build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања > Јавен превоз
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Јавен автобуски превоз (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 89101112 85>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #181 Posted: 09-Dec-2008 at 19:59
Beton: Прво владата да основа ново претпријатие и после постепено да трансферира од страото и опрема и вработени и ресурси, све по ред. Тоа е најдобар филтер што е функционално од тоа што останало (и опрема и вработени), што не е.

Бетон како успеваш у секое ќоше да најдеш место за надворешните политики на евроатлантските институции. И да ни соли памет некој од надвор како ние внатре ќе си ги организираме претпријатиата, не мора да го слушаме. Зашто да мора да се чека некој од надвор да ни даде модел на хартија како ние да се организираме. Него ај нема везе.

Бетон апсолутно сите сме свесни за цела оваа хипокризија (υποκρισις) што не јаде надорешно, но јас пак ќе кажам. Никој не се обидува барем малку да го премости проблемот, а не па да го реши. Пред нос имаме одлична шанса да го премостиме проблемот.

Бетон немој те молам да бараш елементи на завера наоколу, зашто ја нема. Апсолутно сум свесен за ите историски констелации на односи, за сите историски факти. Но елементи на завера не постојат, акамоли па во приватизација на јсп и мтв. Ги боли таквото еу и нато за јсп и мтв.
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3887
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #182 Posted: 09-Dec-2008 at 20:42

па не е завера доколку некој бара постојано повод како да ги оправда своите двојни аршини, тоа е реална позиција на еу! на културен начин не држат во предворјето! и мешањето е пред се кај мтв незнам колку имаат сила ЕК тоа да му го наметне на СК со оглед дека тој е основач на ЈСП, но ќе го реши ако ништо друго индиректно преку пуштање некој нов прашалник! патем никаде невелам дека владата треба да формира ново ЈСП. туку таа треба да го забрза расформирањето на постојново, а градот сетне треба да направи ново! значи тука треба да биде решението, нормално со поклонот од владата со двокатните...

завера нема во муабетов, туку единствено заврзлама! ЈСП ќе стане атрактивен и профитабилен само доколку добие нови и брзи, и автобуси и линии! исто мора да се воведи зонско движење низ СК и некој вид на полукруг P+R како во Љубљана за сите од надвор(освен за болни лица и инвалиди)...  ова со пластичните бариери исто ќе допринесат за брзината но се додека тие не се постават по сите булевари нема ефектот да биде ниту голем ниту наполно безбеден! 

Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #183 Posted: 09-Dec-2008 at 23:40
Хронологија на напорите за модернизација на јавниот превоз на патници/2005-2008/

Градоначалникот на Град Скопје, Трифун Костовски од почеток на својот мандат поведе повеќе иницијативи за модернизација и обновување на возниот парк на јавното сообраќајно претпријатие.

Кон крајот на 2005 и почетокот на 2006 година, Град Скопје беше вклучен во ОРЕТ програмата на Министерството за надворешни работи на Кралството Холандија. Со програмата беше предвидено да му се помогне на јавното претпријатие со поволна кредитна линија да набави 100 нови автобуси од марката МАН. Програмата беше интересна затоа што покрај обезбедувањето 100 нови автобуси нудеше можност домашна компанија да ги произведе возилата, а со тоа индиректно да се помогне на македонската економија. Покрај тоа холандската Влада обезбедуваше 35 % попуст за кредитниот аранжман, што значи дека кредитното задолжување за ЈСП ќе беше околу 65% од вкупната вредност на новонабавените автобуси. Град Скопје беше подготвен да биде гарант на кредитот.

Тогашниот министер за финансии, Никола Поповски, го одби барањето Град Скопје да биде гарант на кредитот кој би го подигнал ЈСП за набавка на автобуси, со изговор дека претпријатието не е солвентно.

Втората иницијатива, Градоначалникот Костовски ја покрена во втората половина на 2006 година, овојпат, со Европската банка за обнова и развој /ЕБРД/. Иницијативата беше крунисана со потпишување Мандатно писмо за проект за градски сообраќај во Скопје. Писмото беше потпишано на 27.09.2006 година, од страна на градоначалникот Костовски, заменик директорот на тимот за општинска и еколошка инфраструктура при ЕБРД, Хенри Расел и тогашниот генерален директор на ЈСП, Орце Георгиевски.

