build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања > Јавен превоз
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Јавен автобуски превоз (општо)
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Јавен автобуски превоз (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 737475
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Zelenikovo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Oct-2017
Online Status: Offline
Posts: 919
  Quote Zelenikovo Quote  Post ReplyReply #1481 Posted: 22-Jan-2019 at 21:31

кој и да е дизајнер ја утнал озбилно, и претходните од аспект на колоритност беа депре, со флат бои и во двата случаи, но бидејќи зелена претходниот пат та ја вадеше до некаде тоа, но ова е дебакл, тешко депре, готам сити нема што, уште бетмен стикери да исполепат внатре по автобуси за да не заборавиме дека сме потонати во жива кал, бар ете околу хигиената на градските автобуси, а што всушност е рефлексија на цела наша атмосфера од пм-ки преку заробена економија демократија екологија воопшто удабалитичарско елитистичко заложнички живот за рајата, што бар можеа да се потрудат со психијатри да поработат што е тоа хромотерапија кои бои би развеселиле Народ на автобуска картичка, дизајнерски земете споредете која било картичка од другде ќе видите дека боите се во светли тонови ако не жарки чинам жолта како основна за јсп од секогаш била белег треба секогаш да е доминантна, се останато може само да е прилог, околу векторите ќе речам исто пренапорно и неинвентивно реалистично наместо апстрактно разиграно претопено, но кога и вакви работи под ракав тераат на тендери што да се коментира понатака, наместо да имаат интеракција со Граѓаните како Јавен Сервис и истераат јавен конкурс на кој самите Граѓани ќе гласаат и избираат дизајн за картички фарбање хигиена воопшто секојдневие во јсп

аирлија што повеќе дека од ветените промени ни П нема кај новата гарнитура удбалитичари, ќе се опаметат ли веќе еднаш до кога ќе си експериментираат со Нарад само незнам ...

Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1498
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #1482 Posted: 17-May-2019 at 18:16
Лицата со хендикеп ќе можат да се возат со куче придружник во автобусите на ЈСП

Лицата со посебни потреби ќе можат да се возат со куче придружник во автобусите на ЈСП како и во кабините на Жичарницата на Водно.

-ЈСП Скопје како општествено одговорно претпријатие одлучи да им излезе во пресрет на лицата со посебни потреби со куче придружник и да им дозволи непречено користење на нашите услуги, односно да дозволи влез на кучињата придружници во возилата на ЈСП и во кабините на Жичарницата. Одлуката е донесена со оглед на фактот дека кучињата придружници се од голема помош на посочената категорија лица, имајќи предвид дека тие им се од голема корист како дополнително помагало во извршување на секојдневните обврски и активности- соопштија од ЈСП.

Од таму ги повикуваат сите патници да се воздржат од негативни реакции доколку се доведат во ситуација да се возат со лице со куче придружник имајќи во предвид дека кучињата се безопасни по околината, тие се специјално дресирани со намена за придружба и движење на посочената категорија лица.

Претпријатието апелира и до останатите јавни институции, маркети, кина, театри, трговски центри, да донесат соодветна одлука, а со тоа автоматски да се вклучат во подигнување на јавната свест за отворени врати и слободен пристап на кучињата придружници на лицата со хендикеп.

https://www.novamakedonija.com.mk/makedonija/skopje/%D0%BB%D0%B8%D1%86%D0%B0%D1%82%D0%B0-%D1%81%D0%BE-%D1%85%D0%B5%D0%BD%D0%B4%D0%B8%D0%BA%D0%B5%D0%BF-%D1%9C%D0%B5-%D0%BC%D0%BE%D0%B6%D0%B0%D1%82-%D0%B4%D0%B0-%D1%81%D0%B5-%D0%B2%D0%BE%D0%B7%D0%B0%D1%82/
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
stef4o View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2432
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #1483 Posted: 28-May-2019 at 17:38
Ќе има измени на картичката „скопска“

Иако одамна се најавуваше дека секој од својот компјутер или мобилен телефон директно од својата банкарска сметка ќе може да ја дополни својата електронска автобуска картичка „скопска“, граѓаните сѐ уште трчаат по билетарници и маалски продавнички. Оние, пак, што доаѓаат од внатрешноста никако не се снаоѓаат со градскиот превоз, а проблеми имаат и странските туристи бидејќи во ниту еден автобус не се наплатува со пари. Од ЈСП „Скопје“ одамна најавуваа онлајн-дополнување на електронските картички, а неодамна соопштија дека веќе распишале тендер. Сега велат дека рокот на тендерот бил продолжен затоа што бил пообемен, бидејќи планирале да воведат и други новини. Дел од тие новини е набавка на 400 валидатори, читачи на картичките „скопска“, кои ќе се постават на задните врати на автобусите, потоа електронски билет за едно возење и нова апликација за паметни телефони. Исто така, планираат да набават и нова опрема за идните 35 нови автобуси што допрва треба да пристигнат. Со најновата андроид-апликација граѓаните ќе добијат можност да ја проверат преостанатата сума на картичката „скопска“ преку својот телефон, да ја прегледаат шемата на автобуските маршрути, да го планираат своето патување со мапа на линиите и да имаат историјат на своите патувања.

