build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања > Јавен превоз
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Јавен автобуски превоз (општо)
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Јавен автобуски превоз (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 1112131415 85>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
vardar View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Mar-2008
Online Status: Offline
Posts: 1106
  Quote vardar Quote  Post ReplyReply #241 Posted: 17-Aug-2009 at 01:16

Идеја за враќање на автобуската линија до аеродромот „Александар Велики“

Автобусот би тргнувал од Транспортен центар и би собирал патници пред „Холидеј ин“ и „Континентал“

Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ има идеја повторно да ја врати автобуската линија до аеродромот „Александар Велики“. Замислата е три пати дневно автобус да тргнува од Транспортниот центар, да собира патници пред хотелите „Холидеј ин“ и „Континентал“ и да продолжи до аеродромот. На тој начин, сметаат од ЈСП, ќе се обезбеди редовна автобуска линија, која ќе ги чини патниците многу поевтино во споредба со сумата што сега им ја плаќаат на неприкосновените таксисти, кои имаат монопол на оваа релација.

Директорот на ЈСП, Александар Бошковиќ, вели дека идејата се родила во неврзан разговор со Зоран Илиевски, прв човек на аеродромот. Но, смета дека тешко може да се реализира бидејќи, според Законот за сообраќај, Министерството за транспорт и врски ќе распише тендер на кој би се јавиле превознички претпријатија што имаат далеку посовремени автобуси, па ЈСП би излегло од игра.

„Градот, односно градоначалникот, и Министерството за транспорт и врски можат да го процесуираат сето ова со директен договор. Во тој случај, не ќе биде потребно распишување тендер, а ЈСП како претпријатие на Градот може да ја воведе новата линија до аеродромот“, објасни Бошковиќ.

Тој вели дека за ова се' уште не разговарале со градоначалникот на Скопје. Појаснува дека идејата не е нова, бидејќи ваква линија постоеше пред неколку години, но беше укината. Сега има измени во трасата, со цел да се избегне мешањето на патниците до аеродромот со земјоделците кои претходно го користеа автобусот да се одвезат до селата во тој дел од градот. (Сн.К.)

 
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #242 Posted: 17-Aug-2009 at 01:25

Замислата е три пати дневно автобус да тргнува од Транспортниот центар, да собира патници пред хотелите „Холидеј ин“ и „Континентал“ и да продолжи до аеродромот.

Nuts



Edited by Cloverstack - 17-Aug-2009 at 01:25
Back to Top
vardar View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Mar-2008
Online Status: Offline
Posts: 1106
  Quote vardar Quote  Post ReplyReply #243 Posted: 17-Aug-2009 at 01:28

Но, смета дека тешко може да се реализира бидејќи, според Законот за сообраќај, Министерството за транспорт и врски ќе распише тендер на кој би се јавиле превознички претпријатија што имаат далеку посовремени автобуси, па ЈСП би излегло од игра.

„Градот, односно градоначалникот, и Министерството за транспорт и врски можат да го процесуираат сето ова со директен договор. Во тој случај, не ќе биде потребно распишување тендер, а ЈСП како претпријатие на Градот може да ја воведе новата линија до аеродромот“, објасни Бошковиќ
 
 
Bash  Барем е искрен човекот, јсп има крнтии затоа батали тендер и дајте ни да шуриме странци. И што ќе се постигне ако иде само три пати дневно (150 патници, 300 ако се рачуна и од аеродром). Wallbash
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #244 Posted: 17-Aug-2009 at 05:11
Башка не го опфатиле Александар Палас, а е покрај сам градски "автопат"!

ЈСП е финансиска црна дупка. Според некои мои пресметки кои ги дискутирамве заедно  пред некој ден со еден другар, добивме дека ЈСП 20-40% од средствата би биле доволни се тековни расходи по сите основи! ЈСП може сам да набавува автобуси, да сервисира, гориво, бенифицирани патници, поголеми плати и све да покрие сам! Ова што се дешава сега е тоталнно неодговорно. да тврдам постоење на криминал не можам пошто не сум ревизор и не ни имам извештаи детални. Но длабоко се сомневам дека тамо има "пукнато некоја финансиска цефка", па кој стигне полни со "шишиња" (новчаници)!
Back to Top
Andrej_LJ View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 20-Oct-2008
Location: Ljubljana
Online Status: Offline
Posts: 2954
  Quote Andrej_LJ Quote  Post ReplyReply #245 Posted: 17-Aug-2009 at 12:31
Апсолутно си во право! Се повеќе сум за целосно преструктуирање на градскиот превоз во Скопје. Иначе 150 патници се еден просечен авион. 3 пати дневно е дури срамота да се најавува, а камо ли да се гордеат што би вовеле линија. Јас линија со 3 пати дневно не нарекувам линија, а шател сервис.
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #246 Posted: 15-Sep-2009 at 16:36
Без коментар...

Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3603
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #247 Posted: 21-Oct-2009 at 03:48
ПРЕВОЗНИЦИТЕ ТВРДАТ ДЕКА ВНИМАВААТ НА ДОЗВОЛЕНИОТ БРОЈ ПАТНИЦИ
Скопјани во автобусите како сардини

Автобуските превозници во трка за профит ретко кога одбиваат да качуваат патници дури и во моментот кога ќе забележат дека автобусот е преполнет и дека патниците во него едвај дишат стиснати еден до друг. Притоа не размислуваат дека со претовареноста се доведува во опасност безбедноста на луѓето во возилото, особено ако се има предвид колку се стари и во каква лоша состојба се автобусите со кои скопјани секојдневно се возат. Преполнетите автобуси се редовна појава во утринските часови, особено кога учениците одат на училиште, но и во часовите кога граѓаните се враќаат од работа. Сепак, ова досега не било причина за полицијата да изрече казна за некој од возачите заради пречекорување на дозволената бројка на патници во возилото.

Наспроти тоа, за истиот прекршок казната не ги одминува граѓаните кои во своите автомобили би возеле повеќе патници од дозволеното. Од ЈСП „Скопје“, но и од приватните автобуски превозници, потврдуваат дека досега немаат добиено ваква казна зашто тврдат дека во нивните автобуси се внимава да нема турканици. Според нив, само во исклучителни ситуации се случува во некој од нивните автобуси да се качат поголем број граѓани отколку што е дозволено. - Досега ниту еден наш возач нема заработено казна затоа што превезувал поголем број патници од она што е дозволено затоа што кај нас единечните автобуси се регистрирани да превезуваат вкупно 85 патници, а дозволената бројка во зглобните автобуси изнесува околу 180 патници - вели Александар Бошковиќ, директор на ЈСП „Скопје“. Тој тврди дека се внимава да не се помине дозволената граница. - Кај нас многу ретко се случува да се качат повеќе патници од дозволеното затоа што нашите автобуси сообраќаат во просек од шест до десет минути. Така поради тоа што линиите се чести, патниците не чекаат само еден автобус и не се создава поголема метеж од таа што е дозволена при регистрација на возилото - вели Ленин Јовановски, директор на „Слобода превоз“. Јовановски и Бошковиќ велат дека како решение да не се создаваат турканици во автобусите, многу често нивните возачи се одлучуваат да не застануваат на следните автобуски постојки и покрај тоа што на нив чекаат патници.

Спротивно од тврдењата на директорите на ЈСП „Скопје“ и на „Слобода превоз“, од СВР Скопје тврдат дека сообраќајната полиција изрекува околу пет казни месечно за автобуси кои превезуваат поголем број патници од дозволеното. - Сообраќајната полиција на самото место го утврдува направениот прекршок, а казната која се изрекува, изнесува 45 евра или 25 казнени поени за физичкото лице, од 520 до 1.350 евра за правното лице и 330 евра за одговорното лице - објаснува Лиза Бендевска, портпаролка на СВР Скопје.

http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=1&ArticleID=124512&EditionID=1844

Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #248 Posted: 28-Oct-2009 at 15:38
ЈСП „СКОПЈЕ“
Табли на станиците

Патниците што секојдневно ги користат автобусите со броевите 2 и 5, кои се сметаат за најекспонирани линии на ЈСП „Скопје“, наскоро ќе имаат можност да добиваат детални информации за времето на пристигнување и тргнување на овие автобуси. Од јавното претпријатие најавуваат дека на десетина автобуски постојки ќе бидат поставени електронски табли со информации за тргнувањето и пристигнувањето на автобусите. Од ЈСП велат дека патниците ќе бидат информирани кога и на која станица ќе пристигне автобусот што го чекаат, со што, конечно, треба да се избегне непотребното и долго чекање. Александар Бошковиќ, директор на ЈСП „Скопје“, вели дека тој лично ги обезбедил парите за да може овој проект, кој на почетокот ќе биде достапен само за автобусите со броевите 2 и 5, да заживее. Според него, потребните средства се донација од организацијата „Ренесанса“ од Италија. - Линиите на автобусите со броевите 2 и 5 ги избравме за да го почнеме овој проект затоа што со нив секојдневно се превезуваат голем број патници и се најфреквентни. 

Е.М.


http://vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=1&tabid=1&EditionID=1851&ArticleID=125159




Можен е нов тендер за електронска наплата во ЈСП





 

Градоначалникот Коце Трајановски напролет ќе распише нова јавна набавка за најповолен понудувач за поставување на системот за електронска наплата во возилата на јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“, ако Бирото за јавни набавки и антикорупциската комисија најдат неправилности во изборот на тендерот

 

 
%20  
Тој истакна дека сé уште се разгледува договорот што треба да се потпише со групата составена од фирмите „Ксмет кард“ од Скопје и „Кент кард“ од Истанбул и дека наскоро ќе се изјаснат за целиот процес.

- Се испитуваат сите законски норми, бидејќи се сметаше дека тендерот има конфликт на интереси. Испративме претставници во Измир, Турција, кои ја испитале целата постапка и не нашле неправилности. Го чекаме мислењето на надлежните институции. Ако тие ни одобрат, ние веднаш би потпишале - додаде Трајановски.

