build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања > Јавен превоз
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Јавен автобуски превоз (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 910111213 59>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11514
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #201 Posted: 30-Jan-2009 at 16:46
Да, помалку загадуваат, не само што е поекономична експлатацијата. Мада стварно е чудно ова гасифицирање кога ќе се земат во предвид 300 двокатни автобуси што запнале да ни ги увалат.
Back to Top
Andrej_LJ View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 20-Oct-2008
Location: Ljubljana
Online Status: Offline
Posts: 2941
  Quote Andrej_LJ Quote  Post ReplyReply #202 Posted: 01-Feb-2009 at 15:03
Едно прашање до сите вас доколку знае некој: Колку чини изградба на тролејбусна мрежа? И каква е разликата во цена по возило автобус и тролејбус? Кај нас огромен дел од линиите поминуваат по централните булевари: Од бул. Ѓорче Петров, Партизанска, потоа улиците во центарот- Васил Главинов, ВМРО, Димитрија Чупоски, бул. 11 Октомври, Кочо Рацин, Јане Сандански, К.П. Мисирков, Гоце Делчев и Александар Македонски. Мислам дека со поставување на мрежа во овие делови би се покрила 90% од трасата на линиите кои сообраќаат по соодветниве булевари (освен скршнувањата и крајните станици (како на пример на 15, 19 во Карпош 4). Многу погодности нудат тролеите меѓу кои никаква бучава, троелите немаат голем маневарски простор и со тоа нивното движење (односно дивеење кажано во скопски услови)  се ограничува на една (жолтата линија) и не загадуваат.
Е проблем би бил недостаток на елекрична енергија... Знам дека во Софија тој проблем им е решен со тоа што самото претпријатие заедно со Бугарски Железници имаат изградено централа за своите потреби. Што мислите за тројелбус во Скопје?
Back to Top
Vladimir P View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3254
  Quote Vladimir P Quote  Post ReplyReply #203 Posted: 01-Feb-2009 at 15:12
Тролебусот освен еколошкиот дел, не ја решава катастрофалната гужва, и брзиот превоз
(кај нас и сега има жолта трака па никој не ја поштува)

Поздрав, Владимир http://mz-rail.atwebpages.com/
Back to Top
Andrej_LJ View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 20-Oct-2008
Location: Ljubljana
Online Status: Offline
Posts: 2941
  Quote Andrej_LJ Quote  Post ReplyReply #204 Posted: 01-Feb-2009 at 15:26
Не мислев тролејбусот да биде замена за ЛРТ или трамвајот или да биде примарен столб на јавниот транспорт. Просто замена на автобусите со тролејбуси во деловите каде што тоа може, се разбира доколку тоа е исплатливо од економски аспект.
Back to Top
vardar View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Mar-2008
Online Status: Offline
Posts: 1106
  Quote vardar Quote  Post ReplyReply #205 Posted: 09-Feb-2009 at 02:59

Возењето со ЈСП наскоро ќе се плаќа со пластични картички

Веќе се набавени 20.000 картички за повеќекратна употреба кои ќе се дополнуваат со кредит

Сања Наумовска

Фирмата „Кент кард“ од Турција ќе ја обезбеди опремата за инсталирање на автоматското следење на автобусите на ЈСП и смарт-картичките. Фирмата победи на тендерот на Градот Скопје и ќе има обврска во рок од 40 дена од потпишувањето на договорот да ја обезбеди опремата.

Станува збор за 250 валидатори кои ќе бидат поставени во автобусите за отчукување на картичките, кои во себе содржат ЏПС- уред за следење на возилото. Набавени се и 20.000 картички за повеќекратна употреба, кои ќе се надополнуваат со кредит. За оние кои ретко се возат со автобус има и 1.000 картички за една, односно за три употреби, кои ќе бидат и поскапи од обичните.

Во Градот велат дека функционирањето на новиот систем на наплата во автобусите ќе се тестира определен период во кој ќе важат и старите хартиени картички. Во меѓувреме, ќе се спроведе и кампања за информирање на граѓаните како да ги користат смарт-картичките и каде да ги купуваат. Во иднина, според плановите на градските власти, иста картичка треба да важи кај ЈСП и кај приватните превозници. Но, за тоа, сепак, неопходно е прво субвенционирање на јавниот превоз и изедначување на цените.

