build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Културни
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Музејски комплекс „Македонска Борба“

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 484950
Poll Question: Оценка
Poll Choice Votes Poll Statistics
6 [12.00%]
3 [6.00%]
13 [26.00%]
3 [6.00%]
5 [10.00%]
4 [8.00%]
2 [4.00%]
4 [8.00%]
1 [2.00%]
9 [18.00%]
You can not vote in this poll
Total votes: 50   Average: 5.86

Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Bojan10 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 21-Jun-2011
Location: Macedonia
Online Status: Offline
Posts: 504
  Quote Bojan10 Quote  Post ReplyReply #981 Posted: 30-Dec-2015 at 23:47
Он седи у штаб и за сендвич и кока кола шљапа коментари, а тој што се вградил у договорот за изградба сега вози Ферари.
Па нели ви падне криво малце?
Од чаламот си патиме!
Back to Top
King View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 24-Apr-2015
Online Status: Offline
Posts: 654
  Quote King Quote  Post ReplyReply #982 Posted: 31-Dec-2015 at 00:11
Originally posted by Џоле

Originally posted by King


Не те разбирам, испаднале 438 плочки, објектот е под гаранција, ќе се залепат повторно плочките кога нема да се температурите под нула, толку е приказната за 438-те плочки. Ама Вие повеќе слики направивте одошто има вкупно плочки испаднато, во профил, анфас, одозгора, па од лево и од десно, оддолу и со дронови. Сето ова проследено со бомбастични наслови мислиш паднал музејот, еве наслов на Вашиот, Плус Инфо: Плочка по плочка се распаѓа терасата од Музејот на ВМРО.


Не разбираш, зашто се обидуваш да ја релативизираш целата ситуација. Еве, ќе ти поедноставам: за зграда за која се (пре)платени 12 милиони евра, јас очекувам да нема проблеми со одлепување плочки, прокиснување (ќе најдеш за ова на пост број 581, на страница бр.30) и слично во наредните десет, па и дваесет години.

И на зграда од 120 милиони ке се одлепуваат, и се одлепуваат плочки секаде во светот, не постои идеално направен објект, битно е дали за парите кои си ги платил ќе се искорегираат првичните недостатоци. Плочките стојат до објектот, или можеби фалат 11 плочки. Целата интервенција нека трае една недела со двајца мајстори, двајцата коштаат 50 евра дневно или вкупно 300 евра, и 11-те плочки што фалат нека се 50 евра, тоа е 350 евра. Да заокружиме на 500. Толку ќе го чини изведувачот оваа прелепување на 438-те плочки, за овие 0,000000000048% од инвестивестицијата имаме насловни слики на сите соросоидни портали, па дури и телевизии. А ти ми викаш јас сум релативизирал.
Back to Top
King View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 24-Apr-2015
Online Status: Offline
Posts: 654
  Quote King Quote  Post ReplyReply #983 Posted: 31-Dec-2015 at 00:18
Originally posted by Bojan10

Он седи у штаб и за сендвич и кока кола шљапа коментари, а тој што се вградил у договорот за изградба сега вози Ферари.
Па нели ви падне криво малце?

*Он* веројатно сум јас, од дома шљапам, понекогаш од работа, не сум во Фабриката за афери, и не го познавам Чаушот. Ме заболе кој вози Ферари, и дали Црпко вози блиндирано Ауди, овде тема на муабетот се 438-те плочки. И најважното, никогаш не сум имал амбиција тебе да те убедам во нешто, бидејки тоа е невозможна мисија, твојата заблуденост е на ниво на фанатизам, а твојата преданост кон симболот звезда со тупаница на ниво на опчинетост.
Back to Top
SkopjeZaVardar View Drop Down
Groupie
Groupie
Avatar

Joined: 13-Dec-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 68
  Quote SkopjeZaVardar Quote  Post ReplyReply #984 Posted: 31-Dec-2015 at 00:30
Не се прави слеп баш за све, гледај малце по реално на работите за почеток па можеби и ќе те почитува некој тука. Имаш 533 поста за СЕДУМ месеци од кој сигурно пола ти се политички. Незнам како си успеал и незнам администраториве како те трпат уште. Има доста луѓе на форумов вклучувајќи ме и мене, што доаѓаат да се информираат и да се во тек со проективе а налетуваат на вакви коментари.
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7072
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #985 Posted: 31-Dec-2015 at 03:49
човече, барем имајте достоинство да се откажете онаму каде што едноставно невозможно е да се коментира и каде што навистина има проблем кој не може магично да се правиме дека го нема
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
King View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 24-Apr-2015
Online Status: Offline
Posts: 654
  Quote King Quote  Post ReplyReply #986 Posted: 31-Dec-2015 at 08:03
Originally posted by SkopjeZaVardar

Не се прави слеп баш за све, гледај малце по реално на работите за почеток па можеби и ќе те почитува некој тука. Имаш 533 поста за СЕДУМ месеци од кој сигурно пола ти се политички. Незнам како си успеал и незнам администраториве како те трпат уште. Има доста луѓе на форумов вклучувајќи ме и мене, што доаѓаат да се информираат и да се во тек со проективе а налетуваат на вакви коментари.