Поставувањето читачи за електронски картички во автобусите на ЈСП веќе неколку пати беше одложувано, па претпријатието мораше да издава нови хартиени билети.
 
   
Автор: Р.З.

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=10289100481&id=14&prilog=0&setIzdanie=21822
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #249 Posted: 11-Nov-2009 at 21:44
НИШТО ОД НАЈАВИТЕ НА ЈСП „СКОПЈЕ“
Нема електронско плаќање во автобусите

Договорот за инсталирање електронска наплата во автобусите на ЈСП „Скопје“, кој требаше да биде склучен меѓу Град Скопје и најдобриот понудувач, фирмата „Ксмет карт“, најверојатно, нема да биде потпишан. Според надлежните, причина за тоа се низата забелешки што ги имале двете страни за инсталацијата на „смарт-тикетингот“, електронската локација на возилата, како и времето за поставување на апаратите. Првичните најави беа дека оваа наплата ќе стартува од март годинава, по што имаше неколку одложување, за сега надлежните да се двоумат за потпишувањето на договорот. Електронски читачи требаше да се постават во 250 автобуси.
- Најверојатно, тендерот за електронска наплата во нашите автобуси нема да биде потпишан, но ние како претпријатие сме подготвени и натаму да продолжиме со досегашната наплата. Имаме набавено хартиени картички до следното лето, со што реално сме во позиција да продолжиме со досегашниот начин на наплата и работење - вели Мишо Николов, директор на ЈСП „Скопје“.

Е.М.



http://vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=1&tabid=1&EditionID=1864&ArticleID=126359
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #250 Posted: 12-Nov-2009 at 20:40
Најголем дел од веста е веќе чуено, но ајде:

Уште 12 автобуси ќе работат на природен гас

Со проектот „Ренесанса“ е предвидено да се постават и информативни табли со дисплеи на 10 автобуски постојки во градот, а 30 автобуси веќе се опремени со ЏПС-уреди

Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ во 30 автобуси вгради опрема за автоматско следење на возилата, односно ЏПС-уреди, а 12 од нив наскоро ќе бидат преадаптирани да возат и на природен гас, покрај дизелот.

- Овие активности, како и поставувањето информативни табли на 10 автобуски постојки, се дел од проектот „Ренесанса“ во рамките на „Сивитас“-програмата „Од град за град“, за почист и подобар транспорт во градовите. Преку овој проект Европската комисија има цел да ги поддржи амбициите за интегрирање на одржлив урбан транспортен систем - вели Катерина Димушевска, стручен соработник за развојни проекти во ЈСП.

Новиот генерален директор на ЈСП, Мишо Николов, рече дека потребната опрема за преадаптирање на 12 автобуси е пристигната и дека деновиве ќе се почне со преадаптацијата на моторот на првиот тест-автобус.

- Во еден автобус како тест ќе се вгради опремата. Тој потоа ќе се однесе на атест во Машинскиот факултет, за да се види дали ги исполнува условите. Откако ќе се изврши атестот и ќе се провери дали со преадаптацијата е намалено загадувањето на воздухот, што претходно било предизвикувано поради староста на возилото. Ако е се' во ред, ќе продолжиме да ја вградуваме опремата во останатите 11 автобуси - вели Димушевска.

ЈСП со стариот возен парк е еден од најголемите загадувачи на воздухот и на почвата во градот.

- Преку преадаптацијата на 12 возила на природен гас метан значително ќе се придонесе во намалувањето на емисиите на штетни гасови, а возилата ќе ги задоволат европските стандарди - потенцираат од ЈСП.

Пред четири години беа преадаптирани 30 автобуси што возат комбинирано - и на нафта и на природен гас.

До крајот на месецов ќе почнат да се поставуваат и информативните табли со дисплеи, кои ќе служат за информирање на граѓаните за реалното време на пристигнување на автобусите, откако ќе биде воведен системот за автоматска локација на возилата.

- Во тек е набавката на информативните табли, за што претходно уредно е распишан тендер - вели директорот Николов.

Информативните табли ќе се постават на автобуските постојки од обете страни на Бит-пазар, на улицата Димитрие Чуповски, кај пазарчето Буњаковец, „Лептокарија“, поликлиниката Букурешт, спроти маркетот „Тинекс“ во Ѓорче Петров, кај Народна банка и кај трговскиот центар „Бисер“ во Аеродром.

Според Николов, ЈСП веќе поднело барање за добивање енергетска согласност до ЕВН.

За реализирање на овие активности ЈСП ќе добие 225.000 евра.

- Преку „Сивитас“-програмата се отвораат извонредни можности за интегрирање и соработка со партнерите од Европа, па оттаму е и големото значење на овој проект за ЈСП - велат во претпријатието.

