build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Културни
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Музејски комплекс „Македонска Борба“

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 1213141516 50>
Poll Question: Оценка
Poll Choice Votes Poll Statistics
6 [12.00%]
3 [6.00%]
13 [26.00%]
3 [6.00%]
5 [10.00%]
4 [8.00%]
2 [4.00%]
4 [8.00%]
1 [2.00%]
9 [18.00%]
You can not vote in this poll
Total votes: 50   Average: 5.86

Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12172
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #261 Posted: 08-Jan-2010 at 20:57
На иста линија сум со metodius


@ Joker
Никако не може да се направи таква генерализација дека современите градби чинеле многу, а овие нашиве лажно „стари“ биле поефтини... тое едноставно не е точно. Се зависи од конкретниот проект. Сигурно дека може да се практикува современа архитектура во некој разуман ценовен опсег. А од друга страна нашето копање по архитектонското минатото не е воопшто ефтино. Како пример земи го објектот за Уставен Суд, чија инвестициона вредност е 24,5 милиони евра за површина од 13,5 илјади метри квадратни. За македонски услови ова е ите како солено.

Back to Top
krale View Drop Down
Senior Member
Senior Member

БАНИРАН

Joined: 28-Dec-2009
Online Status: Offline
Posts: 1487
  Quote krale Quote  Post ReplyReply #262 Posted: 08-Jan-2010 at 23:31
Originally posted by metodius

Здраво дечки, и ако има понекоја дама Laugh и добро ве најдов на форумов.
 Морам да се навратам на расправиите околу изгледот на објектов, и стилот...ја чувствувам маргинална потребата од некое терање стилови со излижан рок на траење. Светот гради чуда, архитектонски и инжинерски, а најдоброто што можевме да го смислиме ние е ова? Thumbs%20Down И убеден сум дека не е-но ете ти работа-бидна, и навистина ми е жал што ќе остане како спомен од ова време-не е нешто што би сакал идните ни поколенија да го гледаат и да викаат Ееее ова у времето на дедо ми го праеле!   (се извинувам ако малку доцнам со коментаров)


Коментарот е сосема на место. За жал, наместо едно современо градско јадро, на кое ќе завидуваа старите европски метрополи, ние ќе добиеме кичерајски обид за имитација на стара архитектура, што значи ќе продолжиме да им завидуваме на оние кои ќе имаат автентична стара архитектура.
Back to Top
metodius View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 07-Jan-2010
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote metodius Quote  Post ReplyReply #263 Posted: 09-Jan-2010 at 16:23
Па некој изгледа има потреба од некакво старо Скопје...за коешто не сум сигурен дека постои/постоело. Земјотресот има однесено дел од Скопје, но тогаш тоа биле куќички, по некое зградиче и една шака објекти со вистинска вредност. Наместо тој земјотрес да го искористиме како ,,рефреш" за градов и да добиеме модерен лик, со тоа и Скопје да добие имиџ на модерен град, со архитектура на која може да сме горди, ние вакви работи праиме...ама тоа уште од мастерпланот на Танге ништо не е изведено како шо треба, и еве се провлекува такво ,,недомаќинско'' градење. А тоа е сосема друга тема, извинете за офф-от.
Ни земја, ни небо,
Ни пекол, ни рај.

Само ние и сега.
Back to Top
mitatos View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1739
  Quote mitatos Quote  Post ReplyReply #264 Posted: 10-Jan-2010 at 22:47
01.

02.

"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)
Back to Top
mitatos View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1739
  Quote mitatos Quote  Post ReplyReply #265 Posted: 10-Jan-2010 at 22:51
Eve uste edna malku matna ama toa e toa
"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)
Back to Top
Joker View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 07-Jan-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote Joker Quote  Post ReplyReply #266 Posted: 12-Jan-2010 at 13:31
Проектов е во старински стил со купола за да се вклопи со стариот народен театар, веројатно не може да се гради некој модерен објект до објект како стариот народен театар, може да кажеме дека ако стариот народен театар добиеше некој нов помодерен проект различен од стариот тогаш ке можевме да дискутираме дали проектов за музејов одговара или не, вака веќе кога знаеме дека се гради стариот народен театар речиси со афтентичен изглед па музејов ке се вкопи во тој стил, а за yставниот суд што се гради не би коментирал зошто ова е сепак страна за музејот Македонски борба.
Back to Top
ArchiTechTone View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Jan-2009
Online Status: Offline
Posts: 280
  Quote ArchiTechTone Quote  Post ReplyReply #267 Posted: 12-Jan-2010 at 15:17
Originally posted by Joker

