Јавен автобуски превоз (општо) |
Post Reply | Page <1 6869707172 85> |
Author | ||
ehrlich
Senior Member Joined: 31-May-2012 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 1365 |
Quote Reply #1381 Posted: 02-Jan-2017 at 22:03 | |
Можеби поради изборите недостигаше поголема кампања, НО сепак не треба да се заборави дека ова со картичките се говори повеќе од една година во неколку поголеми бранови на известување, меѓу кои последниот беше кога државните автобуси започнаа да ги употребуваат картичките Скопска, т.е. 1 септември 2016, кога и самиот си купив електронска картичка. Проблемот е до тебе, но и до сите нас, кои чекаме до последен момент за нешто што беше најавено многу одамна. А доколку истражиш кај може да си надополниш, и си ставиш доволно средства, немаш никаков проблем. Јас на пример, иако сум вработен, не ми се исплаќа да купувам месечна карта, па така си земам две карти со десет возења два пати во месецот и сум си раат.
П.С. Гужвите не се воопшто поради воведувањето на новиот систем, туку поради тоа што најнеодговорното претпријатие во државава заборави да ги извести пензионерите дека нема да можат да си ги искористуваат своето „од Бога ветено право“ на возење во автобус, ако не ги обноват картичките за 2017 година, при тоа известувајќи ги на 28 декември. П.П.С. Моментот дека реално се зголемува цената на билетот, никој не ја говори, иако сме во ек на најдраматичното загадување на Град Скопје. |
||
phenomenon
Senior Member Joined: 26-Oct-2010 Location: Kumanovo Online Status: Offline Posts: 2648 |
Quote Reply #1382 Posted: 02-Jan-2017 at 23:46 | |
Ништо квалитетно не се говореше. Имам многу прашања, па се надевам дека некој скопјанец ќе успее да ги одговори деновите, бидејќи ќе ги искуси благодетите на новата електронска картичка. 1. Луѓето што немаат лична карта од Скопје дали може да извадат а) персонализирана картичка б) неперсонализирана картичка 2. Дали тие мора да плаќаат исклучиво со мобилен телефон? 3. Koj нема мобилен телефон, како ќе плати? 4. Дали се дава фискална сметка кога ќе се валидираш? 5. Ако не се дава фискална сметка, што добива патникот како потврда дека се валидирал? 6. Дали кога валидаторот е неисправен, кој сака да се вози ќе може да си плати со мобилен, иако има електронска картичка, а кој не сака, ќе си го чека следниот автобус? |
||
開始されていないだけの戦いが失われ、
|
||
BOJAN
Senior Member Joined: 09-Sep-2008 Location: SKOPJE Online Status: Offline Posts: 3438 |
Quote Reply #1383 Posted: 03-Jan-2017 at 09:47 | |
Ehrlich, редовите пред билетарите на ЈСП-Скопје беа присутни барем неколку дена пред Нова Година, и тоа поголеми од оние на 2 јануари. Мрежата на приватни продавници кај што можеш да ја надополниш картичката едноставно е неупотреблива, бев во таква вчера и ми кажаа да одам во билетара на ЈСП да си ја надополнам картичката. Тоа значи дека организацијата им е нула.