Анела Петрова


http://dnevnik.com.mk/?ItemID=3889835FED5DF247B7D833968C534CBE
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #251 Posted: 14-Nov-2009 at 15:47

Eeek2

Ќе позајмуваме стари странски автобуси за да ја истуркаме зимата





 

Сега имаме стар возен парк, секој ден ни се расипуваат по дваесетина автобуси, а пет-шест возни редови не се почитуваат

 
 
%20  
Мишко Николов минатата недела стана еден од првите тројца директори на градските служби што ги назначи градоначалникот Коце Трајановски. На челната позиција во Јавното сообраќајно претпријатие доаѓа од Министерството за финансии, каде што работел како економист. Вели дека го затекнал ЈСП во незавидна положба, поради што ќе мора да позајмува стари автобуси од странство, барем за оваа зима.

- Во наредниов период приоритет ќе ни биде да набавиме 10 до 15 користени автобуси преку амбасадите во земјава за да можеме да ја истуркаме зимава. Следен предизвик ни е подобра соработка со приватните превозници и отстранување на дивите таксисти, кои му се најголема конкуренција на претпријатието.



- Како планирате да го подобрите јавниот превоз, со оглед на лошата финансиска состојба на претпријатието?

- Ќе ги укинеме трошоците што не се приоритетни. Не можеме без помош од градот и затоа треба да дефинираме една рамка на субвенции што ќе се користат за инвестиции. Првпат претпријатието доби градска помош лани, 140 милиони денари, што се искористија за враќање долгови, а годинава добивме 80 милиони, кои најмногу се трошат за резервни делови, гориво и за плати.



- Дали ќе го смените начинот на работењето за да се задоволат потребите на граѓаните?

- Сакам да го сменам имиџот на ЈСП. Постојано да бидеме транспарентни за нашата финансиска состојба. Планираме да направиме и ден на идеи во претпријатието кога самите граѓани ќе даваат свои предлози.



- Но како може еден скопјанец што има автомобил да се натера да се вози во автобус?

- Само ако се обноват возилата и ако се подобри нивната редовност. Сега имаме стар возен парк, секој ден ни се расипуваат по дваесетина автобуси, а пет-шест возни редови не се почитуваат.

- Колку влијае цената врз бројот на патниците? Дали со поевтини билети ќе се зголеми користењето на јавниот превоз?

- Цената ја определува Советот на градот. Нас не ни одговара таа да е помала од 25 и од 30 денари. Реалната цена за еден превезен патник, со сите вклучени трошоци, е 70 денари. Ако билетите станат поевтини, некако ќе мора да ни се надоместува разликата.



- Владината одлука за купување двокатни автобуси ја разбранува јавноста. Мислите ли дека тие се вистински избор?

- Наскоро ќе се отвори тендерот за 202 двокатни и за 100 едноподни автобуси. Нископодните ќе дојдат први и ќе бидат одлична инјекција за нас. Со нив многу ќе ја подобриме редовноста. Двокатните, пак, нема да може да поминат само низ два надвозници. Не сум се возел во такво возило, но мислам дека тие ќе придонесат за подобар изглед на градот.



- Ќе се потпише ли договорот со „Ксмет кард“ и со „Кент кард“ за воведување електронска наплата?

- Според моите сознанија, тој ќе се поништи. Не знам колку е правно издржано да се потпише бидејќи тендерот се отворил пред 10 месеци. Но електронската наплата е нешто што треба да го воведеме за да ги намалиме трошоците и возачите веќе да не бидат и продавачи. Уште подобро би било ако електронските картички може да се користат кај сите превозници.



- Како може да се подобри јавниот ред и безбедноста во автобусите, пред сé, каде што има инциденти меѓу средношколците?

- Вандализмот во нашиот јавен превоз е во нормални размери, не е поголем од другите градови. Благодарни сме за одличната соработка со полициската единица „Алфи“, кои реагираат на секој наш повик.



- Државата сé уште му должи на ЈСП за превозот на раселените во 2001 година. Како ќе се наплати тој долг и дали сега редовно се плаќа превозот на учениците?

- Министерството за образование доцни два месеца со исплатата на околу два милиони денари. Градот редовно плаќа. За превозот на раселените, пак, има судски спор со Министерството за одбрана. Главен проблем е што претпријатието нема документација дека некој го нарачал нивниот превоз, ниту дека тој бил извршен. Но не можеме да обвиниме некого за тоа, сепак, тоа бил период во кој настаните се одвивале пребрзо.



- Очекувате ли нови блокади од УЈП за неплатени даноци?

- Основниот долг ни е 240 милиони денари, плус 120 милиони за камати. Не можеме одеднаш да го платиме. Градоначалникот Трајановски има иницијатива на три претпријатија да им се простат долговите. Ова е кризна година и не знаеме како ќе постапи Владата.




Бараме 75 милиони денари за незаконски продадените акции

- Ја следите ли истрагата за продадените акции на ЈСП против поранешниот министер Никола Поповски?

- Во 2007 година ЈСП поднело пријава до обвинителството дека незаконски се продале акции во наша сопственост. Кривичната пријава е против Никола Поповски, Фатмир Бесими и против еден непознат брокер. Се надеваме дека ќе има судска постапка. Во тој период акциите вредеа 60 милиони денари, но ќе бараме да ни се вратат 75 милиони, односно да се пресметаат и дивидендите.
 