Со новиот начин на плаќање ќе се намалат турканиците при влегување во автобус, а возачите нема потреба да работат со пари и со картички, велат во Градот. Истовремено, со уредите за следење на движењето на возилата, од контролен центар ќе се врши увид кој автобус каде се наоѓа и дали вози во рамките на возниот ред. Овие два система, информираат во Градот, ќе понудат подобра и поефикасна услуга за граѓаните кои користат јавен превоз, но ќе бидат и основа понатаму да се прошират услугите, како што се, на пример, информативни табли на станиците на кои во секој момент ќе има информација за колку време ќе пристигне автобусот.

Во план е, велат градските власти, да се реализира и проектот за физичко одвојување на жолтите ленти наменети за автобуси и за такси, од другите коловозни ленти, за да се овозможи непречено движење на овие возила, со цел навистина да не отстапуваат од возниот ред. Жолтите ленти ќе бидат одвоени со мали рампи, кои ќе ги оневозможат другите возила да ја користат лентата и да го попречуваат движењето на автобусите.

 
 
 
 
 
 
 

ЈСП доби 1,5 милиони евра субвенции

Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ доби околу 1,5 милиони евра субвенции за 2009 година. На последната седница на Советот на Скопје советниците одлучија од градскиот буџет да одвојат 100 милиони денари за покривање на дел од загубите на јавното претпријатие, со образложение дека над 60 проценти од патниците што ги превезува ЈСП спаѓаат во категоријата бенефицирани корисници. (С.Н.)

Back to Top
La Linea View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
  Quote La Linea Quote  Post ReplyReply #206 Posted: 16-Feb-2009 at 02:41

Три нови камери ќе се инсталираат во автобусите на ЈСП

Уште три камери за набљудување од понеделник ќе бидат поставени во автобусите со број 65 на ЈСП, откако се покажаа позитивни ефектите од поставените две пролетта минатата година исто така во автобуси што сообраќаат на оваа линија. Камерите, како и претходните две се поставуваат на иницијатива на Општината Гази Баба, а во соработка со јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“. Целта да е да се зголеми безбедноста на патниците, да се евидентираат виновниците за вандализмот што се случува во овие автобуси, но и насилниците да се изведат пред лицето на правдата.

- Се' уште сме во фаза на преговори, но се надеваме дека за една недела камерите ќе бидат монтирани. Сметаме дека линијата број 65 е најпроблематична. Во овие автобуси се случуваат повеќе инциденти и затоа сме на мислење повторно во автобусите што сообраќаат на оваа траса да поставиме камери. А од друга страна, оваа линија е и најдолга и ги опфаќа населените места Страчинци, Раштак, Црешево итн., вели Александар Бошковиќ, директор на ЈСП.

Според него, со поставување на овие камери ќе се воспостави двојна контрола, на корисниците на услугите и на возачите. Целта е да се зголеми безбедноста, да се намалат несаканите инциденти и нивните предизвикувачите,но и да не се злоупотребуваат билетите.

- Неодамна патник во автобусот број 65 направи неред и кога возачот изреагирал да се смири, тој го нападнал и него. Тоа можеше убаво да се забележи откако го прегледавме цедето од камерата. На тој начин имаме и документиран доказ за вандализмот, изјави Иле Ѓеоргиевски, директор на техничкиот сектор.

(А.П.)



http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=FACA24DC6155D54DAF40058434447CEE
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11514
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #207 Posted: 24-Feb-2009 at 17:14
Па и редно беше градот да превземе макар и вака минимален проактивен став кон приватните превозници.
Се надевам дека наскоро ќе има некаков притисок и за замена на крнтиите од кои и во Авганистан би се засрамиле.

