build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Останати теми > Фото/Видео > Природни убавини
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Водопади и езера во Македонија

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 3456>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4189
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #81 Posted: 29-Jul-2015 at 12:50
езеро Младост


Никола Ристовски
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #82 Posted: 30-Sep-2015 at 23:25
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #83 Posted: 01-Oct-2015 at 21:04
Низ шума сум одел на другата страна према Падалашита и Ќафа. Пријатели ми се од спелеолошкото друштво од Кичево, ми имаат кажувано дека имаат откриено многу пештери со сталактити, сталагмити, подземни езерца...вистински убавини. Но велат дека ги кријат во тајност бидејќи се плашат од трговци со сталактити кои одма влегуваат и ги кршат за препродавање.

Можеби и оваа пештера е една од тие ``скриените``

Ако сте оделе на гугл `рт, сликите од овие простори што се потпишани од Сашо Вренцоски се од тие тури по планини и пештери. Тој е еден од членовите на друштвото
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3515
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #84 Posted: 28-Jul-2016 at 16:00

фино фино, сега да викнат и еден барок хотел



Поранешен вработен во рудникот за мермер ги предупредува капачите во Мермерното езеро

На социјалната мрежа Фејсбук, Душко Галески кој работел во мермерниот рудник, односно местото каде е настанато денешното Мермерно езеро во селото Беловодица во Прилеп, упати предупредување до капачите кои секојдневно го посетуваат езерото и се разладуваат.

Покрај како атракција, на ова место треба да се гледа и од една поинаква страна, а тоа е безбедната. Имено, не е познато колку се стабилни мермерните блокови кои се издигаат еден врз друг, а капачите ги користат како скокални.



http://republika.mk/623026




МИСТЕРИЈАТА Е ОТКРИЕНА: Еве како настанало прилепското Мермерно езеро!

Поранешен раководител на рудникот Беловодица, М-р Васко Дамески, на својот Фејсбук профил објави фотографии и даде детали за тоа како настанало „Мермерното езеро“ во Прилеп.

Прилепското „Памук Кале“ или Мермерното езеро во време на изградбата. Не го направи Крале Марко со боздоганот, туку е производ на осмислен процес на експлоатација по сите стандарди. Теренот е еколошки чист, а квалитетот на водата е (испитан во 2011 год.) хемиски и биолошки исправна.

Езерото е длабоко 20 метри и содржи 100 000 кубни метри вода. Поздрав до рударите од Рудник Беловодица за посебен допринос при изградбата на оваа прилепска атракција. Ви посакувам на сите пријатни моменти и внимателно пливање во ова прекрасно место.

Тој апелираше да се внимава при посетата на Мермерното езеро, бидејќи постојат делови од рудникот кои не се безбедни!

http://megafon.mk/misterijata-e-otkriena-eve-kako-nasta/

Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3515
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #85 Posted: 23-Sep-2016 at 16:30
Originally posted by kultuzin

http://archive.is/xTky6 ... http://dnevnik.mk/?ItemID=3ADD180708B0AA4492F3E546A5D94FD7

@gjoko znaes nesto za ovaa pestera


пред некоја година имаше за оваа пештера екстра документарец на МТВ но го немаат качено на нет, написов а и самиот документарец се доволен доказ за впечатливоста и на пештерата и на самиот водопад в неа, единтвено слична на неа кај нас, е онаа кај изворот на Бабуна на Караџица [1]

еве краток промо клип за маршутата



Back to Top
Zelenikovo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Oct-2017
Online Status: Offline
Posts: 1631
  Quote Zelenikovo Quote  Post ReplyReply #86 Posted: 16-Sep-2018 at 21:12

она што им фали на вакви репортажи ет и по некој сториски ред од поблиското минато, анегдота можеби како Дедо Иљо Малешевски се биел со аскерот под Водопад, или пак мит како ја скротил реката да врви во друга насока и настанал некој револуционерен водопад, за маркетинг спинои не треба особена умешност може едно големо смајли на крај од инфо-таблата а тоа да е мотив за што повеќе младите да се привлечат во природа, каде сега освен алпинисти рибари и биљари тнко некој друг да ужива и полни батерии, но може и поарно оти каква еко-свест имаме од водопад пластикпад ќе направат правдајќи се дека немало корпа наоколу!

