build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Градска инфраструктура
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Тротоари

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  123 9>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
theMac3donian View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 30-Mar-2010
Online Status: Offline
Posts: 306
  Quote theMac3donian Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Тротоари
    Posted: 11-Mar-2011 at 07:00
Една доста интересна патека скоро изградена (неколку месеци), со доста „иновативно“ решение.

Дами и господа, само во Гевгелија, Македонија. Bash



Патекава се наоѓа на стариот Е-75, а сликата е кон новиот технички преглед на АМСМ (го има некаде на форумот), односно Мотелот.

p.s.
Сликата не е монтажа.
(НУ)МНМБЗДИСМНВИМНЖНКР
Back to Top
<Fresno> View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Jun-2010
Online Status: Offline
Posts: 532
  Quote <Fresno> Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 11-Mar-2011 at 15:06
А што и фали на патекава? Врши работа да не се шетаат пешаци на отворен пат.
Back to Top
StreetStruck View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-Nov-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 415
  Quote StreetStruck Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 11-Mar-2011 at 15:18
Па ваљда мисли на тоа дека канделабрите се поставени скоро на средина, претпоставувам, иначе секако дека подобро вака отколку по земја да цапаш или на пат.
"Поробените треба да тежнеат кон слободата, а слободните кон совршенство"- Јане Сандански
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 11-Mar-2011 at 15:39

Тротоарот кај Жена парк крш

Тротоарот кај Жена парк, спроти Собранието на Република Македонија, е крш. Огромни дупки зјаат на патеката, а кога времето е врнежливо, полни се со вода. Иако раскопаниот тротоар се наоѓа во центарот на градот, ниту на Град Скопје ниту на Општина Центар им текнува да ги закрпат дупките.
http://www.vest.com.mk/?ItemID=DB7B8289C0725645B9783191E605B141
Back to Top
N23 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2011
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2159
  Quote N23 Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 11-Mar-2011 at 18:59

Алелуја на некој му текнало да напише за ова! Тротоарите се нешто највише шо ме нервира у Скопје, па уште пред собрание?! Ај можда после ова ќе му текне на некој да го среди.
Back to Top
spaceman091 View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 26-Dec-2009
Online Status: Offline
Posts: 516
  Quote spaceman091 Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 11-Mar-2011 at 19:49
na ova mesto neli treba da se izgradi spomenik na osnovacite na asnom?
Back to Top
Supervisor View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Jan-2008
Location: skopje
Online Status: Offline
Posts: 1220
  Quote Supervisor Quote  Post ReplyReply #7 Posted: 12-Mar-2011 at 00:27
Вака сега во однос на тротоарите посебно низ Центар. Со ГОДИНИ не е чепнато ништо а се работи за центар во градско подрачје на главен "град". Според тоа мислам дека е време за една комплетна анализа и за целосно преуредување на тротоари и жардинери низ општината стварно е срамота какви евтини и лесни за изведба проекти како тротоари и жардинери нагрдуваат а можат лесно и брзо да се средат. Само ова не се 20 метри туку се работи за сите тротоари по централните улици.
NewYork-London-Paris-Moscow-Tokyo-Skopje
Back to Top
N23 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2011
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2159
  Quote N23 Quote  Post ReplyReply #8 Posted: 12-Mar-2011 at 01:23
Сигурен сум дека нема да се потребни повеќе од 200-300к за да се направат сите тротоари во Центар, а потребни се на повеќе места. Жена парк, кај театар центар до ЈБТ, спроти НЛБ, кај НБРМ и новото ВЕРО, во маалските сокаци... Дефинитивно Карпош изгледа сега многу поурбано со поставувањето на бекатон коцките на старите тротоари. Ама така е коа градоначалниците се цел ден во кола и канцеларија, наместо да се на терен и да ја увидат фактичката состојба.
Back to Top
Djole88 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-May-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 612
  Quote Djole88 Quote  Post ReplyReply #9 Posted: 12-Mar-2011 at 15:53
Дефинитивно најлош тротоар, ако може така да се нарече е тротоарот на бул Климент Охридски од почеток до крај. Особено делот кај Мамас, Корнер и отспротива кај Матица. Исто и делот кај театарот и Европски е ужас невиден
Back to Top
StreetStruck View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-Nov-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 415
  Quote StreetStruck Quote  Post ReplyReply #10 Posted: 12-Mar-2011 at 16:18
Previous
Баш пред некој ден го мислев тој дел, на Климент Охридски и ако во скоро време се проширува булеварот со трета лента, може и треба да се земе дел од коловозот од страната на тротоарите, на "штета" на средишното зеленило, за да се прошират, па дури и да се направат убави, широки пешачки патеки со патеки за велосипедисти. Таман ќе се средат зошто вака не само што се крш туку на делови се толку тесни што за да се разминеш со човек треба да се симнеш на улица.
"Поробените треба да тежнеат кон слободата, а слободните кон совршенство"- Јане Сандански
Back to Top
<Fresno> View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Jun-2010
Online Status: Offline
Posts: 532
  Quote <Fresno> Quote  Post ReplyReply #11 Posted: 12-Mar-2011 at 19:21
Тоа и е планот, затоа и споменикот на Св. Климент го поставија толку западно до самиот коловоз. Меѓутоа широки патеки тешко дека ќе има, бидејќи градежната линија е многу блиску поставена до булеварот. Инаку за реконструкција на сите тротоари во центар ќе треба многу повеќе од 200-300к евра, особено ако се иде на некое подобро решение од асфалт или бекатон.
Back to Top
theMac3donian View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 30-Mar-2010
Online Status: Offline
Posts: 306
  Quote theMac3donian Quote  Post ReplyReply #12 Posted: 13-Mar-2011 at 10:21
Originally posted by <Fresno>