Да бидам искрен, не секогаш билетара на ЈСП-Скопје се наоѓа блиску до твоето место на живеење. На пример, кога живеев во Козле, морав да пешачам околу 30 минути до Карпош 2 за да ја надополнам картичката за автобус! Тркало, кога ќе купиш неперсонализирана картичка, ти даваат две бесплатни возења. Само во јануари, ако ја купиш картичката во автобус, со „Скопска“ ти следуваат пет бесплатни возења. Откога ќе ги потрошиш, правилото гласи дека мора да ставиш на картичката минимум 100 денари, односно 105 денари, односно мора да купиш барем три билети кои имаат неограничена важност. Исто така, можеш да надополниш билет за 10 возења по цена од 250 денари, но ако не ги потрошиш за 15 дена автоматски ги губиш од картичката оние возења што не си ги искористил! Луѓето што немаат лична карта од Скопје може секогаш да си извадат неперсонализирана картичка, плаќањето со мобилен во автобус ЧИНИ 40 ДЕНАРИ! Фискална сметка, заедно со потврда дека си ја надополнил картичката, ти даваат во моментот кога ќе отидеш во билетара и ќе им кажеш на тетките каков билет сакаш. Јас секогаш си ја чувам оваа потврда, бидејќи знаеш како е кај нас со крадење. Кога ќе влезеш во автобус, картичката ја доближуваш до валидаторот, добро гледаш што ќе ти излезе на екранот (дека билетот е поништен и дека има останато уште толку и толку возења), нема тука фискална сметка. Да резимираме, со воведувањето на електронскиот начин на наплата автобускиот превоз во Скопје ПОСКАПЕ, наместо да поевтини. Второ, поскапувањето особено ќе ги погоди оние категории на граѓани кои поретко се возат со автобус, бидејќи ќе ги обесхрабри да се качат и да платат поскап билет. Покачување на цената од 25 на 35 денари Е РЕЧИСИ 50% ЗГОЛЕМУВАЊЕ!!! Како трето, во овој систем ги вклучија и приватните превозници, ќе биде многу интересно кога Градот Скопје ќе почне со доцнење на исплатата на сработеното, па кога ќе почнаат да го напуштаат системот и да организираат штрајкови. Четврто, ако нешто не се стори за да се надминат недостатоците во системот, верувајте дека јавниот превоз во Скопје ќе се најде во слична состојба со бројот на патници како Македонски железници откако го поскапе железничкиот билет пред некоја година. |
||
Navigator
Senior Member Joined: 02-May-2014 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 678 |
Quote Reply #1384 Posted: 03-Jan-2017 at 10:41 | |
Според ова што го читам тука и на скопска.мк испаѓа дека за некој што не е ученик/студент/пензионер, наједноставно би било да се купи неперсонализирана картичка за 150 денари со 5 возења, па кога ќе ги потроши одново и одново. Во право сум или има некое ограничување кај неперсонализираните картички?
|
||
BOJAN
Senior Member Joined: 09-Sep-2008 Location: SKOPJE Online Status: Offline Posts: 3438 |
Quote Reply #1385 Posted: 03-Jan-2017 at 12:02 | |
Нема никакво ограничување. Ако се купи во јануари за 150 денари добиваш 5 возења и потоа ја надополнуваш. По јануари, ваква неперсонализирана картичка ќе чини 150 денари, ама на неа ќе има само 2 возења како што си беше всушност и до декември. Некое друго ограничување нема, освен тоа што продажните места кои ЈСП ги рекламира како маалски продавници за надополнување на картичките во практика не функционираат. |
||
Navigator
Senior Member Joined: 02-May-2014 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 678 |
Quote Reply #1386 Posted: 03-Jan-2017 at 12:36 | |
|
||
kultuzin
Senior Member Joined: 07-Nov-2010 Online Status: Offline Posts: 3811 |
Quote Reply #1387 Posted: 03-Jan-2017 at 15:35 | |
Се зборуваше дека и со мобилен ќе може да се плати. Знае ли некој ДАЛИ и како функционира оваа опција?
Edited by kultuzin - 03-Jan-2017 at 15:35 |
||
fichot
Senior Member Joined: 02-Feb-2010 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 2599 |
Quote Reply #1388 Posted: 03-Jan-2017 at 16:14 | |
Се врти на некој број мислам.. Па во најмала рака, би требало да го има по автобусите некаде наведено? Не сум ич во тек со овие промениве... ретко се возам, ама ми се чини сега уште поретко.
|
||
BOJAN
Senior Member Joined: 09-Sep-2008 Location: SKOPJE Online Status: Offline Posts: 3438 |
Quote Reply #1389 Posted: 03-Jan-2017 at 16:45 | |
Еднаш пробав да платам билет со мобилен, ама не работеше системот . Ако не се лажам, само ако си корисник на Т-Мобиле можеш да платиш на овој начин, ама ова не го земајте за официјално инфо. Малку покомплицирано беше од користењето на електронската картичка. Добрата страна е што не плаќаш кеш, туку ти стига цехот на крајот од месец вкалкулирана во сметката за телефон. Најлошата работа е што ова е ПОСКАПА опција, плаќаш 40 денари за дневен билет и 50 денари за ноќен билет со мобилен.
|
||
ehrlich
Senior Member Joined: 31-May-2012 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 1365 |
Quote Reply #1390 Posted: 03-Jan-2017 at 19:51 | |
Види, како што реков, гужвите настанаа поради неорганизираноста на најголемото неодговорно јавно претпријатие во Македонија и тие само тоа си го покажуваат и докажуваат. Мислам дека ми ја сфати поентата на мојата објава.
