build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања > Јавен превоз
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Јавен автобуски превоз (општо)
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Јавен автобуски превоз (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 45678 78>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12172
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #101 Posted: 24-Jun-2008 at 00:54
http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=7262C88A8F0A13418E5EBE2982CBA480

Гази Баба и ЈСП поставија камери во автобусите на линијата број „65“

Камерите ќе го регистрираат кршењето на јавниот ред и мир, а снимките ќе ги добива МВР

Општина Гази Баба во соработка со ЈСП „Скопје“ опреми два автобуса со камери, а инвестицијата чини 1.000 евра. Камерите се поставени во автобуси што сообраќаат на линијата број „65“, која е избрана поради честите тепачки на средношколците што се случуваа во текот на учебната година. Во ЈСП потенцираат дека во овие автобуси многу често проблеми прават и возрасните. Од Внатрешната контрола на претпријатието тврдат дека тоа се патници кои одбиваат да платат билет и се возат бесплатно. Покрај вербалните дуели со возачите, некои се обидуваат и физички да се пресметаат со нив.

Сега камерите ќе го регистрираат сето тоа, а снимките ќе можат да се достават и до органите на МВР, кои ќе можат да ги идентификуваат оние што го кршат јавниот ред и мир. Камерите се скриени и поставени така да може да се снимаат сите патници. Во Гази Баба сметаат дека ова е еден од начините да се спречат тепачките што се случуваа особено во делот од Автокоманда до Стајковци.

„Иако неколку пати организиравме средби со претставници на ЈСП, директорите на училиштата што гравитираат во Гази Баба, претставници на месните заедници и Градот Скопје, кој е одговорен за средните училишта и за ЈСП, тоа не беше доволно да се спречат немилите појави во автобусите. Решивме ние како Општина да преземеме нешто. Безбедноста се подобри и кога на предлог на професорите беше воведена нова автобуска линија ’3-А‘ од Автокоманда до Аеродром. Камерите сега ќе придонесат за уште поголема безбедност“, смета Коце Трајановски, градоначалник на Општина Гази Баба.

Ешреф Исеини, раководител на Внатрешната контрола во ЈСП, вели дека првите снимки од камерите ќе бидат прегледани во вторник. „Сега ќе имаме и ние и МВР доказ кои се лицата што прават проблеми во автобусите. Кога би биле финансиски помоќни, би поставиле камери и на линиите број ’70‘, ’67‘ и ’9‘, кои исто така се проблематични“, вели Исеини. (Сн.К)

Back to Top
se_manda View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 15-Nov-2007
Online Status: Offline
Posts: 259
  Quote se_manda Quote  Post ReplyReply #102 Posted: 24-Jun-2008 at 02:47
mislam deka e malku stara informacijava ali ok....mada ne veruvam deka ke uspeat neso da resat so ova poso 65ka...diva liga ti e toa...
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12172
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #103 Posted: 26-Jun-2008 at 18:06
Повторно на оваа тема... Има некои нови моменти и корисни нови информации, па си викам да го регистрираме овој текст.

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=9586E357FE9E854FBF0205930AFEF83C

Возењето во јавниот превоз ќе се плаќа со „паметни картички“

Картичките ќе се надополнуваат со кредит и ќе се отчукуваат во „валидатори“

Сања Наумовска

Возењето во автобусите на ЈСП и на приватните превозници во иднина ќе се плаќа со картички (смарт-тикетс) кои, како и кредитните картички ќе се надополнуваат со кредит и ќе се отчукуваат во „валидатори“ поставени во автобусите. Картичките за ЈСП ќе ги набави Градот Скопје, за што деновиве ќе биде распишан тендер, а приватниците ќе ги набават сами.