ГРАД СКОПЈЕ СО ОПОМЕНА ЗА „СЛОБОДА ПРЕВОЗ“
Или електронски читачи или исклучување од сообраќај

Елена Мачевска

Приватните автобуски превозници добиле опомена од Секторот за сообраќај на Град Скопје дека автобусите што ќе бидат фатени во сообраќај, а немаат инсталирано систем за електронска наплата, ќе бидат исклучени од сообраќај. Одлуката била донесена поради неколкумесечното пречекорување на рокот од страна на приватните автобуски превозници за инсталирање на системите за картичките „смарт“. Таквата состојба кај приватните автобусџии, во некои возила да има електронски читачи, а кај дел од нив да нема, кај патниците создаде револт. Тие што набавиле картички за наплата, се жалат дека доколку наиде автобус во кој нема читач, тие мора да го чекаат следниот со надеж дека во него ќе има очитувач. - Секојдневно се возам со автобусот со број 23. Кај нив електронските читачи се многу ретки, па така не ми останува ништо друго освен некогаш и по половина час, па и по четириесет минути да чекам автобус во кој е инсталирано читач за билети за да стигнам до дома - изјави Маја од Лисиче. Од „Слобода превоз“ велат дека добиле писмено предупредување од Град Скопје, но досега ниеден инспектор не исклучил од сообраќај ниеден од нивните автобуси. - Веднаш по добиената опомена свикавме состанок со сите членови, на кој се договоривме в понеделник да порачаме уште 30 нови електронски читачи. Со нивната набавка во целост ќе ја заокружиме потребната бројка за апарати кои треба да бидат инсталирани во нашите автобуси - објаснува Ленин Јовановски, директор на „Слобода превоз“. Според Јовановски, за таквата нивна одлука веднаш биле известени надлежните служби од Секторот за сообраќај на Градот и, како што вели, се надева дека тоа ќе биде причина да почекаат дополнителен период за да отпочнат со исклучување на автобусите. - Свесни сме дека нам рокот ни измина уште од први јануари. Сепак, и ЈСП „Скопје“ доцни со инсталирањето на системот, како и останатите автобуски превозници што не се дел од нашето здружение. Ние сме единствените во кои речиси осумдесет проценти од автобусите поседуваат системи за електронска наплата - дообјаснува Јовановски. „Слобода превоз“ поседува вкупно 130 автобуси од кои само во 30 нема електронски читачи. Според најавите од Град Скопје, наскоро треба да се потпише договор помеѓу нив и „Ксмет карт“ и во рок од 45 дена по неговото потпишување да се инсталираат читачи и во автобусите на ЈСП „Скопје“, по што би следувала унифицираната наплата на сите градски и приградски автобуски линии.



http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=2&tabid=1&EditionID=1632&ArticleID=108360
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4868
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #208 Posted: 24-Feb-2009 at 18:06
фала богу, нека стават на сите, бидејќи стално се возам со приватни (иако имам опција државни) одамна ме нервира фактот дека нема апарат на сите автобуси
имам картица, и ми прави дополнителен трошок кога ќе ја наполнам а ќе морам да платам во готово Bash

добро ова се мои лични интереси, ама сепак се согласувам со горната изјава (камо да беше насловена „нови автобуси или исклучување“ Smile )


Edited by zabegan - 24-Feb-2009 at 18:16
Back to Top
Б.Ѓ.Т View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 15-Nov-2008
Location: skopje
Online Status: Offline
Posts: 312
  Quote Б.Ѓ.Т Quote  Post ReplyReply #209 Posted: 06-Mar-2009 at 08:59
МОДЕРНИЗАЦИЈА НА ЈСП - ПРИОРИТЕТ НА КАНДИДАТИТЕ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИК НА СКОПЈЕ


Се возат ли со градски?


Коце Трајановски вчера беше во посета на ЈСП и вети модерен, удобен и евтин градски превоз. Ги посети и хангарите каде се вршат механичарските работи на возилата, а се качи и во еден од автобусите


Модерен, современо опремен градски превоз, набавка на нови еколошки автобуси, посебна траса на возење, точен возен ред и единствен тарифен систем, субвенции... Ова се само дел од предизборните ветувања на сите кандидати за градоначалници на Град Скопје, на кои трансформацијата на најголемото Јавно претпријатие - ЈСП Скопје, како и воведување на алтернативен градски превоз им е приоритет во програмите. Но, дали тие се возат со автобус? Со нашата кратка анкета се потврди очекуваниот резултат дека повеќето од нив преферираат возење со автомобил.

