build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања > Урбанистички целини
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Мал Ринг

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 4243444546 52>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Dexter26 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 2035
  Quote Dexter26 Quote  Post ReplyReply #861 Posted: 26-May-2012 at 12:23
Originally posted by spaceman091

ova e veke strasno go unistija cel grad !!!!

 
Не го уништија цел град, го уништија нецел Центар, има уште места за споменици и административни згради во Центар, само што сеуште не им текнале на нашинците тие нови идеи.
 
Бидејќи живеам во Скопје и бидејќи плаќам данок, со што директно плаќам и за ваквите идиотизми, незадоволен сум од новиот ДУП на Малиот Ринг.
 
Но бидејќи не живеам во Центар, не ми е нешто баш многу грижа, на крајот на краиштата, скопјани никогаш не се грижеле за остатокот од Македонија, зошто па сега на тие кои живеат надвор од Центар да им е грижа за тие кои живеат во Центар ?
 
На крајот на краиштата, воопшто не ни е грижа за труењето во Велес со депонијата од топилницата која не работи веќе 10 години, но само депонијата содржи доволно тешки метали за да ги труе велешани со генерации, воопшто не ни е грижа за труењето во Миладиновци со нафтата од ОКТА, воопшто не ни е грижа за труењата кои ги предизвикуваат Железара, Охис, Цементарница и кој уште друг не.
 
Па на крајот на краиштата, водителот на една дневна емисија на една национална и сателитска телевизија во Македонија (намерно не ги спомнувам за да не им правам бесплатен маркетинг), додека живееше во Центар, во емисија покажа кеса полна со поцрнет каменец од бојлер, и тоа од бојлерче за кујна, а не од бојлер за бања, а жителите на Центар продолжија да молчат, не излегоа ниту еднаш на протести пред општина Центар или пред град Скопје или пред Водовод и канализација за да бараат да им биде изграден нов водовод за да пијат почиста и поздрава вода, бидејќи водата која им истекува од чешмите е безбојна, без мирис и без вкус, поради што претпоставуваат дека е чиста и здрава, иако ако го отворат бојлерот, ќе откријат една сосема поинаква реалност, а ова важи за сите скопјани, а не само за жителите на Центар.
 
Кога мерните станици кои го мереа квалитетот на воздухот во Центар почнаа да мерат поразителни бројки за здравјето на скопјани, наједноставното решение беше - отстранување на мерните станици и ги снема паниката и незадоволството, како да демек со отстранувањето на мерните станици го отстранија и нездравиот воздух.
 
Што си сееме, тоа ќе си жнееме и ќе ги консумираме плодовите, не само типично скопски, туку и типично македонски е да не се грижиме за интересите и за потребите на останатите, трагично, но вистинито.


Edited by Dexter26 - 26-May-2012 at 12:25
Back to Top
OCB View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2011
Location: 54
Online Status: Offline
Posts: 921
  Quote OCB Quote  Post ReplyReply #862 Posted: 26-May-2012 at 12:28
Originally posted by ovaj_stariov

Kolku sto znam prvo ima lokalni izbori pa interessria dali loakalnata vlast moze da spreci menuvanje na DUP,pa da imam nedez deka mozi nesto da se spasi.

Локалната власт, односно во случајов Општина Центар е таа која го донесува односно изменува ДУП-от. Сѐ додека инвеститорот (приватен или државен) не добие градежна дозвола, можни се дополнителни измени. Рушењето на веќе изградени згради кои се во општинска или државна сопственост е можно само со одлука на сопственикот и оној кој го донесува ДУП-от (Советот на општината)
Back to Top
phenomenon View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Oct-2010
Location: Kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 2379
  Quote phenomenon Quote  Post ReplyReply #863 Posted: 26-May-2012 at 13:28
Мој предлог е да се срушат трошните куќарки помеѓу Олимписки и Веро и тука да се изгради нов плоштад.
開始されていないだけの戦いが失われ、
Back to Top
phenomenon View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Oct-2010
Location: Kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 2379
  Quote phenomenon Quote  Post ReplyReply #864 Posted: 26-May-2012 at 13:38
Одамна не сум поминал по Камени Мост, бидејќи имам чувство како да сум во лавиринт. Толкави згради, а измеѓу нив - сервисна уличка (11. Март). Одбивно!
開始されていないだけの戦いが失われ、
Back to Top
ovaj_stariov View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-May-2008
Location: Prilep
Online Status: Offline
Posts: 1309
  Quote ovaj_stariov Quote  Post ReplyReply #865 Posted: 26-May-2012 at 14:34
Originally posted by OCB

Originally posted by ovaj_stariov

Kolku sto znam prvo ima lokalni izbori pa interessria dali loakalnata vlast moze da spreci menuvanje na DUP,pa da imam nedez deka mozi nesto da se spasi.