Во рамките на истиот тендер ќе биде набавена и опрема за автоматско следење на движењето на автобусите (АЛВ-систем), што ќе се реализира од еден центар под Транспортниот центар. Приватните превозници веќе имаат набавено 70 „валидатори“ кои ќе се монтираат во следните десетина дена, но нема да се користат се' додека не се опремат сите 160 автобуси кои дневно циркулираат по скопските улици. Следењето на автобусите ќе дава податоци за почитувањето на возниот ред, но и за безбедноста на возилата и патниците. Во автобусите ќе има и копче за паника, со кое до центарот ќе се алармира доколку во возилото е загрозена безбедноста на патниците.

Имплементирањето на двата система е неопходно пред реализацијата на третиот дел од проектот - плаќање по изминат километар- според кој би требало да се финансираат и ЈСП и приватниците. Практично, секој ќе добива толку пари колку што извозел километри, но за тоа неопходен услов е обезбедување дополнителни субвенции од владата, покрај два милиона денари што ги дава Градот Скопје.

По воведувањето на безготовинското плаќање со смарт-тикетс, исти картички нема да важат и кај ЈСП и кај приватниците се' додека не се изедначат цените и не се воведе плаќањето по километар. Сепак, велат во Градот, системите се компатибилни, па соединувањето во иднина нема да биде проблем. Оттаму се надеваат дека во интерес на граѓаните и за поедноставување на користењето на јавниот превоз во градот, третиот дел од проектот ќе се реализира што е можно побрзо.

„Со тендерот ќе се набават 250 ’валидатори‘ и толку системи за следење на автобусите. Во Скопје дневно циркулираат приближно толкав број автобуси, а ако има потреба, овие уреди лесно можат да се демонтираат и префрлат во друго возило“, вели Јован Христовски, раководител на Секторот за сообраќај во Градот Скопје.

Тој објаснува дека покрај картичките, кои во прво време ќе се продаваат во билетарниците на ЈСП, а подоцна и во сите маркети, картички ќе се купуваат и во автобус за оние кои не се возат редовно, или за странци. Сепак, тој билет ќе биде многу поскап од цената на едно возење со смарт-тикетот, бидејќи една од важните цели на овој проект е и форсирање на безготовинското плаќање на јавниот превоз. Картичките ќе можат да се дополнат со различна сума кредит во секое време, во билетарниците, а подоцна и во пошироката трговска мрежа.

„Картичките за приватниците ќе се купуваат во киосците на автобуските станици, а во иднина и на одредени локации на кои ќе има поставено пунктови специјално за оваа намена“, информира Ленин Јовановски, директор на „Слобода превоз“. Во автобусите ќе се инсталира и опремата за автоматско лоцирање, а податоците, заради контрола на возниот ред, ќе ги добива и Градот. Јовановски потенцира дека воведувањето на плаќање по километар, всушност, е најважниот дел од проектот, бидејќи е во интерес на граѓаните, кои ќе добијат поквалитетен превоз, без конкурентни цени и без преклопување на линии.

Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12172
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #104 Posted: 30-Jun-2008 at 00:14
Еве една интересна презентација (на англиски јазик) со мноштво корисни податоци пред се за јавниот автобуски превоз во Скопје.

Ја поставуваме тука со дозвола на професорот Никола Крстаноски од техничкиот факултет во Битола - отсек за сообраќај и транспорт, кој ја презентираше на неодамнешната Transpower работилница во Скопје.

Повеќето податоци и тенденциите се навистина поразителни Unhappy

http://www.build.com.mk/docs/transpower.ppt
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12172
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #105 Posted: 16-Aug-2008 at 20:11
http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=2&tabid=1&EditionID=1478&ArticleID=96787

ДЕНОВИВЕ ПОЧНУВА ПРОДАЖБАТА НА ЕЛЕКТРОНСКИ БИЛЕТИ ЗА НАПЛАТА
Со смарт-картички ќе се вози во приватните градски автобуси

