build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања > Јавен превоз
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Јавен автобуски превоз (општо)
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Јавен автобуски превоз (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 4546474849 76>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Тркало View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 31-Dec-2010
Location: Охрид
Online Status: Offline
Posts: 1130
  Quote Тркало Quote  Post ReplyReply #921 Posted: 28-Jul-2012 at 14:59
http://www.mkd.mk/47649/skopje/se-zapali-avtobus-kaj-jajapasina-dzamija/

Се запали автобус на ЈСП кај Јајапашина џамија во Скопје
28 јул 2012 15:40


После само еден месец се запали уште еден автобус ја ЈСП Скопје. Овојпат кај Бит пазар, до Јајапашина џамија гореше еден од новите украински автобуси.
Пред еден месец (26 јуни) гореше автобусот што сообраќаше кон село Сопиште.
Претставници на Јавното сообраќајно претријатие тогаш изјавија дека дошло до прегревање на моторот поради големите горештини.
Објаснувањето за денешниот пожар го очекуваме.
Фотографиите се од пожарот од пред еден месец.

Back to Top
micko_v View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 19-Jun-2009
Location: Firenze, Italia
Online Status: Offline
Posts: 123
  Quote micko_v Quote  Post ReplyReply #922 Posted: 28-Jul-2012 at 17:19
Овде смрди на некоја фабричка грешка во проектирањето на разладниот систем. Малку е веројатно дека се работи за случај. Сигурно Украинците не биле свесни дека автобусиве ќе возат во земја каде просечните температури се плус 5/10 °C . Се надевам дека се осигурани против пожари...

Edited by micko_v - 28-Jul-2012 at 17:20
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7075
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #923 Posted: 28-Jul-2012 at 21:54
Originally posted by sanos_a

Originally posted by zabegan

Originally posted by sanos_a

кога веќе спомна запалување на автобус да те прашам нешто ако може:
Дали знаеш колку ман, неоплан, мерцедес .... автобуси кои возат исто градски превоз се имаат запалено низ Европа?
може и за тоа да дискутираме, ама притоа да ги наведеме причините кој автобус, каде, и зошто се запалил... а и тогаш, не знам која би била поентата, тоа што некаде на друго место се запалил автобус од друга марка, не го прави ни најмалку оправдано тоа
никој не го дискутира производствениот квалитет на Украина, туку конкретно овие автобуси и тоа колкав е нивниот квалитет, и не верувам дека дискусијата ќе беше нешто поразлична, ако автобусите биле од ман, неоплан и слично
а тоа дека автобусиве не издржуваат во наши услови, дека лошо се склопени и деловите брзо им истрајуваат, а уште поголем факт е дека се во рацете на катастрофално неодговорно претпријатије кое на многу наврати ставало патници и пешаци на опасност

овде е проблемот а не во автобусите
се работи за катастрофална комбинација на повеќе фактори, ЈСП само придонесува за тоа проблемите да не се елиминираат и да се размножуваат, ама секако за да има дефект, потребен е автобус, а ЈСП сигурно сами не си ги саботираат автобусите...
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
sanos_a View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 19-Aug-2009
Online Status: Offline
Posts: 149
  Quote sanos_a Quote  Post ReplyReply #924 Posted: 29-Jul-2012 at 10:26
не велам дека сами си ги саботираат автобусите туку има други фактори: неодговорни возачи (гајле ми е што ке биде не сум го јас купувал).....
најдобриот форум за автобуси
www.autobusi.net/forum
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #925 Posted: 29-Jul-2012 at 22:32



ЈСП НАЈАВУВА НОВА УСЛУГА

Не дреми на автобуска, прати СМС за возен ред!


