build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања > Јавен превоз
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Јавен автобуски превоз (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 69707172>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4678
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #1401 Posted: 05-Jan-2017 at 23:34
Точно, но мене сега ми изгледа поедноставно со кола да барам паркинг отколку да се возам со ЈСП. Патем, цената не им соодвествува со услугата...

Јас сум за јавен превоз како еколошка придобивка... Но нема да дозволам некој тоа да го злоупотребува, поарно точак ќе возам.
Македонија - Земја на чудата!
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3807
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #1402 Posted: 05-Jan-2017 at 23:52
Originally posted by FoSsiL

поарно точак ќе возам.


Tocakot ne e poarno tuku e najarno resenie. Treba malku da se oslobodime od stereotipite demek "ako treba i tocak ke vozam..." kako da e toa neznam kolku loso.
Back to Top
mirakuliks View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 06-Feb-2010
Location: Brisbane
Online Status: Offline
Posts: 752
  Quote mirakuliks Quote  Post ReplyReply #1403 Posted: 06-Jan-2017 at 01:13
особено што скопје воглавно рамен град. Со исклучок на водно и газибаба од Ѓорче преку Карпош и Центар па до Аеродром и Кисела Вода се е рамно и идеално за велосипед. Градови со многу поизразен рељеф има поразвиен транспорт на велосипед.
Back to Top
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4678
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #1404 Posted: 06-Jan-2017 at 03:18
Ај не го тупи култузин... Ја можам точак да возам без проблем... Ама Скопје си има голем проблем со јавниот превоз... Преку глава од тие ваши релативизации и оправдувања...

Миракулис... да рамен е теренот... ама инфраструктура е катастрофа... а да не збориме за тоа дека од Аеродром до Карпош ќе наполниш плуќа со издувни гасови од колите покрај кои возиш...
Македонија - Земја на чудата!
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7023
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #1405 Posted: 06-Jan-2017 at 09:59
никогаш не сум возел точак и не ни намеравам да возам затоа што ми останала единствена опција, сакам квалитетен и сериозен јавен превоз кој наместо да ги злоупотребува и малтретира патниците, ќе се грижи за нив и нивните потреби, без глупи цени и платежни системи, со соодветни линии и соодветна распределба на возниот парк во зависност од условите... не е квантна физика, ниту кошта многу средства... се што треба е ЈСП да има доволно компетентен, писмен и одговорен менаџмент
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
Тркало View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 31-Dec-2010
Location: Охрид
Online Status: Offline
Posts: 1023
  Quote Тркало Quote  Post ReplyReply #1406 Posted: 25-Jan-2017 at 21:02
Дали некој налетал на оваа информација (ја најдов пренесена на autobusi.net, оригинално прв пост на ssc)?
http://www.skyscrapercity.com/showpost.php?p=137747577&postcount=84

Skopje orders 60 BYD electric articulated buses.

The only other balkan city with electric buses at the moment is Belgrade that has 5.

Чудно да немаше помпезно најавување низ добрите медиуми...

Edited by Тркало - 25-Jan-2017 at 21:03
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 4392
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #1407 Posted: 26-Jan-2017 at 06:29
Originally posted by Тркало

Дали некој налетал на оваа информација (ја најдов пренесена на autobusi.net, оригинално прв пост на ssc)?
http://www.skyscrapercity.com/showpost.php?p=137747577&postcount=84

Skopje orders 60 BYD electric articulated buses.

The only other balkan city with electric buses at the moment is Belgrade that has 5.

Чудно да немаше помпезно најавување низ добрите медиуми...


60 електрични автобуси, кои ќе изгледаат како трамвај и ќе му бидат замена. Јасно и гласно беше објавена веста по сите медиуми, не се секирај ти
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
phenomenon View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Oct-2010
Location: Kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 2286
  Quote phenomenon Quote  Post ReplyReply #1408 Posted: 26-Jan-2017 at 12:37
Originally posted by гитардемон


60 електрични автобуси, кои ќе изгледаат како трамвај и ќе му бидат замена. Јасно и гласно беше објавена веста по сите медиуми, не се секирај ти


Дај посочи на кои медиуми е објавена таа вест дека ќе се набават 60 елктрични автобуси, па згора и зглобни.

Набавка ќе вклучува: (I) Набавка на 20 електрични зглобни автобуси кои имаат капацитет за минимум 150 патници, (II) Набавка на 30 електрични минибуси и (III)Набавка на полначи (fast charging) потребни за полнење на електричните автобуси со електрична енергија.

http://www.jsp.com.mk/proekt.aspx?proekt=28
開始されていないだけの戦いが失われ、
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 4392
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #1409 Posted: 26-Jan-2017 at 16:25
Па нели ова беше планот откако го откажаа трамвајот? Да се купат зглобни автобуси, со пластична фуш каросерија која ќе изгледа како трамвај. Верувам ова е нарачката за истите.
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3221
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #1410 Posted: 26-Jan-2017 at 17:08
ЈСП-Скопје објави јавна покана до производителите за доставување на писма за изразување на интерес за учество на меѓународен тендер. Ваков тендер не е уште објавен. Се работи за тие електронски автобуси што ќе личеле на трамвај, за кои не видовме ниту еден стручен документ кои им се предностите и зошто не трамвај.

Ако веќе се купени вакви автобуси, тогаш набавката е направена во четири очи. Не верувам дека би се осудиле на ваква глупост пред избори, што не значи дека не се зборува за тоа која компанија е преферирана.
Back to Top
Navigator View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-May-2014
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 676
  Quote Navigator Quote  Post ReplyReply #1411 Posted: 26-Jan-2017 at 17:46
Во право си, собрани се писмата со интерес, но сеуште не е објавен тендерот. И најверојатно нема да се објави додека не се формира нова влада. Инаку поканата ги содржеше тие параметри: 20 големи автобуси (за најмалку 150 патници), 30 минибуси и полначи за брзо полнење.

Само не разбирам зошто упорно го потенцирате тоа дека автобусите требало да личат на трамвај. И како тоа ќе личат на трамвај кога се знае како изгледаат моделите на тие 10тина најголеми производители на електрични автобуси во светот.
Back to Top
phenomenon View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Oct-2010
Location: Kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 2286
  Quote phenomenon Quote  Post ReplyReply #1412 Posted: 26-Jan-2017 at 18:14
Originally posted by Navigator

Во право си, собрани се писмата со интерес, но сеуште не е објавен тендерот. И најверојатно нема да се објави додека не се формира нова влада. Инаку поканата ги содржеше тие параметри: 20 големи автобуси (за најмалку 150 патници), 30 минибуси и полначи за брзо полнење.

Само не разбирам зошто упорно го потенцирате тоа дека автобусите требало да личат на трамвај. И како тоа ќе личат на трамвај кога се знае како изгледаат моделите на тие 10тина најголеми производители на електрични автобуси во светот.


Никаков проблем не е дали автобусите ќе личат на трамвај, тролејбус или експресен воз. Тоа што ќе му бидат дадени на ЈСП, user-аlienate претпријатие, е тоа е проблем кој е толку голем, што ние што не сме негови корисници, не можеме ни да си го замислиме.
開始されていないだけの戦いが失われ、
Back to Top
Navigator View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-May-2014
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 676
  Quote Navigator Quote  Post ReplyReply #1413 Posted: 27-Jan-2017 at 12:05
Муабетот ми е дека не е коректно да се повторува оти автобусите требало да личат на трамвај. Најпрво беше прифатена шпекулацијата дека електрични автобуси биле супститут за трамвајот, па после и дека ќе личеле на трамвај.

А тоа дека ЈСП нема капацитет за соодветен менаџмент на повеќе функции, апсолутно се согласувам.
Back to Top
ehrlich View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2012
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 613
  Quote ehrlich Quote  Post ReplyReply #1414 Posted: 27-Jan-2017 at 23:34
За ЈСП се уште научна фантазија претставува воведување на кружна линија, или пак поставување на времиња на пристигнување на автобуски постојки, или пак управување со гужвите и соодветен број на автобуси во тоа време, или ... многу или има
Back to Top
Тркало View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 31-Dec-2010
Location: Охрид
Online Status: Offline
Posts: 1023
  Quote Тркало Quote  Post ReplyReply #1415 Posted: 28-Jan-2017 at 00:55
Кога сме веќе кај 'недостатоци', имам впечаток дека бул. Илинден е помалку интересен за ЈСП.Можда од пред доста години, ама и сега некако не се трудат да сменат.
Зошто не им текнало воведување на некои побрзи линии од типот помалку постојки на поширок терен.Пример Запад - Исток/Север-Југ од Ѓорче Петров до Драчево или од Блаце (Волково) до Зелениково.
Или некаква линија преку обиколница, барем за проба нека видат каков би бил интересот.
Ете од Сарај/Ѓорче Петров до Петровец, со застанување на клучките кај Волково, раскрница со Качанички Пат, Шутка, Бутел, Смилковци, Стајковци, Ченто/Арачиново, Илинден, Бунарџик, Миладиновци.
Враќање назад преку Петровец, Мралино, Идризово, Трубарево и пак на обиколница кај Хиподром.
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11025
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #1416 Posted: 20-Feb-2017 at 11:19
Алелуја! (само да не ги направат барокни)

ЈСП ЌЕ ЗАМЕНИ ДЕЛ ОД СТАРИТЕ БИЛЕТАРНИЦИ-ТРАФИКИ


Јавното сообраќајно претпријатие годинава ќе започне со реализација на проект за самоодржливи билетарници. Идејата е да се заменат старите и дотраени трафики со нови, модерни, еколошки, трендовски. Од 30-ина стари објекти годинава ќе се заменат само неколку. Од ЈСП појаснуваат дека намерата е билетарниците да се осовременат со компјутери, а вработените да се служат со најновите технологии. Тие сега во објектите во кои работат не само што немаат компјутери, туку немаат ни тоалети. За осовременување на билетарниците ЈСП во својата инвестициска програма за 2017 година има предвидено 15 милиони денари.

Како ќе изгледаат новите монтажни објекти не може да се каже предвреме, бидејќи тие допрва ќе се проектираат. Директорот на ЈСП, Игор Јанушев, вели дека изгледот, нивната функционалност и цената ќе бидат одлучувачки при избор на идејниот проект. Како пример дава проект со објект што ќе користи сончева енергија која ќе биде доволна за компјутер, печатач и светилка, па тогаш ЈСП би одлучил за него, доколку проектот има прифатлива цена. Проектантите ќе работат на однапред добиени димензии за објектот како и големината на просторот на кој ќе се простираат. Изборот на проектите ќе зависи исклучиво од цената.

„Уште сме во почетна фаза и очекуваме постапката да почне во март. Целта е осовременување и следење на најновите технологии, како и подобрување на услугата на ЈСП. Вкупниот предвиден буџет за овој проект е 15 милиони денари. Планирано е реализацијата да стартува во август годинава. Самоодржливите билетарници треба да имаат самостојно производство на струја за самоодржливост и филтрирање на водата што ќе се користи во внатрешните тоалети“, објаснуваат од ЈСП.

http://utrinski.mk/?ItemID=C7A5FDF8D03F2443A61B9F7AC68F7A53
За сè има вторпат
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7023
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #1417 Posted: 20-Feb-2017 at 12:11
ДЕЛ од старите? од две билетари ќе реновираат една? []

и осовременување и следење на најновите технологии... умреф
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3807
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #1418 Posted: 20-Feb-2017 at 12:52
Кaкви билетaри вo денешнo време не ми е јaснo.Oк е дa имa 5 дo 6 инфo центри кaде штo ќе мoжaт дa се зимaт персoнизирaни кaрти и сличнo нo билетaри нa стaниците ми се некaкo нaдвoр oд времетo вo кoе живееме. Зoштo дa не се инвестирa вo aвтoмaти зa билети нa пример
Back to Top
hcitrS View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Nov-2015
Online Status: Offline
Posts: 467
  Quote hcitrS Quote  Post ReplyReply #1419 Posted: 20-Feb-2017 at 13:44
Јас не сум поборник на толку апсолутна автоматизација.
Прво одредена бројка луѓе би изгубиле работа. Второ, многу голем дел од корисниците на ЈСП се технолошки ненајписмени. Трето, културата кај нас не оди баш под рака со автомати, рачунај ако тој автомат биди некако оштетен од некого, или едноставно самиот се багни, сигурно ќе се извлечкаат многу со негова поправка а пример можеби е единствен во околината.
Тетка си е тетка - напиздена можда - ама барем секогаш функционира :P

Ете има два автомати за билети на железничка, ако некој ги користел нека сподели искуство.
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3221
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #1420 Posted: 20-Feb-2017 at 14:22
Со воведувањето на „Скопска“, ние одбравме систем на наплата којшто не ми изгледа како логичен, а со тоа и соодветен за воведување на автомати за билети. Кај нас би требало да се воведат автомати за картички, кои што би можеле самите да ги отчукуваат билет и да им ја вратат картичката „Скопска“ на сопствениците. Ова е ми се чини многу комплексен систем којшто не сум го сретнал во многу градови.

По правило, имате хартиени билети што ги издаваат автомати, кои пак се валидираат во автобус. Ова го имаше Скопје до пред некој месец, со тоа што самите билети не се издаваа од автомат. Можеше многу лесно да се надогради ваквиот систем. Паралелно со тоа, во најголем број од градовите што ги знам, месечните или годишните билети сепак се надополнуваат во трафика.

Колку што знам, обичните неперсонализирани картички „Скопска“ немаат некаков идентификациски број за да се надополнуваат на Интернет.

И покрај сето ова, ние воведовме наплата со мобилен. Да заклучам, сменивме цел еден систем за наплата на друг, за кој не сум сигурен дека сум го сретнал во некој друг град досега.
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 69707172>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.250 seconds.

Copyright ©2007 - 2017  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.