Фактот дека јавниот превоз во услови на најголемата загаденост поскапе и тоа драстично не може да го смени ништо, дури ни написите на владејачката партија со текстови по порачка. Се сложувам со Бојан дека ова најмногу ќе ги погоди патниците кои само повремено го користеа јавниот превоз. Нема никаква логика во системот на ЈСП: дури ни новитетите за дневни билети, билет за 90 минути, плаќања преку мобилен, се ПОСКАПИ отколку да си извадиш обични билети. Која е таа обратна логика. Плаќањето со мобилен функционира, јас имам забележано, но која е логиката тоа да го направиш, навистина не ја гледам. Притоа каде се картите со фискална сметка кои исто така беа најавени за граѓаните од другите градови и туристите, кои можеби само еднаш ќе се качат во автобус, што ќе им е на нив Скопска, или пак да си ја чуваат како сувенир Да, морам да признаам дека во поглед на мрежата на ЈСП, јас немам проблем, бидејќи на мала одделеченост имам и билетарница и подружен пункт на ЈСП за Скопска, но верувам дека е лоша ситуацијата. ЈСП нема да се оправи се додека во најголемата гужва низ Скопје, нема да им текне дека е добро да се пуштат на пример, автобуси на секои 3-4 минути, отколку еден на 10-15, па потоа како стока да се бутка народот. |
||
zabegan
Senior Member Joined: 01-Jul-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 7859 |
Quote Reply #1391 Posted: 04-Jan-2017 at 02:21 | |
ЈСП на веб-страната имаат најава дека ќе постават автомати за продажба на билети низ градов, е сега дали тоа ќе биде за две, пет или сто години, останува да видиме
до тогаш, научете си пензионерско кунг фу за во продажните места низ Скопје инаку, според мене проблемот не е во центата на билетите, туку во тоа што нудат и што плаќаш, стварно не знам каков е тој проклет билет за 90 минути, кога повеќе од половина од тоа време ви е потребно за да стигнете од точка А до точка Б со автобус во еден правец? и зошто ја форсираат само жичарата со гратиси? па барем едно возење во автобус гратис да дадеа место тоа... проблемот е што системот можеше да биде многу подобар, не сум се возел доволно во странство со јавен превоз за да знам, ама сигурно можевме да земеме добар пример од некаде, компатибилен за сообраќајот и патниците во Скопје и не сум користел никогаш слободна/месечна карта, па не сум во тек, ама слушнав за дебилна работа, дека тие карти не важат во рок од месец дена, туку во рок до крај на месецот во кој се купени... навистина е таков системот? посладок грабеж од тоа нема исто така грабеж се и ноќните линии кои ги поскапеа без апсолутно никаква причина и намерно ги отсекоа од сите видови на билети за да мораш да платиш... и тоа ме интересира, дали системот за ноќните линии останува ист? во поглед на линии, сите си знаеме какво фосилно претпријатие е ЈСП, со линии од титова младост и возен ред кој за прв пат го пишале во библијата... без никакви линии за викенди, ноќни линии и празници, од времето кога сите имале слободен викенд и празник Edited by zabegan - 04-Jan-2017 at 02:26 |
||
Architects create dreams...politicians create nightmares
|
||
FoSsiL
Senior Member Joined: 01-Mar-2009 Location: Аеродром Online Status: Offline Posts: 4699 |
Quote Reply #1392 Posted: 04-Jan-2017 at 03:05 | |
Ја не ја сфаќам поентата за едно возење да треба да земеш картичка од 150 денари... Малку не се арни...
|
||
Македонија - Земја на чудата!
