build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања > Јавен превоз
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Јавен автобуски превоз (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 1920212223 73>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3632
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #401 Posted: 27-Jul-2010 at 16:45

Нови автобуси во градскиот превоз

Се работи за еколошки, ниско-подни возила, кои имаат и лифт за инвалидки колички. Овие автобуси ќе придонесат да се подобри квалитетот на превозот и сообраќајот, но и животната средина.

Нови%20автобуси%20во%20градскиот%20превоз

  Градскиот превоз во Куманово од минатиот месец е збогатен со 10 современи автобуси. Нови возила на претпријатието „Оли травел„, секојдневно се обраќаат на постоечките линии во населбите „Карпош„, „Зелен Рид„, „Гоце Делчев„, „Железничка станица„, Горно и Долно Којнаре.

Се работи за еколошки, ниско-подни возила, кои имаат и лифт за инвалидки колички. Овие автобуси ќе придонесат да се подобри квалитетот на превозот и сообраќајот, но и животната средина, бидејќи се работи за еколошки возила - вели Оливер Стефановски, генерален директор во „Оли-травел„.

 На почетокот на учебната година ова превозно претпријатие ќе ангажира лица од агенција за обезбедување, кои ќе се грижат за безбедноста на патниците.

Ние претежно превезуваме ученици до училиштата и затоа сакаме да обезбедиме целосна сигурност на нашите патници и нивните родители. Децата  треба да се чувствуваат пријатно, без да се плашат дека ќе бидат провоцирани или нападнати од хулигани - вели Стефановски.

И останатите автопревозни претпријатиа: „Јоцо-турс„ и „Штуз„, работат на модернизирање на возниот парк и од есен ќе пуштат во сообраќај двесетина нови автобуси.Но сопстевниците се жалат дека нелојалната конкуренција и дивите превозници во градот заработуваат на нивeн грб.

Има над 200 диви таксисти во градот кои превезуваат патници за автобуска карта. Тие ни се директна конкуренција, бидејќи поминуваат пред автобусите и ги собираат патниците, а ние возиме празни. Не плаќаат ништо на државата, а користат се што создало општеството. Ги амортизираат патиштата, создаваат сообраќаен хаос со старите и небезбедни  автомобили и комбиња, но никој не ги казнува- нагласува Стефановски.

Превозниците бараат од надлежните институции и полицијата да превземе построги санкции за прекршителите на законот и да воведе ред во градскиот превоз.

http://www.kumanovonews.com/vesti/vesti/novi-avtobusi-vo-gradskiot-prevoz.html
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11911
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #402 Posted: 17-Aug-2010 at 16:35

Ништо од единствениот возен ред на ЈСП и на приватниците

На Градот му е скапо да го финансира моделот за единствен линиски превоз

Сања Наумовска

Градот Скопје ја поништи јавната набавка со која бараше изработка на проект за модел на организација и управување на системот на превоз на патници во градот. Единствената понуда што пристигнала имала превисока цена. Тоа, практично, значи дека идејата за воведување единствен линиски превоз, за кој градските власти зборуваат во последните 5 години, но никако да го реализираат и натаму ќе чека подобри времиња.

Единствениот линиски превоз ги обврзува ЈСП и приватниците да имаат единствен возен ред, како и билети што ќе важат во кој било автобус. Единствениот систем значи и поделба на заработката меѓу јавниот и приватниот сектор, која би требало да ја врши Градот Скопје според принципот на изминат километар. Овие модели веќе функционираат во соседните метрополи Белград и Софија, каде што, исто така, има градски и приватни автобуси. Тоа би значело надминување на конкуренцијата меѓу ЈСП и приватниците, која многупати досега резултирала со трки по улиците, сообраќајни несреќи, непочитување на возниот ред, разлики во цената на билетите и други негативни состојби.

Во Скопје за единствен автобуски превоз, кој првенствено ќе биде во интерес на граѓаните и нивните потреби, се зборува од 2005 година. Ексградоначалниците Ристо Пенов и Трифун Костовски правеа обиди да искористат странски искуства и да ги имплементираат во Скопје. Се разговараше и за измена на трасите на некои линии, бидејќи повеќето не се менувани триесетина години, а во меѓувреме градот добил нови димензии и се измениле потребите и барањата на граѓаните. Во опција беше и воведување кружни линии, бидејќи во Скопје речиси сите се праволиниски траси.

Сепак, Пенов и Костовски практично беа оневозможени да го имплементираат проектот, заради нефункционирањето на автоматското следење на автобусите. Тоа е неопходно заради наплатата по изминат километар и ќе се имплементира следната година заедно со смарт-тикетингот. Сепак, сега се јавува и проблемот со изборот на модел на единствен превоз, бидејќи на Градот Скопје му е скапо да го финансира.

По поништувањето на јавната набавка, во Градот не информираат дали ќе се распишува нова или, пак, ќе се бара нов начин за воведување единствен линиски превоз. Веројатно, одлуката ќе биде донесена по годишните одмори.

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=BA1C7EB7869E3A43A8DB5EC60993DE97
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3632
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #403 Posted: 20-Aug-2010 at 06:02

Новите украински автобуси со стар систем за наплата

Пластичните картички се' уште го чекаат крајот на тендерот за смарт-тикетинг

Сања Наумовска

Првите 11 украински автобуси на ЈСП, кои на скопските улици ќе излезат во септември, нема да ги дочека нов систем за наплата со пластични картички. Во новите автобуси ќе важат старите хартиени картички, бидејќи тендерот за смарт-тикентинг се' уште не е завршен. Комисијата на Градот Скопје уште ги разгледува понудите на петте фирми што се јавија на тендерот што беше распишан пролетта. Конечна одлука не е донесена, а се очекува евалуацијата да трае до крајот на август. Доколку се' тече без проблеми и во законски зацртаните рокови, новиот систем на наплата во автобусите на ЈСП може да се очекува најрано за една година, а можеби и повеќе.

