build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Градска инфраструктура
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Мостови (општо)
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Мостови (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 212223
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 5063
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #441 Posted: 29-Feb-2020 at 19:47
На фб страната од град Скопје е направена една тура фотки од мостовите па еве ги во продолжение...

1.Од Транспортен кон Сајмиште



2.Во Сарај



3.Хром



4.Мост Гоце Делчев



5.Мост Обединети Нации



6.Мост Близнак



7.Мост 8-ми Септември



https://www.facebook.com/CityofSkopje

Edited by stef4o - 29-Feb-2020 at 19:48
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12900
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #442 Posted: 01-Mar-2020 at 18:29
Новиот мост на реката Брегалница што почна да се гради минатата година е пуштен во сообраќај.

Мостот се наоѓа во близина на касарната „ Јане Сандански“ во Штип и индустриската зона. Бројните стопански капацитети сега ќе бидат во поблиска комуникација со новите населби Баби, Сењак и Дузлак во кои живеат најголем дел од вработените во индустриските зони во Штип. Со новиот мост се скратува патувањето и на патниците кои влегуваат во Штип од правец на Скопје кои досега мораа да ги користат веќе постојните мостови кај Градскиот стадион и Стариот камен мост што ја поврзуваше населбата 8 Номеври и центарот на градот. Се очекува растоварување на сообраќајот особено за време шпицовите, наутро и попладне по завршувањето на работното време.

Проектот за новиот мост го започна претходната локална власт која ги асфалтираше пристапните патишта. Новата локална власт ја продолжи реализацијата на оваа инвестиција која изнесува 58 милиони денари. Изведувач на работите беше штипската компанија Актива.

„Мостот е со тежина од 240 тони. Должината е 60 метри, ширината е 10 метри. Има две коловозни ленти и тротоар за пешаците. Истовремено е инсталирано осветлување на мостот и на целата обиколница која ќе значи гоемо растоварување на сообраќајот на самиот влез во Штип“, вели градоначалникот на Штип Благој Бочварски.

За пуштањето на новиот мост не беше организрана никаква свеченост.

Мостот е со челичен носечки лак и е единствен од ваков вид во Македонија. Новиот мост е четврти на реката Брегалница во атарот на Штип. Последниот мост е изграден пред 60 години во близина на градскиот стадион. Мостот во штипско Ново село е изграден во минатиот век, а најстариот мост кај населбата „8 Ноември“ е од 1672 година и е познат како Емир Ќучук Султанов мост кој со неколкуте реновирања уште е во употреба и е еден од најфрекфентните мостови во Штип.


https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/po-60-godini-pushten-vo-soobrakaj-nov-most-na-rekata-bregalnitsa-vo-shtip-vreden-58-milioni-denari/





За сè има вторпат
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12900
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #443 Posted: 01-Mar-2020 at 18:36
И уште една вест, за Петровец, иако ми звучи како предизборен маркетинг. Сепак, има интересни снимки на видеово:

За сè има вторпат
Back to Top
ehrlich View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2012
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 900
  Quote ehrlich Quote  Post ReplyReply #444 Posted: 01-Mar-2020 at 20:06
Мостов над Пчиња во Долно Коњари се гради веќе точно година и пол Чисто информативно
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12900
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #445 Posted: 06-Mar-2020 at 18:01
За сè има вторпат
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 5063
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #446 Posted: 29-Apr-2020 at 15:03
Санација на мост бр.12 над река Кратовка на регионален пат Р1205 Кратово–Пробиштип

Мостот се наоѓа на самиот влез во градот Кратово. Ширината на коловозот на мостот е 7,5м со две пешачки патеки по 2,0м. Предвидени средства за санација на овој мост се во висина од 24.520.295,00ден без ДДВ.

