build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања > Јавен превоз
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Јавен автобуски превоз (општо)
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Јавен автобуски превоз (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 1516171819 78>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #321 Posted: 31-Jan-2010 at 16:18
Ненад ако пријателот твој има време и нерви и пари да оди со кола, тоа е негово право и нема никаков проблем тук асо никаков менталитет. Тоа што него градските услови му го дозволуваат он тоа го користи. Стварно незнам зашто проблемот го барате упорно во пеодинците а не централно. Остајте ги поединците да си го користат демократското право на избор како превоз ќе користат. Суштината е во тоа што градот треба да ги обесправи сите други возила на сметка подобар јавен превоз.
Back to Top
nenad View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 19-Dec-2009
Online Status: Offline
Posts: 646
  Quote nenad Quote  Post ReplyReply #322 Posted: 31-Jan-2010 at 19:04

Originally posted by lslcrew

Ненад ако пријателот твој има време и нерви и пари да оди со кола, тоа е негово право и нема никаков проблем тук асо никаков менталитет. Тоа што него градските услови му го дозволуваат он тоа го користи. Стварно незнам зашто проблемот го барате упорно во пеодинците а не централно. Остајте ги поединците да си го користат демократското право на избор како превоз ќе користат. Суштината е во тоа што градот треба да ги обесправи сите други возила на сметка подобар јавен превоз.

LSL, samo malku e seguvav. Mislam deka vo globala se soglasuvame kade e problemot. Samo malku mi e krivo sto kaj nas rabotite mnogu bavno se resavaat, dodeka drugite gazat napred. Koga i lugeto na vlasta bi razmisluvale kako nie ovde na forumov. Kaj niv fali toa cuvstvo ili mentalitet ili sto i da e, sto tapkame vo mesto a narodot pati

Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Online
Posts: 4885
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #323 Posted: 01-Feb-2010 at 03:10
Инаку, еве што се случи со Моја Карта:

http://www.mojakarta.com.mk/

Го направија сајтот, и толку. Последно што читав во архивите на весниците беше дека не го примениле системот, и дека имало такви возачи што:

1) не сакале да инсталираат валидатор
2) имале инсталиран, ама не го пуштаат за да им се плаќа кеш
3) и покрај читачот сите сакале да им плаќаат кеш

Тие што купија карта 120 денари џабе пари фрлија.

Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
La Linea View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
  Quote La Linea Quote  Post ReplyReply #324 Posted: 18-Feb-2010 at 01:43

Ништо од електронската наплата во градскиот превоз

Приватниците користат различни картички, а ЈСП се' уште нема валидатори

Електронската наплата во јавниот градски превоз не профункционира како што беше замислено. ЈСП се' уште нема валидатори, а кај приватниците се користат различни типови картички. Ова значи дека кога граѓаните чекаат автобус, не знаат дали да подготват ситни пари, картичка за ЈСП или електронска картичка за некое од приватните превознички претпријатија. Во најдобар случај, готовите пари им се најлесна и најсигурна варијанта, бидејќи со нив можат да влезат во секој автобус, додека купувањето електронски картички за тековниот месец може да биде ризик.

"Картичките не можат секојдневно да се користат ако не ви налета вистинскиот автобус", коментираат скопјани.

И од двете приватни претпријатија признаваат дека електронската наплата не профункционира онака како што беше замислено, а од друга страна, не се најде ни заеднички софтвер за апаратите на двете претпријатија и со тоа да им се олесни на граѓаните со исти картички да се возат во автобусите на двете компании.

"Најголемото промашување настана и затоа што ЈСП не беше лидер во воведувањето на електронската наплата, а нас приватниците први не' истрчаа во оваа работа", велат приватните превозници.

Од ЈСП тврдат дека сериозно работат на решавањето на проблемот околу воведувањето единствен тарифен систем и електронска наплата во јавниот градски превоз.

