build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања > Јавен превоз
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Јавен автобуски превоз (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 2425262728 56>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Тркало View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 31-Dec-2010
Location: Охрид
Online Status: Offline
Posts: 609
  Quote Тркало Quote  Post ReplyReply #501 Posted: 09-Apr-2011 at 22:56
Не знаев кај да ја ставам сликава,битно муабетов ми е ЈСП се подновиле/подновуваат и во туристичкиот превоз.
MAN Lion's Coach


Edited by Тркало - 09-Apr-2011 at 22:56
Back to Top
Supervisor View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Jan-2008
Location: skopje
Online Status: Offline
Posts: 1220
  Quote Supervisor Quote  Post ReplyReply #502 Posted: 12-Apr-2011 at 16:09
Двокатниот автобус ќе вози од понеделник

Уште девет украински автобуси од понеделник ќе се пуштат по улиците. Заедно со нив ќе почне да вози и двокатниот автобус од Кина, кој неодамна ги помина тестовите на издржливост во градот.
Според првичните најави на Јавното сообраќајно претпријатие, новата пратка еднокатни автобуси ќе се приклучат на линиите 50, 57, 41, додека броевите 5 и 15 се во игра за кинеското возило.
"В четврток, Град Скопје на седница на Советот ќе ни ги додели автобусите. Ние ќе ги регистрираме в петок и од следната недела граѓаните ќе почнат да се возат во нив", изјавија од ЈСП"Скопје".
До крајот на годинава ќе бидат испорачани сите 84 автобуси, а двокатните до крајот на 2013 година.
NewYork-London-Paris-Moscow-Tokyo-Skopje
Back to Top
N23 View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 03-Feb-2011
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1832
  Quote N23 Quote  Post ReplyReply #503 Posted: 12-Apr-2011 at 18:26
Индија.



П.С. Штета не се гледа целосно автобусот, али од што беше препун, 5 минути не тргаше од станица.

Edited by N23 - 12-Apr-2011 at 18:29
Back to Top
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4238
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #504 Posted: 12-Apr-2011 at 18:42
Па денес дека вторник. Значи нема автобус кој вози низ град а да не е скроз полн. Можеби само на првите неколку станици да е така, така празен. Јас знам дека треба да се има почит, ај постари се, имаа можеби и предност и не се толку подвижни. Ама мислам дека се навстина некултурни, непристојни и се замислуваат како само нивни да се автобусиве. Иако се преполни, некои од пензионери знаат и шерифи да си играат во автобусиве. Секако има и млади кои се на исто ниво на нив, поготово во седмиците кога се враќаат накај Лисиче. Еднаш се заебав, заборавив да се симнам на Рекорд, верувајте после неможев да излезам, сум се возел до пред општинската зграда на Аеродром и пак едвај се симнав од автобус. А во автобусот мислиш како во село-пекол да се наоѓаш, се кикотат, си пушат, се бутаат, се караат, се маваат. Срамота.

А и другите линии не се поарни, барем не по гужвата во автобусите.

Но тоа е што е. Јас прееска и во 22 приватна се возев, дека можеме ние со слободните и во приватни да се возиме, ама пак и таа преполна, на возачот уште на глава да му се качевме. И да ги видиш безобразни пензионери, гледаат дека е автобусот преполн, повеќето од нив знаат дека не им важи слободен превоз за во приватни автбуси, се качуваа шверц од средна или последна врата. ЦЦЦЦ...

Незнам како да кажам, поготово кај Зелено пазарче, мислиш дека наезда на пензионери има, мислиш ќе превртат и автобус и се живо во него.


Edited by FoSsiL - 12-Apr-2011 at 18:45
Македонија - Земја на чудата!
Back to Top
N23 View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 03-Feb-2011
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1832
  Quote N23 Quote  Post ReplyReply #505 Posted: 14-Apr-2011 at 16:06

Токму тоа и ме изнервира. Ај средношколциве идат на школо, да не закаснат, ама се гледа една стара жена, 80-тина години како се бута да влезе. Срамота. Сфаќам седмица е ретка, ама боље ќе чекам идната да дојде, него на тие години да се бутам по гужва и да стојам. Менталитетот си го прави своето.
Еве еден автобус од Струмица.
Back to Top
dule View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 25-Mar-2011
Location: skopje
Online Status: Offline
Posts: 256
  Quote dule Quote  Post ReplyReply #506 Posted: 14-Apr-2011 at 20:46
НОВИ СЕДУМНАЕСЕТ НИСКОПОДНИ И ЕДЕН ДВОСПРАТЕН АВТОБУС

Советот на Град Скопје на 42 седница донесе одлука за пренесување на сопственоста и доделување на 17  нови нископодни автобуси и еден двоспратен автобус  на Јавното сообраќајно претпријатие. Со оваа одлука, ЈСП досега доби 32 од 84-те нископодни автобуси од  фирмата “ЛАЗ”, коишто треба да  пристигнат во Скопје во наредниот период.

