build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања > Урбанистички целини
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Мал Ринг

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 49505152>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
xnx View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 05-Apr-2009
Online Status: Offline
Posts: 1865
  Quote xnx Quote  Post ReplyReply #1001 Posted: 15-Jan-2013 at 01:06

Милијардерот Рој ќе гради споменик на Мајка Тереза на плоштадот „Македонија“

  • Објавено: пред 4 часа
  • Прочитано: 1345
  • Печати
Премиерот Никола Груевски ја овластил министерката за култура, Елизабета Канческа Милевска да склучи договор со фирмата на индискиот милијардер Субрата Рој, за изградба на уште еден објект на Мајка Тереза во Скопје, пренесе телевизијата „Алфа“.
Според владината одлука, локацијата дефинитивно е на плоштадот „Македонија“, меѓу хотелот кој го гради „Дивелоп Груп“ и хотелот кој треба да го гради грчкиот бизнисмен Кондоминас. Според „Алфа“, новата градба, речиси е сигурно дека нема да биде само споменик. 
„Министерството за култура, Договорот ... да го склучи со индиската компанија Сахара Индија (Sahara India) за изградба на објект кој ќе го одбележува животот и делото на Мајка Тереза во рок од 60 дена од денот на влегување во сила на оваа одлука. Во договорот ... да се утврди дека по изградбата на објектот истиот ќе се запише со право на сопственост на Република Македонија“, се наведува во одлуката објавена во Службен весник. 
Како ќе изгледа новиот објект, но и која е потребата од него, со оглед дека пред четири години државата изгради спомен куќа на хуманитарката во близина на плоштадот, „Алфа“ прашала во Министерството за култура, од каде не добила одговор. 
Засега е само познато дека дозволената висина на објектот, според маркичката, е 32 метри, но има планирано и соседни градби. Според Општина Центар, се работело за планерски концепт, со кој не се затворал фасадниот изглед и не се нарушувала  репрезентативноста на објектите во непосредна близина.
Индискиот бизнисмен Субрата Рој, желбата и планот да изгради обележје на Мајка Тереза, ги најави во јуни лани за време, при официјалната посета на Македонија.
Back to Top
xnx View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 05-Apr-2009
Online Status: Offline
Posts: 1865
  Quote xnx Quote  Post ReplyReply #1002 Posted: 15-Jan-2013 at 01:08
valjda ke se opametat vo posleden moment, sramota e markicava vo sekoj pogled, i za plosadot i za toj sto plaka milioni evra da mu go staat spomenikot tamu.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11911
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #1003 Posted: 15-Jan-2013 at 01:22


Пред една година евидентирав еден очигледен фалсификат во процедурата за досување на деталниот урбанистички план „Мал Ринг“:

http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=132&PID=123220#123220



Веројатно не било прв случај, а еве потврда дека не е ни последен. Во најновата верзија на ДУП-от очигледен е уште поголем фалсификат. Повторно еден план беше поставен на јавна презентација пред граѓаните, како и на сајтот на општина Центар, а различен план бил изгласан и усвоен од советот.

Еве го документот кој беше ставен на сајтот на општината и кој беше презентиран пред граѓаните за време на јавната анкета:

http://www.build.mk/docs/users/cloverstack/URBANISTICKI%20PLANOVI/Mal%20Ring/Dubara%202/Mal Ring 201210 predlog-iid.pdf  (5,5 MB)


А еве го сосема различниот документ кој бил изгласан и усвоен и кој сега е поставен на сајтот на општината:

http://www.build.mk/docs/users/cloverstack/URBANISTICKI%20PLANOVI/Mal%20Ring/Dubara%202/Mal Ring 201212 predlog-iid.pdf  (8,5 MB)


Ве молам, може ли некој да ми објасни кој е тој закон и пропис кој што овозможува вакви измени на урбанистичките планови да се прават на сред процедура за усвојување и кој што овозможува на јавноста да и се презентира едно, а да се изгласува нешто сосема друго. Ако нема таков закон и пропис, тогаш каде точно лежи одговорноста за оваа измама и какви се санкциите?