Од 20 август скопјани ќе можат да ги купуваат најавуваните електронски билети, со кои од септември ќе плаќаат за превоз во приватните автобуси. Како што велат од „Слобода превоз“, електронските картички ќе бидат пуштени во продажба пред официјалниот почеток на нивното користење за патниците навремено да можат да си ги набават. Од таму најавуваат дека за детално запознавање на нивните патници со оваа новина во градскиот превоз, ќе обезбедат печатен материјал во кој детално ќе биде илустриран начинот на користење и на дополнување на картичките. - Целта ни беше со почетокот на учебната година и ние да почнеме со овој вид наплата на градскиот превоз. Набавени се 100 валидатори кои ќе бидат монтирани во автобусите и кои ќе служат како читачи на новите картички, а со нив како за почеток ќе биде покриен седумдесет до осумдесет проценти од градските линии. Смарт-тикетите предвидено е граѓаните да можат да ги набавуваат во киосците, за на тој начин да им овозможиме поголема достапност - изјави Ленин Јовановски, директор на „Слобода превоз“. Електронските картички што ќе се воведат во приватниот градски превоз ќе имаат форма на кредитна картичка, која ќе се дополнува на билетарниците со одреден кредит. Во автобусите ќе бидат поставени т.н. валидатори кои ќе одземаат пари или т.н. поени од картичката при секое влегување. По потрошувањето на кредитот во картичката, истата повторно ќе може да се дополнува. За разлика од приватните автобуски превозници, автобусите на ЈСП „Скопје“ уште неколку месеци ќе продолжат да им ги нудат на своите патници старите билети на отчукување. Од Град Скопје, велат дека веќе го имаат објавено јавниот повик за набавка на системот за наплата во возилата на ЈСП „Скопје“, но имаат објавено и јавен повик за набавка на инсталација на системот АВЛ, кој овозможува автоматска локација на возилата на јавниот градски превоз. - Повикот е објавен пред петнаесетина дена во Бирото за јавни набавки, по што почна да тече рокот за подигање тендерска документација и праќање понуди. Затоа што станува збор за меѓународен тендер, рокот за пријавување е речиси два месеци, по што ќе следува јавно отворање на пристигнатите понуди, одлучување за истите и избор на најповолниот понудувач - објаснуваат од Град Скопје.


Back to Top
ovaj_stariov View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-May-2008
Location: Prilep
Online Status: Offline
Posts: 1312
  Quote ovaj_stariov Quote  Post ReplyReply #106 Posted: 01-Sep-2008 at 02:45
Ако добро сум видел насловот е јавен градски превоз,и ако добро сум сватил не е само за Скопје.
Епа ај малку да ве тргнам од темава дали да бидат двокатни или трокатнида ви пишам за јавниот градски превоз во Прилеп.

Ама што да ви пишам,нема јавен градски превоз во Прилеп.
За град од 80 000 жители,со прилично солидни улици и распореденост на населби за автобуски линии,единствен превоз се такси возилата.
Така да и најмалата релација да ја одбереш нема да си поминиш под 50ден.

Жалосно Ohno
Back to Top
vardar View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Mar-2008
Online Status: Offline
Posts: 1106
  Quote vardar Quote  Post ReplyReply #107 Posted: 01-Sep-2008 at 07:40
Стварно премногу сме фокусирани на Скопје (општо во државата) знам дека е главен град итн. али на пример град како Прилеп воопшто да нема јавен градски превоз е срамота. Ако можат да најдат 5 милиони евра за Скопските автобуси можат уште толку и за по некој автобус по другите градови. Треба централната власт далеку повеќе внимание да посвети на градовите од внатрешноста, на пример не ли можеа  2-те милиони од музејот за мајка тереза попаметно да ги потрошат.
Back to Top
mitatos View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1739
  Quote mitatos Quote  Post ReplyReply #108 Posted: 01-Sep-2008 at 14:32
Vo pravo si vardar taka e , no kako sto gledas ni nie ne gi dobivme )))) hahaha
"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9097
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #109 Posted: 01-Sep-2008 at 14:39
Колку што знам Битола и Велес имаат јавен транспорт. Во Велес го води приватна компанија во Битола не сум сигурен каков е статусот.
Back to Top
ovaj_stariov View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-May-2008
Location: Prilep
Online Status: Offline
Posts: 1312
  Quote ovaj_stariov Quote  Post ReplyReply #110 Posted: 01-Sep-2008 at 15:03
Да,во Битола има јавен транспорт и мислам дека е под локалната самоуправа.
Back to Top
vardar View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Mar-2008
Online Status: Offline
Posts: 1106
  Quote vardar Quote  Post ReplyReply #111 Posted: 02-Sep-2008 at 12:40
Originally posted by mitatos

