build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања > Јавен превоз
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Јавен автобуски превоз (општо)
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Јавен автобуски превоз (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 79808182>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 14967
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #1601 Posted: 17-Nov-2021 at 18:26
Славески: Бесплатниот јавен превоз може да се реализира во догледно време

Претседателот на Советот на Град Скопје, Трајко Славески денеска изјави дека бесплатниот јавен превоз може да се реализира во догледно време со, како што рече, зголемена ефикасност на ЈСП „Скопје“.

-Во моментов и изминатите неколку години со проширувањето на правата за користење бесплатен јавен превоз, почнувајќи од пензионерите, зголемувањето на бројот на денови во работната недела, понатаму студентите и други категории на граѓани, најголем дел од корисниците, оние кои се упатени на користење на јавниот превоз, веќе користат бесплатен јавен превоз, изјави Славески по конститутивната седница на Советот на Град Скопје.

Прашан за БРТ системот на јавен превоз во Скопје (Bus rapid transit – BRT), Славески изјави дека градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска ќе има поддршка за тоа.

-Ќе го поддржиме нејзиното мислење за овој проект, рече Славески. Потсети дека ја поддржале Арсовска во изборната кампања и, како што додаде, го поддржуваме ставот да се оди со друго решение, со набавка на еколошки автобуси.

Советникот Реџеп Исмаил од Левица изјави дека тие начелно поддржуваат бесплатен јавен превоз, но, како што рече, зависи во каква форма ќе биде претставено пред нас. Смета дека тоа не може брзо туку така да биде дадено на Совет и да се изгласа.

-Мора службите да поработат каков ќе биде концептот, како ќе се финансира, што ќе значи за Градот, дали има инфраструктура Градот тоа да го издржи, дали Јавното претпријатие „Скопје“ има капацитети, што треба да се прави во однос на тоа…Доколку дојде до таква работа, ние ќе ги оцениме сите постапни работи кои би требало да доведат до тоа за да да нема никакви негативни ефекти, да се минимализираат, рече Исмаил.

Според него, треба да се одредат некои социјални критериуми. Смета дека бесплатниот јавен превоз не е возможен за сите и додаде оти тоа и не е препрачливо. – Ние имаме голема класна раслоеност во Македонија, особено во Скопје, затоа тука треба пропратно со таа политика за бесплатен јавен превоз да се ограничат оние кои секојдневно со автомобили не го користат јавниот превоз, да има некое скалило за оние кои можат да го користат овој превоз бесплатно. Секако тој треба да биде достапен на повеќе луѓе, изјави Исмаил. Додаде дека треба да се работи и на инфраструктурата во Скопје.

Тој изјави дека не е запознаен со БРТ системот на јавен превоз во Скопје и оти треба да се видат аргументите.

https://nezavisen.mk/slaveski-besplatniot-javen-prevoz-mozhe-da-se-realizira-vo-dogledno-vreme/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 14967
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #1602 Posted: 25-Nov-2021 at 18:25
ПОЛОВИНА ОД ВОЗНИОТ АВТОБУСКИ ПАРК ВО МАКЕДОНИЈА ТРЕБА ДА СЕ ПРАТИ НА ТОПЕЊЕ ВО СКОПСКА ЖЕЛЕЗАРА - КАКО СТАРО ЖЕЛЕЗО



https://24.mk/details/polovina-od-vozniot-avtobuski-park-vo-makedonija-treba-da-se-prati-na-topenje-vo-skopska-zhelezara-kako-staro-zhelezo
Back to Top
Denko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 14-Aug-2010
Online Status: Offline
Posts: 2120
  Quote Denko Quote  Post ReplyReply #1603 Posted: 25-Nov-2021 at 18:30


Uste e i dobro ako e polovina! Jas mislam najmalku 3/4?!
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 14967
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #1604 Posted: 25-Nov-2021 at 18:40
Originally posted by Denko



Uste e i dobro ako e polovina! Jas mislam najmalku 3/4?!


Апсолутно се сложувам,од она што го знам за во Скопје скоро сите приватници имаат крш автобуси кои веќе се вон било какви стандарди и исправност но при мали брзини и градска средина ги сметаат за одлични иако имаат минимум по 20 години и се многу истрошени.
Да го земеме и ЈСП ќе видиме дека Итонг и Лаз се веќе многу истрошени,кај скоро сите им тече моторно масло(уље) и се фрла пилевина под Транспортен за да ги упие мрсните флеки.Ништо не сервисираат навремено,гумите им се многу излижани и сето тоа е една голема опасност.
Кај меѓуградскиот превоз од автобуси во подобра кондиција се дел од оние на Руле,Галеб и некои од минибусите но и таму има многу недостатоци кои треба да се средуваат.
Незнам што треба да се случи за да се превземат поригорозни контроли,што воедно ќе значи дека многу компании би требало да згаснат,да останат со по 2-3 возила и токму ова мислам дека е причина што никој не сака да потегне посилни мерки во оваа област.
Back to Top
Denko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 14-Aug-2010
Online Status: Offline
Posts: 2120
  Quote Denko Quote  Post ReplyReply #1605 Posted: 25-Nov-2021 at 19:46
Originally posted by stef4o

Originally posted by Denko



Uste e i dobro ako e polovina! Jas mislam najmalku 3/4?!


