build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања > Урбанистички целини
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Мал Ринг

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 505152
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
alexgizh View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 07-Jan-2009
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1967
  Quote alexgizh Quote  Post ReplyReply #1021 Posted: 05-Feb-2013 at 13:12
Подземниот паркинг позади Собрание штотуку стана надземен.
The only thing necessary for the triumph of evil is for good men to do nothing.
Back to Top
xnx View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 05-Apr-2009
Online Status: Offline
Posts: 1878
  Quote xnx Quote  Post ReplyReply #1022 Posted: 05-Feb-2013 at 14:22
odvratno, bezobrazno i podmolno
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3400
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #1023 Posted: 05-Feb-2013 at 16:20
Originally posted by alexgizh

Подземниот паркинг позади Собрание штотуку стана надземен.


Овој чекор е од поодамна, не успеаја да ја продадат како подземна гаража парцелата и веќе на почетокот од јануари се закажа наддавање за истата но во форма на катна гаража, чин кој поради изборите е прекинат во моментов.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12010
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #1024 Posted: 16-May-2013 at 19:12

Општина Центар ќе го "чешла" ДУП-от



од Сашка Цветковска, НОВА | објавено на: 16-05-2013 17:05:11

Советот на општина Центар ја прифати иницијативата на граѓанското здружение "Плоштад Слобода" за измена и дополнување на урбанистичките планови со цел враќање на зелените површини во центарот на градот со 12 гласа “за” и 11 “воздржан”, како што гласаше советничката група на ВМРО ДПМНЕ. 

Расправата на оваа последна и најжешка точка на дневниот ред на Советот помина во тензична атмосфера со многу надвикувања и препукувања помеѓу двете советнички групи. 
Главниот аргумент на ВМРО ДПМНЕ за отфрлање на иницијативата беше дека нема потреба од нејзино разгледување бидејќи и онака според програмата на општината било предвидено да се разгледува деталниот урбанистички план. Беше повикан и раководителот на секторот за урбанизам за да потврди дали постои програма според која се разгледува ДУП-от. 

Раководителот потврди дека според програмата е предвидено разгледување на ДУП-от, но претседателот на Советот побара од него да дообјасни дека тоа разгледување е само техничко поради новите усогласувања со ГУП-от кои ги прават сите општини во Скопје и дека воопшто не се однесува на истата работа. 

“Плоштад Слобода” бараат градежните парцели во центарот на градот кај Бристол и АутоМакедонија да се пренаменат во зелени површини, односно да им се врати првобитната намена. 
Градоначалникот Андреј Жерновски поради, како што велат од таму неодложни обврски не присуствуваше на разгледувањето на оваа точка на што ВМРО ДПМНЕ остро реагираше и го обвини дека бега од нивните прашања.


http://novatv.mk/index.php?navig=8&cat=2&vest=3592
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #1025 Posted: 11-Jun-2013 at 22:04

 Иако темата е многу осетлива и може многу лесно да забега каде што нетреба, мислам дека за воља на вистината треба да слушнеме кои парцели од урбанистичкиот се моментално во игра и кои проекти би требале да не се реализират со укинување на моменталниот урбанистички план на централното градско подрачје.



На крај само ќе кажам дека колку и да се блокира , колку и да се одовлекува со градењето на посочените објекти мислам дека онаа што веќе е наумено тешко ќе се спречи да се реализира. 



