build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Градска инфраструктура
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Мостови (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <12345 22>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12034
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #41 Posted: 22-Jan-2010 at 16:44

Нема нова ограда на мостот „Гоце Делчев“

Ниту во вториот обид не е избрано идејно решение, според кое, би се обновила оградата на мостот „Гоце Делчев“. Со образложение дека пристигнатите трудови не одговараат целосно на програмските барања, Градот Скопје го поништи повикот на кој биле доставени четири труда. Од истите причини надлежните го поништија и првиот конкурс.

„Недоследно почитување на прописите во конкурсот од типот на параметри и димензии, е една од причините за поништување на повикот. Оние трудови, пак, што ги исполнија овие услови, не доставија квалитетни идејни решенија“, објаснија вчера градските власти и најавија дека наскоро ќе распишат нов конкурс, трет едноподруго и под истите услови. (Дс.Т.)

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=AA3884D44CDCC147AA5E449B177B1D9D
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #42 Posted: 25-Jan-2010 at 15:36
ПРОПАДНА И ВТОРИОТ КОНКУРС НА ГРАД СКОПЈЕ
„Гоце Делчев“ ќе ја почека барокната ограда Конкурсот за идејно решение за нова заштитна ограда и за осветлување на мостот „Гоце Делчев“ пропадна по вторпат. Град Скопје викендов, преку соопштение во медиумите, објави дека го поништил конкурсот. Како причина е наведено дека пристигнатите трудови не ги исполнувале условите што се барале. Конкурсот истече во ноември минатата година, кога пристигнаа три идејни решенија за овој мост. Речиси три месеци градските власти ги разгледуваа пристигнатите трудови за на крај да соопштат дека ниту еден не одговарал на пропозициите. Во меѓувреме, во јавноста се шпекулираше дека новата ограда на мостот ќе биде во барокен стил за да се вклопи со лавовите, кои наскоро ќе се постават. Во исто време стигнаа предупредувања од француската фирма што последна го санираше „Гоце Делчев“ пред неколку години дека новите содржини на мостот не смеат да го преоптоварат бидејќи ќе влијаат на неговата безбедност. Пред десетина дена Градот избра идејни решенија за изгледот на мостовите кај хотелот „Холидеј ин“ и кај МАНУ. Наградените автори, Константин Јанев и Зоран Јордановски не ги образложија своите решенија. Тие само кратко соопштија дека мостовите нема да бидат украсени во барокен стил, туку ќе имаат орнаменти од македонското наследство и ограда од ковано железо. На првиот конкурс, кој градските власти го распишаа летото, пристигнаа само три трудови. Еден беше дисквалификуван поради тоа што не ги исполнувал условите, а за другите Градот образложи дека решението за „Мостот на револуцијата“ не го подобрува неговиот естетски изглед, додека оградата не се разликува од постојната. За мостот „Гоце Делчев“, пак, новото решение не ги исполнуваше условите за максимална тежина на оградата. Пари за мостовите, според властите, се обезбедени во буџетот, а точната сума ќе се знаела по изработката на основните решенија.

http://vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=3&tabid=1&EditionID=1926&ArticleID=132230
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12034
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #43 Posted: 01-Feb-2010 at 17:35

Трета среќа за разубавување на мостот Гоце Делчев

По два поништени конкурса за идејно решение за заштитна ограда и илуминација на мостот „Гоце Делчев“, Градот Скопје распиша трет конкурс. Крајниот рок за поднесување на трудовите е 15 март годинава.

Двата претходни конкурса, како што објаснија градските власти, беа поништени поради тоа што пристигнатите идејно-обликовни решенија, од една страна, не го подобрувале естетскиот изглед на мостот, а од друга, не ги исполнувале условите за максимална тежина на предложената ограда, што е важно за статичката стабилност на објектот. Неофицијално, еден од трудовите нудел ограда во барокен стил, со цел да се вклопи со лавовите што Општина Центар планира да ги постави на почетокот од двете страни на мостот.

- Дотраеноста и неугледноста на оградите беа главни причини Градот да распише конкурси за разубавување на неколку скопски мостови - велат градските власти во однос на нивната одлука за менување на сегашната инфраструктура.

