build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Културни
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Музејски комплекс „Македонска Борба“

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 3637383940 50>
Poll Question: Оценка
Poll Choice Votes Poll Statistics
6 [12.00%]
3 [6.00%]
13 [26.00%]
3 [6.00%]
5 [10.00%]
4 [8.00%]
2 [4.00%]
4 [8.00%]
1 [2.00%]
9 [18.00%]
You can not vote in this poll
Total votes: 50   Average: 5.86

Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Auric Goldfinger View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 11-Jul-2011
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote Auric Goldfinger Quote  Post ReplyReply #741 Posted: 15-Sep-2011 at 13:21
Originally posted by macedonia

For those who went in the museum, were there any wax figures of revolutionaries from Lerin region, such as Krste Londev?

-Thanks


As far as I can remember , Lerin (or more correctly Bitola-Lerin region ) revolutionaries were presented with wax figure of Alexander Turundzev .

In every room there were massive paintings of historical events ,with large number of revolutionaries presented.
Perhaps K.Londev was one between them .....



Edited by Auric Goldfinger - 15-Sep-2011 at 16:38
J.Bond: -DO YOU EXPECT ME TO TALK?

A.Goldfinger: -NO MR.BOND, I EXPECT YOU TO DIE !
Back to Top
alexgizh View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 07-Jan-2009
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1968
  Quote alexgizh Quote  Post ReplyReply #742 Posted: 15-Sep-2011 at 13:53
Originally posted by Auric Goldfinger

Originally posted by macedonia

For those who went in the museum, were there any wax figures of revolutionaries from Lerin region, such as Krste Londev?

-Thanks


As far as I can remember , Lerin (or more correctly Bitola-Lerin region ) revolutionaries were presented with wax figure of Alexander Turundzev .

In every room there were massive paintings of historical events ,with large number of revolutionaries presented.
Perhaps K.Londev was one of them .....



There is at least one figure from the Lerin region, Vasil Chakalarov. There was also a vojvoda from the Kostur region, presented as sitting in a small boat, but I forgot his name.
The only thing necessary for the triumph of evil is for good men to do nothing.
Back to Top
shyes View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Sep-2007
Location: Australia
Online Status: Offline
Posts: 259
  Quote shyes Quote  Post ReplyReply #743 Posted: 16-Sep-2011 at 00:48
Originally posted by krale

Имам еден артефакт од македонски војвода (командант), но не знам дали да го донирам или не? Предок ми е.


Види распрашај се дали може предметот да биде изложен во музеот ама пак да е твој, милсам како "lease" (Позајмување) незна како се вика точно по Македонски.   

Edited by shyes - 16-Sep-2011 at 00:51
Back to Top
krale View Drop Down
Senior Member
Senior Member

БАНИРАН

Joined: 28-Dec-2009
Online Status: Offline
Posts: 1487
  Quote krale Quote  Post ReplyReply #744 Posted: 16-Sep-2011 at 08:08
Originally posted by shyes

Originally posted by krale

Имам еден артефакт од македонски војвода (командант), но не знам дали да го донирам или не? Предок ми е.


Види распрашај се дали може предметот да биде изложен во музеот ама пак да е твој, милсам како "lease" (Позајмување) незна како се вика точно по Македонски.   


Артефактот е редок, не би сакал сега детали да изложувам, се работи за дел од воена опрема што се користела во период околу илинденското востание и потоа. Меѓутоа, не сум само јас што се прашувам, сепак е фамилијарно наследство и засега немам намера да го отуѓам, ако некогаш сакаат да биде изложен, тогаш би можела таква опција, бидејќи мене со години ми стои во плакар и само го вадам од време на време.
Back to Top
Шпер View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Jun-2009
Location: Струмица
Online Status: Offline
Posts: 310
  Quote Шпер Quote  Post ReplyReply #745 Posted: 17-Sep-2011 at 09:18