Ти со твоите 5 поста најде да ми солиш памет, ниту еден мој пост не е политички освен ако не е одговор на политички пост, со мојот факултет и децении работа во градежништво сигурно дека многу повеќе сакам да пишувам за тоа, отколку за политика. Инаку баш ми е гајле колку Ти ме цениш бидејки и на двајцата ни е јасно зошто си тука.
Back to Top
King View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 24-Apr-2015
Online Status: Offline
Posts: 654
  Quote King Quote  Post ReplyReply #987 Posted: 31-Dec-2015 at 08:07
Originally posted by zabegan

човече, барем имајте достоинство да се откажете онаму каде што едноставно невозможно е да се коментира и каде што навистина има проблем кој не може магично да се правиме дека го нема

Достоинствено признаваме дека има мал квалитативен пропуст од изведувачот, кој за кратко време на свој трошок, и за ситни пари ќе си го санира изведувачот. Нема потреба од коментари, а уште помалку од насловни страни.
Back to Top
xnx View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 05-Apr-2009
Online Status: Offline
Posts: 1895
  Quote xnx Quote  Post ReplyReply #988 Posted: 31-Dec-2015 at 10:24
de be pa i vie, se odlepile - se odlepile. bar doblesno si priznaa. toa e najbitno neli. sea uste eden tender za 2-3 miliona nashi pari i odma ke svetne ko nov- do slednata godina
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12153
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #989 Posted: 31-Dec-2015 at 10:38
Од тоа и најмногу се плашам.
За сè има вторпат
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7072
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #990 Posted: 31-Dec-2015 at 16:21
Originally posted by King

Originally posted by zabegan

човече, барем имајте достоинство да се откажете онаму каде што едноставно невозможно е да се коментира и каде што навистина има проблем кој не може магично да се правиме дека го нема

Достоинствено признаваме дека има мал квалитативен пропуст од изведувачот, кој за кратко време на свој трошок, и за ситни пари ќе си го санира изведувачот. Нема потреба од коментари, а уште помалку од насловни страни.
никој не ти бараше да признаеш нешто...
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12153
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #991 Posted: 03-Jul-2018 at 16:38
Нема веќе музеј на ВМРО и на жртвите од комунизмот

Работната група за преиспитување на општествената и стручната оправданост на постоењето на НУ „Музеј на македонската борба за државност и самостојнос/Музеј на ВМРО и Музеј на жртвите од комунистичкиот режим“ предлага досегашниот назив на оваа наша национална установа да се избрише и таа да се преименува во „Музеј на македонската борба за државност и самостојност“.

Ова е генералниот заклучок од извештајот на Работната група за преиспитување на општествената и стручната оправданост на постоењето на НУ „Музеј на македонската борба за државност и самостојност“ - „Музеј на ВМРО“ и „Музеј на жртвите од комунистичкиот режим“ што беше формирана на 13 март годинава врз основа на решение издадено од тогашниот министер за култура Роберт Алаѓозовски.

Во извештајот стои и дека се констатирани низа неправилности и прекршувања на повеќе закони, и тоа: Закон за буџет и Закон за спороведување на буџет, Закон за музејска дејност, Закон за заштита на културното наследство, генералните принципи и стандарди на современата музеологија, како и упад во идентитетскиот корпус на македонскиот народ и идеолошка обоеност на музејот како целина и фаворизирање на партиски митови.

Во него ќе биде забележано и тоа дека Музејот инсистира на восочни фигури во поставката, што го вулгаризира и навредува професионализмот на музеологијата.

Едновремено, како што се вели, оваа јавна национална установа игнорирала неколку битни аспекти од современата музеологија: односот кон посетителите и грижата за музејските предмети. Тоа, според членовите на Работната група, го покажува (не само) необјаснивото инсистирање на насилни сцени, на мачни епизоди, не водејќи притоа сметка за хетерогеноста (според возраст) на публиката, а особено отвореноста на Музејот кон училишната популација и вклученоста на Музејот во годишните наставни планови.

