build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Урбана мафија - случај Кермес

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <12
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #21 Posted: 28-Oct-2009 at 15:42
Трифке глуми жртва во целиов случај  Roll%20eyes

Градежната дозвола за „Кермес“ не може да се реактивира





 

Управниот суд го отфрлил барањето на фирмата „Гофи“ да се реактивира градежната дозвола за изградба на објект во Градскиот парк, на местото на поранешната градска кафеана „Кермес“, со образложение дека мора да се почитуваат препораките дека таа градба била споменик на културата

 
 
%20  
Трифун Костовски, поранешниот градоначалник и инвеститор на овој објект вели дека „Кермес“ никаде не е евидентиран како споменик и дека сега ќе се обратат до Врховниот суд.

- Пред две години поднесовме тужба до општината Центар да ја реактивира градежната дозвола, бидејќи Министерството за транспорт и врски бараше да се повтори постапката за нејзиното издавање, што за нас беше незамисливо. Ако и Врховниот суд го отфрли нашето барање, ќе бидеме присилени да ја тужиме сопствената држава пред судот во Вашингтон - објасни Костовски.

Тој е мнозински акционер во швајцарската фирма „Гофи“, која во август 2006 година ги урна остатоците од некогашната кафеана во Градскиот парк и почна со изградба на хотел, но по налог на Министерството за транспорт и врски по три месеци беа стопирани градежните активности. Образложението беше дека општината не го зела предвид мислењето на тогашниот Градски завод за заштита на спомениците на културата, според кое и „Кермес“ бил споменик на културата.
 
   
Автор: Р.З.

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=10289100282&id=14&setIzdanie=21822
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #22 Posted: 07-Dec-2009 at 14:52

„Кермес“ уште долго време ќе биде темел


Три години градежната дозвола за овој објект е во мирување, па тој не може ниту да се догради, ниту да се расчисти теренот каде што е почнат, а инвеститорот Трифун Костовски најавува дека ќе тужи дури и до Вашингтон за да докаже дека неправедно е спречен да ја направи зградата 


Градежната дозвола за изградбата на новиот ресторан „Кермес“ подолго време е во мирување отколку што беше активна. Градилиштето се наоѓа во статус кво веќе три години и објектот ниту може да се догради, ниту да се расчисти просторот од поставените темели. Се чини дека скопјани уште долго време ќе си ги разубавуваат своите викенд-прошетки низ Градскиот парк шетајќи покрај бетонски столбови што почнале да се распаѓаат и ‘рѓосаните железни прачки.

Општината Центар ја држи градежната дозвола во мирување и бара од инвеститорот, фирмата „Гофи“ на Трифун Костовски, да извади нова, но не ја поништува старата. Образложението е дека кога го издавале одобрението заборавиле дека објектот е под заштита како културно наследство. Костовски, пак, одбива да вади нова дозвола и оди од еден до друг суд за да ја деблокира старата, објаснувајќи дека тој прво добил одобрение, а потоа на поранешниот Завод за заштита на културното наследство му текнало да го заштити објектот.


РУИНА ПРЕД И РУИНА ПОТОА


До 2006 година на местото каде што сега се темелите се наоѓаше зградиче што го имитираше историскиот „Кермес“, изграден во втората половина на 19 век, а урнат во 70-тите години на минатиот век, кога настанала трансформација на угостителите. Тој објект, кој поранешниот градоначалник Ристо Пенов го обои во црвено-сина комбинација, најчесто служеше за јавен кенеф, а чести беа и приказните дека таму се наоѓале купишта шприцеви од наркозависници. Компанијата на Костовски го купи ова место од бизнисменот Зоран Азманов уште во 2004 година, а на 13 март 2005 година доби одобрение за градба плаќајќи и на општината Центар 355 илјади евра за комуналии. Но проектот со кој се предвидуваше „Кермес“ да прерасне во хотел со четири ѕвездички и неговите димензии да се зголемат од 420 на 3.250 квадрати во основата и од 4,9 на 10,9 метри во висината предизвикаа остри реакции во јавноста. Антикорупциската комисија водена од сегашниот министер за правда Михајло Маневски редовно пушташе дописи дека дозволувањето да се направи еден ваков „Кермес“ е штетно за паркот и за градот.

Сепак, „Гофи“ имаше важечка дозвола и на 19 август 2006 година ја почна изградбата. Но во декември истата година беше прекината. Прво општината Центар раководена од градоначалничката Виолета Аларова побара да се повтори постапката, но второстепената владина комисија оцени дека немало потреба од тоа, бидејќи општината понудила само технички аргументи, а не правни. Потоа Министерството за транспорт и врски и ги одзеде на општината надлежностите во урбанизмот и ја запре изградбата барајќи од Управата за заштита на културното наследство да се изјасни дали објектот е под заштита или не е. Од тогаш трае мирувањето на одобрението за градба, а главната енигма е дали било обврзувачко укажувањето на Градскиот завод за заштита на спомениците дека објектот бил заштитен.

Паско Кузман, директорот на Управата за заштита на културното наследство, вели дека објектот „Кермес“ уште пред две-три години бил тргнат од листата на споменици, бидејќи веќе не постоел.

- Ние не можеме да заштитиме земјиште. Ако има градба, таа може да биде споменик. Ако нема, не може да има ниту заштита - вели Кузман.

Костовски постојано изјавува дека запирањето на изградбата е политичка игра и најавува дека ќе бара милионски отштети од судовите. Сепак, пред еден месец Управниот суд го отфрли барањето на неговата фирма да се реактивира градежната дозвола, образложувајќи дека треба да се почитуваат препораките дека таа градба била споменик на културата.


