build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања > Јавен превоз
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Јавен автобуски превоз (општо)
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Јавен автобуски превоз (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 717273
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
BOJAN View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3248
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #1441 Posted: 10-Jan-2018 at 11:02
Дали ова значи дека Вардар Експрес се повлекува? Новиот превозник прв пат во живот го гледам, би требало да информираат за оваа новина од аеродром Скопје. Кога патувам со авион, секогаш го користам автобускиот превоз. Би сакал да знам и колку ќе чини билетот во иднина.
Back to Top
phenomenon View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Oct-2010
Location: Kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 2290
  Quote phenomenon Quote  Post ReplyReply #1442 Posted: 10-Jan-2018 at 21:08
開始されていないだけの戦いが失われ、
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3248
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #1443 Posted: 11-Jan-2018 at 12:02
Потребна е координација помеѓу ЈСП и Градот Скопје. По втор пат им се случува да го укинуваат бесплатниот јавен превоз наеднаш. Ако на градските власти им е неисплатливо, тогаш воопшто нека не го воведуваат. Треба да остават барем неколку саати меѓу соопштението и стапувањето во сила на мерката.

А да не говориме што изминативе празници немаше локал каде што можеш да ја надополниш „Скопска“. Ми требаше јавен превоз, од Карпош 1 одев до Карпош 3 безуспешно за да најдам трафика за надополнување, на крајот, морав да фатам такси.
Back to Top
Zelenikovo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Oct-2017
Online Status: Offline
Posts: 383
  Quote Zelenikovo Quote  Post ReplyReply #1444 Posted: 14-Jan-2018 at 07:30

за поздрав е што мрднавме од мртва точка во однос активно делување апропо загадениот воздух, но како парцијално решение во однос истиот, бесплатниот јавен транспорт со механизам како постојниот односно да се активира само во одредени денови е неефективна мерка сама по себе, бидејќи се работи за навики и конечно комфор кој во постојните околности не е довoлен и за постојните корисници на јсп, а не пак експлозија од нови, заради што и вакво штуро решение како привремен бесплатен градски јавен превоз, кој пак дури и да е наштиман поефективно т.е. долгорочно како механизам за одвикнување од автомобилски табиет, сам по себе не е доволен, иако во најава се сообраќајни промени како центарски вињети, ограничен паркинг или паркинзи за провинцијални автомобили, кои треба да одвикнат народ од турбо шоферлук она со по неколку коли во една фамилија, заради што една меѓу првите мерки треба да биде прогресивна регистрација на автомобили, и за приватна и за деловна адреса на секое второ односно трето сообраќајно средство, со исклучок на моторите, пр. да се плаќа 30% поголема регистрација, а единствено државниот сектор, авто превозниците и градежните компании да бидат исклучени од ваквата мерка, но ним пак да им се наметне појака европска стандардизација за емисии доколку сакаат да бидат помилувани ... но без да се зголеми флотата на авотобуси и озбилно активирање на жолта лента, таквиот прилив ќе ја намали брзината на јавниот транспорт, та повторно народ ќе си тера со кола, но бар нема секој сам да се вози во неа туку ќе се солидаризира бар деловно и комерцијално транспортно, само колку помалку гајрет ќе има доколку добар дел од компаниите користат заеднички карго транспорт наместо засебни флоти, комотно по кластери нека се сојузат ако сакаат, а ова би требало да се мотивира со бенефиции за оние локални карго компании кои ќе успејат да привлечат поголема клиентела пр. 50 средни претрипијатија или 100 мали компании, комбинации во недоглед ...
но би требало да почнеме и да ги споредуваме искуствата од комшилук ако не другде, со кој бар имаме слични околности но во костец нивна агенда, пр. Софија со оглед дека таму наголемо е истерана јавна дебата, додека кај нас пак и пак си тераме ситнопаланечки со думање строго на подобни политички елити, наместо да впрегнеме сестрана е-дебата, но нели бидејќи немаме е-форуми во ниедна институција та останува на фејкбук да се губи време преку случајни извици веднаш изгубени во непрегледните коментари закачени на објави кои исто така никаде не се тематски архивирани, дури и низ групите во нивните палета чат табои каде бар тематски но не и прегледно може да затера некаква расправа, а бидејќи фејкбук е сеир социјалка за дружба ефектот е само озбилно изгубено време ... ќе пуштат ли бар на градскиот скопски портал еден е-форум каде имало подфорум за Сообраќај каде секој биометриски бидејќи јавен форум ќе ја тимари педантно оваа проблематика, бар нво-ата да имаат каде да распалат ако не друг, та градските експерти да не се главни кривци кога дадена мерка ќе потфрли! зар треба да чекаме цела еу да сврти вака за и ние да се опаметиме [1][2]