   
Автор: Радмила Заревска

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=111491027247&id=14&setIzdanie=21837
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #252 Posted: 14-Nov-2009 at 16:29
Се додека размислуваат како да ги натераат граќните да користат автобус ништо нема да направат. Повеќе би употребил збор како да ги привлечат. А никаде нема ни збор, а ни прашање за тоа што ЈСП е финансиска црна дупка и нема да го сменам ова мислење додека не видам еден годишен извештај.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #253 Posted: 18-Nov-2009 at 19:55
Има по некоја трага на ново инфо, иначе 90% е:





ЈСП со половни автобуси ќе го освежува возниот парк

 

Ќе се бара дипломатска помош за да се аплицира во странски фондови заради реализирање проекти

Снежана Калабакова


Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ ќе иницира билатерални средби со дипломатските претставници во земјава од кои ќе бара помош како да аплицира во одредени фондови за да дојде до пари за реализација на проекти. Истовремено, ќе бара можност и за евентуална набавка на користени автобуси од некој европски град, кои привремено би ја ублажиле очајната состојба со стариот возен парк, барем додека не дојдат новите автобуси.

Претпријатието се надева дека со помош на дипломатите ќе најде средства и за да ги продолжи започнатите проекти за поставување електронски табли на автобуските постојки и за пренамена на дизел-моторите на автобусите со мотори на плин. Досегашните 225 илјади евра што ги доби од СП-7 фондовите на Европската комисија не се доволни за целосна реализација на двата проекта.

Мишко Николов, новиот директор на ЈСП, вели дека веќе остварил првична средба со Секретаријатот за европски прашања од каде што чека да го упатат каде да се обрати. Смета дека со билатерални средби со дипломатските претставници многу полесно ќе се дојде до некои решенија.

„Можеби би било добро некоја амбасада и да ни подари некој автобус или да ни помогне да набавиме расходовани автобуси од некој европски град. Во Холандија, на пример, градските автобуси ги возат пет години, а потоа ги расходуваат. Набавката на десетина такви автобуси значително ќе ја подобри состојбата со возниот парк на претпријатието, стар во просек 20-ина години, бидејќи дневно ни се расипуваат од 10 до 20 автобуси“, нагласи Николов.

Тој објасни дека наредниот месец ќе профункционираат десет електронски табли на автобуските постојки на линиите број „2“ и „5“. На нив патниците ќе можат да прочитаат за колку време ќе пристигне автобусот што го чекаат. Моментно се завршуваат административни процедури со ЕВН за поставувањето на електронските приклучоци за таблите. Од ЈСП тврдат дека доколку се изнајдат средства, а постои алтернатива и Градот да субвенционира со уште еден дел, проектот со електронските табли ќе се прошири и на други линии.

Истовремено би можел да се прошири и проектот за преадаптација на моторите, кој сега е лимитиран на дванаесет автобуси. Првиот автобус со мотор на плин ќе биде пуштен во сообраќај за две седмици.


http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=73963BC6AFA8E3439B26380FCF6D2466




Edited by Cloverstack - 18-Nov-2009 at 21:01
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #254 Posted: 20-Nov-2009 at 16:58

Градот бара автобусите да се чистат на секои шест часа

Заминувањето на возилата на миење нема да го наруши возниот ред

Снежана Калабакова

„Поради актуелната состојба со свинскиот грип, автобусите што учествуваат во јавниот градски превоз ќе мораат да бидат многу почисти, а нивните сопственици задолжително ќе треба да ги дезинфицираат по секоја завршена смена од шест часа“. Ова е дел од содржината на писмата со упатства што Градот ги испратил до ЈСП „Скопје“, приватните превозници од „Слобода превоз“ и до „Макекспрес“. Во упатството не се наведени конкретни дезинфекциски средства, но јасно е назначено дека хигиената во автобусите ќе мора добро да се одржува, а зачестено ќе ја контролираат градските комунални, но и сообраќајни инспектори.

Од трите превознички претпријатија - учесници во јавниот градски превоз, тврдат дека заминувањето на возилата на миење на секои шест часа нема да предизвика нарушување на возниот ред, бидејќи за секоја смена ќе имаат подготвени чисти и технички исправни автобуси. Во ЈСП се жалат дека единствен проблем засега им претставува недостигот од хигиеничари. Но, бидејќи до Нова година не е возможно да се вработуваат нови луѓе, најверојатно ќе се бараат решенија внатре во претпријатието. Директорот Мишко Николов размислува за одржување на хигиената да ангажира внатрешни лица, затоа што и без свинскиот грип, постојано добивале забелешки од граѓаните за хигиената во автобусите.

„Ќе оцениме онаму каде што има вишок вработени е можно да ги испратиме на задача - чистење на автобусите. Ако претходно ги чистевме возилата еднаш во денот, сега со упатството од Градот ќе мораме да го правиме тоа по секоја смена. Мораме да одговориме на задачата од Градот“, објасни Николов.