Главниот услов при избор на фирмата е цената за набавување и одржување на системот за наплата, како и квалитетот и гаранцијата. Фирмата што ќе биде избрана ќе има рок за имплементација од 210 дена од потпишувањето на договорот.

Новите картички ќе се купуваат еднаш и потоа ќе се надополнуваат со одредена сума, систем на припејд, во кое било тобако или маркет. Во автобусите ќе бидат поставени уреди со кои ќе се читаат овие картички и на тој начин ќе се плаќа возењето, велат во Градот. На овој начин ќе се намалат турканиците при влез во автобус, а и возачите нема да мораат да работат со пари и со картички. Картичките ќе можат да се дополнат со различна сума на кредит во секое време, во билетарниците, а подоцна и во пошироката трговска мрежа. Функционирањето на новиот систем на наплата ќе се тестира определен период во кој ќе важат и старите хартиени картички. Во меѓувреме, ќе се спроведе и кампања за информирање на граѓаните како да ги користат смарт-картичките и каде да ги купуваат.

Според плановите на градските власти, истовремено со картичките во автобусите на ЈСП ќе се монтираат и уреди за следење на движењето на возилата, преку кои од контролен центар ќе се врши увид кој автобус каде се наоѓа и дали вози во рамките на возниот ред. Овој систем е неопходен предуслов за да профункционираат и информативните табли што неодамна ги постави ЈСП на неколку автобуски станици низ градот. На нив сега можат да се видат информации за пристигнувањето само на автобусите со број „2“ и „5“. Во иднина, со имплементација на системот, на станиците во секој момент ќе има информација за колку време ќе пристигне кој било автобус.

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=3F35170956F9704C8BA01DE54083F23D

Back to Top
Swimmer View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar
Suspended

Joined: 09-Aug-2010
Online Status: Offline
Posts: 294
  Quote Swimmer Quote  Post ReplyReply #404 Posted: 26-Aug-2010 at 22:38
СТОПАНСКА БАНКА - БИТОЛА ЈА АКТИВИРА ХИПОТЕКАТА

Пропадна фабриката за автобуси „Санос“

Рада И. Маневска

Целиот недвижен имотот на фабриката за производство на автобуси „Санос“, проценет на 26,2 милиона евра, се продава. Стопанска банка - Битола ги активира хипотеките на два кредита. Сопственикот на фабриката, Славе Распашковски, вчера не сакаше ништо да коментира за присилната продажба на имотот. - Ако по реализирањето на продажбата на овој имотот на сопственикот не му остане никаков имот, тој ќе биде принуден да ја ликвидира. Во спротивно, ќе решава како ќе стопанисува со тоа што ќе остане од имотот - бели адвокатот Љубица Рубин. Фабриката за автобуси „Санос“ повеќе пати учествуваше на тендерите што ги распишуваше Владата, но тие завршија во рацете на странци. За изработка на 84 нископодни автобуси тендерот го доби украинска компанија, а 202 двокатни автобуса ќе прави кинеска компанија. За сите овие автобуси, од државниот буџет треба да се платат 46 милиони евра. Тогаш менаџментот на компанијата ја обвини државата дека не ги штити домашните производители предупредувајќи дека така нема да можат да опстанат. „Санос“ подолг период нема континуирано производство и работи само кога има договорени зделки. Тоа придонесе лани да се намали и бројот на работниците на 40. За годинава нема информации дали некој од вработените се јавува на работа во фабриката. - Во „Санос“ речиси нема работници. Тие што се прикажуваат како вработени се сервисерите, кои, главно, се повикуваат кога има работа. Состојбата во фирмата е многу лоша - вели Пеце Ристевски од Синдикатот на индустрија, рударство и на енергетика. Од Здружението на метална и на електрометална индустрија во Стопанската комора на Македонија велат дека во периодот на криза компаниите од автомобилската индустрија се најдоа во многу лоша состојба и не добија помош ниту со една мерка од страна на Владата. Според нив, штета е што државата дозволила фирмата да се најде во толку лоша состојба. - Државата можеше да помогне со обезбедување работа барем минатата година, кога беа распишани тендерите за набавка на автобуси, но тоа не се слични - вели Аце Антевски, претседателот на Здружението на метална и на електрометална индустрија. Автобусите на „Санос“, главно, се пласираа преку државни набавки, кои во овој период речиси и ги немаше бидејќи странските држави поради кризата ги подзатворија вратите преку фаворизирање домашни компании. Бизнисменот Славе Распашковски е сопственик на „Санос“ од 2003 година, кога го купи поранешниот гигант ФАС „11 Октомври“.

Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3632
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #405 Posted: 27-Aug-2010 at 10:09
ПРОЗБОРИ МЕНАЏМЕНТОТ НА ФАБРИКАТА ЗА АВТОБУСИ
Кога не успеа дома, Санос ќе произведува надвор



