build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Останати теми > Фото/Видео > Природни убавини
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Водопади и езера во Македонија

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 345
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4189
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #81 Posted: 29-Jul-2015 at 12:50
езеро Младост


Никола Ристовски
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #82 Posted: 30-Sep-2015 at 23:25
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #83 Posted: 01-Oct-2015 at 21:04
Низ шума сум одел на другата страна према Падалашита и Ќафа. Пријатели ми се од спелеолошкото друштво од Кичево, ми имаат кажувано дека имаат откриено многу пештери со сталактити, сталагмити, подземни езерца...вистински убавини. Но велат дека ги кријат во тајност бидејќи се плашат од трговци со сталактити кои одма влегуваат и ги кршат за препродавање.

Можеби и оваа пештера е една од тие ``скриените``

Ако сте оделе на гугл `рт, сликите од овие простори што се потпишани од Сашо Вренцоски се од тие тури по планини и пештери. Тој е еден од членовите на друштвото
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3514
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #84 Posted: 28-Jul-2016 at 16:00

фино фино, сега да викнат и еден барок хотел



Поранешен вработен во рудникот за мермер ги предупредува капачите во Мермерното езеро

На социјалната мрежа Фејсбук, Душко Галески кој работел во мермерниот рудник, односно местото каде е настанато денешното Мермерно езеро во селото Беловодица во Прилеп, упати предупредување до капачите кои секојдневно го посетуваат езерото и се разладуваат.

Покрај како атракција, на ова место треба да се гледа и од една поинаква страна, а тоа е безбедната. Имено, не е познато колку се стабилни мермерните блокови кои се издигаат еден врз друг, а капачите ги користат како скокални.



http://republika.mk/623026




МИСТЕРИЈАТА Е ОТКРИЕНА: Еве како настанало прилепското Мермерно езеро!

Поранешен раководител на рудникот Беловодица, М-р Васко Дамески, на својот Фејсбук профил објави фотографии и даде детали за тоа како настанало „Мермерното езеро“ во Прилеп.

Прилепското „Памук Кале“ или Мермерното езеро во време на изградбата. Не го направи Крале Марко со боздоганот, туку е производ на осмислен процес на експлоатација по сите стандарди. Теренот е еколошки чист, а квалитетот на водата е (испитан во 2011 год.) хемиски и биолошки исправна.

Езерото е длабоко 20 метри и содржи 100 000 кубни метри вода. Поздрав до рударите од Рудник Беловодица за посебен допринос при изградбата на оваа прилепска атракција. Ви посакувам на сите пријатни моменти и внимателно пливање во ова прекрасно место.

Тој апелираше да се внимава при посетата на Мермерното езеро, бидејќи постојат делови од рудникот кои не се безбедни!

http://megafon.mk/misterijata-e-otkriena-eve-kako-nasta/

Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3514
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #85 Posted: 23-Sep-2016 at 16:30
Originally posted by kultuzin

http://archive.is/xTky6 ... http://dnevnik.mk/?ItemID=3ADD180708B0AA4492F3E546A5D94FD7

@gjoko znaes nesto za ovaa pestera


пред некоја година имаше за оваа пештера екстра документарец на МТВ но го немаат качено на нет, написов а и самиот документарец се доволен доказ за впечатливоста и на пештерата и на самиот водопад в неа, единтвено слична на неа кај нас, е онаа кај изворот на Бабуна на Караџица [1]

еве краток промо клип за маршутата



Back to Top
Zelenikovo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Oct-2017
Online Status: Offline
Posts: 1631
  Quote Zelenikovo Quote  Post ReplyReply #86 Posted: 16-Sep-2018 at 21:12

она што им фали на вакви репортажи ет и по некој сториски ред од поблиското минато, анегдота можеби како Дедо Иљо Малешевски се биел со аскерот под Водопад, или пак мит како ја скротил реката да врви во друга насока и настанал некој револуционерен водопад, за маркетинг спинои не треба особена умешност може едно големо смајли на крај од инфо-таблата а тоа да е мотив за што повеќе младите да се привлечат во природа, каде сега освен алпинисти рибари и биљари тнко некој друг да ужива и полни батерии, но може и поарно оти каква еко-свест имаме од водопад пластикпад ќе направат правдајќи се дека немало корпа наоколу!

вакви места би биле идеален хотспот за некоја Малешевска Вело Рута, но и да ја бидне истата некогаш по цела Плачковица а не пак потака врзана за Осогово та и потаму Беласица, а не пак Пирин Планина, посекако ќе одат само со еден степен на умешност / тежина (забораив какво ет литературното именување за градација на вело-патеки) а камо да имаше по три вакви стази, ем крај ваквите водопади и сепариња за одморпа и туширање за да остане водата питка во коритото како не би влегувале во истото со се точак на чистење ...



Запознајте ги четирите Пехчевски водопади на реката Брегалница


Пехчево, покрај тоа што е дел од Малешевскиот крај познат по исклучително богатата флора и фауна, исто така важи и за еден од најубавите краеви во Републиката за рекреативен туризам. Како град, Пехчево е позициониран на 1000 метри надморска височина, што го прави идеален за релаксација и вистински одмор на чист планински воздух.



На неколку километри од Пехчево се наоѓа туристичката населба Равна Река, како и местото Ченгино кале, познато уште и како најисточната точка на Македонија. Од Ченгино Кале извира реката Брегалница, а од под него извираат двете помали реки Љутачка и Ж’тачка река, кои на местото Скокото се влеваат во друга река која продолжува во Равна Река. Овој туристички локалитет изобилува со бујна вегетација, рамнини и водопади, познати како Пехчевски водопади. Пехчевските водопади, вкупно четири, се нарекуваат место од каде што црпите природна сила и се вистинска уметност на природата, создадена по течението на реката Брегалница.



Спиковски водопад се наоѓа на Спиковска река, десната притока на Равна Река, по што го добил и своето име. Уредна пешачка патека од околу 500 метри, со поставени летниковци и клупи за одмор води кон овој водопад, каде што бистрата вода паѓа од околу 8 метри.


влезна порта Спиковци


Црнодолски водопад е именуван според местото каде што се наоѓа, Црн дол, исто така уште една притока на Равна Река. Уредната пешачка патека што води до овој водопад, долга околу 400 метри е исполнета со многу летниковци и места за одмор на посетителите и е доста погодна за пешачење. Водата во овој водопад паѓа од 5 метри височина.



Скокотот е третиот водопад кој се наоѓа на горниот дел од Велевичка Река, веднаш по влевањето на Љутачка и Ж’тачка Река и изобилува со огромно количество вода. Водата од овој водопад има пад од околу 7 метри височина. До самото место води уредена пешачка патека која почнува од местото наречено Дебел Рид и е со должина од околу 1500 метри.



Водопадот на Љутачка река е четвртиот водопад, кој може да се посети само со теренско возило. Водата прави пад во височина од околу 10 метри.



https://www.makmoda.com/zapoznajte-gi-chetirite-pehchevski-vodopadi-na-rekata-bregalnica/



Edited by Zelenikovo - 16-Sep-2018 at 21:41
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 345

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.141 seconds.

Copyright ©2007 - 2020  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.