Тендерот на кој се бара најповолен понудувач е вреден околу 2,4 милиони евра.
Инаку, картичката „скопска“ задолжително ја имаат сите што користат јавен градски превоз, во кој електронскиот систем за наплата на билети е задолжителен од 1 јануари 2017 година. По само краток период од нејзиното воведување и реакциите на граѓаните дека постојано трчаат по билетарници, се најави онлајн-дополнувањето, кое сѐ уште нема практична примена.

– Навистина станува проблематично дополнувањето на овие електронски картички. Понекогаш на работа сум и во недела, а картичката ја дополнував во маалската продавница на автобуската станица и заморно ми е да гледам и пресметувам уште колку возења или средства имам на картичката. Тоа не го правам одамна. Минатата недела газдите на продавницата одлучиле да работат само до 11 часот и немав каде да ја дополнам празната картичка, затоа што не работеше ниту билетарницата што се наоѓа две станици погоре. За несреќа, ми се исклучи и телефонот, со кој можев да платам. Сѐ е кај нас комплицирано – се пожали повозрасна скопјанка.

Од ЈСП „Скопје“ велат дека онлајн-дополнувањето на електронските картички ќе се случи годинава, но не прецизираат. Велат дека компанијата што ќе биде избрана на тендерот ќе треба да им испорача 300.000 хартиени електронски билети за едно возење. Тоа се долго очекуваните билети за сите оние што не користат редовно градски превоз, луѓето од внатрешноста, туристите и сите оние што многу ретко се одрекуваат од своите автомобили за сметка на користењето градски превоз. Онлајн-дополнувањето на „скопска“ и билетот за едно возење беа едни од најбараните услуги на граѓаните, за кои на ЈСП му беа потребни повеќе години за да ја воведе.

Во надградбата на постојните системи за електронска наплата на билети и за контрола и управување на автобусите ќе бидат вклучени и приватните превозници во Скопје. Од ЈСП сметаат дека новините што ќе ги донесат ќе им го олесни патувањето на граѓаните, а секако и ќе ги стимулира повеќе да го користат јавниот градски превоз.

https://www.novamakedonija.com.mk/makedonija/skopje/ќе-има-измени-на-картичката-скопска/
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Online
Posts: 12196
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #1484 Posted: 01-Jul-2019 at 10:31
Од наесен повторно хартиен билет за едно возење во јавниот превоз

Во автобусите на ЈСП – Скопје и на приватните превозници од септември повторно ќе може да се купи хартиен билет за едно возење. ЈСП во моментов го реализира тендерот за набавка на 300.000 хартиени електронски билети, кои се адекватни на постојниот систем за плаќање во јавниот превоз. Оттаму информираат дека е избрана компанијата што доставила најдобра понуда, во овие денови тече периодот на жалби од останатите понудувачи, по што и официјално ќе биде склучен договорот. Советот на град Скопје треба допрва да ја утврди цената на билетот за едно возење, по што претстојната есен хартиениот билет ќе може повторно да се купи во автобусите.

Оваа новина е само една од бројните поволности што од наесен ќе ги добијат корисниците на скопскиот јавен превоз. Најдоцна за 4 месеци, на граѓаните ќе им биде достапна Андроид апликација за паметни телефони, преку која ќе можат самите да ја надополнуваат картичката „Скопска“, да имаат увид во нивната сметка и да дознаат кои активирани билети можат да ги користат во автобусите. Идната апликација ќе нуди информации за времето на пристигнување на автобусите, шемата на линии и мапа со филтер за пребарување.

Од претстојната есен граѓаните ќе можат и преку Гугл мапата поедноставно да ги планираат рутите на движење со јавниот превоз. Во зависност од локацијата на патникот, на Гугл ќе може да се провери која е најблиската автобуска станица, кој автобус треба да се фати за посакуваното патување и слични податоци.