Локалната власт, односно во случајов Општина Центар е таа која го донесува односно изменува ДУП-от. Сѐ додека инвеститорот (приватен или државен) не добие градежна дозвола, можни се дополнителни измени. Рушењето на веќе изградени згради кои се во општинска или државна сопственост е можно само со одлука на сопственикот и оној кој го донесува ДУП-от (Советот на општината)


Ova e veke dobra vest
Kolku sto mozam da se setam "tiranive" nemaa mnozinstvo i na parlamentarnite izbori vo ovaa opstina,a so dodatnive gluposti vo meguvreme bi trabealo uste poveke da padnat.
Raboti sto mozat da se spasat: da se izbrisat markicite za nov 30 metarski spomenik,novata do MOB,taa pred lumiks,noviot most so vrtelaskata,red spomenici sto doprva treba da se postavuvaat...

Edited by ovaj_stariov - 26-May-2012 at 14:43
build.mk, гради форумска историја
Back to Top
Dexter26 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 2035
  Quote Dexter26 Quote  Post ReplyReply #866 Posted: 26-May-2012 at 16:13
Previous
 
И само на тоа нека се сведат промените, сите објекти кои веќе се градат - нека се доградат и нека бидат пуштени во употреба, а овие последни идиотизми предвидени со овој нов ДУП на општина Центар никогаш да не станат реалност.
 
Треба да издржиме уште само година дена до наредните редовни локални избори 2013, а кога ќе дојде денот за гласање, нема да биде тежок изборот - ќе бираме или помеѓу продолжување на овој идиотизам или ставање крај на истиот овој идиотизам.


Edited by Dexter26 - 26-May-2012 at 16:30
Back to Top
OCB View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2011
Location: 54
Online Status: Offline
Posts: 921
  Quote OCB Quote  Post ReplyReply #867 Posted: 26-May-2012 at 16:33
Originally posted by ovaj_stariov

Kolku sto mozam da se setam "tiranive" nemaa mnozinstvo i na parlamentarnite izbori vo ovaa opstina,a so dodatnive gluposti vo meguvreme bi trabealo uste poveke da padnat.

Не само на претходните парламентарни (каде соодносот на најгласаната со владејачката партија е 49% наспроти 39%), туку и на претходните локални избори граѓаните на Центар се одлучија за поинаков состав на Советот од оној денес, но се случи политичка „интрига“ па ја имаме денешната ситуација. Ваквата определба на овие граѓани е брутално нападната со перманентните измени на Мал Ринг на два добро осмислени, но целосно недемократски начина.

1. Неорганизиарање на јавни расправи и дебати, односно нивно организирање без соодветно информирање на јавноста, во целосно несоодветни просторни услови, во најкраток можен рок и со неприфаќање и на малиот број граѓански иницијативи во врска со ДУП-от.
2. Преку префрлање на огромна сума на пари од државниот буџет во општината која неколку години по ред е општина која добива најголема финансиска потпора од централната власт.

Originally posted by ovaj_stariov

Raboti sto mozat da se spasat: da se izbrisat markicite za nov 30 metarski spomenik,novata do MOB,taa pred lumiks,noviot most so vrtelaskata,red spomenici sto doprva treba da se postavuvaat

Зградата наместо цкрва на плоштад и новопредвидената пред МОБ се најавени како административни и е веројатно дека ќе бидат за државни органи за кои Владата може да добие градежна дозвола пред локалните избори. Заради тоа, изгледот тие евентуално да отпаднат е мал. За мостот со панорамско тркало општината може да потпише договор за изградба пред локалните избори, со што и тој ќе мора да се гради (или да се раскине таквиот договор при што ќе мора да и се платат пенали на фирмата која ќе се нафати да го гради). Спомениците се во сопственост на општината и истите би можеле да се дислоцираат, а за оние за кои ќе нема потпишано договор за изработка, да се избришат маркиците.