Кандидатот од редовите на ВМРО - ДПМНЕ Коце Трајановски, вчера беше во посета на ЈСП и вети модерен, удобен и евтин градски превоз. Ги посети и хангарите каде се вршат механичарските работи на возилата, а се качи и во еден од автобусите.
- Се возам во автобус, но само онолку колку што ми дозволува времето. Сепак, секогаш кога ќе влезам во возилото имам исто чувство. Долги години, децении ова претпријатие е оставено само на себе комерцијално да стопанисува и тоа се одрази на возниот парк и на неговата организација. Постојат автобуски линии кои мора да се субвенционираат и да им се обезбедат еднакви услови на сите граѓани без оглед во кој дел на градот живеат, во најодалечниот периферен дел или во центарот, рече Трајановски.

Кандидатот на ДУИ Шефкет Зеколи вели дека ретко, речиси никогаш не се вози со автобусите на ЈСП, но ја знае состојбата во која се наоѓа јавното претпријатие.
- Ако сакате да ви ја кажам вистината, јас никогаш не се возам со автобус. И секој од моите противкандидати ако каже дека се вози, ќе ве излаже. Но, еве, вчера ќерка ми ми ја зеде колата и јас морав да се качам во приватна "19". Автобусот беше амортизиран, а возачот недисципиниран, не ги почитуваше сообраќајните знаци. Сите проблеми можат да се надминат само доколку се набават нови возила и се воведе ред во работата, рече Зеколи.

Кандидатката од ЛДП Мирјана Најчевска, пак, е поборник на возење со велосипед и затоа во нејзината програма посебен акцент се става на афирмација на овој вид сообраќај и обнова на велосипедските патеки. "Во автобус се возам единствено кога врне и секогаш се чувствувам непријатно и не сум сигурна дека ќе стигнам на настанот на време", вели таа.

Тито Петковски од НСДП, пред неколку дена, прв пат по неколку децении се качил во градски и се повозил неколку станици во Кисела Вода. Тој рече дека не се возел со автобус поради неговите политички ангажмани. Високите функции биле причината и за Лазе Еленовски од СДУ да се вози само со автомобил. Сепак, вели тој, како поранешен заменик-генерален директор во ЈСП ги знае вистинските причини за лошата состојба во јавното претпријатие и ја знае вистинската формула за надминување на сите проблеми.
- Скопје и скопјани заслужуваат европски стандарди на јавниот превоз, а тоа може да се реализира само со воведување на алтернативен шински сообраќај, да се обнови возниот парк, да се обезбеди посебна траса за возилата и единствен тарифен систем со приватните превозници, вели Еленовски.

Директорот на ЈСП Александар Бошковиќ изрази здоволство што кандидатите за градоначлници особено внимание посветуваат на модернизација на јавниот градски превоз и враќање на имиџот на претпријатието кое има 1.400 вработени.

Елизабета АРСОСКА
фото: Д.АНДОНОВСКИ
http://vecer.com.mk/?ItemID=35FB2C1D109E3747B3326CCDE3C8A736
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member

Suspended

Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 2009
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #210 Posted: 14-Mar-2009 at 00:36

Електронски табли на постојките до крајот на годинава

Скопје до крајот на годинава ќе ги добие електронските табли на автобуските постојки. Станува збор за еден од четирите проекти што Градот ги работи во соработка со ЈСП „Скопје“ и Техничкиот факултет во Битола. Проектите се дел од програмата „Ренесанс“ за која Градот од Европската комисија ќе добие околу 700 илјади евра. На постојките ќе се постават електронски информативни табли за времето на доаѓањето на автобусите - рекоа претставници на Градот. Во почетокот, овие табли ќе бидат поставени на 8 постојки на линијата број 57. Ќе треба да се инсталира системот „АВЛ“ за автоматска локација на автобусите. Другите три проекти се Центар за управување и контрола на сообраќајот, пренамена на 12 автобуси на природен гас и изработка на стратегија за урбан транспорт.