Edited by kultuzin - 11-Jun-2013 at 22:04
Back to Top
alexsend View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2011
Location: Скопје, Центар
Online Status: Offline
Posts: 1654
  Quote alexsend Quote  Post ReplyReply #1026 Posted: 12-Jun-2013 at 14:52
Во ситуација во која веќе долго време се обидуваме со сите средства и адгументи, на форумов, да смениме барем дел од лудилото во Центар, а никој не не рецка 2%, ни останува само да се надеваме дека Жерновски нема да попушти под притисокот...
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.
Back to Top
xnx View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 05-Apr-2009
Online Status: Offline
Posts: 1878
  Quote xnx Quote  Post ReplyReply #1027 Posted: 12-Jun-2013 at 15:11
se nadevam, bidejki ima markici na koi ama bas ne im e mesto tamu spored sekoj zdrav razum, kako markicata za koja zboruva, novata majka tereza i uste nekolku slicni
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3400
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #1028 Posted: 21-Jul-2014 at 16:35
Редно е да се побара Општина Центар јавно да ги стави на увид предложените измени во ДУП „Мал Ринг“. Да ги видиме сите, за да сфатиме која е целта на нашата државна власт. Да видиме што ќе се прави со МОБ, Пошта 1, ГТЦ, Музичко-балетскиот центар и други објекти. Големата тајна да излезе на виделина!
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7069
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #1029 Posted: 23-Jul-2014 at 03:31
сите однапред знаеме дека „чешлање“ нема да има
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
lupo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Nov-2009
Online Status: Offline
Posts: 434
  Quote lupo Quote  Post ReplyReply #1030 Posted: 15-Jan-2015 at 23:53
Molam da postira nekoj ako moze DUP na Mal Ring pred zemjotresot ili bilo kakov urbanisticki plan od toj reon. Fala Poz
...kaj si kapelo pak ke si kape...
Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #1031 Posted: 23-Jun-2015 at 08:30


малку касно ама и со мал ринг ништо не правиш, само голем му е мајката   но колку ќе ти завршат копииве работа тоа незнам, оригиналите само во архив ќе ги најдеш, а таму и официјален испис даваат ако ти се смилуваат 

мислам збирката у.планови е во Куршумлиан ќе да не ја префрлиле сеуште во новиот кај Археолошки ако воопшто има место таму за државниот архив [1]

http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=44&PID=195761#195761

http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=44&PID=196149#196149



Edited by Max - 23-Jun-2015 at 08:33
Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #1032 Posted: 26-Aug-2015 at 04:35

Originally posted by zabegan

сите однапред знаеме дека „чешлање“ нема да има


чешелот ќе проработе ли некад, устари ако веќе сакаат да има пофин ефект нека земат четка за коса, навистина можно ли е некој да си дозволи глата да ја стави во торба заради несмасност, та ако веќе правеле некоја дубара сигурно истата е перфектно испеглана, но дека една партија ќе го одмота клопчето на друга, тоа тешко макар имале и јасни докази, а во кој случај може да падне некој жртва ко одговоренм ама дека ќе и влезат на партија и ќе ја раскринкаат од внатре тоа тешко

та кога Зајко не успеа со тоа снимките да извади нешто коруптивно на маса што па понатака, освен ако тоа естетските пориви на владејачката гарнитура не им ги земат за зло, можеби начинот на кој тендерите ги пуштаат да поминат со најефтина понуда ем најскапа гаранција, а за што само две три фирми имаат инстант карма за да се јават
Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #1033 Posted: 26-Aug-2015 at 11:02

изгледа и опозицискиов градоначалник бил некогаш фан на Зијан

туку на крај во која и да е варијанта, неможат ни влакно во јајце да најдат Жерно и ко. бидејки ни помалку ни повеќе хардкор гранапчија ко Владимир Тодоровиќ не би оставил зад себе ѓубре макар и во Шутка столувал општински, а и се додека со влакната неможат да стигнат до Националниот Фризер бадијала се останато да искрчмат од фактури и планои, бидејки нели они се убедени дека рибата секогаш смрди од главата

во принцип тука кај нас сеуште се тера партизански, пример Заре Лазаревски некогаш предложил ко локален носител на партизанска споменица каде и како треба да кренат ски центар во Маврово, а ете сега човекот е заслужен и за проектот на самата жичара таму "The ski-lifts and chairlifts were built in 1964, based on the designs of Zare Lazarevski" [1]

Back to Top
Zelenikovo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Oct-2017
Online Status: Offline
Posts: 820
  Quote Zelenikovo Quote  Post ReplyReply #1034 Posted: 05-Nov-2017 at 14:52




сега ова се мултиплицира, во однос бркањето бивш зијан наместо фокусирање кон иден аир, што е разбирливо и во ред апропо криминалот како појава, но во однос на естетиката треба усул ...