нејсе, Софија има сличен гајрет ко Скопје [1] но далеку подобри решенија на маса, хм навистина добра норма е што имаат бесплатен јавен превоз над 200 ПМ-ки, а може ќе треба да направат нашите и нивните еколози и градски власти една заедничка трибина, за сето ова и да се доиздебатира дополнително кај нас пред воопшто долгорочно и консензуално да се пресече!? а камо тоа да е редовен годишен циклус на панел дискусии од сродни области на регионално ниво, но веројатно и за ваков сектор ќе треба нови вработувања, та моќе поарно е да бараме преку леб погача и со тие пари да се интервенира другде, може ако се паметни та тоа го сторат преку ипард грб бар оние средства кои ко неискористени секоја година и ги враќаме на еу назад ... Среќна уште една Нова Загадена Година скопјани барајте субвенции бар за детски училишни филтер-маски а за да бидат атрактивни нека дозволат децата и униформирано да ги бојат со училишни бои или логоа, хм тивација плус би било доколку имаат и резерва за в град, а бонус за на точак ...
Back to Top
phenomenon View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Oct-2010
Location: Kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 2290
  Quote phenomenon Quote  Post ReplyReply #1445 Posted: 14-Jan-2018 at 11:58
Originally posted by Zelenikovo

За сево ова да го реализираш ти недостасуваат неколку „ситници“.

1. Немаш јавен превоз
2. Немаш добра покриеност на јавниот превоз
3. Немаш соодветни возила за јавен превоз
4. Немаш соодветен систем за наплата

Одиме по ред:

1. Јавен превоз не е оној каде пензионерот ќе биде патник од прв, а работникот патник од втор ред.

2. Јавен превоз не е оној кој во недела и празници ќе укинува цели линии како 13, 17А, 35, 43 итн.
Ниту оној кој ќе остави градски региони без превоз после 22 часот за време на викенд, како што е случај со Пржино. Ниту оној кој остава цели региони непокриени или многу слабо покриени, било постојано, било за време на викенд, како што се Жданец, Јужноморавски Бригади, Кванташки Пазар, Ќерамидница, Стакларница, Усје...
Јавен превоз не е оној превоз кој во цел Карпош ќе нема ниту една трансверзална линија (Пример: Работиш во Момин Поток, Визбегово, Градски Парк или Сити Мол, а живееш во Козле или Капиштец, како ќе си дојдеш дома или појдеш на работа со градски автобус?).
Јавен превоз не е оној каде пред Џеваир облакодерите ќе поминуваат само 2 градски линии (недела и празници само една), а пред огромната зграда на Настел нема да поминува ниту една линија.
Јавен превоз не е оној кој нема директна линија помеѓу Кисела Вода и комплексот факултети кај Бит Пазар.

3. Jaвен превоз не е оној во кој ако само 10 патника земаат по две торби, од кои во едната два леба, а во другата кило салама и литар млеко, и ништо повеќе, ќе се заглават на врата кај двокатните, ниту пак ќе може поштено да седнат на тесните седишта и да не пречат со својот товар. Како што е вообичаено, на долниот кат тешко дека ќе најдат место, и ќе треба да се качуваат и симнуваат по скалите на горниот кат сосе товар, притоа треба да сметаш дека за симнување треба да се припремат додека автобусот сè уште вози за да имаат време да се симнат. Значи овие автобуси како превозни средства кои ќе се користат за пренесување на намирници отпаѓаат. Остануваат само автомобилите и таксито.