Vo pravo si vardar taka e , no kako sto gledas ni nie ne gi dobivme )))) hahaha
 
 
LOL LOL LOL Имаш право
Back to Top
dejan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Australia
Online Status: Offline
Posts: 672
  Quote dejan Quote  Post ReplyReply #112 Posted: 05-Sep-2008 at 14:28
Од МИА фото, за што зборевте пред малку
Ксмет карт“ и „Слобода превоз“ ќе го презентираат системот „Моја карта“ за безготовинска наплата во приватните автобуси во Скопје






Незнам како ке работат овие карти, колку ке се плаќа и се тоа...ама во мојов град имаме нешто слично и испаѓа по скапо! Глупо е ама го сакам дизајнот на овие карти.


Edited by pbanks - 04-Dec-2008 at 10:51
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9097
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #113 Posted: 05-Sep-2008 at 14:37
@dejan картите се супер, штета што ќе се користат во кршот со кој располага Слобода превоз.


Edited by pbanks - 04-Dec-2008 at 10:51
Back to Top
vardar View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Mar-2008
Online Status: Offline
Posts: 1106
  Quote vardar Quote  Post ReplyReply #114 Posted: 25-Sep-2008 at 11:21

ГРАД СКОПЈЕ


Наскоро електронски билет и во ЈСП


Градските власти в понеделник ќе го отворат тендерот кој беше распишан за избор на фирма која ќе го имплементира системот за електронска наплата и во автобусите на Јавното сообраќајно претпријатие "Скопје".

- Во тендерот за избор на фирма која ќе го имплементира системот за електронска наплата и во градските автобуси, поставен е услов тој да биде отворен и компатибилен со било кој друг систем кој веќе е поставен во другите автобуси. Тоа најверојатно ќе зависи од софтверската поддршка што ќе ја имаат овие уреди. Во секој случај намерата е истиот билет да се користи и во автобусите на ЈСП и во приватните автобуси, и тоа по една цена, вели Јани Христовски, раководител на секторот за сообраќај на Град Скопје.

Електронската наплата во приватните автобуси, сепак, не наиде на целосна поддршка кај овие превозници. Поради намалена цена од 15 денари која важи за употреба на електронскиот билет и треба да важи во период додека не се имплементира ваквиот систем и во автобусите на ЈСП, повеќето од нив не го признаваат билетот

vecer
 
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #115 Posted: 27-Sep-2008 at 15:01
Костовски: Скопјани треба да имаат бесплатен јавен превоз



Автор:  Г.Т.

Ако се сменат законите за повеќе пари од даноците да се слеваат во градската каса, градот би можел да го направи целиот јавен превоз бесплатен, смета градоначалникот Трифун Костовски. Според него, Јавното сообраќајно претпријатие не може да опстане без да се најде системско решение како ќе функционира и купувањето на новите автобуси воопшто нема да му помогне. Тендерот за новите двокатни возила Владата веќе го распиша.

- Се почнува од покривот, наместо од темелите. Треба да најдеме начин како ќе функционира тоа претпријатие без да произведува загуби, кој да му ги покрива трошоците за работа и слично. За првпат во историјата градот обезбеди субвенции за тековното работење на ЈСП. А ако фискалната децентрализација се спроведе како што треба, тогаш ние ќе ги покриеме сите трошоци и ќе овозможиме граѓаните да имаат целосно бесплатен јавен превоз - додава градоначалникот.

Според податоците што тој ги добил од управата на ЈСП, дневниот приход на претпријатието од продажбата на билетите е за 20 отсто понизок од цената на нафтата што ја троши, без да се сметаат другите трошоци, како одржување, сметки, плати и слично.