вакви места би биле идеален хотспот за некоја Малешевска Вело Рута, но и да ја бидне истата некогаш по цела Плачковица а не пак потака врзана за Осогово та и потаму Беласица, а не пак Пирин Планина, посекако ќе одат само со еден степен на умешност / тежина (забораив какво ет литературното именување за градација на вело-патеки) а камо да имаше по три вакви стази, ем крај ваквите водопади и сепариња за одморпа и туширање за да остане водата питка во коритото како не би влегувале во истото со се точак на чистење ...



Запознајте ги четирите Пехчевски водопади на реката Брегалница


Пехчево, покрај тоа што е дел од Малешевскиот крај познат по исклучително богатата флора и фауна, исто така важи и за еден од најубавите краеви во Републиката за рекреативен туризам. Како град, Пехчево е позициониран на 1000 метри надморска височина, што го прави идеален за релаксација и вистински одмор на чист планински воздух.



На неколку километри од Пехчево се наоѓа туристичката населба Равна Река, како и местото Ченгино кале, познато уште и како најисточната точка на Македонија. Од Ченгино Кале извира реката Брегалница, а од под него извираат двете помали реки Љутачка и Ж’тачка река, кои на местото Скокото се влеваат во друга река која продолжува во Равна Река. Овој туристички локалитет изобилува со бујна вегетација, рамнини и водопади, познати како Пехчевски водопади. Пехчевските водопади, вкупно четири, се нарекуваат место од каде што црпите природна сила и се вистинска уметност на природата, создадена по течението на реката Брегалница.



Спиковски водопад се наоѓа на Спиковска река, десната притока на Равна Река, по што го добил и своето име. Уредна пешачка патека од околу 500 метри, со поставени летниковци и клупи за одмор води кон овој водопад, каде што бистрата вода паѓа од околу 8 метри.


влезна порта Спиковци


Црнодолски водопад е именуван според местото каде што се наоѓа, Црн дол, исто така уште една притока на Равна Река. Уредната пешачка патека што води до овој водопад, долга околу 400 метри е исполнета со многу летниковци и места за одмор на посетителите и е доста погодна за пешачење. Водата во овој водопад паѓа од 5 метри височина.



Скокотот е третиот водопад кој се наоѓа на горниот дел од Велевичка Река, веднаш по влевањето на Љутачка и Ж’тачка Река и изобилува со огромно количество вода. Водата од овој водопад има пад од околу 7 метри височина. До самото место води уредена пешачка патека која почнува од местото наречено Дебел Рид и е со должина од околу 1500 метри.



Водопадот на Љутачка река е четвртиот водопад, кој може да се посети само со теренско возило. Водата прави пад во височина од околу 10 метри.



https://www.makmoda.com/zapoznajte-gi-chetirite-pehchevski-vodopadi-na-rekata-bregalnica/



Edited by Zelenikovo - 16-Sep-2018 at 21:41
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 14160
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #87 Posted: 19-Jan-2021 at 01:57
Смрзнат водопад на Сува Планина

фото бај ми

За сè има вторпат
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12452
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #88 Posted: 19-Jan-2021 at 02:12

Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Online
Posts: 2656
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #89 Posted: 24-Jan-2021 at 01:43
Каде точно е водопадов?
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 14160
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #90 Posted: 24-Jan-2021 at 12:18
На два и пол часа пешачење од селото Патишка Река, се оди по земјен пат, па последниот половина час се скршнува од патот кон еден гол, карпест врв.

(Не знам колку беше од помош )

Патишка Река кај селото



врвот што го спомнав



За сè има вторпат
Back to Top
ehrlich View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2012
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 1363
  Quote ehrlich Quote  Post ReplyReply #91 Posted: 24-Jan-2021 at 17:21
Кога тргна од селото одевте десно или лево, тоа би помогнало