Активности во моментов: вадење на асфалт, вадење на постоечка израмнителна плоча за пристап до АБ плоча, одстранување на оштетени и сегрегирани делови од АБ плоча, пескарење на АБ плоча, перење и дување со компресор на АБ плоча, бушење на анкери, армирање на новата АБ плоча комбинирано со мрежа и класична арматура, бетонирање на нова АБ плоча со МБ 40 и со различна дебелина поради големите оштетувања на старата коловозна плоча и др.







https://www.facebook.com/drzavnipatista
Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 290
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #447 Posted: 25-May-2020 at 19:56
Апел до Град Скопје да се зафати веднаш со процедури за реализација на мостот НовоЛисиче - Маџари кај Вардариште. Ова можеби и е единствениот мост за кој не треба во Скопје да се прави експорпријација за да се поврзат улиците кои би ги поврзувал од двете страни, што му ја прави цената исклучително поефтина за разлика од други планирани мостови во Скопје.

Секој кој што прошол барем еднаш дневно по Перо Наков знае каква гужва неподнослива е тоа кај Тинекс/Годел во која може да се заглави и до еден саат. Исто така гужвите на раскринцата кај Хилтон и таа кај ФОН. Единствениот градски излез за една голема индустриска зона и населба. Од друга страна зашто би го имале АСНОМ кој ќе завршува како автопат у ливада и не би имале соодветна инфраструктура да го наполниме со сообраќај.

Профилот би требало да е нешто како мостот кај Момин Поток, односно 2+2 сообраќајни ленти со 1+1 од страна тротоар/велосипедска патека.





Edited by user8642 - 25-May-2020 at 20:00
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Online
Posts: 1999
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #448 Posted: 25-May-2020 at 20:05
На fb гледам доста коментари од луѓе кои го бараат овој мост. Имајќи ја предвид гужвата на бул. Србија и бул. Киро Глигоров, и те како е потребен. Поврзување на Ново Лисиче со Синѓелиќ значајно ќе го подобри сообраќајот.
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12900
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #449 Posted: 18-Jun-2020 at 11:36
Стариот римски мост во Богомила невидлив поради новиот што го изградиле на 5 метри од него

стара фотка



нова состојба





https://marh.mk/starite-mostovi-degradirano-nasledstvo-slucaj-bogomila/?fbclid=IwAR2iZwggj_UJbwQ86lEnpbS1-q-nWoDNV_Yp_MrBlUVrPfVxc8ZB3WVlj-w
За сè има вторпат
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 5063
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #450 Posted: 18-Jun-2020 at 12:12
Општина Петровец по 50 години добива нов мост

На регионалниот пат Р2136 на река Пчиња во Општина Петровец, Јавното претпријатие за државни патишта отпочна изградба на нов мост кој е од витално значење за населените места во овој дел.

Многу скоро граѓаните ќе ја почувствуваат разликата помеѓу стариот и новиот мост.

Должината на мостот е 133,20м, широк 8 м со два коловоза и со два тротоари каде што ќе можат граѓаните безбедно да комуницираат од едната на другата страна на реката.

Предвидените средства за изградба на мостот се во висина на 67,14 милиони денари.











https://www.facebook.com/drzavnipatista/
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12900
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #451 Posted: 01-Jul-2020 at 08:48
Пред некоја недела и Делчево доби нов пешачки мост...

Општина Делчево доби прв пешачки мост на реката Брегалница и тој е веќе пуштен во употреба. Надлежните од локалната самоуправа, сметаат дека со ставањето на мостот во функција ќе се зголеми безбедноста на пешаците и ќе им бидат значително поблиску повеќе институции, како детската градинка, ООУ „Ванчо Прке“, Општина Делчево, градскиот пазар и сите фабрики, кои се наоѓаат во индустрискиот дел во градот. Вредноста на мостот е 8,2 милиони денари. Околу 60 отсто од вредноста е обезбедена со средства од проектот за развој на источниот плански развоен регион, преку Бирото за регионален развој, а преостанатите 40 проценти се обезбедени со кофинансирање од Општина Делчево. Изведувач на градежните зафати на пешачкиот мост беше компанијата „Жикол“.


novamakedonija.com.mk









За сè има вторпат
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12900
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #452 Posted: 02-Jul-2020 at 09:00
Штип

За сè има вторпат
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 212223

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.203 seconds.

Copyright ©2007 - 2020  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.