build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Заштита на „Куќата на стравот“ во Црниче

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  12>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
alexgizh View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 07-Jan-2009
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1967
  Quote alexgizh Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Заштита на „Куќата на стравот“ во Црниче
    Posted: 19-Jul-2011 at 12:15
Ја отворам темава со вест која верувам сите ќе ја прифатат позитивно: Управата за заштита на културното наследство покренала постапка за заштита на овој интересен објект.

Никој не се осмелува да го разбива проклетството на куќата на стравот во Црниче


http://img.plusinfo.mk/large_pics/2011/07/19/ghoasthousetv4.jpg

Легендата за зелената куќа-замок на улица Востаничка во населбата Црниче, која датира од пред Втората светска војна, вели дека ја бие проклетство и секој кој ќе се всели во неа ќе заврши трагично. Според локалното население, повеќе браќа кои живееле во неа делеле заедничка несреќна судбина, која се верува дека била поврзана со лошата карма на нивната куќа.


До денес, никој, освен зависниците од дрога, не се осмелува да влезе во куќата.


- Меѓу нас е позната како куќа на стравот. Прикаската за ужасната судбина што ја носи оваа куќа се пренесува од генерација на генерација. Херојско дело беше порано меѓу децата ако некој влезе макар и во дворот на замокот, но, сега е претворена во дувло на зависници од дрога - вели жител на Црниче.


Управата за заштита на културното наследство отвори инцијатива за заштита со закон на зелениот замок, кој со својата градба се издвојува од скопската архитектура и го привлекува вниманието на секој минувач.


- Сé уште немаме добиено решение за заштита. Ја разгледуваме секоја можност, но, во зависност од тоа што ќе одлучат стручните екипи, ние ќе дејствуваме - изјавија од НУ Конзерваторски центар- Скопје.


Куќата е препродавана повеќе пати, но, никој од новите сопственици не се осмелува да преземе какви било активности за нејзина реконструкција.


Во Црниче се шпекулира дека сепак се работи многу повеќе за нерасчистени имотно-правни односи отколку за страв од духовите кои ја прогонуваат.


Сепак, кој и да биде последен сопственик што ќе реши да ја реконструира, Конзерваторскиот центар ќе се обиде да издејствува да се имплементираат делови од постојната градба за куќата да го задржи уникатниот стил.


- Имаме комплетна техничка документација за постојната состојба, која ќе послужи во реконструирањето на новиот објект. Ние ќе наложиме во новата градба да се имплементираат делови од старата - велат од Конзерваторскиот центар.

Извор: http://www.plusinfo.mk/vest/8709/Nikoj-ne-se-osmeluva-da-go-razbiva-prokletstvoto-na-kukjata-na-stravot-vo-Crniche
The only thing necessary for the triumph of evil is for good men to do nothing.
Back to Top
toasumjas View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 25-Jun-2010
Location: Skopje/ljubljan
Online Status: Offline
Posts: 434
  Quote toasumjas Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 19-Jul-2011 at 13:25
И до ОУ Кочо Рацин има уште една слична ваква куќа.
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 19-Jul-2011 at 13:44
Имаме некои постари текста за ова, јас памтам два во реконструкција нишката, додека не сме ги префрлиле. Ова оддамна се зборуваше за заштита а и штета е да не се заштити зашто е ретка ваква куќа, таа кај кочо рацин ја знам, слична е, некако посочувана ми изглед аи е кафеава. Во зеленава имам влезено, цела е лом, депонија, горе куполата од внатре се распаѓаше, барем тоа беше оддамна пред многу години.  Инаку куќата е како со некои одвоени влезови два, напред има нешто како кружна просторија што мислам дека не е врзана со другите простории.
Back to Top
alexgizh View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 07-Jan-2009
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1967
  Quote alexgizh Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 17-Oct-2012 at 11:18
Нова вест за куќата на стравот:

http://tocka.com.mk/1/77826/ke-se-urne-kukata-na-stravot-vo-crnice-opstinata-go-bara-sopstvenikot

Многу ќе ми биде жал ако се урне! Сакате ли да реагираме некако?



Ќе се урне “куќата на стравот“ во Црниче, општината го бара сопственикот







Озлогласената “куќа на стравот“ во Црниче наскоро ќе се урне, а на нејзино место ќе се гради нов објект.

Сопственикот на куќата Крсто Велјановски за “Вест“ изјавил дека во куќата немало никакви духови и дека тоа биле само шпекулации.

“Тоа се големи невистини. Слушнав дека фаќале духови и многу шпекулации поврзани со тоа, но јас тврдам дека во неа нема ништо. Планирам за кусо време да ја урнам бидејќи на нејзино место ќе се гради нов објект“, рекол сопственикот на куќата за “Вест“.