|
||
zabegan
Senior Member Joined: 01-Jul-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 7859 |
Quote Reply #1393 Posted: 04-Jan-2017 at 03:13 | |
или ако ништо друго, барем повратна карта да има, за две возења и да кошта некаде 60-70 денари, кога ете веќе морало да не рендаат, барем да биде со осет ова 150 денари за две возења што почнува од февруари е ретардирано и значи мора, потенцирам МОРА да направат повеќе билетарници и автомати! во цел град има вкупно пет билетари и два-три пункта на Скопска, аман нека бидат билетите хартиени, проблемот не беше во тоа што беа хартиени, туку во тоа што сите ги купуваа во автобус |
||
Architects create dreams...politicians create nightmares
|
||
Џоле
Moderator Group Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15045 |
Quote Reply #1394 Posted: 04-Jan-2017 at 10:18 | |
ЈСП ЗАРАБОТИЛО ПОВЕЌЕ ОД ПОЛОВИНА МИЛИОН ЕВРА ОД Е-КАРТИЧКИТЕ
Снежана Калабакова Како многу скап и комплициран за граѓаните беше оценет електронскиот систем на наплата во јавниот градски превоз. Секакви коментари можеше да се слушнат меѓу патниците кои се возеа со автобус во овие три дена откако стартуваше системот. Кај некои новиот начин на наплата предизвика паника и вознемиреност, особено кај оние кои останале неинформирани или заборавиле дека од 1 јануари нема повеќе возење со кеш пари. Неинформираните се најдоа затечени особено пред возачите на приватните автобуси, кога сфатија дека не можат повеќе да се возат за 25 денари, туку сега треба да платат 150 денари наеднаш за првичното купување на електронската картичка со која во старт добиваат и пет бесплатни возења и дека тоа им е најевтиниот начин за да фатат приклучок во новиот систем. На првиот и вториот јануарски ден имаше граѓани кои немаа 150 денари во паричникот, па се симнуваа од автобусите, иако имаше и возачи кои правеа отстапки и ги пропуштаа патниците. На некои линии, пак, возачите брзо ги продадоа сите електронски картички, па не можеа да одговорат на зголемената побарувачка. Веројатно не ни очекувале дека ќе продадат толкав број. А, од ЈСП денеска информираа дека досега се издадени околу 153.500 персонализирани и 31.500 неперсонализирани картички. Тоа значи дека од персонализираните картички, за чие првичното купување се плаќа 200 денари, ЈСП заработило 30.700.000 денари, додека, пак, од продажбата на неперсонализираните, за кои секој патник плаќа по 150 денари искеширало 4.725.000 денари. Значи, вкупно 35.425.000 денари, односно 576.000 евра само од продажба на електронските картички. Од претпријатието тврдат дека проблеми со системот нема. „Со оглед на фактот дека системот за електронска наплата во возилата на ЈСП стартуваше од 1 јануари 2016 година и евентуалните проблеми што се појавија на почетокот на воведувањето на системот се елиминирани“, беше кусиот одговор што го добивме. На стартот на новиот систем на наплата во сите автобуси беше евидентно дека и контролорите беа на терен и ги проверуваа валидациите на електронските картички. Во автобусите и вчера се слушаа разговори на патници кои покажуваа незадоволство од ваквиот начин на наплата, бидејќи од џеб им зема многу повеќе пари од претходно. Многумина дискутираа дека луѓето се сиромашни и немаат толку пари за да ги дадат наеднаш. Што кога и по тие 150 денари ќе завршат бесплатните пет возења, повторно трчање по билетарници, па да се става минимум 100 денари со кои не ќе можат ни три пати да се качат во автобус... Новиот систем на наплата многу патници на стартот го оценуваа не само како скап, туку и комплициран, затоа што им троши време и ги растрчува граѓаните по билетарници. Уште покомплицирано е за оние што не се од Скопје и доаѓаат од внатрешноста, па во трошоците за лекарски прегледи, на пример, не го пресметале купувањето електронски картички, за кои, пак, следниот пат ако заборават уште колку пари или возења им останале, ќе треба да проверат само кога повторно ќе дојдат во Скопје. Имаше и патници на кои валидирањето во автобус им беше само рутина. Но, со оглед на тоа дека се' уште се во тек празници, па голем дел од скопјани не се во градот, допрва се очекува да се јават проблеми кога граѓаните ќе се вратат на секојдневните работни обврски. Особено што сега веќе електронската наплата се применува и кај приватните превозници, а има промена и во возните редови меѓу приватните и ЈСП, што се чини создава дополнителни проблеми. http://www.utrinski.mk/?ItemID=177B2E0930B8FB4786B0ADE485F26162 |
||
За сè има вторпат
|
||
mirakuliks
Senior Member Joined: 06-Feb-2010 Location: New York Online Status: Offline Posts: 831 |
Quote Reply #1395 Posted: 05-Jan-2017 at 01:45 | |
Само колку да имате за споредба, иако ова веќе го имам опишано двапати од порано ама реалноста е дека тешко кој ќе листа во теми нанзад и бара постови (освен тоа нема опција на форумов за да ги најдам тие постови полесно и да ги цитирам).