ДОСЕГА ПОТРОШЕНИ 3,5 МИЛИОНИ ЕВРА


Костовски не може да се изначуди зошто сите чекале тој да стави темел и да потроши големи пари за да ја почне изградбата, па потоа да се повикуваат на заштитата на објектот како културно наследство. На поранешниот градоначалник му е нејасно како била предвидена градежна маркичка со сегашниот габарит на „Кермес“ во деталниот урбанистички план ако објектот бил заштитен и зошто никој не го запрел уште пред да ја извади дозволата или пред да се зафати со градење.

Од општината Центар велат дека на 1 декември 2006 година бил извршен инспекциски надзор со кој било наредено инвеститорот да ја прекине натамошната изградба.

- Немаме добиено барање за издавање нова градежна дозвола, а старата сега е во мирување. Постапката не е завршена. Во тек е нејзиното повторување - се вели во краткото образложение на целиот случај од оваа општина.

Но Костовски нема намера да ја повтори постапката за градежна дозвола, бидејќи смета дека во тој случај би се направил нов урбанистички план со помала маркичка, а тој би изгубил многу пари.

- Ако руината што беше останата на местото на „Кермес“ беше споменик, зошто во урбанистичкиот план имаше објект за угостителство и за комерцијална дејност на таа локација? И кога баравме дозвола стоеше мислењето на Заводот дека објектот е заштитен, но тогаш тие не го сметаа тоа за обврзувачко. И потоа следуваше цела година во која некој можеше да нé запре пред да почнеме. Заедно со купувањето на земјиштето досега во „Кермес“ сум вложил над три и пол милиони евра и нема лесно да се откажам од нив - вели Костовски.

Тој додава дека размислува да го продаде земјиштето, зашто можеби тоа ќе бил единствениот начин „Кермес“ да заживее.

Постапката што заврши неуспешно пред Управниот суд тој планира да ја префрли во Врховниот суд, а ако го одбијат и оттаму, најавува тужба и во Вашингтон. Според него, таа постапка е сложена бидејќи оди преку амбасадите, но адвокатите го уверувале дека откако ќе се формира тужбата, целата постапка ќе завршела за шест месеци.




Лична карта

објект: „Кермес“
инвеститор: „Гофи“
почеток на градбата: 19 август 2006
прекин на градбата: декември 2006
изграденост: темел
проблем: блокирана градежна дозвола

http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=12791028434&id=14&prilog=0&setIzdanie=21856
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #23 Posted: 08-Dec-2009 at 00:35


Документите може да се чисти ко солза, но оваа градба сепак ќе биде дива и дело на урбана мафија. Не сме паднати од марс за да не знаеме како се манипулираат урбанистички планови и како се добиваат дозволи. Ова не е ништо друго туку „Кинески Ѕид II“. Се надевам дека никогаш нема да се догради, туку дека што побргу ќе биде срушено тоа што досега е почнато.

Воопшто не ме импресионираат жалопојките на Трифке. Со кој памет влегол во целава оваа работа? Се работи за градски парк побогу.


Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #24 Posted: 15-Jun-2010 at 02:20

Судбината на „Кермес“ ќе ja решава виенски арбитражен суд

Трифун Костовски ќе бара отштета од државата во висина од девет до 11 милиони евра

Сања Наумовска


Ексградоначалникот на Скопје, Трифун Костовски, ќе ја тужи државата пред арбитражен суд во Виена за пропаѓањето на неговата инвестиција во „Кермес“. Тој се подготвува да побара обесштетување во висина од девет до 11 милиони евра за инвестирана и изгубена добивка, откако пред неколку години му беше одземена градежната дозвола за објектот во Градски парк.

Костовски, преку своите австриски застапници на „Гофи“, швајцарската фирма-инвеститор, деновиве упатил писмо до Владата, Министерството за транспорт и врски, Општина Центар и до швајцарската амбасада со барање за итно решавање на проблемот. Во спротивно, во рок од неколку недели ќе се активира тужбата пред арбитражата во Виена.

„Целиот случај е демонстрација на сила во која се гази правото“, вели Костовски, кој се повикува на билатералниот договор меѓу Македонија и Швајцарија за поттикнување и заемна заштита на инвестициите. Во случајот на „Кермес“, како целосно странска инвестиција, се прекршени многу одредби од овој договор, што случајот го прави едноставен за правните застапници на „Гофи“.

„Ако ’Гофи’ ја добие бараната отштета од Владата, цехот ќе го платат граѓаните, што мене, како човек што многу инвестирал и донирал во различни полиња во оваа земја, многу тешко ми паѓа. Сепак, не гледам друго решение“, вели Костовски.

„Кермес“ не се гради од декември 2006 година кога Министерството за транспорт и врски ја запре изградбата со барање до Управата за заштита на културно наследство да се изјасни дали некогашниот „Кермес“ бил заштитен споменик. Од инвеститорот „Гофи“ се бараше да извади нова градежна дозвола, иако изградбата почна три месеци претходно, со комплетна документација издадена од Општина Центар во март 2005 година.

Костовски одбива да размислува за повторување на постапката за градежна дозвола, бидејќи, вели тој, ја купил локацијата со проект и со целосна документација во која стоело мислење и на Управата, кое не е облигаторно. За него се нејасни мотивите на Општината и на Министерството зошто го промениле мислењето по неколку месеци и ја стопирале изградбата.

