build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Културни
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Музејски комплекс „Македонска Борба“

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 1112131415 50>
Poll Question: Оценка
Poll Choice Votes Poll Statistics
6 [12.00%]
3 [6.00%]
13 [26.00%]
3 [6.00%]
5 [10.00%]
4 [8.00%]
2 [4.00%]
4 [8.00%]
1 [2.00%]
9 [18.00%]
You can not vote in this poll
Total votes: 50   Average: 5.86

Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
leonid23 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar
БАНИРАН

Joined: 30-Nov-2009
Location: Strumitza
Online Status: Offline
Posts: 579
  Quote leonid23 Quote  Post ReplyReply #241 Posted: 22-Dec-2009 at 01:08
Ете истото што го коментирав во врска со археолошкиот музеј и овде ќе го презентирам , во врска со вклопеноста на околината .
Значи околината е исполнета со нео-комунистички градби!
Дали треба да значи дека и објектите што се градат треба да бидат во тој си стил за да се вклопат во неа ???
Па баш би ми било мило некој архитект да прокоментира околу тоа ! Но не исполитизиран пред се .
Back to Top
UrbanFreak View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Oct-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1732
  Quote UrbanFreak Quote  Post ReplyReply #242 Posted: 22-Dec-2009 at 01:16
Значи според тебе леонид, одговорот на нео-комунистички градби како што милиуваш да ги нарекуваш е хибрд на нео-класичен-малоречица стил бетон, голема купола и безброј сводови? Повторно не одовори што ти се допаѓа кај самиот објект, наместо тоа ти одговори што не ти се допаѓа кај постојните објекти.
Back to Top
leonid23 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar
БАНИРАН

Joined: 30-Nov-2009
Location: Strumitza
Online Status: Offline
Posts: 579
  Quote leonid23 Quote  Post ReplyReply #243 Posted: 22-Dec-2009 at 01:25
Одговорот прочитај го на нишката за Археолошки музеј .
Back to Top
UrbanFreak View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Oct-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1732
  Quote UrbanFreak Quote  Post ReplyReply #244 Posted: 22-Dec-2009 at 01:34
Едноставно не понуди ни тука ни кај Археолошкиот музеј ниеден аргумент зошто сметаш дека се убави и вредни овие објекти. Ги исспамира нишиве но суштински не даде никако образложение што е тоа што ти се допаѓа кај овие објекти?
Back to Top
leonid23 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar
БАНИРАН

Joined: 30-Nov-2009
Location: Strumitza
Online Status: Offline
Posts: 579
  Quote leonid23 Quote  Post ReplyReply #245 Posted: 22-Dec-2009 at 01:44
А што треба јас толку да должам ?
Едноставно ми се допаѓа тој архитектонски стил !
И милион пати се изјаснив дека не сум за некој футуристички објект во сред центар !
Немам ништо против тој стил , но токму баш тој стил не се вклопува во тој круг!
Па ете меѓу првите коментари на оваа тема има и слики мислам од третонаградениот проект , баш во футуристички стил ! И исто така коментариве беа дека токму таква градба не е соодветна во центарот !
Еве врати се назад и читај !
Back to Top
Шпер View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Jun-2009
Location: Струмица
Online Status: Offline
Posts: 310
  Quote Шпер Quote  Post ReplyReply #246 Posted: 22-Dec-2009 at 13:02
Originally posted by leonid23

А што треба јас толку да должам ?Едноставно ми се допаѓа тој архитектонски стил !И милион пати се изјаснив дека не сум за некој футуристички објект во сред центар !Немам ништо против тој стил , но токму баш тој стил не се вклопува во тој круг!Па ете меѓу првите коментари на оваа тема има и слики мислам од третонаградениот проект , баш во футуристички стил ! И исто така коментариве беа дека токму таква градба не е соодветна во центарот !Еве врати се назад и читај !


Се согласувам со тебе, и јас претходно имам дадено мислење за музејот дека ми се допаѓа поради едноставноста. Не сакам science-fiction објекти како куќата на мајка Тереза на пример.
П.С. И ако некој каже свое мислење (позитивно или негативно) не мора веднаш да биде ставен на распит, не сме сите стручни овде да даваме стручни коментари, туку импресии и свои ставови...
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12129
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #247 Posted: 22-Dec-2009 at 14:24
Originally posted by Шпер

П.С. И ако некој каже свое мислење (позитивно или негативно) не мора веднаш да биде ставен на распит, не сме сите стручни овде да даваме стручни коментари, туку импресии и свои ставови...
Тоа не е распит, туку тоа е суштината на форумот. Која би била поентата доколку постовите се сведат на:
- ми се допаѓа
- не ми се допаѓа
- одлично
- за никаде
- преубаво
- гадно
- подршка за проектво
- екстра е проектов
- одвратен е проектов