А што и фали на патекава? Врши работа да не се шетаат пешаци на отворен пат.


Па гледано вака... врши работа. Но како ја врши таа работа е друга тема...
Навистина не вкусно делува... ако е доволно за некој да врши работа, тогаш ДОБРО, врши работа. Едно е сигурно... подобро е од што беше, полошо е од тоа што треба да биде. Пар ако одат рака за рака или ќе треба да се испушќаат при секое улично светило или ќе треба еден пред друг да одат.

Неубаво изгледа, пречи а и кога се оди по бекатонот истиот не е доволно добро зацврстен.

----

Во однос на Скопските тротоари и јас се согласувам дека се многу крш. Сепак по некакво размислување, мислам дека не треба да се интервенира се додека не се донесе прав ред на паркирање, со вистински казни и не се завршат поголемите проекти во центарот на градот. Градежната опрема навистина може да ги уништи секои нови тротоари. Алтернативно, тротоарите да се поправаат во зони каде веќе нема да гази тешка машинерија.


(НУ)МНМБЗДИСМНВИМНЖНКР
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 4470
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #13 Posted: 04-May-2011 at 20:15

ГРАДОТ ЌЕ ГИ РЕНОВИРА ПАТЕКИТЕ ЗА ПЕШАЦИ ВО ЦЕНТАР

Тротоари од половина милион евра

Пешачките патеки ќе се обновуваат со павер елементи, а не само со асфалт, па затоа, објаснуваат од кабинетот на градоначалникот Коце Трајановски, овој зафат ќе чини толку пари

За реновирање на тротоарите во централното градско подрачје Градот ќе потроши половина милион евра. Пешачките патеки ќе се обновуваат со павер елементи, а не само со асфалт, па затоа, објаснуваат од кабинетот на градоначалникот Коце Трајановски, овој зафат ќе чини толку пари.
Градежните работи во Малиот ринг нема да ги врши една фирма, туку на тендерот склучен е договор со пет градежни претпријатија и тоа: "Пелагонија"-Гостивар, "Урбан инвест", "Чингар инжинеринг", "Транс мет" и "Вратница". Секоја од овие фирми со различни павер елементи ќе ги реновира тротоарите, што значи дека тие во центар нема да бидат со ист изглед.
"Одбравме пет фирми за да можат работите побрзо да завршат. Павер елементите кои ќе се поставуваат ќе бидат малку поголеми од бехатон плочките и ќе наликуваат на камен. Сите тротоари нема да имаат ист изглед, ќе бидат различни зависно од тоа која фирма ќе ги реконструира", велат од кабинетот на градоначалникот Трајановски.
Од Градот не знаат да кажат кога ќе почнат градежните работи. Дали тоа ќе биде откако ќе заврши т.н. голема реконструкција на улиците во центарот на градот или истовремено ќе се работи на двата проекта.


http://www.vest.mk/?ItemID=ACE0F4E3F8C982479B3CAAFC40B39B87
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
Рок-Барок View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar
БАНИРАН

Joined: 29-Aug-2010
Location: Куманово
Online Status: Offline
Posts: 118
  Quote Рок-Барок Quote  Post ReplyReply #14 Posted: 04-May-2011 at 20:36
Originally posted by гитардемон