„Зошто чекаа да почнам да градам и да инвестирам огромни пари за да почнат постапки за заштитување на нешто што не постоеше? Сето тоа упатува на политичка игра што, од друга страна, пак, во вакви случаи на странски инвестиции го урива угледот на државата“, вели Костовски.

За напуштеното градилиште, кое и денес го нагрдува Градскиот парк, исто како и стариот руиниран „Кермес“ претходно, инвеститорот има потрошено 3,5 милиони евра. Од нив 335.000 евра и' се платени на Општина Центар за комуналии. Костовски засега не открива дали откако ќе се разреши случајот пред странските судови ќе продолжи со изградбата или ќе го продаде „Кермес“.

Според проектот, кој се планираше да го реализира „Гофи“, на местото на старата кафеана требаше да има хотел со четири ѕвездички. На површина од 3.250 квадрати требаше да се гради објект висок 10 метри, за кој Костовски вели дека ќе беше „бисер во паркот“.

http://utrinski.com.mk/?ItemID=29C63AA0C46ABC4296C75F20B9C4BD02
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #25 Posted: 15-Jun-2010 at 02:28
Да се работеше за автентична реконструкција немаше да ги има овие проблеми што сега има тенденција да се прикажат како опструкции. Објектот што почна да се гради ни од далеку не беше тоа што било Кермес. Мислам дека постапката треба да оди во насока Кермес да се стави под државна капа, да се избере проект соодветен автентичен и во согласност со управата за заштита на конкуренцијата и како таква да се продаде локацијата, или па изграден со концесии на десет дваесет години слично како Езерце. А автентична реконструкција може да се вклопи во Скопје 2014 како објект што потсетува со некои неокласични елементи.


Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #26 Posted: 15-Jun-2010 at 03:10
Она што Трифун ни го претставува како „обнова“ на Кермес, по многу основи наликува на „кинескиот ѕид“ кај стадионот.

Bash 

А што се однесува до „аргументите“ на Трифке...
- Прво, дури и да ги има сите хартии, тоа не значи дека сите процедури поминале легално.
- Второ, дури и да ги има сите хартии, тоа не значи дека е прифатливо да никне уште еден монструм во паркот.
- Трето, ако бил голем донатор, не значи дека треба да му се дозволи да прави што сака.

Ако сака да биде запамтен по оние добри работи што ги направил, нека си ја признае грешката и нека дигне раце од оваа работа. Треба да се соочи со фактот дека не смееше да зафаќа со ваква „обнова“ на Кермес, со 20 пати поголем габарит од оргиналниот. Не знам колку ќе му вредат сите негови донации, доколку успее да изнуди онакво обештетување на грбот на овој народ.




Edited by Cloverstack - 18-Jul-2011 at 22:14
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #27 Posted: 18-Jul-2011 at 22:35

„Кермес“ прогласен за дивоградба


 

Нема да се откажам од спорот, но откако ќе го изградам ресторанот, веднаш ќе го продадам. Ова што се случува со изградбата на бјектот за мене е голем товар, вели Трифун Костовски

 
 
%20 

Ресторанот е обележан како дивоградба, но не би можел да се озакони со актуелниот Закон за легализација

Во најновиот детален урбанистички план за Градскиот парк, објектот „Кермес“ е обележан како дивоградба. И покрај тоа што поминаа пет години откако ресторанот „Кермес“ престана да се гради, работите наместо да тргнат кон разврска, тие само повеќе се замрсуваат. До скоро земјиштето каде што требаше да се гради ресторанот беше оградено со тараби, но таа е тргната и на нејзино место е поставена заштитна мрежа, на која некој напишал „Објект во изградба, Кермес. Стопиран од нелуѓе“. 
Поранешниот градоначалник Трифун Костовски, кој е сопственик на „Гофи“, фирмата што се јавува како инвеститор на објектот, е револтиран од односот на властите кон целата ситуација со некогашниот бисер на паркот. Тој вели дека нема да се откаже од изградбата на објектот, но дека повеќе го нема истиот жар за да го обнови ресторанот. Според него, судски спор за ситуација како оваа може да се води само во нашата држава, затоа што на кое било друго место ќе се дадеше можност тој да се изгради.

Како бизнисмен сакам да си ги заштитам моите интереси и капиталот што го имам вложено. Нема да се откажам од спорот, но откако ќе го изградам ресторанот, веднаш ќе го продадам. Ова што се случува со изградбата на објектот за мене е голем товар. Сакајќи да направам добро за скопјани, јас добив само проблеми. Чекав само уште еден потег од властите за да можам да ги тужам на Арбитражен суд и очигледно ова што го класифицираат објектот како дивоградба и покрај тоа што ги имам сите потребни документи е тоа што ми треба. Кај нас нема објективно судство и затоа правда морам да барам надвор, иако не сакам да си ја тужам сопствената држава, но тоа е тоа, реалноста е сурова - револтирано објасни Костовски.

Ресторанот е обележан како дивоградба, но не би можел да се озакони со актуелниот Закон за легализација, бидејќи тој важи само за објекти што веќе се користат. Затоа еден од условите е во барањето да се стави и платена сметка за струја или за вода, нешто што е невозможно во случајот со „Кермес“.