ЕКСКЛУЗИВНО: ВЕЧЕР ОБЈАВУВА ФОТОГРАФИИ ОД МУЗЕЈОТ НА МАКЕДОНСКАТА БОРБА ЗА ДРЖАВНОСТ И САМОСТОЈНОСТ


Македонија и македонскиот народ во царско писмо од 1689 година


"Време е да се дигне глава, ние Македонците имаме право на своја држава" се слуша гласот на Даме Груев во просторијата со импресивна глетка на восочни фигури од шесттемина кои во Солун ја формираа Македонската ревулуционерна организација


Музејот на македонската борба за државност и самостојност врие од посетители. По околу 300 гости дневно, колку што е и капацитетот на Музејот, ги гледаат восочните фигури и импресивните слики високи и до 5-6 метри. Токму при посетата на ВЕЧЕР, кој ја доби ексклузивната можност да ја пренесе поставката на Музејот и со каталогизираните фотографии од внатрешноста, на ред чекаа група моторџии од Велика Британија. Додека разговаравме со директорот на Музејот, Бранислав Светозаревиќ, се вршеа договори за посета на ученици, а пред вратата чекаа десетина љубопитни гости.

"Во изминатите пет работни денови имавме околу 1.500 посетители. Нивните впечатоци се дека Музејот и поставката се импресивни, и дека вакво нешто не виделе на балканските простори", ни вели директорот Светозаревиќ во фоајето на Музејот, каде централно место зазема Декларацијата за независност на Република Македонија. Од приземјето до катовите на модерно опремениот Музеј водат впечатливи мермерни скали. Низ времето не водат приказните на одлично информираните водачи. Стартот е резервиран за Карпошовото востание. Водичот го потенцира писмото на австрискиот цар Леополд до македонскиот народ. Уште во далечната 1689 година Леополд во Карпош гледа иден цар на Македонија, а во писмото Македонија јасно е спомената повеќе пати. Во првата соба не дочекуваат звуци од кавал, и фигурите на Румена војвода која била три години ајдутин по што ја убиле нејзините луѓе, а "друштво" и прават Дедо Иљо Малешевски и Толе Паша, и тој убиен од своите луѓе во 1904 г. Во следната соба се гледа вреден експонат - кубура којашто е функционална и денес. Од слика на турските реформатори Абдул Меџид и Абдул Азис таму може да се дознае и дека во 19 век во Македонија интензивно почнале да се градат и обновуваат цркви и манастири, кои дотогаш не смееле да се градат.

Следи 19 век, во просторија каде што се гледа англискиот државник Вилијам Гледстон, кој уште тогаш кажал "Македонија на Македонците". Водачите на Разловечкото и Македонското (познато како Кресненско) востание, Поп Стојан Разловечки и Димитар Поп Георгиев-Беровски ги гледаме во просторија на чиј под се живо претставени вештачка кал и вода. До сликата од Македонското востание во селото Кресна (1878 г.) е ставен оригиналниот печат, каде пишува Македонско востание. Живо претставени на слики и како фигури се и Крсте Петков Мисирков, Миладиновци, Прличев, Наим Фершери, Гоце Делчев, Даме Груев, Пере Тошев... Започнува 20 век. Ја гледаме камата и револверот во кои се колнеле ревулуционерите. Понатаму не чека импресивна глетка - седнати во соба со автентичен мебел од тоа време, ги гледаме шесттемина кои во Солун ја формираа Македонската револуционерна организација. Тука е и Уставот напишан од Гоце Делчев и Даме Груев, а во позадина се слуша македонски актер како ги чита зборовите на Груев: "Време е да се дигне глава, ние Македонците имаме право на своја држава". Додека на монитор течат архивски снимки од историјата на Македонија, влегуваме во просторија, исто со под "од кал", каде ги гледаме Мис Стон и Јане Сандански.

