build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Културни
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Музејски комплекс „Македонска Борба“

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 3738394041 50>
Poll Question: Оценка
Poll Choice Votes Poll Statistics
6 [12.00%]
3 [6.00%]
13 [26.00%]
3 [6.00%]
5 [10.00%]
4 [8.00%]
2 [4.00%]
4 [8.00%]
1 [2.00%]
9 [18.00%]
You can not vote in this poll
Total votes: 50   Average: 5.86

Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
xnx View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 05-Apr-2009
Online Status: Offline
Posts: 1904
  Quote xnx Quote  Post ReplyReply #761 Posted: 20-Oct-2011 at 14:25
bev da go posetam i mnogu prijatno se iznenadiv... imam nekoi zamerski za bojata vo vlezniot hol i za nekoi cudni ogledalni zidovi na posledniot kat, megutoa postavkata e mnogu mnogu kvalitetno napravena... ambientite na sobite se uspesno doloveni, dodeka vosocnite figuri se tolku kvalitetno izraboteni sto milsis deka ke ti prozborat vo sekoj moment kako i da e, vakov muzej kaj nas ne sum videl do dega...
Back to Top
Superman View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Jun-2010
Online Status: Offline
Posts: 154
  Quote Superman Quote  Post ReplyReply #762 Posted: 24-Oct-2011 at 17:56
Огромен интересот за Музејскиот комплекс македонска борба

Елизабета Мемиќ
14.000 посетители досега ја погледнале поставката на “Музеј на македонска борба за државност и самостојност, Музеј на ВМРО и Музеј на жртвите на комунистичкиот режим“, но своето воодушевување од отворањето на музејот македонските граѓани го изразуваат и преку подарување на вредни документи од периодот кој е застапен во музејската поставка 18, 19 и 20 век.

Поставката во музејскиот комплекс е составена од оригинални документи, фотографии, филмски материјали, збогатена и со ликовни прикази на значајни историски сцени од македонското минато и со 105 восочни фигури на значајни личности од македонската историја е мотивирана од грижата за историјата, но и од токму таа да биде мост меѓу македонското минато и иднина.

Исклучително важни документи од периодот на почетоците на македонската револуционерна организација од 18 век се депонирани во музејскиот комплекс.

Музејот на македонската борба ги одразува посебноста и независноста на македонското револуционерно движење на неговиот легитимитет, идентитет и нaционална гордост, како нераскинлив дел на историското и културното наследсtво на македонскиот народ и на неговите револуционерни традиции.


Има видео од внатре!

http://www.mtv.com.mk/mk/vesti/makedonija/29188/ogromen_interesot_za_muzejskiot_kompleks_makedonska_borba.aspx

Edited by Superman - 24-Oct-2011 at 17:57
The One Whose Name Cannot Be Spoken...
Back to Top
Шпер View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Jun-2009
Location: Струмица
Online Status: Offline
Posts: 310
  Quote Шпер Quote  Post ReplyReply #763 Posted: 31-Oct-2011 at 21:28
Влезница за Музејот
Back to Top
Шпер View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Jun-2009
Location: Струмица
Online Status: Offline
Posts: 310
  Quote Шпер Quote  Post ReplyReply #764 Posted: 31-Oct-2011 at 21:47
Од документарната серија за ВМРО што се емитува секое попладне на МТВ (епизодите ги има на youtube) овие слики од восочните фигури успеав да ги копирам:
Димитар Поп Георгиев Беровски

Основачите на ВМРО

-Даме Груев

-Петар Поп Арсов

-Иван Хаџи Николов

-Христо Батанџиев

-Христо Татарчев

Гоце Делчев

Пере Тошев

Јане Сандански


Ѓорѓи Сугарев

Крсте Мисирков

Борис Сарафов

Алберт Сониксен


Христо Узунов

Христо Матов

Петар Чаулев


Димитар Влахов

Тодор Александров


Александар Протогеров

Панчо Михајлов

Генерал Михајло Ковачевиќ

Мара Бунева

Велимир Прелиќ

Владо Георгиев Черноземски

Немам информации (најверојатно Димо Хаџи Димов)