Проектов е во старински стил со купола за да се вклопи со стариот народен театар, веројатно не може да се гради некој модерен објект до објект како стариот народен театар, може да кажеме дека ако стариот народен театар добиеше некој нов помодерен проект различен од стариот тогаш ке можевме да дискутираме дали проектов за музејов одговара или не, вака веќе кога знаеме дека се гради стариот народен театар речиси со афтентичен изглед па музејов ке се вкопи во тој стил, а за yставниот суд што се гради не би коментирал зошто ова е сепак страна за музејот Македонски борба.


Баш на сликава на Митатос се гледа трагедијата на старо-новиот стил... Старински стил не е само да се направи бетонска коцка која ќе се нашлапа со релјефна декорација. Ете “стариот“ театар илустрира што сакам да кажам.

Иако е правен во стил кој повторно имитира некои постари стилови (неокласицизам), сепак тој стил бил актуелен и МОДЕРЕН за тоа време. И, иако дрпале од стари стилови, сепак дрпале со некакво чуство за просторно артикулирање.

За објектот на музејот ниту може да се каже дека е правен во некаков тековен стил, ниту дека поседува особена просторна артикулација. Барем “старинските“ стилови се сецирани во многу книги за историја на архитектура и уметност и за нив има еден тон правила и начини на артикулирање со елементите. Музејов е проста бетонска коцка, без никаква динамика на волумени (шубоо се наместени за споредување). Не дека кажувам нешто ново, пишано е тоа многу пати наназад во темава...

И аман веќе, куполите не се декорација, тоа е конструктивен елемент кој се користел за совладување на големи распони. Настрана фактот што куполата има извонредна симболична вредност. Но кај нас е тренд сето тоа вулгарно да се редуцира на обично китење, демек ќе сме заличеле на европска метропола Dump

Дури и кога се користи како декорација, се користи во согласност со одредени правила кои се врзуваат повеќе со пропорција отколку со декорација... Она што го гледаме на Музејов е бедна калота која неможе да пројде за купола, од единствена причина што е лишена од симболичното, конструктивното а особено пропорциското. Не знам кај виде купола на театарот. На влезот има само два крстасти свода... Најблиската купола е на Свети Димитрија(таа дури не се ни гледа од надвор) и онаа на Македоска Пошта.

А тоа со вклопувањето ми е капак на се`. Нашиот центар беше модерен до пред овие објекти. Статистички, сеуште е модерен бидејќи бројот на модерни објекти е поголем од бројот на старо-новите објекти. Не гледам зошто се` би морало да се гради по “старински“ терк, овен можеби заради некакво лечење на комплекси.

Back to Top
Joker View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 07-Jan-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote Joker Quote  Post ReplyReply #268 Posted: 12-Jan-2010 at 15:49
 ''до Archi Tech Tone -''Hашиот центар беше модерен до пред овие објекти ? Дa бе сега се сетив на ''прекрасната'' автобуска  станица што беше до скоро потоа на ''прекрасните'' кенделабри, ''да да'' тој дел беше многу ''осветлен чист и безбеден'' дел од градот посебно навечер, шала на страна ја учев средно музичко во Илија Николовски па тој дел од градот беше хорор филм за сите ученици од школото поготово навечер,се сложувам дека се можело да се избере некој далеку помодерен проект но тешко дека било кој проект би одговарал на Македонска пошта која е од спротива, така да што е тука е. 
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9097
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #269 Posted: 12-Jan-2010 at 16:16
Originally posted by Joker

 ''до Archi Tech Tone -''Hашиот центар беше модерен до пред овие објекти ? Дa бе сега се сетив на ''прекрасната'' автобуска  станица што беше до скоро потоа на ''прекрасните'' кенделабри, ''да да'' тој дел беше многу ''осветлен чист и безбеден'' дел од градот посебно навечер, шала на страна ја учев средно музичко во Илија Николовски па тој дел од градот беше хорор филм за сите ученици од школото поготово навечер,се сложувам дека се можело да се избере некој далеку помодерен проект но тешко дека било кој проект би одговарал на Македонска пошта која е од спротива, така да што е тука е. 