Полека го напуштаме првиот кат, и по скали се качуваме до "Битката кај Мечкин Камен". Сега "од кал" одиме "по трева". Не дочекуваат Питу Гули и Борис Сарафов, кој, како што вели водичот, добро котирал кај странските жени, а парите што ги извлекувал од нив ги давал за организацијата. Гледаме манлихерки, маузери, берданки...

Во следната огромна просторија има слики големи и до 5-6 метри. Претставено е убиството на Гоце Делчев, а впечатлива е и восочната фигура на обесениот Александар Турунџе.
"Го обесиле ноќта, околу 3-4 часот, за утрото луѓето да видат како не требало да се однесуваат", вели водичот.

По импресивните фотографии на убиениот Даме Груев и Крушевскиот манифест, со исечени и крвави стапала ја гледаме измачената Наца Пинpbanksва, баба на Страшо Пинџур.
Влегуваме во соседната просторија, а во позадина се слушаат звуци на зурли и истрели. Со митролезот кој го нарекле Максим започнува Првата светска војна, а до периодот на Втората светска војна ги гледаме Ѓорче Петров, Тодор Александров, Владо Черноземски...
Се продолжува со поновиот период, се слуша Интернационалата, гледаме восочна фигура од мртвиот Коста Солев Рацин, потресни слики од македонски маченици на Голи Оток, па Методија Андонов-Ченто, фотографии од осудените и репресирани за Македонија, струмичките студенти убиени со по еден куршум во главата и еден во срцето...

Музејот не остава простор за рамнодушност. Историјата е насликана живо и верно. Од победи до најголеми порази. Македонци, Албанци, Власи..., сите позначајни борци и страдалници за Македонија се вечно сместени во зградата покрај Вардар, а ги чуваат реплики на црешовото топче. А сето тоа нема да остане само на оваа фаза, вели директорот Бранислав Светозаревиќ најавувајќи дека ова е само почеток на она што Музејот треба да го направи со својата улога, во државата и регионот. Музејот ги отвора своите врати од вторник до сабота од 12 до 20 часот, во недела од 12 до 16 ч., а во понеделник не се работи. Билетот чини 100 денари, а групни посети - 50 денари.



Фрапирани од висината на Гоце Делчев
Сите восочни фигури ги претставуваат личностите во оригиналната височина и тежина. Можеби најинтересна е појавата на Гоце Делчев, кој е висок околу 165 сантиметри. "Да, повеќе од луѓето се изненадени од неговата висина. Но бил човек со големо срце", објаснува водичот по коментарот околу големината на Делчев.

Се чекаат фигури на Киро Глигоров и Тито
Во Музејот ќе бидат поставени уште восочни фигури, а ќе се зголемува и квадратурата на музејската поставка. Засега меѓу фигурите што треба да пристигнат се и оние на Киро Глигоров и Јосип Броз Тито. 

Јованка Орлеанка од Македонија
За историјата сведочат и исечоци од француски весници кои пишуваат за македонското востание. Една од сликите на текстовите, која датира од 1903 година, е насловена "Јованка Орлеанка од Македонија".

Околу 15.000 евра за восочна фигура
Дел од восочните фигурите чинат по околу 15.000 евра. Директорот на Музејот вели дека министерот за култура на Хрватска при неодамнешната посета кажал дека за восочните фигури во Хрватска платиле неколку пати повеќе.


(Де.Т.)http://www.vecer.com.mk/?ItemID=0507B8A61D78C245AD28B5B51007F604


Edited by Cloverstack - 17-Sep-2011 at 23:22
Back to Top
krale View Drop Down
Senior Member
Senior Member

БАНИРАН

Joined: 28-Dec-2009
Online Status: Offline
Posts: 1487
  Quote krale Quote  Post ReplyReply #746 Posted: 17-Sep-2011 at 12:56
Како бе капацитетот е 300 гости дневно? Тоа е мизерно.
Back to Top
fichot View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-Feb-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2463
  Quote fichot Quote  Post ReplyReply #747 Posted: 17-Sep-2011 at 13:25
Некаде прочитав дека со водичот во одреден период шета само група од 10-15 луѓе (од безбедносни причини). Затоа толку мал капацитет.