Апсолутно се сложувам,од она што го знам за во Скопје скоро сите приватници имаат крш автобуси кои веќе се вон било какви стандарди и исправност но при мали брзини и градска средина ги сметаат за одлични иако имаат минимум по 20 години и се многу истрошени.
Да го земеме и ЈСП ќе видиме дека Итонг и Лаз се веќе многу истрошени,кај скоро сите им тече моторно масло(уље) и се фрла пилевина под Транспортен за да ги упие мрсните флеки.Ништо не сервисираат навремено,гумите им се многу излижани и сето тоа е една голема опасност.
Кај меѓуградскиот превоз од автобуси во подобра кондиција се дел од оние на Руле,Галеб и некои од минибусите но и таму има многу недостатоци кои треба да се средуваат.
Незнам што треба да се случи за да се превземат поригорозни контроли,што воедно ќе значи дека многу компании би требало да згаснат,да останат со по 2-3 возила и токму ова мислам дека е причина што никој не сака да потегне посилни мерки во оваа област.
Jas mislam deka toa e samo delumna pricina za neposegnuvanje posilni merki. Onaa glavnata e otsustvo za red i standardi. Ne samo vo soobrakajot tuku sekade bez isklucok. Inaku ako nekoj nema pari da organizira bezbeden prevoz neka otvori piljara. I ne e problemot samo tehnickata sostojba na vozilata. Vo ist rang e i nacinot na vozenje...    
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 14967
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #1606 Posted: 02-Dec-2021 at 18:26
Ќе продолжат ли да сообраќаат приватните автобуси?



Дали ќе се објави нов оглас и под кои успови побаравме одговори од градоначалничката Арсовска, но таа и денеска е недостапна за прашањата на медиумите.

Директорот на „Слободен превоз“, Ленин Јовановски, вели дека се уште немаат контакт со Арсовска во однос на продолжувањето на соработката, но постојат две правни опции, едната е на одреден период да се продолжат постојните договори, а другата е распишување на нов оглас.

-Доколку се оди на нов оглас треба да се земе во предвид краткиот период во кој што истиот треба да биде објавен и реализиран за не дојдеме до еден вакуум простор, односно да автобусите застанат од приватните превозници кои што во моментов покриваат 30% од вкупниот јавен превоз, што би значело комплетен колапс на јавниот превоз во Град Скопје.-Ленин Јовановски – Директор на „Слободен превоз“ – Приватен градски превозник.

Јовановски демантира дека автобусите се стари и оти загадуваат, вели намалена е старосната граница на возниот парк, кој ги исполнува еколошките стандарди. Сепак очекуваат Арсовска да опстои на ветувањето за подновување на возниот парк на приватниците. Граѓаните со поделени мислења, дел задоволни од условите кои ги нудат приватните превозници, други пак укажуваат на мааните. Генерално се сложуваат дека превозот е ненавремен и дека се создава метеж.

Од МВР за Канал 5 велат дека од ноември-минатата година, па досега само во Скопје се напишани 400 казни на јавни превозници. Од понеделникот според информациите голем дел на приватни превозници не сообраќаат бидејќи се испратени на технички преглед. Од 25 контролирани, шест се исклучени од сообраќај поради неисправни кочници и уред за управување. Во денешната акција полицијата казнила 22 возила, меѓу кои има и приватни автобуси, токму поради наведените дефекти.

Арсовска во предизборната кампања најави дека ќе набави нови 250 еколошки автобуси, а исто така кажа дека ќе има субвенции и за приватните превозници, како и подновување на нивниот возен парк.

https://kanal5.com.mk/kje-prodolzhat-li-da-soobrakjaat-privatnite-avtobusi/a506023
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7763
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #1607 Posted: 05-Dec-2021 at 21:57
Чекај чекај... како тоа Арсовска да им помогне со возниот парк???
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 14967
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #1608 Posted: 07-Dec-2021 at 18:03
САМО ШТО ТРГНАА, КРЕНАА РАЧНА Тетовскиот јавен превоз на принуден паркинг

Јавниот автобуски превоз во Тетово е времено стопиран по нецели четири месеци функционирање, за што има повеќе причини, соопшти Општината.
Поради хаосот, работење без придонеси на вработените и поради тоа што фирмата работи не регистрирана, додека вработените во фирмата ЈП ‘Тетовo транспорт’ се наведени како вработени во општината, како и поради многубројни неправилности привремено ќе биде во прекин јавниот превоз. Ова одлука доаѓа за да не се оштети уште повеќе џебот на граѓанинот и за неконтролираните трошоци во ова претпријатие“, се наведува во соопштението на Општина Тетово.

