build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања > Јавен превоз
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Јавен автобуски превоз (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 4243444546 80>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
mr bombastic View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 10-Jun-2011
Online Status: Offline
Posts: 385
  Quote mr bombastic Quote  Post ReplyReply #861 Posted: 08-Mar-2012 at 04:50
Сеуште ли се на хомологација минибусиве? Знае ли некој кога ќе почнат да сообраќаат?
Back to Top
ko4ani View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 05-May-2010
Online Status: Offline
Posts: 288
  Quote ko4ani Quote  Post ReplyReply #862 Posted: 09-Mar-2012 at 09:08
 i vo Kocani stigna vakov minibus i isto taka stoi vo pozarnata  
Back to Top
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4699
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #863 Posted: 18-Mar-2012 at 12:35
Кој е најстариот автобус на ЈСП?

Недела, 18 Март 2012 11:05 Прочитано: 73



Во седиштето на ЈСП, во возниот парк во населбата Ѓорче Петров, се наоѓа најстариот автобус во возна состојба.

Има 43 години и е произведен во 1969 година, марка Лејладн тип 680, со 23 места за седење и 77 места за стоење. Она што го прави поразличен од другите е неговото брендирање со мотивите од Старо Скопје.

Автобусот се наоѓа во одлична возна состојба и откако ќе се обнови возниот парк и тој ќе биде пушетн во употреба.

„Најстариот автобус има ретро дизјан и е сеуште во возна состојба, ќе се пушти во сообраќајкај кога ќе има компклетна обнова на возниот парк, само тој да е еден од постарите, тој е 40 години стар лејланд автобус, кој интересно изгледа брендиран и облепен со мотиви од старо Скопје. Ќе настојуваме тој да ротира, да поминува и опфаќа поголем дел од градот да го видат поголем дел од граѓаните.

- Тој пред 3-4 години е исклучен од сообраќај , се покажал квалитетен - ние го одржуваме“, изјави Мишо Николовски – директор на ЈСП.

Освен овој автобус во станицата во Ѓорче Петров одсега ќе се одвојува простор во кој ќе бидат изложени сите примероци на авотбуси кои ги имало досега. Само пред една недела во земјава допатуваа и нови 68 двокатни авотбуси кои ќе бидат наскоро вклучени во сообраќајот.

„Имаме 136 вкупно и 80 еднокатни. За следната година околу 1 мај и нови 16 минибуси за руралните подрачја. Прва дестинација ќе биде Матка и останатите рурални средини За следната година и уште 64 двокатни и 16 панорамски, кои ќе се вклучени во редовен градски сообраќај“, рече Тонско Мишо Николовски – директор на ЈСП.

Една од новините е и пробна линија со број 42 која ќе вози од Драчево до Железара. Директорот Николовски со апел до граѓаните да се чуваат автобусите и во новите автобуси да не се применуваат старите навики.

Фросина Трајковска

Извор: 24 Вести

Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7519
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #864 Posted: 18-Mar-2012 at 15:18
музејски експонат ќе вози по улици како дел од ЈСП, катастрофа...

но ако се размисли подобро, вакво нешто е многу подобра опција од сегашната, да пуштеа вакви реставрирани два-три автобуси по центарот на градот да си врвеа како експонати, ама тоа е, заглавени сме до гуша со нечие самоволие...
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
Dexter26 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 2035
  Quote Dexter26 Quote  Post ReplyReply #865 Posted: 18-Mar-2012 at 16:35
Ние скопјани повеќе од 12 години се возиме во музејски експонати, само што, еве сега на Мишко му текнало дека можеме да се возиме и во уште постари музејски експонати.
 
Претпоставувам дека воопшто нема потреба да се поставува прашањето дали музејскиот експонат од Лејланд кој повторно ќе сообраќа низ скопските улици поминал низ процес на рекаросирање, како и дали е климатизиран (тоа се 2 работи кои се изводливи, речиси дури и задолжителни), бидејќи одговорот на таквото прашање е повеќе од очигледен - НЕ.
 