Компанијата на Костовски земјиштето за изградба на „Кермес“ го купи уште во 2004 година од бизнисменот Зоран Азманов, а во март 2005 година доби одобрение за градба од општината Центар. За комуналиите плати 355 илјади евра. До 2006 година на местото каде што сега се темелите се наоѓаше зградиче што го имитираше историскиот „Кермес“ изграден во втората половина на 19 век, а урнат во 70-тите години на минатиот век, кога настанала трансформација на угостителите. Тој објект, што поранешниот градоначалник на градот Ристо Пенов го обои во црвено-сина комбинација, најчесто служеше како јавен ќенев. Изградбата на објектот на Костовски почна во август 2006 година, а запре во декември истата година поради тоа што објектот откако почна да се гради, односно имаше само темели, беше прогласен за културно-историско наследство. 

Во новиот детален план, освен „Кермес“, планирана е изградба на уште неколку објекти, катни гаражи, подземно паркиралиште и нов објект за ресторанот „Езерце“. Иако „Езерце“, кој во времето кога општината го сруши важеше за дивоградба, за него во планот има нацртано сосема нова маркичка, за разлика од „Кермес“, кој иако ги има сите дозволи е обележан како бесправно изграден објект.

 
  
Автор: Александра Денковска  Фотографија: Филип Поповски
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=71811919123&id=14&&prilog=0setIzdanie=22333
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #28 Posted: 01-Dec-2011 at 20:42
"Кермес" нема да се легализира

"Кер­мес" нема шанси да се легализира. Ова вчера го повторија надлежните од Општина Центар, откако советникот од СДСМ Дејан Тодоровски пос­та­ви советничко прашање за градоначалникот Владимир Тодоровиќ што се слу­чу­ва со објектот "Кермес", дали тој може да се легализира, или ќе се ури­ва.

На­мес­то градоначалникот Тодоровиќ, на советничкото прашање одговори ра­ко­во­ди­те­лот на секторот за урбанизам Александар Јанакиески.
"Со најновите измени на планот за овој дел од Градскиот парк, кои нас­ко­ро треба да се усвојат од Советот на Општина Центар, 'Кермес' е прогласен за дивоградба. Не може да се легализира оти не претставува фун­кци­о­нал­на целина, како што наложува Законот за легализација на дивоградби. Ќе пос­та­пи­ме како што предвидува планот", рече кусо Јанакиески, без да пре­ци­зи­ра дали и кога ќе се урива "Кермес".
По­ра­неш­ни­от градоначалникот на Скопје и инвеститор на "Кермес" Трифун Кос­тов­ски вели дека целата ситуација е ништо друго туку политичка хајка про­тив него, и затоа се подготвува правдата да ја бара пред Арбитражен суд во Лондон.

"Не­мам поднесено барање за легализација оти сум свесен дека објектот не ги исполнува условите. Ова е врв на самоволие, се згрозувам од на­чи­нот на кој се почитува правото во државава. Ова не е ништо друго туку по­ли­тич­ка војна против мене. Мене 'Кермес' веќе не ме интересира. Ве­ру­вај­те, не чувствувам веќе љубов и жар како кога почнав да го градам. Но до­се­га ми е нанесена штета од 15 до 20 милиони евра, и затоа правдата за пре­тр­пе­на­та загуба ќе ја барам пред арбитражните судови", вели Кос­тов­ски.

Слу­ча­јот "Кермес" се отвори пред пет години, кога Општина Центар на ин­вес­ти­то­рот - фирмата "Гофи" - му ја одзеде градежната дозвола оти објектот бил под заштита од Управата за заштита на културно наследство и беше спре­че­на понатамошната градба на хотелот во Градски парк.

http://www.vest.com.mk/?ItemID=AAC7013BEA5C484885B1806D295AE63D

Ќе го уриваат Кермес

Инспекцијата утврдила дека објектот е дивоградба и не може да се легализира. Костовски се подготвува за меѓународните судови

Деспина Трајковска


Се подготвува терен за уривање на Кермес. Во урбанистичкиот план кој наскоро ќе биде усвоен, објектот е обележан како дивоградба која не ги исполнува условите да се легализира. Ниту инвеститорот Трифун Костовски не поднел барање за легализација, свесен дека не ги исполнува критериумите за да го озакони објектот.

Ова за прв пат и официјално го потврдија од општина Центар на вчерашната седница на Советот на која случајот го актуализираше советничката група на СДСМ. Советникот Дејан Тодоровски праша до каде е случајот „Кермес“.

„Во предметниот урбанистички план тој е означен како бесправна градба, како таков бил констатиран од инспекцискиот надзор. Тој не може да се легализира, бидејќи не е целосно функционална целина како што налага законот“, накусо во име на градоначалникот Владимир Тодоровиќ одговори Александар Јанакиески, раководител на Секторот за урбанизам. Тодоровиќ, иако присутен на седницата не проговори ништо за случајот.

Јанакиески дополни дека општината кон „Кермес“ ќе постапи согласно планот, но не објасни конкретно што значи тоа. Но, со оглед на тоа дека обејктот не може да се легализира, очигледно дека ќе се става на листата за уривање.

И Трифун Костовски е свесен дека во оваа фаза објектот чија изградба е на „чекање“ веќе шеста година по ред, не може да се легализира, па затоа не ни поднел барање за озаконување на објектот. Вели дека веќе нема зборови со кои би ја опишал ситуацијата во која се наоѓа.