"Формиравме работна група што ќе работи на решавањето на овој проблем, во која е вклучен и професорот Славен Тица од Белград. Тој ќе ни помогне да го направиме тоа по примерот на Белград. Подготвуваме нов тендер за смарт-тикетингот и ќе ни биде потребен нов софтвер што ќе не' поврзе со приватните превозници. За оваа намена Градот во буџетот издвои 75 милиони денари. Потоа со приватниците ќе треба да договориме единствен тип електронски картички", објасни Мишко Николов, генерален директор на ЈСП "Скопје". (Сн.К.)


http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=12783BD418869845858D71025000E8F8

Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
Back to Top
ArchiTechTone View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Jan-2009
Online Status: Offline
Posts: 280
  Quote ArchiTechTone Quote  Post ReplyReply #325 Posted: 25-Feb-2010 at 16:05
Ќе си брцнам сам во око, не мора да ми фрлаат прашина во очи со интернет во полураспаднати автобусиDump
http://www.ereporter.com.mk/mk-mk/Details.aspx?Title=5353
Back to Top
Djole88 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-May-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 611
  Quote Djole88 Quote  Post ReplyReply #326 Posted: 05-Mar-2010 at 17:31
Ај и ова чудо да го видиме

Наскоро 330 нови унифицирани автобуски станици

Нови унифицирани автобуски станици со киосци ќе поставува фирмата „Геинг“ на 330 локации во урбаното подрачје на Скопје. Директорот на јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ (ЈСП), Мишо Николов, вели дека во тек се преговорите со Градската управа за тоа дали новите станици ќе ги води претпријатието или градот
      
- На тендерот за опремување на микролокациите е избрана фирмата „Геинг“ и таа ќе ги постави новите унифицирани автобуски станици, кои во еден дел ќе имаат и киоск. Со Градската управа треба да решиме дали одржувањето на новите постојки ќе е по принципот на јавноприватно партнерство или ќе се дадат под концесија. Ако се избере првата варијанта, тогаш ЈСП ќе стопанисува со нив, а ако се дадат под концесија, тогаш за нив ќе се грижи друга фирма што ќе му дава отчет на градот – вели Николов.

Тој додаде дека скопјани наскоро ги очекуваат многу новитети во градскиот превоз. Прво на удар ќе биде доцнењето на автобусите.

- Според моите сознанија, само два отсто од автобусите доцнат според возниот ред. Со пристигнувањето на новите автобуси во јуни ќе се зголеми нашиот возен парк, а ќе се намалат доцнењата. Најкритични периоди во градот се од 7.30 до 8.30 часот, како и од 15.45 до 16.30 часот. Планираме да воведеме и почести контроли во автобусите, за да утврдиме зошто возачите не се придржуваат на возниот ред истакнат на нашата веб-страница, со што ќе се обезбеди и подобра услуга – додаде Николов.

Тој најави и дека од понеделник ќе почне проектот за бесплатен Интернет во автобусите.

- Сметам дека овој проект е навистина добар, многумина го оценија како позитивен. Ако има Интернет во автобусите, тоа не значи дека секој мора да има лаптоп за да може да сурфа. Тоа може да го прави и преку мобилен телефон. Во рамките на пилот-проектот на фирмата „Неотел“ интернет ќе вгради само во автобусот со бројот „5“, а месечната претплата нас ќе нé чини е само 300 денари – рече Николов.

http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=35101039316&id=14&prilog=0&setIzdanie=21926


Edited by lslcrew - 05-Mar-2010 at 17:44
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Online
Posts: 4885
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #327 Posted: 05-Mar-2010 at 19:46
Ако е интернетот само на една линија (сега засега, дури немаме автобуси, а не па интернет), каде што е полно со студенти, немам против. Онака како новина е сосем ОК. Нормално дека не треба интернет на линија што ја користат претежно 70-годишни земјоделци! (не да бидам сфатен грешно).

А што се однесува до постојките мислам дека беше многу попаметно да има јавно наддавање помеѓу фирмите за рекламирање за 10/20-годишна концесија над постојките и во замена ќе изградеа нови постојки со клупи, канти, и простор за рекламирање (од кој ќе се полнат пари).

Киосците фаќаат прилично многу место, и нема смисла да ги има на секоја постојка. Плус повеќе пари се вадат од билборди отколку од киосци, па ако ништо друго ќе имаше многу позаинтересирани за концесија, и ќе имаше многу повеќе пари за ЈСП.