На денешната седница беше усвоена и Одлуката за изменување и дополнување на Одлуката за утврдување тарифен систем за превоз во градскиот и меѓуопштински (приградски) превоз на патници, со којашто досегашните втора и трета зона, се спојуваат во една зона т.н. приградска зона. Со оваа одлука би се добил поедноставен систем на наплата во приградскиот превоз,  што би иницирало и превоз на поголем број  патници на подрачјето на градот Скопје.

Советот ја донесе и одлуки за почнување постапка за јавно-приватно партнерство за финансирање, поставување, доведување во функционална состојба, одржување и трансфер на автобуски стојалишта и на електронски информациони дисплеи на градската мрежа на линии во градот Скопје, како и Одлука за почнување на постапка за јавно- приватно партнерство за финансирање, инсталирање, одржување и трансфер на систем за автоматска локација и интелигентен систем за наплата во возилата на ЈСП СКОПЈЕ. Со првата одлука се почнува постапка со којашто преку ЈПП ќе бидат изградени нови 275 автобуски стојалишта и 80 електронски информациони дисплеи на градската мрежа на линии во градот Скопје, додека со втората одлука се почнува постапка за ЈПП каде  што приватниот инвеститор ќе финансира, инсталира и одржува системот за автоматска локација на возилата во 450 автобуси на ЈСП СКОПЈЕ, како и инвестирање во 40 автомати за издавање билети, што ќе бидат поставени на автобуските постојки во централното градско подрачје.

На денешната седница беше усвоена и Одлука за воспоставување соработка меѓу Градот Скопје и Општина Шуто Оризари, за изградба на атмосферска канализација на ул. Пелагонија, за што Град Скопје од својот буџет ќе издвои 3 милиони денари.

http://www.skopje.gov.mk/ShowAnnouncements.aspx?ItemID=4159&mid=482&tabId=1&tabindex=0
Back to Top
Мартин View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 04-Jan-2009
Online Status: Offline
Posts: 291
  Quote Мартин Quote  Post ReplyReply #507 Posted: 15-Apr-2011 at 02:44

Со автобус до аеродром за 100 - 150 ден.

Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ ќе ја прифати иницијативата на ЛДП за воведување редовна автобуска линија до аеродромот „Александар Велики“ единствено доколку за таа намена добијат субвенции од градските власти и од авиокомпаниите. Во ЈСП дошле до ваков заклучок по направените анализи што укажале дека новата линија би работела нерентабилно и претпријатието би било во загуба од 5 милиони денари на годишно ниво.

Имено, според процените на надлежните, за два автобуса дневно што би возеле од центарот на градот до скопскиот аеродром и назад, ЈСП би требало да издвојува по 15 милиони денари за една година, а притоа би остварувало приход од 10 милиони денари. Од овие причини, ЈСП ќе предложи Градот и авиокомпаниите да му дадат субвенции за практично да се прифати иницијативата на ЛДП.

Од оваа советничка група неодамна побараа редовна автобуска линија до аеродромот оти сметаат дека освен такси, кое чини најмалку 20 евра, патниците немаат друг алтернативен превоз, како што е случајот во секоја земја.

„И ние сме свесни дека е неопходно да има автобус што би возел од центар до аеродром, но не сме финансиски моќни да ја реализираме потребата. Од тие, причини ќе му предложиме на Градот да ни даде наменски субвенции“, смета Мишо Николов, директор на ЈСП, кој вчера требаше да го пренесе предлогот на седницата на Советот на Град Скопје.