Поранешнтата градоначалничка на Тетово, Теута Арифи, ги промовираше автобусите на 17 јануари годинава, но и покрај најавите дека превозот ќе стартува брзо, тоа се случи дури на 16 август. За потребите на претпријатието беа набавени пет автобуси.

https://plusinfo.mk/samo-shto-trgnaa-krenaa-rachna-tetovskiot-aven-prevoz-na-prinuden-parking
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 14967
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #1609 Posted: 08-Dec-2021 at 18:19
Поради хаосот, јавниот транспорт во Тетово прекинат – како општината ќе го плати кредитот за автобусите?



https://mk.tv21.tv/poradi-haosot-javniot-transport-vo-tetovo-prekinat-kako-opshtinata-ke-go-plati-kreditot-za-avtobusite/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 14967
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #1610 Posted: 10-Dec-2021 at 11:11
БЕСПЛАТНИОТ ПРЕВОЗ ВО СКОПЈЕ ЌЕ СЕ ВОВЕДЕ ЕТАПНО Прво ќе им се вратат привилегиите на пензионерите

Бесплатниот јавен превоз во Скопје ќе се воведе етапно, изјави градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, во
емисијата „Само интервју“ на Канал 5 телевизија.

Првата фаза веќе е отпочната, а таа е ревидирање и оптиминизирање внатре во процесот, рече таа и додаде:

– За пензионерите во секој случај е неопходно да се врати бесплатниот превоз, којшто го имаа претходно. Тоа е нешто кое што навистина е во нивен интерес и мислам дека заслужиле и како категорија на граѓани заслужуваат да имаат бесплатен јавен превоз. Понатаму да се изедначат категориите, ги видовме дека ги има според мене. Тоа е едно воведување на еднаквост не само за студентите и средношколците, туку и оние кои што се во приватните средни училишта и на приватните факултети. Тие не се ништо помалку ученици или студенти, значи мораат да имаат иста таква подеднаква привилегија како сите останати за да можат да ги користат.

https://plusinfo.mk/besplatniot-prevoz-vo-skop-e-e-se-vovede-etapno-prvo-e-im-se-vratat-privilegiite-na-penzionerite/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 14967
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #1611 Posted: 27-Dec-2021 at 09:21
ВО СКОПЈЕ СЕ ВРАЌА БЕСПЛАТНИОТ АВТОБУСКИ ПРЕВОЗ ЗА ПЕНЗИОНЕРИ ВО ВТОРНИК, ПЕТОК, САБОТА И НЕДЕЛА

Пензионерите во Скопје повторно ќе имаат бесплатен автобуски превоз во вторник, петок, сабота и недела. Оваа одлука треба да стапи на сила наредниот месец, а за таа цел од буџетот на Град Скопје ќе се дадат 650.000 евра субвенции на ЈСП „Скопје“. Бесплатниот автобуски превоз за пензионерите беше укинат лани во март поради пандемијата на ковид-19.

Оваа одлука за субвенционирање на претпријатието за да се воведе бесплатниот превоз треба да се гласа на седницата на Советот на Град Скопје в среда. Со одлуката се предлага бесплатен превоз преку цела недела како и до сега да продолжи да важи за редовни студенти на додипломски студии на државните универзитети.

Покрај за бесплатен превоз, со буџетот за 2022 ЈСП ќе добие субвенции и поради потешкотии во работењето и исплата на приватните превозници во износ од 4 милиони денари, како и 1 милион евра за функционирање на системот за автоматска локација на возилата (АВЛ).

„Согласно препораките на Меѓународната асоцијација за патен транспорт (ИРУ), како и Меѓународната асоцијација за јавен транспорт (УИТП), Советот на Градот Скопје уште во 2008 година започна да го субвенционира јавното сообраќајно претпријатие. Со цел подобрување на квалитетот на јавниот превоз на поширокото подрачје на Град Скопје, предвидени се 250.000.000 денари за потешкотии во работењето, а согласно на Одлуката за линиски поревоз на патници, средставата кои се наменети за ЈСП ‘Скопје‘ индиректно ќе бидат наменети и за приватните превозници кои го имплементираат концептот исплата по изминат километар“, се вели во образложението на градоначалничката Данела Арсовска.

Во текот на 2014, ЈСП „Скопје“ набави опрема за имплементација на системите за АЛВ и за интелигентна наплата. Субвенциите се даваат со цел нормално функционирање и редовно одржување на информатичката и компјутерска технологија за потребите на ЈСП „Скопје“.

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/vo-skopje-se-vraka-besplatniot-avtobuski-prevoz-za-penzioneri-vo-vtornik-petok-sabota-i-nedela/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 14967
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #1612 Posted: 31-Dec-2021 at 13:20
КУМАНОВО ОД УТРЕ БЕЗ ГРАДСКИ ПРЕВОЗ ОТИ ОПШТИНАТА ЗАДОЦНИЛА СО ТЕНДЕРОТ

Од 1 јануари, кумановци ќе останат без градски превоз затоа што не е завршена постапката за избор на нови фирми за превоз на патници. Општина Куманово тендерот го распишала на 15 декември и вчера се отворени понудите, но новите превозници ќе започнат со работа по завршување на жалбениот период и потпишување на договорите. Ако никој не се жали, постапката ќе заврши за 15-дена, но ако има приговори таа може да се развлече со месеци.

Во Општина Куманово јавен градски превоз користат над 15.000 граѓани, од тоа 5.000 ученици во основните и средни училишта.

Празниот простор во превозот не можат да го покријат ни старите превозници, приватните автотранспортни претпријатија „Оли-травел“, „Штуз“ и „Јоцо-турс“, група превозници кои досега го спроведуваа општинскиот линиски превоз на патници во Куманово, а се јавиле и на новиот тендер, затоа што до денеска им завршуваат старите договори за работа, а со тоа им истекува и важноста на дозволите за превоз на патници.