Иван (Ванчо) Михајлов




Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #765 Posted: 31-Oct-2011 at 21:59
браво си се потрудил
Back to Top
spaceman091 View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 26-Dec-2009
Online Status: Offline
Posts: 516
  Quote spaceman091 Quote  Post ReplyReply #766 Posted: 02-Nov-2011 at 19:54
bev vcera vo muzejot mora da kazam fenomenalen e, samo vodicot bese katastrofa mu se brzase ocigledno i vo trcanje se pomina cel muzej ali toa e ke treba pak da otidam...
Back to Top
Djole88 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-May-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 612
  Quote Djole88 Quote  Post ReplyReply #767 Posted: 03-Nov-2011 at 13:00
Originally posted by spaceman091

bev vcera vo muzejot mora da kazam fenomenalen e, samo vodicot bese katastrofa mu se brzase ocigledno i vo trcanje se pomina cel muzej ali toa e ke treba pak da otidam...


Сеуште не сум бил, некако чекав да пројде гужвата. Кажи ми како беше со гужва и дали водичот е паметна работа? Дали вреди така да се пројде музејот или самостојно е подобро?
Back to Top
spaceman091 View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 26-Dec-2009
Online Status: Offline
Posts: 516
  Quote spaceman091 Quote  Post ReplyReply #768 Posted: 03-Nov-2011 at 15:54
vodicot bese katastrofa imase 2 vosocni figuri od nekoj albanci za niv nisto ne kaza i sve nekako na brzanje znaci objasnuva edna rabota ti uste si nemal vreme da gi primis informaciite odma so novi raboti te bombardira
nemase mnogu guzva jas bev nekade okolu 17 casot
Back to Top
tiberix View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 15-Aug-2011
Location: Sofia
Online Status: Offline
Posts: 284
  Quote tiberix Quote  Post ReplyReply #769 Posted: 03-Nov-2011 at 16:40
Dobro... kako moze biletot da e tolku infantilen???
Back to Top
Stibera View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Oct-2010
Online Status: Offline
Posts: 117
  Quote Stibera Quote  Post ReplyReply #770 Posted: 03-Nov-2011 at 23:36
Originally posted by Шпер

Од документарната серија за ВМРО што се емитува секое попладне на МТВ (епизодите ги има на youtube) овие слики од восочните фигури успеав да ги копирам:

 

 

 
Гоце Делчев
 

 Не гои коемнтирам другите како се направени, но ми е криво зашто е лошо направен Гоце Делчев. Се гледа од сликата дека воопшто не личи.
 

Back to Top
spaceman091 View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 26-Dec-2009
Online Status: Offline
Posts: 516
  Quote spaceman091 Quote  Post ReplyReply #771 Posted: 04-Nov-2011 at 12:39
dobar e goce delcev napraven spored mene, nie pretezno ja znaeme ovaa slika stibera sto ja stavi i taa se koristi no vidi gi ovie sliki ke kazes deka ova e nekoj drug a ne goce delcev





Back to Top
UrbanFreak View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Oct-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1732
  Quote UrbanFreak Quote  Post ReplyReply #772 Posted: 04-Nov-2011 at 12:51
На последнава слика, на Мексиканец личи Гоце Big%20smile
אל תסתכל בקנקן, אלא במה שבתוכו
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #773 Posted: 06-Nov-2011 at 01:40
Го посетив музејов, ми се допаѓа како првични впечатоци, имаат доста артефакти од оружје, фигурите се доста реалистични, особен впечаток ми остави Јане Сандански. И ако некој од музејов чита има една грешка што треба да ја поправат, за да биде историски верна репрезнтација тамо каде што има мала реплика на првото заседание на АСНОМ знамето Американско во позадина треба да биде она со 48 ѕвезди кога се случувал тој настан, а не денешното со 50 кое што го имаат поставено во музејот.



Edited by lslcrew - 06-Nov-2011 at 01:40
Back to Top
alexgizh View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 07-Jan-2009
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1967
  Quote alexgizh Quote  Post ReplyReply #774 Posted: 06-Nov-2011 at 15:10
Originally posted by lslcrew

Го посетив музејов, ми се допаѓа како првични впечатоци, имаат доста артефакти од оружје, фигурите се доста реалистични, особен впечаток ми остави Јане Сандански. И ако некој од музејов чита има една грешка што треба да ја поправат, за да биде историски верна репрезнтација тамо каде што има мала реплика на првото заседание на АСНОМ знамето Американско во позадина треба да биде она со 48 ѕвезди кога се случувал тој настан, а не денешното со 50 кое што го имаат поставено во музејот.