„Ова е врв на самоволие, згрозен сум од начинот на кој се почитува правото во државава. Ова не е ништо друго, туку политичка војна против мене. Не сакам да се повторувам, но вистината е една, жртва сум на актуелната политичка гарнитура. Апсурдно е што премиерот оди на турнеи по светов за привлекување странски инвестиции, а истовремено ги брка оние што се веќе во државава, како што е случајот со ’Кермес‘“, ни изјави вчера Костовски, кој за обновата на култната кафеана веќе не зборува со препознатливиот жар и љубов. И самиот вели дека после се', „Кермес“ го чувствува како заглавена коска во грло која не може да ја проголта.

„Јас после се' ќе морам правдината да ја барам пред арбитражните судови. Жалосно, но се поиграа и со мојот патриотизам“, револтирано коментира Костовски проценувајќи дека досега во случајов има претрпено штета помеѓу 15 и 20 милиони евра.

Неговата компанија го купи земјиштето во 2004 година, на општината и' плати 355.000 евра комуналии и во 2006 година ја доби дозволата за градба. Само неколку месеци по стартот на изградбата таа беше запрена со образложение дека објектот е прогласен за културно-историско наследство. Случајот, се' до последниве актуелни измени на Деталниот урбанистички план тапкаше во место. Во меѓувреме единствено се отстранија тарабите од градилиштето, а пораката на заштитната мрежа „Објект во изградба, Кермес. Стопиран од нелуѓе“, која осамна пред извесен период сведочи за судбината на објектот .

http://utrinski.com.mk/?ItemID=DCA76719BD952B44A3434ADFCA5D073C

„Kермес“ е дивоградба

„Kермес“ нема да се легализира во новиот урбанистички план за Градски парк, кој ќе се усвојува на некоја од наредните седници на Советот на Општината Центар, информираа вчера раководни лица од секторот за урбанизам на седница на Советот. Иако го прогласија за дивоградба, од Центар не одговорија дали карабината од оваа реплика на поранешната култна кафеана ќе биде урната.

- Тоа е бесправен објект - рече раководителот Александар Јанакиевски на советничко прашање на членот на Советот, Дејан Тодоровски, кој праша што ќе стане со овој објект, која е неговата иднина.

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=E614FE7D89EC4648974D35D96B3164BB

Back to Top
nouseforname View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 16-Dec-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 156
  Quote nouseforname Quote  Post ReplyReply #29 Posted: 02-Dec-2011 at 02:30
ksko moze zgrada sto postoela od pamtivek,koja padnala za zemjotresot sega da bide divogradba!!!!?????
steta ova bi bilo mn dobar dodatok vo parkot!
Back to Top
alexgizh View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 07-Jan-2009
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1975
  Quote alexgizh Quote  Post ReplyReply #30 Posted: 02-Dec-2011 at 10:50
Затоа што Трифке сакаше за три-четири пати да го зголеми, да го претвори во малтене хотел.
The only thing necessary for the triumph of evil is for good men to do nothing.
Back to Top
UrbanFreak View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Oct-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1732
  Quote UrbanFreak Quote  Post ReplyReply #31 Posted: 02-Dec-2011 at 11:15
Originally posted by nouseforname

ksko moze zgrada sto postoela od pamtivek,koja padnala za zemjotresot sega da bide divogradba!!!!?????
steta ova bi bilo mn dobar dodatok vo parkot!
Кермес постоеше до пред 4-5 години, додуше беше руина последните 15 години, но не е точно дека бил срушен од земјотресот. Патем, Трифун ја злоупотреби својата положба и ја зголеми маркицата неколкукратно во сите 3 димензии.
אל תסתכל בקנקן, אלא במה שבתוכו
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #32 Posted: 18-Apr-2012 at 00:00
Ни промакнала оваа вест од пред недела дена...
Просто неверојатно како систематски се работи на уништување на секое ќоше од градов, на сите можни начини. А за трагикомичниов пресврт во случајов со Кермез, излишни се било какви коментари. Во оваа држава едноставно нема никакви правила, баш никакви!

После зградата-монструм кај стадионот и 200-метарската деловна „катна гаража“ што треба да се гради кај бараките на град Скопје, еве го и третото продолжение од серијалот кинески ѕид во паркот. Наздравје нека ни е и ова, па до следната епизода...

Wallbash  Wallbash  Wallbash

„Кермес“ веќе не е културно наследство, може да се гради

Сега е утврдено дека објектот немал историска вредност, што со години беше пречка Трифун Костовски да го реализира проектот

Деспина Трајковска 



Трифун Костовски слободно може да продолжи со изградбата на „Кермес“. Се случи пресврт во случајот за обнова на култниот ресторан на кој пред речиси шест години, само неколку месеци откако му беа поставени темелите, градежните работи запреа со образложение дека објектот е прогласен за културно-историско наследство. Сега, истата институција, Управата за заштита на културно наследство констатирала и ја информирала Општина Центар дека некогашниот култен ресторан, сепак, немал историска вредност. Од Општината објаснуваат дека во дописот било напоменато оти „Кермес“ се брише од националниот регистар на културно наследство. 

„Тоа е точно. Работата е чиста како солза. Впрочем, уште пред 4-5 години тој објект беше избришан од листата на објекти со историска вредност, сега целата документација е комплетирана“, накусо ни потврди Паско Кузман, директор на Управата за заштита на културно наследство. 

Во дописот од Управата, што пред десетина дена го добила Општина Центар, меѓу другото било потенцирано дека вредноста на објектот била урната кога инвеститорот почнал со обнова, со тогаш важечката дозвола.

„Во времето на воспоставување заштита, објектот имал архитектонска вредност, меѓутоа во 2006 година тој е урнат со отпочнување на изградбата на новиот објект. Тогаш, се ‘урнала‘ и неговата вредност, односно паднала неговата заштита“, стоело во дописот до општинарите, кои автоматски сега можат да го затвораат случајот „Кермес“. 