Доколку се најде заеднички јазик за да може ЈСП да ја оствари иницијативата без да трпи финансиски загуби, до аеродромот дневно би сообраќале два автобуса. Еден, најверојатно, од новите нископодни и еден веќе речиси оспособен за таа намена. Цената на билетот би се движела од 100 до 150 денари. (Дс.Т.)

http://www.time.mk/read/55f6b7192a/4ec96328b8/index.html

Back to Top
IN_MOTION View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-Jul-2009
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 148
  Quote IN_MOTION Quote  Post ReplyReply #508 Posted: 15-Apr-2011 at 03:11
Реално 100-150 денари не е воопшто многу за од аеродром до Центар. Според мене, и 5 евра да е ок ке биде.
Back to Top
krale View Drop Down
Senior Member
Senior Member

БАНИРАН

Joined: 28-Dec-2009
Online Status: Offline
Posts: 1487
  Quote krale Quote  Post ReplyReply #509 Posted: 15-Apr-2011 at 09:26
А нели може аеродромот да се одржува со некоја од редовните линии што сообраќајат на релација Скопје - Куманово и Скопје - Велес? Се разбира не сите линии за овие два града, туку посебни со високо-квалитетни автобуси, кои би застанувале и на аеродромот секој саат одејќи на овие релации.

Картата би чинела помалку отколку за линиите кои не застануваат на аеродромот, но тоа пак би помогнало значително во рентабилноста, а и поврзаноста и на овие 2 града со аеродромот.
Back to Top
Supervisor View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Jan-2008
Location: skopje
Online Status: Offline
Posts: 1220
  Quote Supervisor Quote  Post ReplyReply #510 Posted: 15-Apr-2011 at 12:41
Од кај па сега денес се пуштаат 17 нови автобуси? Нели беа 9 пишуваше значи сепак повеќе едноподни дојдоа добра вест како и да е!
NewYork-London-Paris-Moscow-Tokyo-Skopje
Back to Top
toasumjas View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 25-Jun-2010
Location: Skopje/ljubljan
Online Status: Offline
Posts: 434
  Quote toasumjas Quote  Post ReplyReply #511 Posted: 15-Apr-2011 at 15:51
Нови автобуси, нови цени
Петок, 15 Април 2011 15:32

Јавното сообраќајно претпријатие, денеска официјално пушти во употреба 17 нови нископодни автобуси и еден двокатен автобус кој ќе сообраќа на линијата 15А од населбата Ново Лисиче до Карпош 4.


При првиот промотивен круг со даблдекерот, ја имавме ексклузивната можност да направиме интервју со директорот на ЈСП, Мишо Николов .

-Колку автобуси се пристигнати досега и уште колку треба да пристигнат на скопските улици?

Со денешната промоција 17 нископодни автобуси и промоцијата на 15-те автобуси пред два месеци, вкупно имаме 32 нископодни едноспратни автобуси и денеска промовираме еден двокатен. Од утре ќе сообраќаат вкупно 33 нови автобуси.

-Кога целосно ќе биде реконструиран возниот парк на Јавното сообраќајно претпријатие?

Следниот месец очекуваме уште 20 нископодни автобуси, а до крајот на јули ги очекуваме останатите, вкупно 80. Со почетокот на есента, во септември и октомври месец, очекуваме пристигнување и на 67 двокатни автобуси. Со тоа ќе се обнови возниот парк на Јавното сообраќајно претпријатие.

-Најавивте изедначување на цената на возните билети за градските и приградските автобуски линии. Колку ќе чинат билетите?

Досега имавме една градска и три приградски зони. Приградските зони претставуваа проблем за нас, затоа што патниците мораа да внимаваат до која зона патуваат и каков билет да вадат. Најчесто тиегрешеа во вадењето на билет, намерно или ненамерно, па затоа дојдовме до идеја дека подобро е да има само една градска и една приградска зона, со што би се олеснила работата на контролорите, а и на патниците. Со тоа добиваме еден градски и еден приградски билет кои купени во возило ќе чинат исто, но градскиот билет ќе биде поевтин купен во билетара или надвор од возилото.

-Дали ќе поефтинат месечните билети?

Цената на месечните билети засега останува иста, но согласно движењата на цената на нафтата и намалувањето на нашите трошоци, можеби ќе се намали во иднина.

-Како граѓаните се однесуваат кон новите автобуси, дали се регистрирани штети?

Ние сме позитивно изненадени, очекувавме да има повеќе штети на новите автобуси. Граѓаните ги почитуваат и чуваат новите автобуси. Се надевам дека таа динамика ќе продолжи и во иднина и нема да имаме оштетување.