Џокер, дај да не ја банализираме дискусијава. Архитечтоне даде прилично релевантни аргументи за да ја поткрепи својата теза. Никој не зборувам ниту дека старата автобуска станица била убава, ниту дека плоштадот во моментов личи на нешто, ниту дека коцката е правилно наредена, ниту дека е осветлено и чисто.

Зборуваме како искористуваме еден бришан простор во епицентарот на Скопје, дали е правилен избраниот архитектонски израз, дали можел да биде подобар, која е вредноста на објектот кој еве е при крај, дали е тој навистина стар објект или новокомпониран кич... Зборуваме дали времето почнува во 2005 година кога некаде почна да се гради стариот театар па за да ги прилагодуваме сите објекти кон него или пак тука веќе постоеше град со модерни градби кои требаа да бидат реперот како понатаму?
Back to Top
ArchiTechTone View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Jan-2009
Online Status: Offline
Posts: 280
  Quote ArchiTechTone Quote  Post ReplyReply #270 Posted: 12-Jan-2010 at 16:41
Чистотата и осветленоста се проблеми од друг карактер. А се извинувам за грешката- модернистички е правиот збор... далеку од тоа дека сме модерни
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7441
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #271 Posted: 12-Jan-2010 at 21:31
потполно сум во иста линија со архитектоне, а претходната ситуација во центарот воопшто не ја оправдува идејата таму сега да има онакви објекти какви што сакаат властите
 
плус мислам дека е погрешно да се размислува дека на  театарот не му одговара нешто модерно, малку е тешко да се совпадне, ок, но доколку некој навистина се потруди околу тоа, возможно е, исто мислам дека не треба да се зема в предвид поштата која е дел од друга целина и не припаѓа во истата слика
 
за другото би се повторил со претходните коментари


Edited by zabegan - 12-Jan-2010 at 21:32
Back to Top
Dave Gahan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Oct-2008
Location: 42°0′N,21°26′E
Online Status: Offline
Posts: 986
  Quote Dave Gahan Quote  Post ReplyReply #272 Posted: 12-Jan-2010 at 22:37
Originally posted by ArchiTechTone


Баш на сликава на Митатос се гледа трагедијата на старо-новиот стил...


Комплетно сум во ист правец на размислување...

Распаднатата стара автобуска барем даваше надеж дека еден ден ќе се сруши и на нејзино место ќе се изгради нешто соодветно, сега би била комплетна лудост да се направи тоа со овие објекти.

За „вклопувањето“ сакам следново да го кажам - контекстот е следниот (без некаков ред): средновековна тврдина (тазе реконструирана во турски-османлиски облик), регулација на р. Вардар (што обликовно воопшто не наликува на истите од средневропските градови и е со проодно второ корито), телекомуникациски центар, булевар и мост „Гоце Делчев“ (не би ги категоризирал - израз на своето време), Камен мост - заштитен знак на Скопје (турски мост, пар екселанс, колку и да зборат дека е од Јустинијан итд.), музеј на жртвите на Холокаустот(6 години карабина, дури ни тоа) - следат двата нови објекти (за чие обликување архитектонската мисла ќе треба да формира нов поим, зашто уште таков не е измислен), кои уште не изградени, веќе им смета околината да се вклопат во нејзе...

Темава е за музејот, ама јас овој „ансамбл“ некако во комплет го доживувам, па затоа него го земам како пример...и жалост многу од дискусииве се повторуваат и во темите кај театарот, официрски, архивот и сите други „скопски црни дупки“...
Некаде на форумов има разгледници од „старо, романтично“ Скопје и секогаш кога го гледам театарот се чудам како некој можел да го доживува Скопје како град со река чие течење и брегови(пред да се изгради регулацијата) личеле на мочуриште што тече полека и во таков контекст мене стариот театар (овој музејов нели е нова измислица) никогаш не ми значел како архитектура, туку и напротив не ми личел на НИШТО...и би ги проголтал сите овие глупости да се работи за објект со некакви колосални димензии - Лувр, ако ви е тој репер за „убава“ архитектура - тоалетите во Лувр имаат поголема површина од овие два објекти заедно, димензиите, материјалите, не може ништо овде да се постигне (а и кога би се постигнало би било лудо) - а ова?! Ова е провинцијалистички обид да се склопи нешто од сеќавање на нешто што се видело некаде...