Дневник - 12.03.2009

Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10989
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #211 Posted: 02-Apr-2009 at 00:48
Реновирање и бојадисување на билетарниците на ЈСП

Во тек е акција на реконструирање на сите 25 билетарници на ЈСП „Скопје“. Тие, како и постојките, 25 години се оставени на забот на времето.  Се уредува ентериерот и се бојадисуваат билетарниците. Ќе бидат со жолти натстрешници, а од страните - со зелена боја, во склад со автобуските постројки, вели Илија Ѓеоргиевски, директор на техничкиот сектор во ЈСП.Досега се обновени билетарниците во населбите Железарница, во Ново Лисиче, Аеродром, Карпош 4, Ѓорче Петров, Сарај и Новоселски Пат. На нив треба да се постави светлечко пано.

- Овие активности требаше да се изведуваат во пакет со обновувањето на 330 автобуски постојки, што требаше да биде по пат на јавно-приватно партнерство. Но, поради пропустите во Законот за локалната самоуправа и недодефинираните надлежности меѓу Градот и општините, проектот се' уште тапка во место, објасни Ѓеоргиевски.

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=5EEEB780B29FDE488D38BD690A82E38C
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10989
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #212 Posted: 06-May-2009 at 01:14
Промоција на одржлив урбан транспорт


Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, го потпиша договорот за учество на Градот Скопје во реализација на проектот NICHE+. Станува збор за проект на ЕУ финансиран од седмата рамковна програма на генералната дирекција за истражување на Европската Комисија. Во него учествуваат шест градови и тоа Трондхаим (Норвешка), Арто (Франција), Јорк (Ирска), Ворчестершир (Велика Британија), Давентри (Велика Британија) и Бургос (Шпанија). Мисијата на NICHE+ проектот пред се е промоција на иновативни мерки за поефикасен и одржлив урбан транспорт во градовите.
- Во рамките на активностите предвидени со проектот, Градот Скопје ќе земе активно учество во работните групи за дефинирање на развојното сценарио за интегрирање на еден или повеќе иновативни концепти, во локалната транспортна политика на учесниците во конзорциумот. Ќе организираме и регионална конференција со цел да се презентира и промовираат проектните резултати и мерките реализирани на локално ниво, којашто треба да се одржи во периодот меѓу декември 2009 и јануари 2011 година-велат одговорните од Градот.
Со ова се отвораат можности за учество во поголеми проекти со поголеми финансиски ефекти.

http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=FA7329ECA2576F4BB24CABC08B9A5F2D

Back to Top
Andrej_LJ View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 20-Oct-2008
Location: Ljubljana
Online Status: Offline
Posts: 2941
  Quote Andrej_LJ Quote  Post ReplyReply #213 Posted: 18-Jun-2009 at 22:35
На нет, барајќи некакви убави автобуси налетав на нашите САНОС на ФАС 11 Октомври. Па јас не сум знаел дека на времето ова била врвна компанија која соработувала со Мерцедес и ШКОДА. Дури имаат зглобувано и ТРОЛЕЈБУСИ, во соработка со чешка Шкода. Еве некои примери на наши автобуси по светот:

Како највпечатлив ќе ја издвоја МОСКВА, каде што во 1990 година се набавени непознат, но немал број на фасови зглобни автобуси, по дизајни па дури и боја идентични на скопските:



Потоа, идентични на скопските понови саноси (тие од 1998 година по повод акцијата ЈСП -50 години крвоток на главниот град):

Скопје:



Исто така во Скопје има еден зглобен автобус од оваа нова серија, кој е бело-син кој за разлика од црвениот дизајн многу ми се допаѓа и најчесто може да се види по линијата 15. Еве такви низ Хрватска, во Осијек, Вараждин и Шибеник:







На крајот, ФАС Санос, автобуси и ТРОЛЕЈБУСИ (за мое огромно воодушевување) во Полска, Чешка и Словачка:









Браво за нашите, многу жалам што дојдоа такви жални времиња и овој гигант згасна...
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11514
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #214 Posted: 22-Jun-2009 at 17:39
НИКАКО ДА СЕ СПРОВЕДЕ СОВРЕМЕНАТА НАПЛАТА ВО АВТОБУСИТЕ
Електронските билети ќе ја дочекаат есента