Пораката ќе ги содржи времињата на пристигнување на следните три автобуси на постојката каде што чекате

Чекањата на автобуските постојки понекогаш и повеќе од еден час за да се качите на автобусот кој ќе ве однесе до посакуваната локација, наскоро ќе можат лесно да се избегнат. Корисниците на јавниот градски превоз ќе имаат можност преку СМС да го добијат возниот ред. Пораката ќе ги содржи времињата на пристигнување на следните три автобуси на постојката каде што чекате.
Новата услуга, која ќе се вика планер на патување, веќе подолго време е во подготовка, а од ЈСП најавуваат дека таа освен што ќе информира за времето на пристигнување на автобусот, ќе нуди можност со бирање на две точки од мапата да се добие бројот на линијата, потребното време за патување и точката на пресретнување доколку треба да се префрлите во друга линија. Со тоа планерот значително би го намалил чекањето и би го олеснил патувањето до одредени градски и приградски населби каде што автобусите се и поретки.
Од Јавното претпријатие очекуваат оваа услуга да наиде на позитивен прием кај граѓаните, а засега не се открива колку пари ќе чини СМС-пораката. Сепак, за спроведување на услугата од претпријатието информираат дека прво треба да завршат со имплементација на системот за автоматска локација на возилата.
- За да ја воведеме оваа новина, потребно е прво да се реализираат проектите за автоматска локација на возилата и интелигентниот систем за наплата. Во СМС-пораката патникот би го пратил бројот на постојката и бројот на посакуваната линија. А како одговор ќе ги добие следните три пристигнувања на бараниот автобус за таа постојка. Планерот на патување исто така ќе нуди, патникот да избере 2 точки од мапата и да го избере временскиот интервал во кој сака да патува. Резултатот ќе ја кажува постојката на која патникот треба да се качи во автобус на одредена линија, на која треба да се симне, вкупната должина на патување, како и времето што му е потребно за патување. Доколку има можност патувањето да се оствари преку повеќе опции, понудени ќе бидат сите, но првенствено таа која стигнува за најмалку време. Овие новитети ќе го скратат чекањето на минимум и ќе го направат патувањето поедноставно, вели Ана Груевска од Одделението за односи со јавност од ЈСП.
И покрај обновата на возниот парк и воведувањето на новите услуги, јавниот градски превоз се уште има низа недостатоци. Патниците велат дека се случува автобусите предвидени во распоредот воопшто да не пристигнат, па да чекаат и по еден час. Проблемите од овој вид може лесно да ги решат дисплеите на автобуските постојки на кои патниците можат да го видат точното време на пристигнување на автобусот. Од пред околу една година и во нашиот град на 10 автобуски постојки беа поставени дисплеи од ваков вид, но повеќето од нив веќе не функционираат. Од ЈСП најавуваат дека дисплеите ќе бидат поправени, а ќе бидат поставени и нови 40 и на останатите постојки во градот.
вечер
Back to Top
OCB View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2011
Location: 54
Online Status: Offline
Posts: 921
  Quote OCB Quote  Post ReplyReply #926 Posted: 29-Jul-2012 at 23:36
Originally posted by gjoko

Сепак, за спроведување на услугата од претпријатието информираат дека прво треба да завршат со имплементација на системот за автоматска локација на возилата.

...процес кој се одложува. Словачката „ЕМ Тест“ тендерот за автоматска локација (и електронска наплата) го доби во септември 2011. Според тендерот, системот требаше досега да биде имплементиран. Во меѓувреме Мишко изјави дека жалбената постапка ќе течела најрано до овој септември(!). Ако му поверуваме на оваа блесава изјава системот ќе биде во функција до јуни 2013. Потоа ќе треба време за софтверското решение за информации преку СМС. Значи ЈСП денес се фали со услуга која наводно ќе се спроведе за 1 година. Како тргнале, можеби треба да постават и банер на нивната веб страна „наскоро џет автобуси“ кои според толковникот на оваа пропаст од компанија ќе значи 2113 година. Во меѓувреме ќе се набавуваат антички поништувачи на билети кои не работат, а патниците ќе се загледуваат кон крајот на улицата надевајќи се дека ветерот, дождот и екстремните температури наскоро ќе ги замени кинеската играчка со дополнителна надеж дека календарот не покажува вторник или петок.
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7075
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #927 Posted: 31-Jul-2012 at 01:53
толку ли е комплицирано бе да се опремат самите постојќи со мапи на линиите и основни податоци за возниот ред???
или работава е да се плаќаат плус пари за смс порака, заедно со нивните поскапени карти???