По неуспешните два конкурса, паричните награди во третиот се зголемени во просек за околу 30 отсто. Првата награда, која претходно изнесуваше 60.000 денари, сега е зголемена на 90.000 денари, втората е двојно повеќе, односно 45.000 денари, а третонаградениот е предвидено да добие исто како и во претходните конкурси, односно 15.000 денари. Проектите, освен што треба да понудат решенија за разубавување на мостот, предвидено е да ја дефинираат и финансиската конструкција.

И додека се чека труд што ќе понуди најдобро естетско решение за мостот „Гоце Делчев“, подготвителните работи за менување на оградите на мостовите кај „Холидеј ин“ и кај хотелот „Александар палас“ се во тек. Ќе се избира фирма што ќе ги изработи основните и изведбени проекти врз основа на идејните решенија, по што ќе се распише тендер за изведувач.

Како што неодамна објасни градоначалникот Коце Трајановски, мостовите ќе добијат современ изглед, искомбиниран со модерни детали и примеси од богатото македонско културно наследство. Според него, двата моста ќе имаат ограда од ковано железо, како и канделабри во тој стил. (Ј.И.)

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=8C58748C53B81240AAB02EF63E94FCB6
Back to Top
mitatos View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1739
  Quote mitatos Quote  Post ReplyReply #44 Posted: 01-Feb-2010 at 20:34
A da videvme renderi od konkurentite ne ke bese loso
"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)
Back to Top
SkyBoy View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar
Suspended

Joined: 24-Feb-2010
Online Status: Offline
Posts: 738
  Quote SkyBoy Quote  Post ReplyReply #45 Posted: 25-Mar-2010 at 00:11
Нема предлози за оградата на мостот „Гоце Делчев“
 

Ниту една понуда не била доставена на повикот за избор на идејно решение за обнова на мостот „Гоце Делчев“. Ова е трет пат едноподруго повикот што го распишува Градот Скопје да биде неуспешен. Овој пат никој не доставил предлог за обновата на оградата и илуминацијата на мостот, за разлика од претходните два обида кога имаше по два труда. Но, ниту тогаш Градот не избра терк по кој ќе се обнови објектот. Официјалното образложение на надлежните беше дека трудовите понудиле решенија со кои дополнително би се оптоварила конструкцијата на мостот. Од Градот најавуваат дека наскоро ќе распишат нов, четврти идентичен повик. (Дс.Т.)

Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12034
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #46 Posted: 31-Mar-2010 at 18:39
Конкурсот за ограда на мостот „Гоце Делчев“ ќе ги надмине автобусите



 
Комисијата ги поништи трите тендери затоа што идејните решенија што пристигнаа не ги исполнуваа условите пропишани во тендерската документација  

 
%20  
За набавка на двокатни автобуси Министерството за транспорт и врски распиша дури пет тендери, а за заштитната ограда и осветлувањето на мостот „Гоце Делчев“ ова е веќе четврти тендер. Отворена е и можноста да има и уште еден тендер доколку идејните решенија не бидат направени според тендерската документација. По поништувањето на конкурсите од градот објаснија дека тие се поништени затоа што ниту еден од пристигнатите трудови не ги исполнил условите, естетски не го подобрувале изгледот на мостот, а и тежината на оградата била поголема од предвиденото.

Конкурсните трудови треба да пристигнат најдоцна до 7 мај на адреса на Градскиот совет, булевар Илинден бб. Најдоброрангираниот труд ќе се оценува според целосното почитување на програмските барања, изводливост и одржливост, инвентивност во пристапот на обликување, економичност на решението, како и задоволување на сите правни прописи и нормативни акти за проектирање мостови и јавни објекти. За најдобрите трудови се предвидени и награди од 90.000 за првонаградениот, 45.000 за вториот и 15 илјади за третопласираниот.

Откако се распиша третиот тендер за изработка на идејно решение за оградата на мостот „Гоце Делчев“, во јавноста се појавија шпекулации дека од градот сакаат новата ограда да биде во барокен стил за да одговара на лавовите што општината Центар планира да ги постави на мостот, како и со новите објекти што се предвидени да се изградат во околината. Градоначалникот Коце Трајановски објасни дека оградата треба да има современ изглед со модерни детали, но со примеси од македонското културно наследство. Според него, мостот треба да има ограда од ковено железо.
 