разбирам панорамското тркало ако и зошто го тргнал Шилегов, но зошто фасадирањето да го прекине, хм тоа не ми оди во глава ... и ајде Палома Бјанка Бранка и Банка, но да се стопира заокружувањето на мал ринг со фасадна патина [1] онаму каде е почнато ко што е пр. на Пелагонка ил сл. ет естетски дебакл ... но разбирлив е гневот кај новата градска власт, а неразборливо е зошто претходната на време не стигнала да ја заокружи сопствената идеја за патинирање на малиот ринг во ваква или онаква варијанта, но ко и обично колатералка од ваквата взаемна кусогледост ќе биде незаокружениот налет на неокласика, што пак ќе продуцира и дополнително какафонија бидејќи во добар процент ко тафасадна екскурзија веќе е реализирана ...
вистина некаде има простор за ретерирање, но во мал ринг тоа треба до крај да се истера бар околу ул. ДиЧу и ул. МКД во која и да е патинирана форма ... пр. стамбенљта зграда до собрание исто треба да ја патинираат и самите сдсм, но ето нека бидат покреативни околу стилот можеби со неокласика потпрена на арт-деко, она зашвајцувани дополнително стакло и ковано железо околу стиропорот кој заради самиот ваков еклектизам би можел да оди што поедноставно ... во најмала рака нека ги здрмаат убаво таквите фасади со пејсажен урбанизам, та бар со камуфлажа да се напрљви конекција помеѓу новата патинирана визура на мал ринг и неколкуте остатоци од бруталното минато ...

од денешна позиција, мислѐм прво и најпаметно што сдсм може да го стори околу естетска интервенција во мал ринг, е рокада на скулптурите по пешачките мостови и градите, оставајќи само една две горе колку да се потенцира кој ни е најбитен момент во нашата историја слично ко на плоштадите, додека останатите да ги нареди по кеј како алеја на великани, но која би засветела убаво дури кога целосно ќе заврши колекторскиот проект за Вардар и ко река и ко живот сред нашава метропола ... сепак доколку и ова властите не го истераат со општа согласност и јавна дебата, на следната ротација повторно и повторно ќе вртиме во круг околу тоа кој прв почна, и непотребно ќе губиме време во ресетирање туѓи идеи, наместо реализирани свои и нови ... мислам дека треба и нова законска норма во градежништвото за објекти или визури од јавен интерес, да штом еднаш се почнати да мора и до крај да се истераат освен доколку некаде навистина е утната работата, но на скоро заокружен момент ко фасадите, и веќе исфрлена добри народни средства на СК'14 дрско би било да остане на ова, колку и да бил упад то барокот или пак имало нарачани тендери за него ...

конечно ако ААМ немаа простор за јавни дебати претходно, еве Шилегов нека им го овозможи и да чуеме од самите архитекти зошто и како треба да се дозаокружи проект како овој, хм, во сето ова нека најдат адекватно решение за стара НБРМ како плоштад МКД би добил што повоедначен изглед дури и во вакви околности ...


Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11751
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #1035 Posted: 14-Dec-2017 at 12:29
Шесте галии во Вардар ќе бидат избришани од планот „Мал ринг“
   
Шесте галии во Вардар ќе бидат избришани од планот „Мал ринг“, изјави градоначалникот на општина Центар, Саша Богдановиќ, за „Макфакс“.
Богдановиќ вели дека процедурата за менување на планот веќе ја почнале.




„На четвртата седница го отфрливме планот ‘Мал ринг’, со кој се предвидени галиите, заедно со уште три плана, кои сметаме дека се спорни. Процедурата е почната и тие сега се во Уставниот суд. Нашата интенција е да направиме целосно нови планови за чие подготвување и усвојување ќе бидат почитувани сите законски процедури. Во новиот план ‘Мал ринг’ не само што ќе бидат избришани трите галии што не се изградени, а постојат во планот, туку ќе ги избришеме и веќе изградените три“, вели градоначалникот Богдановиќ.

Тој потсети дека галиите имаат третман на урбана опрема, а Град Скопје веќе ја разгледува можноста за нивна дислокација.

Три галии беа предвидени со планот „Мал ринг“ уште во 2010 година, а во многуте измени што ги претрпе планот нивниот број порасна на шест. Неизградени останаа две галии од левата страна на Вардар, од кои едната кај новиот театар, а другата кај колонадата „Независна Македонија“. Третата неизградена галија е од десната страна на Вардар во близина на Камениот мост кај Офицерскиот дом.

http://www.porta3.mk/sheste-galii-vo-vardar-kje-bidat-izbrishani-od-planot-mal-ring/

Edited by Џоле - 14-Dec-2017 at 12:29
За сè има вторпат
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 505152

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.266 seconds.

Copyright ©2007 - 2018  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.