Ги поминавме сите можни рокови за воведување на електронската наплата во автобусите на ЈСП „Скопје“. За конечно да го решиме проблемот, најверојатно, следната недела ќе оствариме средба со градоначалникот Коце Трајановски за да решиме дали и понатаму ќе чекаме на потпишување на договорот со „ Ксмет карт“ или, пак, целиот тендер ќе биде поништен и постапката ќе биде повторена, објаснува Александар Бошковиќ, директор на ЈСП „Скопје“. Тој вели дека на последната средба што ја остварил со претставници на фирмата што победи на тендерот за набавка и за инсталација на електронската наплата во автобусите, било договорено целата постапка да заврши во најкраток можен рок. - Од „Ксмет карт“ ни ветија дека многу скоро ќе бидат отстранети сите технички недостатоци на „смарт тикетот“ и дека наскоро ќе можеме да го потпишеме договорот. Сепак, ние веќе имаме одредени проблеми поради доцнењето на реализацијата на овој проект и како претпријатие заедно со градот ќе мора да донесеме конечно решение дали и понатаму ќе продолжиме да доцниме со инсталирањето или ќе распишеме нов тендер “ дециден е Бошковиќ. Електронската наплата во автобусите на ЈСП „Скопје“ требаше да почне во мај, но се одложи по забелешките на договорот од фирмата „Ксмет карт“, која е избрана да ги инсталира читачите во автобусите за градски превоз, како и поради одредени технички забелешки што ги имало претпријатието. Од „Ксмет карт“ реагирале на рокот за гаранција предвиден во договорот за инсталирање на читачите и за автоматското лоцирање на автобусите со соодветни уреди за позиционирање. Според тогашните најави од сообраќајното претпријатие, веќе требаше да почне инсталирањето на валидаторите, кое требаше да се спроведува 45 дена. Во тој период, читачи требаше да бидат поставени во 250 автобуси на ЈСП „Скопје“, кои сообраќаат на градските и на приградските линии. Наплатата, пак, за користење на автобуски превоз со електронски картички првпат кај нас беше воведена кај приватните превозници на „Слобода превоз“ минатото лето.


http://vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=9&tabid=1&EditionID=1737&ArticleID=116212

Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 4078
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #215 Posted: 22-Jun-2009 at 17:58
Originally posted by Andrej_LJ

На нет, барајќи некакви убави автобуси налетав на нашите САНОС на ФАС 11 Октомври. Па јас не сум знаел дека на времето ова била врвна компанија која соработувала со Мерцедес и ШКОДА. Дури имаат зглобувано и ТРОЛЕЈБУСИ, во соработка со чешка Шкода. Еве некои примери на наши автобуси по светот:

Како највпечатлив ќе ја издвоја МОСКВА, каде што во 1990 година се набавени непознат, но немал број на фасови зглобни автобуси, по дизајни па дури и боја идентични на скопските:





http://moskva.ruz.net/lib/3/1.htm

В 1990 г. в ФАТП прибыло несколько образцов югославских автобусов ТАМ-180А, ТАМ-260А, ЗЕМАН-160, сочлененный "Санос".

Back to Top
Vladimir P View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3254
  Quote Vladimir P Quote  Post ReplyReply #216 Posted: 22-Jun-2009 at 18:53
Не треба да се забрават и арапските земји каде масовно се извезуваа (имаше и отворени денес би ги крстеле панорамски)

Но дојдоа некој „нови момци “ и се отиде во непорат





Поздрав, Владимир http://mz-rail.atwebpages.com/
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8486
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #217 Posted: 22-Jun-2009 at 19:09
Originally posted by Andrej_LJ

На нет, барајќи некакви убави автобуси налетав на нашите САНОС на ФАС 11 Октомври. Па јас не сум знаел дека на времето ова била врвна компанија која соработувала со Мерцедес и ШКОДА. Дури имаат зглобувано и ТРОЛЕЈБУСИ, во соработка со чешка Шкода. Еве некои примери на наши автобуси по светот:


Андреј дали ова значи одредено ублажување на твојот став кон Санос од пред некоклу месеци и можноста Санос да го опреми ЈСП со автобуси?
Back to Top
Vladimir P View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3254
  Quote Vladimir P Quote  Post ReplyReply #218 Posted: 22-Jun-2009 at 19:34
Originally posted by pbanks