...како и тогашното македонско знаме со поголема ѕвезда во средина.
The only thing necessary for the triumph of evil is for good men to do nothing.
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #775 Posted: 08-Nov-2011 at 19:01
Маршалот Тито и Глигоров во Музејот на ВМРО
Вторник, 08 Ноември 2011 16:05
Сподели
Споделете ја веста со Вашите пријатели
Јосип Броз Тито и Киро Глигоров се новите восочни фигури кои наскоро треба да пристигнат во Музејот на македонската борба.

Маршалот Тито ќе биде претставен во друштво на Колишевски, Цветан Узуновски и Страхил Гигов, додека првиот претседател на независна Македонија Глигоров ќе биде прикажан како делегат на првото заседание на АСНОМ.

Фигурите на Кемал Ататурк, Никола Русински, Александар Караѓорѓевиќ и уште многу личности кои оставиле белег во македонската историја треба да пристигнат во наредниов период.

Директорот на музејот, Бранислав Светозаревиќ, по примерот на најпознатите музеи во светот, најави и изработка на фигури за слепи лица.

-Да донесеме фигури за слепи лица во Музејот, моментало е само идеја прифатена од нашиот Управен одбор која треба да се разработи. Сакаме да направиме исчекор и да им овозможиме на слепите лица со опипување да го доживеат ликот на восочните фигури, изјави за Курир, директорот на музејот Светозаревиќ.

Фигурите за слепи ќе бидат исти како обичните восочни фигури, но изработени од различен материјал.

Покрај восочните фигури, во Музејот има и експонати, фотографии, акти и документи, слики за важни настани, како и изложбени поставки кои го раскажуваат создавањето независна, самостојна и демократска држава.

Во музејот се прикажани сите премрежиња во револуционерното и политичкото минато на Македонија и нејзиниот народ на патот на остварувањето на слободарската визија, а поставена е и Декларацијата на независноста од 1991 година.
http://kurir.mk/makedonija/vesti/48932-Marsalot-Tito-i-Gligorov-vo-Muzejot-na-VMRO
Back to Top
Superman View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Jun-2010
Online Status: Offline
Posts: 154
  Quote Superman Quote  Post ReplyReply #776 Posted: 08-Nov-2011 at 21:20


Фигурите за слепи ќе бидат исти како обичните восочни фигури, но изработени од различен материјал.



Edited by Superman - 08-Nov-2011 at 21:21
The One Whose Name Cannot Be Spoken...
Back to Top
MGS View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 10-May-2011
Location: Охрид,МКД
Online Status: Offline
Posts: 296
  Quote MGS Quote  Post ReplyReply #777 Posted: 09-Nov-2011 at 15:56
Дали во музејов може да се купат сувенири??
Back to Top
Шпер View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Jun-2009
Location: Струмица
Online Status: Offline
Posts: 310
  Quote Шпер Quote  Post ReplyReply #778 Posted: 09-Nov-2011 at 15:57
ЕКСКЛУЗИВНО: НОВИ ВОСОЧНИ ФИГУРИ НА ПАТ ЗА МУЗЕЈОТ НА МАКЕДОНСКАТА БОРБА ЗА ДРЖАВНОСТ И САМОСТОЈНОСТ

Тито и Глигоров комшии во Скопје!

Се разбира, не лично, туку нивните восочни фигури. ВЕЧЕР дознава дека фигурите ќе стигнат кон крајот на месецов, а покрај тоа ви откриваме и нови пикантни детали. На пример, Киро Глигоров на фигурата има само 27 години! Млад, со кадрава коса, седи на маса со политичарката Малинска. Функцијата му е записничар и делегат на Првото заседание на АСНОМ во 1944 година.

Тито и Киро Глигоров заедно ќе пристигнат во Скопје! Се разбира, не лично, туку нивните восочни фигури кои ќе го красат Музејот на македонската борба за државност и самостојност. ВЕЧЕР дознава дека фигурите ќе стигнат кон крајот на месецов, а покрај тоа ви откриваме и нови пикантни детали. На пример, Киро Глигоров на фигурата има само 27 години! Млад, со кадрава коса, седи на маса со политичарката Малинска. Функцијата му е записничар и делегат на Првото заседание на АСНОМ во 1944 година. Фигурата е создавана според оригинална фотографија од тоа време, чијшто дел ВЕЧЕР, исто така, ви го прикажува. Тито, пак, ќе биде поставен како стои над Лазар Колишевски, Страхил Гигов и Цветан Узуновски Абаз.