Овој проект беше пошироко поставен од ОРЕТ програмата и со него покрај обновувањето на возниот парк, со мандатното писмо, беше предвидено и финансирање на програма за корпоративен развој на јавното претпријатие, имплементирање на стратегија за јавен транспорт во град Скопје( управување со сообраќајот и паркинг системот), како и согледување на потребите за подобрување на институционалната рамка и регулативата во рамките на јавниот превоз.

Со овој проект требаше да се одобри заем од 12 милиони евра за набавка на 100 соло нископодни автобуси со класа мотори ЕУРО 4.

За попишување Протокол со ЕБРД за реализација на овој проект, од страна на кредиторот беа поставени строги критериуми пред Јавното претпријатие и Град Скопје. Но, како пречка повторно се појави Министерството за финансии. Овојпат Трајко Славевски, во функција на министер, го стопираше проектот со ЕБРД, поради ликвидноста на јавното претпријатие и Градот Скопје. Интересно е што министерот, само три месеци пред тоа беше советник во Советот на Град Скопје и член на комисијата за финансирање и Буџет.

Во декември 2007 година, Владата на Р.Македонија донесе Одлука со која на ЈСП ќе му префрли 4,4 милиони евра за набавка на 45 до 50 нови автобуси. Во согласност со оваа Одлука на Владата формирана е комисија која треба да ја спроведе јавната набавка на автобусите, а во неа членуваа лица од ЈСП, Град Скопје и од Владата на Р.Македонија. Управниот одбор на ЈСП на 11.06.2008 година донесе Одлука за потреба од јавна набавка на 50 автобуси за јавен градски превоз на патници. Според Одлуката на Управниот одбор, 45 од автобусите треба да бидат нископодни новопроизведени соло автобуси, класа мотори минимум ЕУРО 4, останатите четири автобуси треба да бидат двокатни употребувани соло автобуси, со класа на мотор минимум ЕРУРО 3 и еден употребуван соло автобус за превоз на патници-двокатен панорамски (без покрив на горниот кат) со класа на мотор минимум ЕУРО3.

Врз основа на оваа одлука ЈСП распишува јавен повик за набавка на 50 автобуси, но по директна наредба од Владата на Р.Македонија, поранешниот директор на ЈСП, Орце Георгиевски шест дена пред истекот на рокот за доставување понуди ја поништува јавната набавка и Управниот одбор на ЈСП носи одлука за потреба од јавна набавка на 52 автобуси, од кои 50 нископодни новопроизведени двокатни соло автобуси и два новопроизведени двокатни панорамски соло автобуси.

На меѓународниот тендер, кој го распиша ЈСП, беа пристигнати 29 понуди од реномирани домашни и светски производители на автобуси, а спроведувањето на јавната набавка го чинеше ЈСП 108.858 денари.

Поради поништувањето на тендерот без да се информира градската администрација и градоначалникот, директорот Георгиевски е разрешен од функцијата, а Град Скопје, поради неуспешните обиди да им објасни на претставниците на Владата дека на јавниот превоз на патници во градот му се потребни нископодни, а не двокатни автобуси и дека инфраструктурата во Скопје не е прилагодена за ваков вид возила, се откажа од парите кои му ги префрли Владата за набавка на автобуси.

Градоначалникот Костовски, со цел да и покаже на Владата дека првичната одлука за набавка на нископодни автобуси е вистинското решение за проблемите во јавниот превоз на патници во главниот град, организираше и промотивно возење со нов нископоден автобус од фирмата Мерцедес.
Овој автобус сообраќаше на линијата со број 15, а превозот во текот на промотивната недела беше бесплатен. Реакциите на граѓаните кои имаа можност да се возат со новиот мерцедесов автобус беа повеќе од позитивни, со што дадоа јасен сигнал дека на Скопје му треба нов софистициран јавен градски превоз, кој ќе соодветствува на превозот во сите европски метрополи. Нископодните автобуси се користат во сите поголеми европски метрополи и се многу поекономични и пофункционални за разлика од двокатните.