За реновирање на тротоарите во централното градско подрачје Градот ќе потроши половина милион евра. Пешачките патеки ќе се обновуваат со павер елементи, а не само со асфалт, па затоа, објаснуваат од кабинетот на градоначалникот Коце Трајановски, овој зафат ќе чини толку пари.
Градежните работи во Малиот ринг нема да ги врши една фирма, туку на тендерот склучен е договор со пет градежни претпријатија и тоа: "Пелагонија"-Гостивар, "Урбан инвест", "Чингар инжинеринг", "Транс мет" и "Вратница". Секоја од овие фирми со различни павер елементи ќе ги реновира тротоарите, што значи дека тие во центар нема да бидат со ист изглед.
"Одбравме пет фирми за да можат работите побрзо да завршат. Павер елементите кои ќе се поставуваат ќе бидат малку поголеми од бехатон плочките и ќе наликуваат на камен. Сите тротоари нема да имаат ист изглед, ќе бидат различни зависно од тоа која фирма ќе ги реконструира", велат од кабинетот на градоначалникот Трајановски.
Од Градот не знаат да кажат кога ќе почнат градежните работи. Дали тоа ќе биде откако ќе заврши т.н. голема реконструкција на улиците во центарот на градот или истовремено ќе се работи на двата проекта.


http://www.vest.mk/?ItemID=ACE0F4E3F8C982479B3CAAFC40B39B87


Thumbs%20Up  веројатно се мисли како кај мостот кај МАНУ.. ? таков ли елемент-камен ?
Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: R. e Maqedonisë
Online Status: Offline
Posts: 3833
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #15 Posted: 09-May-2011 at 10:03
Датум: 08.05.2011, 21:07

Нови тротоари на обновените улици

Ќе се менуваат тротоарите на сите реконструирани улици во централното градско подрачје, најавија од Градот. Наместо едноличните павер-елементи, кои беа експлоатирани во речиси сите скопски општини изминатава деценија, сега од Градот велат дека ќе поставуваат нешто поинакво - сиви камени плочи и тоа на сите обновени улици изминативе месеци - кај „Рамстор“, пред Народна банка, дел од Партизанска и други што чекаат почеток на санација. Планот за поставување на плочите допрва ќе се утврдува, а и цената тогаш ќе биде целосно позната, информираат надлежните.
http://dnevnik.com.mk/?ItemID=A4996DC0129F4B45B845464D6138C837

Dali vazi istoto za trotuarite na bit pazar?Tamu za nikade se trotuarite, ako tamu ne gi rekonstruiraat togas nemam da imam komentar...

Back to Top
<Fresno> View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Jun-2010
Online Status: Offline
Posts: 532
  Quote <Fresno> Quote  Post ReplyReply #16 Posted: 09-May-2011 at 10:10
Ова мислам дека е почетокот на крајот на паверот.

myMacedonia со оглед на тоа што булеварот кај Бит-пазар се реконструира, веројатно и тротоарот таму спаѓа во групата што ќе се санира.
Back to Top
N23 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2011
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2159
  Quote N23 Quote  Post ReplyReply #17 Posted: 09-May-2011 at 11:38
Алелуја. Мислам дека Бит-Пазар не е приоритет, а и Бит-Пазар има едни од подобрите тротоари. Од едната страна, од кај универзитетот, има бекатон, од другата страна има асфалт на кој најчесто продаваат препродавачите, а и тој не е во лоша состојба, како што е оној кај НБРМ и спроти неа, односно кај градска болница и спроти неа. Веројатно конечно и кај климент со неговото реновирање ќе го средат. Но не дека би било лошо и кај бит-пазар да го средат.
Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: R. e Maqedonisë
Online Status: Offline
Posts: 3833
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #18 Posted: 11-May-2011 at 12:35
Jas ne razbiram zosto prvo gi renoviraat ulicite a potoa trotuarite namesto i ulica i trotuar na isto vreme. Sega za renoviranje na trotuar treba pak edno parce od ulicata da se sece za da se postavuvaat novi plocki pokraj ulicata(ne znam kako se vikaat), a potoa kje gi saniraat tie delovi a rezultatot kje bide istata kako toa so prosirenata ulica na gostivar(KIC).Se nadevam deka nema da bide taka kako sto mislam ama kje vidime...
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12034
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #19 Posted: 27-Jun-2011 at 19:35
ПОЧНА РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА ТРОТОАРИТЕ ВО ЦЕНТАРОТ НА ГРАДОТ

Градот Скопје денеска /27.06.2011 година/ го почна обемниот проект за реконструкција на тротоарите и пешачките патеки по должината на неколку клучни улици и булевари во централното градско подрачје. Стартот на градежните работи за обнова на тротоарите на булеварот Гоце Делчев го означи градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски.