Треба да се вработат повеќе водичи, за да може барем по 3-4 групи истовремено да шетаат низ музејот. Ќе се намали чекањето и ќе се зголеми капацитетот. Со вакво темпо ќе треба 15 години да поминат да стане музејот профитабилен.
Back to Top
MGS View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 10-May-2011
Location: Охрид,МКД
Online Status: Offline
Posts: 303
  Quote MGS Quote  Post ReplyReply #748 Posted: 17-Sep-2011 at 14:25
300 луѓе максимум дневно е стварно мизерна бројка.Мора да се менува нешто барем капацитетот да стане приближно 1000 дневно.
Back to Top
Alex View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 17-Jun-2009
Location: Paris / Ohrid
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote Alex Quote  Post ReplyReply #749 Posted: 19-Sep-2011 at 08:49

Глигоров и Тито и се' уште не се во Музејот на ВМРО

Недостигаат уште девет восочни фигури на кои само главата, вратот и дланките им се од восок


Катерина Богоева

Дали навистина Гоце Делчев бил толку висок? Ова е најчестото прашање што им го поставуваат на кустосите, водичи во новиот музеј крај Вардар, посетителите чијшто број дневно се движи помеѓу 300 и 400 луѓе. Патот до Музејот на македонската борба за државност и за самостојност, музеј на ВМРО и музеј на жртвите на комунистичкиот режим, доколку се доаѓа од градскиот плоштад, води крај високите и маркантни скулптури на историските личности, така што првата средба со презентираните восочни фигури на дел од нив, е и еден вид соочување со нивните физички големини.

Во овој современо технички опремен и конципиран музеј, каде што со другите восочни фигури се претставени и контроверзните личности: Тодор Александров, Ванчо Михајлов, Мара Бунева, се' уште не е поставена фигурата на Јосип Броз-Тито, која поради незадоволителниот изглед е вратена на доизработка во Украина. Ја нема ниту фигурата на поранешниот претседател на државава, Киро Глигоров, која се чека да биде изработена, а ќе треба да биде поставена на заедничката маса, на која веќе седат фигурите на историските личности од Првото заседание на АСНОМ.

Во овој музеј, и покрај атрактивноста на восочните фигури кои за првпат се поставуваат во земјава, фотографирањето се' уште не е дозволено, како и снимањето со камера, така што посетителите, и да сакаат, не можат да се фотографираат, на пример, со високиот Јане Сандански и со незаборавната Мис Стон, а да си ја понесат дома фотографијата. А, токму во тоа и треба да лежи и магијата на овие фигури (чијашто цена на само една од нив е 15 илјади евра), да се овековечите себеси покрај некој од вашите историски јунаци, или покрај јунаците на вашите предци.

Со забраната на фотографирање, оваа новоформирана национална установа сака да си ја зачува својата ексклузивност, бидејќи, како што потенцира директорот Бранислав Светозаревиќ, „на овие блиски простори не ни може да се спореди со некој друг музеј “.

Костимографката Зорица Тодоровска-Младеновиќ, авторка на костимите за фигурите што се облекуваа во Украина, каде што и се изработувани, е задоволна од музејската концепција, но и' пречи што морала да го преработи изгледот на костимите и фактот дека од восок се изработени само главите, дел од вратот и дланките на фигурите.

„Морав да го преработам и костимот на Ристо Шишков. Планирав тој да има раскопчана кошула, бидејќи го знаеме и како боем, но мораше да биде повисоко закопчан. Такви се, на пример, и костимите на затворениците претставени во затворите на Голи Оток, во Идризово. И тие требаше да бидат поразголени“.

А, во музејската поставка, распослана на површина од 2.000 квадратни метри, во 12 одделенија историјата е доловена визуелно и звучно. Почнува со периодот на ајдутството - вооружениот отпор против османлиското владеење во Македонија и се протега се' до Народноослободителната борба 1941-1944 година. Во нејзиното конципирање учествувале и стручни лица од Музејот на Македонија и од Музејот на град Скопје.

Ликовните претстави, портрети и масовни сцени, изработени од автори од Руската Федерација, Украина, Бугарија и од Македонија, се поставени речиси низ сета музејска зграда. Најмногу ги има во поставката, а изложени се и во останатите музејски делови, а историјата се доловува преку восочните фигури (кои очекувано веднаш го привлекуваат вниманието) и преку оригинални предмети и документи и нивни копии, фотографии. Вкомпонирани во амбиенталните претстави на историските случувања се и неколку документарни филмови, а атмосферата ја доловуваат и гласови, исечоци од радиодрами, од политички говори.

Масовните сцени „Тиквешко востание“, „Основачкиот конгрес на ВМРО“, изработени од сликарите од Руската Федерација, како и впечатливата претстава на „Битката на Криволак“, се поставени во приземниот дел. На првиот кат недостасува најавената музејска библиотека, а може да се забележи и дека во самата поставка има празни места. Недостасуваат и девет фигури од вкупно планираните 109.

Се' уште фиксализација чекаат сувенирите со мотиви од музејот поради што не можат да се купат. Можат само да се погледнат додека се чека да се оформи група за посета и бесплатно да се испие вода или сок, седејќи на неколку поставените стола.

При конципирањето на музејот, кој стартуваше без одржана прес-конференција, не беше консултиран единствениот музеолог во државата, професорот во пензија, Крсте Богоевски, претседател на националниот комитет на меѓународната организација „Син штит“. Тој се' уште не влегол во музејот, а деновиве изјави дека претпоставува дека таквото несоодветно однесување е резултат токму на недовршените, а предвидени музејски содржини.

И сликарот Павле Кузмановски, кој е автор на портретот на Димо Хаџи Димов што го изработил по цртеж од една поштенска марка, се' уште не влегол во музејот. Тој, како и останатите автори на изложените дела, бил поканет на свеченоста на отворањето на зградата, но влезот не им бил дозволен вечерта на осми септември.

Меѓу сликите изработени од македонските уметници, се и заедничкиот портрет на Браќа Миладиновци, дело на Владимир Георгиевски, портретите на Тодор Александров и на митрополитот Натанаил Кучевишки, изработен од Атанас Ботев, портретот на Румена војвода, дело на Константин Качев, портретот на Мишо Шкартов, изработен од сликарот Гоце Јакимовски-Божурски и др.

Директорот Светозаревиќ потенцира дека се' уште нема официјални реакции по повод отворањето на музејот од страна на Србија, Бугарија и на Грција, но и дека посетителите од овие земји поставката ја оцениле како модерна и успешна.

„Не сакаме да ги повторуваме досегашните грешки, да не се споменуваат познати личности од нашата историја. Во музејот, освен Македонци, има и Грци, Срби, Турци, Бугари, Англичани, личности што учествувале во нејзиното создавање. На посетителите треба да им биде јасно дека нашата историја не е создавана праволиниски, туку дека одела по нагорна и надолна линија. Музејот е, сепак, атракција, треба да понуди непосредно доживување, фактографски ги прикажува масовните сцени и фигурите, а тоа значи дека ниту една личност не се глорифицира.

Ванчо Михајлов е прикажан таков како што и бил. Давал наредби за убиства, ВМРО го претворил од револуционерна организација, во терористичка. Прикажан е затоа што имал силно влијание, бил на чело на организацијата, дел е од нашата историја и не можеме да го криеме. На крајот на краиштата, напишани се томови книги за тие личности и најмала задача на музејот е да им го намали значењето“, рече Светозаревиќ, кој не дозволи да го фотографираме во музејската зграда, туку надвор од неа. Посебно се гордее со изложените оригинални печати што се сметаат за реткост, печатот на Кумановската револуционерна организација и на Леринскиот револуционерен округ. Напомена дека посетителите му коментирале дека делот посветен на Музејот на жртвите на комунизмот треба да биде поголем, затоа што не им е познат тој период од историјата.