Не би рекол дека треба да се сруши тоа што останало, ама да се гради на ново во овој јазик е дебилно. (За Architectone - во приближно ист период со театарот се и етнолошки музеј и денешна градска болница, што се доказ дека и во тоа време можело да се размислува поинаку, не дека се тоа којзнае какви објекти, ама филозофијата е комплетно различна, со тоа што се согласувам дека во времето во кое се градени било помал грев отколку денес да се праи тоа)

Една многу важна ситница што гледам дека на сите ви промакнала овде е тоа што Калето, кое какво такво е во поавтентична форма од „театаров„ и музејот е тоа што стариот објект (што btw нема ист габарит со овој, поточно нема ништо исто со него) има едно или две нивоа повеќе и е поставено на кота која ја налага новата регулација на реката (7-8м над старата) - што е директна причина оваа карикатурална завеса да ја покрие најзначајната визура во Скопје во која се вклучени најмаркантните градски обележја - реката, мостот и калето - вие стоите на плоштадот - центарот на сите скопски и македонски случувања и на крај краева - визурата која е на грбот на град Скопје...

Прашање - Вредеа сите овие лудости да се унакази еден таков уникатен градски знак?
MAKE CAPITALISM HISTORY
Back to Top
Vladimir P View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3300
  Quote Vladimir P Quote  Post ReplyReply #273 Posted: 12-Jan-2010 at 23:13
Не ми е јасно собирање на баби и жаби, споредба на кале театар нови објекти ...
Дали за да се задржи еден стил треба да се најде еден репер и се да се гради според него - лего коцки ?

И ако веќе правиме споредби зашто ама баш никој не го анализира делот со ибни пајко театарот - скокалница. амам, црква ... како сето тоа се вклопува со кале

Не сваќајте го ова ко мое одобрување на овој папазјанија стил но овакво размислување никаде не води.

Можда треба ова во друга нишка да се вметне но ...
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/
Back to Top
Шпер View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Jun-2009
Location: Струмица
Online Status: Offline
Posts: 310
  Quote Шпер Quote  Post ReplyReply #274 Posted: 13-Jan-2010 at 20:27
СУДСКИ УВЕРЕНИЈА, ПА РАБОТА НА ДЕЛАТА ЗА КОМПЛЕКСОТ „МАКЕДОНСКА БОРБА“
ВМРО лустрира уметници за музејот

Ивана Васева

Само политички неизвалкани уметници, кои немале спорови со државата, не биле гонети, судени и не се идеолошки обележани може да изработуваат слики за комплексот „Македонска борба“ во кој ќе бидат сместени музеите на ВМРО и на жртвите на комунизмот, кој активно се гради на левата страна на реката Вардар во Скопје. За да бидат ангажирани во обемниот проект, уметниците морале да вадат судски потврди дека не работеле против државата и, како што велат, дека не биле членови на сомнителни и терористички организации. Според нив, ваквите обврзувања во денешниот општествено-политички контекст изгледаат прекумерно претпазливо, речиси репресивно и ги загрозуваат личната слобода и правото на избор. Тие додаваат дека дури и во минатиот политички систем, кога контролата на зборување и на однесување била зголемена, не почувствувале таков притисок. Уметникот Владимир Георгиевски, кој за потребите на музејот ги изработува портретите на браќата Миладиновци, вели дека во почетокот се побунил против тоа уверение, но бидејќи сакал да ги наслика основачите на националната преродба од средината на 19 век, сепак ја извадил потврдата. - Судот не може да го даде, ниту да го потврди тоа уверение. Како тој ќе ги докаже тие ставки? Овие уверенија се апсурдна работа, едно безумие. Јас и порано сум имал државни нарачки, но никој не ми барал вакво уверение. Тогаш само требаше да се извади потврда дека сме членови на Друштвото на ликовни уметници на Македонија и толку - вели Георгиевски. Еднакво гневен е и уметникот Коле Манев, кој за музејот на ВМРО ја насликал фигурата на Ѓорѓија Пулевски, во големина 2,3 метри на 1,5 метар. - Бидејќи сакав да работам на проектот, извадив една, а потоа уште една судска потврда. Но еве сега сакам да изработам уште една слика и ако пак ми бараат потврда, тогаш од принцип нема да соработувам веќе. Што би можело да се промени од моментот кога ја извадив последната потврда досега? - прашува Манев. Од Министерството за култура, пак, само велат дека за таквите договори го следеле законот. - Сите потребни уверенија се извршени според Законот за јавни набавки, според кој уметниците се обврзани да ги извадат уверенијата - вели Анита Јовановска, портпаролка на Министерството за култура. Покрај Георгиевски и Манев, на портретите на личности од македонската историја работат уште петнаесетина уметници, меѓу кои Павле Кузмановски, Атанас Ботев, Милош Коџоман и други, кои се избрани по сугестија на Друштвото на ликовните уметници на Македонија. Тие работат на портрети на Јордан Хаџи Константинов-Џинот, Румена Војвода, Гоце Делчев, Даме Груев и други историски личности, а делата се во завршна фаза на изработка. Музејскиот комплекс, музеј на ВМРО и музеј на жртвите на комунизмот, се гради на површина од 2.500 квадратни метри. При неодамнешната посета на музејот во изградба, премиерот Никола Груевски изјави дека тој ќе биде завршен околу следната Нова година.