Во Бризбен електронската картичка е главниот начин на наплаќање јавен транспорт уште од пред повеќе од 5 години. Не постојат месечни или карти со 10 возења туку се само тоа што ќе наполниш и се наплаќа секоое возење, ама да не навлегувам во моделите на тарифите. Поентата е дека на секоја попрометна автобуска станица има најмалку еден автомат за надополнување (нешто што требаше кај нас бар делумно да биде веќе во функција пред да се пуштат картичките во употреба. Освен тоа во сите тобакоа (7eleven) може да се купи картичка и да се надополни без проблем. Исто картичките можат да се регистрираат и да се надополнуваат преку интернет (и автоматски да се влече пари од сметка или по желба да се префрла). Клучниот момент е дека има поединечни билети и од автоматите и во повеќето автобуси, ама по дупла цена. Од друга страна пак во Мелбурн (каде картичката беше воведена пред 3 и нешто години) неможе да се купи единечна карта во автобус туку само на автомат. Додека во Сиднеј минатата година после воведувањето на картичката и укинувањето на единечните билети во автобус го воспоставија плаќањето со телефон (NFC) што беше многу топло прифатено во медиумите , зашто со тоа не мораат луѓето да купуваат картичка туку користат апликација на смартфоновите за замена (знам дека не е за споредба пошто кај нас не секој има средства за мобилен со НФЦ). Значи стандард во имплементацијата на надополнување на картичка и генерално електронско наплаќње за јавен транспорт нема освен тоа што секогаш инфраструктурата (автомати и , тобакоа и билетарници) е добро развиена и добро обучена пред масовната имплементација. |
||
zabegan
Senior Member Joined: 01-Jul-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 7859 |
Quote Reply #1396 Posted: 05-Jan-2017 at 03:34 | |
|
||
Architects create dreams...politicians create nightmares
|
||
Navigator
Senior Member Joined: 02-May-2014 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 678 |
Quote Reply #1397 Posted: 05-Jan-2017 at 11:24 | |
Автоматите ќе ги решеа најголем дел од проблемите што ги детектираме сега. Подобро да се почекаше со имплементацијата на системот уште некој месец, за да може да се набават автоматите, отколку да се воведуваат вакви хибридни и очигледно недоквакани решенија.
|
||
phenomenon
Senior Member Joined: 26-Oct-2010 Location: Kumanovo Online Status: Offline Posts: 2648 |
Quote Reply #1398 Posted: 05-Jan-2017 at 12:32 | |
Eве тоа како е регулирано во Бреша.
Билет за автобус и метро во прва зона чини 1.40 € и важи 90 минути, а билет за прва и втора зона чини 1.90 € и важи 100 минути. http://www.bresciamobilita.it/en/utenti/autobus/biglietti-tariffe-e-abbonamenti Се чини скапо, но затоа имаш дневен билет со важност од 24 h за прва зона по цена од 3.0 € и за прва и втора зона по цена од 4.0 €. Билетот ти важи и за автобус и за метро. http://www.bresciamobilita.it/public/resources/brescia mobilita/160901_opuscolo-tariffe-web-sett.pdf А во Скопје, ЈСП воведува времен билет од 90 минути за автобус и автобус. Настрана што кога се гужви, а тоа се случува особено често, градските автобуси за 30 минути не можат да стигнат од Транспортен Центар до Соборен Храм. |
||
開始されていないだけの戦いが失われ、
|
||
FoSsiL
Senior Member Joined: 01-Mar-2009 Location: Аеродром Online Status: Offline Posts: 4699 |
Quote Reply #1399 Posted: 05-Jan-2017 at 13:53 | |
Си иам кола... и покрај тоа користев ЈСП неколку пати во месецот... но после ова нема да го користам... толку ќе кажам.
|
||
Македонија - Земја на чудата!
|
||
zabegan
Senior Member Joined: 01-Jul-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 7859 |
Quote Reply #1400 Posted: 05-Jan-2017 at 17:25 | |
а инаку, во секое време би избрал автобус место кола, ниту мислиш за паркинг, ниту за гориво, ниту пак се нервираш во гужви... само седнуваш и се возиш... ама не бе, неспособњаци како ЈСП се решени да се самоуништат... дури и кога користам автобус, се трудев најчесто да биде приватен, ама еве сега и нив ги ставија под капа на ЈСП |
||
Architects create dreams...politicians create nightmares
|
||
Post Reply | Page <1 6869707172 85> |
Forum Jump | Forum Permissions You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |