Author |
Topic Search Topic Options
|
pbanks
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
|
Quote Reply
#1681 Posted: 04-Oct-2007 at 21:36 |
се е ова супер, ама додека не се најде решение да се смени оној крш од улицине, оваквите вести се споредни. Јас стварно незнам како не се зафатија веќе сериозно со тоа прашање, градот, државата, сите.... да видат каде шкрипи со тоа финансирање, да најдат модел, неможе да биде невозможно да се најде. Но за ова воопшто не постои сериозна дебата или бар ние не сме свесни за тоа, а исходот на онакви еднострани иницијативи е јасен однапред.
|
|
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#1682 Posted: 04-Oct-2007 at 20:21 |
Originally posted by gotsomekicks
^^ Не очекував дека намалувањето на ДДВто ќе има вакво влијание. Обично никој не не ебе нас, туку парите што не ги даваат на државата ги пикаат по џебови. Али стварно беше срамота, од 15 денари (ви текнуе еееј!!) или 10 колку и да беше на 35 ги качија цените и ми се чини имаше и иницијатива 40 да бидат!!!
|
Реално имаше огромен скок на трошоците (не само на гориво туку и на сите други продукти поврзани со нафтата), а имаше и доста скриена инфлација во Македонија. Ама сепак мислам дека претераа со зголемувањето на цените. Во секој случај, мора и државата да почне со субвенции за јавниот превоз. Не зборувам за големи субвенции - така ќе се наруши пазарната логика, ама сепак мора да помогне. Јавниот превоз се субвенционира по дифолт. Колку што знам така е во секоја нормална држава.
|
|
gotsomekicks
Senior Member
Joined: 01-Sep-2007
Location: Macedonia
Online Status: Offline
Posts: 305
|
Quote Reply
#1683 Posted: 04-Oct-2007 at 20:12 |
^^ Не очекував дека намалувањето на ДДВто ќе има вакво влијание. Обично никој не не ебе нас, туку парите што не ги даваат на државата ги пикаат по џебови. Али стварно беше срамота, од 15 денари (ви текнуе еееј!!) или 10 колку и да беше на 35 ги качија цените и ми се чини имаше и иницијатива 40 да бидат!!! Енивејз, дечки нешто интернетов ме заебаваше последнава недела па ич неможев да се активирам околу форумов. Едвај можев да го отворам колку да видам дали нешто ново сте постирале, а и за тоа ми требаа добри 15 минути
|
|
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#1684 Posted: 04-Oct-2007 at 18:34 |
А ова е од денеска http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=709C31B3EDEAAC4FAC78FB08D7BE9C28
ЈСП од понеделник ќе вози со намалени цени
Билетот за едно возење ќе биде поевтин за пет денари
До крајот на неделава Управниот одбор на ЈСП „Скопје“ ќе одлучи за
колку ќе поевтини градскиот превоз. Одлуката ќе стапи во сила веднаш по
усвојувањето, што би значело дека веќе од понеделник претпријатието ќе
вози по пониски цени. Ќе поевтинат и обичните и месечните билети.
Неофицијално се вели дека обичниот билет за едно возење ќе биде поевтин
за 5 денари, додека за месечните се' уште се прават калкулации.
Поевтинувањето
на јавниот градски превоз се случува по неодамнешната одлука на Владата
за намалување на ДДВ за превозот на патници од 18 на пет проценти. Во
меѓувреме, „Македонски железници“ ја намали цената на билетите, сега се
чека на намалување на ЈСП и на приватните превозници.
Но, и
покрај поевтинувањето на градскиот превоз, сите ученици, студенти и
други кои извадија месечни билети за октомври ќе се возат цел месец по
однапред платената повисока цена. Токму затоа граѓаните се прашуваат
дали ЈСП купуваше време за да може со платените поскапи месечни билети
да го „покрие“ наредниот месец кога треба да вози со пониски цени, со
оглед на тоа дека претпријатието опстојува од наплатата. Од ЈСП велат
дека одлуката на Советот на Градот ја добиле дури завчера. Од Градот го
потврдуваат тоа, објаснувајќи го со законските рокови до излегување на
градската одлука во „Службен гласник“.
„Управниот одбор ќе
одлучува до крајот на неделава и потоа веднаш официјално ќе информираме
за висината на цените. Оваа одлука нема ретроактивно дејство кое го
обврзува претпријатието да им врати пари на граѓаните кои веќе извадиле
месечни билети за октомври“, вели Орце Георгиевски, директор на ЈСП
„Скопје“. (Сн.К.)
|
Edited by Cloverstack - 04-Oct-2007 at 18:35
|
|
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#1685 Posted: 04-Oct-2007 at 18:22 |
Ова е од пред некој ден http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=3DD479F5FA25B2428F8567350E79A826
Се предлага воведување единствен возен билет во сите автобуси
За иницијативата околу АЛВ-систем за следење возила ќе се расправа денеска на Советот на Скопје
САЊА НАУМОВСКА
На Скопје му се потребни меѓу
600.000 и 1,2 милиони евра за воведување автоматско следење на
автобусите од јавниот превоз, што е основа за воведување на
единствениот возен билет. Засега ова е само иницијатива, која денеска
ќе се најде пред советниците на градскиот Совет, за која за да стане
реалност, треба во практика да се реализира субвенционирањето на
јавниот превоз. Според Јован Христовски, раководител на Секторот за
сообраќај во Градот, иницијативата мора да ја има поддршката од Советот
за да почне да се реализира. Следен чекор се преговори со Владата за
субвенциите и за долгот на ЈСП и ставање на претпријатието на здрава
финансиска подлога за да може од сопствени средства етапно да го
финансира новиот систем. „За приватниците е полесно, бидејќи на грб не
го носат товарот на заостанатите долгови. Доколку бидат успешни
преговорите со Владата, ќе се направи финансиска конструкција колку би
чинел целиот систем и моделот и временската рамка на неговото
спроведување“, нагласува Христовски, додавајќи дека е можно тој првично
да се реализира само на неколку автобуси и на неколку линии.
Според
проектот, АЛВ-системот подразбира сателитско следење на секое возило
кое треба да биде опремено со уред за навигација преку компјутерски
центар опремен со специјален софтвер кој ќе може до корисниците на
услугите, односно до граѓаните да испраќа податоци што ги интересираат.
На располагање ќе бидат информации за тоа каде се наоѓа некој конкретен
автобус, за колку време ќе пристигне на автобуската постојка, точниот
возен ред и други, кои на патниците ќе им се испраќаат преку Интернет,
на мобилен телефон, дома или во канцеларија. Автобуските станици ќе
бидат опремени со дигитални табли на кои текстуално ќе се испишуваат
соопштенија врзани со превозот на патници како и бараните информации.
Сето ова, според градските власти, ќе овозможи побезбеден и, пред се',
поефикасен јавен сообраќај, кој ќе привлече поголем број патници и ќе
донесе поголем профит на превозниците.
Во АЛВ-системот ќе
бидат вклучени и ЈСП и приватните превозници, што значи предуслов е
оформување единствен возен ред. Во плановите на Градот е и воведување
единствена градска автобуска карта што ќе важи во автобусите на двата
превозници, но и во трамвајот, доколку се изгради. Тоа значи
изедначување на тарифниот систем и надминување на шаренилото на цени
што постои моментно. Во Градот велат дека во предложените измени
влегува и централизираното собирање на средствата од превозот на
патници, чија распределба понатаму ќе се прави по нов клуч.
„Се
предвидува распределба на приходот по изминат километар на секој
превозник во која ќе бидат вклучени експлоатационите трошоци по
километар кои превозниците ги имаат за одржување на утврдените линии.
Во нив се вклучени трошоците за гориво, мазиво, за гуми и за резервни
делови, како и за регистрација, осигурување и за плати“, велат во
Градот.
|
Edited by Cloverstack - 04-Oct-2007 at 18:37
|
|
gotsomekicks
Senior Member
Joined: 01-Sep-2007
Location: Macedonia
Online Status: Offline
Posts: 305
|
Quote Reply
#1686 Posted: 10-Sep-2007 at 10:59 |
Хахахаха се согласувам со новинарката. Ќе плаќаме со електронски картички а автобусите се возат без врати, го загадуваат градот ненормално, и столчињата се као да не носат у Аушвиц.
|
|
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#1687 Posted: 10-Sep-2007 at 00:01 |
Еве да почнеме со оваа чудна вест http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=FA4D157D207D014482523F9DDC6CD7BD
Приватниците ќе купуваат електронски систем за следење на автобусите СНЕЖАНА КАЛАБАКОВА
Извршните
одбори на приватните превозници од „Слобода превоз“ во текот на овој
месец ќе се состанат за да одлучат да купат модерен електронски систем
за следење на автобусите. Доколку и сопствениците на возилата се
согласат и партиципираат со одредена сума, тогаш договорот ќе биде
потпишан на 1октомври, по што ќе нема пречка веќе од 1 јануари 2008
година системот да профункционира. Од „Слобода превоз“ велат дека нема
повеќе да го чекаат Градот да воведува електронски систем за автоматско
следење на возилата, туку ќе си го купат сами. Иако навидум изгледа
нелогична идејата да се воведе ваков современ систем за возила што се
распаѓаат, од претпријатието уверуваат дека токму тој ќе им овозможи да
одат чекор понапред кон осовременување на приватниот превоз и
обезбедување на поквалитетни возила, а кои сега немаат можност да ги
купат зашто државата не нуди поволни кредити.
Со овој систем
ќе се избегне плаќање во автобусите. Ќе се воведат електронски билети,
а веројатно ќе им се овозможи на граѓаните да плаќаат и со платежни
картички. Тоа, велат приватниците, ќе го реши проблемот со
фискализацијата. Со идејата за воведување ваков систем се согласиле и
од Управата за јавни приходи и градските власти.
Од „Слобода
превоз“ не потенцираат колку средства треба да се издвојат за
електронски систем за следење на автобусите се' додека не решат и не се
договорат каков систем ќе се набави. „Ваквиот телекомуникациски систем
ќе ни овозможи во секој час да имаме информација колкава е
фреквентноста на патници на одредена линија. Тоа значи дека ќе можеме
да направиме анализа и на колку време треба да поминуваат нашите
автобуси, што, пак, ќе значи и економска исплатливост на линиите.
Воведувањето ваков систем ќе значи и поставување продажни пунктови каде
што граѓаните ќе можат да се снабдуваат со електронските картички. Но,
не е исклучена идејата тие да се продаваат и по трафики“, вели Ленин
Јовановски, директор во „Слобода превоз“.
Во приватните
автобуси наместо поништувачи ќе бидат поставени таканаречени валидатори
со компјутерска плоча на отчитувачи на електронските картички, како што
е примерот со картичките на паркинзите во градов. По примерот на Измир
во Турција, во „Слобода превоз“ размислуваат електронските билети да ги
продаваат и мобилни дистрибутери. Воведувањето на електронскиот систем
ќе значи и изградба на сервисен систем. |
Главната финта е спомната и од новинарката:
изгледа
нелогична идејата да се воведе ваков современ систем за возила што се
распаѓаат
Edited by Cloverstack - 04-Mar-2008 at 01:44
|
|
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#1688 Posted: 09-Jul-2007 at 08:00 |
.
Edited by Cloverstack - 17-May-2010 at 00:00
|
|