-Со оглед на тоа дека автобусите се со посовремена технологија, дали возачите се обучени?

Возачите се обучени, имавме интензивна обука на 15 возачи од страна на производителот. Сега овие 15 возачи ги обучуваат останатите. Подготвени сме со персонал за да ги користиме новите автобуси.

-Каков бенефит ќе имаат граѓаните од новите автобуси?

Бенефитите се неколкукратни. Најнапред пристојна атмосфера за патување, поголема сигурност дека автобусот ќе се појави, затоа што досега за старите автобуси не бевме сигурни дали ќе излезат, бидејќи многу често се расипуваа. Овие автобуси се бенефит и за животната средина, бидејќи се со ЕКО 4 и ЕКО 5 мотори, што значи минимално ја загадуваат животната средина. Со еден збор голем број на бенефити.

Пуштањето на автобусите е преседан во ЈСП кое како претпријатие постои од 1947 година.

Директорот, Николов посочи дека новите автобуси не се само привилегија за вработените во Јавното претпријатие, туку се и сериозна обврска која им се доделува со цел граѓаните да имаат пристоен јавен превоз.


http://kurir.mk/makedonija/intervjua/26398-Novi-avtobusi-novi-ceni
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11469
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #512 Posted: 17-Apr-2011 at 16:41

Еве ја споредбентата табела на моделите кои ги воведуваме, ажурирана со нови/потврдени податоци:





----------------------------------------------------------


Originally posted by krale

А нели може аеродромот да се одржува со некоја од редовните линии што сообраќајат на релација Скопје - Куманово и Скопје - Велес? Се разбира не сите линии за овие два града, туку посебни со високо-квалитетни автобуси, кои би застанувале и на аеродромот секој саат одејќи на овие релации.

Картата би чинела помалку отколку за линиите кои не застануваат на аеродромот, но тоа пак би помогнало значително во рентабилноста, а и поврзаноста и на овие 2 града со аеродромот.


Недостатоците од некој таков модел се очигледно поголеми од бенефитот (не па дека воопшто е реален ваков модел, кога ние не може да организираме обична линија).

Скопје-Куманово е 40km,  а скршнувањето до аеродромот би додало 10-тина километри. За Велес е малку покомплицирана математиката, мада е помало скршнувањето, ама има ли и колку автобуси кои одат стриктно на релација Скопје-Велес, односно да не е Велес само попатна дестинација од/кон остатокот на Македонија... ако нема (и тоа во голем број), тогаш веднаш планот ти паѓа во вода.

Побитно од километрите е изгубеното време. Кој луд што патува на толку кратка релација Скопје-Куманово би сакал да изгуби дополнителни 15 минути во диверзија накај аеродромот. За Велес повторно се враќаме на тоа дали и колку има автобуси кои се обраќаат стриктно на линија Скопје-Велес.

За да биде пристојна фреквенција до аеродромот, на секој саат како што предлагаш, практично секој втор автобус од/до Куманово треба да го применува таквиот возен ред. За Велес работата веднаш паѓа во вода.

Математиката што ја направи е чудна. Купување дополнителни и поскапи автобуси. Поевтини карти, а поголем трошок за одржување на линиите, со надеж дека патниците до аеродромот ќе надополнат во рентабилноста. Главен извор на приход се секако патниците на редовните линии и тешко дека некој превозник би ги ризикувал нив со цел да примени друга математика која во најмала рака делува сомнително.

Да земеме сепак дека ваквите линии не би изгубиле премногу од редовните патници. Но тогаш колку ќе можат тие линии да бидат во функција на аеродромот, ако немаат голем број слободни места за да се качат патници од аеродромот?

Аеродромски линии си се аеродромски линии и нема што да се мешаат со меѓуградски линии. Впрочем, каде на друго место има таква пракса на комбинирање? Нема потреба од никакви чудни гимнастики, решението е јасно и едноставно - воведување на аеродромска линија. Тоа што кај нас и таква банална работа е Sci-Fi, тоа е друга работа, ама сега треба да гледаме да не ја промашиме терапијата.