Edited by гитардемон - 05-Mar-2010 at 19:47
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #328 Posted: 09-Mar-2010 at 00:41

Замрзнати врати заробија патници во „осумка“

Дваесетина минути не се отворала ниедна врата на автобусот застанат на постојка

Заглавени врати во автобус ги оставија патниците во „осумката“ вчераутро дваесет минути заробени на постојка. Драмата се случувала на улицата „Илинденска“ каде што автобусот застанал на постојката во близина на Воената болница. Но, кога требало да се отворат вратите за луѓето да излезат, едноставно ништо не се случило. Не се отворала ниту една од трите врати. Возачот безуспешно се обидувал да стори нешто однатре, а однадвор не можел да интервенира, бидејќи и тој не можел да излезе. Ученици, студенти, лекари, службеници како во некој филм на киднапирање се нашле во безизлез. Во почеток си помислиле дека, сепак, ќе се отвори барем една од вратите, како што многу често и се случува во градските автобуси.

„Никој не се надеваше дека ниту една од вратите нема да се отвори. Сите се надевавме дека брзо ќе се отвори барем една и ќе излеземе надвор. Но, откако возачот неколку пати безуспешно проба да стори нешто, неизвесноста почна да расте, додека кај некои не се претвори во паника. Тогаш возачот не' информираше дека вратите замрзнале и викна служба од ЈСП да дојде да ги отвори. Додека чекавме беспомошно во автобусот, некои почнаа да се шегуваат, но повеќето се нервираа. Еден лекар мораше да се јавува на работа да каже дека ќе задоцни, па неговите пациенти да ги преземе колегата“, ни раскажува Марија Ивановска, студентка.

Набрзо дошла службата и интервенирала, па автобусот го продолжил патот. Но, веќе на следната постојка се случило истото. Сервисната служба веќе си била замината, па морало одново да се чека да дојде. Но, овој пат ситуацијата била многу понервозна, а патниците се обиделе насила да ги отворат вратите додека чекале повторно да интервенира сервисот на ЈСП.

„Случајот ни е познат, станува збор за автобусот број 843. Кај ова возило клучно за дефектот било прегорување на осигурувач. Откако по дваесетина минути интервенирало сервисно возило од базата во Ѓорче Петров, дефектот бил отстранет. Причина за неговото настанување се временските услови“, вели Мишко Николов, генерален директор на ЈСП „Скопје“.

http://utrinski.com.mk/?ItemID=D17E0C372428D24594EEC68BB58E3287
Back to Top
Djole88 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-May-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 611
  Quote Djole88 Quote  Post ReplyReply #329 Posted: 09-Mar-2010 at 13:22
хахахаха, ова е трагикомично. Ама сабајлечки добро сум се изнасмеал. А ќе ставале интернет, настрешници и слично.

Не сум во тек, но колку автобуси се активни во ЈСП и дали после обновувањето на возниот парк (украински + двокатни) ќе има уште од кршовите?
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Online
Posts: 4885
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #330 Posted: 11-Mar-2010 at 03:34
Иако се планирани само 16 за набавка, сепак добро е да видиме какви минибуси би сакале да добиеме. Случајно разгледувајќи по сајтовите на овие компаниите од тендерот за двокатните најдов по нешто што би изгледало ОК, а колку чини е друга работа...

Не знам колку мини ги сакаат бусовите, ама ако минибус треба да е нешто до 50 патници еве две кинески варијанти што се ОК.


XMQ 6840G

Dimensions(mm):          8400 x 2350 x 3050
Seats:                         47 / 10 - 30


XMQ 6798G
Dimensions(mm):          7990 x 2350 x 2950
Seats:                         43 / 10 - 26

Е сега имајќи предвид дека пропадна првиот тендер, можам да заклучам или дека никој не го прочитал огласот во весници или на интернет па не се пријавил, или пак нешто пологично е дека не им се допаднале условите во тендерот. Веројатно не мислеле на двокатни минибуси?

Бидејќи не сум бил низ тесните сокаци на Скопје, не можам да знам каде би се користеле минибуси, но најпаметно е да се користат во најтесните улички каде што врви автобус, и каде што нема голема фреквенција на патници. Но секако не по селата или слично! Знам дека ЈСП има неколку мини-буса, но каде возат не знам. Знае некој?
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Online
Posts: 4885
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #331 Posted: 11-Mar-2010 at 03:38
P.S.

Кому не му се премногу забегани ваквите дизајни, еве и нешто паметно и пријателски настроено кон околина од француска Канада.





Но ова не е за кај нас, дефинитивно, премногу е мини. On the other hand, ова пак, премногу е чудно, а и премало. Но ќе повторам, не знам што точно сака владата да каже со зборот минибус.

Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12172
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #332 Posted: 11-Mar-2010 at 13:46
@ гитардемон

Јас колку што знам минибусите во Скопје се користат токму за руралните линии
Back to Top
Slavi View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 10-Mar-2010
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote Slavi Quote  Post ReplyReply #333 Posted: 13-Mar-2010 at 09:49
условите во тендерот са били должината да е до 7 500 , а XMQ 6840G e 7 990 Wallbash
http://www.kinglong.mk
Back to Top
Djole88 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-May-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 611
  Quote Djole88 Quote  Post ReplyReply #334 Posted: 14-Mar-2010 at 18:43
ЈСП има идеа да воведе неколку нови линии на кои ќе сообраќаат минибусите. Веќе има најава за скоро пуштање на минибуси до населбите Жданец и Трнодол, зошто симнувањето до најблиската станица е хорор за постарите луѓе
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Online
Posts: 4885
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #335 Posted: 14-Mar-2010 at 23:31
Сега сфатив што на македонски уствари значи „мини-бус“. Тоа значи комбе за разнесување патници до зафрлени места, а не автобуси какви што ви покажав погоре.

Иако тоа не мора да биде лошо во секој случај, и може да изгледа како Мercedes Sprinter на сликите подолу, нешто ми кажува дека ќе одиме на најефтината варијанта.

MERCEDES SPRINTER



А јас искрено кога веќе сакаат комбе, а не мини-бус, би го одбрал ова:

Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Online
Posts: 4885
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #336 Posted: 15-Mar-2010 at 01:14

Нов оглас за електронска наплата во автобусите

Градските власти втор пат распишаа набавка на систем за електронска наплата и систем за автоматско следење на автобусите, при што бараат понудената опрема да биде последниот крик на техниката

Градот Скопје распиша нов јавен повик за набавка, инсталирање и одржување систем за автоматска локација на автобуси и систем за интелигентна наплата на

автобуски билети во возилата на ЈСП. Системот ќе биде инсталиран во 300 возила и ќе биде пософистициран од тој што беше предмет на претходниот повик.

- Технички се бара опремата да биде последен крик на техниката, нешто што во моментов е најдобро на пазарот. Ќе има подобри компјутери, сервер и подобар комуникациски систем. Не купуваме застарени системи - вели Јани Христовски, раководител на Секторот за сообраќај во Градот.

Во огласот е посочено дека оваа опрема мора да биде компатибилна со опремата што веќе е инсталирана во приватните автобуси на „Слобода превоз“ и „Мак експрес“.

- Оваа набавка треба да биде прв чекор кон воспоставување единствен тарифен систем, односно една картичка да важи и во ЈСП и во приватните автобуси. Според процените на претпријатијата што го вовеле овој систем, прометот им се зголемува за 20-30 отсато - вели Мишо Николов, директор на ЈСП.

Критериум за доделување договор за јавна набавка ќе биде економски најповолната понуда. Цената ќе се бодува со 65, а квалитетот со 15 бода. Економскиот оператор во последните три години треба да има остварено вкупен приход од најмалку 1,5 милион евра за извршена испорака и монтажа на бараните системи. Тој треба да има извршено и испорака и монтажа на најмалку еден систем во вредност не помала од 500.000 евра. Минимум критериуми за утврдување на техничката и професионалната состојба на економскиот оператор е тој да има склучено договори за испорака и монтажа на системите во најмалку два града на територија на Европа или Азија, да е во функција во последните три години и да се однесува на најмалку 400 автобуси. Оној што ќе ја добие набавката ќе биде должен во првата година да основа овластен сервисен центар, кој ќе врши сервисирање на системот и да има сертификат ИСО за гаранција на квалитет.

Понудите може да се достават најдоцна до 29 април.