Костовски ја критикуваше идејата на Владата да купи 102 „даблдекери“ и да му ги подари на ЈСП и потсети дека централната власт еднаш го спречи градот да го обнови возниот парк на претпријатието.

- Тоа е срамота и залудно потрошени пари. Сигурно возилата ќе чинат и по 400.000 евра. Со толку многу пари може да се направи многу повеќе. Неразбирливо е и тоа што воопшто не се слушаат укажувањата од ниту еден експерт дека таквиот вид превоз нема да биде соодветен. А ние од целосно неразбирлива логика загубивме шанса да купиме многу квалитетни автобуси што ги исполнуваа стандардите Еуро 4 и Еуро 5. Тие ќе не чинеа по околу 70.000 евра. Но Владата не спречи да се задолжиме без образложение. Наводно за да не сме го зголемеле вкупниот јавен долг. За жал, локалната самоуправа сè уште нема можности самата да се задолжува и мора да бара дозвола за тоа од централната власт - објасни Костовски.

 

 

Ќе се лобира во Брисел за пари за трамвајот

Градот ќе лобира пред фондовите на Европската Унија во Брисел за да добие помош за изградба на првиот дел од трамвајската мрежа, од Ново Лисиче до центарот. Според градоначалникот Трифун Костовски, меѓу пријавените на тендерот за изведување на овој проект има многу реномирани компании од Италија и од Шпанија, кои ги граделе трамвајските системи во поголемите градови во тие земји. Тој додава дека дури и да не се добијат пари од ЕУ, градот ќе обезбеди доволно за да се направи мрежата.

- Ќе го фаворизираме трамвајот во буџетот за следната година најмногу што можеме. Ќе настојуваме барем депото кај Ново Лисиче да се направи во рекорден можен рок. Наши претставници ќе одат во Брисел за да обезбедат пари. Трамвајските возила што ќе ги поставиме ќе бидат модерни и нископодни, така што патниците од нивото на тротоарот директно ќе влегуваат во нив, нема да има потреба да искачат ниту едно скалило - објаснува Костовски.

http://novamakedonija.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=2&tabid=2&fCat=1&top=1&EditionID=194&ArticleID=8023
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9097
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #116 Posted: 27-Sep-2008 at 15:12
Ајде сеа пак почна да се глупира Трифун. Сите проблеми ги решивме па дојдовме до бесплатен јавен превоз. Скопје има толку многу проблеми да времето кога тек така ќе се откажува од одредени приходи е мноооогу далечно. 
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12172
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #117 Posted: 27-Sep-2008 at 16:34


Не само тоа, туку воопшто таква замисла би била лоша дури и кога не би имало финансиски проблем за да се спроведе такво нешто... Субвенции да, ефтин јавен превоз да, но бесплатен?!? Туку нема што да се тревожиме, нема апсолутно никакви шанси да се оствари.
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #118 Posted: 28-Sep-2008 at 23:03

Автобусите без електронска наплата ќе бидат надвор од превозот

Приватните мора да ги исполнат обврските од Меморандумот потпишан со Градот

Снежана Калабакова

Иако електронската наплата во приватниот градски превоз на патници стартуваше vo почетокот на септември, се' уште многу малку граѓани можат да ги користат овие привилегии и да се возат по промотивна цена од 15 денари, која ќе важи до 15 октомври. Од фирмата „Ксмет карт“ велат дека процесот бара време. Засега, валидатори имаат деведесетина автобуси, а 25 трговски фирми потпишале договори за инсталирање на апаратите „ричарџери“ за надополнување на електронските картички.

Сепак, патници се жалат дека има возачи кои, и покрај инсталираните апарати и пријавените картички, бараат 25 денари во кеш. Од „Ксмет карт“ советуваат дека во вакви случаи патникот има право да се вози без да плати! Но, дел од превозниците не се многу заинтересирани за брзо воведување на електронската наплата, бидејќи сметаат дека валидаторите се голема инвестиција, шпекулирајќи дека чинат од 2 до 4 илјади евра. Од „Слобода превоз“ и „Ксмет карт“ тврдат дека тие чинат 2.790 евра, а превозниците имаат можност да ги добијат на кредит со тригодишен период на отплата. Превозниците, пак, од „Мак-експрес“ велат дека распишале сопствен тендер за набавка на валидатори и очекуваат да ги добијат од друга турска фирма по многу пониска цена.

Ставот на првиот човек на „Слобода превоз“, Ленин Јовановски, е дека превозниците кои нема да стават валидатори за употреба на новите електронски картички значи дека не сакаат сериозно да се занимаваат со оваа дејност, па ќе мора да си заминат од јавниот превоз. Сите учесници, вели Јовановски, мора да ги исполнат обврските утврдени во Меморандумот што го потпиша претпријатието со Градот, а основната е да воведат електронски систем на наплата, како еден од предусловите за добивање дозвола за работа. А, бидејќи со тоа се решава и прашањето на фискализација на приватниците, оние кои нема да влезат во системот, ќе мора да ги сносат последиците пред УЈП.

„Градот ни дава рок до крајот на годинава да се заврши процесот на инсталирање на апаратите за електронска наплата. Секој што не ставил валидатор ризикува да биде санкциониран од институциите на системот. Ние немаме казнени мерки за непослушните, освен што можеме да не им издадеме патен налог“, објаснува Јовановски.

Стерие Димитровски, директор на „Ксмет-карт“ во Скопје, вели дека со трговските друштва најнапред склучуваат договори за продажба на картичките, а потоа им ги инсталираат ричарџерите што чинат 1.000 евра. „Ние комплетно и бесплатно ја инсталираме опремата, а трговците однапред мора да ги платат само картичките“, објасни Димитровски.

„Првично од фирмата ни бараа по 300 евра за инсталирање на ричарџерите, а кога видоа дека цената им е неприфатлива, се откажаа. Сега однапред плаќаме само за картичките, од чија продажба заработуваме 10 отсто, а од ричарџерите за нивно надополнување само 2 отсто“, вели еден трговец, кој сакаше да остане анонимен.

http://utrinski.com.mk/?ItemID=065911612A6BEC4B92D142FF06A4356F

Back to Top
vardar View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Mar-2008
Online Status: Offline
Posts: 1106
  Quote vardar Quote  Post ReplyReply #119 Posted: 29-Sep-2008 at 09:51

На истава тема во дневник имаше нешто многу поразително, не е нешто ново али мислам дека ова ни објаснува зошто главниот град ни е таков каков што е..... Unhappy
 
 
- Градот ќе издвои 50 милиони денари дополнителни субвенции за ЈСП, бидејќи претпријатието се соочува со многу проблеми. Ова е прва година како даваме субвенции. ЈСП е нефункционално и му се заканува исклучување од сообраќај поради застарениот возен парк, што може да доведе до поголем хаос. За жал, сиот товар паѓа на грбот на Градот - информира градоначалникот. Тој посочи дека годинава вкупно субвенции за ЈСП се издвоени 2,5 милиони евра, односно 10 отсто од буџетот на Градот.
 


Edited by vardar - 29-Sep-2008 at 09:52
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #120 Posted: 29-Sep-2008 at 10:12
Можеби е најдобро ЈСП да отиде под стечај. Па да се основа ново претпријатие со сосема различна систематска организација, и да ја наследи целата инфраструктура од ЈСП. Едноставно не е можно претпријатие со толкави приходи да работи непрофитабилно. Градот има други приоритети, а не да дава 10% од буџетот за црната дупка ЈСП. Како може слобода превоз и ас-транс да функционираат со 5 денари пониска цена на билет од јсп, а со прилично слична флота, и да работат без некој од страна да им дава финансиски инјекции.

Некоја алтернативна опција може да биде концесионирање или некоја врста на PPP.


Edited by lslcrew - 29-Sep-2008 at 10:13
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 45678 78>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.500 seconds.

Copyright ©2007 - 2021  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.