Edited by Cloverstack - 17-Apr-2011 at 16:44
Back to Top
Tuvok View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 20-Aug-2010
Online Status: Offline
Posts: 173
  Quote Tuvok Quote  Post ReplyReply #513 Posted: 17-Apr-2011 at 16:53
Моментот капацитет на двокатни 80 и на обичните украински 100 е доказ дека двокатните се утка. Утка поради тоа што не ја земаат главната намена на автобусите, јавен транспорт кој во иднина би требало да го зголемуа бројот на пренесени патнци. А настрана непрактичноста со тоа што горниот дел е понизок и верувам дека на мали релации никој нема да сака да се качи горе. Вака пак ќе има гужви по автобусите во одредени делови на денот и на одредени релации. Освен ако не е зголемане фрекфентонста на автобусите ама тоа никој не го спомнал досега.
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10989
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #514 Posted: 18-Apr-2011 at 04:31
Од ден на ден се покажуваат бројките што не се во прилог на двокатните, но сеуште ќе ја бранам одлуката за купување на автобусиве ако тоа било проценка на авторитетите дека донесува нешто во меѓунаодните односи. Како најповолно нешто што сега може да се направи е да се побара од јутонг доколку е можно со анекс на договорот да се преформулира и наместо двокатни да испорачаат еднокатни.
Back to Top
theMac3donian View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 30-Mar-2010
Online Status: Offline
Posts: 306
  Quote theMac3donian Quote  Post ReplyReply #515 Posted: 18-Apr-2011 at 05:23
Originally posted by Тркало

Не знаев кај да ја ставам сликава,битно муабетов ми е ЈСП се подновиле/подновуваат и во туристичкиот превоз.
MAN Lion's Coach


Па им купија автобуси за редовни градски линии сега ќе трошат на „ТУРС“.
Се надевам дека со ова ќе прават пари (ќе е исплатливо) и дека овој „ТУРС“ автобус ќе придонесе за „раст“ и некакво самоодржување во ЈСП (за сите линии што ги имат).

п.с.
Дали станиците/постојките за автобусите се надлежност на ЈСП или на општините во кои се наоѓаат?

---надополнето---

За проблемот со пензионерите има решение.
Незнам дали имаме зборувано на форумот, ама пензионерите со нивните намалени билети (или бесплатни, бидејки не знам какви имаат во СК) да можат да ги употребуваат само во одреден период. Односно, ако сака пензионер да се качи на автобус (за ефтино, беспари) тогаш да неможе тоа да го стори:

- Кога одат повеќето сабајле на работа и на училиште (прва-смена)
- Кога одат повеќето на училиште (втора-смена) и кога се враќаат тие од прва)
- Кога се враќаат повеќето луѓе од работа и втора-смена од училишта.

- Сакам да кажам кога автобусите се најоптеретени.

Така и ќе се растеретат автобусите од пензионерите. Незнам колку е „фер“ системот, но знам дека се применува во некои поголеми градови.

За негово функционирање ќе треба да се воведи служба во ЈСП која ќе оди по автобусите и ќе проверува (истото важи за дали имаш карта). Секој град сака да има ќар од казни, па ова на ЈСП не верувам дека нема да им се допадне.

Edited by theMac3donian - 18-Apr-2011 at 05:31
(НУ)МНМБЗДИСМНВИМНЖНКР
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8481
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #516 Posted: 18-Apr-2011 at 11:21
Originally posted by lslcrew

Од ден на ден се покажуваат бројките што не се во прилог на двокатните, но сеуште ќе ја бранам одлуката за купување на автобусиве ако тоа било проценка на авторитетите дека донесува нешто во меѓунаодните односи. Како најповолно нешто што сега може да се направи е да се побара од јутонг доколку е можно со анекс на договорот да се преформулира и наместо двокатни да испорачаат еднокатни.


Полуда теорија не сум чул, навистина ЛСЛ.

Ајде за доброто на дискусијата да речеме дека купување на кинески автобуси носело нешто во меѓународни односи (став со кој повторно не се сложувам но...).

Ниеден кинез не не натерал да земем двокатни ретро автобуси, тоа е факт. Тоа е наш избор.
Back to Top
krale View Drop Down
Senior Member
Senior Member

БАНИРАН

Joined: 28-Dec-2009
Online Status: Offline
Posts: 1487
  Quote krale Quote  Post ReplyReply #517 Posted: 18-Apr-2011 at 11:38
Originally posted by Tuvok

Моментот капацитет на двокатни 80 и на обичните украински 100 е доказ дека двокатните се утка. Утка поради тоа што не ја земаат главната намена на автобусите, јавен транспорт кој во иднина би требало да го зголемуа бројот на пренесени патнци. А настрана непрактичноста со тоа што горниот дел е понизок и верувам дека на мали релации никој нема да сака да се качи горе. Вака пак ќе има гужви по автобусите во одредени делови на денот и на одредени релации. Освен ако не е зголемане фрекфентонста на автобусите ама тоа никој не го спомнал досега.