Од Општината Куманово се правдаат дека проблемот настанал поради локалните избори, бидејќи се чекало тие да завршат за да се објави тендерот.

„Јавниот оглас за општински линиски превоз е со важење од 5 години и претходниот завршува на 31 декември годинава. Согласно позитивна законска регулатива, Општина Куманово има распишано нов јавен оглас и тој е во тек. По завршување на истиот, градоначалникот ќе ги потпише дозволите и превозниците со утврдените линии ќе продолжат да возат. Секогаш се запазуваше рокот, но оваа година поради изборите и нефункционирање на Советот одлуката на општинскиот линиски превоз е донесена покасно, а со тоа касни и огласот. Така, дојдовме во временски дисбаланс и во најбрзо време ќе се реши, може да биде и за 10-15 дена веднаш по нова година, но ако има жалби тогаш не може да се каже колку време ќе трае“, велат од Општина Куманово.

Но, автопревозниците тврдат дека причина за доцнење на превозот не се изборите, бидејќи огласот можел да биде објавен и пред тоа, туку предлогот на градоначалникот да се укине одлуката превозот да го врши група превозници, која беше воведена пред десетина години, туку сега секој од превозниците да конкурира сам за секоја линија. Мнозинството советници го усвоија предлогот на втората седница на Советот.

„На тендерот се јавија 9 превозника. За одредени линии има по двајца-тројца заинтересирани. Сигурно ќе има жалби и ова нема да заврши толку брзо. Плус, за одредени линии кои не се атрактивни никој не се пријави. Селата Шупли Камен, Косматац, Новосељане, Четирце, Мургаш, Граничен премин Табановце, новата линија Бајрам Шабани – Бедиње, никој не сака да ги вози. Порано како група превозници имавме обврска да ги покриваме целата единствена мрежа на линии предложена од Советот и сите граѓани да имаат подеднаков третман, независно дали се рентабилни лините или не. Ова е голем проблем за граѓаните на Куманово, а особено за жителите на приградските и селски населби, кои ќе немаат со што да отидат на работа. Дополнителен проблем ќе се појави со превозот на ученици кога ќе заврши распустот“, велат превозниците и додаваат дека за пропустите во оваа работа треба да се вклучат и инспекциските служби, бидејќи општината не смее да ги остави граѓаните без јавен превоз.

Тие кажуваат дека граѓаните и газдите на фирмите веќе се јавуваат и ги прашуваат како се организира превозот, бараат да склучат договори за нивните работници, но тие немаат законска можност за такво нешто.

За прекинот во јавниот превоз Општина Куманово вчера ги извести граѓаните преку кратко соопштение на сајтот на Општината.

„Ве известуваме дека од 01.01.2022 година, поради истек на важноста на дозволи на превозниците за општински линиски превоз на патници на подрачјето на Општина Куманово, ќе престане да се одвива јавниот превоз се до завршување на постапката објавена со оглас за уредување на општински линиски превоз на патници на подрачјето на Општината, бр.08-9194/2 од 14.12.2021 година, објавен од страна на градоначалникот на Општина Куманово“, стои во соопштението.

Од Општината додаваат дека немаат законска можност да ги продолжат дозволите за работа на старите превозници за временскиот рок додека трае постапката и со тоа да го покријат меѓупросторот, за да граѓаните не останат без превоз.

За прекинот во градскиот превоз реагира и коалициониот партнер на Максим Димитриевски ВМРО-ДПМНЕ, кој најави дека ќе бара одговорност од надлежните општински служби.

[URL][https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/kumanovo-od-utre-bez-gradski-prevoz-oti-opshtinata-zadotsnila-so-tenderot//URL]
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 14967
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #1613 Posted: 04-Jan-2022 at 16:39
Директорот на ЈСП „Скопје“ Илиевски бара помош од владата откако цената на метанот поскапе

Ова е ставот на новото раковдство на ЈСП по драстичното поскапување од 120% на цената на метанот односно од 50 денари пред нова година на 110 денари за само неколку дена. Оваа нова цена на метанот која се должи на растот на цените на светските берзи ќе му направи нова финансиска загуба од милион евра ако не се вклучи владата со субвенции или регулаторна не ја замрзне цената на нивото од пред нова година укажува првиот човек на ЈСП Илиевски.

Со став се огласија и од Макептрол кој се увозници од каде укажуваат дека цената на метанот е во директна зависност од увозната цена на природниот гас кој од 292 долари во декември пораснала на 890 долари во јануари. Олеснителна околност за да нема уште подрастично зголемување е тоа што Макпетрол склучила договор со руски Гаспром за набавки кои се со 30% пониски цена од берзанската.