- Оштетените тротоари кои што со години создаваа проблеми во движењето на пешаците и претставуваа грда слика за градот ќе се раскопаат, ќе се реконструира подлогата и ќе се покријат со бетонски префабрикувани плочи. По реконструкцијата на петте големи сообраќајници во центарот на градот со овој проект ги уредуваме и тротоарите и пешачките патеки по нивната должина со што се зголемува безбедноста на пешаците и на велосипедистите – рече градоначалникот Трајановски.

Денеска почна обновата на тротоарот од двете страни на булеварот Гоце Делчев, на потегот од мостот „Гоце Делчев“ до зградата на НУБ „Свети Климент Охридски“. Пешачката патека ќе се реконструира на површина од околу 4.000 квадратни метри. На терен ќе работат екипите на ИГМ „Вратница“. За обнова на овој потег Градот Скопје ќе потроши околу 5 (пет) милиони денари. Градежните работи треба да завршат до крајот на ова лето.

Тротоарот и пешачката патека на булеварот Партизански одреди, пред Соборниот храм, ќе се обнови на површина од околу 3.500 квадратни метри. На реконструкција на оваа делница ќе работи градежната компанија „Чингар инжинеринг“ од Скопје. Градот Скопје за обнова на оваа патека ќе вложи околу 5 милиони денари.

Тротоарите по должината на улицата Васил Главинов ќе се реконструираат од мостот „Гоце Делчев“ до улицата Димитрие Чуповски, а ќе се работи и на дел од пешачката зона на булеварот Илинден (од мостот „Гоце Делчев“ до зградата на Владата на Република Македонија). За обнова на овие две делници Градот Скопје ќе одвои околу 12 милиони денари, а на терен ќе работат градежниците на „Урбан инвест“ од Кавадарци.

Ќе следува реконструкцијата на пешачките површини од двете страни на улицата Васил Аџиларски, на дел од улицата 11.Октомври од страната на паркот „Жена-борец“ и на дел од тротоарот пред зградата на Собранието на Република Македонија. На овие три потега ќе се обнови пешачка површина од околу 4.000 квадратни метри. Реконструкцијата на пешачките зони на овие три делници Градот Скопје ќе го чини околу 12 милиони денари.





http://www.skopje.gov.mk/ShowAnnouncements.aspx?ItemID=4341&mid=482&tabId=1&tabindex=0

Back to Top
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4689
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #20 Posted: 27-Jun-2011 at 21:10
бетонски префабрикувани плочи.
Интересно... најверојатно ќе биде нешто како на мостот Револуција... што е мислам дека и добар избор и одлука да се оди со ваков материјал, мислам дека е и поиздржлив во споредба со асфалтот, а и естетски е подобар и пријатен...

...а ќе се работи и на дел од пешачката зона на булеварот Илинден (од мостот „Гоце Делчев“ до зградата на Владата на Република Македонија)...


...на дел од улицата 11.Октомври од страната на паркот „Жена-борец“ и на дел од тротоарот пред зградата на Собранието на Република Македонија...


Хммм... кои се тие делови... некако многу неконкретно... и некако ми звучи дека ќе биде замачкување очи... ако е за така поарно нека ги пополната дупките и нека не се замараат... но не треба да биде така... најдобро е цели тротоарите да се преслечат... се надевам дека ќе биде така.... ако не здравје... друг пат... ако ништо нека го направат добро преминот од новата до старата површина...

Е сега и ова ми фати око....

...Денеска почна обновата на тротоарот од двете страни на булеварот Гоце Делчев, на потегот од мостот „Гоце Делчев“ до зградата на НУБ „Свети Климент Охридски“. Пешачката патека ќе се реконструира на површина од околу 4.000 квадратни метри. На терен ќе работат екипите на ИГМ „Вратница“. За обнова на овој потег Градот Скопје ќе потроши околу 5 (пет) милиони денари. Градежните работи треба да завршат до крајот на ова лето...

...
Ќе следува реконструкцијата на пешачките површини од двете страни на улицата Васил Аџиларски, на дел од улицата 11.Октомври од страната на паркот „Жена-борец“ и на дел од тротоарот пред зградата на Собранието на Република Македонија. На овие три потега ќе се обнови пешачка површина од околу 4.000 квадратни метри. Реконструкцијата на пешачките зони на овие три делници Градот Скопје ќе го чини околу 12 милиони денари.


Хммм... некако голема разлика во цените... Или направиле некоја печатна грешка... или (се) заебале нешто со тендерите... или пак е нивно масло, намерно направиле... или пак е разлика во материјали и слични трошоци...

Јас се надевам да е печатна грешка... а ако не... има нешто матно...
Македонија - Земја на чудата!
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  123 9>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.109 seconds.

Copyright ©2007 - 2019  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.