Не е јасно зошто авторите на поставката односно експозицијата на истата инсистирале на создавање мрачна и тегобна атмосфера, на експлицитни детали на убиства и мачења, иако знаеле дека Музејот ќе биде вклучен во годишните наставни планови на основните и средните училишта во Македонија – пишува во Извештајот.

Паралелно со промената на називот на Музејот, а поаѓајќи од принципите на „опстојување на културните објекти“ и на „намалување на штети“, Работната група предлага и соодветна промена и на постојната музејска поставка во оние делови кои се спротивни на историските вистини и кои не ги претставуваат најзначајните моменти од македонската борба за државност и самостојност.

Во нивниот извештај се вели дека Министерството за култура треба да формира стручна комисија која ќе изработи Елаборат за постојана музејска поставка во новиот „Музеј на македонската борба за државност и самостојност“, согласно современи научни и музеолошки критериуми и согласно потребите на македонското општество изразени на јавните дебати. Според нив, треба да се воведе и критериум кој ќе овозможи во музејската поставка да преовладуваат оригинали, а да бидат акцентирани клучните моменти од македонската борба за државност и клучните моменти од македонската борба за осамостојување и меѓународно признавање.

Згора на ова, во Извештајот ќе биде констатирано и тоа дека има „индиции за можни финансиски неправилности при изградба на Музејот и откупот на музејските експонати“, заради што му се предлага на Министерството за култура ваквите сомнежи да ги искаже пред надлежните институции, односно пред Специјалното јавно обвинителство кое веќе води постапка во врска со Музејот, со цел истата да ја прошири на деловите како што се аспектите на изградбата на објектот и откупот на музејски материјал.

Набрзо по обелоденувањето на препораките од работната група, со реакција се јави опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Тие велат дека „составот на оваа група е тотално некомпетентен да оценува историска поставка“. Ова го појаснуваат со тоа што „споменатата група се состои од членови кои се археолози, конзерватори, етнолози, галеристи и само еден историчар со недоволни референци за оценување на историска поставка за 19 и 20 век“. Дека „заеднички именител на членовите на групата е дека, безмалку сите, биле активисти на шарената револуција“, а за разлика од нив, историската поставка во Музејот на македонската борба е создадена од четири еминентни универзитетски професори, историчари, специјалисти за 19 и 20 век. Според нив, истата поставка, по нејзиното конципирање е потврдена и од поголема група универзитетски професори од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, Македонската академија на науките и уметностите и од Институтот за национална историја. Оваа историска поставка е резултат на 75-годишните проучувања на македонската историска наука, стои во нивното соопштение.

Од друга страна, на реакцијата следуваше реакција од владеачката СДСМ во која стои дека експерската група „констатирала искривување на историските вистини при формирањето на македонската држава“ и предлага „соодветна промена и на соодветната музејска поставка во оние делови кои се спротивни на историските вистини“.

Што има против ВМРО-ДПМНЕ во Музејот да бидат прикажани оригинали – документи за македонската историја, карти, фотографии, публикации и друго, наместо восочни фигури изработени во Украина кои не се дел од нашето историско и културно наследство – прашуваат во соопштението од СДСМ.

https://www.slobodnaevropa.mk/a/29333283.html
За сè има вторпат
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7072
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #992 Posted: 03-Jul-2018 at 18:25

се работи на битните проблеми очигледно... VMRO, is that you?
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
kiriOK View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-Apr-2012
Location: Tamworth,UK
Online Status: Offline
Posts: 502
  Quote kiriOK Quote  Post ReplyReply #993 Posted: 03-Jul-2018 at 18:51
Добро е коа човек си ги знае приоритетите
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12028
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #994 Posted: 04-Jul-2018 at 00:54

Одлична вест, редно беше да се направи нешто во врска со овој партиски пропагандистички проект, генератор на нови поделби и конфликти во националното ткиво.

За жал одвратниот објект (кој нагрдува една феноменална локација) ќе биде потешко да се трансформира, отколку што е тоа случај со името на музејот и делови од поставката.



Но убедливо најголемиот проблем во врска со музеите лежи на сосема друго место. Имено во Македонија имаме десетици музеи посветени на историјата и на сродни области, имаме и куп спомен-куќи, спомен-соби, спомен-домови... и сето тоа е во ред, ама речиси ништо друго немаме. Каде се нашите музеи поврзани со науката и технологијата? Јас колку што знам во Македонија постојат само 2 такви:

- Природо-научен музеј во Скпје во кој 30 години не е ништо вложено
- Мал музеј на електричната енергија кај Матка

Треба ли да им се понуди на младите и нешто друго освен историја? Кога ќе почнеме да мислиме по малку и на иднината и напредокот? Нели добро би дошла малку инспирација и за потенцијалните научници, пронаоѓачи, иноватори и слично, кои моментално се наоѓаат во нашите градинки и училишта? Само со историја ли треба да им ги полниме главите?