Рада И. Маневска

По објавениот оглас за продажба на целиот недвижен имот на фабриката за производство на автобуси „Санос“, проценет на 26,2 милиони евра, поради активирани две хипотеки на кредити од Стопанска банка - Битола, вчера се огласи и менаџментот.
Менаџментот тврди дека фабриката во овој момент нема услови за работа и затоа решиле прво производството да го стават во мирување, а потоа да го дислоцираат во една од земјите со брзорастечки економии.
- Обврските кон Стопанска банка - Битола по основа на кредити за производство наменето за странскиот пазар што се наоѓа во производствената хала, во вкупен износ од 2,3 милиони евра и неколку месечни затезни камати и трошоци во износ од околу 400.000 евра, ќе се покријат со продажба на дел од имотот што не е функционален за производството, а е многу атрактивен за други дејности – изјави Виолета Терзиоска, финансиски директор.
Според неа, во сегашниот момент за нив е непрофитабилно да се довршат почнатите автобуси, кои биле наменети за домашниот пазар.
- Илузорно е да се очекува домашните купувачи да набават нови автобуси со мотор според стандардите Евро 4 и Евро 5 какви што се произведуваат во „Санос“, кога со закон во Македонија е дозволен увоз на употребувани автобуси со стандард Евро 1 – вели Терзиоска.
Менаџментот забележува што се дозволи единствената јавна набавка на нови автобуси во изминативе 15 години да им се додели на непроверени странски понудувачи од Украина и од Кина во однос на нивните европски хомологации.
- Во услови кога не постои стимулирање на превозниците од јавниот превоз на патници за набавка на нови транспортни средства и подобрување на условите за превоз на патниците во Македонија, кога не постојат субвенции за извоз на домашниот производ на странски пазари и кога не постои заштитна царина за увоз на нови автобуси
од странство, фабриката не може успешно да работи – велат од компанијата.
Сопствениците тврдат дека фабриката „Санос“ и покрај тоа не е пропадната, ниту е на пат да пропадне.
- Фабриката „Санос“ од Скопје има договор за продажба на лиценца и на искуство и во најскоро време ќе биде дислоцирана, односно ќе продолжи да произведува автобуси во една од земјите со брзорастечки економии, каде што и условите за развој на вакво сложено репрезентативно производство
се погодни. Едноставно, приватниот капитал никаде во светот не може да си дозволи
да мирува долго време чекајќи шанса за работа, како што е во овој случај, и мора да пронајде излез и успешно и профитабилно да работи таму каде што има услови за тоа - тврди Терзиоска.

http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=5&tabid=1&EditionID=2107&ArticleID=147432





Edited by La Linea - 27-Aug-2010 at 17:21
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3632
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #406 Posted: 01-Sep-2010 at 10:37
ОДЛУКА НА ЈСП
Старите автобуси одат наотпад

Амортизирани автобуси, кои повеќе не можат на никаков начин да се искористат, ќе и бидат продадени на железарницата „Макстил“, изјави вчера Мишо Николов, директорот на јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“. Парите од продажбата, кои ќе изнесуваат од три до четири милиони денари, ЈСП планира да ги искористи за плати за вработените. - Имаме 30 автобуси спремни за расклопување, кои потоа ќе можат да се продаваат како старо железо. Сите тие се веќе амортизирани и немаат никаква употреба. Затоа одлучивме да ги расклопиме и да ги продадеме. Имаме среќа што цената на старото железо оди во нагорна линија, односно таа сега достигна до 12,6 денари за железо од три милиметри, но, сепак, тоа не се многу пари - вели Николов. Николов рече и дека бројот на продадени автобуси како старо железо ќе се зголеми кога ќе пристигнат новите украински автобуси. Тогаш ќе се работи со поголемо темпо и тие ќе бидат побрзо расклопени. Во периодот од 15 до 20 септември ќе се изврши последната инспекција на украинските автобуси, кои ги произведува „ЛАЗ“. Првите 11 единечни автобуси треба да пристигнат околу 20 септември, а за првпат да возат по скопските улици се очекува на почетокот на ноември кога ќе заврши процесот на хомологација. До крајот на годината е предвидено да стигнат уште четири зглобни автобуси, а во текот на 2011 година треба да пристигнат и последните 69 едноподни.

http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=1&EditionID=2110&ArticleID=147645
Back to Top
Swimmer View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar
Suspended

Joined: 09-Aug-2010
Online Status: Offline
Posts: 294
  Quote Swimmer Quote  Post ReplyReply #407 Posted: 04-Sep-2010 at 11:38

Околу 200 автобуси на ЈСП се за старо железо

 
 
Во возниот парк ќе останат само 84 автобуси на МАН, за кои редовно се набавуваат резервни делови

Снежана Калабакова

Секое утро 270 автобуси на ЈСП „Скопје“ излегуваат по градските улици за да ги опслужат граѓаните што користат градски превоз. Од претпријатието не кријат дека од оваа бројка меѓу 10 и 20 возила не стигаат до крајните дестинации. Причината е позната, возилата остануваат во дефект. Поради нивната старост, исто толкав број автобуси и доцнат на постојките. Од 270 возила, само 84 автобуси на фабриката МАН произведени 1996/1997 година се функционални и можат да се возат уште неколку години. Сите други, штом ќе пристигнат новите украински автобуси, ќе завршат во отпадите како старо железо.

На скопјани, кои секојдневно ги користат услугите на градскиот превоз, совршено им е јасно дека автобусите се стари. Тие мака мачат навреме да стигнат до одредиштето, а чекањето по постојките им е секојдневје. Најсвеж е примерот со патниците, кои со градски автобус наместо до Катлановска Бања, стигнале само до населбата Маџари. Оттаму морале да платат такси за да стигнат на закажаните третмани.

Од друга страна, пак, непријатно е возењето во автобуси чии врати не дихтуваат, па дува провев од сите заглавени прозорчиња. Во лето скопјани се задушуваат во градските автобуси, а во зима мрзнат. Од ЈСП велат за неколку години оваа слика ќе стане минато, бидејќи по пристигнувањето на планираните 286 нови автобуси, ќе биде обновен речиси целиот возен парк.

„Штом ќе стигнат првите украински автобуси, голем дел од старите ќе ги расходуваме и ќе завршат како старо железо. Расходувањето ќе се врши според одредена правна процедура со донесување одлуки. Во возниот парк ќе останат само 84 автобуси на МАН, за кои редовно и по потреба набавуваме резервни делови“, вели Мишо Николов, генерален директор на ЈСП „Скопје“.

Делегација на претпријатието и на Министерството за транспорт и врски околу 15 септември ќе замине во Украина за да направи последна проверка до каде е производството на првата пратка нови автобуси што треба да дојдат во Скопје. Според договорот, треба да бидат испорачани 11 нови возила, но тие најнапред ќе треба да поминат на типската хомологација што ќе се врши во Германија. Од ЈСП велат дека не знаат временски колку таа ќе трае, но веднаш откако автобусите ќе добијат сертификати ќе стигнат во Македонија.

Back to Top
mitatos View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1739
  Quote mitatos Quote  Post ReplyReply #408 Posted: 17-Sep-2010 at 13:50

Четврти обид за набавка на 16 минибуси

Претходните повици пропаднаа поради незаинтересираност на компаниите

Државата не се откажува од намерата да го поднови ЈСП со 16 минибуси, иако во изминатава една година не и' успеа тоа и по три јавни повика. Министерството за транспорт и врски неодамна го поништи и третиот конкурс, бидејќи немало доставено ниту една понуда, а наскоро се очекува да биде повторен. Тоа практично ќе значи четврти обид за купување на нови минибуси. Набавката е планирана пред речиси две години и тоа првично како дел од тендерот за набавка на едноподните 100 автобуси. Од Министерството не се откажуваат од намерата, оти, како што тврдат, заинтересирани има, но досега не била одбрана ниту една понуда поради нецелосно доставена документација.

„Јавната набавка за 16 минибуси досега е објавена трипати и тоа првиот пат во состав на набавката за 100 новопроизведени автобуси во 2009 година. Но, бидејќи за тој дел од повикот не беше поднесена ниту една понуда, постапката беше поништена. Годинава беа спроведени две постапки, при што на првиот оглас не се пријави ниту еден понудувач, а на вториот имаше еден, и тоа компанијата ‘Темса глобал‘ од Адана, Турција. Сепак, таа понуда беше отфрлена како неприфатлива, бидејќи понудувачот не достави банкарска гаранција во оригинал“, појаснуваат од Министерството, од каде што се надеваат дека најновиот, четврти обид за набавката, конечно, ќе се покаже успешен.

Инаку, автобусите ќе се купат со државни пари и практично ќе се подарат на ЈСП „Скопје“ за да се подобрат условите за превоз на приградските линии. (Дс.Т.)


http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=0FD62FAC8D804F46808899201F41D675

"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)
Back to Top
Swimmer View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar
Suspended

Joined: 09-Aug-2010
Online Status: Offline
Posts: 294
  Quote Swimmer Quote  Post ReplyReply #409 Posted: 21-Sep-2010 at 12:49
КОДЕКС ЗА ОДНЕСУВАЊЕ И НА ПАТНИЦИТЕ

Смејте се во автобус!


За најстроги прекршоци се
сметаат носење оружје, фрлање хра­на, гласно зборување меѓу себе и на мобилен телефон, а многу битна об­вр­ска на патниците е да бидат љубезни меѓу себе и да се насмевнуваат

По кодекс за однесување на возачите, ЈСП "Скопје" објави и кодекс за пат­ни­ци­те. Правилникот за културата во автобус е закачен на веб стра­ни­ца­та на Јавното претпријатие и него можат да го прелистаат сите што се во­зат со градски.
За да нема кавги во автобус, патниците имаат шанса да прочитаат како тре­ба да се однесуваат при качување и симнување на станица, како да се фа­тат за држачите и ред други обврски.
За најстроги прекршоци се сметаат носење оружје, фрлање храна, глас­но зборување меѓу себе и на мобилен телефон, удирање по вратите, чкр­та­ње по седиштата.
По­жел­но е секој да биде љубезен и да му се насмевнува на патникот до не­го, а особено е битно да им се ослободува место за седење на бремени же­ни, постари лица, на луѓе со посебни потреби, како и да не се разговара со во­за­чот.
До­кол­ку некој има незгода во автобус и сака да се пожали до директорот, тре­ба да добие одговор во рок од 15 дена.
Од ЈСП "Скопје" кажуваат дека се задоволни од односот на патниците, по об­ја­ву­ва­ње­то на кодексот. "Пра­вил­ни­кот се чита многу, и во последните неколку месеци немаме ниту ед­на поплака од патник за незгода во автобус", велат од ЈСП.

http://www.vest.com.mk/?ItemID=95FC9FE1539FB6459C83FB7E2F3D4FC3



Edited by Swimmer - 21-Sep-2010 at 12:51
Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: R. e Maqedonisë
Online Status: Offline
Posts: 3769
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #410 Posted: 28-Sep-2010 at 08:24
о очекување на модернизиран и поудобен јавен превоз за скопјани


Во ноември првите украински автобуси, а по шест месеци и првите кинески


Прототип од нископодните украински автобуси е испратен на хомологација во Германија и доколку добие позитивно мислење, првата договорена пратка од 11 единечни и 4 зглобни возила, ќе пристигне до крајот на ноември


Прототип од нископодните украински автобуси е испратен на хомологација во Германија и доколку добие позитивно мислење, првата договорена пратка од 11 единечни и 4 зглобни возила во Скопје ќе пристигне до крајот на ноември, информираат одговорните од Министерството за транспорт и врски. Дотогаш украинската фабрика ЛАЗ би требало да го отвори и новиот сервисен центар во Скопје и да обезбеди резервни делови за сервисирање на автобусите во гарантниот период и по неговото завршување.
- Автобусите во целост мора да се во согласност со барањата на Правилникот за пуштање на пазар и ставање во употреба на моторните возила, приклучни возила, опрема и делови кои можат да се вградат или да се користат на нив. Најповолниот понудувач дава 24 месеци генерална гаранција на испорачаните автобуси која опфаќа гаранција за квалитетно функционирање на погонскиот систем, системот за управување, кочење, ладење на моторот, за трансмисија и автоматското менување на брзините, осветлување и сигнализација, напојување со гориво, за дијагностика, клима-уредот, а и 5 години гаранција на деловите на шасијата и каросеријата, информираат од Транспорт.

Тие велат дека истовремено се привршуваат и административно-техничките процедури за набавка и на двокатните автобуси со кинеската компанија Јутонг". Договорот е потпишан а во меѓувреме, кинески инженери на двапати доаѓаа на консултативни договори со надлежните од ресорното министерство.

Тоа го потврдија и од македонските преставници на кинески Јутонг". Тие велат дека по консултациите со македонските претставници дизајнот на автобусите е финализиран и веќе одобрен од Министерството за транспорт и врски и ЈСП. Во тек е изработка на прототипот кој наскоро треба да биде готов, а за да се осигура квалитетот, тој ќе биде дополнително тестиран според регулацијата ЕЦЕ, процедура што се очекува да заврши до крајот на годината во Кина. Автобусот се планира да се достави во Македонија во март.

Во моментов Транспорт ја спроведува и постапката за јавна набавка на 16 новопроизведени минибуси кои се наменети за јавниот градски превоз во Скопје, со што е
предвидено целосно обновување на возниот парк за јавниот градски превоз во Скопје. Со завршување и на оваа набавка, се очекува главниот град да добие модернизиран, поудобен и побезбеден јавен градски превоз.

(Е.А.)

http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=E185297E0574174C893BAD56C9ECD73F


Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11911
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #411 Posted: 28-Sep-2010 at 18:46

Ќе се копира белградскиот модел за јавен превоз

Градот вторпат распиша тендер за најповолна понуда за изработка на проект за оптимален модел на организација и управување со системот на превоз на патници на подрачјето на градот Скопје. Директорот на јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“, Мишо Николов, објасни дека станува збор за избор на консултант, кој ќе помогне да се воспостави еднотарифен систем во јавниот градски превоз на патници, кој ќе важи и за ЈСП и за приватните превозници.

- Консултантот треба да помогне во воведувањето единствен тарифен систем по принципот на оној што функционира во Белград. Наплаќањето ќе се врши по изминат километар. Тогаш патникот нема да го интересира во кој автобус се качил, дали во оној на ЈСП или на приватните превозници, бидејќи неговата карта ќе важи и во едните и во другите автобуси. На тој начин ќе се надминат недоразбирањата помеѓу ЈСП и приватниците, како и помеѓу самите приватни превозници - објаснува Николов.

Со воведувањето на еднотарифниот систем, Градот ќе биде оној што ќе ги распределува линиите, а севкупниот промет ќе се слева во градската каса. Потоа Градот ќе им ги префрла парите на ЈСП и на приватните превозници.

Понудите треба да се достават најдоцна до 25 октомври, кога ќе се одржи јавното отворање на понудите. Првиот тендер беше распишан во јули годинава, но не успеа, бидејќи се јавил само еден понудувач-консултант со несоодветна и скапа понуда. (А.П.)

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=9F5939824754CC4E8CA065C9DA2A6453
Back to Top
Andrej_LJ View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 20-Oct-2008
Location: Ljubljana
Online Status: Offline
Posts: 2954
  Quote Andrej_LJ Quote  Post ReplyReply #412 Posted: 23-Oct-2010 at 00:16
Набавуваме голем број на нови автобуси, се даваат многу пари во таа намена, се дискутира многу околу начинот и изведбата на целата процедура. Но, никој од надлежните (типично по нашенски), не се замисли пред фактот дека овие возила само (делумно) ќе влијаат на комфортот на патувањето со градскиот превоз, а не помисли на сите показатели кои влијаат на таа комфортност. Се разбира ќе ги замениме нечистите, стари автобуси, нивните дрвени седишта кои бодат, вратите кои не се затвараат и не дихтуваат, продупчените плафони низ кои редовно капе вода...Никој не се замисли дека уште поголем дел во оформувањето на комфортен и предпочитан од населението јавен транспорт се фактори како следниве:

-брзина на придвижување низ градот
-фрекфренција на возилата низ дадена линија
-точноста на возилата, односно спазување на амбициозен возен ред и што помали отстапувања од истиот во време на шпицови или вондредни настани (ала штрајкови, концерти и дргуи збуднувања).

Тоа се фактори кои според мене играат позначајна улога во промовирањето и користењето на јавниот транспорт во даден град. Мене како млад граѓанин ми е поважно да стигнам од точка А до точка Б брзо и удобно (во смисла на помалку чекање, односно временскиот фактор), отколку комфортно во смисла на тоа како изгледаат автобусите или дали тие се беспрекорно чисти или нови. Е, сега не разбирајте дека тоа е случајот и со нашите сегашни возила, кои се под секаква критика, зборуваме за нормални, 10 години стари автобуси кои се добро одржувани-возила какви би сретнале во секој развиен град на светов.

Затоа тврдам дека и покрај новите возила, за кои за наши услови се дадоа навистина значителни финанскиски средства, сепак нема да имаме голем ефект (или ајде да речеме посакуван, или соразмерен на вложените средства ефект), во смисла на искористеност, привлечност и ефикасност на ГТ.

Според мене треба да се издвојат уште средства (кои е само неколку проценти од оние кои се даваат за новите возила), со кои Скопје би добил и брз, редовен автобуски сервис. Тоа би се постигнало со воведување на ригорозни нови и стари БУС-ленти, како и воведување на еден многу интересен, ефтин и модерен концепт - Bike on bus/Bike rake on a public bus!

Започнуваме со еден мој поглед во врска со БУС-лентите. Во моментов во Скопје постоечките се тотално узурпирани, неглижирани и крајно недоволни. Затоа предлагам два типа на БУС-ленти: целодневни или 24 часовни (обележани со црвено) и интервални, односно временски (обележани со лилаво). Главните и најпогодни станици за трансфер помеѓу велосипед и автобус се обележани со знакчето. Тоа се станици во периферијата, на почетоците на линиите, станици кои се наоѓаат непосредно пред/по центарот или други густо-населени зони на градот, станици покрај главните велосипедски коридори (на пример Кејот на Вардар во Скопје) и др.



24 часовните се простираат долж големите булевари, каде и без тоа сообраќајот на автомобили е проточен, односно воведувањето на БУС-лентата нема драматично да го наруши протокот на автомобили (иако тука треба да се нагласи дека при сите ситуации градскиот транспорт има неприкосновена предност пред приватниот). Такви би биле булеварите кои имаат по 3 ленти за насока, при што крајната десна би се користела од возилата на ЈСП (исто како Кловер и многу други сум за што поскорешно обединување на сите превозници под една капа). Такви булевари во Скопје би биле следните: Партизанска, Св. Климент Охридски, М. Х. Јасмин и соодветно ул. Железничка, Димитрија Чуповски, 11ти Октомври, Кочо Рацин, К.П. Мисирков, К.Ј. Питу, Јане Сандански, Србија, Александар Македонски, ВМРО и Гоце Делчев.

Временските бус ленти би важеле само во одредени периоди од денот. Опсежна анализа може да покаже дали тоа би бил еден целосен интервал (од 6.30 до 17.30 часот) или само во утринскиот и попладневен шпиц (6.30 ч- 9.30 ч и 13.30 ч-17.30 ч). Термините исто така подлежат на темелна и сеопфатна анализа од некое специализирано за таа намена претпријатие. Вакви БУС-ленти би биле поставени долж улиците: Илинденска, Теодосиј Гологанов, Даме Груев, Стив Наумов, Цветан Димов, Џ.Ф. Кенеди, Христо Татарчев и Првомајска.

Особено интересен и потенцијален сегмент е улицата Теодосиј Гологанов, каде се најавува реконструкција следната година. Во моментов имаме 3 ленти, а се најавува додавање и на четврта. Се прашувам, кога веќе градот оди против ГУП и Јужниот, не се додаде ПЕТТА лента, со што би се створила шанса за следното нешто, кое сме го дискутирале како решение за Илинденска. Ако имаме 5 ленти, во периодот на денот во кој важи БУС-лентата, автомобилите ви останле со 3 ленти на располагање. Ако се монтира ефтиниот, но ужасно ефикасен метод за распределување на лентите според времето од денот, би се створиле шанса за следното нешто:

А) 8.00 часот:

КАРПОШ

|| BUS | X | X | ^ | BUS ||

ЦЕНТАР

Б) 20.00 часот:


КАРПОШ

|| X | X | X | ^ | ^ ||

ЦЕНТАР

В) 16.00 часот

КАРПОШ

|| BUS | X | ^ | ^ | BUS ||

ЦЕНТАР


На овој начин се дава целосна предност на градскиот транспорт во најоптоварените делови на денот, но и поттик кон граѓаните за негово максимално искористување. Но, истовремено не се нарушува драстично протокот на автомобили, особено ако се има в предвид дека наутро би имало по две слободни автомобилски летни во насока од населбите кон центарот, а попладне обратното, односно две слободни ленти за автомобили во насока од Центарот кон населбите.

Што се однесува до бул. Илинден, мислам дека ова треба да се примени барем на делот од трасата помеѓу Фонтаната и салата Борис Трајковски. Истото се однесува на сите други булевари, вклучително и Цветан Димов, Кенеди, Јасмин и Првомајска.
На Даме Груев би било идеално ако се додаде трета лента, што би било проблем при вкрстувањето на улицата со улица Македонија. Но, таа улица при нормални услови (кога не е затворен Рекорд) нема премногу сообраќај и би можело да се протнат неколку автобуски линии кои би ја заобиколувале ужасната гужва на Рекорд.

Дали 24 часовните БУС-ленти би требало да бидат оградени со некаква бариера е предмет на дискусија, но јас сум целосно ЗА тој концепт, но се доста голема измена од претходниот и неуспешен обид на градот. Освен самата изица, убаво би било на лентата да има и некаков вид на повисока бариера со мачкини окца-дали столбчиња, дали светло-одразителни таблички. Тие поради својата висина, покрај физичката, креираат кај возачите и поголема психичка бариера и гарантираат подобро спроведување. Исто така би се залагал силно за поставување на камери (на пример на најкритичните делници, како онаа кај Буњаковец, на секои 500 метри). Тие камери покрај тоа што би следеле, би имале и можност за правење на фотографии на прекршителите и потоа МВР или уште поубаво градската полиција или редарство да ги испраќаат "честитките" до прекршителите, во форма на строга глоба! На овој начин ќе се гарантира проточноста на јавниот транспорт, но и ќе се подобри редот и безбедноста на сите видови сообраќај-автомобилите нема да имаат можност да се паркираат на тротоарите, а на пешаците ќе им биде ускратено лесното задоволство од преминување на улицата каде што им текне!







КОНЦЕПТОТ СО ВЕЛОСИПЕД НА АВТОБУС:




Ова е еден навистина едноставен, ефтин и практичен концепт, многу популарен во Америките, но својата заслужена популарност ја добива и низ Европата. На предниците на автобуските возила се монтира систем од метални шипки на кои едноставно и брзо може да се закачат од страната на патникот, до 2 велосипеда. Механизмот на закачување/откачување е лесен за употреба од страна на сите групи на патници и многу брз (не повеќе од 10 секунди). Не зафаќа скоро никаков простор, особено кога на него нема прикачено велосипед!