Сепак, за да може инвеститорот, ексградоначалникот на Скопје, Трифун Костовски, конечно да продолжи да гради, Општината ќе треба почнатиот објект да го регулира и во урбанистичкиот план. Имено, во нацрт-верзијата на ДУП-от, која беше усвоена минатата година, „Кермес“ е прогласен за дивоградба. 

Токму на тоа чека и Костовски за, како што најавува, да продолжи да го гради објектот. Очекува дека до септември целиот случај ќе биде чист и на хартија, па ќе може да ја продолжи обновата на култниот ресторан. Во меѓувреме ќе ангажира екипи за да направат целосна анализа на објектот, која ќе укаже дали изградбата може веднаш да продолжи или, пак, ќе треба да се почне од корен. 

„Факт е дека речиси шеста година објектот во делови е уништен од забот на времето. Во подрумските простории година и пол има вода која сигурно ги поткопувала темелите. Не верувам дека ќе можеме веднаш да продолжиме со изградба, неопходна ќе биде комплетна анализа на објектот во фазата до која е стасан. Врз основа на тие анализи ќе ја утврдиме динамиката на натамошните градежни работи“, вели Трифун Костовски, кој поради целиот случај за „Кермес“ одамна не зборува со истиот жар како кога ја стартуваше обновата.

Тој во пресвртот во целиот случај истовремено гледа и изненадување и знак дека, сепак, барем некој од надлежните ја согледал реалната фактичка состојба. Веројатно, вели, некој се свестил дека целиот случај правно е на негова страна и излишно е „Кермес“ и понатаму да е еден од врвните политички гафови на оваа власт. 

„Веројатно помина и времето на нечии хирови“, коментира Костовски, кој во изминативе години иако најавуваше, сепак, не ја побара правдината за „Кермес“ пред арбитражните судови. Единствено кривични пријави заработија дел од административците од Центар и другите инволвирани во случајов, за кои се' уште се чека разрешница. 

Инаку, австриската фирма „Гофи“, чиј застапник во Македонија е Костовски, го купи земјиштето во 2004 година. Дозволата за градба на „Кермес“ ја доби во 2006 година. Само неколку месеци по стартот на изградбата таа беше запрена со образложение дека објектот е прогласен за културно-историско наследство. Инвеститорот проценува дека во случајов има претрпено штета меѓу 15 и 20 милиони евра.



http://utrinski.com.mk/default.asp?ItemID=F625668316873B4194B002E122E714E8
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #33 Posted: 18-Apr-2012 at 00:25
јас е прочитав ама во весник во кафана,па дома заборавив да ја препобарам веста на нет.

ова ми изгледа како пазар за `мир у куќи`
Back to Top
mirakuliks View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 06-Feb-2010
Location: New York
Online Status: Offline
Posts: 831
  Quote mirakuliks Quote  Post ReplyReply #34 Posted: 18-Apr-2012 at 00:49
Мене ми мириса како да моменталната власт и ТК нашле заеднички интерес. Имено не би ме изнендило ако објектот кој ќе се изгради во неокласичен стил, а во основа и оригиналниот проект чинам не беше многу поразличен.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19539
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #35 Posted: 13-Mar-2020 at 08:04
Кермес

Целта на ова интегративно студио беше да се интервенира во Градски парк – Скопје, поточно локацијата на ресторанот Кермес, култното место на старо Скопје. Кермес не само што претставувал скривалиште од летните горештини, туку и место кое се преплетува со природата, место каде и возрасните и децата уживале. И ако денес ја нема некогашната градба, местото сеуште е тука, сеуште ја има суштественоста на природната и создадена средина, интензитетот на специфичната флора и фауна на паркот, геометриската основа, аксијалите на барокната градина како и атмосферата на оваа зелена оаза во паркот.
Нашиот концепт почна да се развива со идејата да се создаде една “лебдечка” структурa со елегантна завршница која ќе се надоврзи на постоечкиот Кермес и ќе се втопи во самото зеленило на паркот со што ќе се создаде чувство на смиреност и допир со природата. Како простор кој е од јавен карактер, воведивме нови содржини со кои би се вратил животот на ова место како и на целиот парк,а тоа се: ресторан, место за привремен престој, зелена кровна тераса, место за претстави и свирки на отворено како и место за одржување на летната школа за архитектура
Бидејќи локацијата е во дел на паркот кој е доста фреквентен, пристапот до објектот е од сите четири страни.Кермес е издигнат од нивото на терен па пристапот од две страни е со рампи, а од две страни со мали мостови.

Објектот се состои од 3 новоа во кои ги распределивме просторно-програмските содржини.

