build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања > Пешачки зони и паркови
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Плоштад Филип Втори (Карпошово востание)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1234 40>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 4390
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #21 Posted: 24-May-2011 at 23:54
Е добро, имаш Св. Климент Охридски на Антарктикот. Секако бугарска база
Back to Top
Bojanix View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 21-Jun-2011
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote Bojanix Quote  Post ReplyReply #22 Posted: 22-Jun-2011 at 12:38
Јас за прв пат пишувам на форумов иако ве читам доста време. Вчера на еден друг форум пишав за изградбата на споменикот на Филип II на плоштадот Карпошово востание. Да се цитирам

[quotе]Новиот споменик на Филип, што ќе биде лоциран на плоштадот Карпошово Востание кој се наоѓа веднаш после Камени Мост, доколку не се лажам ќе биде поголем и од тој на Александар Македонски за два - три метра. Споменикот нема да биде на коњ туку во стоечка положба, а под него исто така ќе има војници од фалангата и филозофи (ваљда Аристотел) и исто така ќе биде во вид на фонтана. Ќе има и уште две фонтани со скулптури на истиот плоштад. Едната со скулптури од коњи, а на другата ќе има скулптури од мајки и деца.[/quotе]

Само да се исправам, ќе има 4 фонтани од кои тие со коњите ќе бидат две и ќе бидат лоцирани веднаш до спомениците на св. Климент и Наум и св. Кирил и Методиј. Тоа најубаво ќе се види од следниве слики



Позицијата 1 е фонтаната со скулптурата со Филип плус некои други скулптури. 2 е фонтаната со скулптури на мајки и деца и 3 и 4 се фонтаните со коњите.

Идеме со првичните цртежи за фонтаната 1









Фонтана 2









Фонтани 3 и 4









И сега пресеците направени во Аутокад







Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11803
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #23 Posted: 22-Jun-2011 at 13:00
Одлични материјали Bojanix 

За тоа што велиш за висината на Филип, тоа се однесува само на скулптурата или комплет со постаментот? И дали знаеш до која фаза е стигнат проектов?
Back to Top
Bojanix View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 21-Jun-2011
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote Bojanix Quote  Post ReplyReply #24 Posted: 22-Jun-2011 at 13:04
Па сигурно комплет, нема ваљда само скулптурата да биде поголема од 27 те метра на Александар
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11803
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #25 Posted: 22-Jun-2011 at 13:07
Originally posted by Bojanix

Па сигурно комплет, нема ваљда само скулптурата да биде поголема од 27 те метра на Александар


Не мислев на тоа
Туку дали скулптурата на Филип ќе биде поголема од скулптурата на Александар и Букефал или споредбата се однесува на вкупната висина на спомениците заедно со постаментите.
Back to Top
Bojanix View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 21-Jun-2011
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote Bojanix Quote  Post ReplyReply #26 Posted: 22-Jun-2011 at 13:16
Искрено да ти кажам не сум запознаен ниту за големината на скулптурата, ниту до која фаза е проектов. Овие слики ги добив од човек кој е дел од проектот Скопје 2014, не сум сигурен ниту тој дали ги знае сите детали, така да не би сакал да шпекулирам.

Edited by Bojanix - 22-Jun-2011 at 13:17
Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: R. e Maqedonisë
Online Status: Offline
Posts: 3650
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #27 Posted: 22-Jun-2011 at 13:22
Odlicni materialiCheersFala!
Ne bi sakal da znam kolku kje ciniBig%20smile
Back to Top
makonix View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 08-Feb-2010
Online Status: Offline
Posts: 520
  Quote makonix Quote  Post ReplyReply #28 Posted: 22-Jun-2011 at 13:23
fala ti za informaciite, se nadevam nema da mu napravis problem na covekot sto ti gi dal informaciite, koga vaka prezentirani javno. Inaku od ona sto mozam da go vidam, fontanite se daleku postilirizirani od ona sto dosega e napraveno, i ima mnogu barokni elementi. Za razlika od drugite objekti kade preovladuva noeklasicizmot
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6555
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #29 Posted: 22-Jun-2011 at 13:25
bravo Bojanix и откопувај ако можиш и понатаму тоа што можи да се стави во јавност,не да им направиме проблеми
Back to Top
OCB View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2011
Location: 54
Online Status: Offline
Posts: 921
  Quote OCB Quote  Post ReplyReply #30 Posted: 22-Jun-2011 at 13:33
Статија во „Време“ од 12 декември 2010

Филип ќе го чува влезот во Чаршијата?