И покрај најавите на Владата дека ќе распише јавен повик за набавка на 52 двокатни автобуси, Министерството за транспорт и врски на 03.09.2008 година распиша тендер за набавка на 102 новопроизведени двокатни автобуси, од кои два од отворен тип, а останатите од затворен тип. Рокот за доставување на понудите беше 01.12.2008 година.

На 20.11.2008 година, Министерството доставува барање до Бирото за јавни набавки со кое се продолжува рокот за доставување понуди до 20.01.2009 година.
По извесно време Министерството доставува барање до Бирото за измена на предметот на јавната набавка со што наместо 102 автобуси се бара набавка на 302 новопроизведени двокатни автобуси од кои 300 од затворен и два од отворен тип. Рокот за доставување на понуди е 01.12.2008 година.
Последната измена на јавната набавка Владата ја направи неодамна со продолжување на рокот за доставување понуди до 20.01.2009 година.
Според наши сознанија во Буџетот на Владата на Р.Македонија за 2008 година за набавка на автобуси за јавен превоз се издвоени околу 420.000.000 денари, што доволни за набавка на само 15 до 20 двокатни автобуси.

ДРУГИ ИНИЦИЈАТИВИ ПОВРЗАНИ СО ЈАВНИОТ ПРЕВОЗ

1.Консолидација на ЈСП

  • наплата на долгот од министерствата кон ЈСП
  • намалување на ДДВ, во рамки на европските препораки за јавен превоз на 5%, наместо на 18 %/
  • заштита на имотот на ЈСП
  • анулирање на нереалните долгови на основа неплатен ДДВ
  • зголемување на платите на вработените
  • нававка на систем за автоматска локација на возилата на ЈСП
  • воведување СМАРТ тикетинг
  • субвенција од 2,5 милиони евра за ЈСП од Буџетот на Град Скопје
  • од 2005 година до 2009, Град Скопје издвоил повеќе од 60 милиони денари за субвенционирани билети за лица со посебни потреби

2. Алтернативен превоз

  • физибилити студија за трамвај
  • изведбен проект за прва фаза
  • ангажирање странски консултант за пристап до европските фондови за реализација на проектот

3. Проекти за модернизација на јавниот сообраќај

  • ТРАНСПАУЕР- нови сообраќајни концепти
  • Ренесанс проект
www.skopje.gov.mk
Back to Top
La Linea View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
  Quote La Linea Quote  Post ReplyReply #184 Posted: 04-Jan-2009 at 14:43
Може да се смета малку за офтопик ова што го праќам, но само сакам да покажам до каде е стигната работава со јавниот градски превоз....

Low rider bus - Skopje, Macedonia


Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3887
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #185 Posted: 04-Jan-2009 at 19:19

јас од кога знам за себе ваква е ситуацијата! бар еднаш во неделата имаше искривен автобус за акробати по улиците на СК, па кога ќе се накрцаа внатре илјада патници дневно, нормално е дека еден амортизер ќе попушти!

нешто братот ми се буни дека чул некаде, дека лиснатите амортизери се криви за оваа последица, па кога манжетните ќе им пикнат го креваат автобусот од таа страна, а не дека тој клапнал од другата! бидејќи фичо има ист таков амортизер како кај автобусите и камионите, кога ќе му отидат амортизерите изгледа како џип!

Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #186 Posted: 09-Jan-2009 at 00:32

ЈСП воведува електронски картички

Системот на нова наплата се очекува да профункционира за два месеца

Наредната недела ќе почне монтирањето на новите поништувачи за електронски картички во автобусите на Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“. Со овие картички во иднина ќе бидат заменети хартиените билети.

- Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ в понеделник ќе го потпише договорот со фирмата „К’смет карт“, која е избрана на конкурсот како најповолна за инсталирање на електронскиот систем на наплата и на системот за автоматско следење на возилата кои се воведуваат паралелно. Опремата ќе биде набавена од турската фирма „Кент карт“. И двете фирми беа ангажирани и за воведувањето на системот на електронска наплата кај приватните превозници - објаснуваат од Градот.Според раководителот на Секторот за сообраќај во Градот Јани Христовски фирмата треба да ја монтира инсталацијата за новите поништувачи на електронските картички во рок од 45 дена по потпишувањето на договорот. Христовски објасни дека системот ќе биде вграден во 250 автобуси, од вкупно 400 со кои располага ЈСП, а во останатите 150 нема да има поништувачи, туку само инсталација.

- Во случај да се расипе некој од автобусите во кој е целосно вграден системот, апаратот за поништување на картичките лесно може да се префрли во другиот автобус, во кој е инсталирана кабелската мрежа - објаснува Христовски.

Како што потенцираат од Градот, придобивките од овие картички наречени „смарт тикети“ се намалување на времето на стоење на автобусите на станицата, како и елиминација на можноста да се манипулира со парите. На почеток, интелигентните картички ќе се набавуваат во билетарниците на ЈСП, а со текот на времето тие ќе може да се купат и во поголемите маркети и во трафиките на автобуските постојки. Цената на електронската картичка, велат од Градот, нема да биде повисока од онаа по која сега се продаваат картичките во приватните автобуси.

Паралелно со воведување на електронските поништувачи се работи и на воведувањето на системот на автоматско следење на возилата, за што ќе биде формиран Центар за управување и контрола на сообраќај. Со овој систем за автоматска локација на возилата претпријатието ќе има увид за тоа кој автобус, каде и во кое време точно се наоѓа и дали возачот го почитува возниот ред. Од Градот велат дека во моментов се работи на изработка на овој проект.

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=7CB20FEC8915954AA864686F9FCCB22D
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5422
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #187 Posted: 09-Jan-2009 at 01:00

А дали ќе бидат компатибилни со оние на приватниците? Јас кога бев во Скопје искрено цело време се џарев во автобусите, дури и друштвото ми се лутеше не ги слушав кога зборуваа, а мислам дека на само еден автобус видов дека има такви картички... и тоа апаратчето изгледа ко на зафрканција ставено, отворено со кабли од едната страна (од кај возачот)... Е сега дали немаат сите автобуси лепенка онаква дека се со новите апаратчиња, не знам, ама јас видов само еден со таква лепенка и ѕирнав низ вратата.
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: 🇲🇰🇨🇭
Online Status: Offline
Posts: 4077
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #188 Posted: 10-Jan-2009 at 18:33

Десет општини добија минибуси за превоз на ученици

10 January, 2009 07:21:00
Големина на фонт: Decrease%20font Enlarge%20font
image

Десет школски автобуси денеска беа промовирани во ЗЕЛС и предадени на градоначалниците на десет општини.

Премиерот Груевски истакна дека главна причина за непосетување на училиштата е токму нивната оддалеченост од руралните населени места, а ја искористи оваа прилика и да ги наброи сите досегашни проекти на владата во областа на образованието.

„Сите овие бројки и одлични резултати ни даваат поттик да продолжиме со посветената работа правејќи го образованието достапно за сите граѓани и тежнеејќи кон што е можно поголема вклученост на младите во сите нивоа на образование“ изјави Груевски.

„Со овој чекор Владата на Република Македонија  и министерството за образование и наука им дава суштинска поддршка на единиците на локалната самоуправа да активно се залагаат за еднаков пристап на сите деца и млади до изворите на знаење“ рече министерот за образование, Перо Стојановски.

Скопје доби автобус наменет за децата со хендикеп, а останатите девет автобуси се за општини во кои нема јавен превоз, тоа се Карбинци, Јегуновце, Конче, Желино, Могила, Новаци, Зајаз, Чашка и Липково. За три месеци треба да почне употребата на уште 20 автобуси за учениците од руралните средини.

Фросина Пандурска                                     

Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5422
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #189 Posted: 10-Jan-2009 at 19:31
Ја прочитав веста и јас, и ја најдов и во други медиуми со слика. Јас ги замислував онакви жолти, со 30-тина седишта, демек минибуси, ама ако ова се тие автобусите... Овие се најбични комбиња. Сепак, можеби е новинарска глупост, но не мислам така.