Презентираниот план со дата Октомври 2012:



Усвоениот план со дата Декември 2012:






Еве некои од разликите, поточно упадите и фалсификатите кои успеав да ги воочам:


1. Кај хотелот „Мериот“ на плоштадот (кој патем е во сред градба) е зголемена висината од 29 на 30 метри, а кај планираниот споменик на Мајка Тереза е зголемена висината од 30 на 32 метри.

Презентираниот план:



Усвоениот план:






2. Подземната гаража зад собранието во сред процедура за донесување на ДУП-от магично се претвори во катна гаража. BTW овде ради катната гаража жртвувале три предвидени локации за споменици, ама не се сомневам дека ќе им смислат нови локации на плоштад или во „жена парк“ Roll%20eyes

Плус има упад со зголемена катност на стариот објект на МНР (се спрема ли барокна доградба ?!?) и издвоена нова маркичка 3.2.5.1

Презентираниот план:



Усвоениот план:






3. Предвидената деловна зграда каде што требаше да биде црквата на плоштад - и со голо око се гледа дека е исцртана поголема градежна маркичка (проширена е кон „Сити галери“, тоа најлесно се воочува на аголот на маркичката што е кон плоштадот и „Сити галери“). BTW за уште поголемо чудо податоците за маркичката во табелите се непроменети во споредба со верзијата презентирана на јавна анкета...

Презентираниот план:



Усвоениот план:






4. Новата деловна зграда што е планирана на местото на сегашното седиште на ВМРО-ДПМНЕ односно таканаречената „жолта куќа“ зад „Беко“ исто така има добиено поголема површина за градење (што се гледа и со голо око од формата на маркичката), а вкупната корисна површина на објектот е смнета од 11.060 метри квадратни на 12.240 метри квадратни (разлика која е евидентирана во табелите).

Презентираниот план:



Усвоениот план:



BTW во презентираниот план, за „жолтата куќа“ на ВМРО-ДПМНЕ има разлика помеѓу податокот за катност вцртан на самата маркичка и податокот за катност во табелата, меѓутоа тешко е да се каже колку од разликата во квадратура која што фигурира се должи на евентуална случајна грешка (мада одамна веќе не верувам во вакви случајности), а колкав дел од таа разлика во квадратура е резултат на зголемувањето на градежната маркичка, која иако не е преголема, кога ќе се помножи со 10 ката сигурно резултира со солидна дополнителна квадратура.

Презентираниот план:



Усвоениот план:







Ако некој воочи и други измени, слободно нека ме дополни


Edited by Cloverstack - 15-Jan-2013 at 01:59
Back to Top
xnx View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 05-Apr-2009
Online Status: Offline
Posts: 1865
  Quote xnx Quote  Post ReplyReply #1004 Posted: 15-Jan-2013 at 09:49
bravo sto postojat vakvi luge kako tebe, mislam deka si edinstveniot sto uspea da gi vooci i pretstavi vo javnost ovie falsifikati, kako i mnogu drugi predhodno. mislam deka treba (koga ke e bezbedno, se razbira) da se napravi eden dokumentarec so site promeni na centarot na skopje, pricinite poradi toa i nacinite na falsifikuvanje, pocnuvajki od toa sto padna maliot ring na ustaven i oko ne im trepna, do nezakonskoto menuvanje na fasadi prosledeno so falsifikuvanje na anketi (vladata) kako i odenje do tamu da se postavi objekt na sred ulica samo za da se pokrijat nekoi sovremeni zdanija zatoasto im bodat oko (ova e tesko da se dokaze megutoa e poveke od ocigledno) itn... ova e presedan vo celiot civiliziran svet i treba ubavo da se dokumentira i pretstavi, iako ke bide docna....
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3327
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #1005 Posted: 15-Jan-2013 at 11:33
Clover, мене ми се смрзна крвта кога ја видов изгласаната верзија на ДУП Мал Ринг. Заборави да спомнеш дека во донесениот документ е вметната и подземна гаража со сообраќаен пристап до неа токму под плоштадот Македонија. И најважната работа, во најава е уште една измена на овој урбанистички план.