Во време кога градот на големо го промовира користењето на велосипеди (на тотално ограничен, нецелосен и погрешен начин!), мислам дека воведување на овој систем ќе биде прав погодок. Има 3 клучни фактори за успех на истиот:

-Монтирање на направите на самите возила. Брз, едноставен и ефтин зафат за изведувачот (во оваа смисла ЈСП). Самите направи би биле монтирани само на дел од возниот парк, кои би сообраќале на линиите кои се погодни за ваквиот концепт, ако се оцени дека не е потребно сите возила да го имаат.
-Монтирање на едноставни, но големи паркиралишта за точаци на автобуските станици. Повторно сите станици не треба да се опфатени, туку оние кои имаат поголема оптовареност или оние кои се погодни за ваков систем (оние пред влез во густа урбана зона, каде возењето на точак е отежнато заради густиот сообраќај на пешаци и возила).
-Пренесувањето на велосипед е бесплатно, односно вклучено во цената на редовниот билет.

Причини и побуди за користење на овој вид комбиниран превоз:

-доколку се патува на подолга релација која е непогодна (целосно) за велосипед.
-доколку касните и автобусот е побрза алтернатива.
-доколку сте решиле да тргнете со велосипед, но времето неочекувано се расипало.
-доколку сакате да живеете поздраво.
-заради проаѓање низ зони на градот за кои е значаен густ сообраќај (како централните зони на градот), каде возењето на велосипед е отежнато и непрактично.
-доколку самата автобуска линија ве носи релативно блиску до дестинацијата, но не сосема и би сакале времето на пешачење до станицата да го скратите со велосипед. Пример би биле линиите кои сообраќаат на Партизанска, а вие живеете на Илинденска или Гологанов.


Еве како овој систем едноставно функционира во пракса:



Затворена рампа за велосипеди:



Отворена рампа за велосипеди:




"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11911
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #413 Posted: 27-Oct-2010 at 20:22
Ова со велосипедиве дефинитивно носи значајни поволности, но може да биде и прилично незгодно поради малиот капацитет. Колку што изгуглав, конкретно ваков концепт оди со максимум два велосипеди, поради очигледни ограничувања. Проблем би било доколку ти наиде автобус со зафатени слотови, што би значело дека мора да го чекаш наредниот, па наместо ќар да испаднеш зијан. Во суштина проблемот е непредвидливоста, која никако не ми оди заедно со систем во кој граѓаните се потпираат на прецизен возен ред. Имам дилеми и колку глатко функционира сето тоа при симнување, односно начинот на комуницирање со возачот.


Туку што мислеше со ова?
Тие камери покрај тоа што би следеле, би имале и можност за правење на фотографии на прекршителите и потоа МВР или уште поубаво градската полиција или редарство да ги испраќаат "честитките" до прекршителите, во форма на строга глоба! На овој начин ќе се гарантира проточноста на јавниот транспорт, но и ќе се подобри редот и безбедноста на сите видови сообраќај-автомобилите нема да имаат можност да се паркираат на тротоарите, а на пешаците ќе им биде ускратено лесното задоволство од преминување на улицата каде што им текне!

Face recognition system???  Big%20smile
Ако не друго, тоа е премногу big brother работа   Runaway
Back to Top
Andrej_LJ View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 20-Oct-2008
Location: Ljubljana
Online Status: Offline
Posts: 2954
  Quote Andrej_LJ Quote  Post ReplyReply #414 Posted: 27-Oct-2010 at 20:50
Факт е дека ограниченоста на местат на 2 броја, како и неможноста на предвидување на зафатеноста, се два проблема, за кои не се има најдено решение. Дури и во официалната реклама на Метрополитен (автопревозната компанија некој град во САД), вели доколку нема слободно место на држачот, мора да го чекаш следниот автобус и да се надеваш дека нема да биде зафатен. Не се сложувам дека комуникацијата со возачот е е комплицирана. Кога ќе стигнат нископодните автобуси, едноставно со цел да се имплементира и искористува овој систем, возачите ќе мора да се пострпливи и внимателни (во што несомнено им пмагаат камерите) и со лица како инвалиди или мајки со деца во колички, кои задолжително се качуваат на средната врата, заради просторот предназначен токму за нив! Така што мислам дека комуникацијата на велосипедист или мајка со дете не е корено поразличен, односно тоа се цивилизирани концепти кои ги има во секој град и доколку сакаме да бидеме барем налик на нив, ќе мора стрпливо да ги прифатиме.

И не мислев на систем кој распознава лица, туку на систем кој распознава регистрации. Пешаците ќе бидат психички ограничени од присуството на камерите, како и од самите повисоки жолти разграничителни ленти (ако се одлучиме да поставиме такви).

Малку офтопик, би ти препорачал да изгледаш едно видео од Софија, каде има имплементирано систем за видео надзор, во надлежност на МВР. Некои од поволностите:

-можност за казнување на прекршителите во сообраќајот (во смисла на возила)
-можност за казнување на неовластените корисници на жолтите (и таму трамвајните) ленти
-се сигнализира улична полициска патрола или националниот систем за помош 112 при разни видови на инциденти (тепачки,вандализам, луѓе на кои наеднаш припаднуваат на сред улица, епилептични напади...)
-се сигнализира улична полициска патрола или националниот систем за помош 112 кога се забележуваат лица под дејство на алкохол или дроги, од кои немал број подоцна излегува дека се барани од потерница и соодветно уапсени
-при проверката на регистрации, системот сам ги пронаоѓа и препознава табличките на возила кои се бараат поради различни причини (кривични дела или кражби на самите возила), дури и даденото возило да не направило ниакков прекршок, со кое би го алармирало центарот да му посвети поголемо внимание.