Во тој дел од поставката, под наслов „Културни дејци репресирани од комунистичкиот режим“, се изложени и фотографии на писателите Душко Наневски, Јован Точко, Венко Марковски, на композиторот Кирил Македонски, на поетот Јован Котески, на актерот Ристо Шишков, како и автопортрет на сликарот Родољуб Анастасов. Таму се наоѓа и восочната фигура на Методија Андонов-Ченто, кого во целосна големина, пак, го насликал Данчо Кал‘чев. Ченто во затворот во Идризово е претставен изнемоштен, во седната положба.

А на плоштадот „Македонија“, посетителите можат да се сретнат со неговата голема скулптура, со белата претстава во мермер, со испружена рака.

Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #750 Posted: 19-Sep-2011 at 18:49

Прво најава, па влез во Музејот на ВМРО
Македонија | 19. септември 2011 - 14:17
Од новоотворениот музеј денеска информираа дека поради огромниот интерес секоја организирана посета треба да биде однапред најавена

Share28
Поради огромниот интерес за посета на музејот, управата ја информираме јавноста дека секоја организирана посета на оваа установа треба претходно да биде најавена.

„Музејот на македонската борба за државност и самостојност“-Музеј на внатрешно-македонска револуционерна организација и Музеј на жртвите од комунистичкиот режим, предизвика голем интерес и секојдневно е посетуван како од граѓаните на Република Македонија, така и од туристите кои секојдневно пристигнуваат во нашиот град“, стои во соопштението потпишано од директорот Бранислав Светозаревиќ.

Од музејот како лице за контакт го определиле Влатко Трајковски кој е достапен на телефонскиот број 078/725 978


http://press24.mk/story/makedonija/prvo-najava-pa-vlez-vo-muzejot-na-vmro
Back to Top
alexgizh View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 07-Jan-2009
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1968
  Quote alexgizh Quote  Post ReplyReply #751 Posted: 19-Sep-2011 at 19:10
Во ред, така ќе се справат и со непотребна гужва и чекање.

А, господа, ВЕБ САЈТ??? Толку ли е тешко?
The only thing necessary for the triumph of evil is for good men to do nothing.
Back to Top
Шпер View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Jun-2009
Location: Струмица
Online Status: Offline
Posts: 310
  Quote Шпер Quote  Post ReplyReply #752 Posted: 19-Sep-2011 at 19:47
Значи секоја ОРГАНИЗИРАНА посета да се најави
Тоа е добро, има многу луѓе поединци или во мало друштво по 3-4 кои планираат да одат, па не е фер да ги вратат.
Здравје во среда и јас планирам да го посетам музејот...
Back to Top
Makedonij View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Apr-2009
Location: Celje - Виница
Online Status: Offline
Posts: 2185
  Quote Makedonij Quote  Post ReplyReply #753 Posted: 21-Sep-2011 at 09:23
Applause

Браво, едвај чекам кога ќе можам да го посетам.
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3646
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #754 Posted: 21-Sep-2011 at 11:13

Музејот на македонската борба - најпосетен


Музејот на македонската борба чини 12,6 милиони евра. Барем со ова бројка е запозната јавноста

 
 
%20  
Но засега, од сите готови објекти од проектот „Скопје 2014“, тој привлекува најголемо внимание кај странските, а уште повеќе кај домашните туристи. Граѓани чекаат и по еден час за да влезат. Според правилата, него може да го видат најмногу 500 посетители. Влезницата е 100 денари од посетител. Музејот работи секој ден, освен понеделник.