Од општина Кисела Вода пак велат дека не можат да стапат во контакт со сопственикот и поради тоа не может да дадат одговор дали на нејзино место, доколку истата се урне, ќе се изгради некоја зграда.

“Долго време се обидуваме да стапиме во контакт со сопственикот на куќата. Станува збор за приватен објект и не можеме да одговориме што ќе се гради на нејзино место кога ќе се урне. Засега ние немаме никакви информации“, вели за Нетпрес Марјан Спасовски, портпарол на општина Кисела Вода.

Спасовски додава дека во општината секојдневно пристигнувале поплаки од тамошните граѓани дека од куќата се ширела смрдеа и дека била дувло на нарко зависници и бездомници.

На прашањето дали постои некаква можност куќата да остане во нејзината првобитна состојба, со мали поправки и да биден претворена во културно наследство, Спасовски одговара:

“Ако новиот сопственик сака куќата да се заштити како културно наследство, општината секако ќе му помогне во тоа. Сето тоа може да се направи само преку договор со сопственикот“, вели Спасовски за Нетпрес.



Edited by Cloverstack - 17-Oct-2012 at 22:41
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12066
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 17-Oct-2012 at 22:45


Веројатно клучно прашање е што се случило со иницијативата за заштита на објектот поведена од Управата за заштита на културното наследство. Ако не биднало ништо од тоа (како што изгледа), кој би бил начинот за реакција? Сепак се работи за приватен сопственик, кој што доколку објектот не е заштитен, може да го урне кога сака.
Back to Top
milena View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 22-Aug-2011
Online Status: Offline
Posts: 184
  Quote milena Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 18-Oct-2012 at 06:45
Ако е некој несуеверен ќе ја урне, а чисто се сомневам дека некој ќе се осмели да ја реставрира ...
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #7 Posted: 21-Oct-2012 at 00:50

Се бара Пјер да ја тргне клетвата од Куќата на духовите во Црниче



Братската клетва е причина за проклетството на замокот во скопската населба црниче, познат како Куќата на стравот и на духовите, пишува дневниот весник “Вест“.
Проклетството доаѓа од смртната постела на скопјанецот Трајко Боцев, кој ги проколнал помладите браќа Томе и Димче да изгубат се’ во животот, оти одбиле да го погребаат во семејната куќа.

Долгата приказна за тројцата браќа, за “Вест“ ја раскажува нивниот потомок Здравко Боцев, кој пак ја чул од нивниот татко и дедо.

“Се работи за тројца богати браќа Трајко, Томе и Димче. Најмладиот од нив бил Димче. Тој бил бербер, но со брат му Томе стануваат бакалџии и многу се збогатиле. Први имале лозје каде се наоѓа вилата, од кое правеле многу убаво вино. Најстариот брат Трајко се борел со Турците, кои смртно го раниле во Ниш. Пред да почине, пратил абер по неговиот син Никола да им пренесе на браќата да го земат и вратат во Скопје, за да го погребаат во семејната гробница. Томе и Димче не сакале да чујат за тоа и го оставиле да умре сам. Никој не знае ниту каде е закопан. Пред да умре фрлил клетва на браќата да им се уништи се’ во животот. Од тука почнува проклетството“, раскажува за “Вест“, Здравко, потомок на Трајко кој ја фрлил клетвата врз браќата.

Според него, клетвата може да ја тргне само Пјер, оти тој законски може да управува со вилата.

Озлогласената “куќа на стравот“ во Црниче наскоро ќе биде урната, а на нејзино место ќе се гради нов објект, тврди сопственикот. Од друга страна, од општина Кисела Вода велат дека не можат да стапат во контакт со него и поради тоа не можеа да ни дадат одговор дали на нејзино место, доколку таа биде урната, ќе се изгради некоја зграда.

http://tocka.com.mk/1/78139/se-bara-pjer-da-ja-trgne-kletvata-od-kukata-na-duhovite-vo-crnice
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12066
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #8 Posted: 21-Oct-2012 at 02:25


Ако не ги спаси Пјер, можда ќе ги спаси гигантската коала-риба-мутант-птица од „Clerks“
Back to Top
kenzo_fan View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 19-Dec-2011
Online Status: Offline
Posts: 306
  Quote kenzo_fan Quote  Post ReplyReply #9 Posted: 21-Oct-2012 at 09:54
И така, додека Управата за заштита на културното наследство се потресувала за некоја си приватна, веќе распадната куќарка, интересна главно на суеверните маалски простаци, низ градот се обезличуваат уникатни објекти од сериозна архитектонска вредност и важност. Кого ли треба да бараме да ја тргне клетвата од нив, да ми је знати... 
"Скопје е промашен град" - Арх. Живко Поповски
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #10 Posted: 09-Dec-2012 at 21:19

Срушена „Куќата на стравот“ во Црниче
Скопје | 9. декември 2012 - 21:04
Само прав остана од „КУќата на стравот“ во скопската населба Црниче. Викендов багери ги расчистуваа остатоците од најголемата скопска мистерија.