Акция - камери в центъра на София (1) (има 4 дела)...
http://www.youtube.com/watch?v=45dMpYNQyE4&feature=related
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте
Back to Top
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4687
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #415 Posted: 27-Oct-2010 at 22:20
Адреј, благодарам. Ми се допаѓа концептот. Воедно имплицира неколку досетки кај мене... си седнав и почнав да цртам... можеби кога ќе ми пуштат побрз нет ќе споделам нешто.... ако не на Средба.... у живо...
Back to Top
mirakuliks View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 06-Feb-2010
Location: Brisbane
Online Status: Offline
Posts: 773
  Quote mirakuliks Quote  Post ReplyReply #416 Posted: 28-Oct-2010 at 11:43
Tuka vo Germanija, kaj niskopodnite avtobusi ima prostor sloboden kaj sredna vrata koj e predviden za kolichka so bebe ili za invalidska kolichka ili za dva velosipedi. So drugi zborovi namesto da go zakachuvash velosipedot na drzhach nadvor go zemash so sebe vnatre, normalno ako ne e zafateno.
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #417 Posted: 28-Oct-2010 at 12:23

ОТКАЖАН ПРЕВОЗОТ ДО "АЛЕКСАНДАР ВЕЛИКИ"

Нема автобус до Скопски аеродром

Бидејќи за Турците е неисплатливо да ги возат патниците од град до аеродром и назад, решение за превоз ќе бара ЈСП "Скопје"

Автобуски превоз на патниците од и до Скопскиот аеродром "Александар Велики" нема да има. Ова е конечна одлука на турската компанија "ТАВ", која деновиве, по неколкумесечни размислувања, се откажа од идејата да организира превоз од центарот на градот до Аеродромот и назад.
Турците немаат намера да се нафатат на ваква обврска оти, според нив, ваквиот автобуски превоз е тотално неисплатлив.
"Турски 'ТАВ', дефинитивно, се откажа од плановите да организира превоз за патниците до Аеродромот во Петровец. За нив оваа инвестиција би била непрофитабилна, и решија засега да не преземаат ништо", вели Мишо Николов, директор на ЈСП "Скопје".
Обврската да се реши проблемот со долгогодишното отсуство на автобуски превоз на оваа релација сега останува на грбот на ЈСП.
"Размислуваме ние некако да го организираме превозот, оти навистина е потребен. Има неколку варијанти, меѓу кои и заеднички да го организираме превозот со Турците, но за тоа допрва ќе треба да разговараме. Како и да е, мора да најдеме решение за овој проблем, па макар било и непрофитабилно", додаде Николов.
Засега единствена варијанта за превоз на граѓаните им се таксистите кои, пак, користејќи го отсуството на автобуси, ги дерат со превисоки цени за услугите.

http://www.vest.com.mk/?ItemID=52D71C872F66FA4EB1136F298F911A24
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 4407
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #418 Posted: 28-Oct-2010 at 14:09
Бидејќи за Турците е неисплатливо да ги возат патниците од град до аеродром и назад, решение за превоз ќе бара ЈСП "Скопје.


Реков да прекинам со граматичките лекции, ама да го %&$*! знае некој да членува во нашата метропола? Член, како -от, -та, -то!


Инаку јас сум среќен што ТАВ нема да биде таксист, бидејќи јавниот превоз е работа на ЈСП, не на ТАВ. ТАВ може да си воведе VIP линија или whatever, ама редовна линија, не. Башка друго, ТАВ ќе бараат субвенции затоа што линијата е „неисплатлива“.

Edited by гитардемон - 28-Oct-2010 at 14:11
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: R. e Maqedonisë
Online Status: Offline
Posts: 3769
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #419 Posted: 28-Oct-2010 at 14:13
skywings so koja letam sekogas kon ohrid, ovozmozuva prevoz do aerodromot no samo od kicevo do ohrid, obratno ne!Isto taka cini 30 evra!
Back to Top
Djole88 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-May-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 612
  Quote Djole88 Quote  Post ReplyReply #420 Posted: 12-Nov-2010 at 12:32
Браво за ЈСП, дефинитивно потег што требаше уште пред милион години да го направат. Друг муабет е колку има чесни пронаоѓачи, но сепак едно големо браво.

ЈСП отвора канцеларија за изгубено-најдено

Изгубено- најдено е насловена канцеларијата што ќе биде во функција од утре на ЈСП, како дел од службените простории во населбата Автокоманда. Во неа ќе се депонираат сите предмети што ги изгубиле патниците, а чесните пронаоѓачи ги пријавиле.

Во Изгубено-најдено претпријатието веќе има вработено лице, а во функција е и телефонскиот број 3122-634, на кој патниците што загубиле нешто во автобус ќе можат да се јават и да прашаат дали им е најден предметот. Со пополнување формулар-пријава и опис на загубениот предмет, тие ќе можат да си го подигнат дирекно во канцеларијата.

За функционирањето на канцеларијата, патниците, освен на веб-страницата на претпријатието, ќе можат да се информираат и од упатството што ќе биде залепено во сите автобуси. Канцеларијата за подигање на изгубените предмети ќе биде отворена секој работен ден од понеделник до петок од 7 до 15 часот. Загубените предмети претпријатието ќе ги чува 60 дена од денот на пронаоѓањето.

„По предлог на ’Утрински весник‘, кој пишуваше дека загубените предмети во нашите автобуси тешко можат да се најдат, дојдовме на идеја да отвориме канцеларија за изгубено-најдено, бидејќи веруваме дека има чесни пронаоѓачи. Досега граѓаните не знаеја каде да прашаат дали загубениот предмет некој евентуално го нашол и го пријавил, а сега ќе има каде да се обратат“, вели Мишо Николов, директор на ЈСП „Скопје“.

Во автобусите патниците најчесто губат мобилни телефони, чадори, палта, ракавици...


извор
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 1920212223 73>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.265 seconds.

Copyright ©2007 - 2018  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.