дури и тие дисплеи со кои се фалат дека им се расипале, се тотално бескорисни, освен ако не ве интересира колкава е температурата и колку е часот...
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
Djole88 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-May-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 612
  Quote Djole88 Quote  Post ReplyReply #928 Posted: 31-Jul-2012 at 16:53
Ех во Полска, во град со 200 000 жители да видите само како е среден просто и едноставно превозот. Си имаат трамвај и автобуси и на секоја станица има обични пластифицирани возни редови кои се залепени на автобуската. Исто така си имаат и веб страна со возен ред и во колку часот кој автобус е на која станица. Едноставно, пред да излезеш проверуваш кога ти е автобусот/трамвајот пред зграда и толку. 99% од случаевите се точни на време или со 1-2 мин закаснување, поради семафор или гужва од патници. Ни дисплеи, ни технолигии ни ништо. Само среден сообраќај со добро израчунати протоци на сообраќај и тоа е тоа
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3439
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #929 Posted: 02-Aug-2012 at 10:25
Originally posted by Djole88

Ех во Полска, во град со 200 000 жители да видите само како е среден просто и едноставно превозот. Си имаат трамвај и автобуси и на секоја станица има обични пластифицирани возни редови кои се залепени на автобуската. Исто така си имаат и веб страна со возен ред и во колку часот кој автобус е на која станица. Едноставно, пред да излезеш проверуваш кога ти е автобусот/трамвајот пред зграда и толку. 99% од случаевите се точни на време или со 1-2 мин закаснување, поради семафор или гужва од патници. Ни дисплеи, ни технолигии ни ништо. Само среден сообраќај со добро израчунати протоци на сообраќај и тоа е тоа


А што мислите, кој ќе ги добие овие тендери и зошто истите со проблеми се соочуваат? Каде и да се воведоа вакви системи во регионов, се јавија скандали од секаков вид, не знам зошто Скопје би бил исклучок.
Back to Top
Тркало View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 31-Dec-2010
Location: Охрид
Online Status: Offline
Posts: 1130
  Quote Тркало Quote  Post ReplyReply #930 Posted: 08-Aug-2012 at 16:41
Ај нека е овде...
Една од ретките паметни идеи, најверојатно и единствена на Одделението за сообраќај.Да се надеваме дека ќе ја видиме во пракса и дека нема да е само маркетинг.

Наскоро линиски превоз до„Железничка“, „Гоце Делчев“ и „Видобишта“

Советниците на последнaта седница ја изгласаа предлог одлуката за измена и дополнување на одлуката за организирање на општински линиски превоз на патници, со која се предвидува воведување на две нови градски кружни линии.

- Планираме да воведеме градски линии со кои ќе се поврзат булеварот „Железничка“, населбата „Гоце Делчев“, дел од населбите Воска и Видобишта со централното градско подрачје, пред се со позначајните институции, вели раководителот на Секторот за собраќај при општина Охрид, Зоран Шикалески.


Освен овие линии, Шикалески најави дека ќе биде воведена и редовна автобуска линија до селото Завој.

Согласно законските прописи, се очекува одлуката на советот да биде објавена во службениот гласник на општина Охрид, по што ќе следи и распишување на објава за доделување на овие линии, на која ќе имаат право да се пријават сите заинтересирани превозници.
По завршувањето на постапката ќе се додели дозвола и лиценца за вршење на линискиот превоз до наведените населби.


Како што потенцираат од локалната самоуправа, со линискиот превоз засега се опфатени повеќето населени места во околината на Охрид, меѓу кои и Свети Наум, Трпејца, Пештани, Елшани, како и селата Велгошти, Куратица, Свињишта.

Т. Кувенџиска

08.08.2012 11:39
Прочитана е : 1027 пати

© 2012 Ohridnews.com


Edited by Тркало - 08-Aug-2012 at 16:43
Back to Top
polval View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Feb-2009
Online Status: Offline
Posts: 176
  Quote polval Quote  Post ReplyReply #931 Posted: 15-Aug-2012 at 08:32
Originally posted by Djole88