Според Николов, со воведување на електронската наплата ќе се намали готовината кај возачите, ќе се намали времето на стоење на постојките и ќе се добие поголема контрола на прометот. Со системот за автоматската локација на возилата ќе може да се има потполн увид во движењето на сите автобуси во однос на возниот ред.

Досега беше распишан еден јавен повик за електронска наплата и за автоматско следење на автобусите, но поранешниот градоначалник Трифун Костовски не потпиша договор. За реализирање на проектот тогаш Градот имаше предвидено 24 милиони денари или 400.000 евра.

Приватните превозници воведоа електронски картички и читачи во септември 2008 година, но системот не се користи во сите автобуси.

Анела Петрова


http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=206E40F5D19EFF4A8896F6D9D17538C5
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12172
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #337 Posted: 15-Mar-2010 at 02:01
Originally posted by гитардемон

Сега сфатив што на македонски уствари значи „мини-бус“. Тоа значи комбе за разнесување патници до зафрлени места, а не автобуси какви што ви покажав погоре. 

Да, моменталната флота минибуси на ЈСП се состои од комбиња IVECO
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12172
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #338 Posted: 17-Mar-2010 at 03:18

Топло-ладно со жолтите пречки по коловозите






 

Во годинешната инвестициска програма на ЈСП по грешка стои дека пречките пак ќе се поставуваат по должината на булеварите, но до тоа нема да дојде, бидејќи меѓниците само дополнително прават метеж во сообраќајот

 
 
%20  
Жолтите пречки што треба да го одвојуваат јавниот од другиот превоз по должината на булеварите, по грешка се најдоа и во инвестициската програма на Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ за годинава. Неделчо Крстевски, портпарол на градската управа, вели дека пречките нема да се поставуваат, бидејќи тие повеќе му пречат на сообраќајот отколку што го олеснуваат.

- Во годинешната инвестициска програма на ЈСП е направена ненамерна техничка грешка. Во неа стои дека пречките пак ќе се поставуваат на булеварите, но до тоа нема да дојде, бидејќи овие меѓници се покажа дека само дополнително го попречуваат сообраќајот и правата метеж - вели Крстевски.

Советникот Драган Давчевски за Програмата вели дека треба побрзо да се реализира, за да се заштити градот од евентуални загадувања.

- Програмата е позитивна, не е преамбициозна и е остварлива. Таа треба побрзо да се реализира, особено тоа што се планира комбиниран систем на гориво за автобусите. Добро е и тоа што дел од автобусите наместо на нафта, ќе возат на природен гас. Сметам дека треба да се преадаптираат постарите возила. Од една страна ќе им се продолжи работниот век, а од друга страна, помалку ќе загадуваат - вели Давчевски.

Директорот на ЈСП „Скопје“, Мишо Николов, најави дека годинава во претпријатието ќе се вработат 62 лица, од кои 52 ќе ги пополнат местата на пензионерите. Во наредните три години се планира моторите на 80 автобуси да се преадаптираат наместо нафта да користат плин, да се постават уште 90 информативни панели, да се воведе системот на електронска наплата. Во план е реконструкција на двете постојни хали во базите во Автокоманда и во Ѓорче Петров, кои се изградени во 1947 и 1960 година.

Советникот Зоран Шапуриќ смета дека претпријатието треба повеќе да поведе сметка за нерентабилните линии.

- Пред некое време се укина линијата број „72“, сега жителите на Усје немаат никаков автобус до градот. Сметам дека оваа линија треба повторно да профункционира, макар и пробно иако не е рентабилна - вели Шапуриќ.

Според програмата, парите потребни за реализација на проектите треба да дојдат од три извори - сопствени, од градската управа и од Владата.

Предвидено е Владата да даде пари за купување 302 нови автобуси, како и за половни автобуси со старосна граница помеѓу пет и 10 години до крајот на 2012 година. За преадаптација на моторите се предвидени 98,2 милиони денари. А за проектот „Ренесанс“ со кој е предвидено вградување уред за користење гас во 12 возила и воведување на системот за информирање на патниците за реалното време на пристигнување на возилата, 13,8 милиони денари.

