от. И секако, крајно, да се изврши голем притисок врз министерот за сообраќај, бидејќи, искуствено, неговото "дискреционо" право е пресудно за конечниот изглед на Мал Ринг.
Со оглед на тоа дека Јавната анкета трае до 28.12.о.г., според мене, поволен термин за предавање на Анкетниот лист и ефикасно медиумско покривање би бил понеделник, 26.12.2011. По тој датум, настаните се покриени од празничните активности и аудиториумот тешко перцепира и вари сериозни општествени теми. Исто така, периодот од 19.12. до 26.12. е сосема доволен за студиозно обмислување на анкетната материја со која би настапила Билд заедницата.
Инаку, да! Шансите да се промени она што моќните лоби групи го намислиле, се многу мали. Но, може да се направи многу во поглед на намалувањето на нивниот комодитет. Секоја ваква акција го храни Google со нивните имиња, намери, со информации за нивните бизнис придобивки од несовесното поигрување со функционалната архитектура на Скопје. А, еден ден, "келнерот ќе ја донесе сметката"...


Држи вода ова што го велиш. Денес (недела) во 18 часот се чекаме пред Ченто, да се координираме. Би те замолил да се појавиш.
The only thing necessary for the triumph of evil is for good men to do nothing.
Back to Top
alexgizh View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 07-Jan-2009
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1967
  Quote alexgizh Quote  Post ReplyReply #593 Posted: 18-Dec-2011 at 20:09
Се најдовме јас, OCB и FoSsiL вечерва, и се договоривме каков ќе биде настапот. Следна средба (се надевам малку помасовна) ќе одржиме во Вторник, начелно во 19 часот.
The only thing necessary for the triumph of evil is for good men to do nothing.
Back to Top
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4689
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #594 Posted: 19-Dec-2011 at 04:02

Еве нешто што нацртав ноќва... Ги искористив предлозите кои беа поставени од членови на форумот.

 

 

 

 

 

 

 

 

 



Edited by FoSsiL - 19-Dec-2011 at 04:14
Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: R. e Maqedonisë
Online Status: Offline
Posts: 3834
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #595 Posted: 19-Dec-2011 at 10:41
PreviousNe znam dali bas ova bi bilo resenieRoll%20eyes Ako mislat instituciite deka verzijata na alexgixh (zgradata) e mala i nema dovolno prostor togas bi go zemal ova.. 
Back to Top
mladen_s View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 04-May-2010
Location: Macedonia
Online Status: Offline
Posts: 407
  Quote mladen_s Quote  Post ReplyReply #596 Posted: 19-Dec-2011 at 11:05
Веројатно многумина нема да се сложат со мене, ама мислам дека и Стоковната куќа, проектирана од Славко Брезовски, си има некоја вредност и стварно не мора да се изгуби целосно... Истиот воедно е заштитен како објект од втора категорија (задолжително задржување на надворешна фасада), па ваквото решение може лесно да биде одбиено и да се задржи постојното..

Јас лично од многу причини сум против ваков објект на ова место, но доколку мора да се направи некаков компромис (бидејќи современа архитектура веќе не поминува) тогаш би оставил тесен простор помеѓу двата објекти, исто како помеѓу Новата Народна Банка и Метропол можеби и повеќе. Па ако веќе мора, нека се приближи и до Лумикс и нека оди повеќе кон ГТЦ. Така и ќе добие уште една фасада, во спротивно внатрешноста на новиот објект ќе биде премногу темна..

Затоа е наједноставно да се бара само задржување на погледот кон споменикот, но веројатно ќе се соочите со двата „аргументи“: дека сте против тоа да се гради и дека треба да предложите ваше решение.. Бидејќи се решивте да реагирате, веројатно ќе го барате најдобриот начин за тоа. Во секој случај, се надевам дека ќе успеете нешто да промените од ова што е сега, што ќе даде малку надеж дека може да се комуницира со политичарите..

Edited by mladen_s - 19-Dec-2011 at 11:25
Back to Top
alexgizh View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 07-Jan-2009
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1967
  Quote alexgizh Quote  Post ReplyReply #597 Posted: 19-Dec-2011 at 11:14
Originally posted by mladen_s

Веројатно многумина нема да се сложат со мене, ама мислам дека и Стоковната куќа, проектирана од Славко Брезовски, си има некоја вредност и стварно не мора да се изгуби целосно... Истиот воедно е заштитен како објект од втора категорија (задолжително задржување на надворешна фасада), па ваквото решение може лесно да биде одбиено и да се задржи постојното..

Јас лично од многу причини сум против ваков објект на ова место, но доколку мора да се направи некаков компромис (бидејќи современа архитектура веќе не поминува) тогаш би оставил тесен простор помеѓу двата објекти, исто како помеѓу Новата Народна Банка и Метропол (Етнолошки Музеј) можеби и повеќе. Па ако веќе мора, нека се приближи и до Лумикс и нека оди повеќе кон ГТЦ. Така и ќе добие уште една фасада, во спротивно внатрешноста на новиот објект ќе биде премногу темна..

Затоа е наједноставно да се бара само задржување на погледот кон споменикот, но веројатно ќе се соочите со двата „аргументи“: дека сте против тоа да се гради и дека треба да предложите ваше решение.. Бидејќи се решивте да реагирате, веројатно ќе го барате најдобриот начин за тоа. Во секој случај, се надевам дека ќе успеете нешто да промените од ова што е сега, што ќе даде малку надеж дека може да се комуницира со политичарите..


Етнолошки Музеј? Каков Етнолошки Музеј?
The only thing necessary for the triumph of evil is for good men to do nothing.
Back to Top
mladen_s View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 04-May-2010
Location: Macedonia
Online Status: Offline
Posts: 407
  Quote mladen_s Quote  Post ReplyReply #598 Posted: 19-Dec-2011 at 11:25
Метропол своевремено бил и Етнолошки Музеј.. Ама веќе одамна не е, па ќе го избришам, за да не збунува. Всушност, бил проектиран за Привредна комора..
Back to Top
mladen_s View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 04-May-2010
Location: Macedonia
Online Status: Offline
Posts: 407
  Quote mladen_s Quote  Post ReplyReply #599 Posted: 19-Dec-2011 at 11:58
Нешто што сега го приметив во планот: на кејот е вцртана „пристапна улица“ до паркиралиштето на парцела 1.3.7 и до рампа за 1.4.1 па само сакам да прашам дали некој се осеќа како излажан? Нема да ме изненади ако на крај нема никаква подземна улица..

Изгледа парцелата 1.5.1 е замислена како постојан одвлекувач на внимание од се' што се прави во Мал Ринг.
Back to Top
alexgizh View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 07-Jan-2009
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1967
  Quote alexgizh Quote  Post ReplyReply #600 Posted: 19-Dec-2011 at 12:20
Originally posted by mladen_s

Нешто што сега го приметив во планот: на кејот е вцртана „пристапна улица“ до паркиралиштето на парцела 1.3.7 и до рампа за 1.4.1 па само сакам да прашам дали некој се осеќа како излажан? Нема да ме изненади ако на крај нема никаква подземна улица..

Изгледа парцелата 1.5.1 е замислена како постојан одвлекувач на внимание од се' што се прави во Мал Ринг.


Набрзо стана јасно како ден дека инвеситорот нема намера да гради никаква подземна улица за 1.4.1.
The only thing necessary for the triumph of evil is for good men to do nothing.
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 2829303132 52>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.359 seconds.

Copyright ©2007 - 2019  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.