build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања > Јавен превоз
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Јавен автобуски превоз (општо)
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Јавен автобуски превоз (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 747576
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
stef4o View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2643
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #1501 Posted: 29-Sep-2019 at 11:32
Билетот за едно возење е со чип и е наменет за граѓаните од внатрешноста и за странци

По вчерашната одлука на Советот на град Скопје за определување на цената на новиот билет за едно возење, од ЈСП Скопје појаснуваат дека јавниот превоз во Скопје нема да поскапи. Цената за едно возење од 50 денари ќе важи единствено за идните електронски хартиени билети, кои ќе бидат пуштени во функција на 1 ноември.

– Билетот ќе биде наменет само за еднократна употреба, хартиен со вграден безконтактен чип, изработен со највисоки безбедносни стандарди, компатибилен со постоечката опрема, односно ќе се валидира безконтактно на постоечките валидатори – информираат од ЈСП.

Јавното претпријатие нарачало 300.000 билети за едно возење, но оттаму потенцираат дека нивното користење е првенствено наменето за граѓаните кои ретко користат јавен превоз, за луѓето од другите македонски градови и за туристите.

Покрај во автобусите, билетот за едно возење ќе може да се купи во билетарниците на ЈСП и во маркетите и трафиките низ Скопје.

Воведувањето на новиот билет за едно возење не значи дека ЈСП и приватните превозници се враќаат на стариот начин на наплата на билети. Токму поради тоа, цената на новиот билет е поскапа, за да ги обесхрабри граѓаните да го користат билетот за едно возење. Наместо неа, од ЈСП Скопје очекуваат граѓаните да продолжат со употреба на картичката „Скопска“ или со мобилни телефони да го плаќаат возењето.

– И натаму, пакетот билети за 10 возења чини 250 денари, валидирањето со електронски паричник чини 35 денари, валидација со мобилен телефон е 40 денари – велат од ЈСП.

Ова јавно претпријатие од есенва на граѓаните ќе им овозможи самите да ја надополнуваат својата картичка „Скопска“ од мобилен телефон, со што нема да имаат потреба да чекаат во ред на билетарниците на ЈСП. Со новата Андроид апликација на ЈСП ќе може да се добиваат информации за возниот ред на автобусите, а „Македонски Телеком“ од есенва треба да постави и валидатори на картичката „Скопска“ на задната врата на автобусите.

https://meta.mk/biletot-za-edno-vozeњe-e-so-chip-i-e-namenet-za-graѓanite-od-vnatreshnosta-i-za-stranczi/
Back to Top
phenomenon View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Oct-2010
Location: Kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 2368
  Quote phenomenon Quote  Post ReplyReply #1502 Posted: 29-Sep-2019 at 14:49


Дали тој билет ќе важи и за приградските автобуси?
開始されていないだけの戦いが失われ、
Back to Top
stef4o View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2643
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #1503 Posted: 08-Oct-2019 at 16:38
ГРАДСКО ЛУДИЛО: Автобусите се чекаат по 45 минути, ЈСП немале механизам да се справат

Граѓани од главниот град кои утрово тргнаа на работа со јавниот градски превоз, на своите работни места задоцнија и по 45 минути, затоа што и по толку време ги чекаа „редовните“ линии во нивното место на живеење. Иако проблем има речиси секој ден, денеска гласно реагираа жителите кои го чекаат автобусот број 5 кој сообраќа од населбата Дексион до Ново Лисиче. Во таа насока, од Ѓорче Петеров до Центар, автобус немаше воопшто во периодот од 9.15 до 10 часот иако во обратната насока автобусите редовно сообраќаа.

„ Не е новина да доцни автобусот, особено во вторник и во петок кога има бесплатен превоз за одредени катергории граѓани, ама ова е навистина недозволиво. Да чекаш повеќе од 40 минути навистина не е во ред. Сме отишле и во други градови, во други држави кои се многу поголеми, па доцнења нема, реагираа граѓаните.

Од Јавното сообраќајно претпријатие за Фактор велат дека знаат за проблемот и дека како и денеска слично било и вчера.

„Станува збор за склоп на околности, повеќе фактори кои влијаат на функционирањето на целиот сообраќај, вклучувајќи го и јавниот превоз. Во случајов, денеска од 8.30 до 10 часот сообраќајот во централното градско подрачје беше пренасочен поради протести пред Собрание на РСМ, а од 10 часот протест започна пред Влада на РСМ. Истовремено, светлосната сигнализација на булевар „Митрополит Теодосиј Гологанов“ (по која минува автобуската линија 5) не функционира поради технички проблем. Во близина на почетна-крајна постојка на линија 5 во Ново Лисиче, на булевар „АСНОМ“ има градежни работи, дел од трасата не е функционална. Имајќи ги сите горе наведени фактори во предвид, автобусите со линија 5, како и возилата на неколку други линии, сообраќаат со задоцнување, образложуваат оттаму.

Додаваат и дека со задоцнување, потешкотии и промени во трасите, принудно сообраќаат и приватни возила и такси возилата иако граѓаните сведочат дека со такси дошле на сканата дестинација за многу кратко време.

На прашањето како ЈСП планира да се справи со оваа ситуација особено што доаѓа зима, па има и апели на градските власти граѓаните да се возат со автобус, оттаму вела дека немало решение.

„ЈСП Скопје нема механизам како да се справи во ситуацијата, единствено само може да апелира за трпение и разбирање од страна на корисниците на јавниот превоз, стои во одговорот од ЈСП.

А.Т.

https://faktor.mk/gradsko-ludilo-avtobusite-se-chekaat-po-45-minuti-jsp-nemale-mehanizam-da-se-spravat?fbclid=IwAR1QBkKGN1kdHL9ucVfCcNwv9wZP5VGZdS-W93HII_cmOZFYNmFVkt-xqZ4
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 747576

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.250 seconds.

Copyright ©2007 - 2019  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.