И покрај сите потешкотии со долгови од околу 4 милиони евра и цени на метанот кои прават еден автобус од новите 33 на ова еколошко гориво да вози 2 и пол пати поскап од дизелите сепак новиот директор оптимист дека до март ќе има повторно беспалтен превоз за пензионерите и за две години дека ќе почне и беспалтниот превоз за сите.

https://kanal5.com.mk/direktorot-na-jsp-skopje-ilievski-bara-pomosh-od-vladata-otkako-cenata-na-metanot-poskape/a510642
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 14967
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #1614 Posted: 05-Jan-2022 at 16:27
ЈСП „СКОПЈЕ“ ПОМОШ ЗА ГОРИВО ПРВО ТРЕБА ДА БАРА ОД ГРАД СКОПЈЕ ОТИ Е ПОД НЕГОВА НАДЛЕЖНОСТ, ВЕЛИ ВЛАДАТА

Владата досега официјално не добила никакво барање за помош од ЈСП „Скопје“ поради зголемената цена на метанот. Од Владата за САКАМДАКАЖАМ.МК велат штом се добие такво барање соодветно ќе се одговори, но на јавното претпријатие му препорачува прво да се обрати за помош во Град Скопје, под чија надлежност е.

„Напоменуваме дека ЈСП ‘Скопје‘ е под надлежност на Град Скопје и соодветно првично треба да се исцрпат сите можности во матичната институција, пред да се бара решение на друго место. Владата останува посветена на тоа граѓаните да имаат полесен живот и секогаш ќе помага на граѓаните кога е потребно, како што тоа го правиме во изминативе две години во периодот на пандемијата“, одговорија од Владата.

Од ЈСП „Скопје“ и денеска преку соопштение побараа Владата да им помогне поради зголемувањето на цената на метанот од 50 на 110 денари. На метан возат 33 нови автобуси на МАН, за кои годишно трошоците за гориво се околу 1 милиони евра, а со поскапувањето ќе бидат и над 2 милиони евра.

„ Уште еднаш ја повикуваме Владата да донесе одлука за субвенционирање на работењето на претпријатието со оглед на зголемените цени на енергенсите во државата. ЈСП ‘Скопје‘ е јавен сервис на сите граѓани на Скопје, ги опслужува сите и сега не е момент да се играат политички игри, туку е момент да се реагира. Врз основа на член 9-а став 6 од Законот за задолжителни резерви на нафта и нафтени деривати, Владата може да донесе одлука за отстапување на нафтени деривати без надомест на Град Скопје, а за потребите на претпријатието, како што било случај во 2020 година, кога гориво еуродизел БС било отстапено за потребите на ЈСП Скопје. Врз основа на досегашната практика за намалување на ценовниот шок, ова може да се примени и во случајов кога имаме драстично покачување не само на цената на електричната енергија, туку и на цените на метанот“, велат од ЈСП „Скопје“.

Од таму појаснуваат дека побарале вчера да се иницираат промени во Законот за енергетика за да може на Регулаторната комисија да ѝ се даде можност за одредено регулирање на цената на метанот во кризни ситуации.

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/jsp-skopje-pomosh-za-gorivo-prvo-treba-da-bara-od-grad-skopje-oti-e-pod-negova-nadlezhnost-veli-vladata/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 14967
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #1615 Posted: 06-Jan-2022 at 13:26
ЈСП „СКОПЈЕ“ ВОВЕДУВА ДНЕВЕН БИЛЕТ, ЌЕ ЧИНИ 120 ДЕНАРИ ЗА ЦЕЛ ДЕН ВОЗЕЊЕ

ЈСП „Скопје“ воведува дневен билет за возење во автобусите од јавниот превоз. Билетот ќе чини 120 денари и со него ќе може да се вози цел ден.

„Овој билет ќе биде пуштен кон крајот на овој месец. Ќе биде хартиен како билетот за едно возење. Го воведуваме како опција за граѓаните кои користат повеќе автобуси во текот на денот, а ќе биде од голема корист и за туристите“, велат од ЈСП „Скопје“.

Од пред една недела, јавното претпријатие ги врати ноќните линии кои беа укинати поради пандемијата на ковид-19. Автобуси после 23 часот има на линиите 2, 5, 7, 22, 24, 41, 50, 57, 61, 63 и 65Б. Автобуските линии 2, 22, 24, 41, 57 и 65Б сообраќаат секој ден, а преостанатите се во функција во деновите од викендот или комбинирано, како и за време на празниците.

ЈСП „Скопје“ до крајот на март ќе го врати и бесплатниот автобуски превоз за пензионерите во вторник, петок, сабота и недела. За реализирање на оваа мерка доби 650.000 евра субвенции од Град Скопје.

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/jsp-skopje-voveduva-dneven-bilen-ke-chini-120-denari-za-tsel-den-vozene/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 14967
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #1616 Posted: 30-Jan-2022 at 12:17
Градските автобуси наместо по тетовските улици, гаражирани, а јавното претпријатие во застој

Петте градски автобуси наместо да вршат јавен превоз низ Тетово, кој е повеќе од неопходен, речиси два месеци се паркирани во дворот на Противпожарната единица Тетово.

Новата локална самоуправа донесе ваква одлука, оти претпријатието работело со голем број неправилности, а ваквата состојба ќе трае се додека како што соопштија градските власти, не заврши конечното скенирање на состојбите создадени во претпријатие од претходните раководни структури.

Голем број од граѓаните го поздравуваат јавниот превоз, кој профункционира пред да истече мандатот на претходната локална власт, а беше ставен во прекин откако дојде новата локална самоуправа.

-Градскиот превоз не беше идеален, но во секој случај беше корисен. Ефтин, особено за студентите и средношколците чии образовни институции се наоѓаат кон Универзитетот на Југоисточна Европа. Но, сметам дека сето ова се прави заради добивање на политички поени. Ако имало неправилности во претпријатите нека ги откријат, нека ги пријават, има за тоа надлежни институции. Не знам која беше потребата целосно да се прекине јавниот превоз, рече еден жител на Тетово.   