Заклучокот би бил дека се до промена на власта и на локално и на државно ниво, ќе нема правни и политички механизми да се сопре ваквото налудничаво планирање на просторот. Бидејќи изгледите таквата промена да се случи наскоро се засега мали, може да се очекува дека најголемиот дел објекти ќе биде изграден.
Back to Top
Dexter26 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 2035
  Quote Dexter26 Quote  Post ReplyReply #868 Posted: 26-May-2012 at 17:25
Previous
 
Точно, но последната надеж е дека државата нема да ги извади потребните градежни дозволи во наредните година дена или дека градежните работи нема да започнат во наредните година дена, па идната општинска администрација да ги избрише новите маркички од ДУП - от на општина Центар.
Back to Top
xnx View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 05-Apr-2009
Online Status: Offline
Posts: 1906
  Quote xnx Quote  Post ReplyReply #869 Posted: 28-May-2012 at 09:27
spomenikot na majka tereza e veke tret objekt sto se postavuva direkno na pesacka ilica i voedno go blokira pogledot kon centralniot spomenik(zaedno so "narodna banka" i novata administrativna zgrada pred lumiks)

najverojatno se trgnalo od idejata da se porkie san marko, pa ocekuvam sledniot cekor da bide nejzina "rekonstrukcija" za da se vklopi vo okolinata. istata cel ja ima i novoto cudo od markica do MOB.

veke e poveke od sigruno deka poddrzuvam disklokacija i rusenje na golem broj objekti vo centarot so cel barem, na tolku frleni milioni vo voda, da dobieme pristoen centar.

site objekti koi se unakazija so cel da se prekrie sekakva traga deka skopje postoelo i pred 2014ta mora da se vratat: vladata, postata(mepso), esm, gtc itn..

Edited by xnx - 28-May-2012 at 09:28
Back to Top
alexsend View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2011
Location: Скопје, Центар
Online Status: Offline
Posts: 1890
  Quote alexsend Quote  Post ReplyReply #870 Posted: 28-May-2012 at 10:24
Споменик на Мајка Тереза висок 30 метри ќе биде поставен на поранешната локација на чевларот Кенан. Предвидено е и да се направи подземна сообраќајница до седиштето на ВМРО-ДПМНЕ, која почнува од катната гаража до Беко, а продолжува до „Технометал-Вардар“ на улица „Македонија“. Ќе се гради и нов мост спроти Поштата за панорамското тркало, два нови сплава на реката Вардар и кружни текови на краевите на булеварите Партизански одреди и Илинденска во чија средина ќе има место за споменици.

http://www.kirilica.com.mk/vest.asp?id=70444

      
Back to Top
Dexter26 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 2035
  Quote Dexter26 Quote  Post ReplyReply #871 Posted: 28-May-2012 at 10:58
Previous
 
Сеуште не предвиделе изградба на гигантска Конгресна сала, замислена според римскиот Колосеум, каква што била замислена во Нирнберг во времето на Хитлер и нацистите ?
 
Конгресната сала била предвидена за над 50.000 партиски членови, нејзината изградба била започната во 1935 година, не била изградена во целост, поради што останала без покрив, но до денешен ден постои во Нирнберг и е заштитена со закон.
 

 
Хитлер и нацистите ја започнале изградбата на овој објект после само 2 години поминати на власт, а на нашинциве и после 6 години поминати на власт, сеуште не им текнала ваква идеја ?
 
Или планираат прво партиското седиште да си го прошират, па потоа да фрлаат пари за вакви глупости ?
Back to Top
HugoGoulding View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 05-Feb-2011
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1303
  Quote HugoGoulding Quote  Post ReplyReply #872 Posted: 28-May-2012 at 16:25
Добро луѓе зарем стварно ќе се дозволи уште еден огромен споменик од 30 метри да никне на плоштадот, и тоа директно врз пешачка улица која се слева и го оформува истиот??Suicide
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9079
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #873 Posted: 28-May-2012 at 16:43
Не сакам да бидам циникот овдека, но токму ова е она против кое протестираа многумина на форумов кога е во прашање СК2014, а за тоа беа погрешно етикетирани и осудувани.

До сега она што се градеше горе долу одеше по линија на вкусот на подржувачите на проектот па не им беше проблем да ги игнорираат комплетно погрешниот, произволен, аматерски, политизиран упад во урбанизмот и архитектурата. И ете каде тоа не дотурка. Финансискиот масакр на страна, но самиот чин на отстранување на овие чудовишта како 30 метарска Мајка Тереза уште долго време ќе прави турбуленции во Македонија по разни основи. Мора да се стави веќе точка на ова самоволие и јавашлук во уредувањето на градот.

Едно е јасно, багерот овдека ќе игра порано или подоцна.
Back to Top
HugoGoulding View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 05-Feb-2011
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1303
  Quote HugoGoulding Quote  Post ReplyReply #874 Posted: 28-May-2012 at 17:11

Одеше по линија на вкусот на поддржувачите на проектот поради тоа што  до сега не видовме ниту еден споменик да биде лупнат директно врз пешачка улица и тоа да е 30 метри кога веќе има централен споменик со толкава димензија на 5 метра од него...