   
Автор: А.М.Д.
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=33110104023&id=14&prilog=0&setIzdanie=21948


btw оваа банална тема со оградиве веќе нарасна до толку да треба да се одвојува посебна нишка  Roll%20eyes


Edited by Cloverstack - 31-Mar-2010 at 18:40
Back to Top
SkyBoy View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar
Suspended

Joined: 24-Feb-2010
Online Status: Offline
Posts: 738
  Quote SkyBoy Quote  Post ReplyReply #47 Posted: 05-Apr-2010 at 22:12

ПО ЧЕТВРТИ ПАТ ГРАДОТ РАСПИШУВА КОНКУРС ЗА ИДЕЈНО РЕШЕНИЕ


Се уште се бара нов изглед за мостот Гоце Делчев


Откако е изграден мостот заштитната ограда е само санирана, никогаш не е заменета со нова. Овојпат, ќе се обидеме да побараме модел којшто најмногу ќе одговара на намената, но и на целокупниот амбиент. Сепак, кога конкретно ќе се реализира проектот не можеме да кажеме, бидејќи тоа е долга процедура, а зависи и од финансиските средства - велат одговорните од Градот


Градските власти не се откажуваат од идејата мостот Гоце Делчев да добие нов лик. Деновиве, по четврти пат е распишан конкурс за избор на идејно решение за заштитна ограда и илуминација, кој ќе биде отворен за пријави се до 7 мај. Пристигнатите трудови ќе ги разгледува специјално формирана жири-комисија која одлучи најдобрите да ги награди со по 90.000 илјади денари, а второ и треторангираниот со 45.000, односно по 15.000 денари. Откако жири-комисијата ќе го изврши рангирањето, ќе биде организирана изложба на конкурсните трудови

Претходните три конкурси што ги распиша Градот беа прогласени за неуспешни. Првите два поради тоа што понудите не биле усогласени со барањата, односно комисијата сметаше дека понудените идејни решенија дополнително би ја оптовариле постојната конструкција на мостот. На третиот пак, не беше доставена ниту едно идејно решение за обнова на оградата и илуминацијата на мостот.

Од Град Скопје се надеваат дека овојпат ќе се пријават повеќе трудови и ќе имаат шанса да го изберат најдоброто идејно решение, со што ќе се направи првиот чекор за обнова на мостот кој се наоѓа во Центар а кој е се во многу лоша состојба.
- Откако е изграден мостот заштитната ограда е само санирана, никогаш не е заменета со нова. Овојпат, ќе се обидеме да побараме модел којшто најмногу ќе одговара на намената, но и на целокупниот амбиент. Сепак, кога конкретно ќе се реализира проектот не можеме да кажеме, бидејќи тоа е долга процедура, а зависи и од финансиските средства - велат одговорните од Градот.

Тие потсетуваат дека во изминатиов период работеа на реконструкција на мостовите, комплетно ги санираа пешачките патеки и коловозите на мостовите, ги крпеа оштетените делови од оградите, ги пребојадисаа, а на некои го реконструираа и осветлувањето.

(Е.А.)
http://www.vecer.com.mk/?ItemID=D282442B257B6746984204639B79291A

Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3638
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #48 Posted: 27-Apr-2010 at 11:00
ДОДЕКА ВО ГРАДОТ СЕ ГРАДАТ НОВИ
На скопските мостови зјаат големи дупки