Јавниот превоз во Тетово никако да профункциоира како што треба, иако градските власти една деценија ветуваа дека ќе го воведат. За петте градски автобуси општината плати 720 000 евра , но наместо на коловозите, тие и од претходната локална власт 8 месеци беа гаражирани, со образложение дека треба да се создадат услови, за да започнат да превезуваат патници.

https://telma.com.mk/2022/01/29/градските-автобуси-наместо-по-тетовс/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 14967
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #1617 Posted: 11-Feb-2022 at 12:06
ГОДИНАВА НЕМА ДА ПОЧНЕ НАБАВКАТА НА 250 АВТОБУСИ КОИ ГИ ВЕТИ АРСОВСКА, ВЕЛИ ДЕКА ГРАДОТ СКОПЈЕ ИМА МНОГУ ДОЛГОВИ

Годинава нема да почне ниту постапката за набавка на 250 еколошки автобуси, кои во изборната кампања ги вети градоначалничката на Скопје Данела Арсовска. Во буџетот за 2022 година не се предвидени пари за оваа намена, а Градот не може ниту да земе кредит бидејќи веќе е задожен.

Постапката за набавка на нови автобуси трае најмалку година и половина, со оглед на тоа дека прво се распишува тендер за избор на најповолен понувач која трае неколку месеци, а потоа до една година е рокот за испораката на возилата. Како за пример, рокот за испорака на 33-те автобуси од германскиот производител МАН беше 10 месеци. Постапката почна во јануари 2019 кога беше потпишан договорот за заем од ЕБОР, потоа неколку месеци траеше меѓународниот тендер за избор на фирма, по што во мај 2020 стигнаа првите нови возила за јавниот превоз.

Од кабинетот на градоначалничката Данела Арсовска велат дела годинава не можат да се купат автобусите, оти Градот го наследиле со многу долгови.

„Набавката на 250 еколошки автобуси е дел од четиригодишната програма на Град Скопје. Од буџетот во 2022 голем дел од финансиските средства наменети се за плаќање на милионските долговите наследени од претходното раководство на Градот, како и на повеќегодишни договори кои претходното раководство ги случило надвор од својот мандат. Овие долгови мора да се исплаќаат со средствата кои Град Скопје ги има на располагање од буџетот од оваа и следните години“, велат од кабинетот на Арсовска.

Од таму не одговорија на нашето прашање од каде ќе се најдат пари за купување на ветените автобуси за кои треба околу 75 милиони евра, со оглед дека Градот кредитно не може да се задолжи.

Градоначалничката Арсовска во декември на брифинг со новинарите кажа дека од донатори ќе се бараат средства за купување на автобусите.

Арсовска во кампањата покрај нови 250 автобуси вети и бесплатен превоз за сите граѓани. Ниту тој годинава нема да се воведе, туку за две години оти и јавното претпријатие ЈСП Скопје, како што кажа градоначалничката, се наоѓа во лоша состојба и мора прво да се консолидира.

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/godinava-nema-da-pochne-nabavkata-na-250-avtobusi-koi-gi-veti-arsovska-gradot-ima-mnogu-dolgovi/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 14967
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #1618 Posted: 12-Feb-2022 at 17:54
ШТИП ЌЕ ВОВЕДЕ ЈАВЕН АВТОБУСКИ ПРЕВОЗ, ЌЕ БИДЕ БЕСПЛАТЕН ЗА УЧЕНИЦИТЕ

Општина Штип започна постапка за воведување јавен градски превоз. Како што е најавено, тој ќе стартува наесен, пред почетокот на новата учебна година.

„За почеток се предвидени четири линии од сите четири приградски населби на Штип: Чардаклија, Караорман, која ќе важи и за населбата Баби, Три Чешми и од населбата Дузлак. Автобускиот превоз ќе ги опфати и поблиските населби во градот“, вели Вишна Шорова-Ангелова од кабинетот на градоначалникот на Штип.

Таа додава дека постапката предвидува и избор на еден или повеќе оперaтори и утврдување на износот на нивното субвенционирање од буџетот за да може да се утврди билет по поволна цена.

Учениците ќе имаат бесплатен превоз и возниот ред ќе бил утврден најмногу според нивните потреби, како и според останатите граѓани кои често имаат потреба да доаѓаат во центарот на градот. Четирите возни линии ќе имаат кружна релација најмалку шест пати во денот.

Јавниот превоз ќе значи крај на договорите со операторите кои сега ги превезуваат учениците, кои изминуваат на крајот на оваа учебна година. До септември, на тендер ќе се избере еден или повеќе оператори за новиот градски превоз.