Гледано во насока на движење од самото село кон планините, лево се наоѓа планинарската патека за врвот Убава, додека десно се наоѓаат патеките за врвовите Миленков Камен и Мирска Вода.
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 14160
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #92 Posted: 24-Jan-2021 at 22:11
Десно, главна цел ни беше Миленков Камен, ама по пат малку скршнавме и на наша радост стигнавме до смрзнатиот водопад каде вежбаа алпинистите.
За сè има вторпат
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 14160
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #93 Posted: 17-May-2021 at 09:15
Мала фоторепортажа од една планинска тура за обиколка на поголем дел од Кочулски водопади на Беласица кај Валандово. Турата траеше околу 4-5 часа, се обиколија поголем дел од водопадите (поради некои луѓе што се влечкаа беше откажана посетата на најголемиот, т.е. највисокиот водопад), има делумно уредени патеки, добри маркации, убава природа, добар дел од одењето е покрај вода и под сенка, така што ја препорачувам ако некој не бил досега. Има и страница на фејсбук од организаторот (не му го запамтив името), може да се договорат бесплатни приватни тури за помали групи. Секој водопад си има свој назив, ама не ги запамтив ни нив, тука се објавени по редоследот на посета. Толку од мене засега. Уживајте:





















П.С.

Нека не ве залажуваат фоткиве, водопадите (не некои слапови што исто така ги има на сликиве) се високи и по десетина-петнаесет метри, на пример, овој на последната фотографија.


Edited by Џоле - 17-May-2021 at 09:17
За сè има вторпат
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 14160
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #94 Posted: 06-Nov-2021 at 20:34
Тресонечки водопади, тура која трае околу 5 часа, се тргнува од селото и се оди првин по широк пат...





...некои извори...



...поток што тече покрај патот...













...првиот водопад (мислам дека беше Син вир)...



...малку погоре...





...турата продолжува до вториот водопад...







...Орлов водопад...





...потоа враќање назад. Толку за денеска
За сè има вторпат
Back to Top
ehrlich View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2012
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 1363
  Quote ehrlich Quote  Post ReplyReply #95 Posted: 06-Nov-2021 at 21:59
Аууу, браво, ставиле железни скали за Син Вир, јас лани кога бев беше една дрвена скала во сред вода ставено, авантура за сите пари беше тоа
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 14160
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #96 Posted: 06-Nov-2021 at 22:38
Не се тоа железни скали колку што е платформа со решетки и со јаже, каде со влечење се искачуваш нагоре / се симнуваш надолу. Интересно, во секој случај.

Исто така, за пристап до водопадот Орлов водопад во еден дел има искачување и спуштање со јаже (зашто теренот е стрмен и лизгав, има лисја, камења, мека земја и сл.) и баш е авантуристички, но и опасно за тие што не се баш подготвени.

Edited by Џоле - 06-Nov-2021 at 22:38
За сè има вторпат
Back to Top
ehrlich View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2012
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 1363
  Quote ehrlich Quote  Post ReplyReply #97 Posted: 06-Nov-2021 at 22:44
Во секој случај доста подобро и попристапно од ова Браво за Тресонче

Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 14160
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #98 Posted: 07-Nov-2021 at 15:40
Originally posted by ehrlich

Во секој случај доста подобро и попристапно од ова Браво за Тресонче


Дефинитивно има подобрување, случајно начув некои луѓе во турата како разговараа дека ќе се градел трет дрвен мост (засега има само два на патеката до Син Вир), за мене беше возбудливо качување и симнувањето по јаже на стрмните делови до Орлов водопад (не се симнав до најдолу, ама и од пола симнување има убав поглед на водопадот). Се гледа дека тие неколкумина ентузијасти вложуваат напори за подобрување на условите и на понудата за домашните посетители, и сето тоа за беспари по посетителите.
За сè има вторпат
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9124
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #99 Posted: 08-Nov-2021 at 09:50
Колку е захтевна турава? 5 часа вкупно или во правец? Колкав % е по прав пат колкав стрмен? Како е за мали деца (предшколска  возраст)?
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 14160
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #100 Posted: 08-Nov-2021 at 10:19
Вкупно испаѓаат околу 5 часа. Има стрмни делови, но ако одите само до првиот водопад, нема да биде многу тешко, околу еден час пешачење, главно по широк пат со повремени искачувања. До Син вир (првиот водопад) секако можат и деца, на турата на која бев имаше 2-3 деца на возраст под 10 години. За вториот водопад не препорачувам да се оди со деца, па дури и возрасни ако не се подготвени, зашто има делови каде патеката е тесна, а под тебе има провалија, ако паднеш - готов си. Има делови каде се качуваш и симнуваш држејќи се за јаже, па и тоа може да биди физички напорно.

Edited by Џоле - 08-Nov-2021 at 10:20
За сè има вторпат
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 3456>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.290 seconds.

Copyright ©2007 - 2022  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.