Во „Макс-експрес“ нагласија дека со патните налози возачите ќе ги добијат и упатствата за одржување на хигиената во автобусите. Дневно ова претпријатие по скопските улици има по 95 автобуси, распределени во три смени, а заедно со „Слобода-превоз“ на линиите низ градот вртат 280 возила.

Директорот на „Слобода превоз“, Ленин Јовановски вели дека и досега сопствениците еднаш во денот ги чистеле своите автобуси, кои учествуваат само во една смена. Од „Мак-експрес“, пак, велат дека оние што немаат каде да ги чистат автобусите, се претплатени во некој од сервисите за миење, за што месечно издвојувале по 2.000 денари.

„Првата смена почнува во 5 и завршува во 11 часот, по што дел од возилата се повлекуваат и се вклучуваат оние што ќе работат во втора смена од 11 до 17 часот. На ист начин влегуваат возилата од третата смена од 17 до 23 часот. Вклучувањето на автобусите е на растојание од седум минути. Секој возач сега ќе треба да се вклучи во смена со претходно исчистен автобус“, потенцира Војо Велевски, еден од основачите на „Мак-експрес“.

http://utrinski.com.mk/?ItemID=B03E7EE54006894F82D7D3CB38406706
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #255 Posted: 24-Nov-2009 at 21:31
Денеска уште една вест од сферата на јавниот превоз. Додека ние се надеваме на железничко поврзување на аеродромот, некои кругови дрско ја форсираат тезата дека и автобуси би биле нерентабилни. Како што гледам на таксистите им е супер-рентабилно, посебно на дивите, а во меѓувреме Македонија остава впечаток како несредена афричка земја.

Наградно прашање: постои ли такси-мафија?


СКОПЈАНИ СКАПО ГИ ЧИНИ ПРЕВОЗОТ ДО „АЛЕКСАНДАР ВЕЛИКИ“
Автобус до аеродромот бил нерентабилен

Elena Ma~evska

Патниците што треба да патуваат надвор од земјава, за да стигнат до аеродромот „Александар Велики“ мора да платат од 20 до 30 евра за такси-превоз бидејќи немаат друга алтернатива поради непостоењето редовна автобуска линија. Градските власти, претпријатијата за автобуски превоз и Министерството за транспорт и врски, иако признаваат дека автобуски превоз до аеродромот е повеќе од потребен, сепак сега засега не најавуваат решение кое ќе ги намали трошоците на патниците. Овие институции сметаат дека најверојатно ваквата линија би била нерентабилна и, според нив, ова е главната причина за долгогодишното одложување за наоѓање решение на овој проблем. Во моментот во таа насока сообраќа единствено автобуската линија со број 52, која оди до селото Петровец, но таа воопшто не е корисна за патниците што одат до аеродромот бидејќи дотаму има уште неколку километри. - Многу често патувам во странство и принудена сум месечно да издвојувам голема сума за да им платам на таксистите за да ме превезат. Живеам во Ѓорче Петров и за да не платам огромна сума за превоз, најчесто се договараме со таксистот за која цена ќе ме превезува, а притоа да не го вклучува таксиметарот - раскажува Лидија од Општина Ѓорче Петров. Бидејќи станува збор за многу атрактивна и исплатлива релација за таксистите, пред аеродромот секојдневно има паркирано голем број такси-возила, кои буквално се борат за секој патник, особено ако се работи за странец. Сепак, и покрај ваквата состојба, која се провлекува со години, најверојатно во блиска иднина нема да се најде решение. Директорот на ЈСП „Скопје“ вели дека во моментот прават внатрешни консултации во претпријатието за тоа дали треба да побараат да им биде одобрена дополнителна линија за превоз на патници до скопскиот аеродром. - Правиме калкулации за тоа колку ќе биде рентабилна таа линија, а со тоа и дали ние ќе имаме некаква заработка од превозот на патници. Иако сметам дека ваква автобуска линија е повеќе од потребна за Скопје, сепак ние свесно во никој случај нема да се впуштиме во дополнителни загуби за нашето претпријатие - вели Мишо Николов, директор на ЈСП „Скопје“. Ленин Јовановски, директор на „Слобода превоз“, објаснува дека тие никогаш не побарале дозвола за воведување на ваква автобуска линија затоа што тоа спаѓа во вонградски превоз. Од Град Скопје, пак, сметаат дека тие не се надлежни за воведување автобуска линија до аеродромот „Александар велики“ и покрај тоа што ЈСП „Скопје“ е во нивна надлежност. - Организирањето на јавниот превоз кон аеродромот е во надлежност на Министерството за транспорт и врски и доколку надлежните се договорат со ЈСП „Скопје“, може да се отвори директна автобуска линија до аеродромот - велат од Одделението за односи со јавност на Град Скопје. Од Министерството за транспорт и врски кое, според Законот за превоз во патниот сообраќај, е надлежно за одобрување меѓуградски автобуски линии, велат дека досега тие не добиле какво било барање за воспоставување автобуска линија до аеродромот.