Промоција на десет училишни автобуси

Десет мини училишни автобуси, денеска ќе им бидат предадени на претставници на одредени општини во државава. Оваа промоција е дел од проектот “30 автобуси за превоз на ученици“.

На настанот ќе присуствуваат премиерот Никола Груевски и министерот на образование и наука, Перо Стојановски.

Владата и министерство за образование активно работат на подобрување на инфраструктурата во образованието, се наведува во соопштението од ресорното министерство.


Автор на веста: Нетпрес
Објавена на 10.01.2009 11:37:58


Преземено од: http://www.netpress.com.mk/vest.asp?id=47770&kategorija=1

Како и да е, според мене паметно би било, штом и онака државата плаќа на приватници за бесплатниот превоз, кога Скопје ќе ги добие новите автобуси, најисправните од тие старите да се пренаменат за бесплатен превоз на ученици! Би било добро и да ги исфарбаат жолти (како во САД) но и црвени нека тераат. Тоа се околу 100тина автобуси, нека добие секое трето основно во државата по еден. Веројатно немаме повеќе од 300 основни во државата, во цела Општина Битола се 13, па не би требало да се вкупно повеќе од 300. Е сега дали тоа ќе им ги замрси сметките на оние што ги наместиле тендерите за нивни фирми да ги возат учениците, тоа не знам, како и да е мојата идеја сметам дека е многу добра.
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5422
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #190 Posted: 10-Jan-2009 at 20:15

10.01.2009, 18:45
ДЕВЕТ ОПШТИНИ И ГРАДОТ СКОПЈЕ ДОБИЈА АВТОБУСИ!

ВЛАДАТА ДОДЕЛИ 10 МИНИБУСИ ЗА УЧЕНИЧКИ ПРЕВОЗ

Сите оние ученици кои живеат во поодалечните и зафрлени краеви во иднина ќе имаат можност полесно да стигнуваат до своите училишта.



На девет македонски општини, и тоа Карбинци, Конче, Јагуновце, Желино, Могила, Новаци, Зајас, Чашка и Липково, Владата денеска им додели по еден миниавтобус со цел учениците безбедно и бесплатно да се превезуваат. Градот Скопје, пак, доби миниавтобус прилагоден за ученици со посебни потреби.

- Со пуштање на употреба на овие превозни средства правиме силен исчекор во зголемување на достапноста во образованието, отвораме можности и шанаса за многу млади луѓе да го започнат и да продолжат со своето образование - изјави Никола Груевски, премиер на РМ.



- Успешната соработка со 9-те општините и Градот Скопје ќе ја продолжиме и со останатите општини, со цел преостанатите 20 автобуси да овозможат мобилност на сите ученици и нивно вклучување во современите образовни текови - вели Перо Стојановски, министер за образование.

Благодарејќи на реформите во образованието, во 2008-мата дури 95% од основците го продолжија своето образование, додека пак високи 85% од средношколците се одлучија да се запишат и на факултет.

Во наредните месеци ќе бидат обезбедени уште 20 миниавтобуси.


Преземено од: http://www.sitel.com.mk/?ItemID=086B51AD3213424289933F2587600ACD
Има и видео на кое подобро се гледаат комбињата. Не знаев како да го ембедувам видете на линкот.

Значи навистина тие комбињата биле УЧИЛИШТНИ АВТОБУСИ Значи кој се обидел да го смени македонскиот правопис алал му вера! Инаку автобусите се наменети за места со мнозинско ако не и целосно албанско население, така што не гледам која е поентата да пишува на македонски. Сепак УЧИЛИШТНИ АВТОБУСИ е многу смешно.