Во општество со ваков светоглед воопшто не е чудо што типови како Миленко што застапуваат теории за кемтрејлси или за тоа дека земјата е плоча, не се маргиналци, туку се мејнстрим. Но колку и да е тешко, таквиот светоглед мора радикално да го смениме, инаку иднината не ни е воопшто сјајна.

Се извинувам за офтопикот.






Edited by Cloverstack - 04-Jul-2018 at 01:00
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12153
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #995 Posted: 04-Jul-2018 at 07:00


Еден таков пример има во Софија, музејот Музејко. Му треба нешто слично и на Скопје, а богами на другите градови.

(репортажа на македонски на линкот)

https://off.net.mk/bookbox/kako-si-pominavme-vo-muzejot-za-deca-vo-sofija
За сè има вторпат
Back to Top
ehrlich View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2012
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 731
  Quote ehrlich Quote  Post ReplyReply #996 Posted: 04-Jul-2018 at 20:55
Па не се само два: имаш Музеј за тутун во Прилеп со исклучително вредна збирка, во Пробиштип се градеше Музеј на ретки минерали (не знам дали се пушти во употреба), во Дихово има стара фабрика за текстил (првата на Балканот), сигурно некои и пропуштам.
Back to Top
kiriOK View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-Apr-2012
Location: Tamworth,UK
Online Status: Offline
Posts: 502
  Quote kiriOK Quote  Post ReplyReply #997 Posted: 05-Jul-2018 at 09:51
Македонија нема некои традиции во иновации и наука,да не кажам нема никакви традиции,особено за разлика од Србија или Бугарија.
Можеби затоа и не се замараат со такви музеи многу многу.

Edited by kiriOK - 05-Jul-2018 at 09:51
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3439
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #998 Posted: 05-Jul-2018 at 09:58
Убаво е што почнавме да зборуваме за музеите. Генерално земено, најнов тренд денеска во светот е да се инвестира во установи што опфаќаат третман на некоја значајна тема за локалната или националната заедница, или, пак, за прашање што се однесува на некоја глобална тема. Еве, на пример, во случајот на Скопје фали Музеј на меѓународната солидарност што ќе ја опфати во целост темата за помошта на градот по земјотресот од 1963 година.

Во Скопје му дали и музеј за некоја конкретна историска тема, на пример, Музеј на комунистичкиот период. Ова што е направено налик на оваа тема во Музејот на македонска борба е општа катастрофа. Сум бил во вакви музеи во Полска, Унгарија и Албанија. Едноставно, избираат многу важен период од комунистичкиот период, на пример, кај нас би било интересно раскинот на врските меѓу Тито и Сталин. Од една ваква тема, се развива цела една приказна за натамошниот развој на државата.

Сакам да поентирам, имињата на музеите се денес catchy, тие се многу повеќе насочени кон страдањето или величањето на ЛИЧНОСТИ и КАТЕГОРИЈА НА ГРАЃАНИ, а не на НАЦИИ. Затоа ние немаме интересни музеи.

Конечно, Музејот на Македонија треба да го преземе управувањето со Музејот на македонска борба и ЦЕЛОСНО да ја промени постојаната поставка внатре. Однадвор да го реконструира изгледот на овој објект, и да се определи за атрактивна тема што би ја сочинувала идната постојана поставка во ова здание.
Back to Top
ehrlich View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2012
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 731
  Quote ehrlich Quote  Post ReplyReply #999 Posted: 05-Jul-2018 at 20:14
За мене не е спорно музеите како установи кои обработуваат периоди, личности, или општа историја, ако во ова современо време музејот не го направиш да биде интерактивен со посетителите.

Лани во Варшава имав прилика да биде три дена на конференција во Музејот Полин (Музеј за историјата на Евреите во Полска), кој е изграден во 2013 година. Самата поставка се состои од осум галерии, кои буквално имаат екрани на допир, игри, менување светла, изработки на печати, видеа, и што се не. За да ги поминеш сите галерии ти требаат околу два часа, а ти во меѓувреме не се ни чувствуваш досадно ниту на еден момент.

Затоа што шетање низ музеј со прикажани артефакти за мене, а верувам и за општата јавност, не е доволно и не е интересно.
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 484950

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.203 seconds.

Copyright ©2007 - 2019  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.