„Филип Втори“ е мистериозната скулптура на воин што, во грандиозни размери и за сума од пет милиони евра ќе биде поставена на плоштадот „Карпошово востание“, меѓу зградата на Министерството за транспорт и за врски и црквата „Свети Димитрија“ во Скопје, тврдат извори од Општина Центар иако никој официјално не го открива идентитетот на воинот. Само леењето на бронзената скулптура во италијанската леарница „Фондерија артистика Гуастини“, која се наоѓа во гратчето Гамбелара во областа Калабрија, ќе чини три милиони евра, а вкупната проценета вредност на споменикот е пет милиони евра.

Воинот ќе го придружуваат и други елементи од бронза, а на плоштадот „Карпошово востание“, според Деталниот урбанистички план за „Малиот ринг“, се планира изградба и на четири фонтани. Во договорот со „Фондерија артистика Гуастини“, кој е склучен на 16 август, а во петокот беше објавен на веб-страницата на Бирото за јавни набавки, стои дека треба да се излее скулптура на воин, без да се прецизира за кого станува збор, но според нашите информации, станува збор токму за скулптура на Филип Втори.

Градоначалникот на општина центар Владимир Тодоровиќ во телефонска изјава за „Време“ не потврди дека се работи за скулптура на Филип Втори, но, исто така, и не ги демантираше сознанијата дека станува збор за скулптура на таткото на Александар Македонски, чијшто споменик веќе се знае дека ќе биде поставен од другата страна на Вардар, на централниот дел од плоштадот „Македонија“.
- Не можам да ви кажам точно за кого станува збор. Тоа е воин. Е, сега, дали потоа ќе личи на Филип, не знам, ќе видиме. Нека не ве буни цената на скулптурата. Таа не се формира според тоа кој е ликот, чијашто скулптура се прави, туку според големината на скулптурата. Колку е поголема толку повеќе пари влече, без оглед на тоа кој е претставен - вели градоначалникот Тодоровиќ.

И премиерот Никола Груевски не сака да открие чиј споменик ќе го краси плоштадот „Карпошово востание“. Премиерот вчера присуствуваше на поставувањето камен-темелник за изградба на новиот објект во кој ќе бидат сместени Јавното обвинителство и Управата за финансиска полиција, кој ќе се гради на левата страна од кејот на реката Вардар, во непосредна близина на „Македонскиот народен театар“ и кој, исто така, е дел од проектот „Скопје 2014“, но одби да одговара на новинарските прашања.

Според советникот од СДСМ во Општина Центар Благородна Крстевска-Мојсовска, пак, чудно е што повторно се крие чија скулптура ќе биде поставена на плоштадот „Карпошово востание“, исто како што тоа беше правено со споменикот на Александар Македонски.
- И овој споменик го кријат, исто како во случајот со Александар. Во општинските документи стои дека се прави скулптура на воин, а за споменикот на Александар Македонски пишува дека е коњаник со придружба. Ние залудно поставуваме советнички прашања, кога не добиваме одговори. Шест месеци чекам да ми се даде финансиски извештај за сите споменици поединечно, но не ми даваат - вели Крстевска Мојсовска.
Бројката од пет милиони евра, планирани за новата скулптура, за половина милион евра е повисока од таа што ќе се потроши за Александар Велики, најголемиот споменик на плоштадот „Македонија“.