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/shtip-ke-vovede-javen-avtobuski-prevoz-ke-bide-besplaten-za-uchenitsite/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 14967
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #1619 Posted: 23-Feb-2022 at 17:53
Автобуси на градскиот превоз упатени на технички преглед – патниците со часови чекаа на станиците

МВР информира дека денеска, во периодот од 8 до 12 часот, била извршена контрола на техничката исправност на 11 автобуси, сопственост на ЈСП, од кои кај пет биле констатирани неправилности. Исто така, на вонреден преглед биле и 20 автобуси на „Макекспрес“, а од „Слобода превоз“ деновиве ќе излезат со бројката на проверени возила,

Немањето потребен број автобуси предизвика нервоза и паника кај патниците во јавниот градски превоз на одредени линии, бидејќи со часови чекаа автобус и не можеа навреме да стигнат на работа, особено учениците доцнеа на часовите. Многу тензично беше на автобуската станица спроти зградата на „Македонија осигурување“, бидејќи тука поминуваат голем број автобуси кои одат за Кисела Вода, Драчево, Зелениково, Студеничани, Орман. Сите тие нервозно се прашуваа зошто нема автобуси

Седум возила „јутонг“ на ЈСП Скопје, но и повеќе автобуси на приватните превозници „Макекспрес“ и „Слобода превоз“ денеска беа испратени на вонреден технички преглед од страна на полицијата. Како што информираа од ЈСП, од седум возила, пет биле двокатни автобуси, еден минибус/комбе и едно комбе „ивеко“.

– Во меѓувреме, две возила од посочените веќе се вратени на линија – нагласуваат од ЈСП и додаваат дека ја следат состојбата на терен и по потреба, по исклучување на некое возило поради технички преглед, реагираат навремено со испраќање т.н. заменско возило за да се избегне „дупка“ во возниот ред.

Освен овие, како што велат од „Макекспрес“, од кај нив на технички преглед биле однесени над 20 автобуси, иако сè уште немаат прецизна бројка за тоа.

– Не добиваме веднаш податоци за тоа колку автобуси се однесени на технички преглед и колку од нив биле технички неисправни. Точната бројка ќе ја утврдиме наредните денови од нашите возачи, бидејќи ниту МВР ниту, пак, станиците за технички преглед ни доставуваат информации – истакна Милорад Димитриевски, еден од сопствениците на „Макекспрес“.

Директорот на приватното претпријатие за превоз на патници „Слобода Превоз“, Ленин Јовановски, немаше податоци за тоа колку нивни возила се однесени на технички преглед, со истото образложение дека ќе сумираат наредните денови кога ќе ги добијат податоците од фирмите кои треба да пријават.

– Точно е дека се носени автобуси на контрола и, можеби, сè уште се носат. Немам информација колку наши се однесени и колку биле неисправни – истакна Јовановски.

Немањето потребен број автобуси предизвика нервоза и паника кај патниците во јавниот градски превоз на одредени линии, бидејќи со часови чекаа автобус и не можеа навреме да стигнат на работа, особено учениците доцнеа на часовите. Многу тензично беше на автобуската станица спроти зградата на „Македонија осигурување“, бидејќи тука поминуваат голем број автобуси кои одат за Кисела Вода, Драчево, Зелениково, Студеничани, Орман. Сите тие нервозно се прашуваа зошто нема автобуси.

Револтирани, тие преку социјалните мрежи го прозваа Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ да излезе со соопштение дали воопшто и ќе има автобуси во текот на денот и која е причината за нивниот застој.

– ЈСП, да излезевте со соопштение дали воопшто и ќе има автобуси во текот на денот и со соодветна причина за нивниот застој – вели Марина Стојановска.

– Зошто не кажавте од сабајле, барем децата да не одеа во училиште, со што ќе се вратат? Катастрофа! За што плаќаме? – пишува Дијана Крстевски.

Од МВР објаснија дека согласно со годишните програми за работа, имаат изготвено годишен план распоред за спроведување акциски контроли со точно определен месец, ден, време и цел на контролата, кои истовремено се спроведуваат на целата територија на државата.

– Согласно со предвидениот план распоред, на 23.2.2022 година, во периодот од 8 до 12 часот, предвидена и спроведена е акциска контрола на подрачјето на Град Скопје, над возила кои вршат јавен превоз на патници (линиски, градски и меѓуградски превоз). Акциските контроли се спроведуваат согласно со утврдена методологија, а со цел зголемување на безбедноста на учесниците во сообраќајот на патиштата – нагласија од МВР и додадоа дека била извршена контрола на техничката исправност на 11 автобуси на ЈСП, од кои кај пет биле констатирани неправилности предвидени согласно со одредбите на ЗБСП и ЗВ – информираа од МВР.

https://www.vecer.press/автобуси-на-градскиот-превоз-упатени/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 14967
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #1620 Posted: 12-Mar-2022 at 15:33
Стручна анализа на професорот Никола Крстаноски: Зошто младите не сакаат да користат јавен превоз?

По објавената анкета на тема користењето на услугите на јавниот превоз од страна на младите, која што Мета.мк ја спроведе заедно со „Студентарија“, универзитетскиот професор на Отсекот сообраќај и транспорт при Техничкиот факултет во Битола, д-р Никола Крстаноски го дава своето стручно мислење во однос на тоа зошто интересот на младите за користење на јавниот превоз постојано се намалува, како и кои итни промени е потребно да се применат со цел да се подобри состојбата со јавниот градско-приградски превоз во земјава.

Професорот Крстаноски објаснува дека најголемиот проблем настанува кога најголем број од патувањата во еден град се со автомобил, а зачеток на тоа е намаленото ниво на свест кај младите за придобивките од градење на политика за почиста средина, која во делот на сообраќајот значи што помала употреба на автомобилот во градските средини и што поголема употреба на квалитетен јавен градски превоз, велосипеди, мопеди, пешачење итн.