Владата и градската управа заедно треба да ги финансираат проектите за реконструкција на постојните хали, тежок 60 милиони денари, вградување опрема за автоматска локација во 250 автобуси, како и поставување 90 информативни табли за што се потребни 50,9 милиони денари. Набавка на современ алат за одржување на возилата, сервисни возила за оперативни интервенции, уреди за прифаќање на издувните гасови од халите, како и за реконструкција и комплетирање на работилницата за поправка на возила со мотор на природен гас и дијагностика се другите проекти што ќе ги финансираат Владата и градската управа со 84 милиони денари.

Со сопствени средства ЈСП ќе го воведува електронскиот систем за јавни набавки, архивирање документи и електронско банкарство. Од својот џеб ЈСП ќе даде и за купување четири лесни патнички возила, за осовременување на пумпните станици, поставување нови билетарници, како и рекаросирање на 30 автобуси. За реализација на овие проекти претпријатието ќе одвои околу 35 милиони денари.
 
   
Автор: Бојана Стојчевска
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=315101040151&id=14&setIzdanie=21934
Back to Top
SkyBoy View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar
Suspended

Joined: 24-Feb-2010
Online Status: Offline
Posts: 738
  Quote SkyBoy Quote  Post ReplyReply #339 Posted: 24-Mar-2010 at 14:18

Автобус со сончев покрив

И додека одговорните од ЈСП планираат да воведат Интернет на некои автобуски линии, како да не забележале дека некои автобуси изгледаат како штотуку да доживеале сообраќајна незгода, во која возилото загубило половина покрив

Скопјани што секојдневно се возат во автобусот со бројот „5“, каде што е снимена и оваа фотографија, велат дека кога е топло и не е толку страшно, но затоа кога врне им доаѓа чадор да отворат. Stern%20Smile Интернет во автобуси со провев, оди ли?
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=324101040488&id=14&prilog=0&setIzdanie=21942
 
Crazy


Edited by SkyBoy - 24-Mar-2010 at 14:22
Back to Top
SkyBoy View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar
Suspended

Joined: 24-Feb-2010
Online Status: Offline
Posts: 738
  Quote SkyBoy Quote  Post ReplyReply #340 Posted: 24-Mar-2010 at 23:14
САЈБЕР-ПИЛОТ ПРОЕКТ ЗА БЕСПЛАТЕН ИНТЕРНЕТ ВО ЈАВНИОТ ПРЕВОЗ
 
Фејсбук и скајп во петка на ЈСП
 


Патниците на автобусот со број 5 на ЈСП од Дексион до Ново Лисиче можат да се "закачат" на Фејсбук, скајп, месинџер или на некоја друга социјална мрежа додека се возат. Потребно е само да носат лаптоп, пософистицирани мобилни телефони и-поди или МП3-плеери.
Во моментов, бесплатен интернет има само во едно возило (694) кое што е означено со лепенка дека има ваерлес рутер, а од Јавното сообраќајно препријатие велат дека станува збор за пилот-проект кој ќе се спроведува во следните два месеца по што ќе се направат анализи колку се користи интернетот во автобус. Од резултатите ќе зависи дали ваерлес рутери ќе добијат сите линии.
- Пилот-проектот почнавме да го реализираме со помош на Нео ком. Тој е замислен да опфати повеќе линии, особено возилата кои се во добра кондиција, но дали тоа навистина ќе се оствари ќе се знае по анализите што ќе ги направиме. Се разбира бесплатниот интернет најмногу ќе им прилега на новите автобуси кои очекуваме да почнат да пристигнуваат од јуни, вели генералниот директор на ЈСП, Мишо Николов. Тој најави дека промоцијата на пилот-проектот ќе се случи идната недела заедно со промовирањето на новиот изглед на интернет-страницата на препријатието, која важи за една од најпосетуваните во Македонија.

На оваа новина најмногу и се израдуваа младите. Иако се уште не се доволно информирани за ВФ-новината, тие велат дека со сурфањето возењето нема да им биде досадно како досега. Дел од повозрасните, пак велат дека тоа е луксуз и сугерираат да се посвети поголемо внимание на хигиената и на редовноста на автобусите.

Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 1516171819 78>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 1.467 seconds.

Copyright ©2007 - 2021  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.