Во соседството е поинаку

Во земјите во соседството функционираат редовни автобуски линии до аеродромите. До белградскиот аеродром има автобус на секои 32 минути, а цената на билетот е 65 динари. Во другите европски центри патниците имаат можност да одберат различни видови превоз на патници за да стигнат до саканото место.

http://vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=1&tabid=1&EditionID=1874&ArticleID=127305




Blahblah    Blahblah    Blahblah    Blahblah


Blahblah    Blahblah    Blahblah    Blahblah

Edited by Cloverstack - 24-Nov-2009 at 22:18
Back to Top
mitatos View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1739
  Quote mitatos Quote  Post ReplyReply #256 Posted: 24-Nov-2009 at 21:38
mora nekoj da go jade kajmakot
"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5422
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #257 Posted: 10-Dec-2009 at 22:45
   


Уште еден чекор до имплементација на АЛВ и поставување на
информационите дисплеи на автобуските постојки


Во поглед на имплементацијата на АЛВ (автоматската локација на
возилата) и поставување на информационите дисплеи на десет автобуски
постојки во Скопје, ЈСП Скопје е речиси во последната фаза од подготовките на
оваа мерка, со што се надева дека многу бргу ќе ја подобри сликата и
атрактивноста на јавниот транспорт, ќе го зголеми бројот на патници и ќе ја
подобри услугата, што всушност е главна цел на оваа мерка.
Според анкетата од web страната на ЈСП Скопје, досега има позитивен
став на мислењето на луѓето околу оваа “иновација” што се планира да се
воведе во јавниот транспорт во Скопје.
Тендерот е завршен, избрана е најповолната компанија и целокупната
процедура е во фаза на потпишување на договорот.
Се очекува веќе во наредните неколку месеци, Скопје да го почувствува
бенефитот од оваа мерка.






Преадаптација на 12 дизел автобуси на ЦНГ

Една од мерките со која Јавното Сообраќајно Претпријатие
учествува во Ренесанса проектот е пренамена на 12 автобуси на
ЦНГ.
ЈСП СКОПЈЕ со стариот возен парк е еден од најголемите
загадувачи во градот Скопје. Поради тоа оваа мерка е од големо
значење како за животната средина така и за намалување на
трошоците за гориво.
Во првата година од проектот по анализа на искуствата и
податоците од другите европски градови за оваа проблематика како
и можностите на постоечкиот возен парк одлучено е овие 12 дизел
автобуси да се пренаменат на двојно гориво дизел/метан.
Тендерот за набавка на опремата е во завршна фаза.Во тек е
потпишувањето на договорите со избраните фирми , па се очекува
наредниот месец да се започне со преадаптацијата на автобусите.






Не постои дилема дека јавниот градски превоз е вид на превоз кој има
најголем потенцијал да помогне во решавањето на проблемите на сообраќајот
во градовите.
Сликата на еден град најдобро се согледува преку добро средениот и
организиран јавен градски превоз, па оттаму и неминовноста да се инвестира и
вложува во истиот, стремејки се да го достигне рангот на високо развиените
светски метрополи, како што впрочем Скопје и го заслужува тоа.

Поставувањето на информационите табли на автобуските постојки, за
информирање на патниците за реалното време на пристигање на автобусите
поврзано со системот за Автоматска Локација на Возилата (АVL), како и
преадаптацијата на моторите на 12-те дизел автобуси да користат природен гас
– CNG, проект кој ЈСП Скопје го спроведува со помош на CIVITAS програмата
(од град за град), финансирано од FP7 (Framework Programe), главна финансиска
алатка на Европската Унија.

GPS технологијата овозможува следење на секое возило, на секоја
линија на јавен градски превоз во реалното време, при што се остваруваат голем
број придобивки како за превозниците, така и за патниците. Превозниците
можат точно да го следат остварувањето на возните редови, да интервенираат во
случај на нивно пореметување, а пак патниците можат да добијат информација
во реално време за наредното возило кое наидува на автобуската станица.
Напредокот на технологијата е толку брз, што денес таа информација се
доставува не само на автобуските стојалишта преку дигиталните информациони
табли, туку и преку интернет, мобилна телефонија, преку интерна и јавна
телевизија итн.
Сите анкети на патниците каде што е воведен ваков систем, покажуваат
исклучително поволна оценка од страна на граѓаните, кои сметаат дека овој
систем придонесува многу во зголемувањето на квалитетот на услугите во
јавниот градски превоз.
Имајќи го предвид фактот дека сообраќајот е најголем загадувач на
животната средина, токму затоа ЈСП Скопје преку преадаптацијата на 12-те
возила на природен гас – метан, значително ќе придонесе во намалување на
емисиите на СО, СО2, NОx и РМ – партикуларни честици, а возилата ќе ги
задоволат европските стандарди за емисија на штетни гасови.

Имплементирањето на овие мерки исто така е од исклучителна важност
за заштита на животната средина во градот Скопје.