Се осликуваат дваесет масовни сцени

За опремување на музејот на ВМРО, покрај восочни фигури и сликани портрети, се подготвуваат и платна со масовни сцени од историјата на Македонија во последните два века.
Масовни сцени ќе бидат изработени за битката на Мечкин Камен, самоубиството на Христо Узунов во Цер, масакрот во село Загоричани во Егејска Македонија и други, кои ќе бидат предадени во големи формати од пет на три метри, но ќе има и помали.
Идејата е целиот ентериер на музејот на најрепрезентативен начин да го отслика времето на македонската борба и историја од 19 и од 20 век.
- Масовните сцени се слики кои ќе ги изработуваат истакнати домашни и странски уметници. Во тек е јавната набавка за изработка на дваесет вакви сцени од најзначајните историски настани и битки на ова тло - вели Татјана Блажевска, портпаролка на Министерството за култура.
Покрај портретите, во земјава веќе се пристигнати 40 восочни фигури, изработени во Киевскиот музеј во Украина, кои во специјални услови го очекуваат доопремувањето на музејот каде што ќе бидат изложени, а во тек е изработката на уште 65 фигури.

http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=1&EditionID=1914&ArticleID=131072


Back to Top
leonid23 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar
БАНИРАН

Joined: 30-Nov-2009
Location: Strumitza
Online Status: Offline
Posts: 579
  Quote leonid23 Quote  Post ReplyReply #275 Posted: 13-Jan-2010 at 22:16
Ама Шпиц и Време Big%20smile
И малите деца знаат кој стои зад тие 2 пишани медиума Confused
Back to Top
krale View Drop Down
Senior Member
Senior Member

БАНИРАН

Joined: 28-Dec-2009
Online Status: Offline
Posts: 1487
  Quote krale Quote  Post ReplyReply #276 Posted: 14-Jan-2010 at 00:43
Настрана натегањево позиција-опозиција, целава драма ми личи на времето на комунистите кога се цртаа портрети од тито, битките од неретва и сутјеска и истите се поставуваа по фабрики, пошти, трговски центри, железнички и автобуски станици итн.

А друг муабет ми е, дека каква логика во денешно време има да се гради музеј со „цртежи на сцени“? Не ли му текнува на накој малце да користи современи технологии да се претстави историјата на уште повпечатлив начин???
Back to Top
metodius View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 07-Jan-2010
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote metodius Quote  Post ReplyReply #277 Posted: 14-Jan-2010 at 03:46
Околу вклопувањето со околните објекти, ако одиме по таа логика, би требало целиот град да изгледа исто и униформно! На пример, градиме еден објект, и тој носи обележја од романички стил. До него градиме објект кој би се вклопил, исто романички стил. До него градиме стамбена куќа, романика. До неа, архив, погодувате романика. Накаде води ова?! Bonk
Ни земја, ни небо,
Ни пекол, ни рај.

Само ние и сега.
Back to Top
krale View Drop Down
Senior Member
Senior Member

БАНИРАН

Joined: 28-Dec-2009
Online Status: Offline
Posts: 1487
  Quote krale Quote  Post ReplyReply #278 Posted: 14-Jan-2010 at 14:08
Originally posted by metodius

Околу вклопувањето со околните објекти, ако одиме по таа логика, би требало целиот град да изгледа исто и униформно! На пример, градиме еден објект, и тој носи обележја од романички стил. До него градиме објект кој би се вклопил, исто романички стил. До него градиме стамбена куќа, романика. До неа, архив, погодувате романика. Накаде води ова?! Bonk


Најубавите градови во светот се баш такви... само помисли си:

Амстердам
Венеција
Фиренца
Дубровник
Прага

секој од нив си има свој препознатлив печат и по тој униформиран изглед се правело се и се уште се прави.
Back to Top
Dave Gahan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Oct-2008
Location: 42°0′N,21°26′E
Online Status: Offline
Posts: 986
  Quote Dave Gahan Quote  Post ReplyReply #279 Posted: 14-Jan-2010 at 14:36
Originally posted by krale

Најубавите градови во светот се баш такви... само помисли си:АмстердамВенецијаФиренцаДубровникПрагасекој од нив си има свој препознатлив печат и по тој униформиран изглед се правело се и се уште се прави.

КОГА СЕ ГРАДЕНИ ОВИЕ ГРАДОВИ-ЛЕПОТАНИ????

...и стварно ли си мислиш дека Скопје, после оваа акција ќе биде следен на листава!?
MAKE CAPITALISM HISTORY
Back to Top
Шпер View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Jun-2009
Location: Струмица
Online Status: Offline
Posts: 310
  Quote Шпер Quote  Post ReplyReply #280 Posted: 14-Jan-2010 at 23:13

Мара Бунева во февруари во Скопје, а по неа и Ванчо Михајлов


На восочната фигура Ченто е претставен во затвор, дедо Иљо Малешевски носи традиционална малешевска носија. Мисирков и Груев се седнати, Христо Узунов е во поза пред да изврши самоубиство, пишувајќи проштално писмо

Восочната фигура на Мара Бунева ќе стигне во Скопје до петти февруари. Музејот во Киев веќе и ја изработил главата. Сега се прави телото. Гоце Делчев се доработува. Се леат фигурите на Страхил Гигов, Лазар Колишевски и Цветко Узунов - Абаз. Христо Матов, Пере Тошев, Кузман Јосифовски - Питу и Лазар Трповски се готови. До почетокот на идниот месец нивните фигури ќе бидат транспортирани од Украина во Скопје.

Со образложение дека ја овековечува историјата, Владата не се откажа од намерата да ги излее во восок и контроверзните личности од минатото на Македонија. Ванчо Михајлов е во групата на фигури што следни ќе се прават. Фигурата на Тодор Александров е примена во Скопје пред дваесетина дена.

Сите тие се дел од 105-те восочни фигури што ќе бидат изложени во музејскиот комплекс „Македонска борба – Музеј на ВМРО и Музеј на жртвите од комунизмот“ што владата го гради од левата страна на Вардар. Музејот треба да биде готов до крајот на годинава. Тогаш се очекува во Скопје да бидат донесени сите фигури што ќе бидат поставени во него.

Задолжена за изработка на фигурите е скопската фирма „Специјална опрема“, во соработка со експерти од Киев. Директорот Јовица Ѓуричиќ вели дека фигурите ќе чинат 1,5 милион евра. Или, секоја фигура просечно по 15.000 евра заедно со костимите и царинските давачки. Според Ѓуричиќ, тоа е многу поевтино од западните држави каде што изработката на една восочна фигура е од 150.000-200.000 евра или од Русија, каде што цената е 150.000 до 300.000 долари за една фигура.

Додека покрај Вардар интензивно се гради, во Киев интензивно се работи. Седум украински уметници во соработка со пет македонски историчари се обидуваат да ги „трефнат“ и физичките, но и психолошките карактеристики на личностите што ги овековечуваат во восок. Заедно со скулпторите, костимографот и членовите на комисијата од Министерството за култура, тимот задолжен за овој проект брои 20 лица.

- Прво се избира фотографија. Некогаш има многу, но во некои случаи, постои само една фотографија. Од таму се определуваат висината, тежината, бојата на коса и на очи. Потоа се прави психолошки профил за да се погоди изразот на лицето. Во првата фаза, се прави главата на фигурата во глина. Потоа се лее во восок. Косата се става влакно по влакно. Очите ги изработува очен протетичар. Кога главата ќе биде целосно готова, почнува изработката на телото (манекенот). Ако комисијата нема забелешки, се носи костимот во Киев и фигурата се облекува. Така готова ја транспортираме до Скопје во посебни сандаци - велат во „Специјална опрема“.

Досега се донесени 40-тина фигури. Методија Андонов - Ченто е претставен во затвор, облечен во затворска облека. Дедо Иљо Малешевски носи традиционална малешевска носија. Крсте Петков Мисирков и Даме Груев се седнати, Панчо Михајлов-Чавдар е клекнат, а Христо Узунов е во поза пред да изврши самоубиство, како и пишува писмо на мајка си. Фигурите се чуваат во посебна просторија, на температура од најмногу 15 Целзиусови степени. Упатените што имале можност да ги видат восочните фигури велат дека според изработката, тие по ништо не заостануваат зад фигурите во познатиот музеј „Мадам Тисо“ во Лондон.

Целта на поставката во Музејот на ВМРО е да се прикаже историјата на Македонската револуционерна организација. Изборот на програмата во двата музеја е на историчарот Зоран Тодоровски, директор на Архивот на Македонија. Дел од историчарите и Сојузот на борците веќе го оспорија изборот на Михајлов и на Бунева, со образложение дека тие го оспорувале македонскиот идентитет и биле поборници за бугарската кауза.

Владата смета дека и негативните личности се дел од историјата и оти и за нив има место во музеите.

Восочните фигури ќе бидат изложени во Музејот во амбиент соодветен на времето во кое дејствувале личностите, според кои се направени и под посебни светла за што ќе се погрижат експерти од Украина.

Во околните земји, Музеј на восочни фигури има во Јагодина, Србија.


Личности што ќе се најдат во Музејот

ГОТОВИ ФИГУРИ: Крсте Петков Мисирков, Ѓорче Петров, Славчо Ковачев, Методија Шаторов, Методија Андонов -Ченто, Јане Сандански, Павел Шатев, Александар Протоѓеров, Борис Сарафов, Арсение Јовков, Даме Груев, Димо Хаџи Димов, Никола Карев, Димитар Влахов, Христо Узунов, Питу Гули, Тодор Александров, Димитар Поп Георгиев - Беровски, Дедо Иљо Малешевски и Димитрија Чуповски. Донесени се и фигурите на Вилијам Гледсон, Васил Чакаларов, Панчо Михајлов - Чавдар и Драган Богдановски.

ИЗРАБОТЕНИ СЕ И ШЕСТТЕ ОСНОВАЧИ НА ВМРО: Петар Поп Арсов, Иван Хаџи Николов, Христо Батанџиев, Андон Димитров и Христо Татарчев.

ГОТОВИ, СЕ ЧЕКА ДА СЕ ДОНЕСАТ ВО СКОПЈЕ: Христо Матов, Пере Тошев, Кузман Јосифовски - Питу и Лазар Трповски.

СЕ ЛЕАТ: Страхил Гигов, Лазар Колишевски и Цветко Узунов - Абаз.

СЛЕДНИ ФИГУРИ ШТО ЌЕ СЕ ПРАВАТ: Никола Парапунов, Панко Брашнаров, Александар Турунџиев, Петар Чаулов, Ванчо Михајлов, Сирма Војвода, Венко Марковски и Петре Пирузе.

ФИГУРИ НА КОРЕКЦИИ: Ѓорѓи Сугаров, Диме Панџурoв, Алберт Сониксен (секретар на македонскиот комитет во Њујорк, учесник во чети на ВМРО)

НАПРАВЕНИ САМО ГЛАВИТЕ: Мара Бунева, мис Елен Стон.

Автор: Сунчица Стојановска

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=113101023497&id=9&prilog=0&setIzdanie=21883

Ќе има и восочна фигура на Драган Богдановски (1929-1998), еден од основачите на ВМРО-ДПМНЕ во 1990 година. Одлежал 11 години во Идризово (1977-1988). Основач е на Движењето за ослободување и обединување на Македонија во Осло, во 1972 година.



Edited by pbanks - 15-Jan-2010 at 00:58
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 1213141516 50>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.328 seconds.

Copyright ©2007 - 2021  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.