Мистеријата за подигнувањето на споменикот на Филип на влезот на Старата скопска чаршија, но и одолжувањето со признавањето на проектот за изградба на плоштадот „Скендер-бег“ ги подгреа шпекулациите за нов пазар меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ. Упатените тврдат дека ВМРО-ДПМНЕ намерно тактизира со поддршката на новиот плоштад пред стоковната куќа „Илинден“ за да може да се испазари со ДУИ и да избегне евентуална реакција на својот коалициски партнер бидејќи Филип Втори ќе го засени споменикот на Скендер-бег и според големината, но и според цената на чинење. Од ДУИ тврдат дека се е договорено и дека Владата ќе го финансира плоштадот „Скендер-бег“.

Градоначалникот на Чаир, Изет Меџити, пак, е дециден дека плоштадот ќе се гради
- Ако има какви било дилеми ве уверувам дека ќе ги снема за многу кратко време. Точно дека во моментов ова е само идеен проект, така и го презентирав. Во буџетот со ребалансот се предвидени 10 милиони денари за плоштадот „Скендер-бег“ и тоа не е тешко да се провери. Точно е дека не бев повикан на форумот на ВМРО-ДПМНЕ, но тие кажаа дека тоа било нивна партиска дебата и тоа е легитимно. Јас ги поздравувам сите дебати и ги повикувам сите да се вклучат за да направиме поубав плоштад. Нема никакви партиски пазарења ниту поврзување на овој плоштад со други проекти - вели градоначалникот на Чаир, Изет Меџити, во изјава за „Време“.

http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=1&EditionID=2142&ArticleID=149922
Back to Top
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4675
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #31 Posted: 22-Jun-2011 at 14:33
Јас сакам само да кажам. Ова е убаво, убаво да се имаат вакви материјали. Гледам доле е знакот на делта фонтане.

Но еден предлог до администраторите. Најдобро вакви материјали, како што беа и тие за фонтаната на Александар да се префрлуваат веднаш на сигурно место, во офтопик, а на тие што ги поставиле да им се даде пристап до таму.

За да не им правиме проблеми на луѓето, а воедно и да го зачуваме материјалот.

И се надевам дека ќе има уште многу вакви примери, како што беше за Александар а сега и за Филип.
Македонија - Земја на чудата!
Back to Top
OCB View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2011
Location: 54
Online Status: Offline
Posts: 921
  Quote OCB Quote  Post ReplyReply #32 Posted: 22-Jun-2011 at 15:40


Од следново видео. Забележано од alexgizh.
Back to Top
theMac3donian View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 30-Mar-2010
Online Status: Offline
Posts: 306
  Quote theMac3donian Quote  Post ReplyReply #33 Posted: 22-Jun-2011 at 15:44
Добар пронајдок.
Благодарам.

---

И тоа за филип.
Значи очи за ситници има на форумот, Македонија да се подреди по конец.

Edited by theMac3donian - 22-Jun-2011 at 15:46
(НУ)МНМБЗДИСМНВИМНЖНКР
Back to Top
markoboj View Drop Down
Newbie
Newbie


Joined: 20-Mar-2011
Location: Praha
Online Status: Offline
Posts: 31
  Quote markoboj Quote  Post ReplyReply #34 Posted: 22-Jun-2011 at 18:30
Повторно правиме историска грешка. Најголемите и најскапи споменици за Александар и Филип, место за луѓето кои загинаа за да живееме во слободна Македонија Гоце, Даме, Мисирков, Карев, Сандански, Ченто. Нивните споменици се бубачки во однос на Филип и Александар.

Јас ова го гледам како предавство на оснивачите на Македонија.
Разликата во големина естетски ги занемарува „другите споменици“, и дава порака на неупатените посетители дека Аце и Филип се најважните личности во нашата историја.