Question



и јас претходно имам дадено мислење за музејот дека ми се допаѓа поради едноставноста
Ако едноставност е својството кое ти е императив, таа може да се постигне далеку поефектно и поквалитетно со современ израз. Многу е чудно едноставност да се бара низ недоследна примена на надминати архитектонски стилови кои во основа се токму „неедноставни“.
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9096
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #248 Posted: 22-Dec-2009 at 22:01
Малку да ја разблажиме дискусијава со слики Cheers

Од 13.12.2009

1

2

3 Се оформува површината кон кејот. Ми делуваше дека е потесно, ширинава е сосема пристојна

4

Back to Top
Vladimir P View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3300
  Quote Vladimir P Quote  Post ReplyReply #249 Posted: 23-Dec-2009 at 00:13
Баш ме интересира пластиката на фасадата ???
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/
Back to Top
leonid23 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar
БАНИРАН

Joined: 30-Nov-2009
Location: Strumitza
Online Status: Offline
Posts: 579
  Quote leonid23 Quote  Post ReplyReply #250 Posted: 23-Dec-2009 at 00:41
поздрав за pbanks за сликите!
Еве веќе на првата слика се забележува како се надополнува просторот со трите градби ( мада не ми се допаѓа музејот на холокаустот ) но како и да е и трите објекта ќе му дадат убав амбиент на кој ако се сеќавате имаше само бараки , раскопани парк површини израснати со коров,  а шлагот на тортата беше автобуската станица.
Леле кога ќе ми текне колку беше хорор грозен тој дел ! Да ти се згади од животот .
Тоа што би сакал е да ја затворат улицата што почнува од мостот Гоце Делчев и тоа да биде цел дел плоштад Карпошово востание .


Edited by leonid23 - 23-Dec-2009 at 00:46
Back to Top
Vladimir P View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3300
  Quote Vladimir P Quote  Post ReplyReply #251 Posted: 23-Dec-2009 at 00:49
Originally posted by leonid23

 ... Тоа што би сакал е да ја затворат улицата што почнува од мостот Гоце Делчев и тоа да биде цел дел плоштад Карпошово востание .
За жал ќе треба сите тие автомобили да стигнат до тие објекти, ке биде лудница
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/
Back to Top
Sale SK View Drop Down
Senior Member
Senior Member

БАНИРАН

Joined: 16-Aug-2009
Online Status: Offline
Posts: 258
  Quote Sale SK Quote  Post ReplyReply #252 Posted: 23-Dec-2009 at 18:41
Podzemen parking bi go resil problemot.
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #253 Posted: 24-Dec-2009 at 13:52
Почнале со куполата...
Back to Top
Шпер View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Jun-2009
Location: Струмица
Online Status: Offline
Posts: 310
  Quote Шпер Quote  Post ReplyReply #254 Posted: 24-Dec-2009 at 21:44
До 23 октомври 2010 година ќе биде готов.
Back to Top
Zoc View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 25-Mar-2009
Online Status: Offline
Posts: 101
  Quote Zoc Quote  Post ReplyReply #255 Posted: 30-Dec-2009 at 17:15
Ај еве и тука еден мал апдејт Tongue
1.

2.


Бунете се ако ви се големи сликите Naughty 


Edited by Zoc - 30-Dec-2009 at 17:30
Back to Top
metodius View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 07-Jan-2010
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote metodius Quote  Post ReplyReply #256 Posted: 07-Jan-2010 at 02:58
Здраво дечки, и ако има понекоја дама Laugh и добро ве најдов на форумов.
 Морам да се навратам на расправиите околу изгледот на објектов, и стилот...ја чувствувам маргинална потребата од некое терање стилови со излижан рок на траење. Светот гради чуда, архитектонски и инжинерски, а најдоброто што можевме да го смислиме ние е ова? Thumbs%20Down И убеден сум дека не е-но ете ти работа-бидна, и навистина ми е жал што ќе остане како спомен од ова време-не е нешто што би сакал идните ни поколенија да го гледаат и да викаат Ееее ова у времето на дедо ми го праеле!   (се извинувам ако малку доцнам со коментаров)
Ни земја, ни небо,
Ни пекол, ни рај.

Само ние и сега.
Back to Top
Joker View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 07-Jan-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote Joker Quote  Post ReplyReply #257 Posted: 07-Jan-2010 at 13:41

Точно светот гради чуда но не со малку пари, стариот народен театар и музејов се проекти кои се многу поефтини од некои футуристички градби кои коштаат многу а можеш да ги видиш само во богатите европски метрополи во кои има премногу стари згради со куполи во готски стил па нормално сакаат да градат нешто далеку помодерно.

Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7410
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #258 Posted: 07-Jan-2010 at 22:27
Originally posted by Joker

Точно светот гради чуда но не со малку пари, стариот народен театар и музејов се проекти кои се многу поефтини од некои футуристички градби кои коштаат многу а можеш да ги видиш само во богатите европски метрополи во кои има премногу стари згради со куполи во готски стил па нормално сакаат да градат нешто далеку помодерно.