Ех во Полска, во град со 200 000 жители да видите само како е среден просто и едноставно превозот. Си имаат трамвај и автобуси и на секоја станица има обични пластифицирани возни редови кои се залепени на автобуската. Исто така си имаат и веб страна со возен ред и во колку часот кој автобус е на која станица. Едноставно, пред да излезеш проверуваш кога ти е автобусот/трамвајот пред зграда и толку. 99% од случаевите се точни на време или со 1-2 мин закаснување, поради семафор или гужва од патници. Ни дисплеи, ни технолигии ни ништо. Само среден сообраќај со добро израчунати протоци на сообраќај и тоа е тоа


Ова е доказ дека не е се во високата технологија ,особено не во компјутерите. Имам впечаток дека кај нас сеуште на премногу луѓе им прави поголем впечаток ако за некоја работа се употреби придавката „компјутерски“. Кога надлежните ќе сфатат дека она што е важно е суштината а не формата?  Постот од Djole88 е доказ за тоа.
Back to Top
N23 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2011
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2159
  Quote N23 Quote  Post ReplyReply #932 Posted: 16-Aug-2012 at 15:02
Од Штип

1.


2.


3.


4.


5.


6.


23ka.wordpress.com
Back to Top
sanos_a View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 19-Aug-2009
Online Status: Offline
Posts: 149
  Quote sanos_a Quote  Post ReplyReply #933 Posted: 16-Aug-2012 at 18:24
во штип со овие автобуси се врши превоз на работници а не градски превоз, инаку во ред се автобусите
најдобриот форум за автобуси
www.autobusi.net/forum
Back to Top
Тркало View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 31-Dec-2010
Location: Охрид
Online Status: Offline
Posts: 1130
  Quote Тркало Quote  Post ReplyReply #934 Posted: 20-Aug-2012 at 22:48
Не знаев каде да го напишам ова, ЈСП е поделено само на Лаз и Јутонг теми па еве овде...

Некој информација како Ван Хол на старо стигнал во ЈСП? ::::

Нешто ново од Yutong, моделот е ZK6770HG, уште без таблици




Sanos S-215 на освежување


И атракцијата


Сликите ги најдов на autobusi.net, а изворот се возачи на ЈСП
Back to Top
vlatko.mk View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 17-Sep-2010
Online Status: Offline
Posts: 255
  Quote vlatko.mk Quote  Post ReplyReply #935 Posted: 27-Aug-2012 at 01:58
Минибусите ми се многу интересни - имав прилика подетално да ги разгледам кога беа на хомологација - мислам дека би се искористиле максимално ако ЈСП сака да направи оптимизација и во нефрекфентни периоди на некои линии ги пушти како замена (мислам дека вистинско расипништво е за 2-3 патника да сообраќа двокатен - а ова често се случува особено во вечерните часови)
Back to Top
N23 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2011
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2159
  Quote N23 Quote  Post ReplyReply #936 Posted: 03-Sep-2012 at 12:04
Уште една од кантите


23ka.wordpress.com
Back to Top
Denko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 14-Aug-2010
Online Status: Offline
Posts: 1624
  Quote Denko Quote  Post ReplyReply #937 Posted: 03-Sep-2012 at 13:04

Kantite pocnaa da gi doniraat na selskite opstini. Namesto na deponija JSP na vakov nacin ke se oslobodi od niv!
Back to Top
phenomenon View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Oct-2010
Location: Kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 2379
  Quote phenomenon Quote  Post ReplyReply #938 Posted: 04-Sep-2012 at 17:43
Кога треба да им се даде нешто на селаните им се даваат работи кои треба да завршат во ѓубре.Плус небезбедни и опасни по живот возила. А кога треба нешто да им се земе ќе се појават глутници гладни хиени, како што е арачот за легализација на нивните трошни куќарки, некои изградени уште во турско.
開始されていないだけの戦いが失われ、
Back to Top
phenomenon View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Oct-2010
Location: Kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 2379
  Quote phenomenon Quote  Post ReplyReply #939 Posted: 06-Sep-2012 at 22:59

Еве каков автобус треба за селските средини, но кому да кажеш:

 
 
 
 


Edited by phenomenon - 06-Sep-2012 at 23:00
開始されていないだけの戦いが失われ、
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7075
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #940 Posted: 07-Sep-2012 at 17:54
немора трактор да сиде, само нека не биде некој од градскиве фрагилни автобуси
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 4546474849 76>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.313 seconds.

Copyright ©2007 - 2020  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.