Почнувајќи од подземното ниво кое и денес го има Кермес, го искористивме за ресторан кој е осветлен преку насипи кои се наоѓаат на јужната и северната страна. Приземјето е наменето за свирки, претстави на отворено, но и како музеј за историјата на Кермес, оставајќи на посетителите да ја почувствуваат оваа платформа со недовршени фрагменти на столбови и ѕидови.
Првиот кат се состои од станбени единици кои се наменети за привремен престој, за гости во ресторанот или за студенти за летна школа за архитектура. Исто така на ова ниво се сместени содржините за социјализација и работа во групи.Самата структура која се надоврзува на Кермес е атриумски решена, односно на катот се појавуваат станбените единици со отворена тераса, а завршува со кровна тераса на која се пристапува преку скали. Самата бетонска завршница која ја има нашиот објект е поврзана со првиот кат од две страни преку амфитеатрални скали кои се комбинација од бетон и стакло, а од две страни со стакло, така што кога гледаме во оваа структура се рефлектираат дрвјата и зеленилото од паркот.Како една визуелна бариера се појавуваат бетонски столбови врз кои се потпира завршницата.
Целосната интервенција се заврши со потези во однос на аксијалата исток-запад, така што следејќи го модулот, на западната страна на паркот поставивме трем, како урбан елемент кој е интегриран во паркот, но во една смалена верзија на самата структура на Кермес.















https://marh.mk





Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 2016
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #36 Posted: 21-May-2020 at 00:58
Да ги повикам тие анонимните граѓани што насадија трева на плоштад на парцелата од Шпански Скали, еве им прилика анонимно да го расчистат до темел руината Кермес и да се обезбеди континуитет на ливадата во градскиот парк, да не може да се препознае дека некогаш воопшто тука имало нешто. Еве му на Шилегов, ако некој близок чита нека пренесе, симпатичен потег што може да го направи за да добие симпатии од Скопјани, а не вреди ништо посебно да се расчити, нема голема инвестиција!

Воедно мора и малку актиуелна политика да умешам. Има еден ново појавен лидер на македонската политичка сцена на спектарот на радикалната левица, ама освен некој легалистички пристап (без многу свест за реал-политика и домашна и надворешна) пристап кој е претставен досега само преку иницијативи до уставен суд и тв дебати, јас не сум видел до сега реални некои радикално-левичарски акции. Немора државен удар да праи како неговите "колеги " од едни други генерации, доволно е еве му прилика еден викенд место членството да му лока пиво по клупи низ парк, да организира расчитување на кермес со чекани, токмаци и лопати, (ако сака и српови може да земат малку заради идеологија, малку заради ураснатите багреми и папрати). Неможе најголем политички дострел да биде "виде ли што му кажа на телевизија?!" Симболична борба против крупниот капитал кој владее со Скопје на криминален начин! Па у двор го имате случајов, не го користите, сте го заборавиле или до толку веќе ни се врежал во погледите да веќе сме се навикнале и не ни смета.

Избори идат, идете расчистете го ѓубрето, вратете го паркот у рацете на Скопјани, кој смее нешто да ви каже кога ќе се појават макар и 30тина момци со лопата пред Кермес! На некое метафизичко ниво гледано, со истите тие лопати во исто време додека црпете шут, ќе ринете и гласови!

Мора да ги држиме некои прашања актуелни, ако ги забораваме, неможе да се очекува во никој случај резултати!



Edited by user8642 - 21-May-2020 at 01:14
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19539
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #37 Posted: 15-Oct-2020 at 07:29
ЌЕ СЕ ВОЗБНОВИ „КЕРМЕС“ ВО ГРАДСКИОТ ПАРК



https://24.mk/details/kje-se-vozbnovi-kermes-vo-gradskiot-park
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5422
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #38 Posted: 15-Oct-2020 at 08:14


Кога се локалните избори?
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19539
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #39 Posted: 10-Nov-2020 at 10:39
ОЛГА КОСТОВСКА ПОВЕЌЕ НЕ Е ЧЛЕН НА БОРДОТ НА „НЕГОРСКИ БАЊИ“ - сакам целата своја енергија да ја посветам на обновата на Кермес

Олга Костовска од вчера повеќе не е неизвршен член на Одборот на директори на компанијата „Негорски бањи“. Овие податоци вчера беа објавени во Централниот регистар на земјава.

Односно, со вчерашната промена, во Здравствената установа – природно лекувалиште „Негорски бањи“ АД од село Негорци, Гевгелија, Костовска излегува од Одборот на директори на компанијата, која семејствто на бизнисменот Трифун Костовски ја купи во далечната 2006 година, и се досега стопанисува со неа.

За информација зошто повеќе не членува во Бордот, Фактор се обрати лично кај Олга Костовска, која ни одговори дека излегува од Управниот одбор на „Негорски бањи“ бидејќи сака целосно да се посвети на својот најнов проект, а тоа е обновата на објектот „Кермес“, кој од поодамна е во нејзина сопственост.

„Во тој проект сакам да ја сконцентрирам целата своја енергија, капацитет и знаење, бидејќи тоа е проектот во кој ја гледам својата иднина. Практично, ќе биде обновен еден објект, една традиција која малкумина ја паметат од далечната 1919 година. Или поконкретно, ќе се роди еден нов објект делумно во своето старо руво, од еден Кермес од 1919 година, една наша историја и традиција која е градена 100 години и која можеби е малку подзаборавена, ќе добие сосема нова содржина. Практично, ќе се роди еден културен центар, една убава галерија која ќе обедини сериозни и реномирани уметници и ќе биде вистинско задоволство за посетителите. Така што, тоа е еден поголем и сериозен проект на кој целосно сакам да му се посветам“, вели Костовска за Фактор.

Костовска открива дека во новиот Кермес секако дека би продолжил да функционира угостителскиот дел, по кој овој култен објект го паметеа многу скопски боеми, а е задржан во сеќавањата и на некои не толку стари генерации. Но, тој ќе биде надграден со една уметничка нота, со што се очекува да блесне во сосема нов лик.

Засега не се открива колку средства ќе бидат инвестирани во обновата на Кермес. Но, според Костовска, ќе биде потребно да помине околу една година за да го очекуваме отворањето на возобновениот објект.