Originally posted by Andrej_LJ

На нет, барајќи некакви убави автобуси налетав на нашите САНОС на ФАС 11 Октомври. Па јас не сум знаел дека на времето ова била врвна компанија која соработувала со Мерцедес и ШКОДА. Дури имаат зглобувано и ТРОЛЕЈБУСИ, во соработка со чешка Шкода. Еве некои примери на наши автобуси по светот:


Андреј дали ова значи одредено ублажување на твојот став кон Санос од пред некоклу месеци и можноста Санос да го опреми ЈСП со автобуси?

pbanks, е, да е САНОС она што некогаш беше, ја би сталил рако во огин
но со овој менаџмент и осакатениот кадар ни случајно.

Поздрав, Владимир http://mz-rail.atwebpages.com/
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10989
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #219 Posted: 22-Jun-2009 at 19:41
Под Тендер не се подразбира дали треба или не треба да биде САНОС. Не е ова гласање како на времето со точкици. Нас сеуште ни е заглавена дебатата дали треба да биде или не биде САНОС, акамоли па тендер (мултилатерален избор). Кога ќе си расчитиме дека треба да бараме најповолен понудувач на тендер ондак ќе идеме на тендер. Ако сеуште имаме на памет дека може би ќе направиме грешка ако не го избереме САНОС тогаш што уопште да не распишуваме тендер, едноставно декларативно у четири очи можеме да му ја дадеме зделкава на крими-монополот САНОС. Вака ако сметаме дека треба САНОС да го одбереме, барем да не го фингираме тендерот, џабе да не се лажеме себе. Е само што ова немаше да биде толку проблем доколку не бевме пазарна економија. Да имавме повеќе од две домашни компании....ај може и ќе ме убедеа некои медиуми да навивав домашна да го земе тендерот, но не сум сигурен. Сметам дека воопшто не терба САНОС да му се даде било каква повластена положба на тендерот. Он уствари и ја има повластената положба со тоа што од старт може да поонуди ~11% пониска цена поради царината. Кога тоа не го искористи и како понудувач кој имаше шанса да даде драстично пониска цена, тогаш зашто државата би го оправала. А пак од друга страна гледано, онаа задкулисната, владата би си пукала у нога ако го даде тендеров на САНОС, па го користи своето легитимно право да избере странски понудувач, за разлика од санос кој нема никакво легитимно кое му гарантира ексклузивна положба па да се повика на некаков закон за заштита на домашно производство и слично. Едноставно царината е таа што го штити домашниот производ, а санос и со фора не успеа. Да беше САНОС кооперативен, тогаш зашто не би ги укинал маржите па она што го прави за домашниот пазар да го направи поефтино. Колку САНОС ја штити Македонија, за она да го штити него?!
Back to Top
Andrej_LJ View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 20-Oct-2008
Location: Ljubljana
Online Status: Offline
Posts: 2941
  Quote Andrej_LJ Quote  Post ReplyReply #220 Posted: 22-Jun-2009 at 19:53
Види Пбенкс, не значи никакво ублажување воопшто! Прво мериме сосема немерливи параметри тука. САНОС не работи веќе како што треба 12-13 години. Знам дека порано биле добри (никогаш врвни, затоа извезувале само канти лимени за источните земји ни не и на Запад) но сепак биле добри, доста извезувале (во крајна сметка не е важно каде извезуваш, важното е пари да слееш во домашниот буџет). Но, после толку години пропаѓање НИКАКО не би оправдал САНОС за Скопје. Да можевме да видиме како изгледа некој нивен нов автобус, би можел да го променам ставот околу САНОС, но никако не видовме повеќе од 3 глупави рендера кој може секој да ги направи и тоа беше се! Тотално се согласувам со Ајселкру, дека САНОС доби се што можеше да добие од државата а на Распашковски пари без заслуга и туд незнам зашто било кој треба да му даде! НИКАКВА ПРОМЕНА ВО МОЈОТ СТАВ, НАПРОТИВ!
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 910111213 59>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.203 seconds.

Copyright ©2007 - 2014  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.