– Има повеќе поволности, кои сегашниот систем не ги поседува, а од пракса е утврдено дека се повеќе од потребни – велат за „Мета“ од ЈСП. Сите поволности што допрва ќе се воведат есенва ќе важат не само за автобусите на ЈСП, туку и за приватните превозници.

https://meta.mk/od-naesen-povtorno-hartien-bilet-za-edno-voze-e-vo-avniot-prevoz/
За сè има вторпат
Back to Top
<Fresno> View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Jun-2010
Online Status: Online
Posts: 531
  Quote <Fresno> Quote  Post ReplyReply #1485 Posted: 13-Jul-2019 at 09:56
Originally posted by Џоле

ЕБОР ја одобри набавката на 35 нови автобуси за ЈСП-Скопје

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) денеска и официјално информираше дека нивниот борд на директори го одобрил проектот за финансирање на набавката на 35 нови автобуси на компресиран природен гас за потребите на ЈСП – Скопје. По донесувањето на ваквата одлука, во најскоро време треба да биде и официјално распишан тендерот за обновување на возниот парк на ЈСП – Скопје. Проектот ќе биде вреден 11,8 милиони евра, од кои ЕБОР ќе обезбеди кредитна линија во износ од 10 милиони евра, додека останатите средства ќе треба да се обезбедат од Градот Скопје и од самото сообраќајно претпријатие.

Нископодните автобуси ќе имаат најнови „Еуро 6“ мотори, коишто ќе гарантираат намалено испуштање на ПМ честички за 96% и намалување на испуштениот јаглерод диоксид на автобусите за 19%. „Новите автобуси ќе ги заменат старите дизел возила со „Еуро 2“ мотори, а планираната инвестиција ќе има значајни еколошки и здравствени бенефити“ велат од ЕБОР. Како што најавија претходно од Градот Скопје, две-третини од новите еколошки возила би требало да бидат зглобни автобуси.

Покрај за подновување на возниот парк на ЈСП – Скопје, одобрениот кредит од ЕБОР ќе се искористи и за три други намени – подобрена ефикасност и одржливост на работењето на јавното сообраќајно претпријатие, реструктурирање на скопскиот автобуски сектор и развој на Акционен план за зелени градови. На тој начин, не само што ќе се набават нови автобуси за ЈСП – Скопје, туку би се зголемил и квалитетот и ефикасноста на градскиот превоз во Скопје, а со тоа и бројката на патници што него секојдневно го користат.

http://build.mk/ebor-i-ja-odobri-nabavkata-na-35-novi-avtobusi-za-jsp-skopje/

Што стана со автобусиве? Веста е од 18.11.2018
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 4469
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #1486 Posted: 13-Jul-2019 at 10:21
Пак ќе речам, иако не важи само за темава, туку за сите теми поврзани со нашата држава.

Моменталната власт има многу подобри, поодржливи и понапредни идеи, но апсолутно катастрофална реализација.

Претходната власт имаше ужасни, ретроградни, дебилни и катастрофални идеи на долг рок, но фасцинантна реализација.

Не знам кое од двете е полошата опција, искрено.

Единствено знам дека ако овие автобуси бидат купени, ќе ги надживеат и кинеските и украинските.
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
Enzo View Drop Down
Groupie
Groupie


Joined: 25-Jun-2019
Online Status: Offline
Posts: 42
  Quote Enzo Quote  Post ReplyReply #1487 Posted: 13-Jul-2019 at 10:59
Mozes da mi nabrois del od tie podobri I ponapredni idei sto gi ima ovaa vlast, iskreno mnigu me interesira.

Inaku pretpostavuvam deja avtobusive ke stignat na zima kako "kontra merka" protiv zagaduvanjeto, so sto Silegov ke treba da pokaze deka ete, prevzel nesto a narodot dzabe place zosto sansite za rak mu se 200% podobri.
Back to Top
ironm View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2018
Location: Frankfurt
Online Status: Offline
Posts: 516
  Quote ironm Quote  Post ReplyReply #1488 Posted: 13-Jul-2019 at 16:07
Според тендерот што се објави автобусите треба да почнат да пристигнуваат крајот на 2019 - почеток на 2020 година. Претпоставувам поголем дел од зимската сезона ќе ја испуштат, но барем за понатаму ќе служат подобро од моменталните.
Back to Top
ehrlich View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2012
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 738
  Quote ehrlich Quote  Post ReplyReply #1489 Posted: 18-Jul-2019 at 21:08

Пак ќе кажам, овој тендер со оваа бројка е премала поради моменталната состојба на автобусите во градскиот превоз, а моментот дека ќе стигнат дури во 2020, навистина не знам ЈСП како ќе ја преживее зимата.

Односно, знам, пак ќе се возиме во неуништливите автобуси на САНОС стари по 60-70 години.
Back to Top
phenomenon View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Oct-2010
Location: Kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 2365
  Quote phenomenon Quote  Post ReplyReply #1490 Posted: 10-Sep-2019 at 21:49
Originally posted by Џоле

Од наесен повторно хартиен билет за едно возење во јавниот превоз

Во автобусите на ЈСП – Скопје и на приватните превозници од септември повторно ќе може да се купи хартиен билет за едно возење.


Oд кој септември?
開始されていないだけの戦いが失われ、
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 737475

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.266 seconds.

Copyright ©2007 - 2019  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.