Edited by гитардемон - 10-Jan-2009 at 20:19
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: 🇲🇰🇨🇭
Online Status: Offline
Posts: 4077
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #191 Posted: 10-Jan-2009 at 21:00
super .....
mislam zajaz e selo od kicevo a ne opstina ama sepak ..
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #192 Posted: 11-Jan-2009 at 05:51
Како прво незнам дали прочитавте дека овие автобуси се пред се за општини каде што има најмногу деца со пречки во развојот и деца кои се на преголема оддалеченост од најблиското школо! Незнма според кој алгоритам се доделени овие автобуси, но не се сомневам воопшто во рамноправноста на сите општини. Ова е сега првата тура од 10 автобуси, треба да има уште 20! Забелешки од типо дека автобусиве отишле во т.н. "албански" општини воопшто не се на место. Дури и ако веќе некој се осмелува да даде таква забелешка, прво нека ја почека и втората тура па после нека проценува! Сепак би било подобро доколку властите транспаренто го истакнеа алгоритамот по кој се одбрани општините, како не би имало граќани што би се чувствувале обесправени по било кој основ.
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5422
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #193 Posted: 11-Jan-2009 at 14:49
Немаше врска со етничката припадност, т.е. не се жалев туку само давав забелешка зошто е напишано само на македонски (дури и грешен македонски), би требало и на албански. Него не се сите за децата со пречки во развојот, туку само тој за Скопје е таков, со посебна пристапна рампа, и колку што разбрав тој не е минибус (читај комбе), туку веројатно малку поголемо автобувче со 30тина седишта. Останатите се за општините во кои има деца на голема оддалеченост од училишните центри.
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #194 Posted: 15-Jan-2009 at 00:09

Градот доби 730.000 евра за урбан транспорт во Скопје

На автобуските станици ќе има електронски инфотабли на кои ќе се добиваат информации за автобусите

Градот Скопје доби 730.000 евра преку инвестиционите програми на Европската комисија за четири сообраќајни проекти. Главниот град настапи во конзорциум со уште четири града: Перуџа, Бат, Шчечинек и Горна Ораховица, а вкупниот фонд за инвестициите на петте града изнесува 14 милиони евра. Градовите ќе ги трошат парите за своите проекти во следните четири години.

Во Скопје ќе биде отворен центар за управување и контрола на сообраќајот во централното градско подрачје, а сообраќајниот отсек на Техничкиот факултет во Битола и ЈСП ќе изработуваат и стратегија за урбан транспорт. Планирано е и префрлување на 12 автобуси на ЈСП на природен гас.

На автобуските станици, според плановите на Градот, во иднина ќе има електронски инфотабли на кои граѓаните ќе добиваат информации за времето на пристигнување на автобусите.

„Проектите ќе се реализираат во текот на следните четири години. Годинава, во најголем дел ќе бидат реализирани тендерите за изработка на проектите и за набавка на опремата за сите четири проекти. За приближно две години ќе бидат видливи и првите резултати на терен, односно, ќе почне да функционира центарот за управување и контрола, ќе се поставуваат таблите на автобуските станици и 12 автобуси ќе возат на природен гас“, вели Јован Христовски, раководител на Секторот за сообраќај.

Тој објаснува дека во последните две години ќе бидат сумирани резултатите од реализацијата на проектите, а Градот Скопје редовно ќе испраќа извештаи до Европската комисија.

http://utrinski.com.mk/?ItemID=63AAD6205EC33342B50C8E6FC52F0E18


Edited by lslcrew - 15-Jan-2009 at 00:10
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5422
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #195 Posted: 16-Jan-2009 at 16:45
ЈСП "СКОПЈЕ" ВО МАРТ ЌЕ ВОВЕДЕ ЕЛЕКТРОНСКА НАПЛАТА
Турската "Кент карт" ќе става читачи во градските автобуси
За инсталација на системот за електронска наплата на билетот со картички ЈСП ќе потроши 24 милиони денари



Турската компанија "Кент карт" го доби тендерот за инсталирање на системот за електронска наплата во автобусите на ЈСП "Скопје". Оваа турска компанија го инсталираше системот за електронските картички и во автобусите на приватните превозници лани во септември.
Александар Бошковиќ, директор на ЈСП, вели дека деновиве треба да го потпишат договорот со Турците и оти во рок од 45 дена од потпишување на договорот тие треба во 250 градски автобуси да постават читачи за електронските картички и целокупната потребна опрема за нивно функционирање.
"Очекуваме веќе во март да проработи системот, но не сакам да давам точни прогнози додека не го потпишеме договорот. Читачи за картичките и потребната опрема треба да се стават во 250 автобуси, а потребната инсталација ќе ја има уште во 150 автобуси, за да може читачот да се префрли во друг автобус при дефект или исклучувањеод сообраќај на некое од возилата", вели Бошковиќ.
Цената на билетот во градските автобуси ќе остане иста - 25 денари и по воведување на електронските картички за наплата, но патниците ќе можат на картичките да стават извесна сума пари што потоа ќе ја трошат.
"Продажбата на картичките и нивното полнење во прво време ќе оди само преку нашите билетарници, а потоа ќе видиме дали има можност да се склучи договор и со некој од маркетите", вели Бошковиќ.
За реализација на овој проект ЈСП ќе потроши 24 милиони денари или околу 400.000 евра. (Е.А.)


Преземено од: http://www.vest.com.mk/default.asp?id=162208&idg=9&idb=2575&rubrika=Skopje

Edited by гитардемон - 16-Jan-2009 at 16:46
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #196 Posted: 21-Jan-2009 at 21:19
ЗА ПОКВАЛИТЕТЕН ЈАВЕН ПРЕВОЗ НЕОПХОДНА Е ПОГОЛЕМА ПОДДРШКА ОД ДРЖАВАТА

Застарениот возен парк, нереалниот финансиски долг кон државата
кој датира уште од 1997 година и сивата економија се само дел од
проблемите со кои со години наназад се соочува Јавното сообраќајно
претпријатие „Скопје“. За нормално функционирање на јавното претпријатие
и за унапредување на градскиот превоз на патници потребна е поддршка
од државата, според примерот на сите европски градови, нагласува
Александар Бошковиќ, директор на ЈСП.
- Годинава за првпат по 60 години постоење на Јавното сообраќајно
претпријатие „Скопје“ добивме субвенции од Град Скопје во
вредност од 140 милиони денари. Таа иницијатива на градоначалникот
Трифун Костовски, која ја поддржа и Советот, е за поздравување. Ние
сме единственото јавно претпријатие кое што се самофинансира. Во сите
европски градови градскиот јавен превоз е субвенциониран и од
градските власти и од државата.
Сметам дека е од исклучително значење тоа да се воведе и кај нас
- објаснува Бошковиќ. Тој нагласува дека е за поздравување
идејата на Градот за воведување жолти ленти на улиците и булеварите
по кои сообраќаат автобусите на ЈСП за да се олесни нивното
движење, како и воведувањето смарт- тикетинг и автоматска алокација на
возилата. - Од големо значење е и решавањето
на проблемите со автобуските стојалишта кои мора да се уредат
со урбана опрема и стреи, како и со прецизни информатори за
возниот ред на автобусите - додава Бошковиќ.

Градоначалникот Трифун Костовски од почетокот на својот мандат поведе
повеќе иницијативи за модернизација и обновување на возниот парк на ЈСП
„Скопје“. Кон крајот на 2005 година Град Скопје беше вклучен во ОРЕТ
програмата на Министерството за надворешни работи на Холандија.
Со програмата беше предвидено да му се помогне на ЈСП со поволна
кредитна линија да набави 100 нови автобуси од марката TAF.
Холандската Влада обезбедуваше и 35 отсто попуст за кредитниот
аранжман, што значи дека кредитното задолжување за ЈСП ќе беше околу
65 отсто од вкупната вредност на новонабавените автобуси. Град Скопје
беше подготвен да биде гарант на кредитот.
Втората иницијатива, градоначалникот Костовски ја покрена
во втората половина на 2006 година со Европската банка за обнова и
развој (ЕБРД). Иницијативата беше крунисана со потпишување Мандатно
писмо за проект за градски сообраќај во Скопје. Освен обновувањето на
возниот парк на ЈСП, беше предвидено и финансирање на програма за
корпоративен развој на јавното претпријатие, имплементирање
на стратегија за јавен транспорт во Скопје, како и согледување на
потребите за подобрување на регулативата за јавниот превоз.
Со овој проект ЕБРД требаше да одобри заем од 12 милиони евра
за набавка на 100 соло нископодни автобуси со класа мотори ЕУРО 4.
Ресорното министерство ги одби и двете барања.


Во декември 2007 година, Владата донесе одлука на ЈСП да му донира
4,4 милиони евра за набавка на 45 до 50 нови автобуси. Во согласност
со оваа одлука, беше формирана комисија за спроведување на јавната
набавка на автобусите. Управниот одбор на ЈСП на 11 јуни годинава
донесе одлука за јавна набавка на 50 автобуси за јавен градски
превоз на патници. Одлуката на УО, се однесуваше на 45 нископодни
новопроизведени соло автобуси, класа мотори минимум ЕУРО 4,
четири двокатни употребувани соло автобуси, со класа на мотор минимум
ЕРУРО 3 и еден употребуван соло автобус двокатен панорамски (без
покрив на горниот кат) со класа на мотор минимум ЕУРО3. Врз основа
на оваа одлука ЈСП распиша јавен повик за набавка на 50 автобуси, но,
поранешниот директор на ЈСП, Орце Георгиевски, шест дена пред истекот
на рокот за доставување понуди ја поништи јавната набавка. Управниот
одбор на ЈСП донесе одлука за набавка на 52 автобуси, од кои 50 нископодни
новопроизведени двокатни соло автобуси и два новопроизведени
двокатни панорамски соло автобуси. На меѓународниот тендер, пристигнаа
29 понуди од домашни и светски производители на автобуси
, а
спроведувањето на постапката го чинеше ЈСП 108.858 денари.
По поништувањето на тендерот, ЈСП ги врати средствата дадени од
Владата.


http://www.skopje.gov.mk/images/File/Vesnik%20SKOPJE/Grad%20Skopje%20br.2.pdf
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7859
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #197 Posted: 21-Jan-2009 at 23:40
леле леле уште повеќе срце ме стега кога ќе видам какви шанси сме пропуштиле, повеќе ме нервира пропуштеното, одколку двокатните автобуси, ај да речеш да немавме опција па да земевме двокатни...
Back to Top
Б.Ѓ.Т View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 15-Nov-2008
Location: skopje
Online Status: Offline
Posts: 311
  Quote Б.Ѓ.Т Quote  Post ReplyReply #198 Posted: 30-Jan-2009 at 12:39

До март ЈСП ќе гасифицира 12 автобуси

Јавното сообраќајно претпријатие - Скопје во март ќе гасифицира уште 12 автобуси. Парите за преадаптација ЈСП ги обезбеди преку проектот „Ренесанс“ на Европската Унија. Од претпријатието велат дека преку овој проект треба да добијат 227.000 евра, од кои дел ќе се искористат за гасификација на 12 автобуси, дел за воведување на системот за автоматска локација на возила, а остатокот за уредување на постојките. Од ЈСП велат дека одлучиле да инвестираат во старите автобуси, бидејќи тие ќе останат во сообраќај додека Владата ги набави двокатните автобуси. Пред две години ЈСП гасифицира 30 автобуси, како дел од проектот за намалување на загадувањето од издувните гасови на нивните возила.


http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=94D7C6AEF7A63F4196504C418AEED952

Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #199 Posted: 30-Jan-2009 at 14:30


Не ми се верува како ги рециклираат вестиве. Зарем малку проблеми да има низ градов па да мора скопската рубрика да се пополнува со репризи...

Bash

Еве ја практично идентичната вест објавена лани во ноември и забележана овде на форумов, со таа разлика што тогаш рокот беше „до крајот на годината“:

http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=14&PID=22384#22384
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5422
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #200 Posted: 30-Jan-2009 at 15:43
И што дека ќе ги гасифицира? Помалку ќе загадуваат? Новите ако дојдат некогаш, овие што? На отпад? Па замислете, ги гасифицираат автобусите од '65 наместо оние поновите од '98 што логично ќе останат подолго во сообраќај. Или логиката им е, тие понови се помалку трошат, овие постарите да ги смениме да не трошат. Абе ненормални.
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 89101112 85>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.281 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.