На местото на кое со децении стоеше мистериозната куќа сега ќе никне нов објект.

Од општина Кисела Вода за весникот Вест велат дека издале решение за уривање на сопстеникот врз основа на барање на сопственикот Крсто Велјановски. Откако тој ќе плати комуналии ќе мус е издаде и дозвола за градба но во општината ен знаат што точно тој планира да гради.

Велјановски за весникот не сакал да открие дали го продал земујиштето и коис е неговите планови, само коментирал дека приказните за духови му нанесуваат штета на инвеститорот.
http://press24.mk/story/makedonija/skopje/srushena-%E2%80%9Ekukjata-na-stravot%E2%80%9C-vo-crniche
Back to Top
Makedonij View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Apr-2009
Location: Celje - Виница
Online Status: Offline
Posts: 2114
  Quote Makedonij Quote  Post ReplyReply #11 Posted: 09-Dec-2012 at 22:36

Срушена „Куќата на стравот“, најголемата скопска мистерија


Само прав остана од најголемата скопска мистерија.

strav

Викендов багери ги расчистуваа остатоците од „Куќата на стравот“ во скопската населба Црниче.

На местото на кое со децении стоеше мистериозната куќа сега ќе никне нов објект.

Од општина Кисела Вода за весникот „Вест“ велат дека издале решение за уривање на сопстеникот врз основа на барање на сопственикот Крсто Велјановски. Откако тој ќе плати комуналии ќе мус е издаде и дозвола за градба но во општината ен знаат што точно тој планира да гради.


http://www.kurir.mk/republika/skopje/95036-Srusena-Kukata-na-stravot-najgolemata-skopska-misterija

ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7074
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #12 Posted: 10-Dec-2012 at 00:45
искрено, не можам да оформам став околу рушењето на куќава... од една страна, се работи за објект кој е многу добро прифатен во културата меѓу граѓаните и ретка појава и тоа му дава значење, а од друга страна, се работи за руинирано објектче кое нема никакво културно-историско и архитектонско значење од технички аспект...
единствено можам да го осудам тоа што се се направи на брзање, без никакво внимание за проблемот, за да се тера нечиј бизнис
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
alexgizh View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 07-Jan-2009
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1967
  Quote alexgizh Quote  Post ReplyReply #13 Posted: 10-Dec-2012 at 00:49
Скопје остана посиромашно за една култна градба/приказна. Се осеќам лично одговорен што не превзедов иницијатива да се заштити некако. Се надевам дека никој нема да му купи стан на инвеститорот во идното П+7 ругло.
The only thing necessary for the triumph of evil is for good men to do nothing.
Back to Top
milena View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 22-Aug-2011
Online Status: Offline
Posts: 184
  Quote milena Quote  Post ReplyReply #14 Posted: 10-Dec-2012 at 05:07
Originally posted by alexgizh

Скопје остана посиромашно за една култна градба/приказна. Се осеќам лично одговорен што не превзедов иницијатива да се заштити некако. Се надевам дека никој нема да му купи стан на инвеститорот во идното П+7 ругло.


И јас мислам исто
Back to Top
kenzo_fan View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 19-Dec-2011
Online Status: Offline
Posts: 306
  Quote kenzo_fan Quote  Post ReplyReply #15 Posted: 10-Dec-2012 at 11:41
Наспроти колосалната брука позната под името СК2014, ова е небитна информација. 
"Скопје е промашен град" - Арх. Живко Поповски
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1576
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #16 Posted: 13-Dec-2015 at 23:02
Што има сега тука?
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
one1 View Drop Down
Senior Member
Senior Member

БАНИРАН

Joined: 13-Mar-2013
Online Status: Offline
Posts: 416
  Quote one1 Quote  Post ReplyReply #17 Posted: 03-Mar-2016 at 22:44
Градот убав никна, но го откорнаа. Инаку сега има зграда можеш да видиш на Стрит Вју.

Edited by one1 - 03-Mar-2016 at 22:44
Плав, не црвен.
Масон, не комунист.
Критичар, не поттрчко.
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12603
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #18 Posted: 04-Mar-2016 at 08:59
Дај линк.
За сè има вторпат
Back to Top
alexgizh View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 07-Jan-2009
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1967
  Quote alexgizh Quote  Post ReplyReply #19 Posted: 04-Mar-2016 at 19:08
Верувам дека е ова говно од објект.
The only thing necessary for the triumph of evil is for good men to do nothing.
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12603
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #20 Posted: 04-Mar-2016 at 22:55
Леле, ко да го проектирало дете од средно градежно школо. Освен тоа, го има т.н. и светски познат Tetove Style.
За сè има вторпат
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  12>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.094 seconds.

Copyright ©2007 - 2020  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.