Тито стои над нив, а тројцата седат на маса. Пред нив има телефони. На сцената е претставено како му укажуваат на Тито што се случило во Македонија во врска со апсењето и стрелањето на невини жртви", ни објасни Зоран Тодоровски, директор на Државниот архив и еден од авторите на содржинската концепција на Музејот. Тој ни открива и дека фигурата на Глигоров ќе биде поставена токму во сцената со АСНОМ.

На посебна масичка ќе седи со Веселинка Малинска, а ќе биде претставено како водат записник од Првото заседание на АСНОМ. На главната маса, пак, седи Претседателството на АСНОМ", ни вели Тодоровски.

Засега се чекаат и други фигури од Претседателството на АСНОМ, односно онаа на Емануел Чучков. Останатите восочни фигури што треба да пристигнат се: Александар Караѓорѓевиќ, Кемал Ататурк, Хусеин Хилми паша, Никола Русински, Анастас Лозанчев, Владимир Пингов.

Инаку, Музејот продолжува со фуриозното темпо, па и вториот месец работи со полна пареа. Директорот Бранислав Светозаревиќ ни кажа дека по десетте илјади посетители во првиот месец, и во вториот месец имале исто толку гости.

Од тој број 1.500 се странци. Во Музејот пристигнаа и шеикот од Катар, претседателот на Уставниот суд на Србија, делегации...", ни рече Светозаревиќ.

Музејот на македонската борба за државност и самостојност беше свечено отворен на 8 Септември годинава.

Музејот и за слепи лица
Директорот на Музејот за ВЕЧЕР откри дел од новите амбиции - се планира да се направат фигури и за слепи лица!
Ќе се обидеме да направиме фигури што ќе можат да ги почувстуваат на допир слепите лица. На пример Дедо Иљо Малешевски да го направиме од друг материјал. Такви фигури има само во неколку музеи во светот. Фигурите би биле сместени меѓу постојаната поставка, така што би се доживеале и звуците. Треба да обучиме и дел од нашите луѓе за специјално опишување на таквата поставка. Оваа почетна идеја е поздравена од Управниот одбор", ни откри директорот Светозаревиќ велејќи дека ова е само почеток на она што следува и во поглед на збирката и во поглед на збогатување на презентацијата.

http://www.vecer.com.mk/?ItemID=847CCC4BBB6EEB479132B1D114E2427A
Back to Top
Superman View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Jun-2010
Online Status: Offline
Posts: 154
  Quote Superman Quote  Post ReplyReply #779 Posted: 10-Nov-2011 at 00:36
Originally posted by MGS

Дали во музејов може да се купат сувенири??


Да, има gift shop. Продаваат маички, шолји, минијатури од музејот, ама цените не ги видов.
The One Whose Name Cannot Be Spoken...
Back to Top
Stibera View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Oct-2010
Online Status: Offline
Posts: 117
  Quote Stibera Quote  Post ReplyReply #780 Posted: 10-Nov-2011 at 16:50
Originally posted by spaceman091

dobar e goce delcev napraven spored mene, nie pretezno ja znaeme ovaa slika stibera sto ja stavi i taa se koristi no vidi gi ovie sliki ke kazes deka ova e nekoj drug a ne goce delcev







Значи потполно се надоврзуваш на мојата констатација. Сите ја знаете изреката да се преставиме во вистинско светло. Епа сликата по која го знаеме Гоце Делечев е неговото вистинско светло, а овие другите кои служеле за пример да се изрботи восочната фиргура тоа е Гоце Делчев не во вистинско светло, и самиот го констатираш тоа со твојата реченица: "no vidi gi ovie sliki ke kazes deka ova e nekoj drug a ne goce delcev"

Е сега главното прашање е зашто некој сакал да го престави Гоце Делечев во друго светло.
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 3738394041 50>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.172 seconds.

Copyright ©2007 - 2019  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.