Според нашите математики, само со парите од влезниците, а под услов секој ден да има по 500 посетители, музејот ќе го исплатиме за околу 50 години. Само со влезници за 312 дена во годината, колку што ќе работи, музејот ќе заработува 15,6 милиони денари, или 253.658 евра.

Масовните сцени од македонската историја, восочните фигури и портрети на историски личности чинат 3 милиони евра, за изградба на зградата се потрошени 5,2 милиони евра, а за осветлување и витраж 650.000 евра. Во сценографијата и ентериерот се вложени 2,3 милиони, а за мебел - 818.000 евра.

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=92111839414&id=9&prilog=0&setIzdanie=22386
Back to Top
4skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 22-Feb-2011
Online Status: Offline
Posts: 284
  Quote 4skopje Quote  Post ReplyReply #755 Posted: 23-Sep-2011 at 16:12
Bev denes vo Muzejot.Imase nekoj grupi od ucilista i vlegov so niv.Ne cekav ni 15 min . I ....navistina sto da kazam osven ApplauseApplauseApplause
Back to Top
4skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 22-Feb-2011
Online Status: Offline
Posts: 284
  Quote 4skopje Quote  Post ReplyReply #756 Posted: 23-Sep-2011 at 16:17
p.s. Osven mesinganite plocki na koj gi pisuva licnostite(vo temno,a temno e , ne se citaat)
Back to Top
HugoGoulding View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 05-Feb-2011
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1303
  Quote HugoGoulding Quote  Post ReplyReply #757 Posted: 26-Sep-2011 at 18:43
Нели на врвот на куполата треба знамето да се вее? или грешам?
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #758 Posted: 14-Oct-2011 at 22:23

ОД ОТВОРАЊЕТО, ЗА САМО ЕДЕН МЕСЕЦ


10.000 посетители во Музејот на македонската борба

Од отворањето на Осми септември до осми октомври, за само еден месец, "Музејот на македонската борба за државност и самостојност" го посетиле дури 10.000 гости!

"Музејскиот комплекс е проследен со одлична посетеност и огромен интерес, како од македонските граѓани така и од странските граѓани и туристи. Посетителите се од сите возрасти и категории на граѓани, но сепак најбројни биле учениците од нашата држава. Покрај учениците, Музејот го имаат посетено голем број пензионери, здруженија на граѓани, новинари од Македонија и регионот, лица со посебни потреби, министри од Владата на Македонија, како и делегации од странските амбасади во Македонија, делегации од Министерствата за култура од Црна Гора, Босна и Херцеговина, Австрија и Хрватска, како и новинари од Њујорк Тајмс и повеќе германски медиуми", велат од Министерството за култура.

Музејот останува отворен за сите посетители и неговото работно време е секој ден освен понеделник, од 12 до 20 часот, а во недела од 12 до 16 часот.
http://www.vecer.com.mk/?ItemID=E270E1E99F2A274F90A49D73FC3621B1
Back to Top
xnx View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 05-Apr-2009
Online Status: Offline
Posts: 1913
  Quote xnx Quote  Post ReplyReply #759 Posted: 15-Oct-2011 at 09:50
treba da go posetam nekako da bev do drug grad, prvo nesto sto ke posetev se muzei. vo svoj grad ni na kraj pamet ne mi e. denes ke odam.. isto i vo muzejot na holokaustot...
Back to Top
milena View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 22-Aug-2011
Online Status: Offline
Posts: 184
  Quote milena Quote  Post ReplyReply #760 Posted: 20-Oct-2011 at 12:28
Bas se pogodi ponedelnik koga bev vo Sk i ne rabotese muzejot, no od nadvor od prozorcite moze da se dzirne, nikoj ne brani, i od toa sto uspeav da vidam mozam da kazam deka e nesto profesionalno
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 3637383940 50>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.186 seconds.

Copyright ©2007 - 2020  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.