Се надевам дека нема да го изградат. Сепак надежта последна умира

Edited by Cloverstack - 22-Jun-2011 at 18:45
Back to Top
N23 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2011
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2159
  Quote N23 Quote  Post ReplyReply #35 Posted: 22-Jun-2011 at 19:15
Чекајте малце, дали ја добро разбрав дека и Филип ќе биде во слична големина на Аце и дека оваа глава е од новиот споменик за Филип?
Back to Top
alexgizh View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 07-Jan-2009
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1967
  Quote alexgizh Quote  Post ReplyReply #36 Posted: 22-Jun-2011 at 19:43
Originally posted by N23

Чекајте малце, дали ја добро разбрав дека и Филип ќе биде во слична големина на Аце и дека оваа глава е од новиот споменик за Филип?


Филип ќе биде во слична големина на Александар. Сосе постамент ќе биде 2-3 метра повисок, значи вкупно 30тина и ситно метри.

Од она што го пронајдов, дали се работи за главата на Филип незнам. Всушност низ целото видео се гледаат скулптури кои ги изработува леарницата а на кои не сме ние нарачатели, така што немора да значи. Меѓутоа, факт е дека големината на главата отприлика соодветствува со онаа на Александар, а и факт е дека Александар нема мустаќи, а Филип има. Деталот со очите е сличен како на Александар, што наведува дека скулпторот е ист.

Пак ќе споменам, јас сум убеден дека скулптурите наменети за плоштадот Карпошово Востание се веќе во изработка, ако не и изработени, но неможам да гарантирам дека тоа на screencap-от е токму Филип.
The only thing necessary for the triumph of evil is for good men to do nothing.
Back to Top
HugoGoulding View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 05-Feb-2011
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1303
  Quote HugoGoulding Quote  Post ReplyReply #37 Posted: 22-Jun-2011 at 19:48
Originally posted by markoboj


Повторно правиме историска грешка. Најголемите и најскапи споменици за Александар и Филип, место за луѓето кои загинаа за да живееме во слободна Македонија Гоце, Даме, Мисирков, Карев, Сандански, Ченто. Нивните споменици се бубачки во однос на Филип и Александар.

Јас ова го гледам како предавство на оснивачите на Македонија.
Разликата во големина естетски ги занемарува „другите споменици“, и дава порака на неупатените посетители дека Аце и Филип се најважните личности во нашата историја.

Се надевам дека нема да го изградат. Сепак надежта последна умира


Какво непознавање од твоја страна, Александар и Филип имаат еднаква важност за македонската историја истот како и Гоце и Даме, разликата е во тоа што Филип и Александар биле владетели, а Гоце и Даме се бореле за слобода. Александар и Филип се интернационално познати низ целата светска популација додека Гоце, Даме итн. ги познаваме на локално ниво.

Не велам дека поради тоа Филип и Александар заслужуваат поголеми споменици, но нивните интернационалната познатост на нивните потвизи што до ден денес се анализираат во светот ги прават тие споменици да бидат поимпозантни.
Back to Top
MGS View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 10-May-2011
Location: Охрид,МКД
Online Status: Offline
Posts: 296
  Quote MGS Quote  Post ReplyReply #38 Posted: 22-Jun-2011 at 20:08
Ајде бе кај има место за споменик на Филип Втори,па уште и поголем од Александар.Дали се овие нормални???
Back to Top
IN_MOTION View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-Jul-2009
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 153
  Quote IN_MOTION Quote  Post ReplyReply #39 Posted: 22-Jun-2011 at 20:39

@MGS  Така се збоеше и за Александар, па убаво се вклопи со плоштадот.

@Bojanix Applause за материјалите, сега имаме претстава како сето тоа би изгледало. Според мене е повеке од одлично! Cheers

Останува да видиме.

Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7006
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #40 Posted: 22-Jun-2011 at 20:57
спомеников на Филип лоциран меѓу плоштад Карпошово востание и старата чаршија е уште еден нелогичен идиотизам во поставувањето споменици... значи осет да се немало за целина, композиција, и идеја и значење позади истите Suicide
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1234 40>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.156 seconds.

Copyright ©2007 - 2017  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.