Мислам дека дури и најкритички настроените личности во земјава се уморени од сето ова и веќе никој не сака да се занимава со процедурата. Се знае дека порано или подоцна плановите ќе бидат реализирани на дело.
Back to Top
xnx View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 05-Apr-2009
Online Status: Offline
Posts: 1865
  Quote xnx Quote  Post ReplyReply #1006 Posted: 15-Jan-2013 at 12:20
Originally posted by BOJAN

Се знае дека порано или подоцна плановите ќе бидат реализирани на дело.


ne zaboravaj deka isto taka porano ili podocna nekoj ke napravi revizija na istite i mnogu od niv ke bidat proglaseni za divogradbi i soodvetno tretirani
Back to Top
HugoGoulding View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 05-Feb-2011
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1303
  Quote HugoGoulding Quote  Post ReplyReply #1007 Posted: 15-Jan-2013 at 16:55
А нели оној споменик (или што и да треба да биде) за Мајка Тереза е поставен директно врз пешачка улица?! Мене тоа ми е многу пострашно (неговата поставеност а не неговата висина) во спореба oвие измени што ги потенцирате. Околу маркицата што е пред Лумикс, во вториот план каде што е корегирана и за малку зголемена изгледа многу подобро и поисправно него во претходниот случај каде што воопшто не го следи по паралелност објектот City Gallery и се добива нејасно искривена улица наместо паралелна и правилна.

Edited by HugoGoulding - 15-Jan-2013 at 17:52
Back to Top
xnx View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 05-Apr-2009
Online Status: Offline
Posts: 1865
  Quote xnx Quote  Post ReplyReply #1008 Posted: 15-Jan-2013 at 20:52
Originally posted by HugoGoulding

А нели оној споменик (или што и да треба да биде) за Мајка Тереза е поставен директно врз пешачка улица?! Мене тоа ми е многу пострашно (неговата поставеност а не неговата висина) во спореба oвие измени што ги потенцирате.


toa e sekako najstrashnoto nesto, megutoa pomislata deka ke bide povisok od centralniot spomenik (kakov apsurd) uste poveke me vadi od koza
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11911
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #1009 Posted: 16-Jan-2013 at 01:33
Originally posted by HugoGoulding

А нели оној споменик (или што и да треба да биде) за Мајка Тереза е поставен директно врз пешачка улица?! Мене тоа ми е многу пострашно (неговата поставеност а не неговата висина) во спореба oвие измени што ги потенцирате. Околу маркицата што е пред Лумикс, во вториот план каде што е корегирана и за малку зголемена изгледа многу подобро и поисправно него во претходниот случај каде што воопшто не го следи по паралелност објектот City Gallery и се добива нејасно искривена улица наместо паралелна и правилна.


Се согласувам, меѓутоа тоа што го посочив беше очигледното флагрантно кршење на законската процедура. Во случајов содржината на промените е од второстепено значење. Она што е од примарно значење е фактот дека она што е изгласано не соодветствува на тоа што било презентирано.