па не би рекол, единствено нешто што е ефтино во градбиве е нивната изведба и организација, се друго кошта исто
но не збориме ние да градиме нешто што го има во Дубаи, туку нешто што е во тек со светските трендови и што е прикладно за неговата функција и локацијата каде се наоѓа
Back to Top
Шпер View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Jun-2009
Location: Струмица
Online Status: Offline
Posts: 310
  Quote Шпер Quote  Post ReplyReply #259 Posted: 08-Jan-2010 at 00:10
ВЛАДАТА СЕ ОТКАЖУВА ОД ДЕЛ ОД ФИГУРИТЕ
Во музејот нема восок за Михајлов

Игор Чавески

Владата сериозно размислува да се повлече од намерата во историскиот музеј на ВМРО да бидат сместени восочните фигури на Мара Бунева и на Ванчо Михајлов, дознава „Време“ од извори вклучени во изработката на фигурите. Поради стравот дека експонирањето на овие личности, кои во македонската историја се оценети како контроверзни, ќе добие негативен публицитет во јавноста, Владата се наоѓа пред сериозна дилема за изборот на фигури кои треба да се најдат во музејскиот комплекс што се гради на кејот на Вардар. Во комплексот наречен „Македонска борба“, во кој ќе бидат сместени музејот на жртвите од комунизмот и музеј на ВМРО, ќе бидат сместени 105 восочни фигури на историски личности во периодот од Кресненското и Разловечкото востание се до 50-тите години на 20 век. Покрај фигурите на македонските револуционери Гоце Делчев, Ѓорче Петров, Даме Груев и Јане Сандански, ќе бидат сместени и фигури на личности кои имале негативна улога во македонската историја, како Борис Сарафов и Тодор Александров, но и на многу други. Сојузот на борци жестоко се противи во музејот да се најадат личности кои ја негирале македонската нација, како што е Ванчо Михајлов. Според борците, експонирањето на овие личности несомнено води кон тивка бугаризација на државата. - Сметаме дека во време на економска криза не треба да се градат музеи. Посебно се противиме во таков музеј да се најде една Мара Бунева, која важи за злосторник и која со своите дела и правела услуга на Бугарија, а не на Македонија - вели Благоја Чоновски од прилепската организација на Сојузот на борците. Свое место во музејот, како што неофицијално дознаваме, ќе се најдат и фигурите на Крсте Мисирков, Методија Андонов-Ченто, Александар Протоѓеров, Петар Поп Арсов, Димо Хаџи-Димов, Христо Татарчев и на Павел Шатев. Покрај нив, ќе има фигури на личности што не се од Македонија, но оставиле белег врз македонската историја. Такви биле српскиот крал Александар Караѓорѓевиќ, Михајло Ковачевиќ и Велимир Прелиќ, кои биле убиени од Македонци. Од Министерството за култура не откриваат кои се личности ќе се најдат во музејот, но велат дека намерата е комплексот да има образовна и едукативна мисија бидејќи во него ќе има и архивски материјали и книги од историјата на нашата земја. - Првите 40 восочни фигури се веќе готови, а во тек е изработката и на другите 65. Покрај историските поставки, во музејот ќе има восочни фигури на сите што оставиле трага во историјата на македонското револуционерно движење - велат од Министерството. Како што дознаваме, поголем дел од восочните фигури, кои се изработуваат во Киевскиот музеј во Украина, се веќе пристигнати во Скопје и се доработуваат во фирмата „Специјална опрема“. Се очекува целиот музејски комплекс кој ќе биде на површина од 2.500 квадратни метри да биде завршен до средината на годинава. Тогаш треба да дојдат специјално обучени луѓе од Украина за да ги одредат специфичните услови под кои треба да се чуваат фигурите.

Да се вратат моштите на Христо Татарчев

Владата да ги врати во Македонија моштите на првиот претседател на ВМРО Христо Татарчев од Торино, Италија, побара вчера ВМРО-народна партија.
- На денот кога се навршуваат 58 години од смртта на првиот претседател на ВМРО, сакаме да му оддадеме почит, а воедно и да ја потсетиме Владата на нашата иницијатива - изјави вчера Марјан Додовски, претседател на партијата.

 
 
 


Edited by Шпер - 08-Jan-2010 at 00:36
Back to Top
metodius View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 07-Jan-2010
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote metodius Quote  Post ReplyReply #260 Posted: 08-Jan-2010 at 02:00
Јокер, не велам дека треба да се градат чуда кои ќе не чинат безобразно многу, туку парите и така и така се трошат на нешто,зошто да не на нешто навистина добро? И куполи и одлични градби низ светот нема само во метрополите, и тоа воопшто не е некој фактор за квалитетот на проектот. И ако кај нас нема куполи и стари згради, сеа што да правиме? Ај да градиме стари? Може и пирамида некоја да фатиме, и тоа нема Naughty
Ни земја, ни небо,
Ни пекол, ни рај.

Само ние и сега.
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 1112131415 50>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.187 seconds.

Copyright ©2007 - 2020  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.