Земено по истите „стандарди“ по кои сега се бутаме по автобуси, сигурен сум дека двокатниот ќе собере повеќе.

Целата поента е дека воглавном секаде во светот на јавен транспорт се СЕДИ, а помал број стои. Кај нас се разбира сме светлосни години назад, па повеќето стојат, а по некој ќе седне. Но двокатниот има двојно поголем капацитет за седење, со што секако се зголемува удобноста при возење. Ова е одличен избор за сите долги релации (како 2, 12, 15, и други).

Значи не е се само во квантитет, туку и во квалитет на транспортот.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11469
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #518 Posted: 18-Apr-2011 at 13:49
Originally posted by krale

Земено по истите „стандарди“ по кои сега се бутаме по автобуси, сигурен сум дека двокатниот ќе собере повеќе.
По истите тие „стандарди“, нормален автобус ќе собере уште уште повеќе. А кај двокатниот всушност проблемот со преоптоварување е многу поизразен, бидејќи уште во старт има поголема тежина. Цела таа поголема тежина е распоредена на истите две оски како и кај нормален автобус. Какви ефекти има тоа врз возилото и врз коловозот, ти оставам самиот да заклучиш.

Originally posted by krale

Целата поента е дека воглавном секаде во светот на јавен транспорт се СЕДИ, а помал број стои.
Класична krale™ изјава, истресена од ракав, симплифицирана до коска и без блага врска со реалноста.

Originally posted by krale

Но двокатниот има двојно поголем капацитет за седење, со што секако се зголемува удобноста при возење. Ова е одличен избор за сите долги релации (како 2, 12, 15, и други).
Гледам ние го „решивме“ проблемот со капацитетот, па сега ќе сме обезбедувале и висока удобност... Така е тоа кај нас, секогаш почнуваме да градиме од кровот.

Друга работа, околу „погодноста“ за долги релации. Ја спомна 2-ка. Епа на сајтот на ЈСП погледни го возниот ред за таа линија. Дури и вон шпицовите, 2-ка се обраќа на интервали од 8-10 минути. Тој возен ред се остварува воглавно со зглобни автобуси чив нормален капацитет е околу 170 патници. Можеш ли да пресметаш колку двокатни автобуси (капацитет 80 патници) треба да бидат пуштени на таа линија, само за да се одржи сегашната состојба? Истото важи за сите пооптеретени линии, а не се малку.



Edited by Cloverstack - 18-Apr-2011 at 13:54
Back to Top
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4238
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #519 Posted: 18-Apr-2011 at 14:04
А вака. Директна линија Скопје-Аеродром Александар Велики.

И воспоставување на линија Велес-Аеродром Александар Велики-Куманово, со можност во иднина за проширување до Богородица и до Табановце. Така мислам дека би се опфатила голема популација која би имала потреба да го користи аеродромот. Што е добро и за самиот аеродром и неговиот развој, но и за сите региони и луѓето кои ќе бидат опфатени со оваа линија. Дури може да се размислува и на Прешево, Бујановац, Ниш...
Македонија - Земја на чудата!
Back to Top
N23 View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 03-Feb-2011
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1832
  Quote N23 Quote  Post ReplyReply #520 Posted: 18-Apr-2011 at 14:34
Ауу Крале све очекував, али да слушнам дека кај нас поише се стоело него седело.... Ја не знам у кој јавен транспорт така се возат, можда во финска и норвешка каде има на 2 мин автобус и каде со една иста карта можеш да користиш метро, трамвај и автобус, па затоа гужвата се редуцира. Еве можда сите ние сме грешка, дај пример каде само се седи во автобус, а притоа да не кажуваш дека не сме те сфатиле ко што треба и дека работите сме ти ги извадиле од контекст. И кажи каде по некој ќе седне, ти препорачувам со 23 задња да се возиш, накај 00:10 да видиш дали стојат или седат. Админи можда е малку надвор од контекст постов па ако треба избришете го, ама стварно морав вака да искоментирам.
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 2425262728 56>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.203 seconds.

Copyright ©2007 - 2014  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.