Како што е познато, некогаш култниот Кермес беше практично во урнатини цели 15 години. Олга Костовска вели дека објектот е во нејзина сопственост.

Инаку, постоеше спор со градот за дел од парцелите околу објектот, но тој конечно завршил во полза на сопственикот.

Костовска нагласува и дека целиот состав на Одборот на директори на „Негорски бањи“ и натаму останува истиот, така што, како што вели, нејзиното излегување оттаму нема апсолутно ништо да промени.


Пред повеќе од 14 години, односно во далечната 2006 година, во јуни, швајцарската компанија „Гофи“ во која главни акционери се семејството Костовски, стана сопственик на над 52 отсто од акциите на „Негорски бањи“, преку три блок трансакции. Новиот сопственик за овој дел од „Негорски Бањи“ тогаш плати 32 милиони денари или околу 500.000 евра.

А, според информации што Фактор ги има објавено за 2016 година, компанијата „Негорски бањи“ работела сосема успешно во тој период. Односно, во таа година оваа бања имала приход од 98,16 милиони денари односно околу 1,6 милиони евра. Добивката на компанијата изнесувала 9,8 милиони денари односно над 150.000 евра. Или, добивката била 10 отсто од приходите од продажба.

Инаку, во интервју кое за Фактор го даде Трифун Костовски кон крајот на минатата година, тој рече дека неговите други бизниси, меѓу кои и „Негорски бањи“, освен банката за која и тогаш беше познато дека не е во кондиција, се во добра состојба.

„Останатите бизниси се во добра кондиција. Бањата е профитабилна (се мисли на Негорски бањи-н.з.), „Култура“ е профитабилна, Еуролинк осигурување е профитабилен (интервјуто беше правено пред продажбата на Еуролинк осигурување - н.з)., единствено банката се соочуваше со проблеми, кои претежно се должеа на лоша кадровска политика и лоша изложеност на банката“, рече тогаш Костовски.

А како што е познато и како што веќе пишуваше Фактор, кон крајот на март годинава австриската Граве осигурување и официјално стана мнозиснки сопственик на Еуролинк осигурување, која дотогаш беше раководена од Олга Костовска, и која важеше за еден од најуспешните бизниси на семејството Костовски. За Еуролинк осигурување Граве плати сума од 17,5 милиони евра.

На 12 август годинава, пак, Народна банка на Македонија и ја одздде дозволата за работа на Еуростандард банка, сопственост на бизнисменот Трифун Костовски и неговиот син Коста, по што врз банката беше отворена стечајна постапка.

https://faktor.mk/olga-kostovska-povekje-ne-e-chlen-na-bordot-na-negorski-banji---sakam-celata-svoja-energija-da-ja-posvetam-na-obnovata-na-kermes
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19539
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #40 Posted: 02-Sep-2021 at 14:43
ОД ТРИФУН КОСТОВСКИ НЕ Е БАРАН РУШВЕТ Општина Центар се брани од тенденциозната изјава за „Кермес“

Соопштението на Општина Центар, реакција колумната на Трифун Костовски под наслов „Е нема, не давам рушвет за ‘Кермес’!“, го објавуваме во целост:

Почитувани,

Во интерес на вистината, а спротивно на тенденциозните тврдења на господинот Трифун Костовски, ниту градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ, ниту било кој во општината, на било каков начин не побарал никаков „рушвет“ на никого, па ниту на господинот Костовски.

Согласно Законот за просторно и урбанистичко планирање („Сл. весник на РМ бр. 51/05; 137/07; 91/09; 124/10; 18/11; 53/11; 144/12; 55/13; 163/13 и 42/14), а како дел од постапката за изработување и донесување на Деталниот урбанистички план Градска Четврт З 12 – Парк 1 и дел од Дебар Маало 2, Општина Центар – Скопје, беше одржана јавна анкета по предлог-планот во ООУ „Коле Неделковски“ во периодот од 21.1.2020 до 31.1.2020, на која што сите заинтересирани физички и правни лица можеа да достават забелешки и предлози на анкетни листови.

По завршувањето на јавната анкета и изработениот извештај од одржаната јавна презентација и јавна анкета, согласно Законот, предлог планот со вградените прифатени забелешки беше испратен до Град Скопје, како надлежна институција за издавање позитивно мислење.

Планот е сѐ уште во фаза на добивање на позитивно мислење од Град Скопје, бидејќи во текот на постапката, Градот одлучил урбанистичкиот план за градската четврт да го замени со Регулациски план, а неколку месеци по донесувањето на Регулацискиот план, да го поништи истиот. Овој процес резултира со континуирано враќање на ДУП-от на усогласување со наведените документи.

Во планот кој во моментов е во изработка, вцртани се и градежната парцела, и површината за градба, односно во целост се вратени условите за градба врз основа на кои и е добиено предменото одобрение.

За споредба, во планската документација која во моментов е на сила, за предметната локација не се зададени никакви услови, бидејќи градбата е означена како бесправна – дивоградба.

Дополнително, самиот сопственик до Град Скопје, и последователно до Општина Центар, доставил барање за промена на намената од големи угостителски единици во објект од областа на културата со галериски простор, што повлекува дека одобрението кое се проблематизира самиот сопственик планирал да го поништи, а како би добил ново согласно сопственото барање.

https://plusinfo.mk/od-trifun-kostovski-ne-e-baran-rushvet-opshtina-centar-se-brani-od-tendencioznta-iz-ava-za-kermes/
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <12

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.125 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.