4. Не може да воведуваш Скопска, а билетари да ти работат само до попладне и само во работни денови.
Не може за нескопјаните да нема опција за билет за еднократно возење. Замисли, доаѓаш со жена и две деца и треба да платиш 600 денари за картички, притоа да бараш каде има да се купи и да чекаш во редици - нон сенс. Или ако водиш со тебе некој болен на Клинички?
Не може да платиш со мобилен, а да не добиеш слип потврда, зашто не може некој мајмун од контрола да ми ѕирка во пораките на приватен мобилен телефон.
Не може за утре да најавиш бесплатен превоз, а утредента истиот да го укинеш во 16 часот.

Edited by phenomenon - 14-Jan-2018 at 12:29
開始されていないだけの戦いが失われ、
Back to Top
Zelenikovo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Oct-2017
Online Status: Offline
Posts: 383
  Quote Zelenikovo Quote  Post ReplyReply #1446 Posted: 14-Jan-2018 at 14:01

Фено со еден збор балканизам ... но интересно е дека сегашниве ќе се вадат на претходните дека тие ја заглаиле од недoносеност, овие пак на нив дека другиве ништо не праеле, а народ на крај сред сето клетничко лудило ќе фаќа сеир на комшиите што морале сето ова да го трпат од карши ... небулозите немаат крај кога во државава се е исполаризирано, да дури ни експертската фела не седнува да се соочува, а кога тоа е случај, таквата дебата тера сериско-сеирџиски на некоја локална телевизија, без никаков ефект од анализите ... веројатно ќе треба промена на законот за администрација, да ги обврзат сите службеници јавно на институционални форуми да разработуваат стратегии и механизми за идеите и програмите, ако не друго така да мораат јавно форумски да ги правдаат истите откако ги предложат како промени во својот сектор ...
мелем на рана ќе биде пензионерите да ги пуштат бесплатно секој ден, но да им се наплаќаат во шпицовите, раш аур така ќе се намали во пензионерските денови, та она со торбите веќе нема да биде случај, и тие ќе се прилагодат на останатите, а не останатите на нив ... ним пак ко останати, бесплатно би им било ко блажени/самохрани, едукативни, социјални, инвалиди и болни, а бидејќи така сите ќе се станат на болна нога, та поарно за сите и без тоа, јавниот транспорт да биде бесплатна категорија

земено вака се наметнуваат две прашања, исплатливост и капацитет во костец самоодржливост на јсп, а што може да се постигне само со оштроумна компензација [1][2][3] но ќе треба и екстра осигурување, обезбедување и одржување на цел еден ваков систем, а што од сегашен агол ќе биде возможно доколку јсп прерасне во инвестициски фонд ајде можеби експериментално партнерство со ФАС би извадило одржлив модел на сеопшт бесплатен систем, а не е фрка доколку сите локални излетнички и туристички места се стават под капа на ЈСП, оние поелитните ко Матка Треска Сарај Етно Село Козјак Калето итн. нешто налик транспортно-туристички оператор на ниво на Градот ... бреј само од хепенинзи што камен можат да инкасираат, а може доволно е Уличните Фестивали да се под нивна капа и ете дополнително осигуран есап, пр. оние поатрактивните како Винофест, Пивофест илити некој Етно или Т-фест кои како национални би се одржувале на плоштадот, кога се работи за здравјето на нацијата заглавена во метрополава, дефинитивно мора да се надмине индивидуализмот, а за да не им биде зорт ќе мораат да инвестираат и во сопствена ивент куќа, идеално со сопствено озвучување осветлување та и ласерски бимови се' само како би привлекле што поголемо регионално внимание, а со тоа и поголема заинтересираност за спонзорства ... исто може дел од средствата од регистирација на возила да оди за оваа ставка ... но најбитно треба да се размислува за еднонасочен средишен Трам исток-запад, иако жртва ќе бидесредишното зеленило и постојните главни булеварски визури, сепак бидејќи не кбуриме во моментов со вишок средства, таквата траса не е лошо да се резервира за БРТ бас рапид транзит систем, макар ко таков бил и на струја ...

Edited by Zelenikovo - 14-Jan-2018 at 18:11
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 717273

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down

This page was generated in 0.266 seconds.

Copyright ©2007 - 2018  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.