„Денес, сме сведоци на сѐ построго ограничување, па дури и целосна забрана на автомобили во делови на градовите, воведување „зони 30“ на територија на цел град, пример е Брисел, плаќање високи еколошки такси ако се влегува со автомобил во централно подрачје на градот (Лондон) или забрана на влез во централните градски зони со автомобил со ЕУРО стандарди под 5 во најголем број германски градови“, истакнува професорот во својата анализа.

Во однос на другата главна причина поради која се јавува незадоволство кај младите, ненавременото пристигнување на автобусите се должи движењето по исти сообраќајни ленти со останатиот сообраќај и во врвните часови кога доаѓа до метеж во сообраќајот, автобусите се заглавени во тој сообраќај.

„На семафоризирани раскрсници се случува да чекаат по неколку циклуси, не можат да се престројат кога треба да променат сообраќајна лента, а се разбира заради природата на работата, мора да застануваат на стојалиштата заради влез и излез на патници. Неретко имате недисциплинирани возачи на автомобили кои стојат или паркираат дури и на автобуските стојалишта итн“, посочува професорот Крстаноски.

Тој се задржува на тоа дека во поголемите градови потребен е систем на јавен градски превоз што вклучува повеќе различни видови, кои со своите каратктеристики ќе покријат различни сегменти од потребите на луѓето. Освен автобуси, може да се вклучат и метро систем, автоматски водени системи (AGT – Automated Guided Transit), брз трамвај (LRT – Light Rail Transit), брз автобуски систем (BRT – Bus Rapid Transit), трамвај, јавен градски превоз на повик (Public transport or Bus on- call).

„Брзите, висококапацитетни видови како метрото, ЛРТ или БРТ работаат со големи возила со висок капацитет и што е најважно на физички издвоени траси од останатиот
сообраќај што им обезбедува голема брзина, висока точност и редовност и независност од закрчувањето на улиците на останатиот сообраќај“, вели тој.

За јавниот превоз кај младите, а општо и кај населението, да стане попримамлив за користење со цел да се добие поздрава животна средна, професорот наведува дека е потребна мрежа на линии која е соодветна на потребите на граѓаните, доверлив превоз што подразбира одржување на точност и редовност на возните редови и редовно реализирање на очекуваното време на патување. Од голема важност е и правењето на анкети на корисниците на јавниот градски превоз. Нивното спроведување во светот покажува дека за патниците се важни елементите на удобност.

„Со развојот на ИТ технологијата исклучително се цени од страна на патниците, информацијата во реално време која е достапна на мобилни телефони. Во однос на цената на билетот, тоа е дел од квалитетот на услугата, но интересен е податокот дека во многу анкети во светот, оваа ставка е некаде на крајот во редоследот на оценка на квалитетот на услугата, бидејќи воглавно секаде цената на билетот се држи на ниско ниво заради потребата јавниот градски превоз да се користи секојдневно и од што поголем број на корисници“, забележува професорот Никола Крстаноски.

Тој смета дека она што властите треба да го преземат за подобрување на состојбата на јавниот превоз се разликува во Скопје и во другите помали градови во Македонија.

„Во сите други градови во Македонија (освен Скопје) каде има јавен градски превоз не постои традиција за користење на јавен градски превоз“, појаснува професорот Крстаноски.

„Скопје е град кој одамна го прераснал автобускиот превоз и му недостасува барем некој од видовите на брз, високо- капацитетативен превоз со заштитена траса, со целосна реорганизација и оптимизација на целата мрежа на линии, за да се обезбеди единствен координиран систем на брзите видови и класичниот автобус. И се разбира планирање на систем кој ќе ги исполни елементите на квалитет набројани претходно. Во помалите градови, се доволни помали мрежи на линии кои треба да обезбедат пристап до главните точки на атракција Кај помалите градови поголем акцент се става на приградскиот и руралниот превоз, со кој се обезбедува превоз од околните населени места кон градот“, заклучува професорот Крстаноски.

Инаку, статистичките податоци за користењето на јавниот превоз во земјава ги потврдуваат нашите анкетни резултати дека кај младите опаѓа интересот за користење на градско-приградскиот превоз. Податоците на Државниот завод за статистика велат дека во 2021 година 37.386.000 патници ги користеле услугите на градско-приградскиот превоз во земјава. Од нив, ЈСП-Скопје и приватните автобуски превозници лани во Скопје превезле вкупно 29.797.130 патници, додека останатите превезени граѓани се со јавниот превоз организиран низ другите градови во Македонија.

Низ годините наназад, забележливи се податоците за континуирано опаѓање на користењето на јавниот превоз низ земјава, особено во Скопје. Бројките на превезени патници во главниот град опаднаа за двојно со појавата на ковид-19 пандемијата во 2020 година, но и претходно тие бележеа загрижувачка надолна линија.

https://meta.mk/struchna-analiza-na-profesorot-nikola-krstanoski-zoshto-mladite-ne-sakaat-da-koristat-javen-prevoz/
Carpe diem
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 79808182>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.313 seconds.

Copyright ©2007 - 2022  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.