До сега опремени се 30 автобуси со GPS уреди, така што веќе се прати
нивното движење и во моментот се работи на поставување на информационите
дисплеи на 10-те автобуски постојки. Од друга страна, набавена е скоро целата
опрема неопходна за инсталација на 12-те возила, се прават сите неопходни
испитувања и тестирања и се очекува да до крајот на годинава се почуствуваат
бенефитите од имлементирањето на меркиве.


http://jsp.com.mk/Usteedencekorpr.pdf
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #258 Posted: 17-Dec-2009 at 21:21
Еве на кое ниво сме, сега само уште двокатни ни фалат

Crazy Crazy Crazy

Возел приватна „23“ без возачка и направил сообраќајка

Ниту сопственикот на автобусот ниту неговиот син не поседувале дозвола за категорија Д


Снежана Калабакова


Возач возел приватен автобус во градскиот превоз без да поседува возачка дозвола од соодветна категорија Д. Измамата ќе останела неоткриена којзнае до кога, доколку тој завчера случајно не бил дел од сообраќајка. Имено, на автобуската постојка на „Рекорд“,возејќи го автобусот со број „23“ се судрил со автобус на ЈСП „Скопје“. Притоа било оштетено возилото на ЈСП, но за среќа, немало жртви.

За сообраќајката ЈСП вчера поднесе претставка до МВР, која по службена должност ќе биде разгледана, а МВР ќе ги преземе неопходните дејства.

Веднаш по сообраќајката на двата автобуса на местото на настанот пристигнала внатрешната контрола на ЈСП, а била повикана и сообраќајна полиција. Во присуство на двајца полицајци и на двајца преставници на внатрешната контрола на ЈСП, на возачите најпрвин им биле побарани возачите дозволи, пред да биде пополнет Европскиот записник, што задолжително се пополнува во вакви случаи. Возачот на ЈСП, Трајче Павловски, поседувал уредни документи, но 25-годишниот возач на приватната „23“, Газмет Демири се изјаснил дека не носи возачка дозвола. Откако едниот од полицајците се јавил во МВР да се информира дали младиот возач поседува возачка, се испоставило дека таа му била одземена од полицијата, а во неа не стоело дека е издадена за категоријата Д. Тогаш едниот од полицајците му рекол на својот колега да запише во извештајот дека има категорија Д.

„Станува збор за автобус ’Санос‘ на приватното претпријатие ’Макекспрес‘ со регистарски таблички СК 276 HI. Нашата внатрешна контрола побара да се пополни Европскиот записник и тогаш се испостави дека возачот не поседува возачка дозвола, а во неа му биле забележани само две категории Б и Ц. Полицаецот-Албанец му наредил на полицаецот-Македонец да напише во записникот дека има категорија Д. И возачот на приватниот автобусот во извештајот напишал дека има категорија Д. Нашите референти го пријавија случајот во МВР, од каде што не' советуваа да поднесеме претставка и ние денеска го направивме тоа “, вели Ештреф Исеини, раководител на внатрешната контрола на ЈСП.

Од ЈСП додаваат дека случајот станал уште посложен кога откриле дека и Раман Демири, таткото на возачот и сопственик на автобусот, всушност, возел без дозвола за категорија Д. Веројатно поради тоа тој честопати ангажирал други возачи, но бидејќи не ги плаќал, му бегале.

„Треба да се сретнеме со претставници на МВР и да видиме за што конкретно станува збор. Но, јасно е дека без поседување легални документи во Здружението не смеат да се примаат членови, а уште помалку да добијат патен налог. Се случува еден да се зачлени, па да го продаде возилото на друг. Раман Демири е регистриран кај нас од пред неколку години. Исконтактиравме и со неговиот син и тој тврди дека има возачка дозвола за категорија Д. Доколку до петок не ја донесе дозволата, тој нема повеќе да членува во претпријатието“, вели Војо Велевски, еден од основачите на „Макекспрес“.

Ленин Јовановски, директор на Здружението „Слобода превоз“ вели дека на позадината на секој нивни патен налог стои дека Здружението е само координатор и застапник, а правното лице треба да ги поседува сите потребни документи за учество во јавниот градски превоз.

„Здружението не сноси никаква одговорност за неисполнување на законските обврски од страна на возачите, како што е поседување на потребните документи. Но, доколку нашите контролори утврдат ваква состојба, тогаш на возачот му се одзема патниот налог и случајот го пријавуваме во градската сообраќајна инспекција. Не сакаме да имаме работа со прекршители на законот“, вели Ленин Јовановски, директор на препријатието „Слобода превоз“.

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=0C20A848E642494D9F5FD0D11BA5A478
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7859
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #259 Posted: 19-Dec-2009 at 02:04
како прво, примитивноста на приватните компании е клучна, и нивните неверојатни „шофери“, како второ, позната напрофесионалност на нашата „полиција“ Wallbash

инаку сообраќајкава за пет секунди направи огромна гужва на „рекорд“ на веќе пренатрупаната улица, и околу 15 минути се користеа само две ленти, а се возеше и рулет во обратна насока пред да дојде полицијата да регулира
Back to Top
Vladimir P View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3304
  Quote Vladimir P Quote  Post ReplyReply #260 Posted: 23-Dec-2009 at 00:28
Нова опрема за автобуски постројки
 

2009-12-22
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 1112131415 85>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.297 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.