Роза Петкова

Дупките и процепите, низ кои слободно се гледа Вардар под нозете на минувачите, на мостот кај комплексот банки, со години само се закрпуваат, наместо асфалтот целосно да се реконструира. Градските власти, без оглед која гарнитура е на позиција, со мостовите се справуваат на истиот начин, ги прикрпуваат поударните дупки, додека во исто време на десетина нови места се отвораат уште пукнатини. Скопјани се согласуваат дека им пречи лошата состојба на мостот, особено што тој е врска на центарот на Скопје со повеќе важни институции, и е една од најфреквентните сообраќајници. - Не можам да се сетам кога мостов бил како што треба. Од кога знам за него, преку целата година има дупки и страшно е да се помине по нив. Претходно и дел од оградата немаше, а кога поминуваат камиони или автобуси целиот се тресе. Важно се гради мост „Око“ на неколку метри подолу, додека овој се распаѓа - ни рече Ивана Н. од Скопје, една од минувачите, кои редовно го користат мостот. Во слична состојба е и мостот кај „Холидеј ин“, каде што на еден од тротоарите зимава пропадна поголемо парче асфалт, а откако екипите на „Улици и патишта“ го покрија, сега повторно се гледаат пукнатини на истото место. За надлежните од Град Скопје се е под контрола, затоа што тие редовно ги проверувале мостовите. - Стабилноста и безбедноста ја спроведуваат стручни институции, како што е Градежниот факултет. Сите мостови се апсолутно безбедни и градежни зафати од ваков карактер не се неопходни. Она што е неопходно се интервенциите на коловозот и на велосипедско-пешачките патеки - велат од Одделението за односи со јавност. Оттаму не заборавија да потсетат дека ги бојадисале оградите и ги поправиле онаму каде што требало и дека минатата година целосно ги реконструираа патеките на мостот „Обединети нации“ и „8 Септември“, како и тротоарот кај надвозникот кај „Александар палас“. - Во текот на зимскиот период беа санирани повеќе ударни дупки на мостовите, кои настанаа поради временските услови. Тоа беа привремени мерки за затворање на ударните дупки, со цел да се обезбеди сигурно минување на автомобилите и на пешаците преку мостовите. Град Скопје оваа година предвиде 230 милиони денари во програмата за реконструкции на градските улици. Дел од работните активности и средства ќе бидат наменети за коловозните и за пешачките површини на мостовите -велат од Одделението. Во општина Центар, која е инвеститор на мостот „Око“, меѓу зградата на Уставниот суд и ГТЦ, сметаат дека не треба да инвестираат и во поправка на старите мостови, затоа што тие биле во градска надлежност. Според портпаролот Јовица Ацковски, општината е надлежна само за пешачките мостови, а оние по кои се движат возила потпаѓаат под Градот.


Измешани надлежности


Откако се поделија, Градот и општините никако не можат да се спогодат што во чија надлежност е. Иако постојат закони, тие не послужија многу за да се реши вечната дилема, кој треба да излезе на терен за да поправи една обична распукана улица. Сепак, искуството покажа дека властите, и тоа како, се ажурни да преземат одговорност, секако, ако имаат некоја корист од тоа. Најсвеж пример за тоа е изјавата на градоначалникот на Центар, Владимир Тодоровиќ, на една од последните седници на Советот, кога наспроти општопознатиот факт дека улицата Македонија припаѓа на општината, која плати и за нејзината реконструкција, обелодени дека со делбениот биланс таа била сопственост на Градот. Наспроти тоа, кејот „13 Ноември“ кој Градот го поправаше и припаѓал на општината. На прашања од советниците зошто општина Центар и натаму се ангажира и распишува тендер за поправка на расклатените плочки на улицата, Тодоровиќ одговори дека е тоа од причина што тие го изнајмуваат просторот за различни манифестации, од кои собираат пари за општинскиот буџет.

http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=1&tabid=1&EditionID=2006&ArticleID=139494
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3638
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #49 Posted: 09-May-2010 at 22:04

ВЕЛЕШКИОТ МОСТ


Критична состојбата со Гемиџии


Состојбата со мостот Гемиџии во Велес станува се покритична. Конструкцијата на мостот, изграден во шеесетите години на минатиот век, во последниве години попушти на десната страна, во близина на железничката линија Велес-Гевгелија. Пукнатините стануваат поголеми особено по последните дождови и по покачувањето на нивото на Вардар. Огромните наноси на дрва и друг материјал, уште повеќе ги оптоварија темелите на мостот и тие предизвикаа пукнатините значително да се зголемат. Стручњаците предупредуваат дека со ова е нарушена стабилност на мостот.

Од пред неколку години мостот Гемиџии, кој ја поврзува левата со десната страна на градот и преку кој се одвива целокупниот сообраќај, на местото каде што попушти, е потпрен со метална конструкција. Во Општината Велес велат дека Фондот за магистрални и регионални патишта е одговорен за одржување и поправка на најголемиот мост во Велес. Од Фондот лани извршија испитувања на статиката и констатираа дека мостот Гемиџии и покрај пукнатините, е безбеден за сообраќај, меѓутоа дека мора во скоро време да се санира и да не се дозволи и понатаму да биде потпрен со металната конструкција. Оттогаш помина доста време, а мостот не е саниран.

http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=5528442BD6BF224E9CB1037A0679611C
Back to Top
Jumbo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 23-Mar-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 141
  Quote Jumbo Quote  Post ReplyReply #50 Posted: 15-May-2010 at 02:50
Кога сме кај мостовите треба да се размислува и за пофункционални мостови значи не само да се мисли на пешачки мостови, сите знаеме дека Вардар не е пловна река но сепак може да се гледа барем малку по рационално на нештата, како на пример мостовите над реката Чикаго во истоимениот град кои се изградени во дваесетите години од 20 век река која според должината е помала од Вардар а има многу повеќе мостови во краток размер, не би сакал ова да звучи како правење споредба но мислам дека на Скопје му требаат повеќе сообраќајни мостови за да се заштеди гориво и време, погледнете колку непотребни пешачки мостови има низ градов на чело со Влајко.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12034
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #51 Posted: 15-May-2010 at 03:04


Дефинитивно требаат повеќе сообраќајни мостови во Скопје (иако контекстот со Чикаго е сосема различен и толкава густина ни од далеку не ни треба)

Повеќе мостови и се планирани, но за жал кај нас работите предолго остануваат само на хартија. Еве го важечкиот сообраќаен ГУП:
http://www.build.com.mk/docs/GUP-Transport.jpg

Јас избројав уште 11 предвидени нови сообраќајни мостови преку Вардар. Ама којзнае кога ќе се реализираат, нас инфраструктурата веќе 2 децении ни е последна на листата на приоритети  Wallbash


Edited by Cloverstack - 15-May-2010 at 03:05
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 4470
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #52 Posted: 15-May-2010 at 16:43
А пешачки мостови? Особено што сега кејот е уреден од двете страни, баш ме интересира како може од едната страна да се префрли човек на другата, без да мора да се качи догоре да премине преку сообраќаен мост.
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
SkyBoy View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar
Suspended

Joined: 24-Feb-2010
Online Status: Offline
Posts: 738
  Quote SkyBoy Quote  Post ReplyReply #53 Posted: 26-May-2010 at 19:11

Се санираат тротоарите на мостот кај МАНУ
 
 
Скопје, 26 мај 2010 (МИА) - Градот Скопје ја почна реконструкцијата на пешачките и на велосипедските патеки на мостот на булеварот „Кочо Рацин“, кај МАНУ.

На патеките, како што информираат од Град Скопје, ќе се санираат секундарните носачи, ќе се исчисти навлезениот шут, ќе се направат нови бетонски плочи, а потоа површината ќе се покрие со асфалт. Во тек се и градежните работи за санација на патеката на мостот од страната на хотелот „Холидеј ин“.

За да се овозможи непречено извршување на градежните работи Градот Скопје ги информира граѓаните дека движењето по тротоарот на мостот кај МАНУ од денеска е забрането. Забраната ќе важи во наредните 20 дена, а потоа градежните работи ќе се префрлат на тротоарот од другата страна на мостот.

За целосна санација на пешачките и на велосипедските патеки на мостот кај МАНУ Градот Скопје ќе потроши околу 6 милиони денари, а работите ги извршуваат екипите на ЈП „Улици и патишта“.

Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #54 Posted: 09-Jun-2010 at 22:57
Мора да се санира


Пукнатините на мостот "Гемиџии" во Велес се повеќе се шират. Бетонот се распаѓа и одронува. Водоводната цевка поставена долж мостот е во опасност да пукне и да направи поплава бидејќи бетонскиот блок е целосно одвоен од конструкцијата на мостот и лежи врз цевката. Искршените гранки и трупци насобрани на раклите дополнително вршат притисок на самиот мост.
-На мостот "Гемиџии" му е потребна итна санација. Доколку тоа не биде сторено во најскоро време, водоводната цевка може да пукне и без вода за пиење да останат сите жители од левата страна на Велес. Состојбата со пукнатината е повеќе од критична - вели Ордан Тутунџиев, советник од ЛДП чија куќа е веднаш до самиот мост.

Тутунџиев заедно со уште неколку советници од другите партии неколкупати досега поставиле советничко прашање во врска со состојбата на мостот, но одговорот на градоначалникот на општина Велес, Горан Петров секогаш бил дека мостот "Гемиџии" не е во надлежност на Општината туку на Министерството за транспорт и врски.
-Граѓаните секојдневно поминувајќи под мостот се плашат да не им падне дел од бетонот врз глава. Зарем не треба да се преземат мерки и да се санира овој мост кој е главна сообраќајна врска од едната до другата страна на Велес - вели Тутунџиев.

Општината Велес на повеќе пати досега интервенирала до Министерството за транспорт и врски за санирање на мостот "Гемиџии". Оттаму експертите констатирале дека е потребна санација но, барем до сега Министерството нема обезбедено пари иако минатата година беше ветено дека санирањето ќе биде извршено во текот на оваа година.

http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=6A24F9B500150046A506C5D37D1F5B19
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12034
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #55 Posted: 14-Jun-2010 at 14:19
УСПЕА ЧЕТВРТИОТ ОБИД
Избрано решение за мостот „Гоце Делчев“

По четвртиот обид Град Скопје, конечно, избра идејно решение за изгледот на мостот „Гоце Делчев“. На јавниот оглас за нова заштитна ограда и за ново осветлување, властите избрале две награди. - За оградата на мостот се избрани најдобрите идејни решенија и имињата на победниците ќе бидат објавени во дневните весници. Доделени се прва и втора награда - велат од Одделението за односи со јавност. Претходните три конкурси пропаднаа затоа што не беа исполнети предусловите, кои бараа новата ограда да не биде претешка за мостот

http://vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=3&tabid=1&EditionID=2043&ArticleID=142570
Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: R. e Maqedonisë
Online Status: Offline
Posts: 3833
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #56 Posted: 03-Aug-2010 at 10:43
АСФАЛТИРАН ТРОТОАРОТ НА МОСТОТ КАЈ МАНУ

 Екипи на Градот Скопје го асфалтираа тротоарот на мостот кај МАНУ, од страната на хотелот „Холидеј ин“. Во изминатиов период на пешачката патека на мостот беше отстранет стариот и оштетен асфалт, беа санирани секундарните носачи, се чистеше навлезениот шут и беа поставени нови АБ бетонски капаци. Тротоарот е асфалтиран на површина од 376 квадратни метри и се употребени 35 тони асфалтна маса АБ11.

За целосна санација на пешачките и на велосипедските патеки на мостот кај МАНУ Градот Скопје ќе потроши околу 6 милиони денари.

На терен работат екипите на ЈП „Улици и патишта“.

Back to Top
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4689
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #57 Posted: 03-Aug-2010 at 11:27

Убаво. Не е нешто големо, ама прави голема разлика. Е вакви мали проекти влијаат на цел изглед на градот, поготово стритвју. Незнам зошто е тешко или пак скапо да се реализираат вакви почести зафати. Колку, еден ден, најмногу два дена работа без припремање, само асфалтирање, зависи од големината. Така да и да трае цела недела, потоа се добива многу подобра состојба во цела околина.

Или пак фарбање огради, многу лесни зафати. Гледам по сликиве дека оградата на мостот е средена, но и да не е многу лесно е да се среди. Но на овој мост ќе се менуваше, заборавив. 

Back to Top
alexgizh View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 07-Jan-2009
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1967
  Quote alexgizh Quote  Post ReplyReply #58 Posted: 03-Aug-2010 at 14:26
Не е ден-два работа како што велиш, ова стоеше раскопано најмалку две недели.
The only thing necessary for the triumph of evil is for good men to do nothing.
Back to Top
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4689
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #59 Posted: 11-Aug-2010 at 16:16

Originally posted by alexgizh

Не е ден-два работа како што велиш, ова стоеше раскопано најмалку две недели.

Но реално целата работа може да се заврши и за помалку  од една недела.

Back to Top
Swimmer View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar
Suspended

Joined: 09-Aug-2010
Online Status: Offline
Posts: 294
  Quote Swimmer Quote  Post ReplyReply #60 Posted: 11-Aug-2010 at 16:43
Originally posted by FoSsiL

Originally posted by alexgizh

Не е ден-два работа како што велиш, ова стоеше раскопано најмалку две недели.

Но реално целата работа може да се заврши и за помалку  од една недела.

 
се слагам.. и плочникот кај Мост стоеше раскопан поприлично долго, па тоа не значеше дека работата е тешка и долготрајна..
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <12345 22>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.156 seconds.

Copyright ©2007 - 2019  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.