Збунува тоа што овие измени можеле да ги направат и на легален начин. Кој им брани наместо по три, да штанцаат по пет-шест измени на „Мал Ринг“ годишно? Ионака веќе целата работа со зачестеноста на измените е излезена вон секаква контрола и на сите веќе ни изгледа нормално планот да се менува како што се менуваат чорапи. Ама во случајов веројатно ептен им се брзало за некои маркички, па затоа прибегнале кон вакво фалсификување, тоа е барем мојата претпоставка околу мотивите.
Back to Top
xnx View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 05-Apr-2009
Online Status: Offline
Posts: 1865
  Quote xnx Quote  Post ReplyReply #1010 Posted: 16-Jan-2013 at 11:41
otvoriv nova nishka za majka tereza, mislam deka ke bide mnogu diskutiran

http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=2000
Back to Top
thedimitrievski View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 25-Oct-2011
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote thedimitrievski Quote  Post ReplyReply #1011 Posted: 16-Jan-2013 at 12:00
Поентата на јавната презентација а со тоа и анкета е да им се остави простор на граѓаните, фирмите, институциите, други заинтересирани да достават свои предлози до општината во одреден временски рок. Тоа значи дека нацртот за одреден урбанистички план кој го гласа советот и потоа оди на јавна дебата, може да претрпи измени и да се разликува во одредена мера во конечната верзија. Секое барање по основ планот презентиран на јавна презентација, било да е прифатено или одбиено, заедно со образложение од планерите е наведено во текстуалниот дел на секој ДУП- кога се носи на седница на советот. Според ова, прво треба да се погледне текстуалниот дел, кој за жал нашите општини не го објавуваат јавно заедно со графичкиот дел а често содржи плус информации кога е во прашање малиот ринг- како на пример за кои објекти се планира „фасадна обнова“ или се предвидуваат „еркерни испусти“.

Инаку ДУП „Мал ринг“ се носи по неколку пати во годината пред се поради една причина- во ГУП-от на Скопје (и стариот и новиот) „Мал Ринг“ има посебен третман а главната одредба е дека во случај на значителни промени (во урбанистичко- планерска смисла) задолжителен е меѓународен конкурс за просторот. Колку значително е доволно значително за жал квантитативно не е одредено.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11911
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #1012 Posted: 16-Jan-2013 at 13:19


Бидејќи не сум детално запознаен со законската регулатива, ме интересира дали нема некакви ограничувања на типот и обемот на измените што можат да се направат на овој начин, на сред процедура? Бидејќи ако нема ограничување, отворена е можноста да се прават било какви и било колкави измени, со што изгласаното воопшто нема да соодветствува на презентираното, а со тоа се губи смислата на целата процедура.

Втора битна работа е дали испратените забелешки на јавната анкета се достапни за јавноста и дали одговорите на општинарите се достапни за јавноста. Бидејќи јас како граѓанин или друг засегнат субјект можеби сум немал забелешки на презентираното, но можеби имам сериозни забелешки на она што се готви за некаква различна верзија која ќе биде усвоена и важечка.


Инаку, иако во случајов е доцна, мене особено ме интересира како гласело образложението на општина Центар на пример за прифаќањето на барањето за:

- Поголема висина на хотелот „Мериот“. Побогу, за објектот е издадена градежна дозвола според некој проект и објектот е на сред градба. Сега ли му текнало на инвеститорот дека сака малку поголема висина, а овие решиле да му удоволат?

- Кој субјект официјално побарал катна наместо подземна гаража зад собранието и со какво образложение е прифатено тоа.

Ова особено бидејќи на сите досегашни забелешки за кои знам, колку и да беа разумни и логични, надлежните во општината одговараа како роботи со следнава кованица:
„Забелешката не се прифаќа, БЛА БЛА е утврдено во одобрена планска програма

Живо ме интересира како се формулира и образложува кога ќе се прифати некоја забелешка и според која планска програма се прави тоа.



Edited by Cloverstack - 16-Jan-2013 at 13:21
Back to Top
HugoGoulding View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 05-Feb-2011
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1303
  Quote HugoGoulding Quote  Post ReplyReply #1013 Posted: 17-Jan-2013 at 00:26



Edited by HugoGoulding - 17-Jan-2013 at 01:15
Back to Top
OCB View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2011
Location: 54
Online Status: Offline
Posts: 921
  Quote OCB Quote  Post ReplyReply #1014 Posted: 17-Jan-2013 at 00:44
Уште едно одлично истражување Clover!