Претпоставувам дека истиот одговор би бил повеќе од очигледен доколку истото прашање се постави и за сите тие примероци на автобуси кои досега сообраќале низ скопските улици, а за кои Мишко вели дека ќе бидат изложени во тој простор во станицата во Ѓорче Петров.
Back to Top
N23 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2011
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2159
  Quote N23 Quote  Post ReplyReply #866 Posted: 20-Mar-2012 at 13:18

ФОТО: „Олд тајмерот“ на ЈСП следната година на скопските улици

До 2013 година на скопските улици ќе почне да сообраќа најстариот автобус на ЈСП, „Лејланд“ кој се уште е во возна состојба.

Leyland-kurir1-500

-Кога ќе пристигнат сите автобуси, односно кога ќе се реконструира целиот возен парк на Јавното сообраќајно претпријатие, тогаш најстариот автобус ќе ја добие својата промоција и повторно ќе почне да сообраќа, велат од ЈСП за Курир.

Leyland-kurir2-500

Ретро автобусот од марката „Лејланд“ со 23 места за седење и 77 за стоење е произведен во 1969 година. Од пред неколку години е исклучен од сообраќај, но 43 години стариот лејланд автобус е целосно исправен, во возна состојба и облепен со мотиви од старо Скопје.

Leyland-kurir3-500

Автобусот кој моментално се наоѓа во станицата во Ѓорче Петров, ќе кружи низ поголем дел од градот за да имаат можност да го видат сите граѓани. Од ЈСП информираат дека се уште не е познато со кој број и на која релација ќе сообраќа „лејланд-от“.

Во базата на ЈСП во Ѓорче Петров ќе има и изложбен простор каде ќе бидат изложени сите примероци на авотбуси кои ги имало досега.

http://www.kurir.mk/republika/skopje/64772-FOTO-Old-tajmerot-na-JSP-slednata-godina-na-skopskite-ulici

Back to Top
alexgizh View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 07-Jan-2009
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1974
  Quote alexgizh Quote  Post ReplyReply #867 Posted: 20-Mar-2012 at 13:23

Во базата на ЈСП во Ѓорче Петров ќе има и изложбен простор каде ќе бидат изложени сите примероци на авотбуси кои ги имало досега.



Ова ми се допаѓа! Thumbs%20Up Барем ќе се чуваат некаде, додека не ни текне да формираме Музеј на Транспортот и Железницата.
The only thing necessary for the triumph of evil is for good men to do nothing.
Back to Top
Dexter26 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 2035
  Quote Dexter26 Quote  Post ReplyReply #868 Posted: 20-Mar-2012 at 16:38
Еден од новите автомати за поништување на билети со кои Мишко се испофали неодамна.
 
Инаку фотографијава е сликана во двокатниот градски автобус со гаражен број 1090, регистрација SK 736 VI, во кој, додека сообраќаше на сообраќајната линија 50, очигледно климата не беше исправна, бидејќи на приземјето беше неподносливо топло, на горниот кат воопшто не работеше климата, а внатрешните електронски дисплеи прикажуваа температура од неверојатни 35.8 степени Целзиусови на првиот ден на пролетта, 20 март 2012.
 



Edited by Dexter26 - 20-Mar-2012 at 16:43
Back to Top
phenomenon View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Oct-2010
Location: Kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 2404
  Quote phenomenon Quote  Post ReplyReply #869 Posted: 20-Mar-2012 at 18:49
 Воопшто немој да бидеш зачуден кога е во прашање ЈСП Скопје!

Edited by N23 - 20-Mar-2012 at 19:00
Back to Top
MGS View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 10-May-2011
Location: Охрид,МКД
Online Status: Offline
Posts: 306
  Quote MGS Quote  Post ReplyReply #870 Posted: 20-Mar-2012 at 21:03
Convalida??
Back to Top
Тркало View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 31-Dec-2010
Location: Охрид
Online Status: Offline
Posts: 1144
  Quote Тркало Quote  Post ReplyReply #871 Posted: 21-Mar-2012 at 04:01
Originally posted by MGS

Convalida??


Поништувачи на италијански (а можно е и шпански) јазик, во автобус произведен од Кина,со германска клима и англиски мотор за превоз во Македонија.Глобализација Остај то, да гледаме на позитивната страна - бесплатна едукација за во случај користење градски превоз во странство


Сега озбилно...пропуст по Х-ти пат.Ама значењето на зборот пропуст, 'менаџерите' на ЈСП не можат ни во речник да го најдат.

Еве и работа за пазарна инспекција, мислам дека беше забрането пуштање во употреба/продажба производ без превод или упатство на македонски јазик

Edited by Тркало - 21-Mar-2012 at 04:04
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5069
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #872 Posted: 21-Mar-2012 at 13:28
Поништувачите не ги снабдува Јутонг, туку ЈСП ако не се лажам. А и да се лажам, ЈСП се пофалија дека набавиле поништувачи на старо, па ова е еден од нив. Може се расипал оригиналниот од Јутонг, па си ставиле ваков. Ништо страшно, ќе ја одлепиме стрелката, и ете ти македонски поништувач.

P.S. Имаме автобуси кои возат за Hauptbahnhof, а вие се жалите за ова convalida

Edited by гитардемон - 21-Mar-2012 at 13:29
Back to Top
MGS View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 10-May-2011
Location: Охрид,МКД
Online Status: Offline
Posts: 306
  Quote MGS Quote  Post ReplyReply #873 Posted: 21-Mar-2012 at 15:04
Originally posted by Тркало

Originally posted by MGS

Convalida??


Поништувачи на италијански (а можно е и шпански) јазик, во автобус произведен од Кина,со германска клима и англиски мотор за превоз во Македонија.Глобализација Остај то, да гледаме на позитивната страна - бесплатна едукација за во случај користење градски превоз во странство


Сега озбилно...пропуст по Х-ти пат.Ама значењето на зборот пропуст, 'менаџерите' на ЈСП не можат ни во речник да го најдат.

Еве и работа за пазарна инспекција, мислам дека беше забрането пуштање во употреба/продажба производ без превод или упатство на македонски јазик
Италијански е.Супер вака.Да се осеќа човек како да се вози во Рим или Милано.Браво за ЈСП.
Back to Top
MGS View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 10-May-2011
Location: Охрид,МКД
Online Status: Offline
Posts: 306
  Quote MGS Quote  Post ReplyReply #874 Posted: 21-Mar-2012 at 15:06
Originally posted by гитардемон



P.S. Имаме автобуси кои возат за Hauptbahnhof, а вие се жалите за ова convalida
Да,во Охрид има еден автобус,мислам со ваков натпис.
Back to Top
Dexter26 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 2035
  Quote Dexter26 Quote  Post ReplyReply #875 Posted: 21-Mar-2012 at 16:06
Има и бетер автобуси од тие кои возат за Hauptbahnhof (што е всушност друг израз за централна станица или главна станица), имаме автобуси кои се Schulbus, односно кои се училишни автобуси.
 
А за учениците кои се возат во нив, судејќи по нивната возраст, останувам без зборови за нив.
 
Можам да кажам само:
 
Блазеси ни и на нас и на државата со такви основци и средношколци.


Edited by Dexter26 - 21-Mar-2012 at 16:07
Back to Top
Djole88 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-May-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 611
  Quote Djole88 Quote  Post ReplyReply #876 Posted: 22-Mar-2012 at 16:16
ден исполнет со добри вести од ЈСП. се надевам дека ќе се оствари се што е тука спомнато

Автобусите ќе ги мијат во германска пералница

Пералницата се очекува да биде готова за три месеци, а ќе има капацитет да измие 30 автобуси за еден час


Рачното миење на автобусите на ЈСП наскоро ќе стане минато. Цревото и четките ќе се заменат со современа германска пералница која ќе гарантира за чистотата на новиот возен парк на јавниот превоз. Во интерес на подобрување на условите за работа, од ЈСП деновиве привршуваат со активностите за изградба на модерна пералница во базата што се наоѓа во Ѓорче Петров.

Во фабриката во Германија од каде што ќе се набавува пералницата ги испратиле потребните димензии и нацрти за објектот чија изградба ќе ја финансира Јавното претпријатие со помош на градските власти. Се очекува пералницата да биде готова за три месеци.

Мишо Николов, директор на ЈСП, вели дека новиот начин на миење на возилата ќе биде од голема корист за вработените во базата во Ѓорче Петров, бидејќи во голема мера ќе го заштеди времето потребно за миење, а истовремено ефектите ќе бидат далеку поголеми од сегашните што ги нуди рачното одржување на автобусите.

„Пералницата ќе биде полн погодок, зашто новите и модерни возила бараат и соодветно одржување. Таа ќе биде германско производство, а ќе се изработува по нарачка. Ќе има капацитет да измие 30 возила за еден час. Неделава треба да го потпишеме договорот и да дадеме аванс. Очекуваме пералницата да биде готова за два-три месеци“, вели Николов.

Со изградбата на пералницата за потребите на автобусите што ги должи базата во Ѓорче Петров, ЈСП практично ќе заврши со модернизација на базата која се користи и за таканаречената дневна нега. Таму веќе е завршена санација на халата, во неа е вграден модерен систем за проверка на сопирачките, а се користи и систем за електронско досипување масло во возилата. Во оваа хала се третираат околу 200 автобуси од кои 130 секојдневно се пуштаат во сообраќај. За обнова на халата ЈСП потроши речиси 115.000 евра. Парите се од субвенции што ги доби од Град Скопје. Иако не се изгради наполно нова хала, туку само се реконструираше постојната, сепак, надлежните велат дека таа ги има сите нишани потребни за тековно одржување на подновениот возен парк.

Инаку, од ЈСП планираат да ја подноват и другата база, онаа што се наоѓа во Автокоманда. Сепак, велат, таа ќе стаса на дневен ред в година.

http://www.utrinski.com.mk/default.asp?ItemID=6C02F09C40687945BC67B86B1DB52B19

Вест број 2:

ПРЕТПРИЈАТИЕТО-ЗАГУБАР ГО СИТНАТ KОНЦЕСИИ

Половина ЈСП под приватна капа


По приватизацијата на продажбата на билети и на 275 стојалиштата с` повеќе фирми заинтересирани и за преземање други дејности, како на пример службата на контролорите


Домашна фирма е заинтересирана за приватизација на Службата за контрола на патници во Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“, сметајќи дека менаџментот не ја води оваа служба добро и таа му носи загуби. Со давањето во приватни раце, велат претставници од „Лоза прес“ кои воделе разговори со ЈСП, ќе се зголеми не само ефикасноста во казнувањето на несовесните граѓани туку и ќе му тргнат голем товар на претпријатието од грб. Раководството на ЈСП, како што потврдуваат оттаму, идејата ја оценило како добра, но с` уште е на два ума околу конечната одлука.

Наспроти овој сектор, неколку други, профитабилни во перспектива, се веќе дадени, како на пример продажбата на билети, стојалиштата, а за гаражите и сервисирањето се размислува. Раководството ќе добива само мал дел од профитот.

Менаџментот негира дека работи со загуби

- Оваа служба не работи по светски теркови. Имаме во план ЈСП да го ослободиме од годишна загуба од 300.000 евра. Службата во летниот период речиси и да не работи. Имавме средби, но допрва ќе бидеме информирани дали претпријатието има намера да се ослободи од оваа служба - појаснуваат од „Лоза прес“, една од заинтересираните фирми.

Нивната идеја е да преземат оптимален број вработени контролори, но не и администрацијата, која е дел од овој сектор. Со секој контролор би одел и полицаец кој би бил платен од фирмата според тарифата за изнајмување во МВР. Сметаат дека на тој начин нивната работа ќе биде поефикасна во казните за несовесните граѓани што не плаќаат билети.

- Во сегашните услови, од казнениот билет кој чини 200 денари, 150 денари одат за контролорот. а 50 за ЈСП, сума со која е невозможно да работи профитабилно. Полицаецот би ги легитимирал граѓаните и би казнувал - сметаат од „Лоза прес“.

Директорот на ЈСП, Мишо Николов, потврди дека се разговарало, но не се сложи дека службата му носи загуби на ЈСП. Не ја исклучи можноста за приватизација, но рече дека тоа нема да се случи набрзо.

- Не знам колку е паметно во моментов да се дава оваа служба. Приходите на претпријатието зависат од неа. Kолку приватникот би се согласил приходите да одат кај нас е друга работа. Не е точен впечатокот дека е голем бројот на луѓе што не плаќаат. На пример, средношколците имаат обезбедено билети од државата преку Министерството за образование и наука, а возрасните граѓани се срамат да не плаќаат. Немаме проблем со наплата на билети - тврди Николов.

Во оваа служба, како што рече, работат 60 контролори. Се согласи дека во лето таа не е целосно функционална, односно половина од нив се на одмор, бидејќи тогаш има и помал број патници.

Билетите приватизирани, за гаражите се размислува

Договорот за приватизација на продажбата на карти се очекува да се потпише набрзо, а за вакво нешто интензивно се размислува и околу гаражите во Автокоманда и во Ѓорче Петров, рече Николов. Тоа ќе значи дека приватна фирма ќе ги сервисира автобусите на претпријатието, но ќе може и други. Под концесија на 15 години им беа дадени и 275 автобуски стојалишта на грчка компанија „Ремеди адвертајзинг“. До крајов на годинава таа има обврска да ги уреди и да ги опреми со урбана опрема и информативни електронски табли.

- Словачката фирма „Ем-тест“, која го доби тендерот за воспоставување систем на електронска наплата и на системот на автоматска локација на автобусите, ќе ја преземе продажбата на билети. Има обврска да постави 40 автомати за купување билети на постојките, кои ќе работат на принципот „внеси паричка-земи билет“. Тоа би профункционирало заедно со електронскиот систем на наплата, кој на почетокот од 2013 година ќе биде инсталиран во 450 автобуси - објасни директорот на ЈСП.



Четири милиони евра долг

На почетокот од оваа година долгот на ЈСП кон фирмите од кои набавува делови и нафта беше околу 4 милиони евра, информираше на седница на Советот самиот директор на претпријатието, Мишо Николов, одговарајќи на советничко прашање од опозицијата. Од овие долгови само на „Макпетрол“ за гориво и за нафтени деривати отпаѓаа околу 740.000 евра. Се работи за трошоци што стасале во форма на фактури, а не се намирени. Николов тогаш не појасни колку е силата на ЈСП од своја каса да намири дел од оваа сума, а за колку од неа ќе бара субвенции од Градот.

Kако што е познато, долговите на ЈСП веќе четврта година ги покрива градската власт од своја каса. Лани дупките во претпријатието беа закрпени со 2,5 милиона евра

http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?ItemID=104504FB1C0AA74CBC5CFECFBA8D69DF
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5069
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #877 Posted: 22-Mar-2012 at 17:06


- Словачката фирма „Ем-тест“, која го доби тендерот за воспоставување систем на електронска наплата и на системот на автоматска локација на автобусите, ќе ја преземе продажбата на билети. Има обврска да постави 40 автомати за купување билети на постојките, кои ќе работат на принципот „внеси паричка-земи билет“. Тоа би профункционирало заедно со електронскиот систем на наплата, кој на почетокот од 2013 година ќе биде инсталиран во 450 автобуси - објасни директорот на ЈСП.


Јас бев во hibernation mode, или ова е сосем нова вест?
Back to Top
OCB View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2011
Location: 54
Online Status: Offline
Posts: 921
  Quote OCB Quote  Post ReplyReply #878 Posted: 22-Mar-2012 at 17:55
Веста е постара од 6 месеци.

http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=14&PID=110949#110949

Останува нејасно дали е потпишан договорот.
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5069
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #879 Posted: 22-Mar-2012 at 21:49
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #880 Posted: 31-Mar-2012 at 16:22
`ФОРД`(фабрика за резервни делови-мислам така нешто беше) во склоп на РЕК Осломеј Кичево кое е дел на ЕЛЕМ,задолжено покрај другото за превоз на вработените на електраната за превоз на патниците,се `поднови` со половни 4 нископодни автобуси купени од Германија по цена 24 000 евра по автобус.автобусите делуваат многу очувани,во состојба каква што нема шанса да бидат ако биле користени во РМ,поради нашиот менатлитет на унишување на заедничката имовина.на секој од држачите каде би се држеле со рака патниците има прекинувачи,кои ако некој го притисне прекинувачот автобусот застанува ако после 50 метри возачот не го застане автобусот.е сега можам да замислам што ќе се дешава во автобусот знаеејќи што се се случувало во старите автобуси(зафрканции од најголем степен рамни на скриена камера)





а вака изгледа еден од автобусите што досега се употребуваше

Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 4243444546 80>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.375 seconds.

Copyright ©2007 - 2021  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.