Покрај тоа Мајка Тереза има Спомен-куќа на 50 метри од плоштад а до куќата има и споменик од нејзе.


Edited by HugoGoulding - 28-May-2012 at 17:12
Back to Top
HugoGoulding View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 05-Feb-2011
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1303
  Quote HugoGoulding Quote  Post ReplyReply #875 Posted: 28-May-2012 at 17:15
Поентата ми е дека ниеден од спомениците што се досега поставени не е ирегуларен, овој ако го постават ќе биде.

Ова може да важи и за Самоил, но сепак Самоил не е со ваков димензии и висина на цела зграда буквално.


Edited by HugoGoulding - 28-May-2012 at 17:18
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9079
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #876 Posted: 28-May-2012 at 17:22
Originally posted by HugoGoulding

Одеше по линија на вкусот на поддржувачите на проектот поради тоа што  до сега не видовме ниту еден споменик да биде лупнат директно врз пешачка улица и тоа да е 30 метри кога веќе има централен споменик со толкава димензија на 5 метра од него...

Покрај тоа Мајка Тереза има Спомен-куќа на 50 метри од плоштад а до куќата има и споменик од нејзе.


Hugo, друга ми е поентата. Поентата ми е против принципот на кој се туркаат работите а не против тоа што се турка и гради. Значи ние дадовме легитимитет на некого (со нашата комплетна импотентност како општество) да менува ДУП на 2 месеци и да си вградува во него што сака, така да споменик лупнат директно врз пешачка улица беше само некое логично следство во духот дека „се се може“.

Всушност, јас не спорам тука со тебе или со подржувачите на СК2014 туку и сам со себе. На почетокот на сето ова бев на пример многу позитивно настроен кон тоа дека конечно некој ги размрдува работите (конкретно преку интервенцијата во ДУПот карши Холидеј Ин и вметнување на висококатници) бидејќи како и сите други бев заморен од статус квото кое важеше со години. Во меѓувреме, комплетно го имам ревидирано својот став за висококатници карши Холидеј Ин, но уште повеќе принципиелно ја имам ревидирано таа латентна подршка од тоа време за такви политички упади во ДУПови и ГУПови (во случаи кога тие упади се поклопуваат со некои мои ставови). Односно, ако утре некој се реши да го редефинира центарот на Скопје во стил кој би бил поблиску до мојот вкус во архитектурата, ни под разно не би го подржал тоа доколку ги користи истиве методологии.


Edited by pbanks - 28-May-2012 at 17:25
Back to Top
HugoGoulding View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 05-Feb-2011
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1303
  Quote HugoGoulding Quote  Post ReplyReply #877 Posted: 28-May-2012 at 17:41
Па тоа и јас го посочувам но чуствувам дека повеќе пати сум погрешно сфатен на форумов.

Барок и класицизам мене може да ми се допаѓа, тебе не. И двајцата сме во право.
Повеќе споменици на помал радиус мене може да ми се допаѓа, тебе не. И двајцата сме во право.
Итн.

Но огромен споменик врз легитимна и потребна пешачка улица, не може на било кој да му се "допадне", бидејќи тоа претставува класичен "инфаркт" за плоштадот. Затнување на една од неговите артерии. Се работи за механички проблем, не за естетски.


Edited by HugoGoulding - 28-May-2012 at 17:47
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 4531
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #878 Posted: 28-May-2012 at 19:13
А каде е почитувањето забранетата линија за градење покрај Вардар? Знаеш, оној стандард од после земјотресот што сите претходни власти го почитувале (бидејќи некој многу попаметен и постручен од нив заклучил дека е така). Страшното сценарио на силен земјотрес ќе предизвика вистински инфаркти, а не во наводници. Против тоа протест?
Back to Top
HugoGoulding View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 05-Feb-2011
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1303
  Quote HugoGoulding Quote  Post ReplyReply #879 Posted: 28-May-2012 at 21:05

Зборувам за загрозување на пешачка улица и безправно бришење на истата поради споменик. Менување на инфраструктурата на плоштадот.

Градбите покрај Вардар не изменуваат никаква инфраструктура ниту пак бришат некаква улица која претходно се користела.
Back to Top
Macedonicus View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar
Google Maps: Regional Expert

Joined: 29-May-2011
Location: Brno, Czechia
Online Status: Offline
Posts: 345
  Quote Macedonicus Quote  Post ReplyReply #880 Posted: 28-May-2012 at 22:43
моментот кога беспомошно гледаш како ти го силуваат градот а не можеш ништо да сториш... ебате државата
ಠ_ಠ
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 4243444546 52>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.172 seconds.

Copyright ©2007 - 2020  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.