Како што ти одговорив кога го презентираше минатиот ваков случај, носењето на ДУП-от по ваква постапка е апсолутно незаконско. Не е точно тоа што го наведе thedimitrievski во врска со надлежноста на Советот на општинита.

Нацрт на ДУП се изработува од страна на оштинска комисија, формирана од градоначалникот во која членуваат најмалку од три члена од кои еден архитект со овластување за изработка на урбанистичките планови и две стручни лица од областа на урбанистичкото планирање.

Потоа нацрт на ДУП-от оди на стручна расправа организирана од втора комисија во која учествуваат двајца претставници на општината од кои едно стручно лице од областа на просторното планирање и еден научен и стручен работник од областа на просторното планирање. Се составува извештај за што било прифатено а што не и тој претставува составен дел на планот.

Потоа нацрт ДУП-от оди на јавна презентација и анкета на која сите заинтересирани даваат свои забелешки и предлози. Откако ќе заврши и јавната презентација втората комисијата ги разгледува забелешките на пошироката јавност и утврдува кои предлози ќе ги прифати, а кои не и за тоа составува извештај кој исто така станува составен дел од планот.

Нацртот на планот заедно со двата извештаја станува предлог на план и се испраќа до трета општинска комисија - за урбанизам, планирање и уредување на просторот која треба да потврди дека предлогот на планот е донесен според законската постапка (имаат рок од 15 дена, доколку не одговорат се смета за потврдено). По потврдата градоначалникот го става предлог планот на гласање и советниците немаат право да вршат измени.

------------------------------------------------------------------------

Постапката е опишана според одредбите на Законот за просторно и урбанистичко планирање кој од неговото донесување во 2005 година до денес има претрпено ни помалку ни повеќе - 9 измени.

Back to Top
xnx View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 05-Apr-2009
Online Status: Offline
Posts: 1865
  Quote xnx Quote  Post ReplyReply #1015 Posted: 17-Jan-2013 at 10:22
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7057
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #1016 Posted: 18-Jan-2013 at 17:32
не ми е јасно, според кој нормален човек, објект се гради на постоечка улица?
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #1017 Posted: 18-Jan-2013 at 19:44
единствено логично решение е ако се прави како на пример стоковната куќа мост-со пролаз под објектот.друго мене не ми текнува
Back to Top
xnx View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 05-Apr-2009
Online Status: Offline
Posts: 1865
  Quote xnx Quote  Post ReplyReply #1018 Posted: 18-Jan-2013 at 20:26
sepak, i taka da e, se gubi pogledot kon voinot so objekt koj e povisok od nego. so ovoj objekt veke se gubi osnovnata definicija za plostad i kako toj nastanuva...
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3327
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #1019 Posted: 05-Feb-2013 at 11:21
Дечки да не заборавам, беше објавено платено соопштение во весниците за нова јавна презентација и јавна анкета на локалитетот Мал Ринг, кој отсега ќе го носи називот ДУП Градска четврт ЦС 03 и за ДУП Градска четврт Ц 01. Презентацијата на двата урбанистички плана ќе се одржи на 7 февруари (четврток) во 13 часот во просториите на заедницата Роберт Гајдиќ на бул. Кочо Рацин б.б.

Урбанистичките планови ќе бидат изложени во просториите на месната заедница до 15 февруари. Предлог-плановите можете да ги разгледате и на следниов линк: http://www.opstinacentar.gov.mk/dup.aspx
Back to Top
xnx View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 05-Apr-2009
Online Status: Offline
Posts: 1865
  Quote xnx Quote  Post ReplyReply #1020 Posted: 05-Feb-2013 at 11:35
interesno e sto na noviot plan site zgradi okolu plostadot se zgolemeni od 29 na 30 metri. hmmm...
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 49505152>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.186 seconds.

Copyright ©2007 - 2018  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.